Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајкички :coffee:
    Ја запоставив темата ,не само тамава па и форумот немам време ич периодов на работа турбо ,после дојди дома со дете надвор -внатре пак турбо и навечер се навлеков на една серија ја гледам пред спиење да се олабавам и слабо се уклучувам .Секој пат викам прво ќе прочитам се што сте напишале па ќе пишам и сфаќам дека така не успевам па денес решив ќе пишам па ќе ве исчитам :)
    Ние сме добри синко не оди во градинка еве трета недела веќе фала богу он е добар нема симптоми ама на брисеви му најдоа стрептокока во нос ,па плус во градинка имало варичела и решив да го почувам дома да ја избегнеме овој пат .Бевме на одмор минатата недела преубаво поминавме ,времето сонце преубаво ,навечер малку свежо беше ама супер се спиеше бар.Водата не беше за бањање ама некако се разбиравме со дете па и во тоа добро поминавме .Синко расте од ден на ден се поинтересен станува ,секој ден по некој нов збор плус ни кажува :) Галче е многу сака да се гали ,да се гушка и бацува :inlove: ама и многу е лигав ако не му дадеш нешто по негово одма се лути легнува на земја дури тоа ужасно ме нервира по некогаш .Другата недела е свадбата на деверот во полн ек сме со подготовките , фустанот што го шиев преубав излезе :$ Ми остана уште синко да го дотерам имам замисла како па се надевам ќе најдам и ќе го стокмам најубав да биде:D
    Честитам родендени и сите друго поводи што сум ги пропуштила на сите .
    Убав ден :f:
     
    На Kaetana, girl-miri, hello-kitty.90 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    За појадок лепче намачкано со путер, сиренце и домат, крем или мармалад со млеко. Тост или сендвич. Друго не ме текнува.
    Јас пијам кафе и смути од мусли со јатки и чоколадни парченца, банана и млеко. Вака за пиење како смути ми е поубаво отколку обично да го јадам.
    Испратив маж на работа и дете во градинка, па полежав уште малку. Не можев да заспијам. Секој ден станувам во 6:30, а си легнувам околу 11. Ништо не работам и пак не сум одморена. Ноќеска се разбудив околу 3 и не можев да заспијам па гледав во телефонот(facepalm) Кај нас веќе почна жешкото навечер и ноќеска, а што ќе правиме кога ќе биде 40+ степени, ќе испоцркаме. Вода немаме, само од соларната ама таа е жешка. Ќе сврши работа да ставам гравче да се варе додека сум дома, па после ќе излезам низ чаршија. Друг план за денеска немам. Тоа е, поздрав
     
    На Kaetana, girl-miri, elcezelce и 14 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    И јас ја запоставив најубавата тема на форумов :( (за мене:))
    Здраво мајкички:)
    Чекам 16 ч. Уште кога станав сабајле знаев оти не ќе ми се работи денес. И сеа имам и грижа на совест зошто ништо не пофатив :^)
    Второ кафе пијам. Отсабајле каснав од ѓеврекот на маж ми. Потоа колега донесе торта на работа. Па каснав мусли. Па си сварив јајце. Па со кафево и крем бананка отворив :worried: После во игротека на брдеј. И таму ќе каснам :( А цела недела си бев на мусли само ,денес се собра. Закажав и фенирање. Ама ми мати вода времево:devil:
    Синоќа како заспа синко , се укочив за да не се поместам:) Ме гушна и си легна во мене :l: Мн е смешен. Заспива горе на спрат на спална а после го преместуваме во креветче. Прво вика нане,нане па ме фаќа за раче и си се качува сам и си легнува на спална :l:
    Секое попладне сме на лулашки. Којзнае како изгледам таму ,ко од поплава. Преуморна. Сите забележуваат и ми приговараат. Притисок 80/50,90/60....Почнав пак на аеробик. Не толку за линија колку за полнење батерии. Ама летоска ќе ме мрзи знам на топлово.

