Здраво мајки. Не можам сите да ве прочитам па само ќе се убацам. Периодов беше хаос, прекинавме одмор дете се разболе. Трчавме таму по лекари и болници не можевме да го донесеме за мк детето од што беше неарно. Сега е веќе боље. Се стабилизира. Здравје следна недела градинка ако е се ок. Одмор не видовме, вода камен ладна и рековме веќе пред 20 јуни грција не идеме. Малово не измори и психички и физички. Земавме карти за на Здравко Чолич, малце да се позезаме со друштво. Од друга недела здравје се враќам на трчање и купување работи за куќа. Сите со различни препораки за бела техника, сакаме да биде најубаво, а сите ни викаат како ке се погоди не е до парите. Ако има некоја од вас самсунг еко бабл машина за перење нека ми пише лп како е задоволна. Ве поздравувам мајки, убав ден
Ај добар ден! Дете си игра јас лежам, маШ на погреб со свеки, ручОк немам, алишта има на секој ќош, ме караа од градинка дека го преоблакам, мајка расоблечи дете! Од утре у кратки. Е се фино ама со гардероба сме тнки. Ќе појдеме да прибереме нешто од Вајкики. Собрав тоа алиштата за внукот од јатрвка и останавме на пола со алишта, море на третина. Среќа дете има некои пари ќе прикупиме. Купив од Стокомак гаки и маички, ама ми фалат уште. Морам бар 5 пара да имам, море гаки 15, ко што ќе се откажуваме од пелени сега. Иначе 2 недели сум жива ненаспана, се некои кошмари, некои глупи соништа, па ми се привидува нешто во темнината... Абе... Денес тежок ден, уште од 8 ме спопаднаа странки, приемен ден, умирачка, како прегазена од багер се осеќав. На едни им завршив бааги работа и ме благословуваа, па се почувствував многу убаво. Сакам да им помагам на луѓето кога можам и кога има разбирање, кога се напорни и неразбрани е најтешко. Сакам да легнам и да се разбудам во четврток попладне, јер продужен викенд. Убав ден!
Мајки, не сум мајка а ми треба совет за бебе, па пишувам тука, нека преместат ако не сум во соодветна тема. Сеуште не сме навлезени во оваа фаза, не сум упатена што и како треба, сакам да прашам што се подарува за бебе родено? Тукушто се роди, на крвно блиски, но реално неблиски луѓе за мене. Сепак сакам некој симболичен подарок и доста практичен, а станува збор за скромни родители кои мислам дека не толку се спремни со бебешки потребштини. Прашав дал со опремиле со цел да знам што може немаат,ама добив одговор се што требало имаат... Совет за подарок?
Секогаш ќе им треба пакет пелени, нивороденче носи 2ка максимум ама па не знаеш дали ќе им погодиш бренд. Добра инвестиција се и бодиња, неколку пара а не се скапи. Имаш шпихозни по кратки, од 3-6м таман летово ќе ги носи, во Вајкики се 2 за 500тина денари. Постелина и бањарка ти е подарок кој ти е секогаш полн погодок. Они ти викаат се имаме за да им дадеш пари ама јас не давам пари подарок бидејќи тргнувајќи од себе млади родители ретко да му ги чуваат на детето парите, околу 5000 е му средивме на детево за наши потреби. Така да што и да купиш ќе се најде. Луда ли сум што стаив пиперки да се печат во 10 навечер? Луда сум знам. Ама касно се прибрав, палачинки им правев на децава, моето и од свекрва ми, им давам уште 15тина мин, после гасам и легнувам, утре ќе се допечат.
Жирафата Софи малата од аптека (глодалка). Транспортно креветче (игрална, во Локо Кроко). Хранилка (од два дела, што се трансформира во масичка и столче, во Локо Кроко) Ако постои ваучер во аптека со кој би можеле да купат тоа што им треба.
