Здраво женски, како сте? Јас седам на клупа покрај реката, свеж воздух конечно! Мм го шета бебо со количката, јас да одморам малку. Деновиве е во скок во развој и баш е напорен, плус минатата недела имаше и температура од вакцината, и некако ме истошти скроз. Да не зборувам за нејадењето негово, ама ја да не замарам и тука за тоа Сте спомнале за помош од родителите.. Искрено не ни очекувам помош никаква од никој, со мм свесно решивме да земеме кредити за станот, и свесно сакавме да створиме наше семејство. Никој не е должен да ми дава пари или да ми гледа дете. Но, секако доколку сакаат било како да помогнат и едните и другите родители, помошта е добредојдена. Мајка му на мм ни готви еднаш-два пати неделно, и тоа ми е помош, да не го мислам ручекот, а и се помалку време имам покрај бебо. За чување се нуди секогаш, само немало потреба досега да и го оставиме. Моите не се во градов, повеќе финансиски помагаат, на секое доаѓање мајка ми ми остава пари. Цело време ме вика да одиме кај неа со бебо, да одморам јас малку. За второ бебе, мислам дека никогаш нема да се решам. Нека ми е жив и здрав бебо. Еве ги се вратија, одам!
Од мојата страна, мајка ми не ми ни честита ќерка, татко ми 2-3 пати се јавува во месец, да праша како сме. Од на мајка ми страната, мојот дедо и баба финансиски ми помагаа додека бев доле во Мк, дедо кога е во Гер остава секогаш пари за млеко и пелени на беба, баба пари ми праќа по мм да сум си купила нешто. Од страната на мм немаме никаква помош, живееме од неговата плата и моите примања.
Мајки, да ве прашам, станува збор за ќеркичката на моја блиска која има 7 и пол годинки-почнува да се поти под пазувите и мајкава вели дека осеќала како да и замирисува онака на лошо. Нормално хигиена си одржуваат, но после игра , нели дете како дете се поти. Имате ли поминато низ ова, што да нанесат под пазувите бидејќи сепак станува збор за мало девојче?
Да се пријавам во доцните часови и да ве поздравам. Во неделата се вративме од одмор, уште ми тажи душава што ме пречекаа сите обврски и глупости што ги оставив. Летна одморот, ко што би рекла Мачорка - ко еден ден да дојдовме, и после одма другиот ден си одиме. Баш така. Преубав одмор, преубава плажа, боја фативме ептен - го сварив малку Бебо на сонцето, ама тоа е. Страшното е што тука нѐ пречекаа високи температури и стварно ми е мачно да функционирам. Еве во моментов ко идиот лежам горе гола, прозорецот отворен, ама не мрдам оти се чини ако мрднам - се потам. На работа жешко, клими нема тука, вентилаторите немаат сила да се справат со времево... Згора на сѐ, уште чорапите за компресија ги носам... мислам на оган газам. Бебо си претка, дали од мојот несреќен обид да лежам "на стомак" или од што не знае ден / ноќ (и баш му е гајле)... Не знам. На работа хаос, ко сѐ магично да се собра во овие две недели... Ама си бројам денови до породилното, уште малце остана. А ако продолжи вака времето, ќе земам и одмор. Не се трпи. Со Бебо е сѐ ок, и покрај нервози и паники кренати пред одмор. На крај, заминавме мирни и среќни. Стомакот ми се поду некако, почнав со терапија за железо заради дефицит... Почнав и да сум уморна заради неуспешни обиди да се наспијам ко човек. Ем жешко, ем тешко. Почнува да ми станува мака со позиции за лежење, се барикадирам со перници и се плашам што до крај кога бебе ќе крене на килажа... Мачорка е тажна што заврши одморот... Па денес нѐ нацртала нас тројца со тажни фаци и како ни врне директ од три облачиња над нас. Обожава да црта и да пишува. За брзо чекам инфо и од музичко школо. Се надевам ќе почне со часови од август. Ми се оди во мк ама знам колку е тоа неизводливо. Чезнеам за грч ладен јогурт. И симит де. Добра ноќ, се одјавувам, утре треба да се оди рано на работа. Иако ич не ми се работи.
