Добро утро Малата на др со татко и утрово стана во 3 со некое дебела кашлица не може воздух да земе.Ама немала фала богу бронхит.Предложил др дома да си одмори 3 дена.Од што вака? Па кога си дојдов во петокот мм ја зел од градинка со црвен нос.Нос растечен.Претходните денови видов девојче со растечен нос и знаев дека ќе прифати.И многу сум лута и бесна и тажна и не знам како да кажам .Баш текстот на Реин е точен.Еве детето штом има мрсули ќе зарази и други.Ама на моето нема да му течат мрусли туку ќе почне да кашла без престан и со таква кашлица нема да смее во градинка и ако не е заразна и не е бронхит звучи тешкоА другто дете со мрсулите пак ќе си оди... Ова само да си помрчам од неспаните ноќи Ќе порасат, а до тогаш од стрес секој ден ќе ми се гади Мене искрено бебе ми е стрес.На оваа возраст пак ми е стрес ама ми е поинтересна.Зборува по цел ден.Ми вели мама регенбоген.Викам што душо?Покажува на веѓите.Што е регенбоген на мк? Вино... и кажува виножито.Викам види и тате има .Кога виде фацата и беше како смајливо Ме изнасмеа.А деловите од телото ги учиме од 1година кога беше. За докторите такви се без осет и емпатија.Среќа за др на малата е прекрасен.мм го праќам да му се пушти оти геј па подобро од мене минуваСе зезам супер и добар и фин.Гиниколог од кога се породив немам.Ја откажав мојата оти далеку ми беше.А супер беше др особено таа што ги правеше скринингот.Па толку позитивна и за муабет расположена и за утеха и за се Мене др кога ме виде т.е кога дознав дека сум трудна ми кажа многу си шланкАма јас имав дијабетес. Имав и отоци при крајот.Се породив природно со провокација и не се здебелив повеќе од 12кг. Во тие моменти кога дознав за дијабетесот си реков еве слаба ,пазев цел живот на благо т.е избегавав и сега морам да се контролира со тоа што се боцкав 7 пати на ден.Ако ми беше зголемен шеќерот пешачев. Затоа @Kaetana уживај си и смени ја др.Сите др сакаат трудници.А за килажата ќе мислиш после пораѓајот. @TutiFuti сваќе добродојдовте Поздрав и убав ден мајки
И мојава кога пуштам машина за перење ги става алиштата во неа, јас ги одделам, а таа ги набута. Вчера и дадов од дневна да однесе нешто да го ставе во машината, па се препна на прагот, има модрица на ногата. Исто и кога ги постилам алиштата да се сушат таа ми ги подава заедно со штипки и кажува чија е облеката што ми ја дава. . Вчера јас се пресоблекував, а таа ми ги виде тренерките на креветчето и ми ги носе да ги облечам. Колку и работе кликерот. Еднаш во спалната пиеше вода ама намерно ја истури на креветот, па ја оставив во мокро да седи и отидов во кујна. По некое време гледам носе нејзини алишта да ја пресоблечам, си ги земала од фиоката. Некогаш многу ме изненадува. Некогаш како да нема дете дома, а некогаш па толку е досадна и се по мене се влече. Ама тоа е. Деца се. Ќе пораснат па ќе бегат од нас