Само јас ли дежурам бе? @AngelOfArh Јас сум по луда, печам мафини и лазања после полноќ Ама само сега имам време А морам на работа да си носам јадење, не купувам брза храна.. И,соблечи дете таму, на овој пекол зарем уште во долги го облакаш? Бебе мое по цел ден е само по боди на рамки или по кратки, босо и голичко навечер исто,само со пижамчиња надолу, не покриена. Нека се излади дете. Ја подновив и јас убаво со летна гардероба, ми фалат уште убави сандалки, и бендисав во спорт М едни адидас, мекани,лесни.. само да се подослободам и да одам да и ги купам, а успат сигирно со уште 5-6 комплетчиња ќе се вратам Камо таков мерак да имав за моја гардероба Да гасам рернава и да легнувам. Еве го 7 кај е, како ли ќе се издржува на работа појма немам
Вечер мајки Уствари НОЌ мајки Бебе од пред 22ч го успивам и до пред малку се ,,боревме,,. Се осеќам како немајка и идиот, се изедов Тој само бил жеден Се клати, се тегне по цицка и се нервира, ќе задреме и пак бара и се нервира, што и да имало у цицето испил и останал жеден Среќа па ми текна да понудам вода, у еден здив испи 200мл, го гушна шишенцете и си заспа. Душа моја Идиот мајка До скоро му стоеше на дофат шишенце и кога сакаше вода ми го носеше или си го отвараше и пиеше. Но се научи да потура вода насекаде, интересно му стана и не му го оставам на дофат, туку нудам често, ама ете идиот и не понудив баш и често Аииии се изедов, а жеден беше 100% до тоа е, сигурна сум дека ради жедтта не заспа Убаво беше у Охридот, овде како дојдовме загоревме на асвалтот, цели се улепивме од пот и глави ни зовреа Абе лето, нели го баравме Ридот алишта уште чека ред за перење Многу некако ми се видоа партали, а се у исто шетавме ова јас и мм, бебе ми беше како на модна писта Мм ми пререче едно 10пати како не сум мислела ич на него и не сум му понела ниту едни кратки, па ни купаќи А јас пак пред идење едно 15пати прашав што сака да му земам и едно 20пати добив фидбек дека е сеедно. Епа што мрчи?! А да беше среќен што за секој ден имаше чисти гаќи не ќе беше лошо Што исправ, исушив само набутав у плакар колку да не ги шуткам по вангли, додуше не ни имам толку вангли па некако морав да ги решам И на бебе дел алиштенца останаа со флеки.. купив сретство, прскав, киснев и што ти не, но џабе, дел останаа флекани Ако, ќе купиме новички Или со флеки ќе се шета а пак пола маички му се бели, а другата половина со бели детали Охрид убав, се на се убаво минавме. Најбитно бебе препукна од среќа, плус пак кога му дозволивме да се шлапа у енѕеро мислам трепна едно 5пати да се осигура дека е вистина, не му се веруваше дека смее да си игра со вода И мислам дека ја видов @Belabelinakinder уствари не мислам ја видов, ама не ни неа туку бебето Се одминавме и ми дојде познато бебе, па дури ми текне кое е и од каде го знам поминаа 100м Ама секако немаше ни да се претставам, како од поплава тазе искочена бев и облеана со пот пошто бебе мое беше у некој рикачки и бегачки елемент За свадбата не знам што да дополнам.. Убавите импресии ги споделив, а лошите тек сега ми се навраќаат. Не спомнав и уште немам душа во мене за да споделам, но малку фалеше некој ден пред свадбата да останам без сестра Имало некоја ѕвезда што ја чуваше, но кошмар се деси, сите ние, а најмногу она знае како помина се.. Убавото нека го надвладее лошото И сега младите се на меден месец, газовите ги одвлечкаа на Малдиви Па ај да споделам и гафови од свадбата Се доплати 300е за пијачки, се пиело кафиња и коктели Една моја братучетка се исфрли цела од некој крем или што и да било во коктелот што бил од јагоди. Ако и е Дрчност, од толку пијачки до коктели им дошло, па и до кафе, ако и веќе пиеш плати си бе! Една моја роднина со две флаши кисели води под мишки си заминала накај дома. Мајка вика у земја пропаднав, плус со бусот се враќаше што мајка го организираше и имаше и вода, кисела вода, сок оставено.. Резил! Имаше шветска маса. И сватот се црвенееше за неговите гости, значи туто комплето