@Monella гушки . Знам како ти е затоа што пред 2 месеци ми се случи истото. Добар ден мајки Убав сончев ден, јас функционирам на сонце Доста е дожд веќе. Дете збесна дома сака да шетаме. Инаку сум за частење си имам зет. Сестра ми се омажи, вечер ќе дојдат да ја запросат официјално. Ептен се радувам. Кај нас некако и лошото и доброто одат заедно. Пред мојата свадба почина татко ми сега пак во сабота почина баба ми а во недела ја запроси зетот сестра ми. Така е тоа живот. Кога ќе се смееме кога ќе плачеме.... Во мај 2 свадби, крштевка.... ќе се трошат пари. Имам еден куп работи да купувам за крштевката, нели кума сум, и се си викам има време а деновите брзо минуваат. Да ги одработам и овие 2 саати на работа, одам дома да се спремам и правец кај сестра ми. Имајте убав ден
Здраво мајки! Одамна не сум ја видела темава активна па ај реков да пишам. Стандард шема,отворам очи и турбо цел ден. Крадам моменти вака кога мали спие а бебка се заигрува секако јас до неа менувам играчки па се смее писка се радува на цел глас. Ми иде да ја изедам од што ми е мила. Другиве деца не сум ги бакнувала толку дане им пренесувам некој вируси, ама неа ја гњавам многу. Некој да ми речеше дека олку љубов за деца имало во мене немаше да верувам.Малку поднастина па морав на доктор да ја носам и сега се молам да нема ништо друго зашто си имаше луѓе таму. Уплав имам од епидемијава. @Monella и мојот пат за второто дете беше таков. Два спонтани еднопо друго. Ретко кој ја сфати болката. Не било уште дете. Само јас си знам дека уште ме боли. Ќе дојде денот кога ќе огрее сонцето.Толку седи малава. Шетање низ соба на репертоар. Убав ден
@Monella секој збор е излишен.А на др изгледа им е сеедно и не ни бираат што ќе кажат.Така мене кога ми открија шеќер во бременоста очекував некоја утеха , а таа само ми ја џитна мајчината книшка пред мене ни а ни б оди на специјалист.Толку Нелуѓе станаа само за профит гледаат.
Да ве поздравам на кратко мајки Највеќе за @Monella пишам после дождот доаѓа сонце Што повеќе да се каже... Ние се заспиваме веќе час и половина касно спиеа попладне и сега ќе се чудиме А ги однесовме и вшума као да се изморат Едвај чекам да заспијат за макар 15тина минути да седнам во тишина Рано станати и со мм скоро цело утро по бутици Си зедов патики и неколку пара црни панталони за на работа Утре почнувам кај второто работно место а вторник во маркетот Ииии шо сум возбудена само за тоа зборам Деца зедовме од градинка и до понеделник затворена е градинката се радувам кога се дома Утре од сабајле ќе се дружат со мм некои 5-6 часа па кога ќе си дојдам ќе излезиме некаде Каша попара ми е постот ама заради што не пишувам секој ден и незнам од каде да почнам Имајте добрра и мирна ноќ
Мајки дали во Скопје има приватен имунолог? Сакам син ми да го однесам, но во државна не ми се носи ради морбилите затоа сакам на приватен да го носам.
Добра вечер од мене. Се спремаме за спиење. Конечно се стопли времево, па освен што од градинка е по цел ден надвор и на поручек сме на лулки. Во 8ипол заспива. Денес имале egg hunt во градинка, имаше еден куп пластични јајца, да ги разгледам со што се полни кога ќе заспие, што ме чини да фрлам. Мај ќе ми биде хаотичен, почнувам да се спремам психички. Ма, ќе почне од наредна недела хаосот. Само да издржам Инаку спремна сум за роденденот на ќерка. И дотерана е момата Уште мајка и татко да се подноват со нешто. Не се замарам многу, во игротека ќе биде, фармерки и некоја кошулка, блуза што ќе се најде. Утре планирам да украсам и за Велигден. Немам многу простор кај да ставам украси, ама си купив годинава нови, мерак ми е. Ќе им најдам место Ајде да ви оставам по едно кафе за добро утро и се одјавувам.
