Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    @TeddyGrey те читам и во С.К. Што и да е брзо да минува.

    Место ова смајли :wasntme: требаше да го ставам ова на крај :rofl: бидејќи сите кои што живееме сами го имаме овај проблем. Не бев сериозна секако.
    Го пишав тоа бидејќи последниов месец имам мака со многу тврда столица и ми треба повеќе време за во веце, многу пати не успевам да се олеснам бидејќи морам да станам од шоља бидејќи ме влече за рака и се треска од земја па после мене стомак ме боли.
    Нокширот му стои до шољата ама како боцки да има на него, никако да седне.


    @Mari* кај мене добро што вецето е од делно со купатилото (facepalm) и тебе не ти е лесно. Маки наши :whew:

    @Monella јас не сакам. Јас сакам да се потрудиме за овде нешто да направиме иако ми изгледа невозможно :(
    Се е толку многу скапо. И плус ние долг период живееме со една плата.
    Едно станче со две спални да е и понова година на изградба 300.000€ одприлика :( а за куќа подобро да не пишувам.
    Уште таму куќа ми фали и после ќе ми вели и за викенд да си одиме (facepalm)
    Ми има речено да имаше авион од градов до кај нас и за викенд ќе си одевме :^) па фала богу што нема.
    Леле доста го оговарам мм да не ме прочита од некоја страна :rofl:
    Се надевам дека ќе му исчезне носталгијава за брзо.
    На мт за колку време му исчезна? Колку години сте надвор од Мк?
    Ние до сега 3 години и 4 м.

    Сабајле се успеавме со синко до 10 часот :$ леле кога видов колку е одма станав му направив појадок и ставив ручекот во релна. Ручекот од сношти си го спремав, исечкав се што ми е потребно па само ставив во земјена тава и за 2 ипол часа беше готово. Свинско динствовано. Маж работеше во селово наше па си дојде за ручек за 40 мин и пак замина. Дете многу се расплачи кога замина и викаше татаааа. Па му направив млеко и го легнав да спија. Еве го уште спија а јас лежам до него и посветувам внимание на телефонов инаку нема шанси да го земам во рака, иди ми го зема и вака дајјј дајјј и го фрла на земја некогаш и го гази.
    Се надевам мм ќе си дојде порано да одиме в град, да си купам торта и свеќи, не мислам да правам. За мм роденденот правев па сега ќе купам уште има од неговата торта.

    Ќе ја прашував уште @danichap нешто :D и да привршувм постот.
    Многу им е убава собата на момите твој. Дали играат само во неа или ти разнесуваат играчки и по други соби?
    И јас му имам направено една соба само со играчки на синко ама тој се разносува на секаде па пак морам денот по 2-3 пати да ги собирам.

    И со ништо не игра освен со топки. Има 200 мали топчиња и 10 тина големи, цел стан ми е со топки насекаде :D

    Минатата недела купив три исти маички на кратки бели со јаки. Едвај чекам да ги облечеме. Јас многу сакам да се облекуваме складно. Мм не прави проблем што му дадам тоа и ќе облече :angel:

    Се распишував јас деновиве ^_^
    Времево овде не е баш за во парк па викендов ќе се оди по молови и можеби до игротека.
    Имајте убав ден мајки :f:
     
    На karibian, Ano, Kaetana и 23 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    @orhideea не разнесуваат. Како правило го поставив од прв ден и некако не ни пробуваат:D.
    Кога сакаат да играат ме викаат и таму одиме, не пробуваат нешто да изнесат.
    Неколку пат во оваа пола година јас имам ставено во една пластична корпа неколку играчки за да играат со нив во дневна, но тоа било исклучок кога сум била болна или слично.
    Кога сум немала сили со нив да седам таму, па во дневна ем они да се занимаваат ем јас да прилегнувам.
    Но ова било стварно исклучок, имаат и заборавено, па како што кажав, не пробуваат.
    Игрална е најдоброто нњшто што можев да направам за нив.
    Кој има вишок просторија, топло препорачувам. Колку само ги ограничуваме инаку бидејќи примногу растураат и бербатат:doh:.
    Ај, сега се стоплува, па подобра игра и забава од надвор нема.


