Како сте женски? Конечно да можам да пишам во темава. Јас по дома со децава. Го чекам мм да дојде. Од работа отиде да плаќа сметки. Па ќе спремам ручек. Времево е за никаде. Чекам машината да испере па да ги пружам алиштата. Па да дремнам. Ми се спие. А дома работа ме чека. Вчера завршивме со последниот ангажман околу станов, така што сега сум си раат.
Ние дури сега го добивме имотниот лист за нова градба. Го купивме 2018. Ви посакувам среќа нерви ќе искините додека завршат сите процедури. Особено ако ја имате швебиш банка во комбинација.
Се надевам ќе оди како што рекоа, не е новоградба нашето од предходен сопственик купуваме па ќе видиме. Фала за инфо
Добар ден мајки Помина ручекот, јас се повлеков со едното во спална, мм со двете во двор, да возат тротинети и точаци. Уморна сум....ќе има ли крај на овој хроничен умор кој трае со години. Де заби, па тт, па неарноќи...и така во круг. Едното другото третото. Најмалото со вриштење се разбуди во 01 и до 04 ровареше во дневна. Обично се менуваме со мм, пола ноќ едниот пола другиот, ама беше толку исцрпен вчера, па јас ја презедов цела ноќна. Сабајле, во 07, не разбудија другиве две. Јас и малото на подот сме заспале. Среќа она на тие огромните перници/вреќи, од неколку метри, барем на меко. Мене сега коските ми коцкаат од подот. Апнавме и турбо со големите. Едно други трети игри. До сега без бои и шлакање, па игравме во детска, не во играл на. Уморна сум и да пишувам, а би вели реферати. Потера детето па да украдам час сон и јас. Да изберам енергија за ливадите и шумите после. Празник е тука, па мм ќе не дружи цел ден. Убав ден на сите
Добар ден Иако спиев до 10 и 15, пак сум ненаспана. Само се прозевам. А уште малку треба да одам на работа. Прво да направам ручек. Нешто лесно за денеска. Другава недела треба да го земам имотниот лист. Па после тоа следи најтешкото - вадење нови документи. За да плаќам помалку данок треба на лична карта да ми стои адресата од овој стан. А пред 2 години вадев нова, а мм зимава. Битно веќе сме на свое.
Де бе,умре темава?! Да се обадам,што би рекле бугариве На работа сум,ама ми се иде на свадба Ч) Ќе одам,за некоја недела,а а ко имам среќа и детево нема да се измочка на сред свадба у гаќи Планирам викендов пелени да тргаме.Му изнакупив 15пара гаќи,па валда се доста? Вчера прославивме роденден на маж.Поклон од мене доби гаќи...у тој филм сумс ега,гаќи купувам Ми се мота низ глава море,плажа амам некако уште ми е рано да резервирам.Чекам да се расплеткаат некои ставри. Поздрав и имајте пријатно летно кафе
Леле женски......колку е топло. Не се дише. Излегов од работа и правец надвор на лулашки. Ме пукнаа децава. А на мене ми се спие. А и ручек треба да правам. Па да гледам реприза од серијата. И после пак надвор. Испазарував нешто за дома и се зачудив колку пари ми отидоа, а колку малку работи купив. Брзо одат парите. Памтам, кога бев дете, дека со 1000 денари можеа многу работи да се купат. Сега ни пола од тоа што си го купувал не можеш да го купиш за тие пари. Скап е животот, а платите се мали. А и децата си имаат свои барања. Жалосно е на дете да не му го купиш тоа што го бара. А можеби немаш пари.
