И јас им пуштав дури беа по мали,по час...па и по 2 некогаш Да направам ручек,ннешто да зачистам и кафе да се напијам Ем деца среќни,ем мама задоволна Добра вечер За частење сум ама за по сигурно следната недела ќе делам пиење и слатко Денес имав пробен ден во маркет а следната недела би требало договорот да го потпишам Не знам како преживеав со Марфи Добив вчера (една недела ми подрани ) Се разболев и јас и деца Затнати носеви,ни солзат очите,уши затнати,се полниме шлајмови.... Среќа па викенд пред нас и ќе пробаме да се излечиме до понеделник...ако бива де Работата ќе ми е попладне по секако па сеедно ми е и да останат дома,маШ треба да ги чува Последниве вечери ни се хорор,4ца на спална па и настинати уште точно 3 недели кај шо се скрасивме и пак исто Ни манука не штити ни ништо Пак и што се плашам да им давам сирупи ќе си пукнам Не знам што би им дала а за матичен дури во понеделник Ќе тркнам до аптека утре може ќе ми помогнат Имам многу за пишување ама мора да скратам Утре ќе се вратам со нов пост... Имајте убав викенд
Да шкртнам два три збора - да не бидам воајер. Ве читам ама сѐ нешто немам време за пишување. Мачорка се разболе, одамна не била болна, ај температура, туку и уртикарија - и додека не добивме дијагноза нерви искинав по педијатри, а и завршивме на итна. Ајде во 9 на итна - прими урбазон, демек ако не ѝ е подобро за 2 часа да се вратиме да ја хоспитализираат. Очекував да ѝ измери температура затоа што додека чекавме многу се вжешти. Е кај му бил апаратот (Боже мили!). Па го најде во друга соба, измери 40.2. Може ибупрофен? Прашав затоа што додека стигнеме дома да ѝ дадам само ќе крева нагоре. Е ај ако сум сакала. Дома уште повеќе отекување, па во 00.15 се вративме назад. Чекавме да нѐ примат до 2.45. Ништо не било, зошто сме доаѓале. Па колегата ваш така рече - да ми кажевте дека е ок да отекува уште, сигурно немаше да дојдеме и да спиеме по клупи во чекална. Доби сирупче. И толку. Среќа помина голготата. Сум се справувала со сѐ, ама кога се работи веќе за осипи, пликови и чешање, отоци.. паника ме фати комплетна. Помина тоа. На работа - веќе мислам се откажаа од мене - и некако ич не ми се допаѓа официјалноста во пристапот. Ниту да праша некој како си, како е детето, само каде е потврдата од доктор и толку. Сѐ повеќе ми смета овој однос и ми се коси со сваќањето дека сепак треба барем малку да ја зачуваме човечноста. Сепак, сума сумарум, ниту една работа не е толку важна колку здравјето на моето дете и мојата фамилија. И моето, секако. Потоа помина период со сестра ми - беше на посета една недела.. утре доаѓаат моите - се радувам така што ќе имаме луѓе по дома. Бев на скрининг - сѐ е во ред. Малку сум вознемирена што никако не успевам да се објаснам дека би била помирна ако направам барем еднаш хемостаза со димери, нека е превентивно. Ама ете. Некогаш си мислам дека земјава можам од оската да ја поместам, ама не и да се разберам со некои доктори тука. Останувам на добра мисла, оти друго не ми останува. Покрај камења во жолчката, сега ми измислија и преглед на васкуларен хирург. Да ми ги видел нозете - "чудни ми биле". Не знам што е чудно, имам милион кила. Не ми беа вакви, но на вишок 20 да качиш плус 20... Какви да ми бидат. Среќна сум што ме носат, пустите. Што да кажам. Ситуацијата е таа. Не дека на моменти не сум извадена од кожа, и насекирана до бескрај, ама ништо не можам сега да сменам. После породување, да е сѐ ок, ќе се средам веќе еднаш конечно. Туку ајде рубрика секојдневие. Мачорка е сѐ попаметна, значи можам да ја слушам со саати како дискутираме на одредени теми. Внесена е, радосна е, само нешто објаснува, памет дели. На моменти заборавам дека зборувам со 4 годишно дете. Сега со баба и дедо ќе се разгали, знам. Ама ако, ќе се врати во шема после. Два три збора, ама не успевам да сум кратка. )))) Ве поздравувам сите многу! До следното пишување... бидете среќни и насмеани!
