Изгледа само мене ми годи дождот, уживам по дома. Уживам што не сум на работа и ич не ми недостадуваат тие рокови, притисоци, гужви... Кафето веќе испиено, ручекот поставен. Како и секое утро бато со плачки и пазарење го испратив во градинка несака, не му се станува наутро. Бебе цела ноќ немирно спиеше и кинкаше веќе хронично сум ненаспана едвај чекам да пораснат и како маж ми да се наспијам
E ај да не ја урамат, па гарант таму е најубава и најубава насмевка има! Држам среќа за автошколата, многу ти треба, а и за 4та среќа, бар дур не наполнат по 18 момите, после ќе се подмладувате. Цуцкам чај од брусница. Ви омилената шоља. Не знам дали знаете, фрик сум за шољи, само прибирам и не знам веќе кај да ги сместам. Имам едни омилени кои ми се распарија со тоа што едната ми падна ми се скрши рачката и сега се 3, не се 4, ама ми се пак убави и не ги фрлам. Оваа сега што пијам од неа ми е подарок од драга личност, една личност во која кога ќе пораснам сакам да се претворам, силна и храбра жена, лавица! Моите бубрези добија озбилен противник, бронхитот на синко и маж, тоа е. Ама страв ми е да кажам ама не ме болат, за 2 дена ќе правам уринокултура, па ќе одам на контрола, да видиме дали ќе помине ова лудило. И доживотни контроли, тоа е. Дете се дружи со тате дома, ме чекаат да си одам за тој да замине на работа, така иде тоа кај нас, немаме кој да улета. Убав ден мајки!
Поздрав мами Не сум пишала одамна овде. Немав ништо посебно за кажување. Малце викендов се размрдавме, уствари се преморивме од шетање, се укочив во левата страна и уште не пушта. Едвај одам, ко некоја баба куцам. Денес конечно го видовме бебушко мал. Немирко ко првово, едвај успеа да го види докторката, сите позиции ги изврте. Ми олесна кога го видов, кога ми кажа дека се е во ред, маже ќе е и ова, а се' се надевав дека е женско. Ама не е битно, важно да ми е здраво, живо. Маж ме зеза вика ајде третото. Да бе, ако останам нормална покрај 2 машки. Па и цела фамилија од кај мм само машки деца имаат, жими кумот шо има женско. И терминот најверојатно рече ќе се помести за неколку дена, според мерките било малку поголемо. Бебушко мал. И така си се вративме среќни задоволни, малово заспа, направив на брзина ручек демек дан се разбуди, а тој ми затера скоро 3 сати. Ко навиен е иначе не застанува, многу зборови кажува, повторува, пресмешен ми е. Многу сака да се гушка сега, се мазни, ама најмногу со татко му. Изгледа јас му здосадив по цел ден со мене па скока од радост по него. Љубов најголема. Пуканки ќе си направам сега, одамна немам јадено ми текна уште прееска. Среќни родендени на сите што славеа.