    @TeddyGrey јас ќе бидам бетер од сега. Во последно време размислувам многу на таа тема. Па си замислувам школски период, како тргнува дете на екскурзија, па колку ќе го мислам дали стигнало, дали е се во ред... и како ли ќе спијам ! Па потоа забегувам накај средно,факултет... Ќе излегува навечер, ќе вози кола, а јас дур не дојде дома не ќе заспијам знам :( И сега еве ми е криво кога на лулашки ќе го бутне некое дете. Кога ќе му ја земат топката. Кога ќе му речат мал си ти бегај,неможе да си играме ,,,, итн.... Многу лоши работи се случуваат. Суров свет. Како ќе ги заштитиме ,... Маж ми е подруг. Го остава сам уште сега да се знаоѓа. Може тој ќе ми влијае малку да се опуштам ,ма да не верувам...

    Сте начнале малку и тема баби.... Ич не сакам да ја спомнувам, ама некогаш ми е толку криво, ради мене ич,ради детево. 5 пати дали го видела. Он не знае дека му е баба. Дедо му дека му е дедо. Не им се обраќа.Доаѓа кај ќерка и и седи цела недела , а она се јавува и на маж ми му вика- Мама е тука донеси го да го види!
    Си викам се врти тркалото. Ама тогаш не ме гледа ни мене ни никој.

    Баткото битно има купаќи. Уште малку па ќе ги проба :) Чекам плата па да му докупам што му треба и што не треба :)

    Имајте убав врнежлив ден :hug:
     
    На Kaetana, girl-miri, elcezelce и 21 други им се допаѓа ова.
  4. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.

    Ова време дете спие,немам работа низ дома но имам малку време за мене.

    Дете кашла корни пол е шлајм му давам и сируче и лекот со кромид,вчера беше подобар и ноќта сета ја преспа.А сношти дури не го исповрати шлајмот не се смири.Ама јас му ја тргнав едната перница си реков готово дете подобар е зошто да спие како на коњ качен.

    Весел е почна и да јаде и да пие и нема тт.Да го пофалам многу е мирен кога му вадам мрсулчиња седи мирен и чека,Сфаќа дека полесно се дише без нив.Колку се густи што немам сила да ги влечам.Едно 20 пати на ден,веќе ми се смачи,но морам да не направиме полошо.Стои и кога и да му ставам капки само бега од ацидосалус.

    Мм да си дојде од работа ќе излегуваме па успат ќе ги однесеме дете да го слушне докторката.

    Јас без антибиотик поминав само пијан од сирупот од дете што е за искашлување,дупла доза.И јас кашлам,но не колку дете.
    Имунитетот паднат ми е на нула,доби и кандида долу.Пече,чеша...по 100 пати на ден се шлакам со вода.А и мм закачи од мене и така сега се лечиме и постиме......

    Се молам мм да не работи викендов да штетниме тројцата заедно,ако не сами ќе одиме.Но многу поубаво ми е кога сме тројцата и дете е посреќно кога тато е со нас.А и тато оди по дете а мама го пушта мозокот на пасење.

    Одам на пуш пауза додека дете не се разбудило
     
    На Kaetana, girl-miri, elcezelce и 18 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.305
    Пол:
    Женски
    Многу ни се изретчи темава, мајкиве ни ги нема. @Mari* ми фали со интересните постови и да ја прашам дечките како и се, @danichap свраќа чат пат ама она со трите моми не ни има време, башка најмалата ќе излезе џамбаска ко што ми стои, како дада и средната. @galapce да ни пише ми фали нејзин пост, она ми е баш глас на реалноста, јас за се нешто ставам розеви или сиви наочари. @gjoker4e со нејзиното секојдневие ми фали, баш беше интересна за читање. @blessed.an исто имаше интересни случки на дечињата... Има многу мајки ама сега на овие се присетив.

