@AngelOfArh Fala ti za mislenjeto I podrskata, mi znaci mnogu, iskreno ti kazuvam. NE deka cekav nekoj da me potapsa po Ramo bravo prodolzi da go udiras deteto, no polesno e koga znaes deka NE si Sam. NE svakjajte deka odobruvam kjotek I pretepuvanje dete, no ete ples ples po gazica I cat pat slabo samarce I te Kako znaat da vrazumat defence kaj koe razgovorite na momenti NE vroduvaat so plod. Nego imam edno prasanje, MAJKI OD OHRID Sto e vo Ohrid na Tema morbili, ima ili samo fama, SE mislime Dali da odime za prodolzeniot vikend. Pomos?!
Ама кој сака нека ме осуди! Признавам сум имала и јас погрешно мислење, сум знаела да кажам Јас тоа никогаш! Ама... Се се менува кога ќе добиеш дете, сѐ! Постојат карактери и карактери, јас моето дете сигурно си го сакам најмногу на свет, ми е сѐ, го обожувам, ама во моментот кога редам тањири во машина, се цедат од горна решетка а он ја врти перката и му капе, па едно 50 пати ќе повторам не и ќе го тргнам едно 30 пати и мисијата редење машина која обично трарќе 10мин трае 40, богами ми се спојуваат жички. И еве јавно ви се извинувам на секоја една што сум ја осудила, многу сум била грешка. Дете може да ти биде по твој терк само ако го чуваш сама, никој да не ти се меша, сама самцата, без баби и дедовци, па и без муж, има да си го направиш по свој терк, од мерак, ама тоа е мишн инпосибл, така да поарно да не се ни трудам. Јас не давав благо и грицки, пројаде со баба, јас не давав хранење во игра, бидна и тоа со дадилката, јас не давам телефон, баба дава, јас не давам да трча на улица, тато дава... Мал милион примери. Затоа повеќе не осудувам, секој за себе си знае, секоја чест на тие што можат со муабет, јас не можам. А не сум тепана како мала, ама сум била мирна, сега моево у гаки ќе ти брцне колку е немирно, така да не можам да се воздржам. Истеравме една шетња, играње со кумчо мал, муабет со кума и сега ќе се легнува. Имам една книга за дочитување ама многу е досадна, едвај чекам да ја дочитам. Секоја вечер ме успива после 2 страни. Се понеизвесно е моето идење кај мајка викендов, сметките на пазар и дома не се исти. Добра ноќ!
Добро утро мајки Синоќа малку од малку отспавме, па денес сум пола зомби. Двете моми испратени во градинка, малово нарането и пресоблечено, ручекот се вари во експресен...јас до кафе дојдов. Туку најмалово е со зелени мрсули, како затнато и чат пат поткашлува. Се мислам која сестра што и донесе од градинка. Нема тт за сега, за среќа. И да ја однесам на лекар не дека брис ќе и направат, ќе ни речат да луфтираме, па после ручекот ќе се стокмиме и на свеж воздух, на прошетка. По селава мои свеж воздух на извоз. Предност барем тука што живееме. Пак муабетов околу удирањето. ЈАс имам кажано дека сум против. Ете, и моето ми избега, се стрча накај улица, ама во тој момент, кога и јас а и оно толку се уплашивме и бевме под шок што се вика, последно ми падна на памет да удрам. И да. Ние како родители сме опкружени под постојан стрес. Сеедно дали е приватен, професионален, финансиски, здравствен....и фитилот се тенчи, жичките се спојуваат, па човек губи контрола. Не е до детето. До нас е. Тоа е само дете и се понаша соодветно на возраста или е во некоја фаза на развој. Најчесто родителот е и истенчените живци од се останато и реагира на начин за кој најчесто покасно му е мака. Нема совршени родители, не сме совршени мајки. Но доволно е да се трудиме да сме подобра верзија на самите себе. Мој совет би било кога ви е преку глава од се земети си време за сами себе. Исфрлете негативна енергија, наполнете се со позитивна, правете нешто за себе. Да се надоврзам на @AngelOfArh . Не се криви другите доколку детето реагира на ваков или друг начин. Доколку сме сами на планетата земја, без надворешни влијанија, детето ќе си биде баш по наша желба и терк и најмирно на свет. Но и тоа си има свој карактер, желби, фази на развој, тантруми итн. Сакале или не, колку и да се трудиме, тоа е. Не ни е никој крив. Детето го воспитуваат мајка и татко. Доколку тие имаат несогласувања или пречки во комуникација околу некои правила, треба да си ги расчистат на само. Детето не го воспитуваат баба и дедо, но родителите даваат ошти насоки и ограничувања а остатокот е во нивна слобода или спонтана одлука. Доколку не се почитуваат истите или има пречка во комуникација, треба да се реши и треба да се разговара. Не е муабетов дека осудувам. Туку тоа што пречи треба да се разговара. Макар и со маж. Еве, на пример јас од петни жили да се трудам да научид ете дека кога одиме по улица треба да држи раче а мм да му вика нема везе, шеткај си до мене. Значи не е до детето. До нас е , старите. Може и тоа ќе си биде тврдоглаво, ќе дава отпор, но ние првен треба да си ги усогласиме методите. Ај да не се олади кафево.