Штом од одморот не се врати трудна, немаш гајле сега Леле ме насмеа стварно, момите ќе бидат по бољи живот ( дека правени во такви околности). Вие само работете, тие ќе му ја мислат како да ве боли глава Добар ден. Денот сончев ама дома ладно, така е кога не ми го фаќа станот сонце, никој не ми е крив. Од сабајле нешто се е набрзински, маж си оставил тел. од синоќа да му се полни во кујна, си заспал и сабајле ни аларм слушнал ни ништо. Кога рипна леле... уште по гаќи да тргнеше Дете.. и тоа пак, не можам алишта да му погодам, сега е влезен во некој филм со супер ерои и само блузи менува, не може да се одлучи бетер од жена кога се спрема за на свадба Јас... јас сум како времето, има денови сум спастрена од глава до пети, а денови како некој да ме извлекол од некоја поплава Туку, во последно преме почнав да имам и првут, од шампонот ќе да е, го сменив за подобро ама полошо си направив, ем главата ме чеша ем неубаво изгледа. Денес на мени домашен млад компир (ќе го пржам) и младо кромидче од бавчата. Не знам зошто ама деновиве јадам како свиња, а и комбинацииве ми се доџеми да вриштем. Вчера тава грав со суви габи
Ја одбравме неделава со дожд да почнеме со градинка Малата втор ден седи до ручек и супер била. Освен во делот со играчките, на сите деца им ги земала и викала мое, мое! Сега ја земав со едно мече, неќеше да го остави, учителка вика ќе го вратите утре. Возиме во кола и ми смрди нешто. Викам мама какана си, вика не. Доаѓаме дома чисто дете, мене нешто ужасно ми смрди. Луѓе мечето што го земала жими бога на куче и урина измешана миризба корне. Леле си викам со што ли си играат децава внатре. Го стаив у машина утре испрано ќе го вратиме у градинка. Ручекот е проблем со оглед на тоа дека ништо не јаде блендирано и пасирано, како ние така она, а во јасли се е пасирано. Ги замолив ако може од поголемите деца да и даваат храна, да не ја враќам чекор назад, нешто мрчеа. Утре останува со спиење. Се надевам само нема да ми се разболува, уплав имам од тоа иако сум свесна дека е така скоро кај сите деца. Испозакажав фризер да се шатирам, депилација, педикир, маникир, чистачката да дое станов да го фати. Маж ми вика пушти дете во градинка и ти дојде живот Таман ќе ми дојде и слободно време да трчам за куќата по дуќани. Се запнав за едни завеси ама прескапи. И сега барам нешто слично да најдам поефтино, ама во Скопјево нема. Ќе палам кола да идам до Тетово. Убав ден мајки
Добар ден. Јас ќе се послужам со кафето од снегулка ми треба и тоа како. Денеска и јас сум како времево,се чувствувам како замаена,воља немам за ништо.Притисок низок сигурно од времево. Жими еден компот што ставив да се вари за дете и сега му ставив на тивко да се крчка спанаќ со компир.Ние ќе поминиме од гравот од вчера. Цело претпладне седам на кревет и само го посматрам со очи дете немам сила ниту да викнам по него кога треба. Дете секој ден почна да паѓа дали од кревет од маса или пак столици, дирекно на глава да те извади од памет и пак се бандери секаде. Вчера мм заглави на работа до 10 вечерта,работел надвор во најсилниот дожд.Се направил лом,жива вода,дури и му се исушиле алиштата на него.Многу ми е жал за него.Па и тој што среќа има... кога се дежурни понеделници му се слободни,ама за него не се тогаш се нешто се случува. Кога си дојде дете веќе беше заспан а јас го чекав да јадиме.И утрово дете праша каде бил татко му,многу му недостига.Се надевам денеска ќе си дојде во пристојно време од работа да се видат со дете. Инаку вчера му бев лична секретарка на мм,тел дома го заборавил и на секој пола саат ѕвонеше ме пукна.Му кажав дека од сега ќе му наплаќам што ќе одговарам на повивиците,ако уште еднаш си ги заборави тел дома Дете конечно заспа,да одам спанаќот да го исклучам и да легнам до дете Да мигнам ако можам,па кога ќе станеме тогаш ќе мијам коса.
