Велком Еме! Добро утро! Бујрум на кафе, дома сум, у чест на папата. Искрено можеше и на работа денес, заостана доста работа. Ме боли секое ковче, синоќа на вежбање на последниот круг почнав да хипервентилирам, тешкичко ми дојде. Добив тапшање по рамо, браво, поттик од еден куп згодни машки и женски примероци, ајде можеш... Можам и ќе успеам! Дете до мене гледа цртани. Мислев да поспиеме ама тешко, у 7ипол на нозе. Ќе барам кума за дружба да дојдат, ако не е на работа, па ќе организираме денот. Имам за пеглање ама тоа откако ќе заспие на пладне. Имам уште една машина за пуштање, и тоа на пладне на ефтина. Ручекот ми е најголема мака од цел домаќинлук, ми се темни кога треба да го мислам. Убав ден мамаситас!
Добро утро мамулки Како сте? Денес во Скопје не се работи читам па претпоставувам одмарате по дома. Јас добра сум, деца растат, секој ден по нешто ново. Времево нешто се зеза, никако асално да стопли. Го гледа папата некој?
@Mari* пиши ми подетално ако сакаш за маката. Имам и антибиотици ако ти требаат имам и кортико за инхалирање - ако можам ќе ти помогнам. Извинете на работа не можам да пишувам баш...
Здраво, Жени. Јас на работа, денес сама сум колеската е отсутна, дремам што да ви кажам, ми се спие ми се плаче, само два саати сум спиена и тоа е од мене, вечер мислам дека пред малата ќе заспијам. Го истеравме именденот, убаво си поседивме, со убави гости ептен мерак ми се направи. Имавме и дечиња на гости па малата ептен им се израдува не сакаше да си одат децата да останеле тука со нас. Дома се е цакум пакум како никој и да ни дошол на гости, ама затоа сега бела мечка пред очи не гледам. Да ви оздрават дечињата на сите кои се мачите со болести, ужасно е кога не се знае што е а и вие таму во Немачка се утепавте од болештини и недавање антибиотик колку и да е лош некогаш треба да се прима и тоа е тоа. Јас некако си го осеќам стомакот огромен, пиев едни хормонски таблети неколку дена и сега се пореметив цела, ајде се надевам за брзо ќе се вратам во нормала или само се тешам така. Се надевам ќе договориме патување во странство, и искрено сакам со кола а мм е за со авион. Знам дека ќе биде напорно долго патувањето со детулево но ако не пробаш нема да знаеш тоа е мојата девиза но не секогаш и на мм. Детево вчера си доби миксер на поклон, па луѓе мислам дека ниту една играчка не е повеќе изиграна до сега од миксерот и ТЕО куклата се разбира. Ќе правиме торта заедно и ветив, а нели и ветив кад тад ќе треба да матиме јајца во нејзиниот миксер, оти а на неа си таксал а на црква исто ти е. Трошоци месецов еден тон, мм плата не земал сеуште што е и нормално за него во овој период па до неговата плата ќе кртавалиме со остатокот од мојата. А обврски за подмирување колку сакаш. Ќе се среди се само да ја земе тој платичката. Со душа го чекам продолжениот викенд ми се оди ми се плаче за шетање, таква сум по природа сакам патрувања и точка. Ајде доста тропам без врска се одјавувам од овој пост.
Читам дека си задоволна, на два ума сум да ти се придружам. Ќе бидеме двете дебељуци таму, да ти земам тронот...