Нормално е, се порано почнуваат да им работат хормоните. Според мене да припази на храна, сега малце повеќе свежа храна нека и дава, нека избегава салами, сендвичи и пржена храна, благото нека го сведе на минимум. Нека ја измива под пазува со сода бикарбона растворена во водичка. Едвај чекам да дојде втора бременост, ама тоа пусто лежење ме мачи, јас учена само на стомак да спијам, едвај издржав година дена во првата бременост и после доењето. Еднаш се разбудив на стомак некаде во 4ти месец и жива се изедов па одма грабнав перницата за доење. Ај добро утро и од мене! Дете синоќа се разбуди сред ноќ со кошмар, се гушкавме, се смири па заспа до нас. Сабајле го оставив со тато да оди во градинка јас еднаш да одам порано на работа, да не бројам ситно за враќање, пошто доаѓањето ни е клизно, ама и одењето ни е клизно, кога си дошол за 8ч од тогаш си одиш. Јас се борам самата со себе да отворам фирма, цвеќара, се кршам во себе, да земам кредит или да почекам да родам бар второ, да истерам тие обврски, па да почнам тогаш. Факт е дека во администрација е полесно за со деца, ама да бидеме искрени многу ме убива оваа монотонија. Имам поддршка од дома, секако, ама мислам дека на крај сепак товарот на мене ќе падне. Во меѓувреме чекам едни поголеми финансии од наследство, ако успее да се заврши тоа супер, ќе терам така, таман до тогаш можам да размислувам за второ. Многу опции имам на ум, ќе видиме што ќе се реализира. Дома ми е како бомба да паднала и не дошол никој да провери, гунгула! Сакам да исчистам деновиве за викендот да ми биде чист и слободен за уживање. Најчесто од ваквите планови ништо не се случува, ама... Ајде, да уклучам погонот за работа! Убав ден!
@Ano Да даде Господ да се изненадиш како мене Е до толку уште сум во шок. На ист начин раб.12год.ова прв пат се случуваwasntme: Нека се роди и оваа бебка и дуќанот се затвара Му викам на мм швалерка да си најди. Уплашена сум многу,таман бебка малку ми порасна реков раат ќе сум,ама нема раат Само се да биде ок,здраво живо да се роди. Овие дена само ми се плаче,а дали два пати солза пуштив беба од ко се роде. Камен се сторив,сега се враќам старата јас,прва плачка Си мислам на беба љубовта ќе и ја скратам,а таа пак само за во раце плачи,се качува на мене,скока на стомакне се дели од мене. Тоа е мајки,одам да дремнам до беба.
@mal.ecka честитки! Со лесно! Наминав да пишам дека официјално не се ни спие. Полудувам. А цел ден сум со термини денес по попладнево, како ќе се изашкам низ градот ни јас не знам. Чекам во болница, маж ми има термин а јас заради анестезија мора да сум му придружба. Па после дома да го однесам, а јас да терам со термини. Се осеќам многу уморно. Душата ми плаче за еден клима уред. Не се доседува на работа. Како ли ќе се издржи периодов, не знам. Ништо паметно не кажав, ама си реков да пишам додека не излезе од преглед. Ме фаќа малку паника. Не повеќе од вообичаено, ама сепак.
