Здраво мамулки Јас никако да пишам ама битно редовно ве читам Периодов е турбо. Со децава еден ден мирен, другиот бурен и така. Викендов еден куп дешавки и активности. Морав со двајцата да излегувам и бевме како од солзи и смеа. Прво во една продавница бебето спиеше во количка а баткото со мала количка се возеше наоколу и собираше што му се допаѓа ај некако го смирив па се разбуди малото ја ставив во носилка и и дадов да цица ... а додека цица морам малку да потскокнувам за да се смири...е замислете како изгледав со двајцата. Наредниот ден на пазарење само со малото. Истата ситуација со тоа што сега количката ја оставив во кола а неа во носилка. Во еден момент се фаќам како подигрувам на песната ама ај заспа па викам добро е. Следниот момент се фаќам како ја возам количката за пазарење напред назад после тоа возејќи накај дома почна да рика, буквално. Доброто беше што бевме скоро дома и ја земав во раце (немајка со тапија), па ја ставив на цице и стигнавме. Не морам да објаснувам колку бев преморена и препотена. А и да, носев чизми кратки на штикла...убавина пред се Толку од мене, се надевам ќе заспие баткото за малку да одморам.
Има некоја шо не пие турско кафе и никакво кафе насабајле или јас сум некој изрод? Пијам само нес ако седнам некаде а по гости ако ме понудат сама не барам.
Ај сега добро утро од мене. На работа дремам со кафе, неможе ни тоа да ме освести. Од 20+ степени вчера, денеска се спушти на 2 Многу ми влијае времево. Неделава ептен ги запоставив обврските по дома. Малата ми смени ред на спиење, порано заспиваше кај 9 и јас почнував со чистење, ручек за утредента, раскревање. Сеа почна да заспива накај 10, така да мора да почнам да завршувам се пред тоа. После 10 немам ни сила ни желба, или читам книга или гледам серија или филм на тв. Ми треба и мене малку време да се опуштам. Ај да се враќам на работа, телефонов почнува да звони постојано, колешката ми праќа убиствени погледи. Поздрав.
Мамулки да ви се испофалам,не знам колку знаете за мене,дека паралелно со мајчинските обврски,јас исто така сум и редовен студент.Кога се земавме со сопругот,бев на прагот да се одкажам од факултетот па дека и бремена изгубив некако желба.Плус мислејќи дека одма ќе си бегаме странство.И дека ќе ми биде само залудно потрошено време да се замарам со тоа,а богами и фрлени пари.Ама мојот сопруг се запна дека јас мора да го дозавршам.Па после што ќе правиме ќе правиме.Изгубив цела година додека бев трудна,во септември фатив некако услов и запишав семестар.Не памтам некогаш да сум учела повеќе од сега.Се прашувам дете ли требаше да родам да ми дојде олкава желба ? Резултатите што да ви кажувам.Колоквиум положен со сите можни поени,тоа не ми се десило од средно.Се прашувам зошто не ми се учело кога сум била слободна,без сите овие обврски,кога сум го имала целото слободно време.Кога не сум знаела што со себе од досада ? Чудно нели.Но мене ова мало човече ми даде толку сила,да вложувам во себеси и да се образувам.Се надевам дека ова чувство ќе ми потрае.Па догодина здравје и ќе дипломирам. Не дека ќе ме чека којзнае каква работа.Битно јас се чуствувам убаво.Малата конечно е подобра,среќа па еден ден траеше кошмарот со температурата.Најново..го зема телефонот и го става на уше.Заспана е со главата кај мене на стомак,а нозете на кревет.