    Убав викенд, тие што ќе си го спојат со вторник најубав продолжен викенд ;)
     
    На Kaetana, elcezelce, mariz и 13 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Здраво мајкички.
    Отиде тато да кучи цреши со бебе, па да пробам да шмркнам кафето до тогаш. Многу ми е лошо деновиве. Преморена сум. Бебе се будеше неделава по 100 пати ноќе и само вика опа опа и да ја шеташ. Мислиш спие ко труп и а седнеш сирената ја пушта. Како бебе вака не правеше. Дали и растат тројки, кој знае. Од очај и мајка ми ја викав да спие со нејзе, а јас да отспијам во дневна.
    Се надевам брзо ќе почне да спие цела ноќ. Сите викаат кога ќе откаже цице ќе почне да спие, ама ете не цица 2 недели и уште се буди во истите времиња. Си се тешам дека ќе биде полесно.

    Од утре лека полека почнуваме со пакување за новиот стан. Мора со време да се почне. Ја таксав мајка да причувува дете инаку врвка работата. Едвај чекам да се преселиме. Го мразам само делот на маткање со мајстори. Еден не ми се погодил исполнителен. Се некој нешто ќе те мота порано или покасно. Чекам и бонус на работа па супер ќе ми дојде за опремување :) Подобар тајминг да сакав немаше да погодам.

    Одам да се спружам малку дур не дошло џивџи дома.

    Мирна ноќ мајчички :hai:
     
    На Kaetana, Melinda85, girl-miri и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добра вечер

    Ретко се логирам на форум,време едвај за по некој лајк

    Се жалев кога бев дома со деца и по 10 пати ќе влезев да видам шо има по темиве и редовно по некој пост :tmi: ама имало и полошо
    Сега еднаш неделно едвај се логирам

    Деновите летаат,минутите во денот ми се планирани :x
    Стануваме во 6:45,спремам доручек за вградинка,мали пие и млеко
    Дури ги спремам и се изшлепаме до тљму 8:15 ме фаќа
    Имам време само за едно кафе и од 9 до 12 гледам да завршам ручек,перење и чистење
    Одам по деца и дури се вратам 13:00 не фаќа
    Ручаме,час и половина гушкање и играње и 14:45 со мм само се разминуваме на врата
    Тој се враќа јас заминувам
    Во 20:15 се враќам,една мини брза вечера и најкасно 21:заспивам деца
    Имам време да испружам нозе и дасе истуширам,тоа е се
    И секој ден одлика на предходниот
    Два дена што сум слободна,еден цел ден за чистење и пеглање а другиот за шетање

    Со мм се гледаме 1-2 часа во денот и тоа е се
    Деца секој ден се повеќе ми недостигаат :$
    Некогаш не ги носам во градинка само за да поминам време со нив
    Могли секој ден ме чека да сме се гушкале :(
    Никогаш онака силно не ме гушкала како периодов,така и заспива
    Уште е ко некој тиран ама од ден во ден се повеќе се разбираме :inlove:

    Мали е како некој папагал :angel: зборува повеќе од сестра му :lol:
    Со него полесно се разбираме некако,многу е послушен
    Уште е залепен за мајка ама нека е жив и здрав
    Здрави се,тоа е најбитно

    Другата недела ми иде свеки у гости :emo: сама :smirk:
    Ќе имам малку помош,и ќе ја искористам максимално :makeup:

    Друго не знам што да ви кажам,долго немам пишано и не знам ни што повеќе...

    @AngelOfArh :hug: гушки до вас :hug:

    @Monella сваќе со здравје да си седите встанче,само убави моменти да делите

    Сеа ќе ве поздравам
    Деца заспаа а јас огладнев некако

    Довиџења
     
    На Kaetana, girl-miri, elcezelce и 27 други им се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Добар ден мајки
    Уште нема пладне, а веќе завршив се работа кој како мене.
    Вчера успеав да отидам на свадбата, седев сат ипол, ама битно отидов. Го заспав мали и отидов.