Dobro utroubav vikend Denov ubav budna sum ili voopsto ne spiev Mala cerka zaspa rano vecer pa cela nojk sedezurasesila nejzina ne se zapira Golemava pita saka pa idam da mesamako nekoj saka bujrum I drustvo ke imam Ubav vikend
Добро утро и од мене. Се разбудив во 7 свежа,наспана одморена.Мм го палеше огнот јас кафе направив и на рајат го испивме додека ѕверов спиеше. Се разбуди дете ги направивме утринските ритуали и доручкуваше супа.И како што е гадлив на сред јадење испорат се.Аман веќе,немам видено погадливо дете од моево. Инаку се уште немам добиено, ми касни 3 дена а симптомите ги имам,ќе пукнам...Немаме направено некоја беља,така си мислам или пак имаме....незнам Мм ќе оди да работи приватно во едно село па и нас ќе не земе да подишиме свеж воздух. Тука се одјавувам,мм вика да се спремам. Имајте убав викенд.
Добар ден и од мене Сите пишувате на утро за време на кафе, а јас пишувам на пладне кога успеав да си зготвам нешш за појадок и да каснам. Денес успеав да си издинсам шампињини и да си направам една шопска. Цела недела немам појадувано како човек. Се набрзина некоја мачканица или пециво со бебе во раце и од нога, ма и со шетање низ соба. Многу ми фали да си се хранам здраво. Ама среќна сум кога ќе успејам и некоја глупост да изедам, битно да не свират црева. Бебка се успа за чудо, ама цела ноќ не спиеше како шти треба. После цицање ја мачеше мешето. Изгледа даде реакција леќата што ја јадев вчера после 5 месеци. Далеку од тоа да имаше класични грчеви, но и клокотеше мешето додека да иждрикне, па имавме и малку музики. Ништо ќе си почекам со воведувањто на легуменози во мојата исхрана. А баш се израдував дека можам да си јадам се. Кога ќе слушнам приказни од старите дека со грав ги заранувале ми иди . Инаку најново во потрага сум по добар мајстор во Битолски регион. Ако знае некој нека ми предложи. Ќе се прави собата на бебка Цела куќа ми личи на огромна детска соба, а и фиокарот што и го купивме одамна не ја собира, па сите плакари се зафатени со нејзината гардероба и мечки, јоргани, ќебиња, торби, тракатанци. Не ја бива повеќе вака. Мајсторот што го имав замислено не ми врати на фб. Мн мразам кога ќе видам на пораката сеен, а одговор нема. Одговори, па макар и негативно да си знам. Битно стикерите од ебау се порачани. Има да биде прекрасна детска соба како од инстаграм иако за почеток ќе ни служи само за игра и за чување алишта и играчки. Бебка уште долго ќе спие со мене иако купив и камера. Додека се раскажував јас овде бебка се разбуди, па нишш од планот да пружам алишта. Пак ќе лупа сушарата. Ајде позз
Здравејтеее! Се измолкнав од постела во 8, најтивко што можам, без да ме сети беба, на прсти буквално, вратата ја затворив нааајполека без да крцне и се паркирав во кујна кафе да шмркаме со ММ. Во 8 сабајле е моментот кога можеме раатски да си направиме муабет без некое од децата да досадува! Пишав досадува, оти стварно знаат на моменти да бидат досаднички, особено дадата со нејзините желби и барања. Имав време и за кафе и за појадок, па кога станаа деците (прво беба а потоа и дадата) појадокот беше готов. Ништо специјално, тостчиња со кашкавал и путер! Беба јадеше, дадата се тегне во кревет уште. План ми е да ги шетнам, дека убав и сончев денот па да го искористиме. Беба ми е станата малце поранобудна од вообичаено, па се прилагодувам на тоа нејзино порано будење. Поточно во 9 станува, а спиеше до 10, еден период и до 11. Без некој мој труд сама си фати ред да станува во 9, па не е лошо и така само што некогаш мора да има две дремки преку денот. Добро е што ноќе речиси и не се буди, еднаш или ниеднаш... Наспиена сум! Дадата пак спие до покасно, ама дека од понеделинк се враќа во градинка почнав да ја будам порано за да си го фати пак стариот ред кога стануваше во 8. До овде сум стигнала сабајлто и не сум го пратила! продолжувам... ДОбар ден! Дадата отиде со мајка ми во парк, со велосипедчето, пресреќна беше кога тргнаа. Често бара да го носиме со нас велосипедот, ама јас не се согласував оти страв ми е како ќе стигнеме до паркот јас со количка а ќерето со велосиед. Па ете шанса со баба да се шеткааат и да се вози на велосипедот! Беба момантално тера дремка. ММ стнадардно не е дома, по работа е излезен! Ми вети дека наредната недела ќе биде дома, барем 2 дена. Ручекот готов, дома подсреденко, па кеефски си пијам кафенце! Еве и за вас Убав ден!