Деновиве ми се депресивни. Се чувствувам како да тонам, гледам тажни лица и нивното се префрла кај мене. Премногу примам негативна енергија. Капак на се е што морам да сум силна, за нив! Толку нервоза има во мене што се плашам да ја истурам и само ја збирам. Морав да се искажам некаде за да ми олесни, каде ако не на форумов. Проблеми сите имаме, не постои некој кој ги нема вакви или такви сепак се проблеми кои мора да се решат. Се чувствувам исцрпено. Ми фалат другарките за да разменам мисли. Која е странство, која Скопје, која зафатена. А не дека и јас ќе имам време да излезам лично за мене без некоја причина, онака да правиме лабав муабет. Немам социјален живот. Се чувствувам како самотник. Маж секој ден има време за да излези да пие кафе или пиво со другар, јас никогаш. Постов депресивен препишете го на пмс или на времево. Ајде сега нешто позитивно да пишам, за кого ако не за деца. Малава почна да лази. Има и запчина уште пред 3 недели, а исто и ставивме и обетки. Она плаче, плачам јас. Ах в ум си реков што му направив на детево и 100 пати си се проколнав. Морам да бидам похрабра, затоа сега е права женска, лепотица на мама. Преку ноќ ми порасна. За разлика од нејзе малиот нема заби, не лази само се тркала ама он ќе биде повеќе зборлест. По цел ден брбла. Сите ги изнареди освен "ма ма" . Тоа е. Најубавото доаѓа на крај, не се обесхрабрувам. Ајде поздрав мамулки, се надевам ќе се вратам со попозитивен пост.
Здраво најубави, ме нема мн на темава да пишувам некако немам време, а понекогаш имам периоди кога губам интерес за пишување. Незнам што ми се случува но како се вративме од патувањето со мм неможам да се изнаспијам, си легнувам демек малата да ја заспијам оно и јас со неа кома до утредента во 8 едвај станувам. Ако ја заспијам во раце нема да заспијам во 9 ако не спијам на велико, синоќа мм чекал да го викнам арно ама јас си засапав. Во преговори сме за ново патување и летен одмор, лани се убивме од барање место во август но ништо немаше, е сега со време да си ја потераме работа да си најдеме сместување да си уплатиме и пуна капа. Малата е топ, сега е мн забавна, цело време измислува некои игри, си играме си пееме се смееме. Денес сончево се надевам такво и ќе остане, ако е вака убаво после ќе ја прошетам малата ќе ја носам на сладолед! Да се знае како се излегува со мајка хахахаха. Поздрав убавици, имав уште многу да ви кажам ама еден дојди, др дојди, телефон звони и постот ќе ми нема смисла. Ќе ви пишам или подоцна или некој нареден ден.
Добро утро мајки Седам со кафето и кока кола на маса. А не сум ни појадена(човече што си пуца во глава). 11 саатот а како втор ден да почнал. синоќа никој не се разбуди . Е сеа од ниедно време се издигани, од 06.30, ама нема и рано легнуавње и до касно поспивање. Ама ако, барем навечер имаме неколку час за мене и мм сами . Синоќа успеав еден рид алиша да испеглам па одкако ги пратив момите во градинка зедов да распределувам по соби. Хорор. Додека отидам со алиштата во раце низ собите малово покажи шта знаш. Три чекори напред еден назад работава. Така е кога помошникот не зема саатнина, не смеам мана да и најдам . Едвај едвај ги распределив по собите. Шкафот ми плаче за прередување. Еден ден другата недела да ја замолам свеки да го зеде детево на неколку часа или да ја почува кај нас за да успеам да прередам. Алиштата од телот собрав(на две на три), пуштив постелнини, и да успеам барем уште една машина да пуштам. Го дадов млекцето на детево, демек ја легнав. Леле кога опештери еден глас. Еве ја се мота околу мене сега, ококорена и окезена. Ручек мевце и компири потпечени. Како што не сум појадена само околу релната се вртам да видам до каде е. После до кај матичната една потврда да барам и еден упут. Се спремам за бла бла бла . Потврдата очајно ми треба. Пред три недели се јавив во болницата каде е пациент детево за да ми ја издадат и еве, сеуште чекам да ми се јават. Два пати веќе се јавив да ги препрашам, немале време да ми се јават . Се надевам матичната ќе издаде и со нејзе ќе успееме да завршиме работа. И за упутот ќе мрчи. Сакам трето мислење да барам. За второто веќе беше скептична, едвај едвај ми го даде упутот. А си направив јас веќе термин минатиот месец кај овој доктор, оти се чека по 3-4, па сега уште упут да обезбедам. ако нејќе , да барам од матичниот на мм. Убав ден на сите