    Со свекрвата ги средивме односите колку толку. На смирен начин и кажав се што ме мачеше и се што ми пречеше. Долго време ми тежеше на душа,чекав момент кога ќе си олеснам. И дојде тој ден. Таа започна тема,искористив момент и и кажав што и замерувам и мислам дека ме свати. Призна дека малку претерува,дека е малку опседната со синко и секако вети дека ќе се смени и дека секако ќе ги почитува моите правила во врска со детето. Битно вети,дали ќе исполни останува да видиме.
    Многу ми олесна,долго време собирав и само се нервирав. Не за друго,знам дека сум во право. Се надевам дека ќе имаме повеќе разбирачка во иднина и на убав начин ќе ги решаваме проблемите.

    Маж скоро цел ден на работа, па и свадби и прослави му се погодија деновиве, па секако многу малку време за нас. Скоро ич.

    Мали сака да се гали, ме гушка со малите рачиња,ме гали по лицето, ми гуга. Љубов најголема ми е
    Месецов трошоци еден куп. И некако се безвезе ни оди. Толку,што и колата дури се расипа. Ете и за тоа пари да се дадат. Секако за други работи не се решаваме да потрошиме.
    Па некако и од мала сум така научена дека морам да имам пари на страна,па колку можеме приштедуваме. А пари никогап не се доста. И колку повеќе имаш,толку повеќе трошиш. Па барем да се трошат за убави работи, а ние цел месец глава не можеме да дигнеме од малери и болести. Се надевам подобар период дека иде. После :rain: сигурно ќе огрее :sun: . Само да не се оддолжи многу.

    И вечер имаме прослава,ама овој пат заедно со маж ќе одиме и ќе си го водиме синко.

    Убав остаток од денот мајки. Имајте убав викенд. Се надевам дека невремето ќе се смилува да не одмине.
     
    На Kaetana, galapce, Chantal и 17 други им се допаѓа ова.
  9. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Д. Ден мајки
    Ми фали темава да си ја читам исто ко предходно но време се помалку ми останува, па некогаш набрзина ако ми треба некој совет нешто да прашам и за повеке немам време
    Деца заспаа, малиот со висока тт од синојка под 37. 7, 8 никако не пага
    Синока 41.3 спобудалев кога видов, таман мислам кренав глава до Четвртокот дадата беше со тобрадекс капки лечевме конњуктивит, па сега малиот и се така во круг а спремени бевме за викенд кај моите ама ништо останува за кога ке бидат здрави
    Малиот плус зелени мрсули ко урда, здивот му мириса страшно
    Матичната не работи денес сега спијат го туширав па кога ке стане ке видам како е ако не ке го носам на детско или инфективно
    Весел игра, трча јаде пие ама тт не пага никако
    Мм како и секогаш по цел ден на работа доага касно, плус и приватно понекогаш работи и додека влеземе дома 21-22ч и сите заспиваме
    Дадата нешто ми мрцка несака во градинка со тегнење ја вадам од кола плачки невидени тоа трае се додека не влезе внатре потоа ко ништо да не било се надевам период е и ке помине
    Навечер кога легнуваме вели несакам во градинка, станува да мочка во текот на ноќта пак истото само нека поминува
    @AngelOfArh ти благодарам што не помисли ама периодов ни е хаос ке се средиме па почесто ке се дружиме
    Имајте убав ден мајки
     
    На Kaetana, Coco31, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  10. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Хелоу маички:pizza:
    Пладне па време за ручек :)
    Ме фаќа страв за пица ама лицата идат плус, треба 4 кг да ослабнат а како се мислам дека не јадам и вагата не оди на надолу.
    Одамна ме нема тераме одмор,празниците во Мко.ги поминавме се изнауживавме,шетавме, инаку да се пофалам и ам мини џон,сабота па сега од пауза ви пишувам уз :coffee:
    Друго стандард миже работи миже со деца дома по цел ден,череп паузира од градинка цело лето,едвај ч3кам времето да се стопли :sun:само дождови минатите недела.
    Одам убав ден :f:
     