    Јас божем ќе работев.
    Аха:tmi:
    Маж рече има термин дали сакам... и јас одма сакам сакам. Не докажа човекот. Не остави со малото во еден шопинг центар.:D
    Сега ќе стасаат момите од градинка и долгиот викенд може да почне.
     
    На karibian, Ano, Kaetana и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.881
    Дани, јас имам игрална за малата, ама ми е проблем. Горе е на спрат, и ако сакам да готвам доле, морам да ја земам со мене, или ме бара, или трчам ако ми тропне, и практично она додека си игра јас седам со неа и си ограм, или па, средувам алишта во собата до неа.
    Може само таму е хаос од играчки, ама па и другото ехаос оти дете сака со мајка да си биде :(
     
    На mariz, TarantulaA, elcezelce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Во право си.
    Кај мене оти се три секако морам таму да седам, не ми се за оставање сами, посебно ради најмалото.
    Бејбифон да пробаш?
     
    На sunshine2015 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.881
    Имав. Секој тресок трчав нагоре.
    Уште полошо беше. Ај ќе мине време, па ќе можам сама да ја оставам, иако е побитно да трошам време со неа отколку да чистам, ама барем за еден ручек ќе можам.
    Секогаш викам ај ноќеска ќе готвам и чистам, ама толку ми се спие...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Бејбифон имаш и со камера. Извинете вака што се убацувам.:$

    На темата...деновиве бебуш нервозен,само кенка,само во раце сака. Во 8 заспива,во 3 се буди и толку. Денес па на контрола,се е во ред,докторот задоволен од развојот,веќе е 67цм и 8860гр.:inlove::inlove: Арно ама,прими вакцини. Едната ја испи,другите две,во нога го боцнаа.;( Јас не можев да гледам. Мора малку посилна да станувам,не бива вака. Ајде само се надевам дека ке поминеме без некои реакции и температури. Убав викенд мајки.:f:
     
    На danichap, Kaetana, orhideea и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    8.760
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Лежам до дете и го чекам мм да дојде да си гледаме серија на телефон, сега подобро спие синко ама па навика до него на телефон да гледаме место во друга соба на тв.
    Пишувам највеќе за @orhideea немој да мислиш дека неможете да купите тука, прво не мора да е ново тука и постарите станови се одржувани, а второ кога ќе работите двајцата ќе може да соберете нешто за учество и после да си земете кредит колку рата што плаќате стан ( фиктивно , зошто можеби многу малце плаќате). Ние сега гледаме искрено немаме многу избор до таа сума што ја одредивме дека може да поднесеме ама повремено се појавува нешто па сега си ја чекаме нашата среќа.
    И синко со мене во вц обавезно ама не влегува да се бања зошто знае дека татко му е задолжен за бањање. Мие заби најчесто и ја чкрапа машината за перење, и става чисти гаќи во машината ( тука ни стојат лесно ги отвара тие фиоки и директ во машина за перење). Често и тоалетната на одмотува или ако е отворена вратата ми ги носи сите патики во вц за да шетаме.
    Јас едвај чекам да дојде следниот викенд мм има слободно цела недела ќе шетаме низ некој поголем град тука, а и до Италија на некој ден ;)
    Добра ноќ
     
    На Ano, danichap, Kaetana и 20 други им се допаѓа ова.
  8. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.388
    Добро утро...ме нема да пишам,ако пишам ќе се жалам затоа ме нема:)
    Ние арни фул програм сме,Фемина ретко отварам.
    Да се пофалам го зедовме клучот од станот,не е платен па моравме преддоговор за реновирање да се склучи.
    Мм втора недела работи од сабајле до вечер.Има и ославено за ова време.Јас колку можам гледам да го превземам детето и на работа.
    Сега моментално имаме уште една недела за реновирање,после му завршува одморот на мм.
    Помош имавме многу од роднини и познаници:bow:Денеска доваѓаат други стари колеги да се шпаклаат ѕидовите и брат му доваѓа на една недела помош,со добра мисла се надевам се ќе се заврши во предвидениот рок.
    Синко си е прича за себе.Цело време надвор по можност да се возиме по сбани и убани.Цел град обрќаме.По два саати лутаме по градот:lol:
    Се научил да си го држи курето и моча стоечќи,го видел татко му и он бил голем и он исто:rofl:

    Друго нешто не ми текнува да пишам.Синко цело време скока околу мене да сме излегле надвор во песокот,ајде поздрав жени...ние отидовме(highfive)
     
    На Ano, minneymouse82, danichap и 24 други им се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Добро утро! :)
    Ајде кафица :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:
    Станав во 8, со мисла да се напијам кафе во тишина, сигурна дека никој нема да ми го попречи планот оти моите две ќерки спијат до доцна, бар до накај 9 ги нема со сигурност! Амаа, мојот план и нивниот не се поклапаат. Беба стана, помислив да ја презаспам ама викам ај да не претерувам наспиено е детево штом толку насмејано се разбуди. Си ја зедов до мене, ми чучна во скут :inlove: и следеше доза утринско галење! Толку ми е мекана, мила, сакана, љубовче мајкино! Не дава пижамите да ги соблечеме, нит пелена да смениме! (facepalm)Лошка моја! Па ММ ја занимаваше (патем и он стана од спиење), за јас да успејам без плачки да ја облечам. Некогаш се зафркавам со муабетот- И Јана комшиката да ја викенеме за да помогне околу менувањето пелена! :envy:
    Спиев синоќа со дадата, ММ со беба! Приказни, гушкање, :hug:бацувкање пред спиење добро ми дојде! А богами и дадата среќно изгледаше и спокојно заспа! :inlove:

    Надвор некое срамежливо сонце. Само да не дува ветар да може дечките да играт надвор!

    До овде сум пишала од сабајле, не стигнав да го пратам.
    Ајде сега добар ден!
    Од работа пишам. Испив уште едно кафе со колешките, врзавме два - три трачарски муабети :wasntme: и сега останува да сработиме нешто. Ама јас мрзла сум денес па не фајќам ништо :$, ќе чепкам по фемина.
    ММ однесол големата кај едната баба а беба кај другата баба. Сигурно ќе ги шеткаат да го искористат сонцето.
    Досадно ми е, едвај чекам дома да си отидам.
    Ве поздравувам (fingers) Чао, убав ден!
     
    На Ano, minneymouse82, Marmarin и 20 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.017
    Пол:
    Женски
    :hai: Едно време имав време да ве читам, сега ни тоа :D Но да ве поздравам за да не не заборавите, ке се вратам еден ден, се надевам :lol: Но си се заангажирав доста работи периодов и полека полека остварувам. Положено од прва без ни еден негативен бод тестови за кола, положено вчера исто од прва полигон без ни една грешка, сега уште градска :) И факултетот го фатив, уште три предмети ми се и ги влечам одамна, па и тој товар да го симнам од грбов.

    Синко оди недела дена во градинка, после година дена пауза, прв ден беше хорори... сега полесно му оди, ама пак ми вика дека му било страшно и не му било убаво :| И мака ми е... ама ај ваљда ке се опушти. Си го зимам пред ручекот, зашто на диета ми е пак до 22ри месецов, па после и повеќе ке останува. Со малава ми се срцки, многу си играат и многу се сакаат и ептен не радува тоа :inlove: Партнери во криминал се плус, против мене :sweat: :D И мене собава со играчки тракатанци ме спасува за да здивнам, ама ке растурат се... ке им стане досадно и почнуваат да ми разнесуваат и надвор од собата, па затоа секој ден ги чистиме и селектираме играчките, за да има можност да ги растурат и да седат таму :D

    Инаку наредна нед роденден на синко, ке полни 4год дечкото :inlove: Се средено, ангажирано, порачано, уште да се подновам јас нешто и синко да го дотерам... мм што планира незнам, јас битно за мене и децава мислам :lol: Малата е спремна само, она фустани наследени куп има па одбрав еден од тие, само купив едно стегаче да и одговара. И така, еве им здосади цртањето со боици, сакал на црта на табла... тоа не давам зашто малава ги грицка кредите (facepalm) Да заспие она па ке му дадам да црта со креди. Ни фломастери не им давам (само боици кога се заедно), пред некое време две секунди сама и мадам си ставила кармин со фломастерот :makeup: :rofl: Па како знае, црвен фломастер :rofl: Среќа washable беа и одма се изми. Еве како изгледаше тоа.... Отидов, убав ден :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Ano, minneymouse82, ALISA0000 и 32 други им се допаѓа ова.
  11. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Здраво Мамулки:rofl:
    Бебе мие во тој најдолгиот скок и ние ептен забавно дома:sweat:
    Го носев птед некој ден кај мене на работа и збунка целиот беше изгледа многу светла шарено му дојде и се чудеше каде е:D
    Море мене колку ме беше чудно после скоро една година што не сум била а не па на него:)
    Ко божем сакав да ја убрзам работата за потврдата ама некако слабо уште ја нема:envy:
    Ќе ми отидат сите планови во вода а тоа е лошо,ај ваљда оваа недела ќе биде.