сите сватовштини се награбаа и оставија поли тањири храна по маси. Полнеа и џапаа ко да невиделе, а може па и не, за кој како можеби Кај еден вујко имаше шест банани до неговиот тањир Некои од сатовите пошле кај музиката и им кажале дека не знаат да пеат Ибуш пееше, рекоа дека е познат, јас не го знам, но онаа песнана ,,Розо моја,, е негова, а таа ја знам и ми е убава Како и да е, за музиката треба да реагира тој што ја плаќа, а тој што плаќа е задоволен, па што повеќе да се дискутира понатаму. Башка ако не ти се свиѓа седи и не играј, што има да се дрзнуваш да идеш и да им викаш дека не чинат Срамотилуци и за ова! По мене ОК беа. На татко ми колега од работа за поклон им дал грепки во вредност од 4.000ден Мајка се затуфка што ќе им се, па на време не кажале ќе ги зела она да ги носи на една свадба, а пари ќе им дала. Што ти е и викам, а ако изгребат кола, нивна среќа си е, не се мешај. До сега уште не сум чула за ваков поклон на свадба, ама не ми се свиѓа. Што вика едната золва, јас кафе со награда не носам, ако се падне нешто криво ќе ми биде, не па овде кој знае колку грепки ќе се зеде за 4.000ден Сега ми текна дека имам две добитни капачиња од Кока кола Мене жимити тоа може да ми се падне, ама што и да ми се падне кога ништо и не играм. Скоро мм ме убеди да ми купи грепка од 60ден и уште ми е криво за 60те денари Му викам ништо нема да ми се падне, абе пробај ми вика, ете пробав и мањак останав Туку уплативме одмор, не го ни уплативме ,,го плативме,, Не сум сигурна дека е прав избор на место, ниту хотел, но мм ме напна од жеботеки Сакам таму, па ај ваму, е не онаму, ова скапо, она не ми се свиѓа, терминот не ми одговара.. аиииии Не знам со кој памет дозволив до овде да се стигне, боже прва година ќе идеме заедно на одмор па не знам како е Ма ајде најубаво ќе е, јас уште сега се радувам за бебе, знам дека има да се прерадува и изнаужива Прееска му отворив и сезона со базент на тераса, абе радости, радости Срцето ми се наполни гледајќи го колку е среќен Вистина било она дека среќна е онаа мајка на која детето и е среќно Па како па му стоеа купаќитееее пффф А делот што ќе акнеше главеечки на плочки ќе го изоставам Гладна сум Прееска си правев две сендвичиња и третина ми остана, па си го свиткав баш за сега, да допишам и идам да го лапнам пошто мир ќе немам Леле внучка е на гости со некоја другачка која била вегетаријанка, а дејчево машала и повеќе од заоблено, па мм се изнасмеа, вика оваа лапка свинчиња ама не кажува Глуп муабет, ама се вртеше едно 2ч на сметка на девојчето, па да споделам Утре ќе се иде да се купува ,,играчка,, за мм Запна мора и крај Уствари ќе идеме да видиме, ама неговото идење не е со празни раце враќање, чим прееска ми покажува да бирам боја, не ќе гледаме само Ај ако бидне ќе се фалам, ако не ќе частам Пишувам од 1.17 од тогаш сум идиот Убава ноќ, не ги гушкајте многу малишанки топло е, ќе се препотите
Ај да го затворам јас пак денов. Долг ден. Спиена сум само три саати. За тие три саати сто пропуштени повици, 18 лажам. Сите службени. Викам си спомнав љубов па да не ми се деси? Ама неее, сите службени. Мајка ми птед да напрсвам појадок при крај беше со ручекот. Ич не сакам рано направен ручек ама беше го погодила и збор не реков. Бев до работа, кога се вратив спиеа, ги рсзбудив, само го пресоблеков и хо извадив да го прошетам малиот. Му купив пижами, и за мене некоја ситница На враќање заседнавме на едни клупи, одалеку гледавме децата како играат фудбал. Пресреќен. Кога ке пораснал како нив, ке доагал тука да игра ама и јас да сум одела со него. Не знае дека нема да сака да ме погледне. Јас упорно му кажувам дека ке сака сам, тој уште поупорен дека и јас со него. Ми годеше тоа што го кажува па си го повторив повеке пати. Едвај го убедив да се вратиме дома. Мслку плачки малку инат. Го наранив и пак на работа до пред малку. Колата уште не ми е направена. Мислсм дека заборавив да возам. Ајде станувајте една по една. Нов ден, нова нафака.
