Добро вечер и од мене Како ми почна денов за никаде така и ќе заврши изгледа. Нервози без престан. Не сакам ни да се сетам зш пак ќе се изнервирам. Жешко ми е многу денес. Јас не сум од оние шо се жалат од жешко, напротив убо ми е, ама денес некако тешко ми дојде. Ама наместо да одморам јас зедов прередував алишта од маж, малово околу мене ми растураше и бараше да го кренам. Со стомаков уште за то сум ама шо да прам. Ненаспан како шо треба и непогоден цел ден. Сакам-не сакам си играше. Вчера и денес по 2 сати надвор играше со брачедите. Пресреќен беше. Вриштеше од среќа, добро малце и од шо не му ја даваа големата топка. Е после вриштеше за да не се качи дома. Ај го излажав некако дека ќе се миеме раце и одма прифати. Е ама се изми и рече ајде пак надвор. Па го однесов до кај мајка на нишалка, малку се пониша и почна да му паѓа главата. Е супер реков таман одма ќе заспие дома. Аха. Пак драми за пресоблекување. Пелена менување не. Боди пак ич. Сакам млеко-не сакам. Крени ме-легни ме. Очите полузатворени-сакам таму играм. Неколку пати така ми рече, јас го игнорирав и упорно го нишкав со последните сили. Ако му прозборам знам пак ќе почне со плачење и тегнење, па после заспивање во 12. Ааа не неее. За 5 мин се предаде, јас пуштив машина, јадев набрзина да имам време да пишам дур не дошол маж од работа. Едвај чекам да си легнам, само пружам алишта набрзина и готово, секунда ми е доволна денес. Е добро де сите дена. Среќна сум шо барем уште можам да спијам, кај и да е ќе почне стомаков многу да смета, па да не можам да си најдам позиција, па баш ко ќе се наместам ќе клоца најсилно, знам истиов период втор пат ќе го поминам. Ама шо мора ќе издржам, не е проблем за мене. Еве машината заврши, недомаќинка сум на скапа си перам. Ама ако чекам 10 ќе остане неиспрано. Ај доста дрдорам ништо паметно не кажав. Ве поздравувам и добра ноќ. П.С сега ја читам @emkaemka за палачинката. На женска плажа е многу грда сега. Со растителен кашкавал и скоро празна. Ама зато во Коза Ностра си јадам редовно, топла, тазе, кашкавал полна, сланинче, печурки мх мх. Ај да не ми потечат лиги ќе престанам. Е таму пробај па ќе кажиш споредба.
Малата спие, заспа пред осум зашто не преспа денски. Си купивме нови пижами и си ги облековме двете, моите се цели розеви и цакани. Пресреќна беше, ме гушкаше и бацуваше колку ни биле преубави пижамите. Детска, невина и искрена радост. Милион пати дневно ми кажува колку ме сака. Синоќа ми вика ме сакала до небото. И викам јас те сакам повеќе. Нееее, јас те сакам повеќе. И се караме, како тетки сме, ама секое кревање на гласот со смеење ни завршува. Ми фали и мене некогаш слободата п.д. (пред дете) ама брзо ми поминува. Некогаш и кога ќе ми текне каква бев порано... Супер ми е сега. Ништо посебно не се случува, лето, најубавиот период, надвор цел ден, попладне на лулашки, ќе вадиме базен, јас со ладно кафе во рака, она се шлапа во вода, убавини. Критериумиве за убавина и уживање доста ми опаднале гледам. Ај да легнувам најпаметно.
Легнавте сите да гасам светло? Денес беше ден за плакање сметки. Конечно се подмирено без да се остави некоја за нареден месец. Не памтам данок за станот кига плакав посебно но за вакви работи сум многу не уредна, признавам. Денес порано се прибрав од работа. Извадив пола од играчките, напикани по црни вреки и со мали заедно сортиравме. Имав купено пластични кутии но никако да сортирам. Посебно коли, авиони, посебно коцки, посебно кујнски садови, па алати за мајстор, па докторски алатки, бебиња и кадички, маски имаме прилично многу.. Ги купуваме и толку од нив. Кога се прибрав од работа се израдував оти имаше играчки наоколу. Значи играл. До мајка му било. Да се легне порсно денеска, а дали ке се заспие да видиме. Битно мали спава. Лаку ноч!