    На Kaetana, Coco31, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.737
    Допаѓања:
    77.024
    Пол:
    Женски
    Ние не ви фалиме изгледа :) Јас не да ја запоставив темава... фемина ја запоставив. До душа еднаш ме имаше тагнато некој ама и ние во тешки периоди сме па некако како мозокот да ми е успорен од тешки мисли и напор. Синко оди во градинка два часа, доручкува дома, го носиме во 9 и пред ручекот во 11, 11:15 го зимам, зашто како и цела година и повеќе се на некој режим е. После зимање ги шеткам или во двор обавезно сме. Жал ми е, сакам да се дружи.. вака многу потешко ми е.. кога отишол кога дошло време да го земам, па некогаш ке летне часот и со трчање со малава во раце (нема време за вадење количка) одам го зимам. Фино му е, сака да оди, ама ке пукнам што не може повеќе.. но тоа е. Едвај чекав времево да се опорави, зашто деца обожаваат да се во двор.. па има да се селам во двор од сабајле, до вечер, доручек, ручек, па и вечера летоска има се таму да биде :lol: Имам детска куќичка пластична, но и палаво куче и незнам дали да ја изнесам... љуљашката дрвена партал ја направи... Решив и трамболината ке ја вадам, па синко да скока со патики (увидов дека така не му се витка стапалото). Сакам дрвен летниковец во двор или тенда, незнам што е попаметно.. ама фали нешто такво.

    Со малава два хаотични месеци имавме, куп заби вадеше и уште вади, па вриштење на два часа, час, живи ненаспани. Сега станува 1-3 пати, ама иде кон подобро. Инаку не да е палава (facepalm) Синко плаче од неа... и ми нема однесување за девојче, како машко е :D Фустан ке и облечам и 10мин пред да се помири и го заборави го влече да го соблече и вика. Си игра со коли и често имаат тепачка за една иста количка (facepalm) Плус каскадер е, од ништо нема страв, секаде се качува и од лизгалки на љуљашки главачки се пушта :rofl:

    Денес во парк и зоолошка бевме, да ги видиме зебрите :) Едната не беше бело црна ама ај :rofl: Жолто црна, мм се шалеше се сончала му викаше на синко, а кумот наш, жолтица имала :rofl: Слоновите арни беа првиот пат.. кога ги донесоа дента бевме, ама денес... не беа сивкасти, туку кафеави, лом. Баш и една жена прокоментира... не очекувала да се толку прљави. Битно бар кај морскиот лав водата сјаеше, никогаш толку чиста не сум ја видела, доле кај стаклото многу убаво се гледаше. Ете водата за бањање кај им отишла. Влез веќе 80ден. Внатре трамболина 5мин скокање, 50 ден :?: Убаво си поминавме битно, сонцето ми фалеше и еве го :sun: и така.. убав ден мајки :)

    Се заборавив од пишување :D Видеово го барав пред некој ден за да го споделам, но сега само ме начека :)https://www.facebook.com/123581684355584/posts/2116934681686931/?sfnsn=mo
     
    На Sexybaby86, Girl-Rabbit, Kaetana и 19 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.305
    Пол:
    Женски
    @mariz оти те читам по другите теми и те пратам на фб у тек сум :inlove:

    Ај добар ден! Дете се мота околу мене, чекам малку да помине време и ќе идеме на шеткање. Нејќеше ручек нешто, не му е моето готвење на ниво на градинка :rofl: А вкусно, многу убаво. Ене го бара соленки. Сабајле бевме на пазар, збесна, со сите пазарџии мубет си направи, ќари 2 патлиџана, краставица и малку јаготки и црешки. Не дека е мој ама има многу мила ѕвезда. Душа ми е.