Утро! Кафе испиено, крофните киснат, ми се увртеа во глава па морав да направам. Дури мали спие. Маж заминал пред 05 на работа ниту сум го осетила ниту сум го видела кога е излегол што е чудо за мене. Викендот тука продолжен беше па со маж и дете се изнашеткавме, бевме да порачаме гардеробер нова тв комода и уште некои ситници за станот што ни фалеа. Овој пат не попуштив има време уште малку. Пресеков и реков не доста е денес и крај така и бидна. Сега треба некој ден да почекам за да ги донесат ама ако вреди. Ново нема освен дека утепавме еден месец сите сами заедно на купче далеку од сите бцкаџии. Сфативме дека вака сме среќни дека ова е тоа што нас ни требаше сите овие години мир и спокој. Маж многу е среќен и секој ден вели за ова живеев да ме пречека куќа полна со мир и спокој дете кое што едвај чека да ме гушне после работа и жена насмеана и која што ништо не и фали. И така е повеќе не се нервирам за ситници со моите секој ден се слушаме некогаш и по два три пати у ден. Како ли само научија да го баратаат за кратко време тоа е чудо (ми здодадуваат понекогаш) . Ама родители тоа е. Времето се мисли дали да врне или да плаче како е смуртено ме нервира! Отидов да пржам крофни.
Добар ден Пече ли пече времево. Детево у 6 станува не буди сите фино лепо и пак на спиење а ние на пола копје. У 2 легни у 6 стани и пак краток денот за 8 дена тука во мк. Почнаа сите да префрлаат и да се лутат што не сум била не сме биле а само како ли да и објаснам дека денов ми е прекраток а почесто пак и уживам да сум како сега сама без никого да ми збори оти сум се одвикнала од тоа. Ќе си одам сега, и сакам и не сакам. Сакав уствари повеќе да поседам барем уште една недела ич не сум одморена од 1500 те километри. Жешко дете трча низ бенински што попрво овој телефонот го немам фатено во рака уште од не знам кога... Се е брзински... Демек ќе доаѓавме па немаше да доаѓаме до последен момент чекавме од 5 места и на крај станавме у 5 саат сабајле во понеделник и тргнавме па бевме и по патен лист па за малку немаше ни тоа да извадеме ама ете требало да дојдеме, имавме и сообраќајка и уште 300 други секирации измешани среќа со убавини... Детето со сите оде, доста да е у кафич и на плоштад на фонтана со сите збори и со сите се поздравува татко ми вика некна да му баете детево кај сите оди со сите збори па и кажувал оти се викал мики а не се вика мики Делот што кога го виде татко му не се дели ич па кажува на сите дека татко му отишол на мочка кога не ее тука. Ја бара сестра ми дека помала и мачињта ги држи за опаш и ги гони а тие бегаат.. Вчера бевме во штип по работа па кажувал на свеки и по роднини што видел "нима мама нима тато " Со сите е мирен освен со нас откако дојдовме тука за една недела почна да збори како воданица не дека и порано не збореше ама овде дека куп народ па на сите да се искаже по нешто Најинтересен беше у хватска кога застанавме само на блиц и он вика чекајте и застана пред вратата од колата клекна и рече да чекаме оти ке какал се искака и вика ајде сега може да одеме Интересно му е, и со татко ми шетаат и со сите и веќе сите го знаат во градот сите му прават здраво Денес пасошот са земеме па да одам да пазарам и лека полека да се пакуваме за жал а што ќе беше убаво уште една недела да поседеме и да лудуваме ама нема ... Кога ми текне дека ќе се возиме 1500 км ме фаќа склет на времево.. Затемнивме и стакла вчера лека полека едно по друго средивме па лакше се дише па и у кола Вчера сабајле завршивме на ракија па пиво па во штип па уште не знам каде работава е што нуди денот тука Новитетите ќе ги скокам ќе пишам понатаму, бевме