Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Стварно бре никаде ве нема еј!

    Фазата тринејџер навелико продолжува, што да ви кажувам. Од земја трескање за се и сешто. Сабајле беше зошто не дозволивме да земе нешто од соба за во градинка, пола играчки ги однесе веќе. Со тешки плачки замина. Таму си се видел со најдобрата другарка и се било подруго веќе. Не знам што ќе се прави со ова трескање од земја. Не го перцепирам, ама нервозно е.

    Со кашлање сме за никаде, исто како да не беше со инхалации пред една недела. Грабнав вчера кромидот и јаболките, со ореви, сварив чај и давав упорно, од 4 пати што дадов по една лажица прекина да буфта, подобро му дојде па почна и да скока. Ќе давам некој ден, па пауза, па после на секое закашлување одма ќе варам. Не знам зошто досега не сварив. Ама една ли е на мене обврска, стварно се осеќам преморено и мајка ми вика се гледа од страна. Ја испративме неа во саботата и прв пат вака смирено пројдовме. Успеа да ми запегла добар дел од работите, на мене најтешките остануваат а пеглата ми е аут оф ордер. Плачам за нова, со генератор, како и за сушара една.

    Синоќа си наместив новата постелнина, мајка ми ја донесе, мераци. Свилен памук, преубава шара и преубаво чувство кога ќе си легнеш. Нарачав уште 3 за да ги сменам сите, на 12 рати ќе ги плаќам па се исплати. Мераци да си легнеш на убаво, мазно. Многу сакам во тон постела, пиџами и пешкири. Малку сум шврки.

    Прекинав со пишување и толку, ми отиде мислата. После пак ;)
     
    На eli25, Skyfall, minneymouse82 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    За малку темава на 2 страна ќе заминела :D
    Нешто ве нема, шо е работава? :)
    Седнав со кафе на сонце, нозете во вис и уживам. Малово се брка со тетките, вришти, падни-стани, важно е среќен. :inlove:
    Уште малку ни остана, веќе во денови броиме. И ми се враќа и не. Ми недостигаат сите, а и ние нив, мајка ми само прави планој кој да не земел и во колку да тргнеле. Ама да не бев бремена ич не се мислев, ќе ми поминеше носталгијата и немаше да се вратиме. Ама така требало. :| Здравје ако имаме среќа и пари ќе пробаме пак. Сега приоритет ни е бебево, па после Господ да ни е на помош. :)

    Уште малку ми се ближи роденден. Цели 30. :rock: Овој пат ќе го славам на место кај шо никогаш нема да одам пак, ќе ми остане убав спомен сигурно. Оваа недела и за таму да се спремам, да се депилирам, купачите да ги извадам. (poolparty) Времето гледав топло ќе е, да искористиме максимално. :sun:
    Ќе ве поздравам сега, да го заспијам малово и да се фатам за работа.
    Бај бај :hug:
     
    На eli25, Lolipop23, Skyfall и 22 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.537
    Допаѓања:
    289.023
    Добро утро мајки

    И вас ве немало на темава. Се надевам сте шетале и уживале. Тука ги истеравме велигденските празници. Шетани, јадени и напоени и повеќе од што треба, некое евро полесни...сега со нови сили напред.

    Деца пресреќни, секој ден имавме имавме некоја знаменитост за посета и турбо ритам од утро до вечер.

    Бевме во забавен парк за деца каде момите се возеа на триста чуда(а и ние уз нив), во еден африка парк каде освен изложби на накит и други рачни изработки имаше автентични села со градбите од разни афрички држави, пони парк и некои штали, прошетки во шума и на кеј, а на крајот од денот некоја рунда пливање во базент. ЈАс малер, ми дојде, па дремев надвор, ама деца се израдуваа.

    Душа ни извадија, дерман не ми иде сеуште. :sweat:
    Сум била икс пати во Холандија, ама ете, типично мало градче, уствари најстарото таму било, некако по стоти пат ја доживеав на поинаков начин. Амстердам и некои слични детсинации каде сум била ми се целосно искомерцијализирани, а и не би со мали деца таму, но тука добив подобар впечаток како живее народот. И искрено живеат многу подобро од Германија. Побогато.