Добро утро, јас частам кафе кој е за нека повели има за сите. Неделава тмурно но обро ми почна, од сабајле ем коса средив, ем алишта пружав, ем едни собрав ем собрав од дома овошје и зењленчук по нешто за на работа да поткаснам ем на време дојдов на работа, единствено шо заборавив е руменило да си ставам ама тоа и не е некоја голема работа нели. Мојата госпожа обожава од корпата за валкани алишта да вади и да ги фрла во када и да вика нека се бањат, среќа за долен веш си имам посебна корпа па во големата и и дозволувам да извади и пререди по нејзино кога мораме заедно во тоалет да одиме. Ако и правам проја пита прва е седната за да матиме заедно па и дозволувам да става шеќер, сол, пециво, брашно, јогурт, па да меша со миксер па со лажица срцка е ептен, дома е малку хаотично во тој момент но нека е! Сака секаде да се каче, се да види, ептен е љубопитна, детали како забележува што да ви кажам понекогаш некои ситници јас не ги забележувам, го наследила тоа од страната на мм они фамилијарно сите се такви се забележуваат. Итрица права е, се знае, мн зборува, само пелените ни се слабост, две години и 8 месеци а не сака никако да ги фрли. Се тешам да се стопли и фрлам пелени па што сака нека биде. Куќата ни е некако поладна и страв ми е сега на ова променливо време да ја оставам без пелени, па измочкај се облечи соблечи, истуширај ја, да не ја разболам. За влечење по мене мојата се влече само ако татко и не и во видно поле, кога го гледа него на мене како и да заборава, ама тој со обврски и мн малку време поминува со неа. Некако сум за купување патики, балетанки, некоја чевличка со штикличка и еден пар два пантолони, едно две фустанчиња ташни и мислам доста ми е, а и пудра заборавив и да и наочари дека лани малата ми ги скрши и мм ќе полуди од мојот список! Тоа е лепотици, почнувам нестрпливо да чекам продожен викенд за мала кратка прошетка, па и почеток на јуни на малку подолга и подалечна дестинација. Нема да е лесно со малата но тоа ќе мора и таа да се прилагоди на прошетките хахах. Единствено сеуште размислуваме со мм дали да одиме со авион или со кола???
Добар ден мајки Седнав да одморам, барем на 5 минути додека шкртнам набрзница нешто. Ден како и секој друг кога момите се во градинка. Веќе досадна сум сама на себе. Ги спремивме, испратив, се стокмивме со малово и во 08 испаднавме. Си реков кој ќе ме види ќе си рече оваа пукнала од бес, од ниедно време со детето и количката. Ама полно беше мајки со мали дечиња со колички. Изгледа и нив им е дома интересно како кај нас, па едвај дочекале да испаднат. Бевме до лидл, па до друг супермаркет, си купив една кифла и седнав во едно паркче. Може еден час поминавме таму, малата шеткашеи одеше околу мене, и потоа дома. Од сабајле ми се увртеа грчки ќофтиња, чорба во глава. Купив и свежо мелено, оти ќе немам време за да одмрзнувам. Помислив на ориз едно време, па си реков сигурно имам дома. Аха, сигурно. Се превртев и не најдов. А толку многу ми се јадеа. Сили да испаѓаме со детево втора рунда немав, па се помирив со шпагети болоњезе . Детево е во фаза кога само ми се пика меѓу нозе и вика на цел глас за да ја зедам. Уште ми зујат ушите @Ava.84 моите се едни од тие кои често се со растечено носе. Првата година и те како прележуваа се, сега веќе од нога е се, без проблеми. Исто беше, влевам во игралната кај нив за да оставам дете и гледам неколку со зелени мрсули до уста...