Колешка оди таму, ептен е задоволна. вежба јога ама кога ми покажа што се прават, аууу не фала јас ќе си рипкам на аеробик сепак
Добро утро Го пијам второто кафе. Ок, не знам дли се рачуна како второ бидејќи ставам многу малку кафе а се е на млеко, ама важно ми е слатко. Со толку карамел сос во него како да не е. Испратив две во градинка. Денес беше баш филмски. Без мрчење, без драми, без натегање за облека. А јас и план б имав, резервна облека во фиока, ако почнат драмите. Момите денес имаат приредби во градинките. Маж стандард, ќе работи, ама ќе одиме со свеки. Кај средното има собир на родители и баби/дедовци, а кај големата ќе има приредба, ни рекоа црни хеланки да им облечеме. Плус, може ќе ни ги дадат сликите од фотосесијата од минатата недела. Кај средното ќе седиме од 14.00 до 15.45 и после кај големата од 16.00. Термините барем не погодија, не се поклопуваат. Денес треба пак неколку часа да работам на компјутер, се мислам како да изведам со детево. Вчера го пратив најмалово кај баба му за да поработам и чистам, ама да не претерувам . А тоа љубов ми е. Вчера од подрум качив играчки што се за нејзина возраст, па испадна како на шопинг да сум била . За право не додје на ред до нив ос големиве моми, ама важно се играше. Во меѓувреме дојде свеки да ја фарбам, па и оставив дете на час за да полагам тестот за безбедност на аеродром и положив. На пат накај дома сме. Пазарувавме во дм, супермаркет, до дукан за сваштарија за деца да лепат/бојат... Да зготвам нешто на брзина и да одиме во градинките. Да ми ја поживее господ свекрва ми до 101. Убав ден мајки
Добар ден. Кафе не сум пиена, без друштво не ми оди а додека јас да седнам мм го шмркна од нога и отиде да полага тестови. И тој како Дани полага, ама за јазик, за да земе државјанство мора да има положено Дете деновиве опседнато со играчки (мини овошки) кои ги даваат на каса во маркет, ги носи и во градинка, се менува со децата, барем со нешто се заигруваше За жал, синоќа му ги украдоа од пред врата Дете падна, јас испаничена го внесов дома бидејќи почна да плаче, додека да видам дали се има повредено играчките ги оставивме пред врата, за 2 мин. некој што се качил на горе ги дрпнал Ај објасни на дете дека му ги зеле Си ги сака и крај Ќе се бараат други, само дали ќе бидат баш исти. Во грдинка ок е, секој ден ги носат надвор, трчаат, скокаат, му се отвори и апетит. Дома си доаѓа уморен, едвај успевам да го додржам биден до кај 8 ипол. Јас и мм имаме време за нас и тоа многу повеќе одколку прво. Го трошиме повеќе на муабет си седиме со часови навечер и разговараме за се и сешто. Да престанувам по умот на мм, тој би друго нешто во последно време ме изненадува, се однесува како да не ме видел со месеци. Се заљубил човекот во мене, по втор пат До кремите ќе да е Му се гледам помлада Доста трескав, одам да лапнам еден еклер. Убав ден, овде кај и да е ќе врне.
Ај здраво и од мене! Денес не ми е денот. Уште кога станав главата ме болеше, еве уште ме стега. Јајниците и они, де десниот, де левиот ме боли. А се напив Далерон, ама џабе. Само да не настинам Бебо напорен од синоќа, вриштеше саатипол пред да заспие дури во 23:30, папсав. Од сабајле е истата приказна, се дере, кенка, плаче. Не знам што му е, на крај на 4 скок е веќе, не би требало да е до тоа. За ручек ќе биде од ресторан нешто, мм на враќање од работа ќе земе. Времево и тоа за никаде, 5 месеци од породилното скапав дома ми се чини. Пролетва бетер зимата е, никако да се стабилизира. Ветер ќе те однесе. Уште се грееме дома. Некогаш посакувам да одам на работа, оти преку глава ми е секој ден едно те исто и најчесто само по дома. А знам дека кога ќе тргнам, ич нема да ми се седи ни таму. Слободно скокнете ме, ич не сум расположена...
Јас го гледав. Искрено,ми се допадна иако не сум католик. И се сетив порано на шпанските серии како и колку се молеа на Богородица, на Отецот и Синот. И ние имаме прекрасна вера, но не ја почитуваме,исклучоци има да.Секоја недела имаме литургии на кои одат двајца без тројца, причесни,исповед може кај духовен водач. Не преплавуваат со турски серии, гледаме и тие колку верата ја почитуваат и се молат. Може и затоа вака се тргнато наопаку. Се мрси на најстроги посни денови, се прават гревови незнам.Може има некој знак од горе. Не само кај нас сегде. Да не забегувам, не е тоа темата, но папава е актуелен па да зборниме збор два. Малава спие,јас и чувам стража, средното со баба му прават ручек, ( да ја искористам бабава да полежам). .Имам куп алишта од децава за средување,пеглање,да одделам смалени, да ги наредам. Еден шкаф за малава да ослободам. Нашите ги спастрив некако. Испадна децава имаат повеќе од нас. Башка еден тон кеси за вакумирање. Незнам кога ќе средам се. Веројатно никогаш. Си купив од тие закачалките на тркала како метални шипки и супер се. Ги ослободив столиците кои ме нервираа со еднаш облечени алишта. Вака му редам на големиов за секој ден за на школо алишта закачени и за нас спремни испеглани ако испадне да се оди негде набрзинка. Па малку.од малку се намали неред. Играчките ги сортиравме пред некој ден во кутии демек ама не одма ги растурија. Голем дел им скрив. Ке им извадам кога ке подзаборават. Цела куќа ми е за чистење. Незнам ни како ни кога. Времево не дава.Сакав да перам прекривачи,зимски палта ама ќе се почека. Вчера си купивме наочари за сонце за инат на времево ама ништо. Нејке сонцето да излезе. Тоа е мајки. Убав ден на сите!
