Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.541
    Допаѓања:
    289.043
    Се чудам што ми чурат ушите, тоа сВаќата ме фалела.
    Ова дали домазет се токми лепотанот да ми го праќа:tmi::P, па ме исфали.

    Јас среде лидл. Видов едно огромно чудо, сама не мижам да го мкнам, чекам маж да дојде да каже дали го бива и ако пдобри да го носиме.
    Инаку муабетот за децата...
    Исти се сите. Ваљда фази од развој.
    Кај нас помага многу многу физичка активност.
    Од градинка да се истрчаат убаво па после дома.
    Моиве сакаат да бојат , лепат, сечат игри со вода... па се прилагодувам на нивните интереси и тепаме време така.
     
    На Mari*, Coco31, hello-kitty.90 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.972
    Допаѓања:
    110.384
    Пол:
    Женски
    Сваќе јас со домазетот во пакет ќе ти дојдам, за малце не дојдов сега за финалево. Зимај сваќе што и да е!

    Инаку физичка активност е права работа за хипер деца, синко кога не одеше во градинка со денови не спиеше. Нек се само живи и здрави, нас ќе ни белее косата па ќе се шатираме и ќе праиме балајажи да бидеме со време седи во косата.
     
    На hello-kitty.90 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    34.106
    Пол:
    Женски
    Добар ден:)

    Сонце препечува 33 море 37 има на асфалтот.Без клима ќе биде лудо и незаборавно.

    Дојдов да си споделам искуство и јас со моето дете.Се си викам имам најнапорно дете дека други у близина немам видено:$
    Одам минатата среда да ја земам од градинка.Ме гушна и ми вика спушти ме.Ја оставив и кога почна да плака.Сите ме гледат мислиш ја дерам.Викам ајде дојди ќе ти дадам да јадеш.Нее.Оди накај масата кај што има чај и вода .Не и реков дојди јас ќе ти дадам(сите деца настинати уште да фати нешто, а др ден на прошетка треба да одиме).Леле што и реков кога се фрли на земјата:sweat:Ми вика оди си.Викам добро.Си одам урла.Не си оди.Ја земам да ја дигнам неее.Едвај успеав по 10 мин да ја внесам внатре во градинката за да отидеме да се потпишеме.Внатре потешко.Успеав да ја изнесам некако и ја прелажав со сладолед дека ќе и купам.Имаше едно подвижно камионче пред градинката.Добро и купив и нејзе и на мене.Возејќи го тротинето и падна цел, а јас мојот го излижав до корнетата.Пак исто седна на подот и плака се дере.Како ја смирив не се сеќавам веќе.Само знам дека доколку сум посмирена и не и се дерам побрзу и мине кризата.

    Кога бевме на шетна овој викенд не зезаше на секое седнување да јадеме сакаше во вц.Па кога ќе отидеме не сака . Пак кога ќе се вратиме пак викаше кака.Пак станувај.По 4 пати минимум на секој доручек и ручек одевме до веце.Последниот ден и велам не одам не ти се кака.Па кога почна да се дере какаа во ресторантот на хотелот:tmi:Ај не станувај да те видам.Јадењето ми омрзна:envy:, а ниту еднаш не какаше(facepalm)
    Фази.

    Што ми вика еден ден колешката, возрасна германка.Не ги разбирам младите ,децата им плакаат по маркети фрлат што ќе фатат ,а тие само зборат.Абе удри го по рачето па да види што значи респект да има.Мора да знае уште додека цица кој му е мајка|(
    Јас и велам ама не смееме децата да ги тепаме она вика да да не смеете.
    Видов во градинката мајка што го удри детето оти ова нејното проба да ја удри мојата со нешто.За среќа ја промаши.А таа го удри детето по рака.Детето е многу темпераментно мислам дека и не свати зошто е удрено.
    Кога треба да ја пресоблечам земам на соблекувам не сама и плака.Па ќе ја облечам ппак па се смирува.Кога не може пак вика помогни ми.Па кога ќе помогнам пак вика сама и така едно 15 минути:D

    Ние пробуваме колку можеме да избегаваме физички казни.Сега разбира и кога ќе и кажам дека и се лутам одма знае згрешила и плака.Ама и велам плакај не треба така.
    Кога шетаме повеќе помалку напорна е, ама по 9часа по градинката секогаш нешто не и е погодено.
    Имаше некој термин стручем за 3 година нешто беше.Нормално е да се напорни се осознаваат себе и своите можности.