Јас. Со првата бременост престанав да пушам а со тоа и кафето отиде жртва. Никакво кафе не пијам. Крадам моменти од работа да пишам и се кријам ко крадец. Затоа толку од мене. )))
Јас не пијам никакво кафе насабајле. Никогаш не сум пиела. не пие ни маж ми. Немаме таква навика ни двајцата. Сега со малиот пиеме смути одсабајле штом ќе станеме. Тоа ни е некаква нова навика. Кафе пијам еднаш дневно, ретко два пати во денот и тоа најчесто нес или филтер, поретко макијато. Јас немам многу за пишување на темава. Неделава требаше да ми биде помалку напорна ама сум нешто настината и баш напорна ми се виде, а имам и Сабота за работење. Оф леле. А и дома имам да досредма од средувањето. Завеси треба да се перат и закачат (ги закачува маж ми а јас сум помошник и надзорник ама треба да најдеме време двајцата да сме дома и да е сабајлечки за да има време да се исушат). Ете толку од мене.
Се успиваме со дете... дури сега седнувам од утро со 350 обврски,кој скоро сите се завршени,дури и ручекот готов и направив едни бомбици со банана. Леле жени како оваа година што не ми се фаќа ништо да работа да правам генералка,никоја год.Секоја година ова време сум имала направено генералка,сето средено,спакувани,заменети од зимски со пролетни/летни алишта извадени сега ништо со прст немам мрднато.А еве го и велигден се ближи пак треба слатко,солено да се прави немам желба никаква. Два дена со ред мм си иди во пристојно време и лудуваат со дете слушаат музика,скокаат играа.Сите заедно играме и криенка колку е среќен,а исто така и интересен.Сеуште не знае како се игра у се издава сам од скриеното место смешки е. Ама кога брои брои македонско-англиски,три бројки на маке,три на англиски. Дете заспа ,а и комшиката ме викна да и направам сок во соковникит страв и било да не ми хо расипела. Така да сега се одјавувам, Мм аки си дојди и денеска порано ќе продолжам подоцна со пишување да си докажам тоа што имам.
Добар ден и од мене пак после некое време.... Ништо ново кај мене, освен што лечевме бактерија кај деца,но среќа се помина во најдобар ред. Шетаме колку што можеме зашто дома не се доседува, лудуваат деца, но сега не не сака времево..ич несакам што е вакво, многу ми влијае на расположение и здравје не функционирам, само нешто ме боли... не сум способна за ништо...мм ме зеза кај ти е младоста што ако ми верувате немам ни сила за малку романтики со мм ај ќе биде Свадба се спрема на велико, важно јас прва се спремив, си купив најубав фустан закажав шминка и фризура горе доле сите сме спремни, не сакам да оставам во последен момент да трчам. Треба и генералка да праам ама немам сила, му реков на мм да ми помогне и он да зачистиме..ќе пратиме деца кај баба и ние сами, па може и на раат да се погушкаме во тие неколку саати наменети за чистење Леле постов каша попара ама тоа ми е во моментов.... се читкаме почестооо coffee:
Добар ден! Дете спие, до сега правев ручек па седнав со кафето во рака. Јас сакам кафе, како помлада пиев и по неколку на ден, сега веќе неколку години наутро само турско, штом отварам очи ставам џезвето на рингла. И јас ги оставив цигарите кога останав бремена ама кафето некако уште ми е убаво. На пладне пијам макијато, нес, капучино. Тие не ги ни сметам за кафиња туку за напитоци со млеко така си ги викам јас. Инаку кај нас е секојдневие, девојченцето расте и не забавува, од градинка ја земам и спие, има и денови кога промашува, ама претежно е изморена и заспива веднаш. Потоа станува јадеме и правец во паркот скоро до вечера. И времето бргу ни поминува, гледаме да правиме работи кои на детево му се интересни, сега веќе и велосипед вози со мерак, до скоро немаше некоја желба, па имаме секој ден активности. Утрово пазарував порано за претстојниот викенд оти утре ни доаѓаат гости, смислив што ќе готвам, уште да кажеа дали два или три дена ќе останат добро ќе беше. Наредниот викенд пак гости, ако нека идат, подобро со гости отколку сами. Детево се радува кога иде некој, ама ја прашав дали ќе спие во креветчето за да има место за сите таа категорично одговори со не. И велам епа нема да дојдат гостите тогаш и вели гости спикаат во градинка Еве ја стана и дотрча се гушна до мене и уште дремуцка. Најубав дел од денот ми е. Убав ден.