се знаеше дека моето е следно. Сто пати сум носела на доктор, ниту брис ниту крвна слика ништо. Ме враќале дома со нормално е, во градинка оди. Да, нормално е, ама ако има некоја бактерија треба да се третира. И така, ќе си играат пинг понг со бактерии бидејќи брисот е мисловна именка, па оние кои се втора година веќе од нога минат, а оние поновите дечиња ќе изгорат со тт. НА тема лекари. Среда сме кај трет специјалист, дури и без проблем зедов упут. Да видам што ќе не огрее. Ми се темни веќе. Сериозно размислувам да прекинам веќе со втори трети мислења бидејќи апсолутно од никој не видовме аир. Толкава незаинтересираност и непосветеност, неможност да се најде решение. Страшно. А тоа и го сакаат и се надеваат. Да молчиш, да траеш, да не се зборува за проблем, и по можност ич да не ги кошта некое третирање на истиот или оштета ако бараш. Да не си расипувам ден со таа тема оти . Малово пак почна да рика и да ми се пика меѓу нозе. Да ја земам во раце оти мир ќе нема. Убав ден на сите
I jas sum besna na takvi. Bevme na gosti i dojde jatrvata so deteto i toa so rastecen nos i eve mojata se razbole Toa e pogolemo i odi vo gradinka, a mojata tri nokji vristi od nosot I tt. Uff kolku sum jas nervozna. Kako mozat na gosti so rastecen nos da go nosat kade sto ima i drugi deca se prasuvam
Здраво Дете само што заспа па како што е ред на шкртнам неколку збора,па да одам ручек да правам. Ќе пржам компирчиња со колбаси.А за дете дел од компирчињата и свеки правеше телешка чорба,тоа ќе му дадам.Се надевам дека ќе јаде. Инаку ноќеска дете крена тт,од никаде никаде.Незнам колку имаше не оставаше да му мерам.Беше многу жежок, јас сум заспала некое време па мм го масирал со алкохол. Утрово со триста маки успеав да мерам има некоја без врска тт 37.4, и дури сега малку му се затна носот.... Веќе ми се змачи од настинки,вируси,бактерии..А само си реков сега ќе одмориме до септември,секогаш кога и да речам нешто или да се "пофалам" дека сме здрави,тука е Марфи.Не се знае ништо....Ниту кое годишно време е .... Вчера излеговме еден сат низ чаршија и кај брат му на ручек и мајка ми си беше дојдена.И кај нив не седевме многу ручавме,дремнавме малку сите тројца и си дојдовме.Дома мм до дете се заиграа а јас се заиграв со алиштата.Едни собрав,други пуштив да се перат....
Здраво женски, како сте овој тмурен понеделник? Овде е темно, мислиш зима иде. Вчера беше крштевката на бебо мој, прекрасно си поминавме Среќа имаше сонце (со ветер), па сликите од фотосесијата се преубави, едвај чекам да ги извадиме и да ги спастрам во албум. Бебо умен беше, чиниш разбира што пееше попот. Плачеше само кога го бањаа. Во ресторанот супер расположен, сите го држеа, му се изнарадуваа Ептен убави подароци си доби, и значителна сума на пари која ќе му ја ставиме в банка заедно со останатите негови . Од сабајле го слушам гласот му е зарипнат, дали од плачењето, или од ветерот вчера. Се надевам ќе му се опушти брзо, само да не настине. Денес за ручек скарата што остана од вчера, ќе испржам млади компири, една салата и тоа е Ајде одам, бебо стана од втората дремка. Имајте убав ден
wow жени,неможам да ве дочитам!Ми фалевте..Гужва периодов,ама од неработни денови,па празници..А башка и дете одбив од цице па сега немам толку време да висам на телефонот дур го заспивам.Да признаам,неочекувано лесно го одвив.Мислев ке има повеке драми. Денес врне,ама гајле ми е,убаво ми почна денов.Годишнина ни е со мажево мое.Му земав еден сладолед,за друго немав време да поршетам.А и си правиме дејтови,особено понеделниците ни се резервираниз а ГОТ,вино+чипс. Тоа е за сега,неми текнува друго што да ви пишам...се читкаме. @flower30 честито и со лесно бременост. @happygirl честито крштевка!