Добро утро. 2ри ден без плачки за у градинка. Ама стварно и е забавно таму, стварно не знам зошто кенкање. У вторникот беа на кино, вчера почнаа сезона со базен, се бањаат у двор, денеска пак планирале нешто интересно со некој роденден, ги носеа у некој воден парк.. знам дека ужива, а зошто живци ми кине секое сабајле, не знам. Не таа блуза, ми се јаде, ми се пие, сакан да си играм, сакам различни чорапи.... пукнувачка. Се уморувам уште не разбудена. Ја носев со мене на фризер, да види дека не е страшно, ме направија за никаде од што кенкаше. Среќапа сега дава глава да миеме, и еве неделава 2 пати ја избањав сосе глава. Иначе прасе си носам дома Играу земј,а песок, кал, вода... по 5 саати на ден после градинка. Ја викам да јаде нешто на кратко, и пак у двор. После се бањаме заедно, па правиме вечера јадеме и бам у кревет. Станува посамостојна, сама влегува дома да си најде играчки или си игра у двор додека јас сум внатре... порано мораше се до неа да бидам. Сега сме три дена дома заедно, ќе се забавуваме
Леле @Cka како моево дете да го опиша буквално. Секое одење во градинка иста песна. Станува одсабајле и прво е не сакам у градинка. Па се тегави, се лигави, па плаче, па сакам ова нејќам ова и на крај ќе излезе. Таму трча да влезе. Кога ќе го земеме полн со импресии и насмеан. Гајле нема. Коса миеме два пати неделно само со плачки и никако поинаку. Цела недела се спремаме дека денес ќе оди на бербер и уште не е баш убеден. Мислам дека ни се скоро на иста возраст 3 и неколку месеци па штом и твојата е таква се тешам фаза е, ќе им помине. Инаку јас денес да се пофалам малку поопуштен ден имам па некако среќничка сум си. После толку чекање малку порелакс со работа. Плус иде продолжен викенд. Немам нешто паметно за кажување денес па само ве поздравувам.
Не знам дали за тука ми е прашањето ама искрено немам време да барам тема па ако не е, нека преземе мерки модераторот На малата ќе и правиме крштевка во ресторан па ги молам тазе мајките да ми предложат што и од каде да купам облека за мене. Фигурата ми е: стомак како 5 месец трудна, бутови 7 месец и надлактица 9 месец, да сокријам нешто од нешто додуша ми треба фустан со кој ќе можам да ја дојам малата во кола. Не знам за вас ама јас едвај чекам да можам да држам некоја диета заш вака во огледало ми е мака да се гледам не сум до толку дебела 167цм со 67кг, вишок 12 кг кои ми се распоредени малку на гради и многу на стомак бутови и надлактица, ама навикната на тоа да си бидам ни слаба ни дебела туку таман и без гради
@emkaemka ти ја разбирам ситуацијата со мажот и неговите играчки....Мојов е споулавен по ИТ-гаџети, а оправдувањето му е дека му треба за на работа,побрзо техниките на работење да ги совладува Божем па ја му верувам...ако,нек се радује,и ја за мене си купувам и по некој ќејф си правам па има баланс. Случајно прееска на пауза најдов сандали за малово во спорт М,адидас со 30% попуст.може веќе сте ги виделе ама мене ко багатела ми се видоа у споредба со ланските што ги купивме оутлет за 1500. Е без дете неможам да зимам,мора да му се проба. И кацига треба да му набавиме за баланс точачето. Уште сладоледот да го спомнам...скришно го јадеме дома,дете коа ке запие зашо вака нема кочница,го обожава. А па,ако му дозволам да јаде колку сака,друго нема да ми јаде...BTW, имам огромна потреба од сладолед периодов...Така ми беше во бременоста со синко....Или од што сакам позитивен резултат почнав да си умишљам