Generalka?! Kako procitav NE mozev da odminam i da NE SE pofalam Jas minatiot vikend go zrtvuvav, ostaviv dete kaj majka i SE fativ za krpa, dzoger, sredstva, usisivac, zavesi, prekrivaci SE tip top napraviv. Epten mi bese doma svetnato. Zavesite mislev cisti SE, gore kaj Nas nema Ogin, doma NE se pusi a tie Sto da ti kazam, celite mi bea Kako i boja da imaa smeneto,dusa mi izleze ama iskreno vredese!!! Vo globala sme dobri, Malata malku potkasluva, malku no's i tece, ama Kako primetam deka potkasluva i pravam pregoren Seker so mleko, malku maslinovo maslo i tip top mi e. Da NE Ja podrecam Ne e ni nekoe bolnikavo dete. Epten e guskalo i MN znae da SE Gali, me topi na momento more sekogas haha. Maz na rabota, Jas opaliv Eden tus, u megjuvreme sveki Ja pricuva da NE Ja ostavam Sama duri da SE sredam. Seuste rano zaspiva i toa MN me raduva, doma site rano legnuvame, ustvari oni legnuvaat Jas nokje rabitam. Vo momentot imam alista za peglanje ama SAMO Edna peralna a za Mene toa NE e nisto, do vcera imav pet ama gi srediv. Dosta mi bese drndanje. Ke setam po drugi temi, taka izbrav namesto da peglam!
јас не пиев ама само првите 3 месеци од бременоста. а хроник сум. но ете толку мака видов што ни на кафе помислував ни на ништо
За кафе не си кажав. За викенд и кога не сум на работа, станување, во wc се средувам и одма за ѓезвето се фаќам. Кога сум на работа, немам време дома кафе да пијам, дури таму кога ќе стасам. Во денот обавезно пијам по 2-3 кафиња. Само турско може да ме освести, друго еспресо, макијато, лате не ми влијае многу. Такви пијам кога неможам турско. Добра вечер од мене. Тука врне, од преубаво сончево време пак дојдоа студови ама навикнати сме веќе на вакви промени. Малава нема абер да спие. Како не е уморна не можам да разберам. Јас уште да се избањам и завршив за денеска. Почнува повеќе да зборува, па и од градинка учи нови песнички, зборови, многу ми е интересна. Се спремам психички да почнеме со одвикнување на памперс. Не знам зошто ама досега тоа ми се чини како најтешко. Почна да седнува на нокшир, ама сега објаснуваме дека таму треба да моча и кака. Инаку си кажува дека има каки кога ќе се искака и одма легнува за пресоблекување Ај да завршам со муабетов. Толку од мене вечерва
Добро утро мајки Баш вака ми е во душава, сонце грее и ме топли. Не дека се ми е погодено, но кога нешто така силно ќе те тресне од земја, имаш два избори, да останеш да лежиш во прашината или да станеш, да се исправиш, да бидеш посилен. Реалноста делува далеку покомплицирана а уствари е толку едноставно. Како тим со партнерот, како фамилија со најмилите секое кревање е полесно и полесно одколку кога сам правиш падни стани, па и цел терет ако го мкнеш сам на свој грб. Утрински филозофии. Се гледа кафето дека ме рассонило. Второ ми е. Маж замина во 04 на работа, свеки ги однесе децата во градинка. Макар и било еднаш на 2-3 месеци, колку е добро да имаш човек на кој можеш да се јавиш и да се потпреш на него за ваква работа. Инаку ќе требаше дома да седат, со мене. Најмалото и најголемата се