Добар ден мајки Дојдов за да и пишам на @Sexybaby86 , но гледам не предварила Те прочитав вчера во 40ката, жено нит те знам нит те познавам, ама таква широка насмевка си ми измамила, се радував ко за блиска другарка Нека ти е со лесно бременоста, со добра мисла да си истераш до крај Среќен роденден и на момата на @mimiiiii , те памтам другаЧке, иако не не дружиш веќе! Голема да расте, среќа и радост да ја прати, па и едно братче за скоро Ме фаќа мерак за второ Ама прво на пуфлево да му се израдуваме Љубов е, се гушка и гали по цел ден. Не можам да и се изнарадувам искрено, малку ми се часовите што ги минувам со неа. Едвај чекам слободен викенд за да сум со неа цел ден, преку неделата мразам што морам да работам и да си кратам од времето со неа. После работа сум во план да тркнам во шопинг за неа, многу ми е мерак да и купувам џиџани ствари Моите фустани што требаше да ги купувам за на работа ќе почекаат, бебе е побитно. Треба да почнам и со декорациите за роденден, уште 20тина дена има Се ќе биде спремно битно, ќе се фатам за работа уште денес. Многу идеи имам, фала му на јутјуб Многу убав ни е и ресторанот за роденденот, надвор има паркче со лулашки, па и базен.. Ќе го дотераме со мноооогу цветови и такви џиџи миџарници, ќе блеска! Си имав ветено дека ќе ослабнам 15кг до роденденот на бебе, and guess what.. I almost did it 13 заминаа, за 2-3 не е проблем ич. Битно ќе се скоцкам тип топ за големиот ден. Ќе бидеме најубави Дојдов-се пофалив-си отидов. До следно читање.
Баш ме изненади, фала ти многу. Тука сум јас се мотам низ темиве ама како почнав со работа се сум во трчање, башка и малата е во фаза на проодување и нема седнување. Супер пројдовме на роденденот да не не мислите, бебево ми порасна Спремајте се за роденден па ќе чекаме слики. Кога ќе имам време ќе ве дружам почесто.
@Chanell* и @mimiiiii бевте со ист термин лани, така? Двете некој ден порано ме напуштивте, ме оставивте во најжешкото. Сега веќе девојчурки големи имаме, родендени им спремаме... Како во друг живот некој да беше тоа, толку ми е далечно... а сепак го памтам како вчера. Памтам и Шанел кога ми пишуваше од болница, кога ја прашував за детали што како е... Леле паники.... Сите ми се породивте, само ја останав на крај... Сафра ме фати, Август го фатив, а бев убедена дека во Јули ќе се породам. И @baby 5 беше тука некаде, со баткото
Да ист термин имавме, мене мојава неспремна ме фати. скоро 4 недели порано, а ти се забораи. Колку беше малечка мојата 2900 се роди сега машала над 10 кг е. Стварно како во друг живот да беше, се сеќавам дека се тешев дека кога ќе наполни годинка подруго ќе е, сега си викам леле што убаво беше кога беше бебуле сега ни секунда не можам да ја оставам затоа ме нема по темиве, а пораснавме со вас од доење и грчеви па до дохрана. Годинава и тешка и лесна, ама не смени и мене и сопругот, навистина е напорно ама да се живи и здрави поголема радост и љубов од бебуле нема. Сега за роденденот ни беше прво опуштање во 9 ја испративме дома малата а ние славевме до 12 со микрофон и со соблакање штикли ко тинејџери кога родителите им се на одмор. Сега читам и за @Sexybaby86, честитки и со лесно да ти е бременоста.