Знаете зошто? Се решив, утре патувам за Валандово, јухуууу, идам на продолжен викенд кај мајка Обично идам со мм па сум растргната со тоа да му посветам внимание нему, на дете, на мајка, на другарки, а вака сама, има да се удриме на шетање со синче, да одмориме баш во вистинска смисла на зборот. Баба има да не размази за сите пари! Едвај чекам! Таблет со тон книги, многу позитивна енергија, лабава облека пошто ќе биде сончево и среќно дете, не ми треба ништо друго! Е денес ќе биде малце тешкичко да се спремам пошто ќе одам на вежбање вечер, па да се спакувам пошто утре ќе одам со багаж на работа ваљда и да смислам дете како ќе издржи 2 саати пат. Ама утре вечер кога ќе си легнеме на креветот јас и синче сами, па баба кога ќе не разбуди со кафенце и мекици, има ли поубаво? Дете е супер, да не го подречам, од ден во ден се повеќе ме изненадува. Кога одам да го земам од кај баба му вика Ете ја мамичка! Денес бил св. Никола летен, се купувало нешто на децата, ние ќе одиме да купиме гакички за одвикнување од пелени да си ја пробаме среќата кај баба, ако ни успее. Таман топло, нема да му е ладно, кај баба е полесно и ќе пробаме, зошто да не. Станува посвесен чинам. Има торта да направам ако се одвикнеме од пелени, ќе частам! Уште таа обврска ми остана, па да видиме. Одам женски да поработам уште малку, пак не чека продолжен викенд!
Здраво мајки Дете спија јас си лежам до него и посветувам внимание на телефонов. Вчера од памет ме извади. Си игравме со дрвени коцки и зеде една коцка за да ја лапне во уста ама станав и се стрчав накај него и знае дека не треба да ја пика во уста и ја фрли и си реков добро свати детево. Ми се примоча и одам во вц тој беше заигран, по неколку секунди иди со цела коцка во уста значи си ја зел од каде што ја фрли и ја лапнал, се давеше не можеше да ја плукни, срцево ми застана, пикнав два прсти во уста и ја фатив коцката незнам како му беше пикната ама одвај ја извадив со тргање, дете се преплаши и цел се тресеше исто и јас имаше и крв во уста, сигурно кога сум пробувала да ја извадам со работ сум го издраскала, добро е со толку што помина. И сите ги собрав и ги качив на високо. Едно време ништо не ставаше во уста и сега пак почна, го карам и знае дека не смеи да става во уста ама за инает пак става. Некогаш дури и во очи ме гледа јас викам не не тој става и бега. Многу голем инает има. Од сабајле излеговме да прошетаме и јас одам лево тој десно ама баш секогаш оди во обратна насока од мене. На моменти ми е многу тешко со него. Кога не му давам нешто што сака се фрла на земја и почнува да плачи, ама така се фрла ќе си речеш како на мек душек и ќе се удри уште толку па си плачи со причина. Кога сме излезени ако нешто не му е по ќеф седнува на под без разлика каде и вика и плачи. Кога излегуваме со количка не секогаш сака да се вози во неа, сака да ја турка... и уште милион дешавки што си ги тера по негово. Без песнички не јади. Го седнувам на маса и уста не отвара додека не му пуштам вика папаа, демек Џони папа го сака. Се уште не зборува и тешко се разбираме, си брбори нешто по негово. Многу пати знае и шпоретот да го пушти па и него го проверувам по 100 пати на ден. Играчки има низ цел стан. Џабе има една соба со играчки