Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool и ние прикупуваме дрва, мислев демек куќа поладно ама мајка ми вели греалка уклучивме а во стан се. Инаку убаво тоа со децата од градинка,но нели епидемија е прогласена, колку е паметно да се мешаат толку деца. Од една страна застрашувачки е , смртни случаи, огромен број нови случаи. А ваму собири, папата, маратони, па и ова со децата. Незнам, не сум паметна веќе, изгледа само јас се плашам.
     
    На eli25, Kaetana, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Добра вечер мајки!
    Одамна ме нема да пишам, периодов бев презафатена. Дома уште сме со гости од странство. Што убаво ми дојде, ги изнаиграа децава. Ептен ги сакаат, а и нас не почитуваат.
    На малиот му излезе запче за велигден (конечно). Братучедка му на мм му го "најде". Нека се радува,миленик и е. Запчина уште немам порачано.:$
    Крштевка бидна. Беше прекрасно. Сега сум целосно ослободена од грижи. Масата испадна сон поубаво од тоа што ја имав замислено. Од сликите сум исто задоволна, а се потрудиле да ни направат и кратко бејби видео.
    Вчера само што не добив срцев удар. Малава почна да се исправа и обично наутро она поспива до кај 7, а јас со малиот во дневна. Случајно влегов в спална порано ја гледам разбудена и исправена на креветче. Шок ме мавна. Ќе се направеше глупост. Битно татко и во зимски сон никако да сети дека нешто се случува.
    Господ да ги чува сите деца.
    Инаку многу плачеја на крштевката и после на пат за дома заспаа. Срцина мали. Малата обично често се смее, но цел ден го помина со озбилна фацка.
    Поздрав мамички отидов да мавнам еден туш и да спијам.
    Добра ноќ
     
    На lavica82, eli25, elcezelce и 18 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    и јас сум избезумена и не знам што да мислам од една страна искрено малку се плашам,а која мајка не би. Од друга страна треба овој месец да ја примиме вакцината,ни стигна картонче за вчера ама не бев,чекам резултати од брис па треба да им највам во диспанзер нели оти следува казна а од друга стрна па не знам дали ме читаше во темата за морбили,замисли со коксаки вирус или којзнае кој нас не прогласија за заболени од морбили. Па по трчање по болници и лекари и такви ствари не верувам во епидемијава. Повеќе се плашам за бебето кое треба да се роди. Да било епидемија заразно ризично мислам дека јас до сега 100 пати ќе заболев. И стварно не знам што да мислам на оваа тема.
     
  4. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    На girl-miri, Mari* и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.821
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.

    Не знам од кај да почнам, од кога не сум пишала...
    Малата моја е право девојче, си направивме роденден, помина одлично, колку беше пресреќна само не можам да ви опишам. Сите нејзини другарчиња дојдоа, со сите се поздравуваше, правеше муабет, насмеана цело време, се изнаигра, прекрасно си поминавме сите, вредеа сите пари. А богами сите пари беа дадени. :D
    Читам статии за порано како било, со по едно сокче, тетратка и моливче и супер било, ама мене воопшто не ми беше така. Се сеќавам ќе не натискаа во една соба сите деца и така, ај што знаете правете, колку ми беше безвезно и воопшто немам некои спомени за кои би жалела, ниту за мене е валидно тоа споредување.

    Почна во градинка средината на април. Да, се решив и јас да ја запишам конечно. :D Што да ви кажам, отиде и толку беше, едвај ја земавме. :rofl: Имаше после само на врата плачки два дена, ама тоа ептен за нас беше, да не сме навредени дека нема да и недостасуваме.:smirk: Сака деца, сака дружење и знаев дека ќе и биде супер. Веќе и возраста е таа. Какво лепенче беше за мене ех, сега веќе нема гајле, сигурна е дека мама е тука секогаш, ќе ја земе од секаде и пак ќе е со мене. Се разлигавив.:angel:
    Од друга страна, да се пожалам де, дека е уф, крајно упорно и напорно човече. Приметувам дека почесто го дигам гласот. Ама мора сама да проба и готово. Пример, правеше список за пазарење. (шкрабаници, нели) И земала на тоалетна ќе пишува. И викам ќе се скине, еве ти ливче. Не, на тоалетна и готово. Зема со пенкало и нормално се скина одма. Ми вика, ааааа доброоо, дај ливчето сега.:D(facepalm) Тешко мене ќе биде понатаму.