    Се договоривме со мм следен мини одмор при некој празник да отидеме накај Белгија. Имам веќе неколку градчиња во ум каде сум била пред неговото време:tmi:, ама највеќе дневни екскурзии.
    И така. Си фанатзиравме за нареден одмор уште дома невратени:D.

    Дома не чекаше хаосот, три машини за перење и рикањето кога сфатија дека помина одморот и денес назад во градинка.
    Денес како понеделник ми е, назад на обврските од секојдневието

    Убав ден на сите.
     
    На eli25, Lolipop23, elcezelce и 27 други им се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    @Marmarin ме замисли,кое е тоа место што така сигурно можеш да тврдиш дека никогаш нема да појдеш пак?;)
    Што да ви кажа...во елемт сме...Дете со тт,мене грло ме боли,маж кашла.Важно детево да го опраиме,ние двајца ке буткаме...Нели план ни е Велигден да се шетне надвор од граница,ама дете со тт не се осудувам да го поместам.Ни дадоа и антибиотик,зависно од ЦРП шо ке покаже.
    Кафе си напраив па да видам што има по форумов...Позз
     
    На elcezelce, Skyfall, minneymouse82 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    @TarantulaA Gold Coast во Австралија. Освен ако некогаш испадне прилика да живеам овде, макар шо и то не вервам, би ошла пак. Ама сепак то не би било во блиска иднина. Можда на 50 години ако заработам некој милион... да ми падне лото де. :rofl:
    Ете од кај сум сигурна. :D
     
    На elcezelce, m.i.g, Skyfall и 12 други им се допаѓа ова.
  6. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Времево е лудо или ние.
    Еден ден убав сончев,друг со ветар па денеска и со дожд...

    Чим празник се наближува ние мара да го пречекаме со мрсули.Како и секогаш заедно во пакет со дете и јас.Глава тежи,грло ме греби.
    Дете од утрово со носе растечено,нема тт и чат-пат поткашлува.

    Ме фати дремка,одам да го гушнам дете и да мигнам еден сат.

    Ќе се вратам пак да си допишам.
     
    На elcezelce, Skyfall, minneymouse82 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    @Marmarin и мене ме замисли кое е местото а ти веќе си одговори, и јас би таму иако поим немам како изгледа, ама ветувам ќе пребарам.

    Некако годината си лета јас со работни обврски здив не можам да земам, арно ама еве празници се ближат па на работа си споивме со шефот, така да на работа дур на 02 мај. Искрено сакам дома да си поседам, ама ќе имаме гости и тоа малку ме нервира, за сите празници кај нас дома е полно искрено сакам да сме си сами ама мало сутра, не дека не сакам да дојдат ама сакам некој ден да сме си јас мм и детулево, ајде како и да е она ќе е најсреќна ќе си игра со братучедите. Мада планираме да шетнеме еднодневно некаде па ќе видиме времето што ќе приреди.
    За Велигден во недела мм на работа, за 1ви мај мм на работа шта је ту је!
    Затоа во мај здравје боже на 23 летам и неќам да мислам, ќе го натерам мм три ноќи да преспиеме, но ќе видиме пак какво ќе е времето и како малата ќе прифати.

    Друго ново нема, само за шетање муабетам, има најава и на крај на јуни да одиме кај роднини но ќе видиме што ќе се договориме со мм, тие едвај не чекаат.

    Малата добра си е, или и мојава е пубертетлија или тантруми или како да се вика почнува да плаќе за се и сешто, ме нервира ептен па и подвикнувам, па добив прекор од мм дека само сум се дерела, епа да кога ти имаш обврски а јас морам цело време да сум со детево па дури и во вц. Не дека се жалам, само ме нервира кога ми пререкува дека и подвикнувам.

    Дека почнаа да ми се собираат мн кафиња на ден па сега на работа пијам какао, се спремам дома за кафе и вечер да пеглам, да исчистам купатило откако ќе ја заспијам малата.

    Тоа е лепотици толку од мене за сега.


    Поздрав.
     