@TeddyGrey Тебе уште од родилна сала што не ти пишав Баш целосен извештај ти давав од болница, ама како ми беше страв, леле, како ли до фемина ми беше дојдено И мене ми е толку далечно тоа време... Ама година ли помина, недела ли помина се чудам.. Кога ги вртам првите слики од болница, дури и не се сеќавам дека била толку малечка... Си го памтам само вака големо бебето Туку, и ние сме во фаза на проодување, нема седнување, нема интернет, нема ништо. Среќа па кога сум на работа, можам и кафе да испијам и форум да разгледам. @mimiiiii Почасти не некоја сликичка од роденденот Да се наштимам и јас за микрофон, знам дека и ние ќе главиме, ама оправдано е после цела година
Среќни родендени, со лесно бремености и само со убавини да се полни форумов. Јас денес се трудам да работам ама некако тешко ми оди. Уморна сум веќе и ми треба одмор. Викендов шеткавме по град, бевме на роденден, со другари уживавме цел ден во недела зашто децава си се погодени едно со друго па си играа супер. Ви На игралиште сретнав една мајка со три девојчиња од 3 години, 2 години и неколку месеци. Според она што го видов @danichap скидам капу што си позитивна и нормална. Две жени беа (мајка и баба) и три деца. Мене паметов ми се заврте од рчање по двете големи и воедно пазење бебето да е сигурно во количка. Браво за нив и за вас. Јас од сега психички се спремам за пак во Германија неколку недели со маж и дете. Од претходнито пат имам страв во коски. Топло беше премногу, клима никаде (освен во големи продавници), завршивме во болница и од тоа имам трауми уште (банална дијагноза ама малтретирање невидено). Сега се надевам нема пак да фати топол бран и ќе бидеме супер здрави додека сме таму. Ми мати памет што детево шмрка со носот пак ама имаме едно 10 дена да се оправи пред да тргнеме па се надевам добар ќе биде. Неделава мора да оди во градинка ваљда нема да се донастине. Наредната ќе го чувам неколку дена дома да бидеме фит пред поаѓање. Се мислам што се да земам од тука (капки за нос и слично). Прошлиот пат отидов „неспремна“ рачунав одам во понапредна земја не ми треба ништо од тука. Сега страв у коски имам. Не ми е реален и рационален знам, ама ми треба време да го испроцесирам. Искрено реков со маж ми догодина да не планираме вакви летни престои за кариера. Мкневме дете на година и пол заради мене на два месеци , на две и пол заради тато, сега пак заради тато. Догодина сакам малку вистински одмор. Да не одиме никаде за кариера туку да се опнеме на некоја плажа подолго од недела дена. Сега за сега ќе се спремам за три недели Германија па недела дена море. Морето едвај го чекам. Германија се надевам ќе оправи утисок од претходен пат. Лани градот беше супер, бањите беа супер, ама жештините без клима и тоа болницата да не се повторат.
Здраво женски, се криете ли од жешково? Нека помине пеколнава недела побрзо, едвај издржувам, ем со клима сме скоро цело време дома. Викендот што помина преубаво си поминав во првата дома. Бебо весел оти беше меѓу народ, на сите им се смееше. Планот беше да останеме цела недела таму, ама не можам луѓе. Сакав дома да си дојдеме, да си фатиме ред за се. Бебо уште не седи сам, и многу тешко ми е да го хранам без неговото столче. Се спакувавме вчера (а носевме мноооогу работи) и назад со мм дома. Знам дека и тој сака да одмори малку од нас, плус имав закажано и жена да дојде да ми исчисти дома се, ама не можев да останам, си дојдов. А комарците ренде ме направија, и покрај тоа што се мачкав. Ама алергијата од нив тука е и после толку години. Сега се чешам по цело тело. Врвот беше кога еден ме касна на капакот на окото и на слепоочницата. Сега сум отечена и како тепана. Честитки за @Sexybaby86, со лесно да си ја износиш бременоста Те прочитав во 40ка и многу се израдував, иако не те знам. Вчера си добивме кумче, прекрасна вест уште од сабајле Бебо мој ќе има друштво. Полека расте друштвото со бебиња, зимата ќе чекаме уште едно бебе, здравје само. Нека има убави работи кај сите
Честитки @Sexybaby86 !!! Со лесно да си истераш - ваквите изненадувања се најслатки! )) Ве поздравувам од канцеларија. Вентилаторот ме шиба цело време, желбата за работа после пауза ми е сведена на минимум.. гледам јас утре ќе продолжам а не денес. Немам енергија ниту пак желба за ништо. Едвај го седам газо пред компјутер. Си велам да си одам дома - ама ме фаќа страв колку ли е жешко кај нас во станот. Вчера имавме ужасен ден дома. Уште па усисавав и чистев. На крај гола по гали дремев на вентилатор. Ќе ми извините - дека трудна - ама душава ми е полна хејтање од немање клими во земјава. Ај да не претерам ама ќе речам дека сум полна презир за немањето клими. Знам дека само од жешкото се жалам ама стварно не сум навикната на волкава топлина без помагала. И да, вентилаторче не е помагало. Друг луд момент - некој донесе мафини на работа, мислам дека е колешката што се врати од породилно. Изедов еден ама главата ми е таму. Како ли да си земам втор. Поубави мафини немам во живот јадено. Уште еден час имам тука - после да ја приберам Мачорка од градинка. И официјално кажувам ако уште дуваат пред врата тие калориферчињата за сушење ѕидови (имаме тековни специјални работи за сушење на ѕидовите кои се направија хаос откако протече кровот кај комшиите) - ќе земам еден чекан и на делови ќе си ги најдат. Кај е надвор 36 степени (не денес среќа) уште па тие веќе 2 недели 24-7 дуваат без престан. Нехумано е. Ние сме најгоре.. папсавме.