Ајде и јас да се пријавам,додека ѕверов спие. Ние сме на гости кај вујко ми,баба ми да ја видам и да си го земам пазарот.Мајка ми испазари зеленчук и овошје па да си го земам. Имаме помош од мајка колку што можи да си дозволи,исто и од вујко ми.Дали ни дале пари,ни испазариле иии за дете играчки или облека. За свекор и свеки што да кажам седиме во заедница колку тие што купуваат толку и ние.Ќе купат/купиме пример овошје и ние со мм не каснување да има за дете до следното пазарење.И некогаш дете ќе касне една овошка другите ги нема,ги изеле. Во овие скоро три год му имат купено два пара тренерки,едни пижамчиња и две играчки. Инаку свекор ми му има направено нишалка и санка на дете стварно човекот го бидува за такви работи. Деновите. скоро сите исти.Релација ни е дома -во двор,или после ручек дома- в парк,низ чаршија.Еднаш неделно кај баба ми на гости и еднаш кај мајка ми.После ручек мм ако е слободен излегуваме заедно ако не сами со дете. Стани доручек за дете,за мене кафе излези во двор,замини маркет испазари,па ужинка,(јас второ кафе тогаш пијам)низ дома раскрени,подзачисти.Ако дете е мирен и ручек ако не кога ќе заспие,Па ручка и одма надвор па пак внатре на ужинка, па надвор се додека не дојде време за вечера,се капиме играме криенка и во кревет најкасно 10. И секако на секој сат на нокшир,тука ги јади ужинките... Ама вчера имавме гости на мм братучетка со двете дечиња поголеми од ѕверов мој.Се заиграа и не сакаше да дремне некоја минута. Затоа хоророт почна кај 8 траеше 30 минути.Сакаше сапунот во раце да држи,а го лежи "јадел сладолед", пудрата во уста била за јадење,не сакаше да пуштам за спиење,зошто овие пижами... Почна да плачи,а не знае зошто се погушкавме му олесна и на крај едно шише јогурт... и тоа го сакаше,па не го сакаше,па пак го сакаше пивна две голтки и заспа. Страмот од мочкање надвор го надминавме,некогаш кажува,некогаш го нудам важно грешка нема направено Мајка ми вели да го оставам тел да се видиме и кафе направила на рајат да го испијаме. Ќе заборавев @mal.ecka со лесно бременоста да си ја износиш.
Добар ден и од мене Волку жешко не се сеќавам да било (сигурно од минатата год.) Кај најдовме баш сега да се селиме кај без помош па и жешкото ептен ме дотепува Маж не знам како издржува, оди на работа и од таму си продолжува во станот да работи се додека не му се приспие Јас, као треба само ствари да пакувам ама не идат на ред. Си има многу др. обврски и се јас треба да ги трчкам, домашните обврски се плус, чат пат и маж помагам. Кој се селел, ќе ме разбере Дете уште 2 дена во градинка и почнува распустот и за него. Денес се во посета на пожарникарите, се надевам интересно му било. Туку што ќе се прави потоа? И дете дома и стан за белење и чистење Таму кај што ќе одиме треба да ја викнам таа жената од видеото што кружи по групите, што ја пере кујната со вода во леген Таа што живееше пуши по 50 цигари на ден, ѕидовите се замирисени на дим. Знам дека се' ќе биде, само ќе треба да си плукнам на рацете. Паметно ништо не кажав. Постов ми е колку да ме има и да не ме мислите Убав помин на сите што сте по одмори и на тие што планирате да одите! Едит: Сега прочитав за @mal.ecka, со лесно да ја истера бременоста.
Те чекав да пишеш, да ти честитам. Со лесно и со убаво следните 8м. Немој да се сеќираш прво, се ќе биде во ред! Е сеа за тоа таман порасна бепка па раат ќе си, извини малку, хахахахахахахахаха, знаеш кога ќе си раат? Кога ќе ги ожениш/омажиш а и тогаш ќе ги мислиш. И јас мислев ќе порасне ќе е полесно, шипак, маста ми ја вади, се кара со мене сега. Мое мислење е кога се помали ќе ги пораснеш после е полесно, а вака како мене помина време веќе таман ќе се осамостојува јас пак бебешки период ќе терам. Ама тоа е. Не му се мисли мила, глеј ја Дана наша, со една мака 3 ќе ги исчува и после ќе ужива со сватот по бел свет <3 Гушкам! Ме уби у поим облациве, ме уби. Си играм со апетитот, он мене а ја него е нема НА. Ќе ручам сега мини сендвичи оти дома ручек не можам да јадам, ќе се оди на вежбање денес, а и утре исто. Појадував овошје и сега може да замислите мачки во стомак. Ќе помине.