издигаа во 06.30 ама за чудо мирни. Заклучив дека рикањето е поради татко им. Не во негативна смисла дека нешто он прави, туку мислат дека е викенд, дека сите сме дома, па не сакаат да одат градинка и пребаруваат алишта, односно алиштата кои ги носат за по дома кога играат/бојат. Денес сфатија дека он не е тука, дека нема заеднички појадок на маса, па без проблем беше облекување и испраќање. А коски ми се тресеа ако почнат да се тегнат. Изгледа ќе треба да направам некоја табла, со закачување на знакчиња, за деновите. За да знаат кога е градинка кога е викенд. Да не има некој идеја или искуство? Сега ми се јави маж. Завршил со состанокот, се спрема за втор, па да праша како сме поминале. Си кажавме колку се сакаме и колку сме среќни што имаме мирен сон и спокој. Ок јас му кажав, он потврди. Добро расположење, си кажав. Деца ја преспаа ноќта, втора по ред, па и принаспана сум. Првата машина врти, уште една да пуштам и една да испеглам. Ручек ќе бидат бургери. Натпреварот во катчето за готвење ми даде идеја за ручекот, гајле помалку. Утре средба со драги пријатели. Големата оди најчесто со дедо и по фармите, па во еден кокошарник да збира јајца, па со баба и колач печат, бојат/играат, некогаш и два пати се бања. Си имаат цел програм. Ние ваљда со другиве две ќе одиме во ресторан. со сите три се справуваме без проблем, не па со две. Тајната е во количката. Да седат за да не можеда роварат, им кажуваме на келнерите нивното јадење најбрзо да го донесат за да се занимаваат, блокчиња и боици да бојат... Наредната недела, во четврток ќе има барање на велигденски јајца низ градинката на големата. Прв пат ќе им биде на децава. Родителите ќе треба да носат нешто како благо. Јас решив фингер фуд да однесам. Воспитачките се израдуваа, рекоа дека сите само благо ќе однесат, па добро мала промена. Не знам кој ќе се радува повеќе, децата или јас. И блузони со зајче ќе им облечам . ПЕток заминуваме на мини одмор, 4 дена, во Холандија. Купаќите за бањање и мускулите ќе ги спакувам, да се бањаат деца. Нека летнат деновиве, да додје четврток, не ми се чека . Убав ден мајки.
Во живот немам пробано кафе,уствари лизнав еднаш и толку ми беше гадно што се чудам како пијат луѓево кафе а мене па ми се чудат како не пијам Какао со млеко пијам само ама сега дека постам па само какао
Ај добро утро! За тие што сакате јако турско, ставам без проблем, за мене 3/1 додека синко доручкува Јас имам киселини од турско кафе, пробав порано со другарките демек да ми гледале на кафе па се убедив дека не е за мене тоа. На гости одбивам турско, но не пребирам дека мора да пијам, ако имаат и какао сакам, ако не,ништо. На повидок сонце, во најава гостин, внук ми на викенд. Синко не може да дочека. Следна недела роденден на мм. Спремаме изненадување( иако периодов сум му лута и не заслужува ) ние сме повозбудени од него,знаеме дека нема многу многу да допре до него. Како камен е, никако да изразе емоции Гравчето си го сварив од сношти, уште да уклучиме правосмукалка и ќе смислкме што со остатокот од денов. Убав ден, викенд!
