Добар ден мајкии Денес е убав ден , славиме роденден , мала моја полни 2годинки почастете се виртуелно подготвено е се само да си се облечеме и правец игротека дете во полна форма посабајле како да знае дека е нејзин ден Друго , немирка права е преку ден не застанува почнува да се занимава со боички стикери омилено и е , брбори цело време па дури и се кара со мене у фаза на одвикнување пелени , малце комплицира ама не а форсирам . Скоро ја вакциниравме со Ммр , поминавме лесно со една ден малку температура , помина и тоа . тоа мајки бидете поздравени , се мочам времево да додржи да истераме роденден безгрмежи и ветришта , уживајте и гушкајте малите @BirMelek , @flower30 честитки бременост @happygirl честита крштевка @TarantulaA честитки за годишнинаа
@danichap таман се пофалив дека сме здрави и се настинаа деца носињата им течат и на Могли устето и е вжарено за сега ништо страшно ама доволно човек раат да не е Во петок имам термин па ќе ги види двајцата докторот Ти благодарам,се надевам и вие сте добри Да ве поздравам девојки Си дојдов од работа,вечеравме со деца и сеа да заспијат Мали одма заспа,цел ден со пла час дремка бил Могли не спиеше воопшто и пак се тегави А како би се напила сега едно топло чоколадо и цигарче едно... Друго исто,на работа,дома,деца.... Довиџења
добровечер женички. Прво честито роденденската забава кај @Poppins дојдов на темата да се утешам па ве доисчитам да се "исповедам" оти немам каде. има ли раат за мајките? Вистина ли постојат релакс мајки жени кралици што им цвета од сите страни и се безгрижни или ете јас неспособна не знам каква па се нешто под стрес под напор сум... посебно мајки со по две деца абе летаат сва од срече... Идам од работа денес Седнав дома пијам кафе и си мислам добро бе како успеваат све да им е скоцкано? Идам јас од работа дома хаос, дете поднастинато молам да јаде тоа терсене пребарува ова она апетит шта да ти причам,ко врапчињана, три тришки да касне. Одам на лекар се враќам јадам и јас од нанога пијам кафе и се думам што останато попрво да сработам. Облека за диплење садови што да зготвам за јадење дете кемкаво оди погоди му ме доизнервира. Надвор невреме корне тура ме доутепа јас два дена ненаспана не знам дали имам инсомнија или којзнае од што бремена оф леле мајко. Синко однадвор се кара не сака здрава храна синко однатре игра пајдушко. седнувам дишам поплакав малку ајде реков не се жали не е страшно. Стабилна така завршив се што ме чекаше и си викам иде тешкото. Абе зар е можно дете од 6 години да молиш да јаде? А и тоа што го јаде е колку да касне да не е гладно. Проблем кој ми се провлекува со години. Аман женички посоветувајте ме како ли да го научам да јаде повторно? До 2 години јадеше се и сешто. Од здраво поздраво беше. Сега.... Се живее ли со сирење кроасани тостови и такви срања? манџа бе како од ѓавол бега неќе да чуе. Салати... Мазала. Едно шејк па во него да смешам да скријам нешто да не го сети. Овошја јаде нешто по желба негова. Сега со паднат имунитет јас треси се, како да го опоравам кога ништо здраво не јаде? Како да го натерам? Ми останува уште со сила да давам. Како бе кога ќе видам жени се на место по план им е,идат од работа децата весели сами си земаат јадење,она само седнува да ручаат заедно раскрева и така чаробно има време и за децата ( и тоа две или три) дома секогаш средено чисто па шетаат ли шетаат... Јас збркана во глава идеи за ништо немам време исто цела во негативни мисли нешто мене не ми успева... може сега откако се исповедав ќе ми олесни ќе се приберам и ќе се организирам.
