Јас би те советувала да провериш тироидна. Јас имав период кога се доведував до лудило се додека не проверив тироидна. Откако примам терапија сум бајче
Добар ден. Секој момент чекам да заѕвони ѕвончето.Денеска на два пати со гостите.Сега ги чекам мајка ми и тетка ми,а вечер брат ми. Брат ми не сакаше да иди дека сме биле ние вчера на ручек,дека сме виделе,но јас и снаа ми го кандисавме.Ќе дојди и девојката од девер ми ќе поседиме млади. Имам од се од благо,солено,кифли и ордевер.Таман малку да се опуштиме кој со винце кој со пивце. Стариве заминаа на Мај уште од денеска и со мм кроиме триста планови.... Не одиме никаде утре....Од повеќе причини Прва е тоа што дува силен ветар, Втора немаме кола Трета многу пари ни се видоа со мм 800 од човек,значи од фамилија 1600.( Барем ќе појдам во ресторан и ќе ме служат за тие пари). Па кога разбравме дека сами ќе бидеме дома колку се израдувавме со мм како мали дечиња.Ќе си бидеме тројцата заедно мм нареди јас да одмарам а тој ќе правел скара.И зависно од времето, ќе појдеме до некој парк на некој сат. Толку мајки стигнаа првата тура гости.Вие убаво да си поминете каде и да одите. Секаде е убаво кога сме со нашите сакани....
Ауу... Реферати машала,човек не може да дочита хахах честит велигденски а и првомајски празници. Ќе почнам со еден пост на @Saraa и јас нешто последниве месеци сум многу нервозна,често со причина многу ретко без причина. Прво мислев од бременоста е ама тоа ми трае уште пред да останам бремена. Напати мислев дека сум западнала во депресија па после поради обврски и бременост си ја запоставив состојбата. Мислев дека ништо не ми е ама чуствата си се повторуваа. Се додека не прочитав тука па реков да видам има ли нешто. а ме интересира што врска има тироидната со нервозата? .може има ама не знам еве прашувам.
Среќни празници мајки, здрави, живи, весели.. Деновите да ви бидат исполнети со љубов и насмевки.. И мене ме нема тука повеќе од што нема што да пишам, деновите исти, секој како пресликан на претходниот, деца растат, а мене очајно ми треба дугме пауза време лета, синко ми е веќе цело маже, а бебе гуга вика на цел глас, ме бара кога не сум до неа и очињата и светкаат кога ќе ме фати на видик па се смее на глас, љубов ми е. Да си кажам јавно сите стравови дали второто е можно да се сака како првото, едно големо ДА.. Ги сакам бескрајно многу. И мм го сакам де ама некако сме на ратна нога последниве денови, како тинејџери сме само ќе се закачиме нешто па со пораки се смируваме, па после си ги пречитуваме пораките и си се смееме. Заспа екипата, се одјавувам и јас, добра ноќ
Здрастиии Среќни празници мајкички, се надевам дека добро сте поминале за Велигден, мене многу ми фалеше одењето на црква, собирањето на ручек, ама тоа е, здравје наредната година ако се може. Денеска денот турбо, цел ден, бевме едни документи да средиме, таман се вративме тетка се најавила дека ќе дојде, ајде спремање на собата, пазарување, утре си одат ама сакавме се да биде спремно. Бебка цел ден не сум ја видела салам, кај сите оди. Многу ми е грев за неа, некни додека е спиела, памперсот и пропуштил, цела беше мокра, постелнина се се, од тогаш е со затнето носе, и некна на педијатар кога ја носиме ја фана свеж и поладен воздух и толку и требаше. На мене грбот и рачниот зглоб од левата рака ептен ме болат, дури прстите ми се окочуват, дали дека некни ептен ама ептен тешко носев, а денеска месец од кога сум породена. И така, отидов да спијам додека Бебка не е станала за јадење. Лека ноќ и убав помин утре кој слава први Мај.