    Иначе пијам кафе и јадам слатко од диви смокви, ми се пријаде слатко нешто а ништо немав дома па се снајдов. Многу ми е убаво, си купив цвеќе и сега ми е мераци пиењево кафе. Се прерадував сабајле со едно цвеќе процветано од мојата мала градина на тераса. Никако само да ја спасам терасата од мачки, ми седат на столчињата на прекривките, ме нервираат. Не мразам животни, ама оваа е домашна мачка а секаде е освен дома кај што ја чуваат. Битно имаат комшиите 3 мачиња и 3 кучиња, ама ги имаат само на збор, нит ги чуваат нит ги ранат.

    Не знам за вас ама мене зеленчуков и овошјето на пазар ми се прескапи, а не е воопшто луксуз и нешто посебно, нит органско, ама да дадеш 1500ден на пазар само за зеленчук е ту мач, ама стварно, уште 500ка за овошје, ами кај е месото, млечните производи, се останато, 10 000ден во месецот не те крпат. Месецов имаме и веридба на золва ми, подарок, благо, цвеќе, без 4000 нема да сме, ај не се дотеруваме посебно, па еден роденден и крштевка, 100е у крпче за по гости месецов. Е многу е.

    Туку па си мислам, за убавини само да ги даваме, да не треба за лекари. Го игнорирам кашлањето на дете, прскам спреј да се одзатне, давам сируп за искашлување, гледам и пратам како дише за да не спушти па ќе видиме. Морам да разгледам повеќе за приватното здравствено, од ова јавното нема фајде. Затоа и си мислам, само за подароци и мили луѓе да ни одат парите.

    Доста беше мамаситас, одам да го прошетам лудово па да пробам за вечера да го понудам ручекот. Убав ден!
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.737
    Допаѓања:
    77.024
    Пол:
    Женски
    Абе се шалам секако :* Јас со доста мајки од тука сум во тек, само некако се немам време да размислам што да напишам тука... плус децава се околу мене често и иди пиши нешто, се качуваат одма на мене :D Слики бар лесно ми е на стори да ставам, со тоа во тек сум, шкрапни стави, трчај со нив пак :D Сега начекав фри тајм, синко во двор од прееска со татко му (прават љуљашки од гуми од кола (facepalm) ), што ке излезе незнам. А јас дома, малава си одмара, ја изморивме со шеткањето. Да пружам алишта, ја чекам машината... па ке киднам и јас надвор :)
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Ниту јас не ви фалам, нит па ме приметувате, ама шо дека :)

    Добро вечер.
    Бебе спие, маж излезе да гледа фудбал со другари, јас оптегната на спална конечно да ве прочитам асално.
    Како тргнав на работа воопшто немам време за форумов.
    Ма каков форум, едвај чекам да се приберам дома со бебе да си се изнагушкаме :)

    Каква галеничка мајкина е она :inlove:
    Луѓе, можна ли е таква љубов, толку голема,нежна,невина,неповторлива да постои?
    Што ти значело мајчинство, еј:l:
    По цел ден е по мене, нит сум наспана,нит одморена, ма ништо.
    Ја оставам со свекрва ми кога сакам малку да зачистам,наредам алишта, инаку за друго шанса нема.
    Влегувам во кујна, оставам бебе на под или во дубак, и таман сум се наканила да готвам нешто почнува да плаче, сака во раце :D
    Сака гушкање и галење со мене.
    А и многу е “нежна”, не дава да и речам “ бебе нееее” кога нешто не треба да допира.
    Одма го предиплува муцето и почнува жално да плаче.
    Ама подобро така, да се научи уште сега.
    Пред некој ден со дубакот на тераса сакаше да оди, сношти штекерот сака да го дофати..:x
    Со најтивко зборување и велам “Не”, ама мисли дека ја карам и се лути ете.
    Пуфла.
    Ми порасна...
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Добро утро мамички :hai:
    Постојано ве читам и се пиши бриши правев ама читајчи го постот на @Chanell* само ке се надоврзам :$ Љубов???
    Ова не е возможно секој ден со поглед ја јадам, неможам да се оделам од неа толку многу сакам да ја гушнам силнооо силнооо ама малетка е жал ми е, само нека порасне јас сум такво големо гушкало нема да ја оставам на раат. Ке ја опсипивам со прегратки милоста ми е може и малку груба со гњавење ама кога сум до неа мислиш срцето ми престанува, како јас да не постојам ја гледам и уживам. Станав и љубоморна ако некој ја држи повеќе од мене па гледам да надокнадам подоцна :lol:
    Искрено не очекував дека вака ке биде мислев ке сакам како и обично но не оваа ЉУБОВ е незаменлива и не се опишува лесно :inlove:
    Требаше да се надоврзам па подобро да прекратам да не претерам со пишување повторно