    Имаше една членка што беше ставила слика чекајки родитекството да стане полесно-костур станал родителот:D

    Кој е за кафе:coffee::coffee::coffee:Повелете.

    Убав ден мајки(hollest)
     
    На Mari*, kukla21, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Да се чекирам после бурен период.

    Од последно пишување досега: беше сестра ми на гости - се изнашетавме. Шетнавме низ два нови градови за викенд, тука шетавме во природа и во биергартенс... Малку напорно дека на работа а после тоа и за викенд шетавме цело време.. ама исполнети многу.

    Само што замина таа, следниот ден ми јавија дека починал дедо ми. Прво ми беше како очекувано нешто дека беше стар, сѐ додека не дојде следниот ден погребот и не ме мавнаа нервози дека треба да сум таму, дека и во добро и во лошо - јас таму припаѓам, до мојата фамилија. Криво ми е - еден дедо имав цел живот (другиот одамна е починат) и некако не успеав чест да му направам - да го испратам. Да, знам. Чест се прави додека е жив човек. Се трудев кога можам и кога сме во МК да испланирам да го посетам (живее во друг град)… сакав да муабетам со него и да слушам приказни од минатото. Сакав кога слушам приказни за луѓето од кои потекнувам, кои биле, какви биле....
    После тоа си седев и си мислев на целото мое детство - на сите денови за време на школските распусти поминати со него и со баба ми, на прополисот капнат на лажичка шеќер, медот и сите пчели на село, мирисот на кора од портокал или мандарина на печката во кујната... колку ли е сето тоа време зад мене. Некогаш застрашувачка е конечноста која не ретко ја сфаќаме многу здраво за готово. Имам мислам споменато - откако станав мајка, во првата недела со Мачорка дома не можев а да не размислувам за тоа како моите родители веројатно биле вака пијани од љубов, како ме сакале најмногу на светот, но и колку брзо им поминала таа временска дистанца од моето раѓање до моето станување родител. И не можев а да не имам некој мал немир дека и мојот живот ќе летне некако брзо, некаде помеѓу доењето, вадењето заби, проодувањето, градинката, прво одделение, полуматура, матура... И додека се свртиш - еве ме мене на местото на моите родители во ова време кое ќе го нарекувам "далечно". Исто како времето поминато во детски игри кај баба ми и дедо ми.
    Знам, тоа е животот, но некогаш не ми е пријатно што е тоа така.

    Веројатно тоа е и иронијата - да умираш од желба да си го видиш чедото пораснато во вистински одговорен човек... додека ти навистина и полека умираш со тоа што староста ти е сѐ поблиска и пореална.
    Доста со темава. Иако ми е веќе години актуелна.

    Викендов бевме до кај пријателка на едно езеро. Една вечер преспавме ама одлично беше. Природа, мир, тишина.. се видовме со пријателите, си поигравме со бебчето нивно, едноставно уживаме во позитивна енергија, иако за тоа плаќаме со умор.

    Вчера си ги земав чорапите за компресија, денес ги носев на работа - задоволна сум - немав никакви отоци на нозете! Откако тука преку ноќ стана спарно и топло почнаа нозете долу кај глуждовите благо да ми отекуваат. Ама добро е, чорапите помагаат многу - уште да не беа толку дебели па зовривам во нив. Ама тоа е. Што се мора - не е тешко!