    Мене некако не ми беше баш најдобар периодов, пак некако анксиозноста ми се враќа, некоја нервоза ме фаќа од земјава, од времето, од луѓето, од... Не знам, се чудам какво чаре да си барам.

    Толку за денес, доста е мислам.:hai:
     
    На Minnie-e, eli25, elcezelce и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.

    Времево ужас, а јас со кафе седам под кебе. Дете стана пред 7 па еве сега преспива, да здивнам. Не дека кој знае што направив утрово, ама притисокот ми е 0 и едвај функционирам. Прееска не можев од кревет да станам.

    Во полн ек барање место за одмор и веќе се шашардисав. Првично најдовме за Каламици, ама сега се премислувам, зошто нема дворче во вилата. И почна голготатат. Гледаме се од геракини до никити. Фрлив око на понуда во хотел во метаморфозис, ама ме буни плажата. Па најдовме комплекс после никити (ковиу вилиџ), ама и таму поделени мислења. Па сега сакам и никити нешто ако најдам. Ама и јас сум нит се водам нит се терам. Ако продолжиме вака, дома ќе си седиме:(
    Ако имате некаков предлог - добредојден ќе е:)

    Дете утре прв ден во градинка, па мајкава зема одмор свечено да го однесам. Ќе биде интересно ако не сака да седи:worried:. Го спремавме со зборување, му кажуваме како ќе оди во градинка да си игра со децата и како демек се радува, ама ќе видиме реалноста што ќе донесе.

    Инаку многу си го сакам:inlove:. Особено наутро кога сме сите на сплан и кога ни вика "сите" - сите тројца да сме се гушнеле:inlove:

    И мојов обавезно зграбува туѓ тротинет (тинет) на улица :D. Не сме му купиле, ама сега ја активиравме колата на акумулатор, па да се искорости прво, па после ќе му ја мислиме за друго. Јас сакам баланс да пробам да му дадам, ама уште ми личи мал, дека ситен ми е. Инаку кај нас обратно. Обавезно има некоја дадичка на игралиште што му го фрла меракот, како жива играчка им е. Шмекер мал. А овој па едвај чека да се закача:D

    Изгледа ептен се распишав, а сигурно имам уште многу да кажам.

    Имајте убав остаток од викенд и гушкајте децата.:hug: :f:
     
    На Minnie-e, elcezelce, tincemajmunce и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Некa се рaшири видеoтo, пoсебнo пo дијaспoрa и ќе средaт Албaнците веднaш. И стaн ќе имa и мaж ќе се нaјде. Зa нивните тие се грижaт.
    Жaлнo инaку.
     
  8. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Скромна женичка..
    Не бара многу, “колку си во можност,толку”
    Бебето нема пробано никакви каши, никогаш не купила ни кашичка ниту сокче .. ;(
    Се надевам ќе се среди за скоро, многу жално.
     
    На girl-miri и Bridget им се допаѓа ова.
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Прежално. Секој ден има вакви приказни. Навистина е претажно. Се повеќе се нервирам, без срам кажуваат колку пари потрошиле за изборната кампања,а деца гладуваат,умираат,се лечат со донации. Тој што ќе ги донира парите од вакви работи и ќе се откаже од кампања,ете за него ќе гласам. Ако се најде....
     
    На girl-miri, Ava.84 и Kaetana им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ќе се нaјде, кaкo не. Прoсти и aлчни и неписмени. Дa им дaдеш фирмa сo 10 врaбoтени ќе јa прoпaднaт, тие држaвa вoдaт.
     
    На Biljarkata, Ava.84, Chanell* и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добра вечер

    Многу сакам да пишам а никако време да најдам
    Нешто малку ќе шкртнам,да не ме заборавите

    Деновите никогаш побрзо не ми минувале
    Наутро со деца,обврски низ куќа и дошло време да се спремам за на работа
    Кога се враќам на брзина вечераат и на спиење
    Секој ден буквална одлика на предходниот
    Денес и утре слободна па го користиме секој момент за гушкање
    Си недостасуваме како никогаш до сега :inlove:

    Могли е оздравена целосно па во среда планирам да ја носам вградинка
    Од среда ќе е до 14часот :o може и цел ден да останува ама нема потреба така долго да седи таму
    По цели денови ми се фрцка :$
    Не овој фустан,не тие чевли...принцеза била :inlove:

    Мали ја гледа па и тој ми носи фустани,и тој сакал принцеза да е (facepalm)
    Нормално и тој шета во фустани и круни 8)
    МаШ мрчи ама пак на крај попушта :D
    Него уште е болен :( се инхалираме ама има опструкции и грозна и досадна кашлица :envy:
    Ме радува што денес мрсулчињата повеќе се безбојни него ли зелени...
    Со мм бараме доктор даго однесеме,не знаеме ни каде ни како
    Дали воопшто ќе не прими некој,макар второ мислење да побараме
    Овдешниве доктори во околината отпаѓаат заради што горе долу се исти,кај неколку сме веќњ бидени и н би да одиме пак
    Еден кинез ми го оздрави детето пред повеќе од година ама каде даго барам не знам :wasntme:
    Збунети сме и исплашени верувајте,5 недели не можеме детето да го оздрљвиме

    Почнаа да ми се затвораат очите,не ги гледам буквите...

    Добра ви ноќ
     
    На Minnie-e, Sandrin4, eli25 и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    За нас можеме сами да закажеме на специјалист, ама за деца стварно незнам како е. Во секој случај распрашај се дали може така сам да закажеш без упат од доктор @danicap можеби знае?

    Ние добри бебе спие до мене синоќа заспа многу покасно од обично, а многу лошо спиеше ноќеска па сега надокнадува. Тројки излегуваат па ноќите не увезуваме многу сон, ајде ќе поминат и тие заби. Друго ништо ново кај нас. Убав ден на сите
     
    На 24.07, Ano, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Мора упат,без упат ништо
    Бевме и кај нашиот матичен и за жал и неговото мислење е дека е мал за кај специјалисти
    До 3 години било нормално да е стално болен со оглед на тоа дека посетува градинка :envy:
    Единствена надеж ни е да смениме педијатар,што е многу тешко заради што се натрупани со пациенти
    Мада скептична сум и за менување заради принципот на работа што го имаат,горе долу се сите "исти"
    Спремни сме и на 60-70км да бараме,само да го потрефтиме да е како што треба :wasntme:
     
    На 24.07, tincemajmunce, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.272
    Пол:
    Женски
    Исто бевме и ние Мари, 6м беше нон стоп болен, во 6м три пати спушти на плуќа. На нас ни кажаа дека тоа не е нормално и дека ќе не стават на пумпица за астма ако уште еднаш спушти и најверојатно ќе ни даде совет да прекинеме со градинка. Толку многу опструкции ја ослабуваат плуќата рече. Ние побаравме чаре за суплементи од него ама не ни даде ништо па сами се одлучивме. Земавме Дефендил 3 месеци, витЦ капки, Ацидосалус спреј во нос и грло, секое сабајле по едно лажиче мед, сега направив мед од глуварче и тој го давам. Билдање на имунитет е клучно во оваа ситуација. Ако треба и подолго отсуство од градинка, месец, месеципол. Така ние направивме и еве го година дена е добар, има настинки, има носе затнато, поткашлува, поткивнува, ама се се сведува на ден два и креваме одма глава. Последното разболување поозбилно одседовме дома месеципол, инхалации со кортико, урбазон го боцкаа, два дена го слушаше матичниот по повеќе пати во денот, баш беше ризично и напорно. Кренавме глава и одма побаравме чаре, на негови неполни 2г смеев само Дефендил, почнав и фала богу за 3м даде ефект. Мој совет да пробаш. Дефендилот некаде и Имуноглукан го има по име, побарај го. И мислам дека многу ми помогна тој чајот од кромид, јаболко и ореви.

    На работа си најдов доста работа заостаната од недела дена што беше идеме неидеме на работа, еден предмет го чекам еден месец да се врати кога излезе дека колешката воопшто не ми го потпишала, ај сега поправај тек дати и корекции па пушти го од ново. Ми се темни од луѓе кои не знаат да работат и те кочат во работата.

    Дете во градинка, не е баш воодушевен со идеата ама ќе пројде. Нејќел во градинка пошто таму децата спиеле, а на него му викале Шшшшшш Матео! Мочко еден, таму е пресреќен. Деновиве бевме ептен љубвоно расположени, ќефови. Како отвара да збори, не ми се ни верува веќе. Мајмунче на мама!