Добро утро мајки Момите ранобудни, од пред 07, па зевај сега. Тубро сме од сабајле. Играат, скакаат, лудуваат. Секоја во свој филм . Душа ми се. Нема поголема среќа од хаосов во игрална во кој сега седам. Ќе одиме на рибник, децава обожаваат риба, по цели огромни пастрмки ги лапнуваат во еден здив. Таму има и игралишта со сите реквизите, па додека чекаме да се занимаваат. Потоа возење тротинети низ природа на дневен ред. Убав ден на сите
Здраво мамици! Сега станав од спиење , што убаво се одморив! Дечките станаа порано ама ММ ги зеде во дневна за јас да си поспијам! Има дал нешто брзинско од фрижидер за доручок. Важно не ме разбудиле! Што значи кога он е дома, се ми е полесно. Сега пиеме кафе , утринско и машко , најубаво он ми го прави. Шмркаме кафе, беба заигрена, дада загледена во некој безвезе цртан. Не се ни ободуваме да почнеме некој разговор оти одма ќе ги прекинеме деците во нивните активности , оти се што ќе прават и кажат мама и тато е поинтересно од се друго. Се мислиме каде да го минеме денот. Секако дома нема да седиме. Дадата сака Дојран а на овој ден тооолку не ми се оди таму . Беба ќе трчка на двор кај баба и деде, не иде со нас! Ќе имам цел ден да се посветам на дадата ! Искористето го денот убаво! Поздрав
Здраво женски, среќен празник Сабајлево бевме до кај родителите на мм на појадок, па прошетавме со бебо низ град, тишина, нема гужва, сите слават 1 мај. Дома сме сега, со мм се фрливме во акција на чистење. Тој двете тераси да ги среди, јас прозорците и ручекот покасно ќе биде. Бебо дреме, изморен е. Научи да се превртува од грб на меше и цело време тоа прави сега Викендот бевме кај моите, прекрасно си поминавме. Конечно се видов со мои драги луѓе Ова од прееска останало Ручекот превкусен, тераси и прозори чисти, сега за мерак може да седиме на нив со бебо. Во петок сме на свадба кај моја екс колешка од работа со која мн си живеам, би сакала да одам ако дозволи бебо. Моите ќе дојдат да го чуваат, ем и да се видиме додека татко ми е уште тука Е сега, да пробам кој од фустаните ќе ме собере. На килажа сум иста ко пред бременост, ама градите ми се поголеми од млекото Имам нешто да промрчам, ама ај ќе го зачувам за себе, да не се полнам негативна енергија. Ама ми смета многу. Ај, одам да испружам нозе додека бебо спие.
@Mari* Среќен роденден на Могли Да ви е здрава и жива и секогаш да ве радува и да ве прави горди родители И помалку да лудува Здраво мајки! Ќе си легнувам сега па ај ќе пишам ред два. Денов преубаво поминат во природа. Пешачевме во планина со едни Македонци. Ептен добро ми дојде дружба и плус чист воздух и прекрасна природа. Дете се изнатрча имаше и две други дечиња и постојано ги следеше и не ми заспа во количка. Бевме и на ручек. Дете ми заспа дома дури во 6 часот и уште не е станат се надевам дека ќе спија до сабајле. Ова прв пат му се случува. Си се видовме и со маж на рајат тој си легна па ме вика и мене. Одам. Добра ви ноќ