    Викендов доаѓаат свекрвата и свекорот на поседок од една недела. Градинката не работи па ќе се дружат со малата дома. Ме фаќа малку нервоза, ама се надевам ќе поминеме без проблеми. Мислам, мене ме фаќа нервоза и моите кога доаѓаат де. Утре треба после работа да направиме генералка, за во петок порано да си легнеме затоа што во сабота ќе ги земаме рано од аеродром.

    Ден откако ќе заминат летаме за Мајорка. Не можам да дочекам. Ми требаат тие 8 дена одмор.

    На работа со газдарицата муабетевме за породилното и онака ми напомена дека за време на 6 недели од Мутершутц што се пред терминот ако сум сакала и ако мислам дека можам да работам дека смеам. Фала за инфото. Ама јас едвај чекам август да дојде и да одморам дома. Здравје, ќе видиме.

    На 11 следната недела ме чека преглед со плус огтт. Колку не го сакам тој тест тоа чудо. Ич не можам да ја пијам гликозата (или декстроза) одвратна ми е. Ама се надевам на добри резултати и дека сѐ ќе помине ок. Здравје, тоа би бил последен преглед кај оваа докторка - од јули најдов нова.

    Сега планирам да се фрлам на спалната, да ги викнам маж и мачорка и да се урдиме на гушкање и читање книги. Многу е паметна станата, значи периодов ќе згрешам ако се пожалам од неа. Знам дека позади сето тоа се крие квалитетно време поминато во разговори и воспитување, но задоволна сум кога ќе видам дека сето тоа вреди и има фидбек. Знаеме да се поткараме, и јас дури со хормоните не сум мајка на годината, ама даваме сѐ од себе одма да се смириме и да се објасниме што е проблемот и зошто некој се налутил.

    За скринингот пишав во друга тема, ама стискам палци да е сѐ ок и понатаму. Бебо мава периодов, се надевам си расте и е ок.. едвај чекам следната недела да видиме што ќе кажат.

    Толку од мене во денешното пишување - се читаме повторно за брзо!
    И пишувајте почесто - ако не сте тагнати, не значи дека не недостасувате на темава!!! :*
     
    На Sexybaby86, Mari*, kukla21 и 34 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.824
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.

    Малата си спие до мене. И го гледам муцето преслатко и обравчињата и се воздржувам да не ја испобацувам. А цел ден се гушкаме и бацуваме, лигавешки сме си, ама ете...

    Сабајле стануваме и прво пуштаме музика и играме. Одлично за размрдување, расонување, а и за кревање на расположение. Некое време си го практикуваме ова и поубави ни се деновите.
    Вчера го гледавме фроузен, си земавме смоки и сок, си пуштивме креветот во дневна и уживавме. Така си гледаме и двете да ни е убаво на душичката. :D

    Пред некој ден ми бараше играчка додека пазаравме, и викам имаш дома куп играчки, ама тие стари биле.
    Добро, и реков, штом се стари купи сега една нова, а тие дома ќе ги фрлиме.
    Ееееее, се збуни дете, не, не вика, следниот пат нова ќе купиме. :rofl:
    Друг пат пак, исто нешто бараше, и викам немам пари, и еден ми вика да ви дадам јас колку ви фалат. Баш од помош беше. Сакав да му речам 1000ка ми фали. :D
    Беше за едно топче работата, ама не и купувам намерно, да сфати дека нема секогаш да добива сѐ. Се помирува брзо, веќе сама си скренува внимание ако нешто не и е по ќеиф.

    И така, летаат деновите, ко вчера да беше бебе и залепено за мене, сега веќе девојче што си бара другарчиња. Ко што пишала Каетана погоре, додека се освестиме ќе ни изминат сите моменти, добри и лоши и сме остареле. Ако имаме среќа.