само за него кога не игра таму, само ги разносува, дури и во вц има мечки, коли, коцки. Доста пишував за лудориите од синко, ќе испадне се жалам само си се искажувам. Денес решив да не готвам, вчера направив повеќе јадење, маж знам ќе речи пак исто да јадам е ќе јадиш ако сакаш ако не немораш. Може ќе направам само плус супа. Денес јас салата доручкував, престанав да јадам леб па да видиме дали ќе има некој разултат. Треба да одам на доктор да изпитам мокрача ама нема кога. Ме болат бубрезите и често мокрам и ме боли сигурно мочниот меур. Оваа недела маж цела ќе ја работи. Треба да закажам и кај матичната од синко за вакцина, да ја прими ммр пред да одиме за МК, да не беше епидемијата ќе ја одложував до 3 години ама не ми се ризикува, до душа уште и се мислам. Да стани детево па ќе јади и пак ќе излезиме. Денес не врни па да искористиме да прошетаме. 2 дена не бевме излезени од дома, истураше дожд. До сега сончев ден немаме видено на планините уште снег си врне. Осеќам лето нема да има овде оваа година. Синко стана а требаше да спија уште еден сат барем. Имајте убав ден мајки јас завршувам со пишување, сега ќе се гушкаме со детево дури не посака да стани од кревет
Добро вечер. И јас како Орхидеа вечера немам а богами и не планирам ништо да правам, има реприза ќе се најде нешто, еден ден ќе не биде и вака. Денес џиро ди Италија (кој прати велосипедска трка) па градинките беа затворени, кој малер сум, баш денес имав гинеколошки преглед, кај градот блокиран не се мрднува со кола, немав и синко на кој да го оставам. Среќа во последен момент внука ми седеше со него додека се врати сестра ми од работа, цело време таму ми беше умот, знам дека е одговорна ама сепак е дете и таа (има 12 год.) Прегледот што да кажам?! Не знам дали само мене вакви ми се паѓаат или стварно нема ниту еден асален доктор. Жената (гинеколог) имаше 60 год. и долгогодишно работно искуство а не знаеше да го уклучи апаратот за да ме гледа на 3д па ме гледаше на обично ехо барем ќути си, вака се глупираш, дури па имаше и девојче на пракса и сто пати и повтори дека не знае и оваа жалната од неа ќе учи Кога дојде ред за кои испитувања да ги правам пак се замисли и рече демек ги мешела некои две работи ептен слични и биле па отиде да бара во ком. Имаше една изрека: операцијата успешна пациентот мртов Се надевам нема да е до толку. Бев и до банка. Фали еден документ за станот, чекам да го издадат па полека да почнеме да купуваме ствари за уредување Одморот никако да го организираме, се надевам не ја утнавме работата, барем одмор да истераме како што треба. Ми се увртило во глава, сакам да прочитам некоја добра романтична книга. Некој да ми препорача некоја? Не од тие еротските на @Ava.84 не сум јас за тие работи Они во немачка се понапредни од нас, знаат да уживат Италјанците само книги за мафија, дај им паста ( не знам како не им никна во стомакот) и вино. Пострвен народ од нив нема на планетата земја Значи ми нема равен, од кај почнав а кај завршив Постов ми е каша попара
Незнам каде да го поставам прашањето, оваа тема ми изгледа како најсоодветна. Денеска гинекологот ми предложи за антибеби пилули, да ги користам, дали некоја ги користи/ла, да сподели искуство. Фала однапред.