Мајки здраво. Јас сум Другарка, мило ми е. Мајка на момченце 12 дена. Крупен дечко пораснат, умно момче на мама, само цица и спие, но не чека бурен период. Дома сме сами со тато, никој не ни се меша, сами си ја делиме радоста, на бањање, на полни пелени, на смени спиење, ама уште кратко. Одморот завршува и јас останувам сама од сабајле. Баба и дедовците, доаѓаат на гости и помагаат со купување за бебе... Волшебно ми е. Не ми се верува дека ова мое човече е од мене.. Ова го чекав цела бременост и година претходно. Па кога ќе го гушнам како се смирува. Мнооогу сум среќна. Дека некој ќе ме вика мамо, ќе ми се радува и ќе ми се лути. дека некој ќе ми го продолжува и скратува животот. И ќе ми се смее.. На некого ќе му бидам утеха. И ништо не е тешко веќе. Добра ноќ.
Здраво мајки. Пред се честитки, со лесно бременост на мајките кои си видоја 2 цртички и среќни родендени на дечињата кои скоро славеа. Завршив со курс, сега сум слободна. Наутро носам дете во градинка, маж на работа, јас дома да средам, секогаш има работа и малку да си посветам време за мене. Сакам да ги замолам @Kaetana и @fairy88 доколку можат да ми кажат нешто повеќе за одморот...препорака на хотел, нешто за местото каде што бевте, како е навечер, има ли нешто да се посети...би ви била мн благодарна. @Mari* да те поздравам, па чкртни некој збор.
@danichap vo koja tema se slikite od rodendenot, bas sakam da gi poglednam. Tortata e mn ubava na izgled sigurno bila i vkusna. Pozzz.
Ај од мене добар ден! Ме нема нешто не сум баш најарна. Од саботата почнаа да ми отекуваат нозете, ама ај тоа некако да речам не е проблем, ама што ми се врти, нема нема слабост осеќам ми се свртува во главата, е тоа не знам. Искрено ме плаши, чекам плата да земам и да одам кс да си направам и да се смирам малку. Почнав пак доцна да појадувам, да земам плата да си се вратам на мојата навика да си појадувам во 9, да си ручам во 2, најарно ми беше така. Деновиве без скршен денар ми се плаче. Како успевавме со 1 плата кога и со 2 едвај достигнуваат, не знам. Одморот се понеизвесен е, а таман си напраив план. Ама не можам, многу малку денови ми дадоа и многу малку парички ќе имаме изгледа. Ајде догодина послатко ќе биде моренце. Во август имам свадба на третата цимерка, јухууу, баш ме радува. 3, бевме, сите 3 до крај останавме блиски и во добри односи. Ќе биде веселко, а после ќе си останеме при мајка уште некој ден да одмориме оти ќе останеме на одмор. Едвај чекам! Одам да испијам кафенце па да се вратам на работа, денес баш имам работа. Убав ден!
@monik55 идеја за фустан или за тема/торта ти фали?! Ако си замислила тема да е ,,мајка,, нема да сум ти баш од помош, ме знаеш не сум ти јас по тие лигавушки, ама ако е зорт кажи ќе смислам нешто И мене овој бдеј ќе ми е ,,прв,, со бебе, не у вистинска смисла, но лани не си го ни сетив, ниту торта имав, уствари денот му го позајмив на бебе мое. Оваа година ќе биде само мој, на бебе ќе му дозволам само да дувне свеќичката, но и тоа по втор пат, првиот е мој со мојата желба Ми текка @orhideea праша за Малдивите. Сами си организираа се и патот, трансверот, смештајот, ги фати дупло поевтино од што нудат по агенциите. @kukla21 се селите во нов стан ако добро разбрав? Убаво, нека е со убаво само, само убави спомени да имате од тие ,,ѕидови,, верувам сега Дунде ќе ја добие најубавата и најџиџаната соба Добар пеколен ден мајки Се јавувам од Сахара Пече, пржи времево денес, како би да бев покрај некоја водичка Бебе се запека за надвор Ајде оки го извадив и ме одвлечка кај зајчиња, ај као поигра ама му е склет и на него, па ме потегна да се полива со вода. Го извадив на тераса, наполнив кофа вода, дадов кантичките, го соблеков по гаќи и ај викам ќе се позанимава, а јас на пеколов ќе подишам на шкрги Епа нека се попрска 5минутки, епа топло му е и вака повеќе припреми имаше, него ли занимација Еве не под клима со цртани и коцки, е ова е живот Не ми се пишува повеќе, би да си играм со бебе мое Убав ден