Мамички знам не е за тука прашање ама најбрзо ќе ми кажете. 10ти ден од ммр, малата до растечен нос, пролив и тем. 37.6. Реакција е од вакцината или да вртам сабајле на педијатар? Не за друго ептен стравот го земав со вакцинава па сега кревам паники
Тт може да е од вакцината. Можеш да дадеш сируп за да не ја мислиш вечерва. Најдобро ако можеш да ја види утре педијатар за да си мирна. Дали даваш нешто за пролив?
Ја заспав веќе без сируп бидејќи не е висока тт, ќе ја пратам како ќе биде ноќеска. Имаше само 2 течни столици и ништо не дадов. Што сируп можам на 18 мес да дадам не ни знам сабајле ќе се јавам секако кај педијатар ако крене телефон, зошто класика викенд се случуваат вакви ствари
Си можела да дадеш помала мл на сируп колку да не ти е на мисла за спиењето, какп и да е секако дека ќе ја пратиш. За пролив се смета ако има повеќе од 3 течни столици за кратко време, на пр. за помалку од еден час. Последно кога имаше мојата пролиф пред некој си две недели давав фурал капсула( ентрофурил сируп), пробиотик(био гаја) и орс 200 на хип( се дава голтка по голтка). Ние сме 18+ Може и да е некој стомачен вирус па да се поклопило со вакцината. Ние ја примивме на 12+ и само со тт помина, реакција даде после 10-12дена.
Ми е страв да почнам да пишувам зароа што а се раскомотам, фата тел и кафе и ете ја џамбаз ќе стане Уште спие. Се тртеше, вртеше, ми го залепи газот на лице и презаспа. Едвај се извлеков од постела. Сварив кафе, пуштив серија и кулирам. Ќе видиме до кога Денес бебе ќе оди на роденден. Во игротека (да, ќе ја носам ). Едвај чекам да видам како ќе реагира во таа средина. Некако си викам ова генералка пред градинка. Надвор ептен трча и игра со дечињата. Ама дур не појде нема да знам како ќе реагира. Видов една од градинките и некако сум скептична за јаслена група. Не дека е мое, ама некако понапредна е од другите дечиња. Па со бебиња плус таму ќе биде, некако ми е страв да не ја "гуши" средината. Надвор обавезно добивам прашања од мајки колку месеци има. Сите некако ја споредуваат со своите. И секогаш помала излегува од нив. Вчера мм прв пат имал такво прашање и вика, многу глупо. Што се споредуваат, деца се. Напаст е инаку. Да не види дете со топка. А бе го брка, го брка, му р'же, срам да те фати. мислиш топка не видела. Ама, ете, баш таа ја нема и таа ја сака не знам во парк колку топки имаме купено. Вчера му го земаше зајко балонот на едно дете. Ај купив. Не го сака. Туѓото послатко. Па сака и во парк во коритото од езерцето да се спушта. Па рика, вика дека не ја пуштаме. Мислиш ја колеме беше и остана најгласна Ај да догледам серијата дур не станало бебе Убав ден мајчички. Уживајте со џивџанчињата
Убав ден мајки! Недела, ние кај мајка ми па раат кафево си го пијам, море има да се изнауживам. Неколку вечери со ред во спиење добивам забоболка, а преку ден ништо не ми е. Толку јака болка што не можам да презаспијам. Бебуши спијат, а јас будна. Иронија... Па никој не ми кажа дека часовникот се менувал денеска. Децава ранобудни и утрово станува малиот јас гледам во саатот 6:40. Леле мама му велам сме се успале, божем на училиште ќе го носам. Маж ме слушнал и ми кажа дека часовникот се сменал. И така уште сабајлечки во збрки како со времево и редот ќе им се смени, но успеав некако со пола час доцнење. Мора во 20ч да се заспани и тогаш ми е време за серија на фокс. Туку колку не сум во тренд со новиве песни, затупев, само детски си знам сега дури и си потпевнувам. Ми се јавува кумата, старо кумство и старомодни се, какви се такви се, помирена сум, но ми пушта слики одбрала облека за малиот. Леле кога видов костум како за сунет бели панталони, кошула, елек, сако се бело и лептир машна. Ме прашува дали ми се допаѓа. Како да и кажам дека не. Ама и реков сепак на поблаг начин. Одоколу и реков како нема потреба од тоа, нема да го износи подобро панталоми и кошулче. Не знам како прифати, но не планирам син ми цел живот да ми пререкува зошто така сме го облекле за крштевка. Ај за девојче полесно се одбира иако знам и неа како ќе ја облече. Сигурно како невеста. Уф се нервирам уште отсега како ќе биде.