во лидо некна на плажа ама прелана беше водата па се шетавме и пиевме кафе од тука па за мк завршивме не планирано Кај така е што нуди моментот Некна случајно се собравме пола друштво на кафе кај жена на еден починат другар, ние седеме кога гледам улаваат у 12 ипол нокеска другариве на кафе ај се кафесувавме цела ноќ со муабет Не стигнав да излагаме во сабота ама мање битно сакав у диско да одам Ама ионака денот ни е диско на нас Сеа дремам на тераса со 2938372 цигари дека сум на одмор де простено е и чекам да дојде свеки да оставам дете ионака спие па да спаднам до град на пеколов Па ни алишта многу не понесов па переме секој ден среќа сонце па се суши.. Ај да станам јас свеки иде ќе каже нешто Сите да сте поздравени
Добар ден жени. Еве ме мене после подолга пауза. Ме немаше долго време бев потопена со работа. Преку глава ми дојде се. Сега малку релаксирано па да си попишувам. Ми треба ептен одмор, ама онаков баш подолг. Бевме ние малку за 24 ама малку ми се виде. Плус кога се вративме дупло повеќе работа ме дочека и џабе одмор. Плус и јас и дете и маж се заразивме со некој вирус уште не можеме да се опоравиме. Ама иде лето па ќе биде полесно. Уствари сега пишувајќи сфатив сакам и јас на Малдиви блазе си им на младенците @emkaemka. Честито и секогаш така да си уживаат. Преубаво е на Малдиви. Се потсетив на мојот меден месец таму. Ама сега за сега нема Малдиви, мало е детево за нуркање по корали. Почнаа и мене понекогапш да ми фалат излегувања и слобода што ја имав пред дете, ама па и сега ми е преубаво со него. Може затоа и сум толку уморна. Сакам јас да си го чувам и гледам. Викам помош само кога мора. Ама тоа е. Сама така сум си одбрала. Не дека не ми е убаво ама понекогаш е само напорно. Убав ден на сите.
Е подобро да не кажуваше сега ми е криво како не ми кажа нареден пат да кажеш кога ќе одиш охрид ќе пиеме кафе
Само да ве поздравам Чуркам едно цигарче на тераса и брзам да си легнам Деца заспани,маШ и тој кај и да е ќе заспие Останало од сношти,толку брзав да си легнам што Марфи ме престаса Мали цела ноќ ја преплака,што му е не знам Го однесовме градинка и по неполн час ни се јавија да го земеме само плачел Кога дојде поспа половина час и подобар е,ваљда од шо не бил наспан цвичкал не знам... Болен не е,ја примивме ммр во петокот па мпже некоја реакција да е Могли ја оставивме денес вградинка подолго,као да одмориме малку Секое сабајле ни приредува тљкви драми што мислам дека цел комшилук не слуша Фустан,фустан и само фустан Почна да е неподнослива со тие фустани,и буквално облекувањето ни стана вистински проблем Секое сабајле драми,со главоболка ми започнува секој ден Јас на работа и немам ни сила ни нерви искрено Толку многу ме исцрпува работата што почнав да размислувам да ја мењам Ослабив 7 кг работам како маШ и кога и одам дома од креветот не можам да се помрднам,секоја коска ме боли Од што кревам тешко крварам секоја недела Не сум нежна,нити се плашам од работа Уште помалку дека очекував дека ќе е лесно... Не,ама ова е премногу за еден маж а не пак за жена Не е во сите маркети така тешко ама овие приватни се и душата им ја вадат на работниците Прва прилика и ќе ги сменам! Ви се изнакукав ама од ко почнав таму и немам ништо друго што да кажам Шеткаме кога сум слободна,зоолошки,езерца,природа,тоа не смирува Толку е времто,ручекот ми е прикрај па да ставам кафе Довиџења