Добра вечер. Се повлековме во постела, дете се уморило до тој степен што одеше по мене и ме молеше да си легнеме Може има врска и варичелата, да, од вчера почнаа да му излегуваат брунчиња, денес потврди и педијатарот За сега ситуацијата е ок, нема тт, нема чешање, се надевам така и ќе продолжи до крај. Си велам подобро сега кога е мал отколку голем, маката ќе биде поголема тогаш, еве мм место не го фаќа, не се сеќава дали ја има прележано ќе се јавувал да ја прашува мајка му. Маж бе Дете се предаде, ме гушка со рачето Денес додека чекавме кај педијатарот, дете си играше, јас го посматрав и патував со мислите. На моменти не ми се верува дека тоа е мое дете, кога ќе ме викне мама се топам. Додека играше го гледав и ми доаѓаа солзи во очите, не ми се верува дека јас сум заслужна за тоа убаво човече Може и пмс си го прави своето Сакав да и кажам на @Kaetana да не се замара во врска со тежината. Убаво си кажа се', свесна си, ама сега не е време за превземање на било какви мерки, има време ќе ја мислиш кога ќе се роди бебчето. Само да знаеш, јас сум пример дека и слабите може да имаат ите како проблем во бременоста, едвај жива глава спасив (со 55 кг. сум цел живот). Тежината не е мерило за здравје @Poppins среќен роденден на малата! @TarantulaA да си дочекате златна свадба.
Здраво мајки. Кога сме кај мрсулите еве цела недела седам дома со дете, од градинка закачи бактерија бранхамела. Нос чешма, па почна ептен да кашла, плуќа крчи, со инхалации капки и нејадење од петокот сме. Ми иде искрено да пукнам. Сите можни бактерии ги закачи. Се љутам си викам има несовесни родители носат болни деца во градинка. Јасни ми се сите муабети од типот,, ама првата година ќе биде така''. Јас не сум носела болно дете во градинка и не ми е изговор ама нема кој да ми го чува. Доаѓаат мајки во градинка и со антибиотикот во ранче, иако на огромен лист е нагласено дека учителки не даваат лекови. Тоа е, еден болен сите болни во куќа. Уплативме за одмор сега во Јуни, па и тоа се нервирам какво е времето изгледа нема дете да се бања. Да испијам кафе и почнуваат игри без граници дур дое маж од работа. Убав ден мајки
Хелоу мајки Седам до бебко, а тој спика. Веќе цел час. Изгледа скокот помина и ќе ми се врати старото бебче. Да не се радувам пред време да видиме каков ќе е кога ќе се разбуди. Вчера денот катастрофа. Завчера ми се уврте во глава дека немам доволно млеко. Ај некако помина денот, се измолзував едвај 30-40 мл, од едната мнооогу малку, од другата онака. Вчера пак викам да видам тече ли нешто, само по неколку капки, не знам што ми беше, капак на се, го ставив синко да цица, почна да се тегне да плаче, пак проверувам на градата пак по некоја капка. Вртам на маж ми и му викам одма да ми купи ад, бебе е многу гладно. Па кога почнав да плачам, никогаш во животот ми се чини не сум плачела така. Си мислев како можев да си дозволам да снемам млеко, кога имав толку многу и дека не сум добра мајка. Едно добри 2 сати плачев без престан. Па кога видов дека маж ми му дава да пие од шишето мислев дека ќе умрам Како да е тоа крај на свет, како само моето да ќе пие ад, а сите останати се на мајчино. Хормоните изгледа си го направија своето.Ај исплакнив очи. Но бебе не сакаше да пие. До крај на денот цицаше. Денеска градиве повторно полни со млеко. Што ми беше не знам. Изгледа дека претходите денови не внесував многу течност,па затоа помалку млеко, ама затоа овие 2 дена надокнадив. А може и масажата од маж да помогна. Мислев дека ќе се шекнам еве сега добра сум. Времево ужас, расположението слично. Чекам синко да се врати во нормала, па да фатам нешто низ дома. Вака едвај имам време да јадам. Му ги потсредив алиштата малку, а поголемиот дел од обврските низ дома ги извршува маж. Бебко се гали, ме фати со рачиња за лице и како да сака да ме бакне, љубов ми Колку била неизмерна љубовта помеѓу мајка и дете!!!! Многу си го сакам. Тоа е мајки имајте убав ден. Да ги изгураме деновите до сабота, од сабота велат и многу топло. Ненормално време. Си игра топло- ладно.