Конечно и јас да поуживам малку. Седам со нозе испружени на тераса,грицкам сончоглед и пијам леден чај,а бебко спика во спална. Абе ова уживанција било. Не ни сонував дека во блиска иднина ќе можам да си дозволам вакво нешто. Дури и обичното седење за мене веќе е луксуз кој тешко можам да си го дозволам. Како што кажав вчера,ќе имам гости,па спремив се уште сега, испеков кифлички, колачи наредени, ордевер направен замотан во фолија и се сместено во фрижидер. Салата со мајонез не правам,ем е жешко за мајонез,ем не ми се прави,многу време ќе ми одземе. Па мислам дека за повојница со тоа се чекаат гости. Првата дремка на бебко ја искористив за усисување, а втората за подготвување и редење мезе и пуштив машина,се надевам бебко ќе поспие па и да ги постелам да се сушат,не им треба многу сушење. Е,за пеглање може и ќе почекаат. Убав ден мајки,се надевам убаво ќе го искористите продолжениот викенд. Да го ѕирнам мали дали спие уште Е не спие,се разбудил Се одјавувам, може до вечер ќе имам уште некое вклучување
Ај здраво и од мене! Се кријам од жешкото, и го чекам мм да донесе ручек од ресторан (#недомаќинканавекот) Бебо тера трета дремка, јас да испружам нозе малку пред тв. Сабајлево ми дојде, и воопшто не осетив болка во јајниците. Се преродив луѓе! Цел живот имав ептен болни циклуси, со разни апчиња, и никако не функционирав првите денови. Требало да родам за да ја снема болката, фала му на Господ. Многу ме радува оваа промена во мојот организам. Деновиве врват, преку ден со бебо по дома, некогаш ќе ни дојде некоја гостинка за друштво па побрзо ми мине времето. Си иде мм од работа, ручаме, си играме со бебо и едвај чекаме приквечер околу 19ч да излеземе од дома. Бебо во количка ужива, шетаме и по 3 саати надвор. Ќе си дремне тој надвор, му давам да цица во природа (парк или покрај река) и пак на шетање. Не сакам да ми заврши породилното, ич не ми се оди на работа. Само некогаш ми фалат парите од таму Мм е слободен утре, ама по жештиниве никаде нема да одиме. Одмор исто ќе прерипаме ова лето. А така би сакала да се фрлам во некоја тиркизна вода и да се надишам морски воздух... Тие што ќе одите, уживајте и за мене! Ајде се гасам, стигна јадењето, а гладна сум.
Кога дете не ми спие нормално, ми се врти, не можам да спијам и јас. Не знам што му е, дали го чешаат комарците или го мачи нешто, ама не спие убаво. Укључив апаратче против комарците, ама ко да не делува. Тек е почеток на јуни а ние сме решето. Па кај се погоди на мене и се чеша. Утре синопен ќе го мачкам, немам сега а муж ќе донесе на враќање од фудбал. Се смири малку па се мислам да си легнам и јас. Вежбањето некако не ми дава резултати како лани. Ама лани бев на строг режим. Ќе си го почнам пак, морам! Џабе вака слабеам по кило месечно. Емка што убаво си ја среди свадбата на даде, на ред е јас на малото даде од мм да ја средам. Сега сум у потрага по трупци, онакви натурални, идеите ми се бомбона. Едвај чекам. Имам една недела да најдам трупци, 150 сијалици да испразнам и закачам, да купам декор и да биде спремно за сабота. Има да биде бајка! Среќа свадба кај што ќе праат декорот е од ресторанот, иначе тек за таму која паника ќе ме креваше. Уцврсти дете, да се комирам и јас, оти у 40 ка се опасни со муабетот за сладолед