Здраво мајки Мажињава легнаа да спијаат а јас се испружив в дневна на кревет и си лежам во тишина. Имам садови за мијање еден куп, ручек за правење, машина за спружирање и алишта за диплење Ќе биде се, прво на фемина да пишам Вчера со синко имавме прекрасен ден, времето беше убаво слеговме во град, тој си заспа во количка мама сврти два молови, се подновивме сите тројца Се изнашетавме низ центар низ парк. Ги посетивме двете мои тетки, едната има куче и синко ептен му се радува не сум многу блиска со нив бидејќи ептен се лицимерни ама едната ќе си оди па ај демек да го видела синко, како и да е детево беше среќно јас малку ги потрпив. Бев и кај нив синко се изнаигра со кучето потоа садеја цвеќиња со тетка ми, целиот се направи во земја на радоста и немаше крај. Мм дури во 8 не зеде. А тој кутриот вчера цел ден на работа работеше на црно ама не му кажале дека ќе има толку многу работа и ептен беше изморен а мене срцево ме заболи неможам да го гледам таков. И денес денов е прекрасен да станат и ќе излезиме. За роденденот од мм бевме на вечера и супер поминавме Многу мајки фалат на темава. @Mari* среќно на работа друшке @Monella за се си во право што пиша. Не дека немам со кој да направам муабет, има, но се страшно дволични и фалбаџии луѓе и ги избегнувам. Се сретнувам со нив само ептен ако мора. Не трпам лицемерство. Подобро сама од колку со такви луѓе кои што можат денот да ми го расипат. Толку мајки од мене, да завршам домашни обврски па после рајат да излезиме! Имајте убав ден
Хелоу женски Божем ќе е убаво времето, ветер дува и носи. Ништо од прошетка, а баш сакав да одиме со маж да го прошетаме малку. Со ова менување на времето, се ќе ми се поремети. Наместо во 22:30, ќе ми заспива во 23:30 Да пукнеш од мака. Му велам на маж дали да се радувам што ќе поспива одсабајле повеќе или да плачам што ќе си легнува подоцна. Ај може ќе се прилагоди на промената, па ќе си се задржиме на стариот режим. Подобро така. Не знам како другите деца спијат повеќе наутро, како може секое сабајле да станува во 6/6:30. И кога легнуваше во 21, и кога легнуваше во 22:00 и сега кога заспива во 22:30 пак се буди рано. Ама тоа е. @Feodora и на син ми, кумовите му купиле за крштевка таков комплет, баш како за сунет , а највеќе од тоа се плашев . Знам дека секој има различен вкус, ама треба да се има малку разум па да се праша барем. Мене не ме прашаа ништо, дури и неисперени ми ги донесоа, такви спакувани во кутија. Исто и бањарката, со се етикета. Комплетчето како стар чичко, баш како за сунет, со сатенско елече и лептир машна. Ме удри дамла кога дојде ред да се облекува во црква. Ама што да правам, со тешко срце го облеков, па ај што комплетот беше како за сунет, му фалеше само тоа за на глава, туку и неперено. Сепак, многу си ги сакам кумовите, може не се досетиле за перење или им било глупаво да ги перат да не помислам дека не се нови Што знам??? Сепак подобро е да се консултираш, отколку вака, ама ајде помина и со тоа крштевката. Знам колку им е мерак . И тоа е. Еве дремам внатре, маж спрема скара надвор. Понекогаш и му завидувам на можноста да спие, јаде на раат, да се бања, да кулира, да прошета.... а моето време е ограничено. Ама ќе порасне мали , па сигурно кога ќе оди, трча, ќе се заигрува па ќе можам барем кафе да се напијам, така пазејки го. Не вака, повеќе време ми е во раце, додека го залажам да го оставам се оладило . А ќе заборавев, денеска за првпат маж го успал бебко додека се бањав и го ставил да спие. За честење сум. Се повеќе се опушта во чувањето.