Ај добро утро од мене. Работа имам едно три-четрнаес купови, уште и ми носат, глава не знам кај ми е. Терен најавен за денес. Ако бар на терен ми се разбиструва глава. Дете опраено денес на градинка го паркирав, нема веќе кој да го чува а радо би неделава да поседи дома. Не дека веќе е болен, здрав е, ама онака, да си поседи дома да зацврсти. Стомачен не фати сите 3ца дома, сите! Муж последен и го здрма убаво, јас најлошо поминав. Денес сите свежи како купус. Бабето ни го фати од нас, денес дете ќе си поседи троа у градинка. Нормално дека ме фати пауза па излегов, зар се сомневавте? Си купив јаготки па си ги делам со синче, многу се вкусни, ако ве интересира јаготки најубаво во Ѓорче на пазарче карши оптиката пред да почнат тезгите со гардероба. Ванила ги викаат, ама баш како да се полеани со ванила. Синче обожава јаготки. Понеделникот не успеав да одам на вежбање и денес ко лепче го чекам терминот, да си ги пробам новите патичиња. После долго време купив нешто за себе, грижа на совест имам дури, оти не е за дете. Каква шушумига сум значи.... Да не е купено ништо за дете ајде де, ама купено та прекупено, и пак ми е криво. Сега сме на ум за точак, трицикл, најобичен, тој на буткање уште ни е голем, многу непрактично се погоди од таа страна, го сакав ама сега сум пишман. Малите бебешки ќе ги складирам, ќе ги тргнам, нека се најдат за второ бебе, оти да не. Имаме пар играчки кои баш ги уништи а тек им иде ним сезоната, пример возот со локомотиви, го распарчи, неколку коли на даљинско, исто, мака ми е, ама... Сега пак им е навртен на книгите, сликовниците, ама сега не ги распарчува. Мака ми е баба му го научи на цртани со англиски говор, абе ми иде да си пукнам, ама не можам да и замерам кога го чува ваљда не може да измисли толку забава и посегнуваат по телефон. Ама чудо, од нас не бара телефон, само од баба. Какво паметно чоече е, чудо некое, одма знае кај што може да добие. Од нас бара играње, трчање, од бабе телефон, од деде да пишуваат и да јадат, од тете скокање и сликање... Умна глава на мама! @Mari* вас не ве олабави и не ве олабави. Немаш ли некој од Мк да ти донесе имуностимулатори? Било што, Дефендил, Омега Кидс, Киндер Имун... Очигледно овие ништо не прават како што треба. Да сте кај нашиот матичен досега одамна ќе имавте забрана за градинка. Не е и тоа решение, ама мора да се стабилизираат малку, бар еден месец да имате раат. И ние бевме исто, првите 4м, додека проделува Дефендилот и 6м не фатија, ама сега се што ќе не фати поминува многу полесно и тт не качува често. Варичела на нозе, еве и стомачниот, еден ден само залегна, се од нога. Јас и татко му потешко од него поминавме, едно повраќање по цела ноќ се тресеме, он повраќа, го миеме и продолжува да спие, ич не се потресува. Многу грдо, ти тек почна на работа, не можеш да седиш дома на боледување, слична ситуација сум и јас, иако веќе 6м сум на работа не можам уште да зимам боледувања, немам асално здравствено... Факт е, такво е ова додека ве фати се со ред од градинка, да ги прележате сите болештини, ама мачно е. Се распишував, работа тон а јас пишувам ли пишувам. Убав ден, сонце излезе малку, јас без наочари, леле мори мајко.
Изгледа фаќате повеќе во болница од што лечите. Кога одиме ние кај матичен седиме надвор обично, мм седи надвор со него, трчаат и кога треба да влезе го викам, ретко чекаме внатре. А дадата иде? Оти и она може да му носи. Знам кумата кога беше дома со бебето 3м ја чуваше и дадата, оти одма фати бебе стрептокока од дадата. Памет да се нема веќе значи. Не знам што ќе се прави со децава, ние не бевме волку болни, овие едно две се се болни.
Добро жени, мајки, како издржувате да не пукнете, да не полудите? Јас неделава сум хаос. Не можам ни децава да ги поднесам. Само им викам и после душа ме боли и плачам како ненормална. Не е Пмс, сега ми заврши. Ако сакам одам некаде сама, не можам, немало кој да ги чува, да одам со нив сама со 3, бетер ќе ми се дигне притисокот. Маж нигде не не дружи, се сам си скита. Ми треба време само за себе. Еве и сега пишувам и готова сум да заплачам од нервоза. Нешто не сум во ред што сакам малце без деца или што??