Добар ден мајки Намалена активноста во темава. Се надевам од убавини, шетате со малите. Иако, голем дел што одат на работа, немаат пристап до интернет за време на работно време, па дома што попрво. Малово пак некои заби вади, напред. двојки/тројки, цела вилица отечена и вивната, ни ден ни ноќ имаме мир. Ај дење, кенкава, некако со шеткање, залажување, играње. Ама навечер ако се уклучи една сирена одма стравот во коски ми е другите две да не се разбудат. Е синоќа така беше, па завршивме во постела со двете големи да ги презаспиваме кога малово конечно се предаде и заспа. Во скут ми седи додека пишувам од компјутерот. А се обидам да ја спуштам рика. Се мислам како да ја залажам една тава ориз барем да направам. Ем шетани од сабајле. Татко и имаше термин па не остави до еден голем суепрмаркет, реал, каде има сваштарија плус, па два часа луфтирав мозок. На жалост истура надвор, па ништо од прошетката. За некоја недела има големата роденден. Пепа тортата е нарачана, почнаа да стасуваат и балони и такви ситнурии. Мени за во градинка што ќе носиме уште да испланирам. Се мислам јули-август една недела одмор да истераме некаде. И тоа спонтано ќе треба да биде, со на мм работата нем ништо однапред испланирано. @emkaemka струга ли беше свадбата? Колку убави спомени имам од таму...маж не сакаше да отидеме пред неколку години кога бевме Охрид. Уствари паркиравме колата, зачекоривме на улицата...и чудни фаци му имало, и толку беше. Кога рече нејќам и нејќам. Ама затоа вљубен е во Охрид. Најголемата требаше Охрида да си ја крстиме . После враќањето дома дознав дека сум трудна. @Mari* доброто е што ќе стекнеш искуство па полесно ќе најдеш работа во друг, со надеж полесно. Постов со паузи беше, во меѓувреме ставив тавата ориз во релна, па лепенчево пак го прибрав во раце да допијам ладново кафе.
Мајки ова пекол надвор. Не се дише, како во рерна, а летото допрва доаѓа. Од неколку шетања на мали кои се после 18:00 цела изгорена сум. Како никогаш сонце да не сум видела. Не се жалам од времето, само си кажувам Спомнав шетање на синко. Само моето бебе ли не сака да се вози во количка. Кога го шетам низ маало се вози, а кога треба да шетаме подалеку обично сака во раце, а количката ја шетаме празна. Секогаш кога ќе договорам шетање со друштво или на подолга релација,се буни,сака во раце, па дома си доаѓам мртва уморна. Ем ме болат грбот и рацете од него,ем сум цела испотена и исполепена. Колку и да се средам пред излегување, дома си доаѓам како поплава да ме исфрлила. А и да шетаме не е топло после 19:00, а мали веќе во 20:30 се бања и заспива,до 21:30 веќе е заспан. И сега, пак не ни се угодува. Претходно дуваше ветар,не шетавме,сега многу жешко пак дома. Ептен некоја сенка ако фатиме во двор. Ручек не правам. Свекрва ми при мирењето ме напна таа да правела ручек,и онака правела за нив, зошто да не јадеме и ние. Некое време се инаетев, поубаво ми е сама да си правам,не сакам било кога да слушнам муабети, ама пак од друга страна кога решила нека прави. Веќе почнаада доаѓаат на повојница кај бебо. А тој не ме остава да поседам, како на трње сме. Да го шетам,кинка,да е во раце и ни можеш муабет да направиш,ни да седнеш ни пак да се видиш со луѓето. Еве го бебко спие, јас лапнав еден сладолед,повеќе ме отепа него што ме освежи,ем голем ем благ,ама ај ќе пијам сега ладна вода. Имам и јас некои алишта за средување,ама ме мрзи, еве ги од недела ги претурам од кревет во шкаф и обратно. А не дека има којзнае колку за средување,ама ете. Друго,претежно е средено по дома. Кога ќе исчисти мм повеќе време ечисто,јас кога чистам едвај ден- два може не чистам како треба. Машка рака,што да се прави. Друго нз што да кажам,вртам по огласи барам дообра работа, може ќе ме погледне Господ и мене, ако знаете каде има споделувајте. Ако не, не ми бега да се вратам на старата работа. Поздрав мајки.