Ај добро утро! Најавија терен па викам чекај одамна немам пишано да си ги поздравам другарките. Среќни празници, живи здрави и благословени! Празниците поминаа во благ хаос, бевме до село, со едни братучеди заедно, малку г* преку глава ама... Одморив делумно, иако не излегов од кујна се наполнив чист воздух и се наспав, добро ова баш не доволно ама кога не треба да станеш во 6ипол секое сабајле добро е. Во куќата во село има многу инсекти и други опасни членконоги и многу ми беше страв, ама изгуравме. Си прочитав дури 2 книги за еден викенд, тралалајки се ама ми дојде убаво. Дете е прича за собом. Секое сабајле вика како нејќе у градинка а таму е жив среќен. Почнува веќе да зборува јасно, сите деца ги кажува кој е кој, секое сабајле се среќаваме со некој и се гушкаат или го кажува овој е Јован. Права атракција е со колите, и многу сака кога го прашуваме кој каква кола има. Маж го снимал некни на прозор на 5 сантима отвор ги гаѓал сите коли кои проаѓале пред куќа, на спуштена ролетна и малку колку се гледа. Смејурии. Сто пати денес да го прашаш ќе ти каже. Многу му недостига тете, таа па е на одмор сега, нема да дојде уште една недела, душа негова како ќе издржи. Бара да ја гледа на инста или фб, Пушти слики тете! и ми дава телефон, друго не, ама слики тете многу сака да гледа. Веќе и тетинот го вика тетин, порано само на име, Боки. А тете па што вади едни слики од Куба, едни убавини, лелеее.... Дајбоже и ние некогаш да си идеме на некој таков егзотичен одмор. Со маж сум и јас на ратна нога малце, игнорирам може да се рече подобро. Ќе ни помине, бубачки во глава, не е малку веќе заедно 12 години, си здосадивме, па решив малце повеќе да се сменам за да ни биде позабавно. Нормално јас со тежината мака си мачам, пак си почнав со диета, еве скоро месец ќе направи, ама од понеделник и на вежбање ќе почнам, има да ја изгурам оваа битка! Само така може да сме среќни и двајцата. Тоа е тоа, морам да одам на терен а имав уште за кажување. Ај ако има време после
Добро утро мајкички Како сте, што правите? Ние вчера празникот го поминавме дома, се чувствував исто како да не е празник, да бев доле подруго ќе беше, ама добро е не се жалам. Здравје едвај чекам да си одам во јули, до тогаш имам термини, инаку уште од сега ќе му ја летнев Мојот дедо, моето сонце и љубов најголема, цело време ме прашува и сега какво е тоа млеко, да и земал 5-6 кутии кога ќе слегнал за Мк, кај него да имало млеко, тој ќе ја гледал исто како мене што не гледал, се ми вика ти излевај, шетај, јас ќе си ја гледам. Сабајле во 5, бебе кога кажа какаааам, целиот грб и беше извален, греота морав цела да ја соблечам да ја средам а она цела се тресаше. Колку многу е пораснета за 1 месец, плавоока моја. И јас со мм бев малце скарена, ама се што ми лежаше на душа се му изнакажав, почна да се вади со некои муабети, ама не му успеа, јас се си памтам, и он како што направи, и јас така да виде како е, можев јас да се скратам од милион работи, а он цела заштеда да ја истроши од кога дојде брат му, де такви патики, де излевај дента на кафе, де вечер излевај во бар и кафич, нели дека доле кога бевме во Мк, јас и мм цело време бевме излезени, како сега ми е, на мене не ми е мака дека се истроши, тој му е брат мора да го гледа, ама неможеш цело време да штедаш, и за 1 недела се да истрошиш, ама гајле ми е, сега он си кука, нека му е лекција. Некни ми беше прекоментирал не влегувај со никој дома во конфликт, а викам така ли, епа секој кога може да си го кажува своето мислење и да подбуцнува, така можам и јас, и пак ќуте, нека му е и тоа. Баш вчера, сакав да излезам некаде на кафе и тројцата се спремат и мм ми вика ако сакаш оди, јас ќе гледам бебе, аха викам кој ме покани со нив да излезам и гледе ме само и ќуте. .И така, едвај чекам да си одам здравје доле да се цивилизиран малце Си кажав што имав и сега ми е поубаво, чаос.