И тебе и на @marchi-cool ќе ви одговорам, време за вас се ќе заврши. Иста сум и јас кога немам време за себе. 3 пати неделно одам на вежбање, дома е хаос ама јас излегувам и крај. Кога ми се спие може куќата во вис да е крената, спијам, ќе му кажам на маж те молам среди малку ако може и толку, ако не утре сабајле. Гледам сервис баба максимално да го олабавам, само по потреба, па откако работам повеќе го користам сервис тато. Така да слободно нека ви се спојат жички и урлајте, само така ќе покажете дека не сте од челик. Самите сме си виновни, се ние можеме, се ние знаеме, се ние правиме најдобро. Абе ајде, они не знаат подобро. Се фаќам себеси, маж ќе тргне да реди садови од машина јас ќе го сепнам, остај јас, па после криво ми е, веќе не го сепнувам, нека реди, како така. Некни му реков алиштата да ги пружи, не ми беше добро, ужасно ми беше, како ги наредил да не ви кажувам, ама ги наредил, после и ќе го пофалам, ќе му речам во маало од сите мажи најубаво закачуваш алишта. Обавезно еден ден од викендот е негов со дете, обавезно, шетаат, трчаат, се чуваат... Јас што имам си завршувам тогаш. Тоа ни стана како практика. Не е идеално, дааааалеку е од идеално, моментално сме во тивка војна, ама сме цврсти во тоа дека детето го гледаме заедно, оти е наше, не е само мое само јас да го гледам.
Не не си сама. Еве и јас сум иста во последно време. И јас сум со три деца од кои две мали,две год и бебе. Мислам ме мава депресија. Ама сами сме криви,се ние можеме,се ние сами. Мене децава и обврските околу нив ич не ми пречат, напротив би уживала да се само тие. Мене ме нервира премногу ова готвење веќе, чистење,перење, апсолутно се ама баш се е на мене. Маж ако му речам навечер да ја нареди машината за садови ја пушта, ако не го потсетам не. За перење негови за работа алишта си пушта наши нема шанса. Зема да исмука, пола соба ќе помине и ајт. Другото лом. Колку да речам ете фати. Да седне да поучи со големиот нема шанса. Знам јас сум крива,премногу се правев се дека можам сама. И сега ќе си трпам. Ако се пожалам одма ваква таква. Налет што второво дете е невозможно, кај љубомори па такво е по карактер инает. На ратна нога сме од пред некој ден кога излегов во 8 наутро до маркет и испив кафе кај мајка ми. А тел го заборавив дома. Малата пиштела плачела мене ме немало. А имав ставено морков да се свари. Епа можеше да и го изблендира и да ја нарани. Ама јас не сум му рекла. Откако е родена малава не сака ни пелена да и смени, чудно му било дека женско.На другите им менувал. Капак на се што јас секогаш се трудам да имаме топол ручек кога иде малиот од школо со две мали деца и вчера ми вели јадев колачи,после ќе ручам. Стопати масата да се ставува,додуша тоа сам прави ама мене мњ нервира. Епа од сега оставам работа домашна за него, макар и во 00:00да ја сработи ако ја сработи. Малата спие, јас до неа лежам. Или под туш средувам коса и себе. Ме фаќа лутина и нервоза. Времево капак. Не можам да ги прошетам само дува и студи. Еве ги кашлаат пак. Ни една година олку не настинувале. Проблемот е во нас најмногу, но и во нашиве блиски. Еве конкретно мене микој не ми рекол оди поспиј или излези ние ќе чуваме деца,туку ми велат дај ни ги ти работи(чисти готви итн итн).Море од сега ќе правам смрзнати ручеци или јајца пржени ќе јадеме оти ќе полудам вака. Ете и јас се олеснив. Да пијам кафето сега
Тоа, ние сами сме криви. Што е толку тешко да наполни машина или да собере алишта? А и јадење, зар ќе им биде нешто ако јадат од два дена, па и поголеми деца веќе, јас за нас правам за два дена, за дете вториот ден правам нешто набрзака, макарончиња или супа со зеленчук многу. Олеснете си ја работата оти браво никој не ни кажува, може да ти кажат и еееее оти така, ми ти повредна ми личеше. Не сме за браво во брак, ама една подршка и убав збор, кафенце после ручекот, може да направат.