Ај добро утро! Да пишам пред да почнам да работам оти после нацки, имам многу решенија за куцање. Значи дојде и тој ден, син мајкин слави 3 роденден, леле возбудена сум ептен! Пред 3г ова време се поизвесно беше дека ќе раѓам царски, нејќеше лудово да искача природно. Лудо на мајка Сабајле станавме, се дотеравме и на облакање приметив едни пантолонки лани што ги доби да ти биле женски, со копчиња со цветчиња на нив, знаејќи ги луѓето што му ги донесоа, паааа.... Ама и така ми е убав како девојче, со тоа очињата со трепки до веги, со тоа насмевката Љубов ми е! И кога се караме и кога се сакаме, на мајка сонцето Журката е вечер, е сеа пола гости ми откажаа, ама што да правам, варичели, стомачни вируси, бронхити.... Ние сме спремни битно, најсаканите се со нас, убавини! Добивме веќе и една кола, не се двоиме од неа, се ни е под мишка и сабајле во градинка со неа. Белки ќе си ја вратиме. Денес јас ќе го земам, ќе излезам малце порано и така. Мајка синоќа се спреми и затоа не спиеше, денес па станав порано а и не спиев баш, не спијам воопшто деновиве, станувам на секои 2 часа, сабајле уште во 6 сум будна. Да ти се плукнам во проблемите што не мачат, беспарица и нервози, порано со една плата нервози, сега со две пак нервози, не стигаат за се, тоа е кога немаш помош. Не сакам од моите да зимам, немаат, ниту па од свекрва, ама во вакви моменти притребува мала поткрепа, а ќе си ги вратам, секогаш враќам пари. Ќе издржиме, кога сме се решиле на чекор семејство мора да знаеме да се снајдеме и издржиме. За него да направиме поубав свет! Во меѓувреме дур пишував појадувавме, частев на работа за роденденот на синко, место блачко торте доручек, ама утре и торте ќе им донесам. Толку од мене мајки, морам да поработам малку, вчера ништо не фатив цел ден правев за синче декорации.
Добар ден мајки @AngelOfArh среќен роденден на зетко. Да расте голем и да ја слуша невестата еден ден Како беше онаа, кој нема во главата има во нозете. Се стокмивме со малово, пут под нозе да купам ситниците кои ми требаат за пладнево. Што ми требаше, реков ај ќе влезам во поблискиот супермакет. За баш тоа што барав немаше, а се мотав пола час натаму наваму. Од таму во подалечниот. Среќна, најдов се, на каса. Јас сум од оние кои не чекаат до последен момент да искуца продавачката па да бараат новчаник, па картички, па па(сипаница да извадиш). Само што се доближив до касата, ставив неколку работи кои ги зедов и бурчикам во ташна. БАрај барај ...нема новчаник. Ајде назад производите во фрижидер и дома.Само што стасавме дете се искакало, дојде време за јадење, па нова рунда назад, во супермаркетот. Дете му се прекрши сонот, не преспа, кенкаво, во сето брзање лубеничето го заборавив. После ќе се бараат јајца во градината од градинката кај големата. Родителите ќе носат по нешто, па јас решив фингерфуд да однесам. Купив багети, намази, хартиени чиничиња... Да изорганизирам туширање/пеглање коса и спремањето. Малото ќе остане со свекрва ми и свекор ми за празнициве. Ние ќе шетаме сами со другите две моми... Тоа е... Убав ден на сите
