Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.692
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски!
    Прво сакам да и казам на @emkaemka дека со нетрпение чекам да ни покаже каков модел на фустан одбрала и за декорациата на свадбата.. (Се надевам дека ќе ни пуштиш некое сликиче). Кога раскажуваш за свадбата и подготовките,се осеќам ко прва другарка да сум ти,па седнати на кафе ,па ти возбдено објаснуваш..така те замислувам :)
    @vitamina имоево почна да се опсесира со трактор,камиони,комбајн,ама уште ништо не сум му набавила. Ние во зграда сме,и некако не би имал кај да се вози.

    За јадење,ја повеќе не се нервирам.Јаде неколку ствари,и тоа е тоа.Зеленчук ни под разно...брокула,лекќа,боранија,зеље-нејче ни да чуе. Ама па месо јаде. крвна слика му проверував пред последнава ревакцина,супер му беше. Педијатарот вика чим е добра крвна слика,нема шо да го гњавиш.

    Имајте добар викенд,се читаме.
     
    На m.i.g, elcezelce, snegulkata и 19 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    Нашите се тука некаде чинам...
    Мојот 2 год и 2 месеци.
    Јаде само неколку јадења исто ко и твоето.
    Ќе инсистирам и јас за крвна слика.

    Јас му купувам ама ги вози дома иако имаме двор ретко излегуваме.
    По дома се возиме тоа е како ќе се снајдеме :)
     
    На elcezelce, orhideea, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Ајде добар ден и од мене. Да чкртнам нешто колку да ме има во темава, а и бебиња спијат.
    Денеска младенци, брат ми и снаа ми ќе слават, а јас уште подарок немам купено. Вчера прошетав, но ништо не ми се допадна. Денеска ќе морам пак.
    Не знам дали да изнесам деца надвор, топло е, но и дувка ветре страв ми е, до вчера беа мрсулави и вакцини дури одложивме.
    Пробуваат да лазат, јас пресреќна. На секој нивни напредок се радувам неизмерно. Малку вина чувствувам, ненамерно или намерно почнав пред заспивање колку да издржат до 20ч да им пуштам песнички да слушаат и гледаат. Само тоа ги смирува. А е некоја песна што не им се допаѓаа одма се бунат. И така на репертоар ни се само 4, 5 песнички. Џуџиња мали, па и тие од музика се разбирале. Почнаа да имаат дијалози меѓу себе, сакаат да се гледаат па едно седи во релаксатор другото в скут кај мене и си зборуваат на нивни јазик, се смешкаат. Преслатки се. Се надевам цел живот ќе ја негуваат братско сестринската љубов.
    Само уште не ми е јасно како сакаат исти работи. Почнаа и играчки да си грабаат. Абе љубов ми се. Но и ако едно плачи, почнува и другото и во хор црекаат.
    Јас од смирена особа, што ужива во тишина полека се привикнувам на фактот дека дома е галама и ќе биде следниве неколку години.
    Не се жалам убаво ми е.
    Инаку припремите за крштевка се во тек. Одбрана е декорацијата, денес ќе идам торти слатки да нарачам. Музика и сликар резервирав. Странците известени, ќе дојдат сите освен сестрата на мм. Најверојатно нема да дојде. Кога дојде да ги види маливе им ги грешеше имињата. Први внучиња и се, односот со мм им е никаков. Онака формален. Дали дека јас со брат ми сум мн блиска и ова нивново ми е несфатливо. Сега кога беше не им донесе ништо на децава, не е проблем услуга ми прави со тоа. На заминување дојде да се поздрави и купила едно паковање памперси. За разлика од неа брат ми и снаа ми нема што не купиле, на секое идење. А разликата е што моиве се тука во Мк, а она Швајцарија. Затоа сега и јас купувам се за бебето од брат ми што ќе се роди и почнав да не кажувам што сум зела. За золва ми нема исто да биде.
    Знам дека можеби не сум во право што го ставам кантарот, но кој како си заслужил.
    Нашите плати се многу помали од швајцарските, можеби и што не штедиме затоа ќе се жалиме дека немаме.
     