Тешко е кога ќе се прибереш дома во 20 21 и сакаш раат да си ги гледаш сериите. Тешко е оти има кој. Да работи ок е то. Но има денови кога јас на газ не мижам да седнам. Ама баш вчера имаше расправа дека нечија кариера мора да се жртвува. Ете и јас сакам да си одам на обуки и состаноци ама мојот живот моментално е ставен на пауза. А можеше и обратно да е. Ама ете така бидна. И очекувам разбирање, кое во последно време го нема. Стрес,замор обврски си прават своето од двњте страни. Ама морам да сменам нешто,доста беа моите желби и планови на последно место. Секогаш секого го ставав пред себе, а цената за тоа е дека уствари никому гајле нема да му е.
Добар ден мајки Седнав на кревет оти глава што ме боли ќе се онесвестам мислам. Термин по лекари имавме од 10.00, па едната ја пративме во градинка, спремивме бебе и големата, и пут под ноге до градот. Таму 45 минути чекање. Да не чекавме 3 месеци за терминот може немаше да биде страшно, или па да е возрасен, ама со мало дете во мало ходниче каде добиваш клаустофобија беше страшно. Се покажа во најстрашно издање. Не паметам кога последен пат била волку бесна. Викаше, се тегнеше на подот легнуваше.... она рикна бебе рикна. Буквално како некој на нервите да ти играе додека се потиш и те облева жештина. А детето уствари сакаше само во ќошот за играње кој беше до лифт, пред да влезеш во одделот, пред да отидеш во чекална, пред проклетово ходниче. Првите 15 минути беше мирна, лепеше стикерчиња, извадив пластелин и со тоа поигра, ама не е старо човече уште пола саат да дреме на столчето и да не мрда. Се прашувам кој ќе дреме во ходник, до лифтот, за децата да играат. Наместо во чекалната каде децата престојуваат за време и пред/после прегледите и додека чекаат ред да имаат занимација, они таму. Тоа е. Да разгледал папката што му ја однесовме па ќе не исконтактира. ЌЕ речев доволно стрес ни беше одењево по доктори, доста е. а веќе заборавив дека имам закажано операција за полипи, термин за на заболекар да ги однесам, и 4 термини кај различни специјалисти во главната болница каде е пациент. Евентуално и нешто друго ако испадне во меѓу време. Толку од моето доста беше од лекари. Сред село има една летна тераса со детско игралише, песок/лулашки/за пентарење, па имаше сонце и за прв пат седнавме. Не беше лошо. МАсите надвор, ќе се најаде/напие човек додека децата пред очи ти се и играат. Куќава ми е стварно чиста одкако иде жена еднаш неделно по 4 часа и удира генералка. ЈАс секој ден минимум еден час сум во раскревање/усисавање/под дезинфицирање...распределено во текот на денот, но 4 часа, со мало дете залепено до мене, не е изводливо да одделам. На рати правам се. И јадење, и машини/спружирање, и шетање на дете. Маж е инволвиран во утринско спремање на деца и градинката и во вечерно спремање на деца и успивање. Он ја успива најмалата, од годинка, јас читам со големите две. Потоа го легнувам средното, најмалото веќе заспало, а он иде до најголемата. Како ритуал им е, не заспива без него, го чека. После јас правец бања се тегнам во када, он полежува со нејзе и кога ќе заспие, отприлика јас кога сум завршила со бањање, сме во дневна и почнуваме да спремаме закуски. Тоа е време за нас. Еднаш неделно ќе се напиеме по едпо пиво или една чаша вино, некогаш овошни салати, некогаш нешто мрсничко...ама за нас е како во бар. Уживаме во тие 2-3 часа од денот. ПРеку ден има многу обврски. Но често краде по еден час да отидеме на ручек, најчесто додека двете се во градинка па со најмалото, или да ме остави ус пат до некој шопинг центар. Голема помош, во тие часови, не очекувам бидејќи работи. Работи и за викенд, по се труди да не биде долго и да поминеме неколку часа во природа со децата. Имаме моментална поделба на обврски и тоа е тоа, успешно се држиме до истата. Искрено после вакви напорни денови, по болници и доктори, толку ми е неважно дали ставил садови во машината или не. Толку небидно и споредно ми е... Имаме љубов, разбирање, мирен сон, убав муабет...уште малку повеќе здравје за детево само фали. А за тоа треба да сме тим, за да пружиме најдоброто за децата. Така да не се замарам со ситници низ куќа. Ако не можам и ми е преку глава од се ќе му кажам и повикај свекрва ќе биде работата. Подобро така одколку да правам нешто со мрчење и после низ нос да му вадам и него и себе. Решив да купувам едно bollerwagen за децава. НА четири тркала, за да седат децата во него, да ги влечиш. Вајда шопинг терапија после напоред ден . Да споредам спецификации пред да се одлучам. Стаса кафето. Мм рече ако не му одело еден ден со работата како кафекуфар ќе се пријави. А да признаам и сто пати поубаво му е од моето а и со кој ќеиф го спрема. Убав ден на сите.