@danichap и мојата веќе полесно мине имавме дури и 2 месеци без болести.Сега немаше тт ништо само малку со кашлицата , а само што си помисли детето е добро ниту хрчи ниту кашла одма ме поби.Ама не е ни страшно да требаше јас ќе ја пратев одма на градинка ама мм ќе ја чувал. Знам дека сите мораме да одиме на работа и едноставно си има деца нон стоп со секрет(да звучам поблага). Ама што и да правам не можам да сменам ништо и во мк децата се болни иако им прават нон стоп крвна и брис и све.Тоа е период треба да помине само.Исто и децата што не одат во градинка се разболуваат кое почесто кое поретко.Едноставно кога е болна малата толку сум безпомошна и се обвинувам постојано па затоа и така пишав не да навредам некој. @Black girl леле не збори на оваа тема ако почнам нема да завршам. Во околина имаме ист случај.Детето е нон стоп со секрет, штом ќе се видеме одма и мојата ќе прифати.Маж ми ми префрла само .А мајка му на детето здраво е нон стоп на градинка е , а мојата по средбите останува дома. Трбаше да се видиме ама јас само ја мотам жената де ова не можам де она.А мм ми вели прашај има ли син и мрсули Вчера ми ѕвони да одиме на гости , а јас кажувам како на малата и тече носот не не викнаНе дека ќе одев. Исто кога бевме за мк.Бевме кај бебе што имало тие денови пролив и повраќање.Ниту не предупредија ниту ништо.Ќе дојдевме без малата.А ние за два дена патуваме назад.Малата се утепа повраќајки баш оред летот.Сега имам забрана од маж да се гледаме со деца 5 дена пред да патуваме.А ние секако сме по 10 само во мк. Кажав нема да престанам @BirMelek со лесно @happygirl честито крштевка @TarantulaA честито годишнина да си дочекате златна и платина
Здраво мајки... И ние со носе чешма. Среќа брзо заспа,како ќе биде ноќва, незнам... Околу 11 почнал да му тече, да кива,му солзат очи Купив само спреј септаназал, со пумпа нема шанса да даде, па се откажав, ако утре тече повеќе ќе морам да му ги влечам а може и инхалации.... Вчера беше цел ден бос... И ете ти, нејќеше чорапи. Му се собира секрет уф долга ноќ ќе е .... а комирана сум скроз... Ете тоа да се пожалам , одам да дремнам .... со паломи и спреј за носе на готовс до мене .... А мислев во градинка да го пуштам... се предомислувам богами. Добра ноќ и мирна пред се !
Знаете она кога имате стомачен вирус и самиот поглед на храна ви се гади? Хаос! Да биде поголема иронијата и мм го фати, дете повраќа од чудни причини, пие антибиотик за увото и не знам утре како ќе биде. Има пролив, он е добар ама не се знае кога ќе еруптира. За никаде сме туто комплето. Свеки не може да помогне има на работа гужва. Утре ќе биде долг ден. Дојдов само да се пожалам. Добра ноќ и чувајте се!
Ме мотивираше , денес направив мафини , и навистина десет минути работа . Одма дома се поправи расположение , како да не сме веќе угнетени а почнавме да уживаме дечки беа премирни денес еххх сега му викам на мм уште едно да си направиме )) што ти значи добар ден ))
Добро вечер мајки. Последнава недела неколку пати пишувам пост и бришам. Со тргнувањето во градинка со синко малку се изместив. Па и дека дома со него од минатиот понеделник слабо време имам. Секоја минута му ја посветувам за да не се осети запоставен. За градинка се пожалив во соодветните теми па не би и овде да се повторувам. Единствено ќе кажам мислам дека ова до сега ми е најтешко искуство со него ( а многу поминавме до сега) ама неизвесноста како ќе се прилагоди и плачот ме убиваат. Знам дека ќе се навикне, ама додека се навикне е тешкото. А мене броени ми се денови за да го адаптирам и тоа си продолжив со денови воледување, ама тоа е. Се обидувам да правам рационални чекори во адаптацијава. Не сакам да влечам долго, ама па не сакам ни да го трауматизирам. Врти сучи пак си се пожалив Друго и немам многу што да кажам од седење дома. Три дена ќе сме сами мм е службено отсутен, па дополнително енергија ми треба за да се организирам со се. Времево личи како доцна есен, а не лето. Си ги вратив дебелите ќебиња, па дури и вреќичката за синко - температура дома како сред зима (ноќна 18-19°). Уствари не знам дали да плачам или да се смеам. Таман почнав да купивам летни работи, ене ги си стојат во плакар, а јас зграбив џемпер некој што најдов најблиску на рака, дека домаќинкава спакува зимските пред 2-3 недели. А замислете и одмор уплативме. Се решивме на крај за скромен смештај во Дионосос, па ако не го бива ќе бараме на лице место. Ако искочи арен блиску сме до Солун па ќе се прави убав шопинг. @eli25 јас ацидосалус почнав да му прскам за градинка и за сега добро се држи. Има по некое мрсулче, ама повеќе од плачки му се. Сакав и дефендил да му давам барем првиве месеци, ама чекам од бугарија да ми пишат дали смее @BirMelek @flower30 честито бременост. @happygirl честитки за крштевката @danichap тебе ќе те и со лесно со малата. Можам уште да пишувам, ама и до овде ќе ви здосадам, па ќе оставам за друг ден. Ако ништо друго во петок на работа па од таму ќе се пријавам и полесно ќе типкам на компјутер отколку со телефонов. Имајте убава ноќ, а јас одам да си го гушнам детево.