Јас за кафето да пишам прво, јас кафе пиев па не пиев едно 5 години, и сега повторно пијам и уживам во кафето! Кога бев бремена никако кафе не пиев не ми беше убаво. Сега станувам се спремам за на работа и на работа прво шо правам кафе пијам, за викендите само тоа ми фали на раат кафе да испијам. Туку ХЕЛП давајте препорака за сместување во Охрид за 4 возрасни плус малецкото наше. Нешто солидно со две спални или една спална и дневен престој во кој може да се спие. за во мај месец ми треба но да си резервирам и разгледам со време. Може и во лп.
Добро утро Петок и еве ме на темата Мислам на сите омилена работа ни е гушкање со малите кога се будат.Тоа ни е традиција од бебе.Кога ќе стане се галиме и смееме па после стануваме Ова утро сама стана во 6 и 20 изгледа мм ја разбуди тропајќи и стана отиде одам да го гушне тате.Ама тате малку е терсене кога се спрема не сака никој околу него да не заборави нешто Замислите да треба и дете на градинка да носи Ја седна на нокшир и јас станав.Па ја молев да се вратиме во кревет уште 10 минути да си се погалиме.Така гакејќи се сакаше да заспие па и реков ајде да одиме да гледаме Пинк пантер.Одма стана.Ми вели мама знм пинк панте гелб(жолт)Превод ја прашувам бои секој ден и често каква боја е пинк пантер и секогаш и е жолт Вчера во градинка барале јајце и кој си најде за него си е.Тоа е традиција за Велигден и нормално поклон јајце во убава вреќичка, со неколку мали чоколадни јајца и такво(збор кога незнаеш нешто како се вика)за дување балони Детето веќе неколку недели ме напиња за бебе Ја прашувам сакаш ли бебе да ти купам ми вели нее мама роди бебе не купи роди и ми покажува на мешето.Ќе ја прашам што сакаш братче или сестра.Одма како од топ сестра, дада сакалаСамо ја корегирам не ти ќе бидеш дада , да имаш дада само ако тате некаде се шетал Па ќе почне како другарка и имала дада, другарчето и имало дада и она сакала дада Они си се договорија со тате уште мама да прифати и вчера и велам види колку е саатот оди спиј ако сакаш сестра Ама јас и мм пред неа заспавме За кафе од 12 години пијам.Си гледавме со комшика и тоа ни беше таен збор да се видиме и да си кажеме што како било.Околу симпатиите де Кога бев трудна сите околу мене беа и никоја не пиеше и не повраќаа.А јас повраќав и пиев.Ама ме удри како не се грижам за здравјето на бебето и оставив неколку месеца после некој месец по едно си пиев и си уживав.Во кафе секогаш уживам посебно турско На работа стигнав, свариФ каВе и чај.Јадев па викам да си допишам постотСама денес шефот стига во 12.Пред некој ден се изнасмееја со колешката.Често порачува човекот работи од амазон и кога ќе му дојде нарачката па јас ја примам.Па кажувам презиме, па не разбираат ,па спелувај ,па напиши си сама, по 5 мин спелувам презиме Колешката и здосади веќе и вика кажи го моето презиме со 4 букви е.Доаѓа еден од дхл и ми текна и ја гледам неа и го кажува нејното презиме.Кога почнаа да се смеат со шефот.Човекот од дхл го виде шефот и му даде да си се потпише Мои случки од работа Инаку некој за Холандија некој за Мк.Поскапо од холандија ќе е али ајде да се видиме со луѓето.Едно видување цел век еА колку имам то do кој знае што ќе направам.Заби и коса мора да држам мк традиција на гастербајтеритеИако имам термин на забар во мај и ми пломбираше жената два ама луѓе не можам ќе полудам стварно не ги бива Па ќе си платам у мк подобро отколку овде бесплатно. Туку да се фатам за рааботаУбав ден и викенд