Денес дома. Во неделата кога ја успивав почна да кашла глупо, ама сепак, во понеделникот ја инхалирав и ја однесов во градинка - немаше температура. Им потенцирав - не ми се допаѓа како кашла, гледајте ја денес да не крене температура. Таман да заминам од работа порано да ја земам па да ми прави друштво на термин на кожно, ми ѕвонат од градинка дека имала температура 39.5 и повратила кога јаделе ужинка. Прашав дали ѝ дале парацетамол - не. Зошто? Не смееле. Е како бре не смеат не ми е јасно, кога уште на разговорот потенцирав дека страшно ми е што многу брзо крева многу висока температура. И потпишавме дека во случај на температура им даваме дозвола да ѝ дадат ибупрофен / парацетамол. Е не, нови документи од договорот имало, ќе сум видела на меил. Коса ми се крена. Додека стигнеме дома има може уште пола саат минимум. Бев ја земав, ја предадов на маж, отидов на кожно, иако веќе маката што ја имав ми беше решена, ама сепак да прашам за чаре за многу сува кожа - откако сум бремена скроз ми се исуши кожата. Вечерта треска и 40 температура, доби ибупрофен, инхалација, препоте и после цела вечер беше супер. Вчера јас на работа имав да завршам нешто па маж остана дома со неа. Цел ден кренала максимум до 38. Реков до 38.5 да не дава ништо. Помина вчера денот без да прими ништо, само инхалирање. До крај на ден веќе немаше ни температура. Ама протоколот е 24 да нема температура за да оди во градинка, па си реков ај да остане и денес дома. Денес јас со неа, маж имаше нешто итно. Денес сабајле бевме до кај педијатарот, ем ми треба оправдување, а и нема лошо од тоа да ја слушне на градите. Ни даде сирупче и ми кажа да не се секирам, грлото ѝ е малце црвенко и иако кашла влажно, дека не е од плуќата. Утре да си оди во градинка без проблем. Се надевам дека сите настинки и вирувчиња вака ќе ги поминува. На муабетот погоре - и јас се чувствувам некако како да не можам да се организирам за ништо. Срамота е да кажам, ама не ни готвиме многу. 2 пати неделно. И тоа заедно со маж ми. Еден сецка едно, еден друго. Тој полни машина за садови, разнесува алишта од машина за перење во машина за сушење - да не кревам тешко. Јас чистам и бришам тој усисава. Искрено - последно време повеќе прави од мене и ќе сум искрена пред себе дека сум јас за кудење. Ама па од една страна се правдам некако дека не стигам кога - еве вчера од работа дома имав само еден саат пред да имам термин за дренажа и после се прибрав во 20.30. Со бременоста сум ко пијана цело време, ми се спие, немам енергија. Времево што е променливо ич не ми помага. Се сеќавам кога се породив со Мачорка, маж ми имаше прилика да е првиот месец дена дома со нас. Мислам дека тогаш му стана сѐ јасно, како е можно да си дома, а да не стигнеш сѐ да ти е под конец. Од тогаш имал многу прилики заради мојата работа да седи со неа болна, и да не успева ништо да направи. Мислам дека тој што знае како е, не би бил неблагодарен на жена која со деца дома стига и да зготви и да среди. А за бегањето од децата и посакување време за себе - и те како е нормално. Знам, неизбежно е чувството на грижа на совест, дали сум добра мајка што сакам време само за себе... Да. Одлични мајки сте. Особено ако го искористите тоа време за да се опуштите и после да сте нервно релаксирани со своите деца. Што фајде од мајка што е нервозна и ја истура нервозата беспотребно на своето дете. Ми се случило, и дури се извинувам на малата кога ќе ѝ свикам. Па и не е веќе мала, разбира. Ме прашува зошто ѝ викам кога не сум требала. И како секој грешник, ќе ѝ се извинам, и ќе ѝ кажам дека не сум требала да ѝ свикам. Дека сум згрешила и ми е криво. И дека сите грешиме и тоа е нормално. Најдете начин да си дадете оддишка. Разговарајте со сопрузите. Пробајте да најдете макар и еднаш неделно нешто што ќе ве опушти. Научете да не очекувате многу од другите луѓе. И пробајте да се опуштите. Држење лутина не помага. Реков ќе сум кратка, ама стварно не бива тоа кај мене...