Добро утро мајки Деца испратени во градинка, маж на работа, малото нарането и стокмено, јас седнав со кафе и фемина. Муабетот за алишта и градинка. Иста песна е и кај нас, со големата. Драми драми драми со алиштата секоја сабајлина. Па не бендисува, па ќе оди она да бара ново, па додека дошла доле се предомислила, па трето, во меѓувреме рикнала средната оти сака да носи идентични работи како големата. Хорор се. Синоќа во постела отиде со едни хеланки и фустанче. Па едвај некако се натокмивме да ги здиплам до креветот, за сабајле одма да ги облечеме. Се тешам одкако се стопли има помалку облека за облекување, па скратени се драмите. Другата недела ќе ги носат во зоолошка. Подругата и е роденден. Денеска ќе почнат да стасуваат декото и поклоните кои ги нарачав. Пепа ќе биде тортата, обични и со пепа балони, банери со пепа. Сакам кога ќе дојдат од градинка се да биде спремно. Цела детска ќе ја наполнам со хелиум балони, ќе се потрудам и со ламбички....Тој момент на детска среќа и насмевка е бесценет. Не ми испаѓа од глава кога станаа од спиење и влегоа во полна соба со балони за роденденот на средното. Посакувам многу многу такви незаборавни моменти. Нарачав три сетови за игри го пластелин. Едно за сладолед правење, едно шпагети и едно микробранова. Синоќа видов и едно за заби поправање па во искушение сум да донарачам. Неколку играчки плус и нешто за моторика. Ќе мора дел од поклоните да бидат и за сестра и оти ќе има рикање, па заедничко отварање на поклони а помалите работи дупли. Маж вика за божиќ да не сум спремала. Диети. Не бил лесен животов диеталски. Што ќе биде кога ме фати пмс оти треба да ми дојде, па си купив баклавичка и секој ден си лапкам после ручек со кафето. И после не одело надоле, е не оди. Маж ме теши неколку кг само биле, доволно било навечер што јадеме само салати. Зедов фрлив уште тие неколку баклавички во опаковката оти остај маж што кажува, ќе си лапкам јас по едно (или можеби 2-3)парче секој ден додека мис е во куќа. Муабетот за мажите и играчките. Немам такви маки. Уствари он нема никакво хоби, пасија, занимација, активност...Нема време ниту да работи колку што сака а не па да прави нешто само за себе . @Cka и кај нас тареше некој месец фазата со недавање да се мие коса. Страшно напорно беше. Триста тактики пробав додека смени. Сега сама седнува под тоа што тече вода или легнува во кадата и ужива. Како друго дете. Среќа фазите како дошле така и си заминуваат. Другото секојдневие. НАутро дете додека да средам, да ја прошетам и нешто испазарувам, ручек, додека спие ако успеам да запеглам, некогаш и втора прошетка, деца идат од градинка и играме/експериментираме, после бањање, јадење, успивање...и конечно некој час за мене и мм. Да погледнам во фемина инстаграмот за некоја идеја за ручек. Убав ден мајки
Добро утро и од мене. Чекам беба да стане да и направам млекце, и да ја гушнам многу ми фали додека спие Не ми се верува дека бебето толку брзо ми расте, секој ден се нешто ново од неа, почна глас да испушта, да гука, омилена ми е Вчера додека бевме излезени таман се најаде во кола, леле кога кажа какам, додека кака како некоја стара е, очите солзи и се полнат, па ајде на седиште во кола пресоблечувај, менувај памперс и среќа едно кесе имаше во кола и назад во багажник. Си дојдовме дома и тато вика абе тој памперсот у кола остана ама ако утре здравје на работата ќе го фрлам, аха викам утре сите муви у колата ќе се Мама не е добра, беше на мамографија, резултатите не и ги пратиле дома, во еден друг град овде кај нас каде што се наоѓа најголемиот центар за дојки, пишеше дека и биопсија ќе и зимат Овој мојот мм положи конечно за кола и многу сум среќна, толку беше полн со негативна енергија додека да си оди за Мк, сега ќе го видам каков е