    Во мисла ние со маж да одиме сами до Софија а бебе да биде кај баба и дедо но мислам дека тешко ќе биде планот но ќе видиме
    Многу се нервирам што сите работи ми зафисат од една обична потврда.

    Денес мие во мисла да чистам дома ама прво да го пришетам на кратко бебето бидејки дува и маж да испратам на работа.
    Убав ден мајки гушкајте дечките по дома:hug:
     
    На Ano, minneymouse82, snegulkata и 21 други им се допаѓа ова.
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички :sun:
    Ајде пауза за попладневно кафе :coffee::coffee::coffee::coffee: има за сите кој какво пие нека се послужи :D Кај синко неделава почна процесот растење на долните тројки непцата му се изобличени абер нема уште за пробивање ,што да ви кажам хорор ноќите ,па од вчера почна да кашла и носето му се затна ,па синоќа ноќта ја преседовме нишкајки се во раце заспа во 5 конечно за во 7 да стане свеж како да спиел 12 саати без престан ми се плачеше искрено да ви кажам :( Периодов многу сум уморна на работа имам премногу работа доагам дома со бебе турбо не преспива после градинка,а плус и навечер со триста маки се заспиваме не сака да си легне тогаш му се јаде,вода му се пие ,па несакал со мене да спие сакал со дедо му ,па не дедо му ,баба му,па татко му и така не врти во круг како сака.Некако многу е разлигавен станат во последно време ,и мојот е како твоето @orhideea ако не му дадеш нешто легнува на земја и одма плаче се лути тоа страшно ме нервира ,само си се тешам дека е период и ќе помине. Во градинка го фалат дека бил многу умен и дека многу сака да си игра со дечињата ,многу сака деца ептен се радува дури кога имаме гости им дава играчките негови ич не е скржав цел е на мене :lol:
    За свадбата на девер ми горе доле спремни сме уште сандали или кондури да си купам ,и да видам синко да го дотерам :) мм има костум нов рече тој ќе си го носел.
    Знам дека е рано ама јас го обожавам велигден па уште од сега почнав да се спремам со бои салфетки за фарбање јајца ,ме плаши само како ќе преживеат годинава јајцата од синко лани беше мал не разбираше ама годинава ќе мора да ги пазам :)
    Одвај чекам мај да дојде да одиме на одмор чуствувам дека очајно ми е потребен ,здравје од одморот се договоривме со мм да почнеме да работиме на бебе бр.2 па здравје ќе видиме како ќе испадне :) Одамна немав пишано па се распишав ,честитки на сите кои славевте родендени или имавте нешто за прославување периодов:hug:
    Убав викенд мајки,синко сакал пупа(супа) да јаде отидов :hai:
     
    На Ano, minneymouse82, duffi и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Добра вечер мамулки :)
    Ајде и јас да го искористам новиов назив. Да ви се пофалам си ставив велигденски украси на комода, имам дури два од лани. Не е прерано? Ме фаќа еуфорија. Па јас и елка накитив во ноември. Деновиве да прикупам уште нешто но тажна ми е картичката, а желба за пари трошење имам многу.
    Туку да ви кажам откога почнав децава да ги оставам на под колку сум одморена, тие си се занимаваат, па и јас си подлегнувам долу со нив, ова било раат.
    Со кумава се разбравме некако. Нема да го купи костумот за дечково мој бидејќи ме сетила дека не ми се допаѓа иако вели дека бил многу убав баш онака свечен.:^) Е сега што ќе биде следно, мислев јас да и се понудам воопшто да не купува, но не сакам да ја навредам. Не сум тој тип.
    Толку сум возбудена со крштевкава само за тоа ви трубам, но страв и трема имам како пред испит, како ќе биде, што ќе јадат, дали ќе бидат умни во ресторан, ќе ги измачам, гласна музика како ќе ја поднесат... Леле хаос мисли имам во главава.
    И да се пожалам уште нешто, малава освен татко и не сака никој друг да ја бања.
    Оваа недела мм беше нешто зафатен 2 дена и морав јас, ама јас поинаку ја бањам на мој начин плачи, пишти како новороденче. Ексик се, татко и нека ја бања до второ одделение.
    Постов го пишувам, она ми е во раце.
    Поздрав мамулки!
     