    Јас почнав со вежбање, вечер пак сум, малку напорничко ама поарно него ли да не правам ништо. 3 пати неделно. Внимавам и на исхраната, малце се опшутам па пак внимавам ама битно не одам нагоре веќе. Ми фали сега гардероба, многу ми фали. Ама ќе почекам да сменам плакарот летни, зимски и ќе видам. Ми фалат и обувки. Тоа ќе средам денес утре, патики и едни балетанки, немам со што да одам на работа веќе, до толку е, одам со едни патики од Топ шоп така по класични, ама не личи. Имам и на дете за враќање пари, му ги земав за на гинеколог, а план ми е баланс точаче да му купиме или трицикл, голем му е овој за буткање уште. Ќе ги спакувам малите, да не ги искршиме, да се најдат за некој батко или за некоја дадичка, а и да олабавиме малце просторот дома.

    Толку ми текнува за денес, утре можно е и да не се работи, најавија ама уште немаат потврдено, па ќе видиме. Не дека ми фали ден за одмор, се одморив, ама ми фали ден за да испеглам се по дома. Убав ден!
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, Marmarin и 10 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.539
    Допаѓања:
    289.036
    Добар ден мајки.
    Седнав и сега дури осетив колку многу ме боли грбот. Како со нож некој да ме боде.

    Тиичен понеделник, што попрво. Маж ми даде обврска, платата да си ја извадам, да полагам некои тестови за на аеродром, ама не беше баш успешно. А неколку саати ми летнаа. Утре, здравје, пак ќе треба да се обидам. Куќа проодена. Викенд се само се трупа, се фрла, се собира...и понеделник глава не знам каде ми е.
    Викендите исцрпувачки до бескрај но преубави. Шеткаме со момите, се уморуваме, уживаме.

    Две машини исрани и спружени. Исто толку собрани и што не беше за пеглање веќе распределено. Мини генералка во дневниот простор и целосно раскрената просторијата која ни е како перална. Не знам колку картони, пластични кутии и тон непотребни работи однесов во подрум. Капак на се и два килима ги мкнев ги носев. Грб ми падна ама веќе не можев да ја гледам просторијата несредена. ОД таа се оди директ на балкон, па сега кога ќе се стопли, ќе седиме често надвор, сакав и тука да ми е средено. Се откажав од идејата мм дека ќе монтира еден од тие подвижните метални гардеробери, на тркалца само шипки што се.
    Го качив пакетот од подрум, монтирав, наредив тон капути и јакни кои ни стоеја во претсобјето и се си собрав.
    Со последни сили беше ручекот. Измешав од тоа што најдов и бидна и тој.

    @Mari* жал ми е што минете низ ова. Знам како е, миневме низ исто. Со месеци не добиваме ниту крвна слика ниту брис а камо ли па терапија или упут. И @Kaetana имаа големи проблеми, не знам дали бактерија испадна на крај кај нив.
    Е кога се искомплицира работата со големата, тогаш станаа наеднаш многу фини и одма испитаа кај двете моми сите можни алергии, и ги упатија на пулмолог. Средното беше нешто над годинка тогаш, не сфаќам зошто ти рекле дека дете до три години да не оди на специјалист. Големава тон специјалисти има поминато до сега. Ако одев по нивниот памет стварно ќе требаше дома да седам и да набјудувам додека на наполни 4г. оти нели, мала е.
    И фазата на желби за промена на педијатар ја минав. Никој не не прими. Страшно. Жално уствари.

    За во болницата каде е пациент ни дадоа термин за на специјалисти после 6 месеци. А извештајот ни треба за во градинката. Не е нормално ова. Чекав еден месец за да ми се јават. Измеѓу им се јавив неколку пати, ми рекоа они ќе ме побараат. Им требаше месец за да ми се јават. Два термини август два септември. Не ми се верува.


    @Mari* се надевам на побрзо опоравуавње на малиот.
    Маж се јави за неколку минути е дома. Ко мало дете се радувам заедно кога ручаме:inlove:

    Убав ден на сите.
     