Денес не отидов на работа,па што е убаво на тераса со нес,обично ова време патувам од работа кон дома. Маж на некој тим билдинг....се мислев подоцна да го спуштам детево на лулашки ама немам душа.На работа ме издувува климана,едвај доседувам.Ама па и без клима не се седи. На повидок продолжен викенд,ке прошетаме до летната куќа.Ама стварно е куќа,повеќе за живеење него за лето Стававме сега плочки на скалите па да видиме како е.Зборот ми е,да заврши продужениот ,ќе го одвикнувам од гаќи.Му изнакупив еден куп.
Ај додека дете не се разбудило да пишам..Од утрово не сум седнала на газ,конечно се испружи на кревет. Уште од 9 часот сме во двор со дете,јас пиперки печев во "летното кујниче",други пиперки сецкав за пржење "од живо" дете си играше со песок,Ама на секој две минути забегуваше или во бавча или низ порта,почна да ја отвора и неа,бега и се смеј. Кога изладија пиперките ги лупев надвор на чешма,кога и да пуштев вода дете каде и да беше идеше и се шлакаше во вода.Намерно ги валкале рацете за да ги мие....Барем пред очи ми беше. Ова ми остана не до пишано од ручек време,мм си дојде од работа и дете стана и одморот мој заврши.Ручавме и мм замина приватно да работи а ние со дете излеговме во двор па додека е занесен во играта со песок и кал да си го довршам постот. Инаку почнавме да не носиме пелени преку ден.Почна два дена да моча кај што ќе стигне,два дена му ставав пелена пошто одевме на долга релација.И денеска цел ден ниту кажува дека му се мочка ниту грешка направил.Го седнувам на нокширче и до сега супер е.Се надевам на добар пат сме. Аха еве го бара нови гати мотан бил.А сега пред две секунди прашав дали му се мочка.Ај цело лето е пред нас.