@Monella ме изнасмеаАма да знаеш таа мојата колку романтична испадна на крај се сончаа некаде на некоја егозтична плажа со кекс заедно со брат му и другарка и Леле колку романтични имам прочитано како студент и ден денс ги читам ама многу сум тапа за автори и имиња.Една што ја имам дома па и го знам името Секој што е некој беше хит на времето. Спојлер: Книга Не сум ти честитала станче изгледа, мислам да не е прераноАма ајдеЧестито да ви е и со здравје и слога да си живеете во него и една мома да ви го растура заедно со батко Добро утро Се возам на работа и пред мене седи една жена, кој и да седна до мене го замара со нештоСите станаа и ми се закачи мене.Знаеш и јас имам смарт фон ама овој ми е подобар.Јас само ах и реков и среќа дојде една жена па нејзе ја замара Малата ја оставив во градинака прв пат по толку време се расплака.Нешто и дојде во главата, деца кој да ги разбере.Од тој тротинетот се си паѓа ама гледа во чавките.Претходниот ден се заби во една дупка и одма рикна да плаче ама се смири брзу.Јас 1км подалеку.Додека дојдам.Кога ја видов после на коленото модрица пострашна не е имала до сега Тражам пердиња , малата е поголема па се надевам нема да и створам некоја алергија на прашина.Најдов преубави ама не знам како да ги искомбинирам мислам кратки -долги Темни не сакам оти си имаме венецијанки, а комшии немаме во близина па не се криеме посебно. Ме боли стомак ми се плаче .Ми дојде преска.Пак порано ,а на гиниколог никако да отидам.Имам еден куп на списокот работи за термини да закажам .Се викам после и после работа се заборавам. Мм и купил на малата ластик и дете по цел ден скока .На сред соба ни еЛастикот е толку голем мислиш 6 деца ќе го држат Ама најинтересно е шо и јас морам да скокам да сум кажувала како.Сум заборавила.А колку играв со таа комшиката ластик од утро до мрак .Кај имавме толку сила Ми недостига по некогаш женава ама откога се омажи отиде во друг град и изгубивме контакт.Сега и јас сум далеку.Ја имам на фб ама не комуницирам.Баш ми е криво Ама кога бев мк на една школкса од средно и покажав поклон што ми даде пишува на него дата 2001 ,3 година сме биле, леле колку се израдува Уште го чувам Дури и јас се изненадив кога го видов А не ми е блиска Убав ден жени стигнав на работа
Добар ден мајки Стандардно ова време, бебе нани, а јас типкам, но каде и да е ќе станувам да потсуредам малку, ќе имаме гости за ручек. Сестра и зетко идат да ме канат за потпис у книжето, јаооооо Као официјално да биде, па може и нешто блашко ќе подадат Ставив месо и компири да се печат, плус и ќе пржам увијачи и шарски, па да имаме богат ручок И на бебе месото ставив врз компирите у рерна, нека се динста/пече и секако ќе му спржам некое компирче и ете му и на него богат ручек Ми одбива ручекот, а седнува на маса со мм и бара да јаде од неговото, ај почна као да проба, ама искача дека он тогаш руча. Супер, -1 напред-назад со лажицата Декорациите при крај, мислев мајка ќе ги среди, но ми ги спакува и ми ги прати Ако, она ќе се ццкаше до пред свадба, а јас за два дена ги завршив. Уствари уште за еден ден имам работа, но чекам материјал да ми се донесе. Уствари мислам мајка и не се нафати поради пребирливоста на сестра ми, а мајка, сака да угоди, а и не е сигурна па само прашува. Мислам зела еден цвет и татко ми го свиткал до кај што сакала сестра ми, па до таму требало да бидат сите А како јас ќе ги