Здраво. Бебе тера втора дремка, ама бајаги ја затера, 2 и полчаса веќе! И абер нема за будење. И прија звукот на дожд веројатно. Јас па ко за беља баш сега немам ништо да работам по дома, па така два саата си чачкам по телефон, си вртам по форумов и фб. Досада ме фаќа ама ми е жал да ја будам. Сабајле стана во 6! Нека тоа, туку цела ноќ не ме остави да спијам. Ја успав прилично рано синоќа, околу 8, маж и се придружи во 9 и нешто, а јас изигрував дежурен вампир до 1! Епа на бебе и текна оти ќе се врти и трти по спална, и бараше да цица од 12:30 до 02:30 оди спиј да те видам! Штотуку сум задремала еве ја пак се превртува, туку ќе ме тресне со ноџето по нос, па почна да си пее нешто во сонот, т.е да бмрчи Ја заспав пак, и оп во 06:15 она окезена, го закачка татко и Почнавме да се смееме ама ни се плачеше за сон, ја завитка во ќебето и ја однесе на свекрва ми, да си поспијам И поспав до кај 10, убаво ми дојде, а и мора да се учи без мене, сакала или не од следната недела ќе мора да ја носиме уште нерасонета долу.. Стандард шема, кога ме виде на врата се џитна право кај мене, и многу сака дс се прави важна кога е кај мама тогаш ништо не ја занима, ма ич не перцепира ништо околу неа, се гушка и гали со мене Чекам пакетче од Топ Шоп, си нарачав тенџере и тава за пржење од Делимано, белким ќе почнам да готвам конечно. Џабе убава кујна, кога само по вода влегувам Добро, и за бебе спремам храна таму Не,сериозно, деновиве ќе почнам да се организирам малку подобро со бебе, еве си спие супер, па ќе почнам да си се врткам во кујна малку повеќе, мерак ми е. Ии стана бебе,ојдов
Здраво и од мене женски Како сте на тмурново време? Мене ми се спие, ми се плаче, ама бебо истера две дремки по 45мин и толку, додека да легнам тој стана. Нешто покенкав е деновиве, едвај издржувам додека си дојде мм од работа и го преземе малку. Во саботата успеавме да отидеме на гости, прв пат го оставивме на мајка му на мм, ама заспан беше па не го бројам како оставање тоа Треба буден да видиме колку ќе седи со други луѓе. Е затоа во неделата вечерта пред спиење имаше хорор епизода со вриштење, заоѓање, помодрување од 2 саати. На раб на полудување бевме со мм, ништо не го смируваше. Вчера дента ко ништо да не било, вечерта заспа со малку плачки само. Инаку @Chanell* те разбирам многу добро, и јас ич не сакам да се вртам во кујна, џабе нова Се плашам како ли ќе готвам каши за бебо, ништо не знам. Инаку, синоќа ја сонував @Sexybaby86 Знам само дека сум била кај тебе дома на кафе, и ништо друго не памтам Еве го пак се расплака, ајде да одам да го забавувам малку.
Здраво мајки Дете спија јас лежам до него одмарам. Сабајле ми стана ептен рано, пред 8 часот па ај полеживме уште пола сат и станавме, спремав појадок, раскренав малку, па за мене си направив шпагети со сос, јадев брзински со сто пати станување и тегнење од маса. По игравме со дете и дојде 12 часот му направив ад и в кревет одма заспа, нека поспија барем до 15:00. Инаку само ме трга за рака и ме шета низ цел стан за да шутираме топки или ми покажува со раката да седнам на под и по 2-3 секунди пак ме станува и ме седнува на друго место нозе ме болат од седни стани на под, морам да го слушам инаку цело село ќе не разбери Викендот преубаво поминат, истеравме дружба со едни Македонци убаво ни дојде муабет со наши луѓе. И дури бевме на гости детево исто ме тегнеше на секаде, не се заигруваше со нивното дете, мораше јас да стојам до него среде дневна па да игра, како ќе седнеш така одма ме стануваше. Се надевам период е инаку како ли ќе оди во градинка вака приврзан за мене. За градинка планираме на 3 г да почни во селово овде, се мислевме и за опција приватна градинка да го носам 3-4 часа на пладне и јас на работа па мм да го зема ама искрено страв ме фаќа да не се разболува често И ние не знаеме како да постапиме. Ручек денес ќе направам печурки со бешамел тоа ми е брзински. Ако живееше и ти сама со маж и бебето и те како ќе се научеше да готвиш јас се сама се научив. Немам апсолутно никаква помош од никој овде. Обожавам да готвам не ми е тешко воопшто, тешко ми е само миењето на купови садови немам место за машина за садови, да имаше одма ќе си купев ама тоа е. Во стариот стан каде што седевме прво, имаше машина за садови но не ја употребував, бевме тогаш двајцата со мм и не стасував да ја наполнам а имавме и многу малку садови Сега очајно ми треба во овај стан но нема место. Имајте убав ден мајки, да одморам дури не станал синко