    На Ano, Sexybaby86, minneymouse82 и 23 други им се допаѓа ова.
  14. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    28.373
    Пол:
    Женски
    Да ургираме да ни сменат наслов на темава:
    Мамулски муабети. :wasntme:

    Ајде сега добра ви вечер.
    Немам пишано 200 год,се надевам дека не сте ме заборавиле.
    Мм и синко заминаа од вчера на викенд во село,јас сум :dance: (poolparty)
    Кој е за забава ајде идајте.
    :beer: :d: :pizza:
    Пиење,јадење има,ќе правиме мамулска забава.
    Ве читам секој ден,ама некако не сум волна да пишам,некој монотон и тапа период имам.
    И јас како тоа: ЌЕ ДОЈДЕ ТАКА НЕКОЈ ЛОШ ДЕН И ЌЕ ТРАЕ ГОДИНА,ДВЕ...

    @mariz ајде следно да се пофалиш со положено градска.
    И да бидеш шофер.
    И јас како @Feodora расположена и волна за велигденски украси,гледам секаде извадиле.Ама новчаникот не е расположен,а картичката пак ич :shake:

    Ајде доста ви досаѓам одам да кренам све 4 у вис :bug:

    @orhideea најсреќен нека е,и гушни го малиот лепотан од мене.
     
    Последна измена: 6 април 2019
    На Ano, Sexybaby86, minneymouse82 и 25 други им се допаѓа ова.
  15. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Мајки вечерва јас честам!!!
    :^::^::^::^::^::^::^::^::^::^:
    Повелете на торта и на некој пијалак. Си прославив денес 24 ти роденден :inlove::inlove::inlove:

    22ACDEC2-F5A4-475A-9D97-50CB217BDAAE.jpeg D0C118FB-C8EB-476E-A2BD-B42DBBAAB309.jpeg

    Ќе ви пишам подолг пост понеделнички и ќе ве прочитам, сега маж е дома :D:D:D ќе бидам кратка.

    Имајте убава вечер :hai:
     
    На Ano, Sexybaby86, minneymouse82 и 34 други им се допаѓа ова.
  16. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер

    Мене ме нема подолг период. Ве читам постојано, ама слабо време за пишување.

    Ново имам само работно место и да се пофалам сега за сега ми е супер. И поголема плата и подобри услови.

    Мм и дете легнаа, јас замесив гевреци да правам и еве веќе се печат. Прв пат ги правам, се надевам добри ќе испаднат. Денеска мн вредна :) сабајле правев мафини, сега гевреци. Мн сакам да готвам ама со малиов ретко кога можам. Свеки и свекор на викенд во село, па ние уживаме самички :).

    Да се допечат геврециве па планирам да си ја наполнам кадата малце релакс и за мене. Па после да се подрушиме со мм, редно време е :)

    Убава вечер на сите
     
    На Ano, orhideea, Sexybaby86 и 27 други им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки :yawn:

    Ај да склопам еден пост, па да се комирам |-)

    Ден тежок како планина, а одат уште потешки денови..
    Не знам, не знам навистина дали некогаш груткава од грло ќе ми изчезне.. можеби некогаш би се намалила кога неа би ја видела повторно среќна :(
    Толку да сакаш да помогнеш, а толку да си беспомошен е баш иритирачки :(

