Здр мамулки,има ли и други што мажите им се странство,или единствена сум,ма сигурно има.Такво време дојде.Еве 2 месеци како е,сама се справувам со бебево.На почеток ми беше претешко..памтам го испратив со липање и зборовите,ова последен пат да биди да одиш без нас.Имав преголема помош од него апсолутно за се,но мора,свадба не чека...веќе почнувам да се нервирам околу тоа...времето се ближи еден куп прашања што ќе биди како ќе биди.Ќе има нервози еден куп,знам.Несоодветност на мислења.Уште од сега си земам на срце кога ќе слушнам кој се не може да дојде оти не е тука.Кој ваму заминал кој таму.Тоа си мислев баш, да не беа разбегани сите кој ваму кој таму,бројот на гостите ќе беше помножено со 2.Но тоа е што е.На никој не му е убаво тука,само мм е исклучок,не сака да чуе да живееме странство..а толку многу прилики имаме.Не знам како ќе се погодиме по тоа прашање.Ја би одма да пакувам куфери,но не се прашувам само јас. ..ехх што ни направија бре од државава...малава ми спие на нозе,ја нишкам,вака кога ќе се занеси може долго да спија.Ама не е тоа финтата,јас па не можам да мрдам ве поздравувам
Здраво мајки Од кога не сум пишала. Немам време ич. Децата одат во градинка ги носи дедо им а после ги зема. Ми помага човекот максимално. Додека си дојдам скоро 16ч. Јадење и надвор со децата. Колку се активни едно чудо. Малото бутка тротинет се научи. А големиот го дигна во соба за нов. И сите нови играчки ги дига не сака да си игра со нив. Чудно дете еј. Денес ме боли стомак ама повеќе накај десна страна. Пиев апчиња ама џабе. Се мислев да одам на док. Ама се предомислив отидов до аптека купив пак апчиња некои. Преморена сум. Не можам да функционирам со 4 саати сон. Ама деца ту спијат ту рикат ту носови им се затнат и се така во круг. Денес ги облеков во облека на спајдермен и супер мене се радуваа и ги однесов во градинка. Кашлаат пак.а април дојде. До кога само се прашувам. Легнав. Едвај мрдам. Омалаксано се чуствувам. Да земам малото од долу кај дедо му е и да ги мијам пижамите и во кревет. Едвај чекаме да си дојде мм. Големиот чека џип. И тоа е. Секој ден исто. Позз мајки убава и мирна вечер.
Поминав да видам како сте. Мило ми е што те читнав @Kaetana одамна немав те читнато. Со здравството значи сегде истото. Колку сакам да се иселам во друга држава, неможам да објаснам. Само фантазирам но каде без бугарски пасош и сама со мало дете? Два дена сме сами, одамна не сме биле. Дете бара внимание, јас гледам нешто да повтасам. Мајка ми исто да подзачисти кај татко ми. Колата уште на мајстор. Без кола, друг живот. Куп обврски ми се насобраа, тук таму по некоја промена во животот. Во глобала не е лошо. Здравјето на малото да е добро, другото се трпи, крпи. . Омилени песни се неколку од Veni Vidi Vici. Како и од каде баш нив, не знам. Пробувам да учиме песничми, воопшто незаинтересиран. За играчки незаинтересиран. Со цртани никогаш не ограничував и со тоа сам си свикна не гледа нешто претерано а цело време или оеснички или цртани одат. Со таблетот почнавме пред да се вратиме од Истанбул и преетеруваме. Но со што и како да занимавам дете дома 24/7? За некого изговор, на моменти и јас се обвинувам, но толку ми се силите. Битно ми е да е чисто и да јаде готвено домашно. Треба да можам и повеќе но не можам. Убав сон, сите ми спиете Првата кафе за сите, појадок за децата на сите па нека не разбиди. Ај да ве видам.
Добро утро! Ајде кафица другарки Нек почне денот! Ја испратив големата на градинка, со гушкање, со желби и планови за после градинка, со сЕ! Испраќање чиниш во стрнаство оди, ама убаво ми е на душичката кога како маче се бутка во мојот скут и така нерасонето се гали со мене. ММ пак се нервира од тоја наш момент дека сум ја разгалувала и се развлечкувал цел процес на подготовка за во градинка. Во право е, ама посилно е од мене. Ветив крофна за после градинка и одме на фризер со дадето. ете бре и за мене време за фризер. Ќе се разубавувам! И на дадето ќе ја скратиме косичката убава. Предолга и е, скоро до половина. Ама убава и е, русокоса зеленоока на мама најлична! Арно рече ММ ќе се разлигавиме од сабајле со тоа гушкањето. Кај и да е беба ќе стане. Стигна и свеки да се чуват со беба. Непријатно ми е вака јас да штракам по тел. а она да дреми до мене. Ај да и врзам некој муабет , да и дадам инструкции што како околу беба и да бегам на работа. Убав ден!