    Ако е убаво денес сакавме да одиме некаде во природа, се надевам :)

    Имајте убав ден мамички :)
    Ке продолжам да ве читам :hug:
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, да се пријавам и јас, тазе прв пат мајка. Чувството е прекрасно, си имам синче 4 дена старо :inlove: и заљубени до уши сме! Уште сме во болница, но утре си одиже дома кај татичко и конечно да бидеме комплет фамилија. :l:
    Ќе се дружиме овде, се надевам само за добро. :)
    Имајте убав ден!
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добро утро..
    Кога сме тегнале со лутки ај јас да ви се налутам.
    Не ми давате предлози за доручек, ако ако ;(
    :D

    Кафе и мир тишина, сем на комшиите правосмукалката.

    Мали и баба спијат, дадов сируп и продолжи.

    Имам извадено месо за ручек ама уште не знам што да направам.
    И тесто сакам да замесам :wasntme:

    Ангел не се слагам дека зеленчук е скап. И сама знаеш како душа излегува дур се сработи, ако заборави да те потсетам :devil: :*
    Колку се препарљтите и семињата само скапи, ако треба ке удрам детална математика па ке видиш.

    Плати се ниски не е скап зеленчикот. Ама кас како вечити хејтер на администрација, вам ви се и превисоки :D:bandit:
    За седење по цел ден на интернет? Нигде не плакаат.
    Една пријателка ми вика, ама јас си го завршувам моето.
    Абе ти го зсвршуваш и тука е проблемот, што твоето е малку од што сте многу. А тоа како е завршено да не дискутирам.
    И пак најмногу се жалат, жолчката да ти пукне.

    Синоќа ке одев за малку на диско.
    Со години немам одено.
    Свиреа Слаткар и Џамбо Агушев.
    Ама за малку.

    Кига треба нешто убаво да ми се деси, абе цел универзум ке се спои против и нешто ќе излезе и нема да се деси. :worried:

    И после како дедо ми и баба ми, следи фразата, децата нека де живи и здрави.

    Да станам да опашам футата и на готвење.