Прво силно да ја гушнам @Monella. Значи докториве нас пациентите не гледаат како предмети.Кога сум била мала педијатарот на мајка ми и рекла нема да ја преживеам ноќта.Како можат така дрско да се однесуваат...... @AngelOfArh Среќен роденден на синчето. Јас незнам од кај да почнам да раскажувам...ќе почнам од вторникот. Ден,одмор за мене кога одиме кај моите.Овој пат мајка сите не собра на ручек по повод роденденот нејзин.Ние со дете појдовме уште во 10 први се нацртаме кај баба ми.Таму беше договорено по што пет дена мајка ми се грижи за неа за викенд си оди дома, па вујко ми ја презема обврската околку баба ми.Не бевме сите на број на вујко ми му забранив да си иди од работа дома пошто беше целиот затнат, настинат.Дете пресреќен со вуте и нуна ( вујче и вујна) не ги остави луѓето рајат да ручаат.Но најзабавниот дел беше тортата т,е дување на свеќата.Можи едно петнаесет пати ја дуваше свеќата и пееше епи де дуа Матеј. Вчера и денеска ден за работа заглавив во кујна два дена од чистење.Така со дете се работи... Тргнати работни,електрични уреди,јас чистам а дете се бендери на шпорет,на работните маси.Па потоа се смири му дадов прскалка и едно крпче да се занимава додека исчистам. На сред работа гости,некоја пријателка на свеки и свекор прв пат ја гледам.Никој немаше дома само ние со дете, и се јавив на свеки да си дојди побрзо,дете збесна за надвор.Добро е што жената се сети и вели да ја видам бавчата шти си имате насадено.Па така ја чекавме свеки во двор и дете задоволно.Си дојде,ги оставив сами... Јас го зедов дете да го легнав но не сакаше да спие плачеше и велеше "не пиа поте".Зедов јадевме со дете ,откако замина жената доработив и излеговме надвор. Возевме "токат" се уште не знае јас го туркам,а тој не се замара да вози,да се мачи да врти на педали.И така отепавме еден сат надвор.Затоа сношти пред 9 веќе беше заспан,без нишање,без пеење. Денеска бајче од дете послушен цело утро и сам посака да спие.Заедно миевме вагани,заедно спружиравме алишта на жица и стававме алишта во машината. Моментално трета машина пере,а до вечер уште една имам секако за пуштање, една се исуши и чекаат здиплени за пеглање,по се изгледа тоа ќе биде утре. Мм два дена со свеки оди по доктори,болници,на државно приватно.Трча прв,знам родител е го боли и ќе оди, ама тој господинот свекор не можел да оди имал работа дома.Што работа се занимаше со машината за малтер расипана била ќе ја правел. Е*аму мајката што е поважно машината или жената.Ме изнервира вчера многу.Но фала му на бога не е нешто сериозни ќе се среди и без операција. Ајде доста е да привршувам,да не излези после дека емка има конкуренција.
Ви благодарам за поддршката друштво, во овие моменти ите како ми е потребна. Да ви кажам, иако виртуална многу ми значи. Живееме во свет каде сме опкружени со луцемерие, омраза, ретко некој да сака да те разбере или барем да се потруди. Ете затоа и поубаво ми е кога пишувам овде, може и овде некој превтрува очи кога чита ама барем не го гледам Денес никаков ден. За малку не се онесвестив од болка, не знам зошто не ми рекоа да очекувам такво нешто и да ми препишат нешто за смирување. Ем сама со дете, ем се криев да не ме виде тој пак како за беља се по мене. Во еден момент го гледам, додека јас се вијам од болка тој ме бакнува по раката, легна до мене и ме гали по главата Толку за тоа. Велигден на прагот а јас немам абер да спремам нешто, макар и кифли. Ми се јаде и нешто благо, не знам што да измислам, сакам нешто што го немам правено досега. Пред некој ден имаше објавено по тие групите на фб чизкејк со нутела, реков од кај ми е познат, ми текна дека е од мариангел и кога отворив профилот на фб гледам слики од шефот ама како ништо да не било. Препознав уште неколку феминки што имаат ставено слики од децата ама не ме занима, ниту се потрудив да запамтам име, ниту да додадам на фб, мене вака ми е поинтересно. Јас веќе си имам зацртано некоја слика за секоја од вас и не сакам да си ја менувам @AngelOfArh да е здраво и живо плавото детенце со убави очи, многу да ве радува!