Mamicki go odbiv moeto since od cicanje veke tri dena? Inaku sme 13 meseci, ama toj e. Nemoguce, mnogu e razlosen, ne spie voopstp ili se budi na sekoj pola cas vecerta? Inaky pred da se odbieme po cela vecer se mazese na cice. Nekoj da ima iskustvo kako da mu pomognam polesno da go pomine ovoj period?
Добро утро мајки. Конечно после неколку години брак вчера си купивме наш автомобил. Ептен сум среќна. Да ве почастам сите
Добар ден мајки Дете легнав да спие, јас пуштив машината да врти и легнав. Се надевам ќе заврши додека спие за да успеам и да ги спружам. Дојде жената што чисти. Горниот спрат го светнала, на чистечко си легнав, да не и пречам доле додека средува . @forumce некогаш на вагата едноставо не се исплаќа да се продолжи со некоја работа која ниту финансиски се исплаќа ниту се вклопува во ритамот со обврските и дете. Мислам дека и @mal.ecka беше пред слична одлука. Не знам дали даде отказ. Јас сум на ставот дека барем едниот треба да има работно време со почеток/крај на истото кои одговараат со носење и земање од градинката. Со ова новово флексибилно и смениве, се е бучкуруш. Едниот доколку е со смени и флексибилен, во смисол час плус минус, порано/покасно да замине на работа или да се задржи е изводливо. Но во моментот кога и работодавецот на вториот брачен партнер го бара истото настанува огромен проблем околу обврските со детето. Не е доволна градинката. Треба да се однесе, да се зеде, да се поседи со тоа дете. А доколку се нема баба сервис или се нема целосна доверба во истите...нервозите почнуваат. Нормално и логично е тој што помалку заработува да бара нешто со работни часеви кои одговараат. Нема врска дали е маж или жена. Со среќа нека ви е и колата. По одмори да си ја возите ЈАс вчера си седнав со најмалото на сладолед. Во селово, во центарот, има едно ајс кафе, па спремив дете, кругче низ лидлот, па суепрмаркетот за храна, и на крај на сладолед. Бебе златно. После, кога ќе стане од спиење, пак ќе се прошетаме. Маж е на терен, не мораше ручек да правам, нешто брзинско за после да смислам само. Убав ден на сите. Да ставам кафе па да се излажам уште нешто со онлајн шопингов
Дадов отказ.. Раб.во три смени,тешка психички и физички,со голема одговорност,по 8часа и 2слободни денови месечно,за 12 000 ден.не ми одговараше со малата. Денед проверив крв,испадна вирус. Грло боли,неможам да зборувам,матичната не ми дава антибиотик ради малава. А за никаде сум цела недела. Денес пак се докажа зш не ја оставам малава на свеки,ама ќе +Пак дува носи,неможи човек да излези раат.
Зошто да не ти даде антибиотик. И јас бев за никаде, кашлав, нос затнат, се ме болеше, пиев амоксиклав и се опоравив. Безбеден е при доење. Вака можеш само поголема беља да направиш.
Ама ради доење не дава, не ради вирус. Јас не не знаев што е кај мене, не проверив крв и ми помина од амоксиклавот. Тогаш тамифлу нека даде, ако е безбеден.
@mal.ecka само два дена во месецот слободна, па и за тие пари? Страшно. Изживјавање. Не може ли некаде да ги пријавиш, има ли основа за такво нешто? Па грло ако е жар вцрвено и некои други симптоми, веќе е нешто више од вирус. Ама и јас знам дека има безбедни антибиотици во доење. Ваљда знае и она, како ќе си го труела детето. Што им е на докториве. Читам морбили некој не разликувал, тука кажува дете ќе труеш.
Абе на страна тоа, за вирус не се дава антибиотик. Од што кркаме ко неарни антибиотици од тоа не делуваат.
Одев на раб.во истите услови,само тогаш никој не зависеше од мене. Сега беба не ја оставам за тие пари и услови. Ќе скратам од се за мене,за неа да има и ќе ја чувам. Нема Дани закон,тоа е.
Тоа е точно. Ама некогаш е неопходно антибиотик. Гледам матичните педијатри за обична настинка и нос течење одма антибиотици препишуваат. Најчесто и нема потреба од антибиотик, ама да не дојде до нешто поголемо даваат како превенција, што ич не ми се свиѓа. Затоа и стварно кога ќе има потреба нема ни да делуваат.
