@emkaemka Прво честито на младите. А за украсеното? Пооооо... Добар ден. За два три дена ме има за сто дена шо ме нема. Беше татко ми. Да го извози малото демек оти јас сум уште без кола.. Заврна. Доручек, ручек.. Ручеше и дедо со нас. Само тогаш се осеќа атмосфера во домот дека има фамилија. Што и да јадеме тогаш ми е слатко. Иако осекам дека седи на трње од што има работа. Има чуден табиет сма не би околу тоа сега. Ги сакам што повеќе со мајка ми покрај мене. Никогаш ви немам кажано. И се скаруваме, и сме далеку од совршено семејство какво што сакам... Ама ги сакам средбите кога доаѓа. Да избањам дете и да одам на работа.
јас бев така со малово. Цели 3 години. Не можев ред сама на себе да си фатам. Сега сум во паника да не пак ми е исто ауу тешка тема за комуникација се финансиитр ама за цитираново во право си. Во моментов и кај нас владее стрес околу таа тема. Парите немаат вредност и платите се ниски но и често знаеме да си купиме непотребни работи али тоа е. аа изгледа ќе треба и да се дружам со @danichap штом има идеа и мотивација за едукација и начин на воспитување и такве ствари зашто мене ми се потрошија сите идеи а и вољата околу сето тоа а и слабо енергија поради бременоста.
мене неколку дена после термин,абер немаше за природно,плодот високо контракции нула болки уште понула... Инаку да се исповедам сакав вчера да се уклучам да исчитам ама мазала,немав време. Саботата бев на работа неделата слободна понеделникот со намера си го зедов слободен да не ми биде еден ден на работа еден дома а и скратен викенд ради саботата... Вака да си поврзам 3 дена. Плус и синко имаше завршна приредба од градинка... Преслатко нешто. Сум одела на многу приредби сум имала и јас ама овај доживљај .... Не може да се опише. Сабајлето одевме во градинк после градинка имаа проба на бина па дома на јадење малку да "одмориме" и опет назад на приредба. Така ни се прошутка цел ден а мислев дека нешто повеќе дома ќе сработам. Ноќите ми се многу чудни. Легнувам ама не знам дали спијам дали дремам дали не одмарам или се доуморувам... Уште малку ќе влезам во 8ми месец па некако се осеќам поумпрно. денес успеав раат кафе да пијам бидејќи станав прва. Чекам времево да се опраи цели денови ноќи свежо врнежливо тмурно облачно... Таман за глава да те заболи, среќа што уште не е сезоната на жештини отие цркнам. Не може човек да се доиспери доисуши... А допрва и бебешки ствари треба да стедува да перам....
Здраво мајки По надвор сме. Реновираме купатило. Хаос. Нема каде да се истуширам. Кај една другарка одеме и кај баба ми. Уште неколку дена ќе се заврши. Па јадење па чистење по цел ден те едни исти работи. Маж овие денови ќе оди на пат. Децата ми ссе болни. По цела ноќ рикаат стануваат не спијат кашлаат носови течат па се затнуваат. Кај големиот му тече крв од носот овие денови. Правевме крв некои испитувања. Се. Е ок. Уште утре некои рез. Незнам од што така. Па бевме на матурска во неделата кај детето на золва на ми. Уствари беше како некоја свадба само што немаше невеста. Мене такви глупости не ми се допаѓаат. Друго ништо. На работа не сум била овие 2 дена. Како се зголемува денот така и активностите. Не се собираат деца не се прибираат. Ни за јадење. А времево е најлудо. Јуни ли е октомври ли е.. И тоа мајки позз убава вечер
Единствени ли сме што навечер грееме? Ама навистина бе жени, мене ми е ладно многу навечер, сеуште спиеме со дебело кебе и јорган, има ли осет ова време или не? Еве таман рековме доста беше со дождови, вечерва истури. Пресмерувајќи колку пари ни се потребни во овие неколку дена, матури, полуматура, свадба, родендени, празници, регистрација, се на се 500 е дали ќе стигнат. Знаете, човек кога има сигурна работа и знае дека кога дојде 1ви сметката е полна(колку-толку) може и да си дозволи и без грижи да помине. Ама кога се тресеш дали следниот месец ќе има работа, или тековниов е слаб, навистина секој денар мене ми е битен. Во колку тешка ситуација сме доведени, не сакам да поверувам. Тотално беспомошни. Нејсе, не сакам да се жалам, сакам да се пофалам малку и јас. Дете во понеделник свечено во сала ќе добие диплома од курсот по англиски јазик. Мајка и татко покакани од гордост и среќа. Сакав и да го дотерам ќе има многу публика, ќе пеат и песна заедно цела негова група, абе сега кога пишувам душа ми трепери ама мора да му купам бар едни панталони Кокер( така он ги вика омилените окер панталони ) Нема ништо поубаво, поисполнето, засекогаш врежано, емотивно од бар и најситниот успех на своето дете. Добра ви ноќ!