    На elcezelce, Skyfall, Monella и 16 други им се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    24.089
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте, се спремате ли за празникот? :)
    Едвај чекам петок, конечно ќе одиме кај моите на некој ден.
    Деновиве со мм колку успеавме да зачистиме по дома толку, тоа што остана ќе биде после Велигден. Без ничија помош добро е и толку што успеавме да направиме покрај бебе од 4+ месеци. И тука не мислам на помош друг да ми чисти, ама барем да се понуди да дојде да го поигра бебето за да можам на пример јас прозорите да ги избришам. Или еве сега сакам јајца да вапцам во четврток, ќе морам да го чекам мм да си дојде од работа и дури во 17ч да почнам со бојадисување оти нема кој да го причува бебето. Е за вакви работи многу ми е криво што не сум мажена во мојот град, барем да ми беше поблиску мајка ми. :(

    Следниот месец сме на 2 блиски свадби, ама се ми се чини дека мм сам ќе оди. Бебо е многу комплициран за заспивање навечер, плус и заради доењето ќе треба цело време да си идам до дома.
    Затоа нема да одам и на 10 години од матура, ресторанот кој го одбрале е надвор од градот, па ќе треба по пола саат и повеќе да се возам до дома и назад.

    И така, ништо не ви кажав, бебо вришти, не се наспа па ќе држи концерт вечерва :)
    Поздрав
     
    На Lolipop23, elcezelce, Skyfall и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    На кратко ќе ве поздравам :hug: добра вечер

    Кај нас ништо ново па затоа и по ретко пишувам
    Уствари и се по малку време имам за форумов
    Не знам ни од каде Да почнам :wasntme:

    Една среќа во целава несреќа е што почнав на работа :$
    Ми доаѓа како одмор од се,не ми е тешко воопшто само што ми недостигаат децата
    Го доживеав и јас тој момент деца на прозор да ме чекаат :inlove: да ми се фрлаат во прегратка :inlove: непроценливо....
    Мм добро се снаоѓа со нив,уствари одлично :angel:
    Малку сум уморна ама ќе заспивам подобро навечер :$

    Могли е во градинка и здрава
    Сака да и е исполнет денот после градинката па вечито сече,лепи,трошиме многу пластелин и најново и проработе децката фантазија па од ништо прави нешто :$
    Во главно добра е

    Мали...ах од него ќе ми пукне душава
    4та недела е болен :(
    Денес најново бактериска инфекција на очи и уши :envy:
    Малку е да речам дека душава ме боли...
    5 дијагнози за 4 недели,матичниот очекува и да му се влоши состојбата а антибиотик не ми препишува
    Мислам дека го преколнав денес за да му даде :| аман веќе,2 недели е со воспалени уши :doh:
    Го лечиме со солени капки за нос и ибуфлам за ушите :@ за очите ни даде антибиотиска маст
    За два дена ако не е подобар ќе му дал антибиотик :envy:
    Што да ви кажам повеќе,толку ми е мака што го фрлив рестот од антибиотикот од ќерка,да го имав ќе му дадев сигурно овој пат
    Ми се креваат нервите па ќе застанам овде околу мали :$

    И јас сум со воспалени уши,затнат нос 4 недели и новата докторка кај матичниот ми препиша инхалација со солен раствор :o ми дојде да ја задавам
    Шо не снајде периодов не сум ни свесна,сакам само да помине (fingers)
    Да сме здрави само и ништо не барам повеќе..

    Ми паѓаат очите за спиење мајки,имајте убава вечер

    Добра ви ноќ :hai:
     