Морнинг лејдис Петок частам у негова чест Денес ќе биде жешко.Што се зеза колешката патниците на дојче бан добија гратис вчера.А ние сите со толкави очи се чудиме што ли е тоа.Па гратис саунаЛуда е . Ние сите се нервираме оти нема клима она се зеза Да кажам мое искуство со спремањето. Кога ја спремав лани малата и мене ми беше хорор сака не сака. Сега пред да стане и вкучувам тв и го ставам нокширот пред твто и додека она гледа јас ја облекувам.Кога ќе заврши , и давам нешто да апне оти постојано вика дека и се јаде.Пр.пола бананка, некој бискотки, праска , кроасан и слични.Па имаат доручек во 8:15. По патот секогаш ја носам или со точак или тротинет, а кога врне и давам чадор за да се занимава.Пред да ја предадам секогаш дава отпор се враќа назад ама тоа додека се поздрави со воспотачката.После одма мене фаца и почнува да трча Има и денови кога вика сакам оба уште пред да ја облечам и ја облекувам роба. Ама да не кажувам каква е по градинка Ништо не сака.Сака со нас да е и да и посветиме внимание.Па сега и полниме базен или шетамеПа така некако балансираме. Што би рекла на свеќи баба и ако се чувале лесно деца на пазар ќе се купувале Вчера шетавме со малата и виде мравка па како и се чудеше и радуваше .Па се плашеше и реков дека ќе и ја прочитам дома приказната за мравката и штурецот да види колку е вредна мравката.И и вика добо авка мама чита кига дома.Чао Друго немам што да кажам.Се мислам каде на одмор ја гледав Сицилија ама некако не пишуваше дека хотелите имаат клима и се чудам дали е можно на 40 степени без клима , а хотел со 4 ѕвезди Италјанките да кажат искуство ако биле .Не сакам ич жешко па викам на север да одиме некаде во Германија ама поскапо е и од Мајорка и од секаде.Ама јас пуста да си имаме здраствено заради малата.Паталец Маж ми веќе 2 години ми балега за количка за точок.А јас знам што кентре имам и дека нема да сака да седи па за џабе ќе купиме.Така лани заборави ама ова година пак ме напиња и додека не купи замара.Ако реши за нешто додека да го купи замара.Нема кекои лични желби Ајде лејдис отидов да поработам малку.Секако каснев 40минАма немам никој па крадам минутиУбав викенд
Добро утро мајки. Тегнам кафенцето во дневна, а требаше да бидам веќе на плажа под лежалка. Се беше испланирано за убав викенд, е ама синко закачи ларингит и тоа веројатно е алергиски зошто кс стакло и сега ќе мора дома да седиме на клима и да се лечиме со сладолед, течности, инхалации, зиртек и размазување. Кога рече матичната дека не препорачува да тргаме на топлово ми се приплака, ама па веројатноста од топлото да добие напад ми беше пострашна и решивме да си ја послушаме. И така ќе си седиме на жештиниве во градов, а што убаво ќе ми дојдеше едно коктелче покрај морето. Сега ќе чекаме до одморот за да го видам морето. А може и подобро што не отидовме зошто утрово и добив, па денес и утре ќе ми биде мал хорор на жештинава. Алтернатива за во градов ни остана Водно, па еве сега ќе одиме да прошетаме дете додека не фатила горештина. Ова од утрово. Во моментов дете спие откако се надиша воздух. Јас ставив ручек за него да се спрема (за нас нешто брзинско ќе биде) и седнувам да одмарам, зошто друго на пеколов не се ни прави. Незнам дали се пофалив декс почнав на работа со точак да одам. И раат сум, нема непланирана гужва во сообраќај освен ако лошо ги фатам семафорите што ми е плус 5 минути во рутата Штурецот и мравката му е една од првите и омилени книги на синко. Затоа страдаат мравките надвор кога ќе ги здогледа Се мислам сега дали кафе да правам додека спијат. Најубаво ќе е да си направам и да продолжам да си лежам. А ме чека распакување торби (зошто спакувани бевме за пат) а и 3 машини за прибирање по плакари. Една на балкон, две од сушара извадени и по легени стојат во "детската на синко". Сакам и до капитол да прошетам да си купам нешто од мерак, не дека ми прифалило. Имајте убав викенд мајки