Јас болна, дете болно. Маж ме наапа, ама изгледа сфати и сеа фин е. Двете со антибиотик. Двете со висока темп. Сакам да спијам, а осеќам вина.
еее мајка... И јас поцркав деновиве со исти проблем. Шмри ли шмрчи, 2 месеци не сме оздравени целосно а мака на се е што треба и вакцина да прима го минав и јас тоа,седни си исплачи се нека ти олесни само без нервози и ќе си го седнеш мажето мора лекција да му одржиш,ако сега попуштиш цел живот нема да бидеш раат без барем 5 минути сама без децата леле да си жива абе Господ да даде цел живот така релаксирано да ти е. Јас така само кога ќе скренам,кога веќе не се издржува па не знаеш по кого да се дереш по кого да викаш... Море ич мува не треба да не лазе. Јас ќе поработам на тој случај. Не се трпи се на мене да е оставено,не дека маже не може него ние сме криви убаво велиш. Па о детево... 6 години ги направи а јас уште му се стресам,сам без мене не го пуштам,ептен ретко кај свекор ми ако треба да оди или па кога сум на работа абе 1000 пати ќе се јавам. да има некој да ме натепа.... Морало се да е скоцкано. Како не. Синки ние стоки сме магариња. Седи глеј си здравје. Послем ќе речам детето не се осамостоило па не,со мајка вака што се треси на се...
Вака читајќи гледам дека кај сите се истите ситуации со децата. Јас кога бев бремена со второто немав сила ич и многу често се случуваше вечерта да оставам хаос и да легнам. Маж ниту еднаш не промрчел. Ако може нешто ќе среди, ако не ќе остави. Откако се породив он презема поголема обврска околу големиот, нормално колку што може нели, сепак оди на работа. На моменти и јас се осеќам дека не сум организирана ама брзо поминува гледам да си ги олеснувам работите. Готвам работи што не одземаат многу време, често и за по 2 дена правам, а се случува и суво да јадеме некогаш. Кога имам можност користам баба сервис ама тоа само кога сум кај нив во градот на гости. Сега ангажирав и жена да ми доаѓа за чистење и одма сум порастеретена. Отворен разговор е клучот за се според мене. Ако нешто неможам да постигнам му кажувам на маж и наоѓаме заедно решение, без разлика за што станува збор. Инаку да покукам и јас малку. Бебе сака само во раце до кога траеше таа фаза?
овде треба психолошка ординација да се отвори оти сите - пукнавме. А јас мислев само јас сум во таква состојба. Ако не друго барем се олеснив а вие ме утешивте. мислам дека некогаш што од обврски што од едно очекуваш а друго ти излегува ни се ствараат стресни ситуации. Налет све немаш време или можност со партнерот да поразговараш. Не за друго малку ќе се растеретиш со мисли ќе си олесниш душа. Ама да,ние сакаме се сами. ќе се заколев дека и јас ќе барам една жена ако не друго барем два пати месечно да иде да помогне,некогаш ете во вакви случаи мирот одморот и времето ќе си го "купиме со пари" барем толку сме заслушиле. А успат да те прашам малку оф топик дај нешто предлог да земам за дезинфицирање по дома. и жено Господ да ти дава сила и трпение оти јас ќе скренам со толку расшетување и обврски надвор од домот. Додатно стресови ми се болнициве