    .. онака ја гледам седната на клупа со изгубен поглед, ладно е, но неа не и студи, целата трепери како лист на гранка и за миг сака да одлета кај него..
    Додека пеат се труди да остане присебна и него да го гледа, го бара низ толпата народ кои застанале пред него, но џабе безуспешно, брдо народ се собрале околу него, а она е немоќна цврсто да застане пред нив.. еј која иронија!
    Знае дека сите ја следат, се труди да остане цврста, за да никого не растажи, а моли никој да не ја допре бидејќи ќе се распадне..
    За кого да биде цврста само не знам, 'се и зедоа!
    И за да иронијата биде поголема не испраќа со ,,фала што дојдовте,, ме сруши.. ;(

    Тежок ден..
    Проклет неправеден живот..
    :u:

    Бебе денес како да осеќаше дека и не е баш ,,ден,, па беше бајче, умен тој :inlove:
    Кога ме виде ми се фрли во прегратки, нежно ме гушна со рачињата и го спушти главчето на моето рамо, баш како да сакаше да ме утеши и развесели :l:

    Некако деновиве како преку ноќ да ми порасна бебето и мислам редно е да престанам да го викам бебе пошто е дете :wasntme:
    Јас и во реалноста си го викам бебе, не само на форумов :lol:

    Со мм решивме конечно да го склопиме креветчето во кое буквално не преспа ниту една ноќ, па да му отвориме повеќе простор за игра, а здравје на есен, а може и пролет ќе фати, да му ја доправиме детската, односно да му го направиме делот со креветот, па да се учиме таму да спие.
    Ми нема некако поента то прв да го учам да спие во креветче, а богами ниту јас можам да спијам без него :smirk:
    Енигма ми е и како ќе го оставам да спие сам во соба :worried: а да си побарам постаро мислење на форумов, знам дека некаде сум истрескала дека од 6м сам ќе спие у соба, аха важи :D

    За утре има спремно нова облека, а баба се потруди да има и нови чевли :lol:
    Мм кога ги виде чевлите рече ,,Емка одма да му вадиш тоа од нозе,, ама јок барем за да му се посмееме ќе си ги поноси 8)
    Мајка му ги имаше ветено, па еве сега го оствари зборот :inlove:

    @Monella немам што да кажам за фустанот, да имав зарем мислиш дека ќе останеше ,,непофалено,, :rofl:
    За отприлика 1месец ќе се шие, па ќе пишам јас на долго и широко импресиите :emo:

    Сега во тек ќе се декорациите, утре ќе идат мајка и сестра да гледаат, купат нешто..
    Сестра беше као у стил ,,како сакаш оставам на тебе,, но реалноста е дека сака сама да бира, па што се мени тиче уште боље :D што ќе купи тоа ќе ццкаме :mm:
    Па да купат и лека полека да правам тоа што е за правење..
    Среќа бомбончињата ги нарача од Али, инаку ќе ме закрпеше со работа. Но молам да стигнат на време и да стигнат асални, инаку ќе биде бетер.. (fingers)

    Најдов и смештај, односно најверојатно најдов, ако не ќе го користам џокерот, значи сепак имаме смештај :D
    Но разликата е што ако бидеме во првиот ќе седиме 10дена, а во вториот 5.
    На бебе секако ќе му биде убаво и тоа ме прави посебно среќна :inlove:
    Но во делот како ќе го поминеме денот на свадбата не ме дирајте :worried:

    Среќа само ресторан е, но можеа барем и денска да биде свадбата и ќе беше совршено :lol:
    Молам да биде инаку, но се мислам најмногу кај 10ч ќе треба да се пакувам и ајт дома :smirk:
    Тоа е, колку издржи, издржи, да седеше со некој и да имав некој ќе беше подруго, а вака ќе простат младенците ама ние мораме да си идеме :D
    Ма најубаво ќе биде, едвај чекам :inlove:

    Ајде да се комирам, уморна сум и ненаспана.
    Убава ноќ, убаво нанајте :hug:
     
    На Ano, Sanja1105, orhideea и 28 други им се допаѓа ова.
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Од безобразни пријатели на мм :
    Гости ми тераа до 12 !!!
    На полноќ се седи ли на гости каде што има бебе ? :@
    Едвај ја успав бе, си има навика да спие во 9, а сега дека многу “тивки” гостиве, не можеше да заспие до 12 кутрото.
    Имаат девојче од 2 год ... аууу коса ми се крена. Ми отвара по фиоки во спална, ми ги влече ташните, влече на бебе играчките, фрла коцки по земја, вика урла ..
    Родителиве не зуцнаа :@
    Колку размазени деца има,чудо!