Beчер мајки Толку чекавме да се стопли времето, таман си рековме готово, конечно сонце, кога еве ти го марфи на гости Нагла промена на тем. носи и болести, еве го синко со мрсоли, јас со воспалено грло ( заслужив антибиотик) само уште се мислам дали да го почнам, дека силна се правам Маж е друга прича. Како заглави со варичелата, страшно! Многу лошо ја минува, температура, чешање, а колку многу има излезено, чудо некое. Нема место кај што нема, главата му е полна, во уста, во уши. Дете не беше вака, за една недела се врати во градинка, мм си страда бе Може да замислите какви се мажите? Ми вели, среќа што не ти дојде тебе, не верувам да издржеше Сабајле во 5 се тушираше, не можел да спие од премногу чешање Дете ќе оди во градинка до крај на месецот. Почна да спомнува вода и море, убав на мајка, сака на одмор Не знам како ќе изведиме оваа година, стан за реновирање, маж после варичелата не знам колку би било паметно да се изложува на сонце ( освен да го оставиме дома да реновира, ние сами да одиме) Одам да проверам што ми прави цимерот. Со мм спиеме во различни соби, се среќаваме во кујна само за кафе и јадење, така ќе биде додека не оздрави. Мирна ноќ мајки.
Здраво мамаситас. Јас сум на работа, од сабајле каснав еден ѓеврек, за ручек од кај мајка си нарачав една салата, и доста ми е до домашниот доцен ручек. За поручек ако е убаво времето планирам на улица да сме со малата ако не ќе поканам едни две комсивки на торта и децава да си поиграат, се надевам малата ќе е среќна а се надевам и луѓето ќе дојдат. Во контекст на темата за финансии, месецов што помина и овој што доаѓа имаме еден куп давачки, родендени, свадби, матури, имендини леле леле ама ајде ќе преживееме. За скапо за овошје и зеленчук сметам дека во глобала ниски ни се примањата, оди произведи го да видиш како е мачно сето тоа да се произведе, башка прекупци, башка во одредени градови од МК е навистина поскапо, ама мора да се јаде, подобро пари за овошје и зеленчук отколку пари за чоколади и смоки. Кога јас почнувам да успевам да откажувам љубов на благо и чипс значи се може и без тоа. Секако брзиот начин на живот си го прави своето, ручек надвор од дома добар дел од нас помладите практикуваат, ние не сме од тие заради заедницата со свеки и нејзината обврска со готвење ручек за сите, свежо од денес за денес. Не дека не јадеме некогаш надвор или нешто нездраво но во глобала е тоа домашно. И кај мајка така јадевме, 95% дома зготвено , најверојатно кога ќе преземам дужност ќе готвам и јас или кој знае, отом потом. Вчера бевме на роденден, супер беше, малата се изнатрча, се изнаигра, освен шо се пресоблековме минимум 5 пати, тоа е дете е и такво ми е, не смее ниту една капка да има на неа. Си дојдовме сеуште има енергија за играње, јас и мм како покосени, пресоблеков дете, стоплив млеко кладов малки мед во млекото и правец на спиење. Си заспавме, па едно време околу 03:30 ја пипам малата утоп, и пропуштила пелената, па облечи соблечи се стокмивме, па ова она и ајде пак заспавме. Сабајлче со драма се разделивме, не оди на работа, дома сакам да си па ајде среќа тато е на одмор па он ја гушна ваму таму едвај се убедија дека мама ќе оди и ќе се врати брзо. Да се пофалам вчера си купив саксии од оние како со дупка за на ограда ептен сум мераци сега уште цвеќиња да купам и посадам, да ги ставам на тераса и бонбонче, па ќе барам масичка за на тераса и така натаму. Доста е од мене се одјавувам.