    Добра ноќ. |-)
     
    На Mari*, Coco31, Ano и 31 други им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добра вечер..
    Се прибрав и јас од работа.
    Во три имаме сирупчиња.
    Почнав да ги заборавам па почнав аларми да местам.
    Ги затекнав заспиени, обично ме чекат.
    За утре ич не знам што за јадење. Ама стварно веќе идеи немам(пак јас до истото). :bandit:

    Ве читам за инаетите.
    Јас мислам дека дел од нервозата ма децата доаѓа од она нашето со телефоните во рака.
    Работата ми е таква за се нешто ме бараат често и стално сум со тел во рака. Плус после сакаш нешто приватно да зирнеш.
    Претерувам.
    Оно сака внимание, како што е и постојано се дома? Уф. :worried:
    Денес не излезе ни на до продавница.
    Кажано ни е најстрашни за него се морбилите, и многу се плашам.

    Незнам зошто но еве два три месеци уназад, а јадам а ми се приспива. Од спиење станата, а каснам одма пак на сон ме тера. Јес да и прекумерната тежина си го прави своето, но никогаш па и не сум била слаба. :worried:

    Мајка ми ке си одеше на ден два, па одложивме, па сега остана за во Петок.
    Планирам секако ке сум дома, па да подсредам фиоки, плакари..
    Планирам ама.. :wasntme:
    После сите вас легнувам пред вас ке станам, ке зготвам ке каснам и ке ме фати дремка и пак ле си легнам. :wasntme:

    Мирна ноќ на сите и убав ден утре. :hug:
     
    На Mari*, Coco31, Ano и 28 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.501
    Пол:
    Женски
    Добро утро женички. Е навистина едвај чекав ваков ден. Сонце да ме огрее а јас да станам рано без да се жалам со оф леле коски болат оф леле не се наспав. Денес свежната којзнае што ми е ама битно убаво ми е. (hollest) го однесов синко во градинка,имале група уште за овој месец за следн не се знае некои се отпишале. Маже на посао јас дома царица. Е сега варам кафе :coffee: и што убаво раат ќе си го испијам.:inlove:
     
    На Mari*, Coco31, hello-kitty.90 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Добро утро мамички.
    Денес сончево се надевам дека ќе дозволи времето покасно за една прошетка во парк. Бебе само што заспа па малку да украдам време за мене. Појадок зелени кајсии и праски. А до после уште 5-6 работи успат ќе каснам :). На утро имам голем апетит, но пробувам тоа да биде што поздраво.
    Бебе деновите е малку растревозено, кенкаво кога доаѓа ред за спиење. Дали имаше скок на 4ипол месеци? Веќе некое време се борам со неа сама да се успива, но како да одолеам на таа тажна фацулка па опет у раце со нишкање и за 2 секунди е успана. Не дека се трудам многу некако повеќе уживам да ја гушкам, но мојот грб размислува спротивно. Имам големи болки, а почнаа и нозете да ме стегаат во план ми е повторно да воведам магнезиум.
    Тоа е тоа. Кафе испиено. Па наскоро ќе дојде мајка ми да ја виде. Не доаѓа многу често и малку ми е криво, но :!: сваќам дека жената има осет и не сака да досадува, до душа и таа сака да ужива сама не и замерувам.
    Имајте убав ден. :hai:
     
    На Mari*, Coco31, hello-kitty.90 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    @galapce Цело внимание и го посветувам неа,од дома не сум мрдната без неа одкако е родена.
    Моб.само кога спија,и ретко да зборнам на кратко со мм,другарка,моите...
    Се истрчавме надвор,запаливме свеќите од крштевката,сега на спиење...
    Ве поз.мајки!!
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добар ден
    И ние денес малку поранко стснавме. Кон 10.Иначе не наоѓа 12.
    Денес и доеучек и ручек баба веќе беше ставила.
    Една е мајка. :inlove:
    Обично едната готви а другата после се посветува на дете, да појадува, да руча...
    Другата се повлекува во др соба. Ако не обавезно ке се здавиме. ]:)

    Денес ќе одам порано на работа. Имам куп работа заостаната.
    Мозокот нешто не ми работи. Како да ми е веќе на одмор. :D

    Малечка, мислев општо дека таму лежи проблемот, не кај некого конкретно.