    На Ava.84, snegulkata, Lolipop23 и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Јас заради ад млекото дека ми се стварат грутки, го мијам шишето секогаш со сјај тој што го имам дома и плус топла вода, туку јас сакав да прашам кога им давате чај секогаш го топлите или?
    Добра вечер и од мене, памукчето и мм спијат, јад едвај чекав да Ве прочитам:)
    Памукчето денеска толку многу се појака, буквално плачев и ја бришев, од глава до пети, многу ни е интересна, не дека е многу голема:)
    Баш се смеевме со мм, дали ќе надваксаме со јадење здравје кога ќе порасне, како буре без дно е, само си крка, ама ако да ми е жива и здрава само:D
    Оваа година за прв пат нема да сум дома за празникот, толку ми е стегната душата, ем мојата баба не е добра, колку сакам да сум доле сега, ама тоа е живот, ем и бев најголемата поддршка.
    И така, не сум излегла од дома добра една недела, мислам дека ако излезам некој шлог ќе ме удри, сакам да одам да се подновам нешто.
    Ви кажав ли дека здравје летото свадба правам, и ако Ви кажам дека ништо немам организирано ќе ми верувате ли?:rofl: Буквално лед не ме леди, се си мислам дека за 15 дена се ќе средам:rofl: овој па мојот покрај бендот и пеачка нашол таму да ми зее цела вечер, грев ми беше за него, и викам ај нека дојде само ако не ми се допаѓа ти ќе и кажеш деф:rofl:
    И јас сум на свадба во јуни, ама само мм ќе оди, јас ќе сум со памукчето не си ја оставам, пред 2 недели викам ај да излезам со мм малце, душата ме стегна за неа:inlove:
    И така, ај отидов да си легнам, памукчето како аларм е за јадење у 4 треба да стане.
    Чаос. :*
     
    На ma4e1311, elcezelce, Lolipop23 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Вака во ноќта во мигови на несоница ако не пишам, нема кога. Избегнувам да пишувам затоа што се чувствувам како да се жалам цело време. Демек пробувам да сум позитивна, да не ги вадам од мене негативните мисли ама некако не ми оди. Што ако седат во мене, и ако ги игнорирам, не значи дека не се тука.

    Нешто сум скроз емотивна а немам кој да ме "разгали" периодов. Да, маж ми се труди, и не велам дека му е лесно и него некогаш со мене, ама и тој не знае како. За некои работи е доста пореален, и кај него нема простор за дилеми и мислења, едноставно мора вака и тоа е. И тоа некогаш толку го сакам - во моменти кога и мене ме држи реална, ама некогаш и толку го мразам од дното на душата, особено во моменти кога јас сум емотивна и ми треба нешто ете непрактично од него, ама тој не знае да ми го даде. Или не знам, не ни си замислува што сакам.

    Не знам.

    Упорно не сакам да си признаам ама ова што сум емотивно од врв на дно повеќе пати во неделата е премногу исцрпувачко. Денови сум незапирлива, пресреќна, како да го држам животот под контрола, и да нема ни трошка секојдневие кое би го сменила. Но, денови седам и јасно го гледам купчето глупости што се насобрало и што ме мачи. И дилемата е дали е малце и сум хормонална и ќе помине, или едноставно замижувам пред работи кои вриштат од суштина.

    Не знам дали ви се случило да се уморите веќе од себе, и да сакате да се исклучите од сопствените мисли. Unsubscribe.

    Велигденски убаво - на шетање во природа, саботата на шопинг. Мразам шопинг ама среќна сум кога тој ќе си купи работи (терсене е за да му се погодат работи).
    Колку ли ми фали природа, мир, тишина, бегство од пред компјутер, ... После сме биле тапа планета - да, ќе бидеме. Во ера на техничка експанзија ние наместо да најдеме начин да уживаме што постојат машини кои би сработиле нешто што порано ние сме го правеле сто пати побавно, ние се алчиме и уште толку бараме подеднаква продуктивност не само од машините туку од луѓето. Забораваме што беа излети, онакви како на Треска со металните столчиња и маса на расклопување, со сендвичињата и пикниците во природа, правење на венчиња од цвеќе, играње со топка.
    Не, викенди се борам со чистење, пазарење, средување и легачење по каучи од умор.

    Каде се движиме? Никаде. Очите озрачени од компјутер, кичмата свиткана цел ден... кога гледаме зеленило, природа, очите и умот да ги одмориме?... тажно.

    Сѐ повеќе се мислам што правиме како луѓе, човештво. И искрено немам намера да сум дел од сето ова. Go with the flow - не, благодарам. Особено ако the flow е отидено у три лепе. И ќе пркосам на мнозинство и ќе бидам чудак, ама сѐ додека сум среќна и насмеана, ич не ми е гајле.