Ajde i jas edno zdravo da kazam, pred nekoj den se zalev deka vikam po malata, pomina PMS sega sum ti kako bajce, mada po priroda sum takov tip nervozna i eksplozivna sto sum nasledila od majka, no koga pms go nema, znam i da se kontroliram. Si pominaa praznicite, denes prv den na rabota posle cela nedela pauza, tolku mi se fati tocno 7 dena eden odmor isterav, hahah se vidovme so sestra so zolva, mada ne bas dovolno ali toa e toa broeni denovi taka e. Vcera celo vreme si mislev utre e ponedelnik ono cetvrtok, ako nisto drugo ke se raduvam za brzo vikend ke e, demek se premoriv od rabota, ama koga ke zalegnes odi trgni pa raboti. Се извинувам ме мрзи да бришам и на ново да го пишувам се ова со мк подршка. Имавме и едни драги гости, другари на мм за празников на гости, така мераклиски сум спремала што да ви кажам, мада ништо посебно но масата си беше полна, не дека ги нахранив луѓето и од тој ден нема да се гладни и нема да јадат повеќе но ми е мерак кога ќе се изеде и не треба после гости да јадам три дена или да замрзнувам. Си одат луѓето во друга држава живеат па нема да се видиме за брзо а баш ќе ми фалат такви гости, убаво си поседовме со муабети, со смеи со се по ред. За први мај никаде не бевме мм на работа јас со малата трчаше добри два саати надвор се премори заспа, што не е случај во другите денови не преспива и подобро ми е да не преспива. Вечерта подоцна легнавме и се смеевме се гушкавме и цело време повторуваше да останеме разбудЕни тато пречекаме, незнам колку пати ова го кажа, па го успавме Тео, па и Бела жирафата од животинско царство сами ние никако, хахахах. Некако се предаде, па јас кога се повампирив, не ми се спие ама не ми се ни работи, па земав на тел чепкав и некаде околу два заспав. Малата цела вечер спиеше, дури во 07:00 се разбуди за млеко, што инаку не е случај. Тоа е да се враќам на работни обврски ама пред тоа второ кафе да удрам, ајде кој е за. Поззззз, драгички и уште еднаш фала ви за советите, полесно е кога ќе се искажеш, па и кога ќе слушнеш некакви слични искуства и начини како некој друг се справува со т.н. проблем.
Мајки,како сте? Оддамна ме нема, простете, ја подзаборавив темава. А и не сте ни вие нешто баш активни на неа,м?! Да ви честитам Велигден, со задоцнување, простете и за тоа. Ние истеравме празници убаво, вчера го преседовме цел ден во едно ресторанче надвор од градов, покрај автопат, во природа, со најубава можна глетка Бебе прво остаив дома да се наспие пошто веќе и идеше време за дремка, а таму ќе беше невозможно да заспие, па се вратив покасно и ја земав. Па тоа дете мое е само за во кафана, бре! Абе бајче,бајче, умно детенце Со корка лепче се занимаваше пола саат, па со бисквитка уште пола, па малку роваревме по ресторанот т.е игравме брканица со дечиња кои беа со нас, и вака така помина денот. Издржа цели 4 часа будна, баш беше развеселена и разиграна. Е,нормално, веќе при крај ја вклучи сирената и тоа беше знак дека треба да го фаќаме патот за дома. Се избањавме сите и фативме хоризонтала. Почнав на работа пред недела и пол. Премногу ми фалеше да поминам повеќе време надвор од дома, вака се осеќам многу поисполнета. Среќа ништо немав заборавено за овие 9месеци Бебе одлично се прилагоди на новата ситуација, без проблеми си седи со свекрва ми, јаде што ќе и се спрема, не е проблематична. Ма што е најјако и од шише почна водичка да пие, ееееејј тек сега на 9месеци Купив на Нук едно со Мини Маус која патем ни е омилен лик, и реков ќе ги прежалам 500ден за едно шише, ама жива ќе се изедам ако и од ова не пие Среќа па го прифати. Добро, повеќе џвака него ли што пие, ама пак шмука Боље ишта него ништа. Утре ќе ја сликаме за пасош, имам стари денови од одморот лански за користење, па при крај на месецов да ја дувнеме на море малку. Букирав и за летоска, го одбрав Афитос, ваљда ок ќе поминеме. Ако сте биле таму, споделете искуства И тоа.. Уште еден саат сум на работа, денес гужва страшна е цел ден. Конечно седнав да здивнам малку, ќе шмркнам едно кафе и да одсм свежа дома. Таму ќе ме чека најадено и наспано бебе, кое сака да е во покрет нон-стоп, па богами ми треба вишок енергија Останете добри.