Мене сега навистина ми треба Чек да ви кажам. Нели кај мајка ја оставив количката оти беба премираше не сакаше да се качи во неа. Е вчера бевме да ја земиме,па не само што до дома се возевме,ја слегов па ме тргаше да ја качам да ја возам Па вртевме кругчиња
Добар ви ден жени. Се повлеков во постела, си реков ќе си посветам 1 саат за мене, да ми се опуштат коските себична сум, знам. Кој му е крив на мм што треба да работи Сабајле ѕверот го носевме и двајцата во градинка, на заминување ни испраќаше срциња и бакнежи се додека му бевме на видик Ни порасна детето! Туку, веќе некој период сакаме да купиме овде стан арно ама, не можеме да се погодиме со мажулето мое Единствена работа за која се согласуваме е дека сакаме во оваа зграда кај што живееме сега, овде сме повеќе години, знаеме како функционираат правилата, комшии, ова она, најбитно има двор за децата да играат и ние да си седеме, има паркинг, има бавчи, се тоа убаво ама не може да се погодиме за становите Има два што се продаваат, на 1ви и на 4ти спрат. Јас сум за тој на први, тој за на четврти а лифт нема Си правам филмови како со дете/ца ќе треба да трошам калории нагоре-надоле, па пазарење... арно ама свесна сум и оти на тој на први не го фаќа ич сонце, знам зошто и ние сме на први. Има околу други згради и доаѓа на ниско и таму сонце не може да те види плус се е за реновирање. Сабајле ме убеди да се качиме да го видиме овој на 4ти, убаво се, реновирано и сонце да те види арно ама, дали дека не навикната високо ми се виде, му викам на мм леле од овде дете може да падне Вака ако размислувале луѓето како мене не требало никој да живее на восоко За 2 недели треба да дадеме одговор а стварно не знам што да правам. Друго се по старо. Дожд во најава, заборавивме како изгледа па може малку колку за промена. Малиот почнавме да го омекнуваме во врска со темата бебиња. Прво не сакаше да му спомнеме за братче/сестриче, постепено со муабет почна и сам да збори како ќе ги даде количката и креветчето на бебето (кога ќе имаме) и кога ќе плаче тој ќе му го држи шишето со млеко оти голем нели. Под услов тој да си спие со татко му Уште бебе да направиме и завршена работа Ептен долг испадна постот. Замре темата деновиве, да има што да читате
@mal.ecka Зар и трета смена одеше? За кратењево од себе да има дете неможам да разберам што да скратам,да не јадам ли? Бидејки еве со месеци облека не сум купила нели се за него и пак се нема. Тие услови се страшни ама колку и да кратиш кога нема нема. Кај мене условите се добри секоја недела по еден слободен ден и три одмори имам. Јас во септември се враќам на работа,немам избор морам плус ќе се заглавам на уште 5 години во банка и мора да се оди на работа. И тоа се нервирам една потврда од администрација ја чекам цела недела и се сеќирам што ако не ми дадат,но мора да ми дадат знам. Бебе ќе оди во градинка,на почеток ќе се мењаме со маж ми јас прв он втора па и обратно за нели ако има нешто за одма да го земеме,саботите ќе го чуваат баба и дедо а недела тета.
Добар ден! Не сум пишала сто години, не дека немам што да кажам ама некако не ми се пишуваат долги постови. Повеќе сме надвор отколку дома, користиме убаво време, го впиваме секој сончев зрак ми се чини. Дете стандард градинка оди, па спие, кога ќе стане јаде и веднаш излегуваме и скоро два саати во паркот игра. Потоа се враќа изморена и едвај чека ми се чини да дојде време за спиење, нема сили ниту со играчките да си поигра. Инаку детево се научило по име да ме вика, го слуша татко и па кога ќе ме викне по име толку ми е смешно, се смеам а таа ме гледа зачудено. Наутро ме буди и вели ајде мама стани да миеме забите, се научи сега да ја плакни устата и тоа ни е хит моментално. Потоа таа прави доручек во нејзината кујна а јас и спремам ужинка за во градинка. Некогаш јаде, некогаш дома си дојадува, а има и денови како денес кога се што сум спремила не ни пипнала. Ама имало некое дете роденден па јадела мафинс и затоа не и се јадело после. Ручекот е готов, ориз со зеленчуци, за вечера сопругот утрово рече ќе правел палачинки, па нека прави, тоа си е негова специјалност. Така да нема да мислам и за малата и таа ги јаде со сласт, и мачкам една солена со некој намаз, а ако сака плус обично јаде половинка со мед. Убав ден!