    Па и маж ептен се потресува кога доаѓаат они, софри им спремаме мислиш претседателот дошол, па така саат и пол утепав во кујна за да им спремам се.
    Леле жени, сум замразила гости!
    Стварно, повеќе уживам да сме сами.
    Ем да спремам, ем да раскревам .. Ами кога да спијам?
    Синоќа на раат излеговме-нормално сами, излуфтиравме мозок малку.
    Малото беше успано кога дојдовме, а баш брзав за да си ја заспијам јас.
    Ептен жал ми падна.
    И уствари дојдов до еден заклучок, дека не сум ниту спремна а ни желна за ноќни проводи и седенки, пре би со бебе да си играм дома.
    Цела вечер со мм неа ја зборевме, идиоти:D

    Утре ќе и ставаме обетки, аиии едвај чекам:inlove:
    Ставивме златна алка, сега и со обеткиве, права мома :)
    Се надевам само нема да се издига во 7 сабајле, ептен сум преморена, ми се излежава барем до 10..
    Да легнувам со време!
    Добра ноќ.
     
    На Ano, orhideea, Sexybaby86 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.893
    Допаѓања:
    110.081
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Кога е прашање живот или смрт, 2 недели во болница или дома со јаки таблети, нормална храна или болничка диета, а си притоа мајка, бираш мање зло, да живееш, да се клукаш со антибиотици и да пиеш вода од 40ден за литар, да јадеш само тоа што ќе ти кажат и така натаму и така наваму. Ви посакувам добредојде од крај шпоретот со стекна грил, телешко во тенџере, јајца варени и Пролом вода. Бубрези у аут, болки константни, нешто не чини и до операција вака. А може и ќе избегнеме операција. Вчера и свекрва се засекирала. Се умирало од ова. Јебига, ќе напраиме што можеме да не ја предизвикуваме веќе судбината. Остана да сварам уште брокула, да насецкам зелка за цела армија и неделата може да започне. Мора да ослабам под итно 20 кила, да средам бубрези и тоа мора да се среди до најкасно Нова година, оти работата не ја бива. Сакам бебе 2 и одбивам да верувам дека ќе го немам заради мојата неодговорност. Мајки, лечете Еширихија коли, опасна е!

    Ај малку по ведри теми. Исчистивме едната соба од двата магацина, се спремаме навелико за роденден, направивме нов распоред во дневна и имаме некои интересни планови за детска. Игралната ќе ја доправиме до следна недела ваљда па поклоните од роденден ќе одат директ таму. На мајка ќе остане само да ми испегла оти се насобр побајаги. Мразам пегла!

    Јас се дружам со кујната а дете гледа некои дебилни цртани со бои и топчиња. Морам вака, иначе не седи мирен да средам. Не завршив вчера што од болки што од што многу работа се собра, што од што дете откри дека гарнитурата има скришно место за складирање па не не остави на раат да завршиме и на крај 2 саата ме мачеше не сакаше да заспие. Среќа денес не правам ручек па ќе се заврши. Ќе приварам зеленчуци за дете, едно мевце од моето ќе му дадам и ајт! Вчера за простување од нормалната храна изедов 3 тањира супа, од онаа мојата со сите зеленчуци и со домашно јајце на крај згусната. Јас 3 дете 2, тато не ми ја бендиса. Ко што кажав ручек денес не правам, свекрва ми не викна на ручек.

    Со дете веќе муабет се прави, али почна да не имитира, па така избегавам максимално да го подудрам по газе пошто е таков љутко, инаетчија, ауууу три дена љут ќе ми биде. Не дека јас го кршам од мавање, ама кога ќе си ја стаи врвката од ролетните, стари ролетни имам, околу врат, па почнува да губи воздух, богами го потчукнувам. Или кога се качува на работна маса по рачките од фиоките, е тогаш најмногу се нервирам. Иначе имам навистина мирно дете сите ни се чудат. На улица оди само фатен за рака од внатрешната страна на тротоари, не се тегне да го земам во раце, само оди и колите ги кажува и чека од тебе потврда да не утнал нешто. Ама затоа дома наплаќа и за надвор што е мирен. Во продавница се задоволува со една работа, сокче ли, чоколадно млеко ли, бомбончиња ли, чоколадо ли, колаче ли, доволно му е. Само да имаш нозе да трчкаш по него ако нема корпи со такво деца да седнат на нив. Многу е пргав.