Здраво мајки. Денеска дома, чистам, па се пакувам за на пат. И за инат малата пак почна да и солзи око и нос да тече и јас по брза постапка на доктор. Вика вирусче, ништо не е. @Mari* ако можеш дој за Македонија у систина за 300 евра ќе проверите се, ќе видат специјалисти за се. Ќе ти дадат терапија и ќе се консултираш со нив И понатаму. Ако идете за мк, прво тоа. Немам како да ти помогнам, ос ен еден Ларингит мојава немала ништо друго посериозно, ниту спуштала на гради ниту имала шлајм, само мрсули што за 2 3 дена минале со антибиотик. Ама затоа 40 8 качува секое дете со своја слабост. Се мислам како ќе ме биде без дете на пат. Ама ај си викам генерална проба за вторите постдипломски и често ќе бидам без неа. Е сеа маж шо кажа дека у петок ќе одел у кафана.... уф. Ама тоа е. Си купивме нов7 ранче со зајче и пижами за у градинка. Не знаев дека носеле и жи вика неќна сите деца спијат у пижами јас у фармерки. Срце ме заболе.
Здраво и од мене. Дете спие на едната страна на креветот, јас на другата се испружив. Со надеж дека ќе поспие малку повеќе да одморам и јас сум душа. Денеска затворени дома страв ми е да излезам од што ми студи многу.Ова времето е како да иде зима,а не лето. Денеска целосно му се посветив на дете,ништо не фатив низ дома само еден ручек направив и тоа спанаќ.Сакав зелник со спанаќ да правам ,ама мм сакал манџичка му ја исполнив желбата.И така повеќе време со дете поминав.Цртаме,боевме,се заигра со коцките(правеше торта од коцки за тато) па му дадов и него пластични кутии тенџере,лажица и заедно правевме ручек.Него го заспав,јас мавнав еден туш брзинка и се паркирав на кревет. Вчера на контрола,цела зграда ја крена од рикање,душава ми се кинеше но мораше да се види со камерче третиот крајник.Добар е речиси е повлечен,но слузницата на носето сеуште е отечена.Ни ја продолжи терапијата уште еден месец,па да направиме прекин летово и господ здравје во септември алерго тестови. Инаку дете како почна да зборува не престанува ни една минута.Се зборува,некои зборови правилно некои испреплетени но важно се разбираме. Вчера ми вели: -Матеј збира пари. Јас:Зошто мама? -Ама мора Јас: Кажи мама зошто мораш -Купи бебе. Мајмунче како што расти уште повеќе си го сакам. Ама и јас многи го гњавам,А што да правам кога многу го сакам... Ај доста дрдлам,.. Инаку пак и овој месец четврт ден еве како ми касни.Незнам стварно што ми се поремети вака дали од времево или хормони се во прашање незнам.
Дел од вработените на клиника уште не ги пуштаат да си одат од работа, а од 6 сабајле се нешто е труло во целава ситуација со папата. Јас верувам во Господ, сум кажала и друг пат. Но не ја засновам верата на традиции и рекла казала муабети. Се што ме интересира наоѓам во Библијата. Човек да се зачуди колку едноставен и прекрасен може да биде животот, ама не, се е изместено за жал. Децава спијат до мене, едното од едната а другото од другата страна треба да одам до маркет, имам бааги за пазарење ама да станат маливе прво.
1000 % сум сигурна дека нема ништо,а и да има ќе биде добредојдено. Имам голема мака...Дете додека го преслекував ми го брцнат прстот во око.Сега ме боли горниот дел на окото и ми солзи.Имам дома капки прокулин и цитирал,незнам да ли да капнам.