    На ivana--aerodrom, elcezelce, galapce и 25 други им се допаѓа ова.
  4. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :hai:,
    до пишам додека можам да не ме заборавите. Време се нема за ништо откако се поправи времево, ама па што да ви кажувам, си знаете како е. Јас низ врата (уште ме собира :D ) а дете со патиките во рака ме чека на лулашки да одиме. Додека се прибереме, дали машини, дали прашини...отишол денот. Заспивам штом ја ставам главата на перница, а спијам многу лошо и станувам по 100 пати. Време се ближи а стомакот уште под гради. Ама па и за првото така се пораѓав, така да тоа спуштање на стомак како некаков знак мене не ми е познато. Положба не се фаќа никако, болки во ребра и некои мисли без везе.
    Толку опуштена бременост си имав, што па сега на крај вакви глупости низ глава? Претежно некој страв и грижа на совест за големково. Знам како ми беше првата година и пол со него, на града ми израсна. Како ли ќе најдам сега време и за неговите потреби и за цицалчево што ќе пристигне. Во последно време забележувам дека кога играм други дечиња (од пријатели или роднини) прави се за да ми го привлече вниманието или пак ќе застане неприметно на страна и само набљудува (а очиња жални, како кој знае што да сум направила). Хормони до плафон, убаво ми викаше мајка ми: отидов во болница да се пораѓам а плачев за тебе дома :) Веројатно кај сите е истиот страв со второто дете. А не сакам да му скратам од ништо. Таква убава рутина си имаме, си се разбираме и се договараме- понекогаш заборавам дека е само детенце од 4 годинки.
    Ќе успеам ли и другово да го воспитам така, да биде трпеливо, да прашува за дозвола, да се извинува, да замолува, секој пат да каже благодарам??? Знам колку време и трпение беше потребно за тоа, ќе ги имам ли сега пак? Ќе се сакаат ли или ќе го чувствува како конкуренција? Ќе помисли ли дека е заменет? Си пишувам и си плачам пак ;( Ептен лигла сум станала. Минатиот викен вадев спејс бег вреќи со неговите алиштенца за да ги исперам и испеглам, а тој така љубопитно чепкаше по нив, па се чудеше како некогаш истите го собирале и на крај: не ги давај на никој мама, чувај ги за кога ќе бидам пак бебенце :(
    Се трудам од петни жили да бидам позитивна и сама себе се убедувам дека се ќе биде добро, а како можам да знам? И тоа ме плаши. Ме плаши повеќе отколку самиот пораѓај и од болките што ќе ги претрпам.
    Извинете за негативниов предвикендашки пост, ама само мајки можат да ме разберат. Како да знаев дека кога тогаш овие чувства ќе се појават. Ајде, ден за ден...ќе видиме како ќе оди.
    А денов денес е испланиран уште од понеделникот, исто како и целиов викенд. Како да ќе отидам некаде и никогаш нема да се вратам, ја бројам секоја минута помината со маж и дете. Луда жена (facepalm)
    Ги честитам сите пропуштени родендени, а имало многу. Да ви се живи и здрави дечињата и вие со нив.
    Среќни младенци на сите што слават! Јас го завршувам постов долгометражен, полека ќе привршувам со работа и ќе летам накај дома.
    Ви посакувам на сите убав викенд, се надевам ќе не послужи времево.
    Гушкајте си дечиња.:sun:
     
    Последна измена: 22 март 2019
    На Lolipop23, ivana--aerodrom, elcezelce и 30 други им се допаѓа ова.
  5. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Ние само што се прибравме дома.
    Бебко малку кинкаше, малку уживаше во прошетка. Бевме малку и кај мајка и баш убаво го искористивме денот.
    Малку и почна да плаче, не да плаче туку вришти, среќа бевме блиску до мама, инаку не знам како ќе го смирев.
    Кога почне да вришти ништо не го смирува, освен цице :|
    Среќни младенци на сите кои слават, иако гледам дека ретко кој слави, барем тука кај нас.
    @Feodora сама ли ги чуваш бебињата или ти помага некој? Отсекогаш сум се прашувала како се снаоѓаат мајките сами со две бебиња, како им дава да цица, кога плачат, нели сакат и двете да се одеднаш со раце. :clap: :clap: :clap: Секоја чест на мајките кои имаат близначиња.
    И јас навечер кога заспие синко веднаш го фаќам креветот. Да наполниме батерии за наредниот ден.
    Ама треба да ја сменам таа навика, за да не трпи тато :lol:
    Ми фалат некогаш моментите поминати заедно, само за нас, да подготвам мезе и некое пиење и така да си муабетиме.
    Се надевам ќе успеам да се организирам за брзо време.
    Ако се сака се може, ама ќе треба да си скратам на спиењето.
    Синко е скоро заспан, да го ставам да спие и да одам да ја наместам спалната. Не успеав сабајле, бебко сакаше веднаш во раце.
    Поздрав :hug:
     