Чекам една пријателка на кафе и мезе. Т.е кафето го испив чекајќи ја, ќе биде мезе и вино Има синче на возраст колку мојава мома и за чудо некое си играат. Ретко се тепаат или караат за играчки. За разлика со другачките што и се најблиски, три моми, тепачки има нон стоп. Утре неработен ден тука, градинката ќе работи пола ден, ама ќе се чуваат со татко и. Не ја носам. Ќе биде атомска бомба дома кога ќе се приберам од работа. Секогаш е така они двајца кога седат сами дома. Не, не се жалам од мм дека не ми помага, ама така понекогаш ептен е опуштен Инаку да, јас работам утре. Он, сам свој газда, кога му одговара зима одмор, кога му се работи, работи Мочле мое почна многу повеќе да зборува и да повторува зборови. И се гушка повеќе. Кога ќе ме стисне со рачињата се топам. Или ме држи за лице, ме бакнува. Се топам Љубов ми е Стаса пријателкава, се одјавувам јас.
Angel среќен роденден на лепотанот твој. Ептен е срце Ние у градинка, после испиен антибиотик. Вчера докторот рече дека е добра, и денеска самички отидовме. По пат се смешка, у градинка врисна И ветив дека ќе ја носам по книги после градинка, се надевам нема да врне. Викендов ќе дојдат моите, планираме со ќерка да правиме панцероти заедно. Размислувам како да почнам повеќе да се движам за да ослабам, да се стегнам... имам мев.
Среќен роденден да е жив и здрав Здраво мајкички денес петок ептен се радувам ќе одмориме малце викендов Ние добри сме по дома синко секој ден се поинтересен станува златен ми е Оди во градинка многу сака дечиња ,а морам и да се пофалам во последно време почнува да си се заигрува сам многу е интересен Имаме само една мака после градинка првите два саати е ептен лигав ,само нешто плаче кенка се лигави и после ко ништо да не било.Друго ништо нема се по старо . Убав ден и убав викенд
Ај добро утро! Ви пишувам денес после опасно откачениот роденден, сите беа воодушевени од темата на родеденот, од спременото и фала богу немав за носење дома храна, се изеде се! Тортата сон, превкусна, и на изглед погодена сто посто а и више. Прв пат нарачувам шлаг и никогаш веќе нема да нарачам фондан, ем цела торта да ја изедеш, да не останува, ем повкусно. Ви благодарам на сите на честитките! Кај сум уморна, кај ненаспана, кај нервозна треба да добијам, чурам! Со мајка ми на телефон не можам да се разберам, нешто ме прашува не знам што ме прашува, не можела да заклучи како да заклучам, и како да ти кажам по телефон бе мајче? Ајде сега на пауза ќе летнам со точакот да заклучам за да бидам мирна, да не мислам. На враќање да си купам прслуче оти не можам веќе, се ми се распадна, како можеше од 7 што ги имам на број сите до еден да се распаднат и да бидат фалични па сега да идам со едно маиче шугаво ко прслук. Не ми е ден осеќате? И треба да добијам, на карачка сум удрена, ме гледате? Многу ја сакам мајка ми, ама толку прави нелогични потези тоа чудо едно, не знае да има свое јас, не знае да се спротистави, не знае да се постави цврсто... Што ќе беше ова не знам. А не сака да пие лекови за да се поддржи малце, мозокот да си го заштити, по три пати едно исто збори, мумла, не се изразува како што треба, по три пати ме прашува исто. Чудесии! Секогаш кога доаѓа се караме на крај. Вчера не застанав како дојдов, она само нафрла, ова не направи, она не среди, земи ова, земи она... Ме уништи! На крај и реков спреми ранчето за детето бар те молам немам време, не стаила влажни, се искака дете во игротека и сеа, од кај да знам јас. Не знам што да речам... Знам дека со текот на времето ќе биде исто како со баба, а не сакам, баба имаше тешка старост, она бар имаше ќерки да ја чуваат, ние каде... Многу се сеќирам. Ајде мајки, пауза дојде, морам да појдам да заклучам па да искористам пауза и да земам некое маиче и гакички на чоечево.