    Имам една борба низ дома со машината за садови, ич не ми се погоди, немиени ги остава садовите, катастрофа е. По 3-4 пати ги пуштам да се измијат некогаш. Месецов тешко, ама следниот ќе викам мајстор да види што и е. Сите имаат машини да си олеснат само јас борби водам со неа, потешка ми е работата. Налет. Од апарати за домаќинство со машинава за садови и блендери немам среќа, три блендера имам скршено. Тавите исто ми се слаба страна, парче ги правам. Плотната работи ама плинот ги црни многу садовите па и тоа ми е непогодено. Кујнава се распаѓа, срамота кај архитект дома ваква кујна, ама како викаат, сите чевлари одат со скинати кондури, па така и јас. Мајсторот гледам по фб го плукаат па не ќе да е до мене.

    Тоа е тоа мајки, долгометражен пост дека висам над шпорет иначе шипки варени во недела. Да подсуредам па да изнесам дете. Убав ден!
     
    На Girly90, minneymouse82, elcezelce и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Да шкртнам некој еед дури го заспивам мали
    Тој трет ден со тт и од сношти пак проливче на 20-30мин :envy:
    Грчеви страшни има Могли а не е какана од вчера :wasntme:
    Хорор ми е мал збор како би ја опишала последнава ноќ
    Заспаа во 1 некако
    Па мали со тт и пролив до сега,дури сега го заспивам :sweat:
    Утре кај матичен,по стоти пат :envy: нема да дозволам да си одиме од таму без крвна слика

    Овој дел во 12 го напишав во меѓувреме и гости ни дојдоа :doh: секако мали се разбуди :envy:
    Одкако ги испративме гостите мм ги однесе децата на игралиште за да можам да подсредам малку :worried:
    Планот беше за малку ама мислам вирусот е насекаде па дезинфицирав брави,кревети,играчки и местата каде што најчесто чепкаат децата
    Ми остана уште купатило и спална ама тоа вечерва...
    Луѓе по заразен и по досаден вирус во животот немам сретнато :@
    Ми ги исцрпи и последните атоми,не спиена скоро 10дена и уморна :sweat:
    Се прашувам само до кога :wasntme: како ли ќе издржам

    Него ќерка ми набрала цвеќе :inlove: па срамежливо ми го даде :angel:
    Душа мајкина,уште 3 недели и 3 години ќе прави,ми порасна бебето :$
    Почна се повеќе да кажува и многу е смешна едвај се разбира кога зборува ама напредуваме
    Ги разликува и сите бои па во денот разлистувме по неколку сликовници и обожава да кажува која боја е на сликите :inlove:

    Мали исто повторува по сестра му многу,знае исто многу зборчиња и далеку по разбирлив е него ли таа
    Во главно репарира коли а понекогаш и тој знае да се занимава со пластелин
    Хоби му е да плаче и трча по мене :sweat: :D

    Неделава еднаш само излеговме :( не дека не ни се шетат,чисто да не заразиме некое дете
    Секој кој дојде кај нас ни јави по два дена дека има пролив :rofl:
    Одиме на лулашки кога нема дечиња и во главно трчкаат таму :inlove:
    Само да оздрават,друго ништо не ми е важно...

    Се ближи роденденот и на мм,Могли едвај чека да сме виткале подарок и дуваме свеќички :inlove: ќе му спремиме едно мало изненадување сигурно

    Друго ништо ново,ставив да се прави манџа со телешко и зеленчук и да вечераме
    Ручек и немавме дека сите без апетит па поминавме со една супа

    Ќе ве поздравам сега

    @orhideea млада мамичка си ти,среќен роденден и сите желби реалност да ти се сторат :hug: :*

    Одо ја,довиџења :hai:
     
    На mal.ecka, orhideea, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.