наредам у букетче е тоа не размислиле Па запна мајка, да ти ги свитка татко ти да не се мачиш, пошто нели жица, абе 10пати и реков да ужива, ќе средам. Па јас ги средив по мое Уште прв ден ми прашуваат до каде сум, да пратам слика да видат како испаднало. Е тикви, реков кога ќе е се готово ќе видат Е не, ќе се замарам јас дали чипчето требало 2мм подолу, машничето поголемко, бисерчето погоре Едвај се одлучи како да бидат, кажа што како сака и готово, крај! Многу се убави, ептен убаво испаднаа Мм го дотеравме, за 15минути, у првата продавница што влеговме, првото нешто што го проба А и бебе беше толку невозможен што ако не се земеше тоа, ќе се вратевме без ништо Само уште времево да се оправи Прееска пазарам у продавница, куца сметката 666ден за наплата, аууу кога ми се запна ,,Емка земи уште нешто жити се,, па ај зедов кафиња 3во1. Абе сегде сум како ѓавол Не знам колку сум суеверна, но до волку ич! А бебе дури пазарев прво се качи на сталажа за да си испазари играчка, па се наврте на кикирики, пченка, леблебија која се продава на мерење. Отворени ќесиња стојат на рафт, таман за негова висина, па јаде ли јаде, батали играчката, плукна цуцлата, меле ли меле, па и вика ,,ам,, Вчера ја чистев колата, само внатре, од надвор мм ќе ја пере. Ииииии да ви се пофалам дека дури и крокодили најдов Храна, грицки колку сакаш, во седиштето, под седиштата, под патосници, гепек, абе хаос Може цел саат пресмукував Играчки, делчиња од играчки, некоја кутија од играчка, абе од се по нешто да се имало Се пребришав два пати, фали уште еднаш со некое посебно сретство, но немам, сепак и вака не е лошо. Перев навлаките на седиштето и количката, кои беа мрсни и улепени, абе грозни Закачив и тоа организаторот за на седиште, пикнав и некое играче, па бебе се прерадува, хит му се лепенките А јас дури чистев бебе ми ,,помагаше,, Не знам колку пати го пресоблеков, па ај што се испопрља и намокри, ами едни кратки и ги скина И обожава да си ги носи сандалите, значи а ги види ми ги носи да му ги облечам, па по цееееел ден е со нив на нозе Сака и он лето, аман доста е со ладново, па и слушам сега врне Ај толку, доста пишав, идам по тоа што реков. Убав ден, гушкајте се
Ќе врне ли,нема ли да врне?! Глава важно боли а продужен викенд на видик.. Не сум пишала зашто умот ми е кај дете мое.Две недели де има-де нема пролив,па две ноки поврака,две не.Крвна слика и црп кажуваат дека све е ок,Му се пожалив пак на педијатарот дека не ја бива вака работата,па упат земав за корпокултура.За тие вируси/бактерии што имаат реагенси на клиника,испадна све ок.Може е вирус кој не го испитале. Важно не е бактерија,а вирус ќе мине.Ама и јас сум за ќутек!!!! Викендот се стабилизираше и јас го однесов надвор и тоа баш си останавме надвор.Се трудеб да го пазам,ама дур се свртам пикнал рацете во уста а копаше со нив у песокот.Дали има шанса пак да префатил од прљавите раце?! Гледав во календар,јуни викендит фул ќе ми бидат со настани.Имам дури и една свадба на многу драга другарка.Изненади девојчето,после некој месец врска. И сакам еден викенд до морево да појдеме.Е малку ме обесхрабрија цениве за викенд,ама па што си мислев веќе почна сезоната и нормално е да се качат.Ќе части маж,и онака последниов месец дена многу сум скромна станата.Ништо неможам да си најдам да се подновама а баш мерак имам. @Monella честито за станчето! Имајте фин продужен викенд!