Sверов мој не ме остава да чистам. Она си игра у двор, морало да ја гледам. А внатре ќе прооди куќата. Се е играчки на соте страни. А моите ќе дојдат. Сигурно ќе ми кажат дека нешто грешам. А може и не, мојата совест ќе си каже дека дете у чисто треба. Дека ја научив со мене да биде а не сама... Ако ми е.
Добар ден, не ми е баш добар ама ќе помине. Шо мака си видов со малата од вчера, дента мирна мирна, кога кажа вечерта плачам ревам, ем јадена ем рева како незнам шо. Она плаче и јас со неа, се ми е страв да не ја боли нешто што толку плаче. Денеска иста песна, до сега 1ипоч саат плачена у цело маало мирно кај нас галама страшна. И бапнав едно шише млеко, греота за рок од 3 минути цело го испи, а така се лигава по пола саат. Една носталгија за дома шо ме има фатено тоа е страшно нешто, здравје дури летото ќе си одиме да си ја гушнам баба. Едвај чекам мм да се прибере, да поспијам малце, главата ме боли ужасно, и тој свекорот замаре страшно за глупости, незнам само кој го слуша, како да не ме знае дека не се замарам. И така, денеска сум така расположена, се надевам дека утре ќе е подобро, или до после.
Здраво. Некако слабо активни на темава да пишам за да ја одржам во живот. После скоро месец дена со мм утрово пиевме утринско кафе заедно,но најмногу дете се израдува кога се разбуди и го виде тука.Инаку секое утро прашува кај бил татко му.Имавме доза на гушкање,галење и секако смеење За дете спремав доручек а мм замина да работи кај еден колега. Ние стандарт малку дома малку во двор,но ветров три пати не бркаше дома.Барем алиштата се сушат како во лето од овој ветар.Две машини ми се исуши од утрово ,добро што се кебиња и среќна сум дека немам за пеглање. Конечно завршив со чистење што се вика од големите работи... Вчера ја исчистив и "шок собата" така ја викам бидејќи сеуште не е направена,таму има еден стар шпорет на него готвиме и таму можиш се да најдеш.Се што не ни треба или е за фрлање таму стоеше.Од стаклени шишиња,тегли,кутии пластични....Но конечно му дојде денот,сега барем по малку наликува на соба. Денеска расположени за правење кросани,меки како душа и многу се лиснат.Не дочекав да се оладат,лапнав три додека сеуште беа жешки. Расположени знаете зошто? Најубаво се работи кога немате никој дома,нема кој да ви се плетка околку вас и да кажува зачадено било и ред други глупости. Знаете од кого добивам некои зборови? Од свекор ми,Сегде се меша како некоја жена е.... Дете соработуваше само мал дел потоа го седнат во хранилка му дадов квики да се занимава додека ме гледа кај што работам.Пред да завршам целосно да фатам од маса тоа што имаше,да избришам маса дете сам стана.Се завртив на неколку секунди и дете две кросани ми смачка и пак бега и се смее.Мајмун.... Додека стасуваат кросаните зедов го исчистив нередот околку мене,дете го заспав па потоа зедов да ги печам. Чекам на мм да му пуштат к-15,веќе го задоцнија,а мене паника ме фаќа дали ќе имам време со дете да направам слатко,солено.Се надевам понеделник ќе му пуштат па наредните денови по едно нешто во денот ќе правам.А и дете ќе се занимава ,ако сака да соработува. Само секој ден мм го прашувам и ми вели што се нервираш будалче ако нема време ќе купиме готово.Сакам домашна да биде бидејќи е поубава и си знаеш што имаш во тесто/фил.Незнам што ќе направам важно на денот масата ќе биде полна дали домашна или купечка не е важно. Пак завлеков со пишување но тука завршувам дете се разбуди.