Двпати денес ќе ви пишам! Ништо битно, ама да кажам да не ми тежи. Бидна вакцината, ни рекоа дека скоро и да немаат реакција дечките после оваа вакцина, да се надеваме дека е така! беба спие, кај и да е ќе стигне големата ќерка! Ич, ама ич не ми се оди на работа денес, времето лошо ми влијае! Нерасположена! Генералката дома се влечка цел месец, никако да завршам. Јас знам и дека нема воопшто да успејам се што ми е во план да средам, ама ете да си мрмкам, па можеби ќесе убрзаат работиве. На пример ќе мрмкам на ММ да ми ги симне лустерите да ги измијам! Ќе биде, ми вика тој! Ак не за велигден, за Нова Година ќе сум цакум-пакум! А и што запнав јас па толку, ту, будала жена! Spoiler @Chanell* @happygirl За во кујна, кхм кхм, колку не сакав да готвам и да се замрам ич да не расправам! Еден период ми готвеа, па дојде момент кога добив впечаток дека сум нечиј терет, ( не го важеа неделнот ручек што го спремав јас)! Едно глупо сум се осетила, ама имаше вина во мене, мислев во ред е така. Дури и јавно фалев колку ми помагаат со тоа што сум ослободена од обврската готвење. Реално и стварно ми беше од помош. ама, има едно ама кое не би го разглабала овде на форумот! На крај ставив точка и си почнав јас да си готвам! И тазе породена, и со две деца, и болна, и ненаспиена... во било која состојба ручек си правам и тоа ми е секојдневна обврска! И не дека некој голем мерак имам, или дека којзнае колку знам да готвам, ама сепак си спремам ручек за нас четворица. Не за да се докажам некому дека гладни нема да умреме, туку ММ е така научен, јас исто сакам топол оброк, дадата си иде од градинка и прашува -што има за ручек (как свекрва бе), а беба јаде за мерак да и спремиш. Зборот ми е, во стара или нова кујна, во нов сет за готвење или стар, убаво е кога фамилијата ќе се собере на ручече и ќе си јадат од вас спремно! Толку за денес, утре пак! Ај убав ден!
Здраво мајки Или по ново, мамулки Да ве видам што правите, додуша ве читам секој ден редовно, ама да пишам некој ред. Детево почнува да кажува по некој збор, ама никој не ја разбира Периодов цело време вергла матеее (со издолжување на крајот), ама никако да провалиме со мм што значи мате Он мисли дека е маче, ама којзнае. Битно штом отвори очи сабајлечки, одма се исправува во креветчето и не вика со татко и, те слушаш мамааа, те татааа (обавезно ги ззвлекува краевите на грото зборови) Па после ќе почне да дрдори нешто неразбирливо, ама смешна е многу дека вика на цел глас, муабет прави навелико, па и се кара некогаш сама со себе И најсмешна е кога вика не, обавезно и со показалецот прави „не“, од што не гледала нас како и правиме кога ја караме. Повторува се', aма баш се', прав папагал е. Да се почешам, одма и она ќе се почеша на истото место, или ако се накашлам, одма и она глуми дека кашла Сега пак запче и расте, и се прекрши периодот на неколкумесечно мирно спиење. Закенкува често навечер, ама па не се буди. Сака нонстоп цуцлата да и е во уста кога спие, и кенка да и ја дадам ако не може да си ја најде во кревет и сама да си ја пикне Сега најново и е, сака зајакот што се успиваме со него врз глава да и е, и така да спие Абе пукнавме со мм од смеење, секоја ноќ ја гледаме со зајакот врз глава истегнат како спие. Пробаш ли да и го тргнеш, одма се јавува, кенка и го влече назад врз глава Чудно е ова дете мое Убаво оди веќе, протрчкува дури, па закажав на ортопед во мај, и тоа да го поминеме, да не ја мислам. Се надевам дека си е супер. @happygirl сонот значи дека треба кафе да пиеме Ајде повели, сега ќе ставам Убав ден да имате сите. Мојов некако бавно ми поминува, едвај чекам да излезам од канцеларијава и да си ја видам малата палавка
@Sexybaby86 ми треба кафе, фала Инаку, и јас немам помош од никој, сами живееме со мм и бебо. Еднаш неделно ќе се случи мајка му да ни прати ручек, не повеќе, така да не сме на терет на никој. Готвам, не дека ич не влегувам во кујна, сепак некогаш сакаме и домашно да јадеме. Ама од сите домаќински работи, готвењето ич не го сакам. Дај ми да пеглам, да чистам, било што друго - само не да готвам Никогаш не ме привлекувала кујната.