    А не вака. Милион термини. Те прегледи, на кои се радувам. Но и многу пропратни нервози. Од доктор на доктор. Среќа, сѐ е супер, но додека не одам на терминот желудник ми се превртува и си правам сто филмови.
    Многу терам со некој страв, среќа сѐ е досега неосновано, но нема некој да седне и да ме вразуми дека е ок.
    Ме фаќаат триста лудила, ама тоа е. Хормони веројатно вријат, и тешко е да се смират во 1:30 сабајле. Особено кога си сам со својата несоница.

    Денес со Мачорка се изнагушкавме. Не бев на работа, и 4 саати сабајле не станавме туку се гушкавме, гледавме слики, се бацувавме и се смеевме.
    Ко блесава ја прашувам дали е среќна. Што би сакала да направам - нешто што сакала а не сум направила. Повеќе колачиња. Сѐ додека одговорот е тој, задоволна сум и насмеана. Бескрајно ја сакам.

    @Monella многу ми е жал. Тука сум. Знам дека сигурно не е лесно да си во странство и да очекуваш повеќе човечност а да наидеш на формалности и процедуралности. Виртуелно гушкање од мене и виртуелна но вистинска поддршка.
     
    На elcezelce, Ava.84, mariz и 32 други им се допаѓа ова.
  12. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум пишувала дел од овој пост. Толку многу ми фалат мигови без компјутер, телефон, интернет... Постојано имам чувство како ние да и слугуваме на технологијата, а не таа нас. Јас секогаш на мм му велам дека нас не ни е проблем во врската друга жена или друг маж, туку компјутерите и телефоните... Небитно...
    Си се запоставуваме еден со друг блеејќи пред екран. Но срцево ми се пара што мислам дека му ускратуваме заради тоа и внимание на бебе. А тоа толку брзо расте и никогаш веќе нема да е бебе. Уште малку и тоа ќе почне да разбира и ќе застане пред некој екран и ќе не игнорира. Никогаш повеќе нема вака да ни се радува како сега. А што правиме ние. Побитно ни е да зјапаме во нешто безначајно, глупаво, без суштина. Но мм е информатичар, а јас работам интернет маркетинг и реалноста е таа. Се додека не работиме реални работи ќе се губиме во виртуелниот свет кој ни ја кради реалноста и сегашноста. Ми се вришти. Ми се гади од нас самите.. Сакам да се забрани цела технологија и се да е натурално. Да се вратиме на нашите основи, да го запазиме приматот на човештвото. Па макар тоа и да значи да перам на раце....
     
    На elcezelce, Lolipop23, Ladyyyy567* и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    И јас ја прашувам ќерка ми дали е среќна. Дали си среќна: Среќна сум. А кога си среќна? Кога се мама и тато среќни.
    Умна моја. И заради неа се трудам да се смеам.
    Дали доволно и давам? Дали доволно е надвор? Дали јаде се што треба. Зошто не јаде грав, леќа, грашок... Дали не ја социјализирам доволно бидејќи и ние не се социјализираме во ова брзо време кога работиме само за пари?
     
    На ma4e1311, elcezelce, pianogirl и 20 други им се допаѓа ова.
  14. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.392
    Мари оди на брзата помош,каков е тој доктор што не дава антибиотик за бактериска инфекција за уши.Синко до сега сигурно 5/6 пати примал антибиотик за воспалени уши.Само од себе тоа не мине.Оди и досадувај им.Леле се изнервирав што те прочитав.Имам антибиотик амоксиклав.Од Мк неотворен.Ако сакаш ќе ти го пратам по пошта.Ама ми е страв искрено од реакција.Синко од Амокси се има исфрлено осип и сега не смееме да му се дава.Затоа не би ти баш антибиотик на мало дете ако не го препишал доктор.Дозирањето не е проблем има табела според килажата.
     