    Најадени, избањати и сега што?

    Мамички кажете ми, ви кажуваат малите за во вц сами?
    Моето има веке четири години, со сила се викаме, прета со нозете од што му се мочка, кака ама да го прашаш се вика не не.
    Со сила со лажење па и со карање одиме.
    Незна зошто така|(
     
    На Mari*, Coco31, hello-kitty.90 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.
    Се надевам дека денеска времево ќе прескокне,нема да заврне.

    Дете се издигна уште во 6:30,ај лежам се преправам дека спијам да призаспие но не и не.И видов невидов станав раскренав околку соба кафето дури се ладеше,а дете играше на песните од џастин тимберлејк.Значи дете многу го сака и него и песните негови.

    Колку ми е полесно кога ќе изрази желба за јадење дали дете или мм.

    Сакаше да јади омлет со кашкавал направив и од 9 сатот сме во двор.Игравме со песок,кал правевме торти,колачи манџички...двајцата се направивме лом.Но важно дете беше среќно правел торта за дада Биби ( едно комшивче).

    Дојде девојката од девер ми продолжија да играат со топка јас влегов се истуширав,па него го капев.Ама кога дете почна да се дере да се капел заедно со нина во када.Едвај го кандисавме и така тој се капеше сам а нина го гледаше.

    Инает невиден има бетер од тато и мама.Тоа што го зацртал ќе го направи што сака нека биде.Полека те следи дали го гледаш што прави,ако го гледаш или му викнеш одма се префрла на друга занимација,потоа се вртиш не го гледаш и си продолжува до каде застанал...
    Мајмунче мало....
    А мал е сеуште не размислува дека можи да се повреди.Господ само нека ги чува сите деца.

    Во двор има едно буре до пола е полно со вода и сто пати му е кажано да не фрла ништо внатре да не се качува да шлака во него но мора да биде по негово.
    Па како се снајдува зема кофа ја става наопаку и се качува и си шлака со вода а можи да падне.Во бурето има скоро пола кубик песок пренесена од дете што фрла во него.Сите реквизити на дете за играње со песок се во него....

    Јадеше јагоди, крастајче и на крај една ресана касана.Од се мора да стави во мешето.И заспа.

    Ручек денеска свеки направи мусака.А со мм сношти се договоривме...ќе правел бургери за денеска од работа кога ќе си дојде.А јас да направам летна мусака со тиквина за дете..И на крај ништо свеки не за*ба,па му ставив на дете во тегла од мусаката на свеки ( со пипер е но има исклучоци кога му давам).


    Ајде нека се стоплува времево да вадиме пелена.За какање кажува кога ќе се искака вели" Матеј има ла*на " и буричка со прстето во пелена....
    А за мочкање вчера играше и застана се фати за пелена и вели "кие мотка" инаку ние кире си го викаме.
    Колку пати ќе лажи дека му се кака и така си дремеме по пола сат или на шоља или на нокшир за џабе.

    Одам да соберам алишта од жица и да ја земам пеглата да го намалам купов што е во креветче,додека дете спие.
     
    На Mari*, Coco31, orhideea и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Сега така почна да прави или од кога ги оставивте пелените.
    Јас и не сум компетентна за оваа тема јас го немам доживеано тоа
    На мајка ми треба да и речам фала она е таа што ја одвикна.
    Мене дури чудно ми беше дека ќе спие навечер без пелена а уште се разбудува за млеко.
    Ама фала богу цела вечер спие без да се измоча на сабајле нокширот до пола го полни.
    Инску е 3год и 7м.
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, Girl-Rabbit и 4 други им се допаѓа ова.
  13. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    22.716
    Пол:
    Женски
    Здраво, одамна не сум пишала...Дете еден вирус,па друго...и така немав желба за пишување.Важно помина се...
    ПИшувате децата биле инат...не се вика тоа инат.На 2,5-3 год, се развива мозокот на децата и центрите за емоции.Преку тоа Ќводење инатЌ ја испитуваат вашата граница, ја тестираат околината а така учат и спознаваат разни чуства. Сакам да кажам, не си ставајте толку све при срце зашо плачело детето.Побогу, 3години имаат,зар мора да е логично секое нивно однесување?! :) Важно е да не се повред..на пример моево ептен кога нешто не му дозволувам легнува на паркет и почнува да треска со главчето.Ја го гушкам...му нудат сокче и се трудам внимание да му се отргне.И се смирува дете.
    Децата ги осеќаат вашите емоции и расположение.
    @Kaetana како си ме трогнала со постот...бидејчи и јас последниве денови правам такви анализи во глава...Раѓаш,растеш,умираш...круг...животен циклус...
    Да уживаме во малите нешта.
    Период на одмори, стари нови се користат,summer mood on!
    Имајте добар ден,се читаме
     