Во Сицилија не сум била. Ама не верувам хотел со 4 ѕвезди да нема клима, не ми штима. Ние лани бевме во хотел со 3 ѕвезди (во Католика) па имаше и клима и телевизија, интернет, сеф, фрижидер во соба... Ако веќе сакаш да ја посетиш Италија, јас би ти ја препорачала Сардења. Погледни си на нет, мислам дека ќе ти се допадне. Многу познати личности доаѓаат баш во Сардења на одмор, сигурно има и за што. Јас секоја година сезоната ја започнував со солариум, да се припремам малку пред да излезам на сонце, оваа година баталив. Сабајле се слушнав со педијатарот, ми даде зелено светло да го носам ѕверот по базени и мориња После варичелата не бев сигурна дали може да се изложува на сонце, штом поминало еден месец можело. Епа, утре ќе го однесам на базен, ќе ги земеме и братучедовците, таман тој ќе има друштво а и, без нив не оди никаде, ептен се сакаат Јас пак, ќе се посончам малку Туку, ние со дете имаме ист проблем. Рани во носот. Прво тој почна да го чепка, кога го гледам не му дозволувам но, кога е во градинка се гледа дека се допира со нечисти раце и кога си доаѓа дома целиот е раскрварен. Јас исто, мислам неможам да дишам. Не смеам да се пипнам, како гнил ми е носот. Ставам календула крем ама нема некој ефект. За да ми тргне денот денес, се почастив еден парфем. И тоа ептен сабајлечки, кога се враќав од градинка Го меркав подолг период, сакав да сменам малку а и мм ме ѕифна па ајде не сакав многу да ме моли човекот Кога го спомнав веќе, да кажам дека и тој е љубител на мотори и има, ама не овде. Кога одиме во мк. се вози со друштво низ планина, го има возено и синко и искрено крвта ми се заледи. Против сум, да можам ќе ги сокршам. Еднаш се имам возено и јас, толку прашина нема да изголтав ни.на сахара Фала му, ама јас би со кола
Хелоу женски Јас се породив и сега сум "mother of 2"...се убаво, ама друго блиц дојдов да кажам. Свекрва кај снаа на помош после пород зашто нели има две деца да влезе во шема а у, синот ја викна. Да не ја мислите. Начитана е книги, фб е прегледан , тв се гледа, најдена напиена. Е првите два дена правеше ручек со оглед дека ме болеше раната, ама како станав, готово ни ручек нема. Јака помош имам. Да ми се здрави и живи децата, ама сама поарно ми е вака се мислам дали да одморам.или друштво треба да и правам
Ма не се нервирам,ја знам не е прв пат кај мене. Жал ми е за мм што знае ама уште верува дека ќе се смени Фала инаку, кај сите убавини.
Ние славевме роденден денеска После градинка бевме со децата да купуваме ситнурии и викам ај да купиме капи, чиничиња и ситници за роденденската трпеза. Деца златни. Гледаме, бираме, без плочки и драми. Дојдовме дома кога почнаа да се тргнат за да ги отвараат... и на крај се откажав. Налет си реков, нови ќе купам кога ќе треба. Послаа чиничињата на маса, салвети до чиничиња, ставија капите на глава, и мене дури една ми дадоа. Се сами... и бараат торта. Еми нема торта. Кога рикнаа тортааааа. Маж оти под нозе во пекарата на карпи, ај, и торта купи. Седнавме, поделивме и почнаа да пејат епиии бдеј ју ју...при крај ју ју.... Они п2јат, среќни, и јас зедов да пејам. Еве ме, уште седам со капчето на глава а они отпакуваат дел од ситниците кои ги купивме за роденденот.