    На Coco31, Sexybaby86, ivana--aerodrom и 20 други им се допаѓа ова.
  6. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    Мајки, не знам каде најсоодветно би одговарало прашањево, ама знам дека овде ќе добијам најбрз одговор.
    Каде би можела да најдам детско ранче( не за во училиште) со Paw Patrol?
    Ми треба за поклон, во Просветно дело има преубаво ранче, ама само со женското кученце :(
    Ако знаете онлајн продавници, ве молам пишете ми.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Од Wenice купивме пред две години за големиов. Не знам дали имате кај вас, ако ти значи нешто од продавницата на Wenice во Рамстор го зедовме, ама крај на август, мислам дека не држат ранци цела година.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    Нема тука,ама и сега со епидемијава ни на крај памет не ми паѓа да одам Ск по молови за поклони :D
    Фала ти.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Види во просветно дело, јас лани купував за поклон
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.520
    Пол:
    Женски
    Wenice и онлајн работат.
    https://wenice.mk
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Се смеам цел ден за Младенци. Нит славевме нит бутур. Ама важно мајка ми направи процесии кај нив на ручек. Подароци морало. Па и за внуката, ни мање ни више, розево туту суќњиче.:D

    Почнав со диета и сфаќам дека требаше многу порано. И дека можам и дисциплината е само чекор до поголемо себељубие и здравје. Не отстапувам, знам дека ќе се искушувам на секое ќоше затоа што сум готвач, мераклика и јадачка, ама нека биде.
    Денов, ми траеше три дена. Сабајле гостинка на телевизија, претпладне работа, попладне панел дискусија. И вечерата ме исцрпи. Сите викаа гласно на маса, малава најгласно. Надвикување ко да сме у тосканско село!
    Важно уште еден симболичен момент се случи денес - пеев во библиотека. Со лиз ракија.

    Како нежно си спие малава, ми иде да ја изедам ко крофна.
    Бре што убав живот ми подари животов!:hug:
     
    На Kaetana, Coco31, Sexybaby86 и 29 други им се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Утроооо мајки :sun: :sun: :sun:
    Повелете кафенце, без шеќер и јако, кој пие благичко нека си достави :coffee: :coffee: :coffee: :coffee: :coffee:
    Ние станати од 7 8-| Ми се спиеше уште многу, ама бебко ги ококорил очите и не планираше да заспие.
    Се префрливме од спална во дневна и еве го цица и заспива. Ама секако, ќе дремне во раце.
    Јатрвата денеска не е на работа, па утринското кафе ќе го пиеме заедно, се надевам, така се договоривме.
    Секој ден се исто. Уште денеска да помине денот, па утре недела, маж ќе е дома и заедно ќе го поминеме денот.
     
    На Kaetana, Coco31, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    @hello-kitty.90 имам помош од свекрва во текот на денот, не можам да се пожалам. Истовремено им даваме млеко, истовремено јадат каши и истовремено преспиваат и заспиваат навечер секој ден во исто време. Јас станувам од 5:30, а свекрва доаѓа кај 8 за млекото, заспиваат и тогаш имаме и двете време за кафе по 30 мин, она со комшивка, јас надвор сама со цигара и фемина.
    Првите 2 месеци ми беше многу тешко бидејќи беа без ред, секогаш беше некое будно и буквално да не можиш ништо да направиш. Ги доев скоро 3 месеци и најверојатно од умор, стрес ми прекина колку и да се трудев.
    Девојчето плачеше по цели денови. Сега е поинаку. Знаат да се заиграат, па ги оставам и на под и спремам кашички. Ќе си бараш решение тоа е. Имам и 3 креветчина, едно во дневна и не планирам да го тргнам многу го искористив. Релаксаторите исто многу ми се најдоја. Едниот стои кај кујната за да ме гледа дете додека правам нешто. Навечер настапува мм и тој им дава млеко кај 1ч, а јас сум заспана најкасно до 23ч. Вака одлично функционираме. Тешките денови се заборавени. Мајка доаѓа 2 пати неделно по 2 3 часа па доволно ми е што ги анимира. Во недела сум јас кај нејзе и буквално уживам. И така влезени сме сите во шемата, а и децава многу изменија.
    Првите месеци ми беа хаос кога ќе се присетам. Не знаев да им се израдувам.
     