Сама се смеам. Знаеш како го прочитав оваа на брзина? Дека си купила од оние секси како со дупка на града, дека ептен си мераци и само цвеќиња да посадиш Си велам, какви цвеќиња ќе сади жената и што е најважно каде Оно да ти било сосема друга ствар И избегавај да даваш мед пред спиење, поубаво сабајле на гладно. Посебно па да не заспива со мед во млекото, кога веќе се измиени забите освен вода друго избегнувајте. Тоа како совет, не ми замерувај немам лоша намера, а не мора ни да го прифатиш. Сабајле за прв пат го носев синко во градинка со точак, имам седло за него одпозади, сакал со точак и му ја исполнив желбата Кога веќе бев со точак си продолжив и до пазар, купив цреши и ајде еден круг и до центар, си зедов и два пара панталони и еве сега варам шпагети за мене и болен дојчин
Добар ден Едвај заспа дете. Пола саат ми изводеше на спална. Јас и викам спиј она паѓа од смеење и шета на кревет. Пукнав дома. Сакав да испаднеме, цезар салата ми се уврте во глава, да купам марула, ама клучот не го најдов . Кузнее каде го пикнало детево. Маж има важен состанок, па не ни звонам, и така дома ќе си дремам. Сакам да фатам нешто низ куќа ама со лепенкава до мене тешко. Единствено добро беше што стасаа некои нарачки од амазон. Уште две горни трењерчиња од хм и ќе заокружам денов со пакети. Ви реков дека сум решена некои DIY проекти за игри со децава да спремам, па собирам неопходни ствари. Првиот чекор, денес, беше прилично неславен . НА хартија во боја цртав и сечев фигури. Делумно за да може повторно да се вратат назад во соодветната дупка и како игра на сортирање форми, делумно со разни форми да се градат куќи и сл. Сето тоа треба во фолија за ламинирање. Во план ми е и на една глава да се ставаат очи/уши, наочари, уста... Стаса апаратот за ламинирање, пикнав сечените фигури во него и....нејќе. До пола се заглави. Божем тегнев, ќе одмонтирав...не и не. Пуштив клип на јутуп (оти за некој со две леви раце како мене се треба да му се нацрта) за како се ламинира и оп, си ја фатив грешката. Од погрешната страна сум ја ставија фолијата . Нова рунда тегнење, мкнење...и испадна некако на крај. Со сиот страв после пикнав нова фолија од вистинската страна и бидна. Е мислев дека со апаратчето ќе има повеќе фолии, па не ми стасаа и денеска нарачував нови, па утре че продолжам. Во секој случај одлични идеи за мозаици, сортирање, бои и форми. Стаса и еден проектор со звезди па вечер кога ќе се стемни ќе правиме парти парти . ПЕток да стасаат масичките од икеа и се фаќам за работа да правам light table. Треба да сечам со скалпел, белким вени нема да пресечам . Потера детево, да испијам кафе. Нека стои ридот алишта
Здраво јас сум нова на форумот, но одамна ве читам и следам. Имам 4ипол месечина ќерка и ми е најмилото нешто. Сега почнува да се задева да гали и да штипка со прстињата, да се смее. Едноставно ми е презабавно со неа што на моменти се осеќам себично и не сакам да ја делам со никој (се разбира освен со татко и). Татко и оди на работа, но кога се враќа е целосно посветен на неа. Стана многу нежен човек откако ја добивме ќеркичката. Што друго да кажам после долго време си го сакам животот како што е, чувствувам некој мир во мене. Е сега за вас Не ве познавам, но читајќи ве се поврзав со вашите животи како пријателки да слушам. Многу ми е мило што постои форумот. Прекрасни сте! Се надевам дека ќе имам време да се дружиме.