Добар ден мајки и од мене После ќе читам кај која што има ново, првин да пишам додека синко спие. Толку мало, а толку тврдоглаво. Му паѓа главата за спиење, ама никако да заспие. Може и не е тврдоглавост во прашање, штознам Вчера заспа во 21:30, се разбуди за цицање во 23:30, за потоа да стабе во 01:00 и да седи буден до 03:30 И да, сабајле стана во 06:15 Колку и да се обидував ноќеска да го успијам, небиваше. Се нацица, па гледам не му се спие, ај му сменив пелена, му направив инхалација и викам ај ќе заспие. Не и не. Го ставив на спалната да лежи, не сакаше, па изгледа стомачето го заболе па почна да плаче, па ај мм пушташе приспивни песни на моб, оа бели звуци, па пилиќи... И ништо не помогна. По некое време заспа, иако веќе бев изгубила надеж. Во 6:15 стана искезен, ококоравен, мислиш поврзано 12 саати има спиено. А јас нормално, како зомби Море не, како Момо И да, тој си заспа во 13:00, а стана во 15:00. Си отспа, што му е гајле за мене. А јас наместо да одморам, решив да чистам. Правев ручек во паузите кога сакаше да седи сам со играчките, па шпоретот стана лом.Така е набрзина, кога минутка си до дете, па дојдеш до шпорет, па пак кај дете. И така, работење на рати. За ручек правев ориз и пилешки стек во сос од сенф. Преубаво беше, ама затоа мораше да се чисти кујна. Па таман ја избришав, ми текна да направам десерт. Не дека направив којзнае што, пудинг со бисквитки, ама пак направив мал неред кој требаше да се среди. Па ај, втора рунда бришење Имам волја да експериментирам во кујна, ама со бебе не ми се почнува. Знам дека кога ќе почнам да правам нешто ќе ми се разбуди, па ем недоправено, ем јас нервозна, па ќе му пренесам и на него, па подобро да не почнувам. Тоа ќе чека некои подобри времиња, кога ќе почне синко да се заигрува. Ја забришав и рерната, колку да се каже дека е чистена, мм заборава да ми купи одмрснувач. Па ги избришав и прозорите, дождот ги беше направил лом од онаа недела. И така цело време на застанав. Ама кој ми е крив? Кога слободното време не го користам за одмарање туку за чистење. Ама како и да е мене ме чека. Излажав И мм брише прозори, прашина, усисува, ама кога ќе дојде од работа повеќе сакам да си поседиме заедно, отколку да чисти. И така, јас се жртвувам кога мали ми дозволува. Се за љубов. Секако постов го пишувам дооолго време. Само што почнав синко се разбуди, па ај во раце, па таман го допишав, ми снема интернет. Се префрлив на моб.интернет ништо од она што сум пишувала не се сочувало, па ај од почеток. Затоа ако е каша попара направен постот не замерувајте. И ова едвај успеав да допишам со синко во раце, но ако чекав вечер ќе заборавев што сум сакала да кажам. Требало Господ кога ги создавал жените, да ни стави повеќе раце, би си ги завршиле сите работи. И би биле совршени. Толку од мене, бебко кинка. А и раката ми отпадна, не се држи бебко веќе. Убав ден мајки
Здраво женски, како сте? Спремни за продолжениот викенд? Утре попладне ќе одиме за Кочани, кај мајка, малку да се видиме. Се мислев дали да останам со бебо една недела таму, па следниот викенд мм да дојде по нас, ама некако ми е страв, а не знам од што. Така шубе ми е... Дали дека дома сум навикната на се, и некако цел ред ми се пореметува таму. Си мислам дека кога ќе биде малку поголем бебо, и ќе ручка убаво оброци, тогаш полесно ќе ми е да остануваме подолг период. А можеби и само претерувам? Од понеделникот почнав со воведување на вкусови, засега оди некако, по 2-3 лажички вкусува Се надевам брзо ќе стигне до оброк. Јас со домашни обврски цело време покрај бебо. Деновиве беше убаво времето па по два пати излегувавме да се шетаме со количката. Баш ми годат прошетките. Ве оставам во добро расположение, да каснам нешто дур спие.
Јас не одам кај моите на спиење откако имам дете. Редот ми е дома, таму не може да си направам ред, они си имаат нивен ред, се ми е некако наопаку. Затоа само на ручек еднаш месечно и доста е. Се радувам продолжен викенд, дома сме тројцата заедно, ќе уживаме. Ќе средуваме пак низ двор иќе чистиме низ дома, ќе редиме...