Нешто замре темава мамулки. Значи толку мразам настинки,вируси,температури,мрсули тоа е чудо.Кога дете ќе ми се разболи мислам дека секој дел од телото ме боли.Од нигде никаде големото 38.8 крена и носот се растече.А само дома седат со народ не се мешани.Божем Големиов ќе го спремав за ммр ништо,пак настинат.И од тие морбили веќе уплав имам фатено.Дај боже лесно да му мине,и малово да не закачи ништо од него.А до вчера се љубеа,гушкаа.И она стандард јас ќе ја поглодам глодалкава па после ти.И едноставно не можеш да ги допазиш тоа е во иста просторија си се . Мене ме боли секое ковче од телото,а и кое тело едвај 50 кг.Крени едно,крени друго,на моменти сум преуморна.Верувам дека посреќна мајка е онаа мајка која може да си дозволи барем 2/3 саати слободни во неделата.Ама тоа е што е. Инаку скоро секогаш до сега ми кревал температура за викенд,прошли пат бевме на дежурен во Систина.И на цела мака па и секогаш се погаѓало маж да е на работа.Дур пишувам го слушам како мумла дур спие.Малово е во некој си скок па и тоа цица секој пола саат.Ова ќе е долга ноќ знам.Мртва уморна ќе пратам тт.Одам да исправам коски. Поздрав
Еј никој нема! Штама на темава! Ајде кафе многу време ви немам сварено! Прво, утринско, какво што повеќето сакате сабајле да го пиете! Понеделник... ништо не ми значи! Вчера беше од оние денови кога ти доаѓа да се скриеш некаде и да си поплачиш, гласно да кажеш дека немаш сили, да се запрашаш до кога вака, да си залепиш сам себе шлаканица за да се свестиш дека не смееш да бидеш слаба оти никој од тебе тоа не го очекува! Да се скриеш некаде на 5минути...хммм, тоа е луксуз во такви денови, 5 секунди немаш за себе а не 5 минути! Не знам колку пати погледнав во часовникот за да видам дал сме блиску до времето кога ММ ќе си дојде дома, не знам колку пати посакав да е темно и да дојде време за спиење. И дојде, време за спиење, вечераа малите, ги избањав па едното со нишкање а другото со приказни заспаа! Легнав и јас мислејќи колку сум среќна што ги имам овие две пилиња мајкини, па колку ми се убави и мили, па само нек ми се здрави и живи... и се што проживеав преку цел ден ми се виде ниште во споредба со мислата убава што си ги имам нив две во мојот живот! Значиии... ни сама не знам кај терам и што мислам! Дење ќе ме побудалат, ноќе ќе ме стопат од љубов! Викендов не спиеше убаво беба, едното тројче забче малце потешко го извади, па се буди навечер со цимолење, и ајде гушкање и смирување и повторно оставање во креветче, и пак цимолење... и така цела вечер. Се менувавме со ММ, а он секако го добиваше оној дел од вечерта кога беба сепак ќе реши да спие. Случајно ова, ама ММ беше видно задоволен како беба него го жали и не го буди! Ќе бидам немајка, не ја будам беба, уште спие! Јас да допијам кафето! Ајде убав ви ден, па и сончев е, можеби и без ветар ќе е па една прошетка може да се направи!
Добро утро понеделнички! Да признаамне сум ве читала може 5-6дена.Имав некои материјали да ви проучам ради пеофесионални обврски.Ги завршив обврските,и сега е време мозок на пасење да пуштам Бев многу напната,ни бои за јајца ни до Велигден ми беше Ама сега друго е. Да се пофалам ,карамелата моја е успешно одбиена од цице.Многу лесно Очекував дека ке се буди ноќе со плачење,ама не.Легнувам до него јас или татко му,п7штаме таблет 10мин,па он сам вика гаси и се врти на друга страна и заспива. За празников ќе шетаме надвор од државава .Јајца ќе исфарбам неколку само црвени. Незнам што сте збореле,ќе ве читнам сега