Nekogas se cuvstvuvav super majka. Najdobra za moeto dete. Mozam se da napravam, znam,.. I denes taka da se cuvstvuvam. Ke zgresam ako kazam deka nervite mi se bukvalno izedeni. Moeto malo 3 godisno devojce se pretvori vo tolku tvrdoglavo covece. Ako sednes da jades, zosto jades... Ako ja poglednes zosto ja gledas.., ako I reces nesto - zosto mi vikas taka. Se trudam da ne I gi povredam cuvstvata, ama nekogas se tresam koga doagja 3 I pol I treba da ja zemam od gradinka. Da, zamislete. Zosto znam ke ja zatvoram vratata od stanot, a ono bukvalno ke vristi za sekoja sitnica... A, kolku se I e udovoleno, toa e druga prikazna. Umorna sum I pijam antidepresivi. Cesto mi doagja da ja udram, ama ja vrakam rakata nazad zatoa sto pak ke bide poloso, a I nema da ja traumatiziram sigurno. I taka, se si zema zamav. Kako raste, taka stanuva porazdrazliva. Dali deka vo gradinka e mirna, pa doma istura frustracija ne znam, ama tesko mi e na dusava. Sakam da e srekna, da e nasmeana. Zosto ne uspevam? Sakam da najdam zaednicki jazik, da I pogodam I dozvoliv da me manipulira. Ne znam veke kako so nea... Go cekam vremeto koga stanuva polesno...
Здраво мајки! Дајте живнете ја темава баш ми фали. Убав ден денес, да се надеваме нема да се појави дождот. Одамна не заврнало дека нели . Денес фатив џаде од дома, буквално ми се слоши, малата стана од 6 не сака да преспие,малиот инает невиден. Алиштата да не зборам колку ме нервираат,се надевам маж ќе се сожали на моето кукање и ке се согласи да купиме машина за сушење. Додуша не рекол не, само да одберемебмодел некој асолен. Ме преморува бре тоа носи разноси, на тераса пружи вади па дипли. Незнам дали некој мрази повеќњ од мене таа работа. Башка што сега пак ги измешавме со долги и кратки. Проклето време веќе аман. Заспаа двајцата убаво им дојде воздухот па сега кај баба и дедо нанаат. А и јас богами ќе дремнам макар 15мин. Ручек има гравче. Абе има ли поубаво од кај мајка. @augustd моево е две и пол и прави така, зошто ми зборна, зошто вака направи зошто така и едно две плаче,јас припишувам на љубомора на другово бебе, кај вас може е нервоза од градинката. А кога е се по негово не се лути. Зборува убаво знае се, се надевам дека не е некаков проблем. Таквое детево инает. А знаае и бајче да е. Но многупати приметувам ако јас сум нетвозна и тоа е. @danichap браво за идеиве, како наоѓаш време дај кажи ми .некои деновви мислам оти ќе се распаднам од умор. Се гледа дека ми е потребен пооодолг одмор негде. Убав ден!