    На Minnie-e, hello-kitty.90, Sandrin4 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки:hai:

    Се враќам од работа.Абе денес понеделник|(Порано само понеделник ми беше слободен па немав понеделнички стрес8-|
    Викендот помина толку брзу .Во сабота бев со малата да и врнам едни тренерки пошто 92 беа , а таа носи 98.Па госпоѓицата сама си одбра нараквица со мини маус.А јас да не сум кусо и купив шноли со ананас,папагал и лобеница.Па во автобусот и ставив на неа и на мене и насмеани си отидовне дома.Од продавницата излезе трчајки и трчаше до автобусот.Ја прашав зш брза на тате да се пофалела за Мини:inlove:
    Секоја вечер и читам приказни од Езоп , а наутро таа треба да ги раскаже.Навистина е смешна ама ја памети приказната:)

    @Mari* ние 2-3 бевме на пулмолог кога малата кашлаше ,без упат.
    Ама резултатот беше ист ништо не и е нормално е од градинката.Последниот пат кога отидов кажав алергија да не е па ја тестираша од алеригија на раката испадна негативно и пошто велев дека кашла 9 месеци не сожали и ни даде кортико да инхалира 10 дена и не се смири кашлицата полошо испадна.
    Пробајте со повеќе вода да внесува и имунитет да појачате.На малата и дававме јајца од препелица варени.По 6 јадеше неделно може и повеќе ама стварно помогна многу.Еве одамна немаме земено може 1 месец и одма две болести.А тоа што велат под 3 години не испитуваат капацитет на гради.Само диши диши и толку.

    Малата ми се жали подолго на болки во папчето.Не е слепо црево изгледа од што расте.Морам термин да закажам за ехо.А и термин за редовна контрола пред 3 години и на забар.Овој на забарот го скокнавме тој на 2 се немам време|(

    Денес на мени полнети пиперки имам .Ама што да правам за утре не знам,секојден да јадеме требало|(:lol:

    Така мајки ајде имајте убава недела и шкртнете нешто^_^
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, eli25 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    Здраво женски и мајки и царици и кралици!
    Прееска на ручек,мајкин син заспа на моите гради.Сум го изморила саат време на лулашки,и после толку беше изморен што во скут ми заспа.И после уште 20м си го држев во раце,и си го гледав како мирно спие и си го бакмував.Мамино дете,колку брзо расте.Кога се роди и прв пат кога го земав,беше колку мојата рака 48цм.
    Друго се подновив одсабајле.Една тура по продавници удрив без синко,и си се подновив долен веш и една кошула.Кошулата непотребна е ама ми се свиѓаше.
    И секако,на карамелата и изнакупив три комплета бермутки+мајчка....Киа ќе види маж ми дека уште купувам за дете,а сега веќе има повеќе од нас двајцата..хммм..:o
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    @danichap @AngelOfArh @Ava.84
    Ви благодарам на советите и подршката
    Избезумени сме и не знаеме што да правиме...
    Денес се јавивме термин да направиме и ни термин не ни дадоа,шо сме мислеле?Така брзо ќе престанела кашлицата?
    Крв му проверија кога очите му беа жар црвени,тогаш виде дека и ушите му се премногу воспалени
    Нели дека на крвта излезе бактерија позитивно
    Кога тогаш не ми даде антибиотик него ибуфлам и солени капки
    Пиеше една недела салбубронх,сега се инхалираме веќе 7 дена со салбутамол
    За повеќе да давам не можам,ограничени сме нели,без рецепта не можеме по озбилен лек да набавиме
    Утре ќе одат со мм кај матичниот и него пак ќе го прашаме каде би можеле да појдиме,да го однесиме кај специјалист
     
    На elcezelce, orhideea, Kaetana и 11 други им се допаѓа ова.
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.294
    Пол:
    Женски
    Пробајте од мкд да ви пратат некој антибиотик. Штом таму не даваат, така лесно .
    Јас првата година со малиот мака мачев со настинки од кога испи едно шишенце панцеф сируп скроз се смени во однос со настинки .
     
    На tincemajmunce, Sandrin4 и Mari* им се допаѓа ова.
  20. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајкички!
    Јас правам трансфер од труднички кај вас,.што значи тазе мамичка. Се надевам примате нови членови :lol:
    Некои ве знам, некои не, ама имам желба да ве запознаам

    Поздрав па се читкаме...:wasntme: :hug:
     
    На ***Bony***, TarantulaA, Minnie-e и 25 други им се допаѓа ова.