Мајка ми е сама, татко ми и брат ми заминаа за Австрија, и ем сакам и правиме друштво малку, ем да 'одморам' и јас малку од секојдневните обврски, плус што ќе гледа да ни погоди на сите тројца цело време. Сто пати ме праша што да ни готви овие денови, едвај чека да не види. Инаку, не сакам да менувам ничиј ред, нормално дека дома на сите ни е најубаво
Одиме на спиење и по два - три дена, од бебе си ја носам, навикната како дома да е. А еве кај мајка му на мм не седела повеќе од еден саат и не е навикната таму, па ни јас искрено. А кај моите имаме се, блендер, креветче, памперс купуваат за таму за малата, некогаш и млеко Носи ја од мала да се навикне. Мене ми е незамисливо да не појдеме на гости на спиење кај нив
Покомплицирано е одење кога ќе јаде оброци. Оди си кај мајка, и тоа ти е дома, од прв ден ќе фатиш ред.
Здраво Се спремам да пишам и ете го синко нешто се разврте, па го гушкав зошто ако стане треба да го шетам низ соба. Кај нас убави работи се случуваат, страв и возбуда измешани , а и за второ дете почнавме да размислуваме со мм, не одма ама ставот што го имавме дека едно е доста се менува полека, па ќе видиме што ќе ни донесе животот. Како се вратив од Мк не престана да врне тука си го носам дождот со мене кај и да одам. Од вчера се смири конечно дождот и ние одма во акција. Денес го седнав во количка синко и вика ај до еден парк малце подалеку ми е ама па опуштено ми е не трчам по него, нема лизгалка и не ме вика да го пуштам 100 пати надоле. Стигнавме таму кога гледам еден дедо се соблекол по купаќи ужива Па непријатно ми дојде свртев и назад. Го пуштив детето са трчка по пат и на лулашките близу нас поиграме и правец дома. Во дворче уште малце му го спомнав точачето кога гледам карши нас комшиите детето голо во двор игра, мајка му во купаќи трча по него ( ама иако печеше сонце 21 степен беше, многу брзаат германциве). Јас па дека прв ден без греење дома топлинките си ги извадив ми судеше на нозе. @Monella честитки за станот @happygirl да одиш и да не се мислиш. Добра ноќ
@Monella честитки за станот Јас доручкував супа од леќа и кокос,мх мх па и малку лутка и стомак полн Да е живо и здраво Ревето,инаку кај ќе дремам до 14 часот додека да појдам на работа.Место до 20 денес на работа до 10 саатот вечер.Имам втора смена. Колешката отпаднала,па ми вика шефицата дојди покасно за да се покрие втората смена. Вчера турбо,носев дете до градинка,назад до дома и 3 саати ме фати.Се истуширав и пак по патишта.Отидов на работа да штрајкувам.Солидарност мора да се има.Се надевам ќе вроди со плод ќе качат мимимум 200 еу на плата месечно Продолживме на роденден кај другарче од градинката и многу убаво си поминавме Зедов поштол за сапуница,дете пресреќно оти такво немало и ние среќни дека го погодивме поклонот. Секој ден губам 5 до 6 саати во пат.Многу ни е далеку градинката.Со душа чекам да дојде септември да почне во новата. Мене пак ми се растече нос и кашлам,синко исто.Промена на време топло ладно многу ме нервира. Братучедот го договоривме за овој викенд.Ќе дојдат во недела и таман скара за ручек да не мислам многу. Жена му ми запнала да менам работа да сум дошла во нивната клиника -многу повеќе платено и бонус на секој по 1000 еу ќе сме делеле. Не ми е лошо тука,убав тим имам и за плаќање заработувам многу повеќе од домот.Не е до толку стасала работата. Друго што да кажам немам. Апдејт договорив ја колешката од работа да пиеме кафе во кафетеријата на клиниката,пред да стартуваме со смената Е тоа ми е вредно кога ќе појдам на работа.Со ќеиф да одам,а не кога ќе одам нози на назат да ми се влечат и да ми се темнее пред очи. Оти и тоа го имам искусено на кожа.Заради мобинг си имам дадено отказ Ајде убав ден на сите поздрав