    Убав ден на сите.
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    кај пукна сонце да појдам таму? Одве цел мај сонце со око немам видено. ;( а еве и јуниво не е нешто поарно. Врне корне :( :rain: ако не врне тогаш е облачно,сонце ни за лек. А јас па чуди се што со недели ме боли главата.
    ајде женска со убаво со лесно.
    јас лани бев кај матичен за да земам упат за на психијатар негде ексик си викам. Ми се собраа за краток период премногу стресни ситуаци премногу лошо и почнаа некои чудни симптоми и главоболки а јас па стискај да не се дерам да не викам да не хистеризирам и по разговор со матичниот ми рече какви психијатри психолози млада си ти за по тој пат а стресови секогаш ќе си има што од ситуации што од луѓе и ми даде еден лек на природна база бил неолексан се вика,делувал на хормонот за среќа што знам што. Побарај на гугл информации за него а добар беше не ми направи никаква штета нити ми предизвика зависност.
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Инаку тамам си е темава не е запоставена. Ако се пишува по 3 пати на ден кој ќе ве дочита :lol: гледам сте се распишале за приредби за крај на година. Нашата приредба е утре,учествуваат тие кои ја напуштаат градинката. Моево па неќе да чуе за приредби не знам зошто ама неќе ни да му се зборува за тоа па ајде новогидишната ја прескокнавме ама сега кога ми пиша учителката дека не сака на завршната приредба да учествува реков ааа ќе ми простиш синко. Дури не ни знам како го убедив. Еднаш седнал да ги гледа и му се соубавило изгледа почнал да вежба и уште истата ден го прегоре компјутеров пуштајќи ја дувна ветре разбигорче и играјќи дома :dance: јас го гледам и ... :bow:Ах авал да ми е како сум го убедила. Хахаха деца бе.
    Инаку денес конечно слободен ден,едвај го чекав, 6 дена на работа од 5 сатот станата утепана и домашните обврски само си се трупаа денес кога видов наоколу се уплашив. Пружив алишта пуштив нова машина да пере седнав да читнам овде да пијам кафе од нанога па миење правење ручек... Сега додека се крчкаат компирите и месото реков да дочитам кај што сум застанала. После диплење втора тура пружување ... И тако даље не знам дали ќе ми стаса денов да сработам :^) за утре си побарав слободен ден,синко има приредба мора да го гледам потоа сабајлето е во градинка па утре ќе продилжам со кучни посао.
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    Добар ден мајки
    Недела пладне а јас и до компјутер дојдов.
    Стандард, деца се издигаа од 07, па додека обавивме основни работи дојде 08, и се пикнавме во игрална. Поиграа неколку часа. Ред игри, ред плачки :D.

    Кај 12.00 дојдоа свекор и свекрва ги зедоа, до парк да ги однесат, јас легнав малото и засукав ракави да усисам и раскренам. Маж синоќа телефонира и туку го слушам да да, договорено, и мене ми се дофрла со прашање дали одговарало во 15.00]:).

    Туку човек немаме видено а не гости да ни идат. Ама цела недела беа дома деца со инфекцијава на очите, па иако жената што чисти иде во вторник, лом сме(facepalm).
    Раскрени/растури од утро до вечер.

    Што бојат умивалникот го прават лом, море не само тој, цел пат од игрална до веце, па малку прираскренав, усисав и доста беше. ПРифатливо е како за мое око. За гости не знам]:).

    Малово се успа, уште ја нема да се јави, ама кај да е ќе се издига. Туку детево многу јаде:^).
    Големата беше најголем нејадач, со нејзе душа ми излезе како за три. Средното си е апетитлија, ама малово и него го шие. Појадува по два пати, руча два пати, вечера два пати:o. Синоќа испи флашата 200 и малку и дојде, кога врисна, додека не направив втора флаша не се намири. А вечерана беше, и тоа два пати :sweat:.

    Вчера купивме и второ бобикар а бутање со нозете и второ точаче со педали со рачка на бутање. По две да имаме оти војна ќе водат големава и среднава. Само најмалово кога ќе порасне и по три да не мора да купуваме.

    Гледам едно чудо за децава. Убаво, го сакам, а пари не ми се даваат(facepalm). Светлечки панел а врз него се става прозирен сад за да експериментираат со фигури, песок или бои. Знам дека имаат премногу но кога гледам колку време минуваат во играње не ми е жал. Само малку што се поскржавувам де. И за тоа од УСА тогаш се скржаве па пуштив срце. Така и за ова ќе биде.

    Ништо не кажав. Да се спастрам маку, да личам на човек пред народот. Еден од ретките другари на мм од детството. Девојката, возрасна жена е уствари, е србинка, па ќе се помуабетиме убаво.
    Убав ден на сите:coffee:
     
    На Ano, Girl-Rabbit, Kaetana и 18 други им се допаѓа ова.