Здраво, Еве ме тегнам кафе -трето денес и си лежам до синко, ама ич не ми се работи низ дома кога спие, а еден куп алишта за пеглање чекаат една недела. Зимно време скоро и да не пеглам, ама чим се затопли кошули, тенки блузички мора да се запеглаат. Јас си готвам некогаш мм друга помош нема, ама и кога сме кај моите или неговите на гости само коментираме како ние подобро си готвиме- навика. Чекам синко да стане па да видам ако не ми се јави една другарка да прошетаме со децата ќе седнам да играме со играчките зошто играчките на детево мое во кутија се Он со кутлачи и тенџериња си игра, или средството за чистење и крпата во рака па чисти. @Sexybaby86 за кашлањето мојов експерт е, недајбоже во маркет некој да се накашла уште 15 минути он ќе кашла Убав ден
Заборавив да си кажам на тема готвење. Јас обожавам да готвам и да се плеткам во кујна, ама немам време. По цел ден на работа, пред 17.30 ретко си доаѓам, и што попрво. Некогаш готвам од вечер, или нешто брзински откако ќе се вратам, па ни се фаќа вечера Среќа свеки е под нас, и она не' покрива некогаш. Од неделата три дена правам јас, два дена она и така се надополнуваме, инаку со работава не се постигнува. Откако ќе се приберам сакам со детето да поминам време, не во кујна. За викенди со мерак си готвам, и малата се плетка со мене и си игра со лажици и тенџериња За играчките, има еден тон, значи преплавени сме од играчки, а она си игра со далечинското, фиксниот телефон, полначите за моб, дрвени лажици од кујна, чорапите што ги мкне од фиоки и така
@snegulkata Аии, да не почнувам да кажувам колку си мислам оти сум терет. Ем диета си држам па секој ден си има што да јадам, па нека што жената секој ден си готви, па и желби треба да ми исполнува. Ако намислила грав да вари, јас и кажувам дека мене денот ми е за месо пример, и и го менувам планот одма. Не и е проблем, готви за готвење, само што мене ми е мерак ете, ем да не се чуствувам ко размазено девојче ем да се научам убаво да готвам. Мајка ми со години работеше во многу познат ресторен и какви рецепти има да ми пренесе, уф уф! Експерт за се е таа моја мајка Не дека не се готви и во стара кујна, мајка ми па цел живот во стара готвеше, тек лани реновираа. Нема врска тоа. Само белким ќе ме мотивираат новите садови. Ако можам да оставам бебе на баба му за да спијам, можам да оставам и за да зготвам,нели?