    На Kaetana, Coco31, Sexybaby86 и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Ние денес правиме 3 месеци не ми се верува како вчера да ја родив...златна ми е ептен ми е исполнет животов со неа..се е сменето,како може дете да смени се чудо едно,бабиве и дедовциве паѓаат у несвест кога се со неа хахаха :D
    Него сакав да прашам..сега од понеделник ќе ја носиме на вакцина,и прочитав негде тоа со лепенките како беше? Од аптека да земам и колку пати да лепам како иде тоа ? Ми е страв да не ми качи темп.
    Времево денес топ али за чистење имам уфф и сама сум со бебка чекам да заспие па да фаќам џогерот :)
    Еве ја си се љуља во релаксатор и гледа тв :inlove: обожава да гледа,незнам колку е здраво ама не е баш пред телевизорот :?: ајде поздрав имајте убав ден мамички и пишете ми за лепенкиве :hug:
     
    На Kaetana, Coco31, Sexybaby86 и 17 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    @Bella* Лепенките се купуваат во аптека. Антипиреа се викаа мислам. Можеш на парче или цела кутија со 3-4 лепенки беше. Можеш да ги сечеш на пола, не мора цела. Некој вика на местото да се стави на боцнатото некој непосредно до него. Јас ставав до него ми беше језиво над него да ставам. Пишува на колку часа се менува мислам на 8 беше ама јас менував на 3-4 часа за секој случај. Лепенката е за да држи ладно. Ако качи над 38.5 ќе дадеш парацетамол според килажата ќе ти каже педијатарот.

    Јас 7 години немав гледано тв. Сега кога купивме и за да го наместам по 10 мин кога почнаа очи да ме печат и над очите ме болеше. Малата до мене седеше и таа почна да плаче и се држеше да очи. Многу се исплашив и го изгасив. Од тогаш го немам пуштено, само мм го пушта кога е сам. Баш тогаш си помислив така ли им на бебињата кога прв пат гледаат тв. Мислев до светлината е ја подесив ама не. Подобро е да не гледа ама ти си знаеш најдобро. Јас уплав имав од телевизор, таблет, телефон, лап топ, компјутер во комбинација со бебе/ мало дете.
     
    На Coco31, Sexybaby86, Marmarin и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Фала ти :*
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Здраво мајчички.

    Како сте? Женската моја заспа, па да пишам збор-два :)

    Секојдневието е тоа. Работа, дома, кругче во парк, па јово на ново :) Арно се запролети па може подолго надвор да се дружиме со бебе и другарите.

    Бебе е струја. Не застанува. Се ја интересира, се фаќа, се чепка.. трча и ништо не ја занима. Нит мајка, татко, никој. Само целта што ја замислила :)

    Следниот месец планирам во градинка да иде. Ептен е комуникативна и дружељубива. Ќе и годи средина меѓу дечиња. Бар така мислам сега. Се надевам нема да изненади. Планирам до 12 да седи за почеток, па мајка ми да ја зема, па здравје да зголемувам.

    Месецов имам 10 родендени. Мислам сите дечиња на блиските овој период се родени. На дел бебе не беше, ама на дел ќе оди.во игротека. Ќе се радува срцка таа мала со дечињата :) На 2 родендена не одам. Не знам за вас, ама ептен ме погоди што не дојдоа кај мое бебе на роденден. И тоа не со причина. Ете не оделе по игротеки. А за своето одат :!: Ај па и дома можеа да дојдат ако сакаа чест да направат. Не дека ми треба нешто да донесат, туку да покажат бар пола од вниманието што сум им го давала. Не мерам во пари, кој колку има. Ама да покажеш внимание и чест многу не треба. И затоа не одам. Нит подарок купив. Нит отпосле ќе се "отстрамувам".

    Само да затворам очи, одма ќе заспијам. Утепана сум.

    @Ano пишала се за тоа како се чувствувам јас. Имам грижа на совест да го пуштам бебе само без мене. Затоа куќава ќе прооди. Жими што перам. Усисава мм и брзински се џогира. Вц пред работа пофаќам. Тоа мора да е средено. Ќе си речам, ќе го пратам мм надвор сам и одма се пресметувам дали вреди да жртвувам од времето за чистење. И одма палам патиките. Во ваков неред никогаш не сме биле. Зароа бебе е нашетано. Рацете и лицето и се исунчани поштено. Ко ѓупче е :lol:

    Имајте убав ден.
     
    На minneymouse82, Lolipop23, Kaetana и 30 други им се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Јас сум "поотидена" заспа го легнав ај да легнам и јас да одморам но јок неможам без него и си го прибрав над мене да спие:D
    Куќава не ќе прооди ќе трча уште малце ама ич сила немам а и дома сме само на спиење:D
     
    На Kaetana, Coco31, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас :hai:
    Со едно огроомно парче торта :$ по секако се имам здебелено 4кг,200-300гр повеќе или помалку не играат улога
    Има време до лето...