Добро утро Бебе си дремуцка, мама испи полна чаша смути, и си легнав до неа Станува во 7,мислиш ќе задоцни на работа, па ја совладува дремката после еден саат. А јас,жива ненаспана. Многу ми фали добар сон, многуууууу Користам лански одмор, осеќам дека повеќе ќе се изморам него ли одморам, али шта чеш Бебе сака по цел да ровари по дома, плаче ако ја држам во раце, сака да оди. Од една во друга соба, по цел шпарта. Па ќе се измори и ќе седне на под во спална, ќе се дочепа до некој подотворен шкаф и фрла алишта Сабајле ја земав во купатило со мене, ја чучнав на под и и дадов едно шише да го игра, ма за секунда омекнувачот за алишта го дофати и го истури половина шише Многу пргаво дете е. Пред некоја вечер, се разбуди во 3 по полноќ, и почна на цел глас да вика “ееееј” “ааа” Со мм коа почнавме да се смееме, а ни се плачеше уствари! Па научила да прави браво со рачињата, па коа се расплеска.. аууу едвај презаспа Остана мразач на количка, па не можеме да шетнеме никаде. Се мислам нова,летна количка да купам, мислам дека неќе да седи во нејзината затоа што е врзана, па деновиве барам некоја асална. А баш ми фали пешачење, дури и ми рекоа дека морам да сум физички повеќе активна бидејќи имам намалена циркулација. Сакам да почнам да вежбам дома, ама ми е страв да не се укочам цела па да не можам ни бебе да кренам Не можам да допишам,стана ѕверката. Убав ден, до следно читање
Добро утро! Кај нас облачно, ама ете сега и зрак сонце забележувам! Еб*те мајо, просто да не знае човек как да се облече, ни себе ни деца! Спремна за на работа и со кафето пред лаптопо, чекам свеки да дојде па да ја преземе беба! Беба скоро стана, па сега на под со играчки се занимава! Ретко се заигрува вака, воглавном е досадничка и не остава ништо да се сработи низ дома! Додека местам кревети, вклучувам машини, раскревам нешто она цело време мрмка... јадење правам кога спие! Тешко ми е кога треба од дома да излезам а она чека на врата, подава рачиња, зема патики, се тегне кон јакната за и она да дојде! Ептен сака ,,папа,, ного е по шеткањето. И кога ќе излезам и ја затворам вратата почнува со својот концерт, плаче, а мене ми се кине срцето! Свеки вели дека по мене одма се смирувала, дај Боже да е така! Големата синоќа легна со татко и, па за 5 минути ете ја на врата ,,мамо, сакам со тебе да нанам,, Сакам и јас, ретко се гушкаме со неа, и често ме јаде црвот дека сум повеќе посветена на беба а помлаку на дадата! Па ете синоќа заедно легнавме, раскажавме приказни, договоривме што се ќе правиме кога ќе одиме на одмор, на крај заспа спокојно, а јас се извлеков од постелата за да довршам некои работи низ дома! Сега морам да одам, обврски еден куп пред мене! Поздрав друшки!