    Последна измена: 6 јуни 2019
    На Sexybaby86, Mari*, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    @galapce
    Знам дека не беше за мене ама ете јас како пример се зедов,се по неа и пак не и е погодено.
    Гушни го дечкото со најубави трепки.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Добра вечер мајки!
    Се кога не се чувствувам убаво имам потреба од време на време да си ја побарам темава и да си ја олеснам душава. А не дека ми е лошо, туку монотоно.
    Посакувам да спиеме со децава до покасно и покасно да си легнуваат. Па што ќе правиме летово ако 20ч се в кревет, надвор уште е ден... И тоа бањање во 19ч навистина им годи ама летно време тогаш е поубаво за надвор.
    И така си размислувам како да им променам ред кој им е еве веќе 9ипол месеци.
    За деца што да ви кажувам освен дека вагата покажа -2кг откако почнаа и двајцата да лазат, исправаат. Само трчам по нив и ако до скоро можев нешто да направам сега не можам ни секунда да ги испуштам од видик. Ги обожавам, ама некој ден ќе ме побудалат. :D
    Малиот прегледува се од сестра му, што прави она тој по неа. Таа се исправа, одма и тој, па ја спуштам неа да лази трчам по него да го придржам да не мавни во комода.
    Таа оди по некоја играчка, тој истата ја сака. Па плачки. Тој и се фрла да ја каса од љубов и мене така ми прави, па пак плачки ги разделувам. А сега пак го научиле патот за надвор кон влезната врата. Само им отворам врата од дневна и двајцата не одат во ниедна друга соба туку дирек за надвор и радости се.
    За инает кај мене малата е тежок карактер уште од раѓање, ја поткарувам, ама се е џабе уште ништо не разбира. Понатаму ќе видиме, можеби ќе се промени.
    Можам да направам разлика меѓу двајцата и лесно се проценува карактер. Тоа е. Ќе издржиме.
    Многу сум исцрпена.
    Кандисувам маж да ми уплати за мадеротерапија. Јас слаба сум со пари. Као демек имало ефект па добро ќе ми дојди пред одмор.:$
    Тој па само на нова кола мисли, јас го стопирам. 8-|
    Ми се спие. Мислењево го пишувам од 21ч со прекини.
    Добра ви ноќ.
     
    На Mari*, Coco31, Chanell* и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Здраво
    @Feodora за истото размислувам мојот голем е 17 месеци ама во 8 глава му паѓа. Тука веќе претежно дури во 7 заладува, А он тогаш вечера па бањање и спиење. Дење една дремка има и пробав деновиве да го успивам два пати и ај што оди тешко успивањето и до вечерта 100 пати се покајав кај му се приспа пак во 8 збесна до 11 а јас немам сила до 11 да се борам со него. Најубаво функционира цел ден кога спие од 8 до 8, а и ноќе помирно спие. Нека спие во 8 И навечер излегување за нас нема. Ќе видам на крај дали ќе успеам да најдам некоја средина.
    За два месеци се селиме, купивме стан ( во тек е процедурата ама битните работи се завршени). Малце подалеку од каде што сум па никој не познавам таму ама ќе запознаам како што запознав тука. Па сакавме да си купиме нов мебел ама мм целата заштеда ја даде депозит за помала камата и стварно супер услови за кредитот ( скоро како кирија ќе ми биде рата) ама мебел нов ќе почека освен што мора. Моментално загрижени сме за одморот да не ни пројде во селење тоа ни е поважно од нов мебел.
    Одам да барам идеи за ручек низ некој сајт ни треба некоја промена.
    Добра ноќ
     