Здрастиии! Какво става момичета! Дада игра надвор со деците, ја ѕиркам одвреме навреме иако сме договорени до каде смее да оди и дека мора да ми каже, плус и другарките си ја чуват како сестра. Сепак мое е да ја проверувам низ тераса! Беба нане, за прв пат на спална па едно 100 пати ѕирнав да не станала и да не падни на земја. Во детска се слуша тропање од комшиите, па затоа денес не спие таму во креветче! Станавме, појадуваа ќерките и ај надвор едно кругче. Купивме од продавница што ни треба и што не ни треба , се извлековме до дома некако, едвај, со последни сили. Реков не одам повеќе со нив двете никаде, ама само реков, оти е неизводливо ова да се реализира. Беба нешто изводи па сака да трча со големите дади, па паѓа, па плаче... па ме измори едно добро и едвај се прибравме дома! Не престана да мрмка дур ги правев сармите, де пеев, де играв (буквално ова), па се правев куче (лаев), па кукурикав... ама јоок дете не престана да мрмка. И се спиеше, лошо го испланирав времето за ручек. Па и кај баш денес сарми, пипава работа . МОРАВ нешто да преземам, нешто забрането за бебе та да се закути и да завршам некако. СМОКИ , они ме спасија. како им се испорадува бебе сфатив дека и те како ги знае, а богами и на рекламата на тв реагира со-ам ам! Нема да лажам, и имам давано и друг пат (2, 3 пати секако се случило) кога сме се вракале од парк па ми плачела. Десетина волшебни смоки ја замолчуваат и стигнуваме до дома. Си реков, ќе си ги чувам како џокер карта! Ама како беба реагира и те како ги познава, ме носи до заклучок дека баба и дава смоки на беба. Ова ќе да треба да се провери, колку често, колку количински?!?! Ако баба не вмешала прсти тогаш беба има супер меморија и ги запаметила од 2-3 пати. излапка неколку смоки па бидна ручекот, ја заспав и ете ја уште спие. Кај и да е ќе се окори па одиме во парк. Не важи муабетото од преге дека со нив двете повеќе никаде не одам. Ако не со нив двете со кој би јас шеткала, никој не ме прави толку среќна, расположена, горда и истовремено и нервозна, напната и уморна. Можат они две, умници на мама, сакани,најубави, смотаници, досаднички, мои ! Ај да пружам алишта оти пералната заврши, на ред сум јас! Убав неделен ден! Некогаш и мојот ММ ќе биде дома и ние како семејство ќе се прошетаме во парк. И подруго ќе биде! Морав ова за крај да го пишам иако без веза го нафрлив!
Денес саатот ни поремети се живо и диво, се успавме ( не дека се брзавме за некаде) па задоцнивме со доручек, исто со ручек а богами немаме абер за вечера Важно го искористивме сонцето. Бевме во парк, арно ама, дете како дете не беше заборавило што му бев кажала од дома, дека ќе одиме да бараме дуксер за во градинка па сакаше да одиме на шопинг Успат за чудо побара сладолед, зедов и потоа бараше јас да го лижам до корнетот а тој надоле, лижев што да правам Бевме во НМ ама ништо од дуксерот, ќе бараме друг. Ова ни е втор викенд да шетаме без мм, зафатен е и тој на помош кај сестра ми, реновираат по дома. Да ви кажам сега ми е многу лесно да шетам сама со синко, ме слуша, игра, разговара како возрасен, дури почна да не бара играчки како прво ( оти голем нели) Има надеж жени, издржете Кога ќе ми текне каков беше, не одев никаде, ама ете за се си треба време. Сега да се апне нешто, да се бањаме па ако имам желба до после може и да запеглам нешто.