Здраво мајки Ние добро се уселивме во станот Средени сме колку толку и сега се ќе се привикнуваме. Синко си најде и другарчиња на негова воздраст на игралиштето и гледам почесто да сме излезени Татко му знае да го пушти во паркот преку балконот,па може да испиеме кафе на раат.Сам трча,писка и се занимава. Според комшии-се постари луѓе околу нас нема проблем да писка,да видам до кога цел парк ечи од синко ептен е гласен Туку почнаа и гости да ни идат на честито и така.Имам еден братучед во најава можеби ќе се видиме за викендот. Сите се викнати под ред,ама само по еднаш Кој може нека дојде,куќа отворена за сите.Не можам на секое јавување и секогаш истите луѓе да прашувам кога ќе дојдат. За мрсоли не се замарам,на моето не ни престанале да му течат Тоа не ми е болест или кога кашла. И јас одам на работа кога кашлам или нос ми тече така и тој си оди во градинка. Се додека нема тт и е весел и подвижен не е болест. Сега не вика мамо бриши носот туку брише од ракавот и како резултат цели образи со мрсоли налепени.Па се учеме да кажува,оти тоа не е убаво. Среќа не се разбочува често.Болен не е бил од роденденот.И тоа што качи тт му беше од вакцината. Денеска добивме покана за роденден од детенце од градинка.Со него и уште едно дете се ептен погодени и воспитачката ми кажа денеска дека ептен јака тројка се,можам да претпоставам само по белји правење Тоа мајки ајде да одам на работа.Роденденот е во сред недела и баш работам.Ако успеам да ме смени колегата ќе се јавам дека ќе дојдеме и ние Баш се израдував на поканата,само сега ми фалат идеи за поклон за 3 годишно дете Ако имате предлози кажете.
@fairy88 честитки. Со здравје да си седите. @Mari* како сте вие? @Ano тешка е адаптацијата, и за малите и за нас. @НаталиЛили видов ме имаше лајкнато пред некое време во некоја тема. Од многу одамна не си ни пишала. Се надевам сте добри. Со три дечиња знам не е лесно. Ако можеш некогаш шкртни некој збор. @augustd и ти немаш одамна пишано. Поздрав и за тебе. @girl-miri само да ја поздравам. Се надевам на викенди со помалку гости кај вас и повеќе моменти на само со момите. Јас да ве поздравам. Маж замина од 05 на бауштелето, јас со свекрва вршам другите обврски. Првен гимоднесе момите во градинка. Ми се потврди тврдењето дека кога татко им не е тука се многу мирни, дека аздисуваат за облека или да останат дома само него кога го гледаат. Потоа дојде жената што чисти, од 10.00, а јас веднаш заминав со свекрва до бирото за странци. Мајка има термин во петок во амбасада, па спремам документи. Однесов потврди колку заработуваме колку имаме на конто, па да удрат печат и утре да си го зедам. Терминот и е за виза, за нега на болен член на семејство, за големата. Среќа во Софија па само недела се чекаше за истиот, кај нас ќе се изначекаше. Имаме медицински извештаи, препорака од доктор, сите други документи, се надевам дека оти е второ колено, баба-внука, нема да е проблем. Тоа е. Вреди да се обидеме. Во 14.00 сум на заболекар, ќе треба пак со свекрва. Подалеку ми е заболекарот, ама пријател на мм е, па добивам најдобар третман и материјали, па него менувам. Примпоследниот термин, парадонтозата кога ја правев, го направив за обична контрола и чистење, оти знам дека вака без проблем нема да минтекне да направам. После да ги зедеме момите од градинка а вечер и во автошколата. Ќе биде турбо. Убав ден на сите
@danichap добри сме фала на прашање. Со три деца немам време ни да ве читам, не пак да пишам нешто. Имам да се пофалам со ново работно место, па сега викенди сум дома и малце по релакс ми е. Се запишав и на факс, конечно да ја завршам последната година, учам, демек, ми се чини немам време да дишам последниве месеци, се турбо. Нема идеално, ама тоа е мора да се оди напред. Се надевам сите сте добри. Имајте убав ден.
Здраво мајки Вчера кај нас цел ден си врнеше ама тоа не не спречи да шетаме по гости. Деца се изморија и во 9 веќе беа заспани па по нив и јас си легнав и ептен убаво се одморив. Бебето веќе сака да јаде, мислев до 6м да е само на млеко ама тешко. Вчера зема кифла да глода јас зазборена и едно време ја погледнувам и имав што да видам па сабајле јаболче и сварив и касна 2-3 лажички. Сакам да се стопли и да може веќе без јакни и палта да се оди, само осеќам дека одеднаш ќе стопли па ќе бараме ладничко. Гледам вчера по фб некои жени што си порачувале патики/штикли а овие им праќале папучи собни и на крај страната од кај што порачувале ја избришале каков народ сме не ми се верува.