Ден мајки Во врска со мажите, одкако почнав да заборавам раат сум не се сеќавам што ми има кажано од вчера за денес и си терам без стресови Е сега, тоа што тој се нервира не е моја работа, секој за него си гледа Празниците ги поминавме во домашна атмосфера, малку прошетавме и на воздух, насобравме енергија и почнавме јово на ново. Утрово однесовме дете во градинка, се мислев многу дали да го носам или не ама пак го однесов. Во неговата група има деца со варичела, со кои тој веќе беше во контакт до пред два дена, е сега, ми изгледаше глупо да го чувам дома кога тој беше со нив до последен момент. Сега останува да ги чекам фамозните денови на инкубација да видам дали ќе има и кај него @Mari* Среќен роденден на снашка, многу да ве радува! Одам сега да го земам ѕверот од градинка. Убав ден!
Добар ден мајки Пауза за кафе пред да дојдат момите и да почне второ полувреме. Грбов ми зина од сабајле, се ме боли, ма знам кога ќе се растрчаат ќе заборавам на се. Денес сум во школата за возење, па ќе дремам, ќе седам таму, ќе се одмарам. ЈАс не паметам кога последен пат сме се зарчкале со мм. Толку многу сме уморни навечер што немаме сили ни за тоа . Додека избањаме деца, пижами да се облечат, па заби да се измијат, па книги читање, успивање...сакаме само да уживаме во моментите. Реално не ни имаме за сега некоја причина. Он со работата, јас со мојата, заеднички поминатото време околу децата и за децата, моментите на само навечер ни се скапоцени. @Mari* Најсреќен роденден на лепотицата. @AngelOfArh стискам палци за да се топат килограмите. Од сабајле турбо. Испратив деца во градинка и ставив одма ручекот да се вари во експресен, прираскренав низ дневен престој додека малово на секој чекор зад мене пак растураше. Пуштив машина за перење и свертевме неколку круга низ село и до супермаркет. Кога се враѕивме, она конечно уморна, па ја успав па на раат ставив ручекот во релна, спружив алишта, испеглав еден рид. Во меѓувреме мм конечно монтираше на зидот во игралната едно како камчиња за да се качуваат децава. Како планираски зид ќе му дојде. Едно мало калакс регалче од кај него во биро го симнав таму па со детево околу мене колку успеав прераспределував играчките, чистев...и сега папсав. Ама заличе просторијата на нешто. Кога се е спрастресно и убаво наредено делува и поголемо и со повеќе слободен простор во средина за да играат. Убав ден на сите
Добро ден постот од утрово ми е ама не е испратен Ден пред петок Ама јас сум на работа во сабота имам за обработување За многу години Велигден Малку каснам Велигден ништо не осетив Баш се враќавме од мк.Па малата болна со повраќање по патот.Хорор али Па кога си дојдовме избезумена забаравив да кажам на маж да купи јајца фарбани , а нему не му ни текна и останавме без јајца Ајде догодина здравје Како си поминавме во Мк.Арно беше без двете болести ќе сакав да се вратам назад Бевме, вадвме пасош и да не кажувам каков однос имаше вработената После нели станав тетка па бевме да ги видеме бебињата и не не пушти стражарот морбили имало.Ок ама ако му се јавел заменик директорот ќе не пуштил А директорот го знаеме ама се изнервирав од фактот дека ќе ги снема морбилите тогашНе реков, не фаќам врски ќе си дојдам друг пат А во 13 часот беше зјај пазар што би рекле старите.