Не си сама, дојси да се гушнеме. Тврдоглаво, абе инат магарешки, мислиш ѕид ќе сруши со тоа рогчињата. Ама си го сакам неизмерно, мој си е, таков сум си го родила таков ќе си го трпам. Станав раздразлива, нервозна, на висок тон зборувам и се карам... Некни си застанав си направив еден муабет сама со себе и се решив, ќе си земам нешто на природна база, некое чајче и ќе гледам да се смирам. Не ми тргнало од рака сеуште. И се дивам на @danichap со 3 и никогаш не и дошло да сплеска од ќутек некое кога ќе направи беља, се со смирен тон, јас абе до Карпош ме разбираат кога урлам. Вчера завчера го заспивам и осеќам почнува да ми скока по нерви со тоа неговото ммкање, звуци произвдување како од клипчињата баба што ги пушта, почнувам да вријам, се исклучив и си мислам на убави моменти кога сме се шеткале, како ќе порасне ќе ми недостига, абе медитација, он заспа јас си станав и натенане завршив се. Јас не го тинтарам толку, сум плеснала, сум викнала, знам дека сум го исплашила и многу ми е криво, ама таков човек сум, не знам да се исконтролирам лесно. Да видиме со оваа нова метода што ја открив на некој начин медитација, може па и ќе ми успее. Уствари еве пројде еден пмс со помалку нервози.
Само да ве поздравам,кај да е малата ќе стани. Инат имам и јас по дома. Двајца се за до душа,ама на малава сум посветена Од прв ден кога се роди е со вриштење,премирање,инаетење до бескрај. Кога сака срцка е Со никој не стои ни секунда освен со мене и мм,и ми игра на живци по цел ден До сега сум многу трпелива,е кога јади скренувам,по неколку пати излегувам воздух да земам Пишувајте,уживам додека ве читам.
Мојве стрелци се,ама тие се знаат најдобро. Јас ракче па да не ги навредам,повредам и си трпам. Се обожаваат еден со друг,колку е среќна кога тато е тука.Исти се,затоа..
Исто е и мојава. Се е зошто?! Не ми дава ни да јадам! Не го јади тоа, не пиј вода, не прави вака, така, пеј погласно, не таа песна, зошто стоиш, зошто лежиш.... и ако не и погодам вреска плаче.... разгалено до бескрај! маж ми вика плесни ја да знае дека претерала. Јас не сакам, насилство раѓа насилство, дете ми е, жал ми е И викам ќе те плеснам по газот, ми вика нема да ме боли. Ми е страв дека ќе ја разгалам толку многу, што и кога ќе биде голема ќе ми прави исто. Почнав да и објаснувам, ме разбира, ама ако и се спие, невозмоно е ништо да сфати. Само солзи едни огромни.... сфати дека за да не плаче и попуштам и почна за се даплаче. не са вреска само туку солзи и мрсули. Сега се е со закани. Ќе те носам на игли боцкање/ Порано викав кај докрот, ама почна да сака на доктор, минатиот пат кога ја болеше уво стана сабајлетии вика, ме болиуво, носи ме кај докторот. Сега и викам, ќе те боцкаат насите прсти ако не прекинеш да играш у водата. И ај, може ќе ми успее...
Мене ми вика стани не лежи, дојди! Го прашувам Зошто? Станииии... Дур не ми кажеш зошто не станувам и така ќе ми каже пример ми се пие вода, ако не каже нема станување па сакал одземја се треснал. Сеуште знам да го подплеснам, пример става раце во уста и брчка во уста, показалецот му е изеден ноктот веќе, повторив 300 пати не раката во уста, плеснав три пати и веќе не става, ама за секое нешто не. Сега гледам дека на мојов игнорирање му пали, се свртам ли на другата страна одма менува плочата, дур пали ќе тераме така. Не знам искрено што е паметно, ама мислам дека ние бевме поумни деца, многу поумни, сум била плесната по рака или газе и сум знаела дека тоа е закон. Баш пред некој ден диксутирав на таа тема, колешка кажува дека ќе праќала дете на камп летоска оти вика ќе биде неподнослива цело лето, школско дете, абе ние сме останувале сами од прв ден летен распуст, каков камп. Ама имаме деца задоволени од се, со се, родени со таблети и телефони во раце, нормално дека нашето детство и ова не е исто. Мајка ми вика рака ти подавам колку е комплициран за чување, алал да ти е, ем мојов не гледа клипови на телефон, не е зависник од тв или слично, ама он ако реши дека денес сака цел ден да си му на дофат леле мајко. Пак ќе повторам, секоја чест на @danichap сама со 3, сите 3 која од која попалави, алал!