8:30 ѕверот веќе спие Убаво ги измориле на прошетката. Од градинка ги носеа на излет, таму цел ден, играње, ручек па дури и славење роденден на тие што се родени месецов Еднаш месечно куварката прави торта за сите деца што се родени тој месец, сите заедно дуваат свеќа и ги сликаат пред тортата. Овој пат во природа. Инаку задоволен беше, видел животни и цело време ми разкажуваше... Сака многу животни. А братучед му, дека поголем и интересен му е па си игра мајтап со него, еднаш му ги кажува на мк. еднаш на ит. и само го буни или пак го лаже. Пред некој ден ми вика папагалот е кокошка Е сега, видел дека братучедка му мочка седејќи, ме прашува зошто па зошто така. И зошто женските немаат к*ре, кај им било Јас објаснувам, вртам, сукам и не бива не ми го прифаќа одговорот, ми вика а тоа се јаде? Пред некој ден видов промоција од лидл, за својот роденден во септември имаат наградна игра и може да добиеш вредни награди. Да не сум покусо, велам ајде ќе се регистрирам може па ќе добијам нешто, пополнив се' одговорив на прашањата точно и оп као добив и да си изберам поклон, избрав телефон. Вчера добивам порака дека пратен ми е пакет со тел. и треба да стигне во текот на денешниот ден, кога денес ни пакет ни тел. плус избришале и линкот за следење што беше. Страв ме фати, прв пат и јас на нешто да си пробам среќата а си велам дали беше превара па ми влегоа во личните податоци. Или пак, ќе испратат тел. а потоа ќе бараат пари да го платам, бидејќи во пораката пишуваше како да сум го нарачала јас, не поклон, а кошта 1000€ Памет за друг пат Со мм уште сме цимери Тој и неговата варичела се дружат во една соба, јас и синко во друга. Уште овие 2,3 дена ќе биде дома, потоа почнува со работа. Штом мислите почнаа да му бегат накај кекс знаев дека е подобар Пак ја развлеков. Ништо паметно не кажав, туку, да има да читате Мирна ноќ мајки
Вечер мајки Денес бебе го понудив едно 50пати вода, пред спиење уште 10 и раат сум Бевме, видовме, купивме ,,играчката,, на мм Со мотор си дојдовме дома Ич нејќам, но кој ме прашува, ниту пак имам било каков мерак да се повозам На слики избрав бојата, у живо и не бев баш сигурна, мм запна за сив, не дека не беше личен и тој, но јас сакав некој приметен, сивиов се претопуваше со асвалтот. Сепак по мое бидна Купивме и кациги, на мм бела, мојата со американско знаме ми се засвиѓа, најарна ми се виде и најмалку личев у неа на атомска мравка а на бебе е црна За него и немаше избор, јас запнав за една плава со црвени колички, но ми се изнасмееаја пошто таа била за точак А каде па бебе ќе се вози на мотор е друга приказна, може до кај моите, ама ај нека има Бебе беше како да си го однел у луна парк Не остана некој мотор што не седна на него, сите ги раштрака, сам идеше од еден до друг и се качуваше. Де бе и у тоа е на татко му Е кога ги изреди сите се наврте на саксиите во кои ставиле камчиња, па ги подразнесе низ цел салон Јас збирај, он џитка И тоа му здосади па застана до апаратот за вода ова беше права забава Одма укапира како се пушта вода, сам, никој не му покажа, ниту пак видел некаде и направи вирче, да не речам езерце Ај ја сопревме да не тече и за дел од секунда го откачи постољето со чашите Газдава вика не е никаков проблем, ќе средиме, уживајте, а јас и мм у земја се закопавме Моментално мм шета по улици и вози моторот, не знам како ќе спие дури му помине меракот Денес добивме и една убава вест, можеше да биде и поубава, но и вака не е лошо. Еден терет минус Сестра прати слика од Малдиви, па посабајлечки исплакнав очи, да не знаеш дали е слика или цртеж Убавини Спојлер: Малдиви @danichap Охрид беше свадбата. Што има у Струга да се сака?! Убаво е само да седнеш покрај Дрим и кафе за 30денари да пиеш, или на Женска плажа да јадеш солена палачинка (поубава не сум пробала) друга убавина и нема аха да плус и Зетот Охрид ми е при срце, ептен го сакам, во мај е најубав, за бањање не идеме, туку за одмор и шеткање Се мислам каде да појдам на викенд со една другачка и бебе низ Мк, на мала промена, но немам идеја.. Можеби Банско е совршен избор, да прескокнам Маврово, Берово, Крушево.. но не знам дали ме бива да возам до таму, не дека не би возела, но да не се изгубиме Ама па си викам има патокази, имам и навигација у кола, мм ќе ми среди мапата, па не сум ваљда до толку занесена Ќе одлучам деновиве, да видам и кој како период, па ќе ги шетам бебе и другачка Ај да спијам, некако од импресииве се заморив, мм уште го нема од брмчење, ако нека се порадува и пофали мене не ме ни провозе, а јас ниту изразив желба уствари Ми вети како за частење фустан да ми купи, па натака повише ми иде паметот Убава ноќ, мирна ноќ