    Последна измена: 6 јуни 2019
    На Mari*, Coco31, Ano и 11 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Не се помочува, ама никогаш не ксжува, се ние го прашуваме постојано. Сам никако да каже.

    Добра ноќ на сите.
     
    На Nikita7 и Girl-Rabbit им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.972
    Допаѓања:
    110.384
    Пол:
    Женски
    Бубе внука ми е така, мешето тупанче, ама нема да каже. Ако сабајле не ја прашаш дали мочкала со саати нема да се измочка, може до вечер да трпи.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.788
    Допаѓања:
    141.999
    Ако не го прашувате, сам ќе каже, нема да стиска до бескрај.
    Јас не ја прашувам веќе мојата, само првите 2-3 дена кога оставивме пелени, ја прашував оти знаеше да се заигра и да заборави дека нема пелена. Веќе 5 месеци ако не и повеќе сме без пелени, и само неколку пати ноќе се помочала, а денски веќе немаме проблем. Додуша еднаш викаше она ми се мочка, среде ноќ, а јас мислев дека сонувам, и не станав :) И помочано дете.

    Секако кога купивме душек за на спална земавме евтин, ама удобен, оти знаевме дека со мало дете сме, ке се помочува, ќе повраќа, па нема смисла од 20 000 душек да зимаме.

    Туку, мислам дека конечно се наспав. За тие 2 години доење и неспиење, мислам дека дури сега, се осеќам наспано.

    Денеска ќе ги носат децата некаде на трчање, не знам кај точно, мојава солзи, да не ја возеле со автобус, сакала само со кола. Аман принцезо.
    Цели денови сме у двор, у кал, со песок, со вода, ќе изнастине. Вчера ја мачкав крема за сончање, ама не даде на образите и сега е изгорена.
     
    На Coco31, orhideea, Girl-Rabbit и 13 други им се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    24.109
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте, спремни за викенд? :)
    Излегувате ли со сопрузите викенди навечер откако имате бебе/дете?
    Ние уште не сме излегле така, а бебо е скоро 6м. Освен на свадба на другар што бевме. Некако заборавив какви ми беа викендите пред да се породам, ми се чини пред 100 години било тоа. А искрено, и немам желба за излегување. Можеби бидејќи не пијам алкохол уште, што знам. Со сокче не ми е интересно :)

    Бебо станува се поприврзан за мене и мм, не знам како ќе биде кога ќе треба да тргнам на работа, а тоа е за само 3 месеци. Така не ми се враќа во таа канцеларија, уште од сега ми се гади од негативната енергија што постои таму. Ама нема друго засега.. И баш ми е криво што 9 саати дневно ќе минувам и трошам таму.
    Мм си зема 2 недели одмор во периодот кога ќе почне да го чува жената, па да не е осамен бебо на почеток, белки брзо ќе се привикнат еден на друг со неа. Само деновиве ми е на мисла што жената има тикови со очите, знаете трепка некако забрзано, повеќе пати. И се плашам да не прифати и бебо од неа. Или претерувам?

    Мајка ми ни беше на гости 2 дена, сабајлево ја испративме. Една е мајка, за се се грижи околу нас.
    Ми оставила скришно и пари за да си купам летен фустан, иако претходно и реков дека не ми треба.
    Сега чекам бебо да се расони од прва дремка па да му дадам кашата, шарен зеленчук на мени денеска.

    Се распишав, ајде да се гасам. :*
     
    На Mari*, Feodora, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.