    Дечки ранобудни и за викенд :doh: од 7 станати,преку неделата стануваат во 6 па си реков може макар до 8-9 да спијат :) ама нема...
    Од сабајле трчање,пеење а вистинската забава започнува кога ќе го здогледаат тато
    Во последно време работи само трета и по слабо се гледаат па им недостасува најверојатно
    Не знаат каде по прво,еден на лево,друг на десно,се превртуваат :inlove:

    Дури чистев тој го зеде мали и излегоа да прошетаат,Могли беше преуморна па остана да спие
    Стана,јадевме и излеговме сите вшума
    Децата ги обожаваат прошетките вшума,има и справи за дечиња па едвај чекаат да излезиме
    Се вративме касно па набрзина ги избањав и се паркираа сами во спална :mm:
    Некогаш едвај да дочекаме и 20часот
    Колку е полесно кога е сончево и топло :)

    Мали конечно и официјално се навикна во градинка :party: во четврток веќе до крај го оставивме :angel:
    Со маже имавме некои обврски и после 3 години излеговме сами :lol:
    Не знаевме каде да појдиме :D Се се заврши толку брзо и ни останаа 2 часа на располагање :o
    Ко од џунгла да не пуштиле :D

    Друго се си е исто,утре недела а вечерва и утревечер маШ трета :|
    Вторник имам термин на забар и уште сега ме лазат морници :worried:
    Многу се плашам,ми се скрши цел заб и сигурно ќе ми го вадат дека само коренот ми остана :(
    Ќе гледам и мера за нов да ми земат за да не останам штрбла

    Како е пријатно надвор не можам да ви опишам
    Ме потсеќа кога бев девојка и шетавме со другарките низ парк со џиновско кесе сончоглед :inlove:

    Да се искапам и да си легнам...

    Добра ви ноќ жени :hai:
     
    На minneymouse82, Kaetana, Coco31 и 28 други им се допаѓа ова.
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    ‘вечер.

    Седам во спална нервозна.
    Бебе успано, ми нана во раце.
    Се пофалив дека сме кумови нели.
    Дојдоа луѓето да кажеме имиња ние како кумови де, седна свекор на чело на маса, дрн дрн дрн дрн главен! Збор не може човек да каже. Он се курдиса кум, не ние.
    Јас и мм упорно кажуваме, го почитуваме изборот на родителите, наше да кажеме “Да,така ќе се викаат малите”.
    Он, не и не.
    На дедото ќе било машкото.
    Се испокарав со него и си дојдов со бебе да си легнам.
    Ене го уште се надвикува во кујна.
    Утре сум во план рано рано да му испеам едно песниче така убаво, се што во оваа една година сум собирала ќе му плеснам ;)
    Според него, ние “новите и млади жени” не вредиме ништо.
    Ние се правиме НАД мажите, ние сме главни и никој не фермаме. Така жена му е научена да биде роб со години, така мисли и јас ќе сум.
    Аа, јок. Си се за*бал.
    Леле, свашта му се изнавикав, имам поише муда од маж ми, он му ќути. Ќе си дигнам еден станбен кредит и ќе си заминам одовде, па преку таквото.

    Извинете ме, ама мислам дека сум во право.Не мислам, сум.
    Како тоа кумот ќе дава име?
    Јас ли ќе го гледам и викам со тоа име секој ден или домашните?
    Прости луѓе.
    Ќе се испотепаше на масата.

    Друго, и ние не се прибираме дома.
    Ама обожаам да си чистам. :D
    Мојата куќа не проодува :P
    Додека бебе ровари со дубакот чистам, или ако свекрва ми или маж ми ја играат.
    Не сакам ништо да ми штрчи дома.
    Сакам чисто,спастрено,наместено.
    И до сега успевам.
    Бројам денови до завршување на породилно.. Ни полн месец нема.
    Бебе се повеќе се приврзува со мене :(
    Во никој не седи,пушта раце по мене по цели денови без разлика кој ја држи, неќе кај никој во раце ако сум јас во близина..
    Плаче ако ме снема од видик, па секаде е со мене.. Како ќе се одделиме ич не сакам да помислам..
    Јес да само 6 саати ми се работни, ама она повеќе од 2 не била без мене :(
    Би останала дома,ама кредитон нема сам да се исплати.
    Живот компот..

    Се испожалив.
    Морав некаде и на некој, а вие сте ми виртуелни другаЧки па ќе ме разберете:hug:
    Убава вечер.Гушкајте ги дечињата:l:
     
    На minneymouse82, Coco31, Kaetana и 27 други им се допаѓа ова.