Вие сте среќни што мажите ви јадат што било. Вчера прв пат после многу време јадевме дома кришки за ручек, онакви со јајце пржени од стар леб, се имаше насобрано. Не сака тоа да јаде, сака манџа. Не мора да е со месо, само манџа да е. Си сака и месо со компири ама манџа си е манџа. Денес имам грав за 2 дена, ќе си го изеде а тоа што ќе остане ќе оди во замрзнувач за итни слуаи кога нема да имам време и што да зготвам. Си спремам така одвреме навреме по нешто во замрзнувач оти не ми се фрла храна. Јас сум на режим на исхрана и имам за себе месо и зеленчук, он што сака тоа ќе јаде. Е сега кога ќе правам пример грашок со мевце ќе јадам, ипак е месо и зеленчук, или супа, ама вака јок. Еве втор ден ми е, се осеќам убаво, не кризирам како за старт, сега на дете ќе му варам пудинг и не планирам да јадам јас, за мене бадемчиња ќе бидат. Утре сум дома со дете, мераци, ќе си спиеме, ќе се гушкаме, ќе се сакаме. Попладне сме на контрола. Не ми личи како да е поарен, ич не ми се свиѓа. Кашла буфта, ко пушач, ама што да правам. Мислам дека му требаше нешто појако од вентолин за инхалација, ќе видиме утре. Отидов да варам чај, пудинг и за мене да направам лимонада. Убаво попладне!
Добра вечер Напорен ден... Рано станати и утрински со плачки Мали природно си е напорен и плачко а со болеста х5,мислам косава ми обеле од него Могли е секогаш расположена Смучкав тесто за мекици,доручкувавме и пак со чистење почнав Леле кој страв имам од оној вирусот не можам да ви опишам Чекам да оздрават децата и да изрибам гарнитура и перничиња да исперам за да сум мирна Кај Могли има подобрување од антибиотикот Не се жали на уши,стомак и намали со кашлицата Мали си е исто,кога дише се слуша во другата соба Кашла како стар човек Има и тт...незнам што да мислам Крвна слика одлична,црпот 10 мислам дека беше (ѕирнав дури ги читаше докторот резултатите) Тт има уште Ќе си умрам од грижи Денес си останав дома цел ден,и не ми се излегуваше некако Времево тмурно и врнежливо Мм ги извади децата по еден час и толку за денес Тие веќе уморни и би заспале одма но ќе се потрудам да ги држам макар до 9 будни Сакам до 8 да поспијам утре ако се може Да привршам со пишење,да пуштам некое филмче дури деца мируваат Ви посакувам мирна ноќ мајки Довиџења
Здраво мајки Зачленета сум на форумов многу одамна, но последниов период почнав повеќе да го следам. Се мислев веќе некое време да пишам, но дури сега собрав храброст Не знам колку ќе бидам активна за пишување, но ве читам понекогаш кога се успиваме со малата. Имам скоро 2 годишна ќерка. За некој месец ќе и славиме роденден (не ми се верува кога летна времето). Периодов сум преокупирана со роденденот, игротека, торта, за украсување порачував од Амазон. Списокот со гости ми беше спремен пред неколку месеци. Инаку не живееме во МК, преку Атлански океан сме ние За поздрав ќе ви оставам кафе, ќе почнете да се будите вие, ние допрва ќе се заспиваме.
Добро утро! Кафе на готово начекав утрово! А сакам така, кога се будам и оп кафица на маса. Дома ММ е задолжен за тоа, денес на темава @Skyfall ја завршила работава! Станувам напорна на темава! Јас така се осеќам! Ништо ново, ништо важно и ништо интересно немам да споделам а упорно пишам. Демек денов нема да ви тргне ак Снегулката не ја прочитате во Мајчински! А се едно те исто, дада во градинка, беба спие или е заигрена, јас шмркам кафе, ММ цел ден не е дома, сакам генералка... Мислаааам, денови исти, досадни, небитни! И јас се едно те исто пишам, стварно немам дешавка! беба покакана, одам пелена да сменам! Поздрав!
добаро утро/добар ден женички. за кого како јас сега седнувам со кафенце на компјутер додека спијат моиве да го пивнам на раат па малку да фатам низ дома и да одам на посао. повеќе сум кај труднички муабети одколку овде.малку позаборавив дека сум мајка со бебево во стомак имајте пријатна ден