Ден мајки времево само за коктели на плажа е ама реалноста е друга Го земав синко од градинка ,колата дека нема клима што стоела на паркинг цел ден на сонце пекол жешко внатре ,го седнувам синко на седиште ме гледа и ми вика мама кола џиш е џиш викам мама здравје во план ми е да ја сменам само ради тоа што нема клима ама здравје.Денес денов на работа одвај го истуркав некако дали дека сум преуморна некако па заморот си го прави своето ,ама ај викенд па ќе одмориме Во двор наместивме базен синко ептен му се израдува се бањаше рипа скока па дури и знаел да гњури се наведнува и го брцка лицето во вода Имам една мака со заспивањето на синко навечер многу касно заспива ,а рано станува во 7 ,спие преку ден само еднаш во градинка ,а скоро секој ден легнуваме од 9 а заспива дури во 11 навистина незнам како да го заспијам порано. Тоа е одам да поставам масата за ручек . Убав викенд
Ај и од мене добар ден! Правам благо за золва за веридба, леле преубаво ќе биде благово. Односно правам 2 вида тартови, еден со лимон и еден со чоколадо. Ќе ги сечам на осминки и ќе го ставам на тањир за колачи и ќе редам наизменично, еден лимон еден чоколадо, ќе декорирам со белка или шлаг и малини. Уф какво ќе биде убаво и фенси, ќефови ќе биде. Ми мати ум овој со лимон дали ќе е добар филот ама ако не пробаме нема да знам. Ќе направам и убави колачи од оние во силиконски калапчиња. Со црна и бела чоколада, со лешници крокант и нешто ќе видам фил, може карамел. Мала дигресија! Додека пишував ми дојде време да го ставам филот, се би било супер ако синко не се залетеше да го повлече тестото, го тргнав и ми истече скоро пола фил од лимон Којзнае од мојава мајсторија што ќе излезе. Ај белки чокиладниот ќе личи на нешто, ќе обелам образ. Знаете колку сум уморна? Многу! Ми треба некој еден викенд да ми причува дете па нека сум немајка! Ми се плаче од умор! Ако се прашува муж сум само мрзелива. Планирам здравје на одмор да искречам, дете ќе пратам на викенд кај баба му од каршија ако решат да го причуваат и ќе видиме, може па и ќе одморам Утре е големиот ден! Спремни сите салтанати. Денес имам ситници за спремање, ама да дојде муж, со дете не е можно. Се го интересира а тој пиштолот жежи. Едвај чекам да дојде утре и да средиме се. Купив цвеќе малку, утре уште малку и таман. Подароците ги свиткав, цвеќе ќе направам од тоа што ќе земам утре и таман. Денес излегов од работа порано, многу бев уморна, дури ми се слоши. Дете сабајле нејќел во градинка, појма немам што го мачело. Во градинката им бил топ! Тоа е мајки, се читаме со слики утре
Добра вечер мајки @AngelOfArh утре ли е свадбата? Па не се пофали. Убав помин. Маж спрема салата, па да ве поздравам и да шкртнам некој ред. Ние со нашата лабава диета, да исплакнеме совест за по некое благце и чоколадо ки ги апнуваме преку ден. Маж денес бил во некоја балканска продавница, купил некое наше розе вино, некои наполитанки и чоколадо, ситнурии... На чоколадото му видов работата уште одма, сега он се радува да го пробаме виното. Најголем фан е на бовин и стоби, ми се чини од што ги сака нашите вина и да е никакво нема да признае, ќе испие чашата. Деновите долги а ноќите уште подолги. Не знам кога ќе заврши фазава со оваа рунда вадење заби кај малово. Исцрпени сме до бескрај. Вчера и денес затворени градинките па и големите си бараат внимание и занимации. А енергија имаат за извоз. Предходно беа во 20 заспани сега и 21.00 не фаќа. А ништо не сме смениле во дневната рутина, едноставно не заспиваат како порано. А ние едвај чекаме да потераат ид а украдеме некој миг за нас. Не ни претпоставував дека мајчинството е ова што го доживувам секој ден. Еден ден си на врвот на светот, другиот животот те треснал од земја...и така во круг. Живот. Стаса мезето. Убава вечер на сите.
@danichap веридба е, ама џанам пола свадба. Уф колку сум возбудена, мислам поише од невестава наша. Благото со лимон не ми успеа, едноставно не ми се стврдна филот. Нешто има и ќе му пишам на шефот да го прашам, само нека помине и оваа гужва. Ама затоа чоколадниот е петка! Дете и маж од 10 дуфтаат, јас сега ќе одам да се туширам, па ќе вадам втора тура пралини и ќе му ја легнам. Дворот сме го светнале кај свеки, утре само декорациите се на мене. Имам преубави идеи, само да ми успее се. Тоа такви убавинки сум намислила, абе мераци. Ајде, дур не сум заспала во дневна таква никаква, да станувам. Добра ноќ на сите што спиете!