Добар ден мајки Турбо од сабајле, конечно најмалово се намири и заспа, па дојдов и до компјутер. Жената што чисти ми светна денес, па на раат можеш и да пазарувам и да шетам со дете а и малку да поиграме и да зготвам. Инаку куќа ќе прооде, не се стасува . Од нешто мора да се скрати, денот само 24 часа е. Море и 48 нека е, ако 2-3 деца ми се вртат околу нозе тешко дека нешто низ куќа ќе фатам, не па генералка. @Sexybaby86 со лесно. Многу ми е мило @mimiiiii среќен роденден на момата @Saraa во темата за интересни слики од дечињата ставив. Тука да не претерувам. Доволно тупев цела недела, срам ме фати . @drugarka синоќа, пред легнување, го прочитав твојот пост и исклучив телефонот да спијам. Ама така некоја позитивна енергија ме облеа читајќи те. Добро ни дојде. @JoyJoy . Тренинг(и живци) треба за трчањето. Да бевме помлади, по барем 5 год., и четврто ќе направевме мислам . Имавме голем темен облак над глава, ама полека зирка сонцето и се враќаме во колосек. Толку многу ме исполнува улогата на мајка, не можам да опишам(ама знам дека секоја од вас точно знае за што зборувам). На моменти може ми е тешко, мачно, исцрпувачки, ми фали социјализација или време за себе...ама ќе кажам гласно и јасно, ја користам помошта која ја имам на располагање, и си го земам тоа време. Може не многу, ама доволно да излуфтирам глава и повторно со полн елан. Ден за ден, со мали мини цели, проектчиња или дневни агенди. Се за таа нивна насмевка, се за неколку топли прегратки, се за вревата и смеата која иде од детска соба додека играат и лудуваат. Ништо посебно не кажав. Убав ден мајки
Здраво мамички! @Sexybaby86 со лесно до крај @mal.ecka не знам дали и тебе ти кажав. Преубави вести. Јас сакам уште едно дете, ама некако не сум спремна. Не знам, може и себична сум. Жал ми е за девојченце, да не се осети запоставено, а па јас си се секирам како пак ќе дежурам по цели ноќи. Дури сега почна бебе да преспива цела ноќ. На работа поцркав. Едвај чекам одмор!
@emkaemka Јок ни јас не сум за Мајка тема Или бодињата Среќен роденден Мамо За торта мислев а за фустан ќе си нарачам од фб еден и сандали па ако се погодат ок. Маж рече ќе сум била изненадена па ај да видам и тоа да дочекам. Уште пред еден месец му кажав дека сакам Конверс црвени старки,ај може ќе ги добијам само да не се од Бит пазар
Фала Кукле Па ете и јас многу се секирав, одлагав и се мислев што како, па ме фати на изненадување Се шалам, беше планирано да е наскоро секако, но баш дека од еднаш и тоа во неплодни денови ќе се фати, не претпоставував Како и да е, во шема сум сеуште со бебе/мало дете и мислам дека подобро ќе се снајдам сега, отколку за 5 години да раѓам, на пример. Е за спиењето, бебка си спиеше по цела ноќ уште од 2 недели старост, со исклучок на еден период од 2-3 месеци кога се будеше секоја ноќ и играше Ама сепак со неа ми беше и ми е лесно како песна. Ќе видиме што ќе донесе второво, наредна година здравје
И јас сакам патики за бдеј, ама и тостер, а најверојатно до тогаш и двете ствари ќе си ги купам, па ќе барам нешто трето Ех да заборавив за убавата вест, а демек ја памтев @Sexybaby86 нека е со лесно мајче, па ај и кај тебе второ па машко, па да бидеш и ти сВекрива
Добро вечер мајки. Бебе само што се успа по 4ти обид за спиење... на смени со татко и. Сега седнавме да здивнеме и да избуцаме една цезар салата. Денеска денот ми беше напнат поради Х особа која незнае да каже на нејзиното дете дека моето бебе не е кукла. Ви се случило ли нешто вакво? Впрочем се случува на секое идење, што е најтрагично блиски ни се.... Потоа лабаво си се напив еден парацетамол да олабавам бидејќи добив главоболка. Многу се нервирам кога некој нема осет, посебно кога нешто го напоменувам сто пати... Извинете женски што ве користам за издувен вентил ама бар да ми олесни. П.с Ајде кој е за салатка . Добра ноќ.