Добра вечер! Ако не отворев форум, немаше да знам дека се сменил саатот, никој не ми кажа Се чудев сабајле зошто бебе стана во 9, инаку она во 8 точно си има аларм ама ете, излезе детето во право било, не јас. Убав ден денес.. Си исчистив дома, па си се изнаседов кај мајка на гости пола ден Бебе глуми голема, не сака да спие преку ден! Спие еднаш по еден час, и една дремка од 20тина мин.. Изморена,преморена, ама не се дава. Инат, ко мајка и. Се дружевме денес со уште едно бебе поголемко од неа еден месец, и не е убаво да се споредуваат деца(ама сите тоа го правиме некогаш) ама мојава каде-каде поголемка стои Ем побуцкаста, ем ептен живо дете е, му ја џапа цуцлата,му вика “еј еј”, па прета сака да го допре, му се смее.. Уште на глава што не застана. Тоа кутрото исплашено ја гледаше, абе не мрдна И вадам Лино смоки ини викам на мајкава “Повели, дај му” Ау жени, еден убитачен поглед кога ми добаци, ми вика “Ауууу не,никако,никако, јас смоки не давам”. Викам абе од пченка се,нема зачини,нема сол, не се плаши.. “Нее нее. Јас домашно само давам. Во сите каши сол му ставам, во овошните шеќерче. За да ги јаде, да не му е бљунтаво. И џиџи бебе давам, се дави во нив ха ха. И мандаринки,ананас,лимонче, тетрапак млекце.. Ти не даваш?! Ааа јас се му правам и давам.” Ништо не искоментирав. Битно испаднав “немајка” со смокиве. А слабичко е малото, личи ко за 5-6 месеци. Чудничко.. На тоа јадење,нели? Женска работа. Секакви не има. Стварно. Па зошто не седела во количка, па зошто не спиела во креветче, па зошто,зошто,зошто ...... Мене па ич не ме занима некој рандом лик тоа да испрашувам така ... Тоа е. Мора и така некогаш. Бебе заспа, да се истуширам брзински и да се џитнам до неа. Добра ноќ.
Добро утро мајки Моми испратени во градинка, кафе испиено, сега се пулиме со малово. Научило мама да кажува и цел ден ми пее. Месецов се пријавивме секој понеделник да шпендуваме овошје за цела градинк. Кај големата ова, кај средното не учествува детево ниту во тоа здрав појадок што им е еднаш неделно. ОСвен овошје пратив и мали морковчиња, мали краставички, сварив мали јајца(од препелица ли како се викаат), јаткасти, цела корпа овошки што купив саботата. Со оглед на тоа дека 30 деца е цела градинка, ќе остане за цела недела сигурно што вика мм. Ама од срце спремав се. Верувам дека сите родители истото го прават бидејќи се стварно презадоволни. Целта е да се има заедничка храна, за сите дечиња, оти вака секој со сопствениот појадок сите се делат. Вака ем оние на кои не им е толку богат појадокот да пробаат рановидни овошкием да се створи навика за делење и заеднички оброк. Успеав само да усисам, оти се радува на правосмукалката, и работните маси во кујна и трпезарија да раскренам. Дневава е во хаос. Утре прв пат ќе иде жената што ќе чисти, па да раскренам малку . Ова македонска работа, да зачистам за кога ќе дојде да е пораскренато. Се зезам. Викенд сме во модус на преживување, па имам тон книги кои треба да ги сортирам а и некои играчки. Да вратам се на свое место. Ќе ими и за нејзе доволно работа. Што убаво зимово со парново, бргу се сушеа алиштата. Навечер нареди, насабајле веќе суво па и додека се во градинка сум запеглала нешто. Ми се собраа две машини за пеглање и 4 за пуштање. А со детето не можам да пеглам. Како моторче има во газето, не седнува. А дремките и се две по еден час, првата колку ручекот да го направам, втората пипавите работи да пофанам низ куќа. Ручек ориз. Решено, едно гајле помалку. Викендов се изнашетавме. Големата ја земаа баба и на по неколку часа, па ние со другите две во природа и на ручек и сладолед. Планот ни е сабота едната недела другата, ама големава рика за да оди, средново рика за да не оди, па на крај едната двата дена. Со дедо и одат по фармите, па јајца збира во еден кокошарник, баба и има набавено пластелин, бои и четки, лепаци и ситнурии за лепење...