    На TarantulaA, Sexybaby86, 24.07 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Ден по ден си поминува, како вчера да беше кога беше зима, студ, парно, ќебе, кога мака мачевме со некои конкретни ствари у живот, па еве дека количката зимата ја мафтосавме сега на ред е нова :)
    Не ми е жал.. барем пола година до максимум ни заврши работа.
    Арно чудо ќе беше да не се скршеше ама јас ја забив у дупче и така се сокрши.

    Денес април, утре 25 април, ден што го чекавме, та пречекавме, сеа испаѓа велик петок не велики четврток, ама не е битно тоа битна е мислата убава и сета борба за нас.
    Стрпливо ќе чекам, додека еве седам со отворен прозорец, навидум не е пролет ама уствари па и некако е, грми, врне уствари сега престана ама фино е, има трева, има дрвја има зеленило и розевина ..

    Пред точно 2 години на велики четврток станав наутро и извапцав 3 црвени јајца, со полна душа чиста мисла и кристална среќа, наутро ќе станам пак.
    Пред две години ни се случи денов велики четврток 2 прекрасни работи, се надевам и сега, се надевам ...

    Дете си расте, секојдневно на лулашки, имаме паркче со лулашки позади нас па користиме почивка од секојдневниот умор и меланхолија.

    Толку надежи толку мисли...
    Уште сега си правам план за летото ... за мал трип .. за сонце за бикини и коктели и така.

    Поздрав.
     
    На elcezelce, TarantulaA, Ava.84 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Здраво од мене :hai:

    Станавте ли пред зори да вапцате јајца? :) Јас во сабота ќе ги вапцам. Неможам толку рано, па после на работа и после работа со цуцка моја. Периодов ко што нема работа, ќе заспијам на биро. Сега го фаќам креветот, првен да читнам неколку страници од книгата и |-)
    Убаво време ни се погоди неделава, :sun:надвор сме цело време. Барем навечер лесно заспива (fingers)
    Наредна неделе ќе ми биде пекол. :worried: Уште сега ме фаќа паника. Знам дека се ќе помине и ќе се среди, ама додека не помине ќе пукнам :whew: дури ни на празников не можам да му се израдувам како што треба.
    Да ви оставам кафе за добро утро :coffee::coffee::coffee:
     
    На elcezelce, hello-kitty.90, minneymouse82 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Денес ќе одиме пак и ќе видиме што ќе ни каже
    И ние досега еднаш или два пати имаме примено антибиотик,ама од дежурен доктор,од нашиов само солени капки и некни ко го однесов пак ибуфлам ни даде :envy:
    Сега и Могли ми се разболе :@
     
    На duffi, fairy88, tincemajmunce и 3 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    За многу години Велики Четврток!
    Здравје мир спокој хармонија во сите семејства и на сите дечиња
    img1556164388619.jpg
     
    На elcezelce, Melinda85, Ava.84 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво.

    Еве ме и мене после некое време. Периодов што помина ми беше ептен турбо со работа. Обврски еден куп, не знам ни сама како ги завршив. Имам уште за доработување ама сега веќе полесно се дише. Ќе завршувам работни обврски и утре. Од Сабота до наредна Среда планирам да одмарам. Искрена да бидам ми се седи дома. Од друштвово сите скоро испозаминаа некаде, кој на море кој на планина, кој на city break. Мене искрено од толку умор и обврски никаде не ми се одеше. Сега ќе си одмараме по дома. Додуше ќе одиме кај свекор ми и свекрва ми, па ќе има кој да помогне со чување дете јас да одморам малку. Здравје ќе одиме некаде за 24 Мај (се надевам на море ако е убаво времето). Плус летово има време за плажа ехехе.

    Денес си добив шарено јајце од кај синко од градинка. Вчера ги шараа, денес учителката ми ги даде во посебна кошничка. Срцката за сите направила по еднен држач за јајце. Браво за жената. Ептен е креативна и се труди. Детево па едвај чека заедно во Сабота да шараме јајце. Ќе видиме каков подвиг тоа ќе биде и дали на крај ќе има јајца за давање на луѓе. Битно ние ќе се забавуваме.
    Убав ден на сите.
     
    На elcezelce, hello-kitty.90, minneymouse82 и 12 други им се допаѓа ова.