Девер ми пред 2 месеци купи куќа За еден месец ипол се заврши со банката и нотарот Да ве поздравам успат Ручавме со деца и да пробам да го заспијам мали,да пијам едно кафе и во 12:30 треба да сум на работа Понеделник имам пробен ден во старечкиот шо ми е пред куќа Се надевам дека ќе успеам да влезам таму дека од овде може човек само со инвалидска пензија да излезе Работам по 130-140часа и ми го исцрпија последниот атом сила Деца растат и во главно добри се Шмрчкаат со носињата,не се болни а зелени мрсулчиња имаат Колку да има мајка со што да се грижи Друго и немам што да ви кажам,рест си е стандард Се надевам вие сите добри?Ми недостасува темава многу!Ако имам среќа да сменам работа ќе ве дружам повеќе Довиџења
Поздрав мајки За чудо денес станавме во 8, инаку 6-6:30 е веќе разбуден, а очекував да го пречека татко му од работа. Ама ноќеска стана во 4 измочан па се расони малце, дур презаспа 100 пати се преврти, изгледа зато продолжи сабајле. Станавме, доручек, кафе, чај и на плажа со сестра ми и внучето. Во 10 веќе бевме сместени Не се осмелив да влезам, а ни малово не го брцнав заради алгите, се појавува алергија од нив па ми беше страв. А да и заради мрсулите најмногу. Те зелени, те бели ама густи Барем сега помирен е за чистење и за спреј не прави проблеми па ваљда побрзо ќе помине. Заспа пред малце уште во количка па се истегнав и јас до него. Ме болат препоните, а и бебе послабо го осеќам денес. Можда од жешково едвај чекам следната недела да го видиме. Малово не разбира уште, му викам шо има мама овде? ми вика меше. А во мешето шо имам? И треба да го потсетам за да му текне. Одам да го будам маже доста му е спиење, да искористиме момент дури спие синко. Имајте убав викенд
Здраво мајки. Седам со нозе кренати и серија додека синко спие, а мм на вежбање. Се мислам само да станам едно кафе да си ставам и да пробам да поуживам. Ручек за мали се спрема. Ставив месо, ќе продинстам домат, тиквичка, лукче и модар домат и ќе ставам кус кус, тоа планирам да е ручек за него, а за нас само салата. Немам желба на топлово друго да спремам, а и немам идеа да бидам искрена за дурго. Ако ептен запне маж иамам некое инстант рижото па ќе го спремам него. Утрово малку прошетавме, јас малку се дадов во шопинг во капитол и сега по дома ќе седиме додека не стивне. Ако држи жештинава, планирам на Водно попладне да се качиме. Барем посвежо е, дете да протрча. Вчера бев со другачките на пијачка после работа. Убаво ми доаѓа што фативме ред почесто да си се заседнуваме вака, да избистриме мозок од домашни обврски. Испивме по некое коктелче, помезивме, помуабетивме и свежа си се вратив дома. Маж носел дете во џамбо и од сите играчки тој се фатил за мини вентилаторче . И од вчера тоа му е главна играчка . Среќа не може да се повреди зошто ептен се меки перките, ама не ли можеше нешто попаметно да одбере ова мое дете Се мислам што да правам со мали наредна недела. Моите нема да се тука да ми го зимаат во градинка, а жал ми е да го оставам до 16:30, а ако маж отиде службено и до 17:00. Не сум паметна како да изведам да си го собирам порано. Знам дека ќе го чуваат добро, зошто негувателките го обожаваат. Секој ден раскажуваат дека им е главна маскота. Ми останува само да молам золва кога ќе ја зима нејзината, ако може да го зима и него, ама па со двајцата како ќе се снаоѓа незнам Сигурно имам уште многу да кажам, ама се одјавувам да поуживам во тишината. @kikin честитки мајка. Поздрав и имајте убав викенд
Здраво од мене... Сварив кафе, па и цедевита и сладолед и фатив да ве читам ,кога тоа ве нема Ама се надевам за убаво е , за шетање и одморање Ние сабајле рано во шопинг, т.е по аптеки, средства,каши, лекови за недај боже, за на одмор. Одиме следна недела, ама мене ни излезе службен пат, па ќе остане на тато да не спрема за одмор... Уште сега се туфкам и му ја мислам. Исправ се, од лани стојат играчките , кофичките, чамците за на плажа, крпите наредив, јадење за синко купено, пробав купаќите и двата пара од лани големи , па ем се изнервирав ем израдував За нас ќе се испазарува нешто од лидл, т.е јас сум како малите деца , доручек ми е локумадес на плажа Омилени ми се Ама уште сега ме стега срце, синко 3 дена без мене , т.е јас без него Се надевам брзо ќе минат. Тато спие ,па ќе не носи на ручек. Тоа не му го мислам. За синко ставив просо и зеленчук. Цела недела ме премоле да излеземе на ручек (со повод е башка) . Ама со синко никаде не ми се оди .... Мн.е напорен ,не седи на едно место, а па ако недај боже има вода или базен, ќе влезе во него сосе алишта, па оди испази го. Ама ај си реков да пробаме (иако со нервози ќе е). Завчера отидовме по туле за колата, ма он кога си ја викна рика, сака да се шета-многу нормално па препотени се вративме со празни раце и синоќа одбравме едно преку нет. Ај да фатам пеглата и да се подотерам малку Убава недела
Дан тмуран, ја мамурна. Не дека пиев, или седев до касно, едноставно ми се спие од што сум преморена. Поминавме топ! За слики скролајте малку. Напорно беше, тешко и жешко, ама насмевката на невестата моја и на нејзината нова фамилија, непроценлива! И уште еднаш се убедив себеси, не сакам да работам било што, сакам цвеќарка да бидам и крај! Уживам! Со првите пари отварам цвеќара и сите ќе имате попуст кај мене. Дете спие, јас скркав некој Линд бомбон, сега да досредам па ќе пијам едно ладно кафе и ќе приберам чипсот и пивото. Ручекот кај баба од прасето од вчера ќе биде. За дете ќе сторам напор ќе сварам некоја макарона. Толку од мене, сега следат фотки, уживајте колку што уживав и јас додека правев!