@AngelOfArh Фала ти ангелче,за брзо да ти се исполни желба за второ. Знам дека раат нема,да беше првово мирно поинаку ќе мислев Нека е здрава и жива,ѓавол е прав. Се тешам второто мирно да е,белким нема да се буди на пола час ко ѕверчево,и се нешто да вришти. Рековме,само здрави и живи да се.
Се печеме како гуштери. Клима нема у станот а станот е на 6 кат ако приземјето се смета за кат, онака му доаѓа 5кат. Ама тоа е се живо ми е затемнето дете ми спие а јас на овој пекол решив да печам модар патлиџан и пиперки во рерна. Ама ако битно маже кога ќе дојде ќе има јадење по негов мерак. Манџата уште во 07 беше готова дур не беше топло. Се мислев од сабајле да одиме со малиот на базент ама сама со него не ми се розикуваше да појдам знам нема да можам да го извадам од вода прле големо е . За помошта околу родителите додека бев во Мк со мојте живеевме имав помош но колку помошта некогаш беше испомош тоа е страшно се што тие му дозволуваа јас бранев. Но ете галениче било на баба и деде, финансиски секогаш не помагале моите повеќе одколку на мм неговите тие речиси неколку пати ни имаат пружено но тоа беше уште на почетокот кога се зедовме и толку. Не ми треба од нив ништо веќе сфатив какви се. А еве сега далеку сум од сите и моите пак ми помагаат финансиски. Доволно им е да кажам дека се стискаме некогаш за нешто веднаш решаваат проблем но ептен ми е незгодно. И почнав да избегнувам да кажувам дали нешто имам потреба. Се распишав купот алишта стои до мене пиперките уште не се запекле а во кујна не ми се влегува ич! Пеколно е ми доаѓа по купаќи да се шетам дома . Ама ај маж нека дојде па тогаш ќе шетам. Убав ден .
Дај боже. Ќе си ги решам сите дилеми и проблем со убедување со маже. Само кај мене тоа потешко. Ескимците не ми бегаат во секој случај.
Здраво мајки, да пишам и јас тук там некој збор За некој ден роденден, 29 Не не, не славам родендени, оти стареам, искрено депресија ме мава бидејќи имам само уште 1 година до 30ка Тоа и баш не е за славење, ама ајт Не сакам да славам дека брчки ќе ми се појавуваат @mal.ecka Да ти честитам бременост, и со лесно да си ја истераш И баш вчера со мажот ми го вртевме муабетот за 2ро дете. јас си имам зацементирано дека не сакам уште едноТој се расправа уште едно, една ќерка, до карање дојдовме .... Пустиот многу сака две дечиња. Уште од мала сакав едно дете, мајка на ќеркче да бидам Си добив синче, и искрено не би го менувала за ниедно ќерче, ептен си се навикнав на идејата дека имам син па и толку си ја засакав. Вчера го држам за раче. одиме на гости пешки патуљко мал. Едно девојченце позади нас и ми вика леле колку е слатко Душава ми се стопи, како малку да ми ја топи ова пеколов Од времиште. За мојата бременост... Не ни планирав да останам, Веднаш забременив некој ден после свадба Од еден и единствен прв и последен пат, а си реков Ко ќе дојде време шубо без пазење ќе си биде Дур се работи на случајот Ај бар желбата да не сум трудна на свадба ми се оствари И си гледав слики од детево кога го родив. 