Ама од 13-16 нема морбили Малата си играше со полно деца и поголеми и помали и сите ги сакаше ама се машкиПочна и да се опушта повеќе со зборењето што вика свеќи за една недела сите зборови ги научилаОд неа изгледа Бевме кај бебенце и толку му се радуваше штом го спуштев велеше да го земамСамо го галеше и викаша сакам да го бацам на образот, а јас и велев не многу е малоАма пак го сакашеМислев ќе е љубоморна ама ме изненади Цело време кога шетавме со малата трчаше како без компас и оти нема тротоари се плашев кола да не ја згази А таа пак штом ќе видеше ѓубре ќе кажеше ниш гут(не е добро) канта фрле,ама немаше кои да ја чуе Ден кога трбаше да одам кај моите да спремаме за тиганиците бевме на црква па на враќање ја фати тантеум .Никој не успеа да ја смири.А баба и 10 пати повтори Ава она те слушна дека кај мајкати ќе одиш , кај мајка ти ќе одиш Па и да чула не повтарај 100 пати Фала богу што живеам без свекрва На крај се изнервирав и му реков на маж оди вози ќе ја шетаме да заспие па ќе одам .Кружевме ама не заспа па си ја зедов кај моите си играше со татко ми, а после и со деца. Успеавме прошетавме и до Гратче-Кочани .Помогнав на мајка околу чистење исто и на сестра ми. Петокот толку бев скапана и ненаспана од преходните ноќи што сакав само да спијам.Ама не малата повраќаше секој саат.Успеав заспав од 5 до 7:30 кога станавме за доктор. А докторката прво крвна слика ЦРП 10, 5 а требало 5.Ајде антибиотик.Откако 3 пати и дадов имав време да видам од што ја лечи.Од бронхит, и други бактерии ама ништо со повраќањетоСе изедов зошто дадов. А колку лекарства ни даде а против повраќање не даде , а ние треба да летаме во 13часот.Па го пратив мм по сируп против повраќање и пелени за секој случај.Па дадов и супер поминавме не поврна повеќе , а и по 9 пати доволно беше. После и нас не подреди А свеќи она се знае после секое повраќање јогурт да пила.А др одма кажа 24часа без млечни произвиди Успеав се шишав и заб пломбирав ама се каам не ми го направи добро Одам по малата во нејзината група утрото видов лист со вошкиАј белким поминале додека не бевме тука.Убав ден @Mari* Среќен роденден на Могли да си дочека уште 103 години
Добра вечер Немав време да пишам вчера,Могли ми порасна друшки цели 3 години поминаа Имавме многу гости,не планирано ама убаво Мм скара праеше јас торта и салати и го изгуравме денот Многу поклони и хаос ни остана Денес средив малку колку што можев,спремав ручек за дечки и мм и на работа,пред еден час си дојдов Мали има бронхитис и се инхалираме од вторникот многу е болен и не знам веќе што да правам Мислењата како вируси се и нормално е не ме смируваат некако Долго трае и секоја обична настинка завршува со бронхитис Побарав да не упати кај специјалисти,мал бил сеуште за било каква дијагноза да му се утврди Немоќна сум...макар засега Ми повторува како папагалче,со него се разбираме многу полесно него ли со сестра му Кажува многу зборчиња... За игри уште ми е незаинтересиран ама обожава алатки Утре ако успееме да излезиме ќе му купам пластични за да не направи беља со вистинските Могли и таа е со терапија ама за кашлица само,таа јуначки се држи И проработи фантазијата па од пластелинот прави чуда Торти,колачи,ги пече па послужува брат и дегустатор Зема перници и седнуваат на под да пеат песнички за запознавање Тоа во градинката го прават Едвај чека да почне,а од следната недела и припаѓа на големата група Социјалниот живот сведен ни е на нула Со мм скоро и да не се гледаме Вчера излеговме со деца вгрљд после една недела Јас ја откажав онаа мини работа дека ми дојде премногу не знам од кај ми идеја дека се можело не си ги гледав децата никако Сега е подобро Не знам веќе што да пишам,ретко пишувам и не знам што да пишам побрзо Деца заспаа,да изгледам еден филм со маже... Имајте добра ноќ