цел програм. Плус заедно печат колач и ја пејат In der Weihnachtsbäckerei . Малово ја обожава Single ladies. А ја слушне го тресе газето и дига раце . Сега оди на јутуб и радости е. Најголемата беше најголем фан на Џастин Бибер. Беше хипнотизирана од Love yourself. Најголемите плачки и крокодилски солзи престануваа во делче од секундата кога ќе ја пуштев. Еднаш и од спиење се разбуди само бидејќи на радио одеше. А средново ја обожава Faith no more, falling to pieces, проследено со клатење и скакање во ритамот на музиката. Татко им вика конечно една да имала добар вкус за музика како него . @Mari* очекувам да не израдуваш со потпишување на договорот. @gjoker4e прочитав коксаки фатила малата. Брзо закрепнување. @Kaetana Истите работи сум ги минела и јас. Работава само паталец верува. Уста веќе не ми се отвара што се немаме видено и поминато. Во врска со топломерот. Еднаш кај педијатарот ми рекоа дека немаат. Да се смеам или плачам работава. Дали од непрофесионалност ако ме лажеа дали ако стварно немаа Да му ставам на детево да апне, па со надеж скоро да заспие и да се фатам за работа. Убав ден на сите
Здраво мајки Еве ме и мене, да пишам некој збор, колку да не ме заборавите де Ја читав Дани, па да кажам дека и мојава девојка си има „свои“ песни. Прва на список е Таки Таки, леле збеснува на неа, тресе газ и се кикоти Потоа следи на Гага Bad Romance, таа и е втора омилена, неа ја гледа и слуша без да трепне. А првиот хит евр и беше на Куку Леле - Ти немаш појма Овие ми се џокер во ракав кога ништо не ја смирува, кога е немирна, а треба да направам нешто, и така. Цртани не сака, слабо гледа, повеќе по музиката е мојава. Втор џокер ми е леб - дај и леб и мирна глава, ќе грицка цел ден да може. Арни инаку, се по старо, освен што сега имаме и моторче во газот и не застануваме. Шетаме во секој слободен момент, се дружиме со дечиња и играме со топка. Топки и се хит Трча, шутира, живи радости е Кога не сум и во видик, се дере на цел глас мама, мама и трча низ куќа, ме бара во паника Па ќе ме здогледа и ќе се раскикоти Многу е гласна, галамџика мала. Заедно одиме во вц, заедно ја полниме машината за садови, за алишта, се заедно правиме. Си имам приколче за секоја активност Одмарам само на работа (тука барем седам), дома е друга приказна, знаете сите. А какво гушкалче е станата Само доаѓа, не гушка и не бацува, или не гали, или се пика да си легне во нас Од есен здравје планот е да оди во градинка, ама ќе видиме како ќе биде. Баба и некако откажува љубов за чување, си има проблеми со кичмата и гледам дека не може веќе. А и време е да оди, не сакам премногу да чекам. Морам да се вратам на обврските, доста беше. Убав ден да имате сите
Здраво мајки. Не сум ја отворила темата со месеци, па не ни знам што да пишам. Слободно време малце имам и не сум многу активна на форумот. Малата во градинка си оди. Јас дадов отказ. Ќе барам друга работа и се надевам дека ќе најдам пред да напуштам овде. Работев за смешни 12.000, ме маткаше наваму натаму, во недела вечер ми пишуваше која смена да дојдам од понеделник, работев за празник, работев во недела. За 12.000. Епа ми здосади веќе и дадов отказ. И веќе не прифаќам работа за 12.000. И така пола плата во такси ми оде. Малата си е супер. Многу почнува да зборува и повторува по нас. И голем инат е, се да биде по нејзино. Ама па и многу е мила, гушка се, бакнува се. Ако некој и обрате повеќе внимание и потоа си отиде веднаш плаче по него. По сите плаче. Малце е лигава. И тоа е мајки. Ајде можеби почесто ќе пишувам овде и ќе се дружеме повеќе. Поздрав