2 килца месо, а сега буцко мајкин. Колку растат, избледено ми е дури каков беше кога бесе 50цм, мало бебе... Да го држиш со едно раче. Многу брзо растат, многу брзо лета времето Од тоа ме пукат депресии Нема секогаш да биде моето мало патуљче кое после станување од спиење МОРА да дојде да ме гушка, да се мази дур ја уште 'рчам' Ептен е гушкабилен тоа е чудо Ем е диво детенце, ама и многу сака да се гали и гушка Ќе се оди на одмор, а некако нит ми се оди нешто посебно нит ми се мисли. Сеедно ми е каде и што Така да многу нема да зборам на таа тема, ако може да се телепортирам на некоја плажа со коктел веднаш, супер. Ме мрзи да патувам , посебно на 45 степени Очигледно е, Мразам жешко Убав ден мајки. Се слушаме во некоја идна прилика
Добар ден мајки И тука е жешко неиздржливо, па решив ништо да не работам и да се дружам со детево. @mal.ecka со лесно. Многу се израдував за веста. Малата лепотица ќе биде прекрасна дада. @Kaetana sекој пост од тебе ме радува. Те читнав за гестацикиот во некоја тема. И кај мене беше исто. Првиот тест беше на некоја граница, паа ми дадоа термин за тој деталниот. Тие недела две додека бидна и вториот тест се шаштисав од нервози и читање за посебни диети и начини за исхрана. Среќа, исто, не беше ништо. Мило ми е што сте одмориле, збирај сили за до породилно. @24.07 Не знам дали сум ти кажала, сликите во катчето за дечиња со малиот ми се толку автентични и реални. Секогаш се мота околу кујната. Срце е . @Monella тешко тебе на жешкото и преселба... Алиштата на балкон се сигурно исушени. Две машини спружив и сега страв ми е да ги соберам. топлотен удар да не ме удри. Малово ја слуша Single Ladies и ѕенѕа. Отидов јас
Нека посетат педијатар/ендокринолог. Да не се работи за преуранет пубертет. Тој мирис се јавува кога хормоните ќе проработат. Под 8 год.е прерано за овој мирис.
Здраво мајки И јас да кажам жешко многу не знам дали сонцето повеќе пече или асфалтот.Кај нас е 37Без клима. Ич не сум по жешкото и само ги жалам трудните колку им е жешко и се молам да им залади Тоа оти јас бев 9ти во јули па едвај издежував и на 28 Малата нешто ми бојкотира не сака градинка оваа недела .Ама знае нема кој да те чува и оди. Збори и меле по цел ден и обавезно пред спиење си читаме книга Вчера ми вика ми се јаде и ја прашувам што.Ми вика акам адам ѕидоСакала ѕид да јаде, цела на мајка и на бабаАма и кажав нема овој е со поликолор не се јадеПа и дадов млеко да пие.Ама од млекото си имаме проблеми одма се жали на мешето За помош можам да кажам од на родителите на мм имаме повеќе помош.Моите повеќе се свртени кон сестра ми па малата добива нешто еднаш годишно.Ама па јас им помагам нив колку можам.Од празник на празник и така.Кога останав без работа и трудна кумовите први се јавија и кажаа ние сме тука ако треба нештоЗа џабе не ми е кумата најдобра друшка 22години.Уште кога се фативме со мм тој кажа она ќе ни е кума и така бидна.Се омаживме една по другаЕден по друг ден.На помош одма ни се најде и золвата праќајќи облека за малата со пакети Фала му на бога немавме финансиска криза стигаше платата на мм и моето боловање. Во август свеќи и свекор на повидок на гости.Да ја чуваат малата кога е затворена градинката.Ние на одмор уплативме Мајорка, уште не отидени ,а јас барам за декмври @Monella ние се селевме во јануари на снег и не беше интересно, ама на 40 е уште потешко мислам.Со лесно @mal.ecka со лесно Убав ден на сите јас се стопив сигурно сум -5кг