Ти си дел од проблемот, ти со твоето воспитување. Ти посилна од детето ќе го мавнеш, па твоето дете посилно од моето дете ќе го мавне. Зашто ти лично така си го научила дека може и дека е во ред. Затоа се такви децата, немаат никакво почитување кон ништо и кон никого, зашто не ни знаат што е тоа, не го доживеале. Мене се ми е јасно кога те читам по темите со твоиве размислувања, јас и ти никогаш за ништо нема да се сложиме, за ниедна тема за родителство и воспитување на деца.
Здраво од една мајка,при крај со нервите Прво,жешково е неподносливо,ни клима не помага. Синко збеснува..Не знам веќе што да му правам.И кога е наспан,и сит и пресоблечен,дете само вришти,кенка,никако да му угодам. Не шетање,не базенче,абе се живо,ништо не помага. Спиење,ни дење,ни ноќе. Да,извади уште еден заб,ама не знам дали е толку збеснат заради тоа,скок ли е,што ли е? Само знам дека сум при крај со сили и едвај чекам дома да си одам. Мајка ми е капак на се "Леле какво е детето,леле ова е невидено нешто,леле зградава во воздух ја дигна,леле што ќе се прави". .. А на страна тоа што ми помага само да го заспијам ептен кога ќе фати да вреска и тоа што поради неа дојдов во најлошиот период од годината..Ама памет за друг пат.
децата реагираат,јас до крај 4 години нит сум го удрила нит сум го тепала а тој се притуркувал со деца кои сакале да ги земат играчките. Значи пак не е до мене. Секако ќе учиш со збор. Е сега ситуација мое дете пр посилно од твоето ќе го удри деца реагитаат не умеат поинаку нормало ќе станам не ќе се гордеам дека нападнал помало дали ќе му се развикам дали ќе го истргам за уши или ќе го мавнам звиси од тоа како моето се испонашало со твоето. Пак ситуација со децата од свекор ми ќе ти кажам . седи во двор братучед од маж ми 20тина години зад него поминува девојчето од свекор ми дали 4 години имаше. Се налути зашто чоеков не и рече добар ден седе цигла камен не знам што и фрли по чоеков среќа па подалеку беше замината па ударот во глава беше послаб. Јас сум запрепастена. Знам дека не е до родителите на девојчето. Никој не и рекол дека треба така да се однесува нит па некој во близина така се однесувал па таа да види. еве јас како родител мое дете да е жртва на таков настан или да посапи така. навистина не знам како би постапила. среќа оа секој ден повторувам колку децата не смеат да играат со карање и тепање оти така не се игра. Ама ете се случило да се затурка со некое . среќа па не дошло до тепање и слично.
Добар ден мајки Пекол денес, Сахара топи се пред себе! Сабајле на радио слушнав дека денес ќе е 38степени Моментално метео кај мене дома вика 35, а секогаш сме -5 од центар на Скопје, така да пријатно топење на тие што живеат у зграда и одоколу асвалт, 40че ви е Патем освен временска слушав и една анкета за среќни луѓе, во која држава живее најсреќниот народ и Финска е на прво место. Па сакам да живеам у Финска и да сум многу среќна Мислам ниедна феминка немаме од таму, а баш сакав да ја прашам како е да си ,,толку,, среќен Па и се депримирав кога соопштија дека Мк е на 82 или 84то место, сеедно дали е за - или + 2места абе многу несреќен народ сме биле Туку приметив во последно време ми се погаѓа се некој да има разбирачка дека сум со мало дете И секако најмногу осет имаат мажите, небитно дали млад, стар, чичко, дедо, бабите пак се најбезосечајни, а пубертетликите без култура ама па и ваљда на 13-16г сите сме биле така малку чуднички и сме мислеле дека светот се врти само околу нас, па све ни смета, све ние сме у право и она превртување очи е стандардно Ама ај не сите, прееска една бабичка ни даде предност на каса, а таа едвај стои на нозе и секако бебе беше девојче, па и додаде дека оддамна не видела толку мило и убаво девојче, а бебе и се смее и покажува и вика ,,око,, ваљда сакаше да и каже ,,де бе бабе види поубаво дека сум момче,, А пред некој ден едно девојче ме праша дали бебето е мое или ми е братче Шкртам денови до одморот, уште малку се, може да почнам и да се перам и сортирам што ќе се носи Лелеее кој знае што се ќе одмкнеме овој пат Мм готово, реши со мотор ќе идел, па јас и бебе ќе се журкаме сами по пат А јас сватив дека во тој случај ќе може нешто плус да пикнеме, пошто нели -1газ у кола лежалките таман Денес сум ослободена од ручек правење, па едно гајле помалку, вечер со гости малку ќе поседиме, а утре ваљда ќе се шета некаде, ама уште не знаеме каде Прошла недела до Велес бевме и се разочаравме, не сум била со години, а ми беше останато како убаво местои. Езерото тиња и куп треви, алги и што ти не лебди по вода, базенти преполни, ама ионака ни јас се бањам, ни давам бебе да се бања, па си поигра бебе на лизгалки и накај дома Ај ваљда за утре подобро место ќе одбереме само да не сме дома де Убав ден, да допијам кафе и да будам бејби, па се наставува денот
@marchi-cool кога и да прочитам твој коментар сум цела прашалници.Дали стварно вака размислуваш или се тролаш. @emkaemka се мислем дека си потпишана емкаКремка . Само да ти кажам браво на храброста сама со бебе да се возиш. Јас уште немам собрано. Кај мене мајки ништо ново. Чекаме да дојде денот за крштевање на малата, па после малку одмор. Ми треба одмор од сите луѓе наоколку, се чувствувам напнато. Не сум таква и не сакам така да се однесувам и секој пат си ветувам дека нема да биде така, и пак исто. Со мм дури знам да се скарам за глупости, толеранција нула. Бебе многу брзо расте и секој ден не изненадува со нешто ново. Сега спие, а јас ручана, кафе пиена и малку тепам досада без неа Убав ден мајки!
Мој совет е да ја анимирате 2 саати минимум. Не е она малечка толку па да дреме на цицка. Полошо и за грчевите правите. Мајчино млеко се вари мин 2 саати во мешето а на не сварено млеко дотура ново,се мачи уште повејќе. Ќе ја анимирате нека ја држи некој друг,па ти па релаксатор . Ова ти го кажувам од моја мака ама единствено ред на 2 саати стекнав за цицање само вака. Таа штом е кај тебе по мирис она мисли дека треба да цица плус се галат они така... а и нека си поплачи денски малце нека јача плуќа. И да знаеш манипулираат Да не бидам офф, мислам дека тек после 3 месеци се запознавме со син ми. Пробувам да го разберам и ми успева колку толку. Он си јаче си плаче али знае колку толку да се заигра со тропалка,да поседи во релаксатор што е напредок. Има ден кога не е погоден,али и ние па имаме. Единствено што немаме сменето е што ако не заспие во количка после 20 мин вожња мора да се дигне,вришти силно срам ме фајќа искрено... па како ме гледаат бог да чува како бебе да немаат видено што си се дрецка. Али ке не бидеее
@Leo-nora добредојде во ова ќоше мајка.Сакам да те охрабрам дека се што поминуваш е сосема ок и нормално.Ќе си плаче беба,и ставај ја на цице,колку сака и кога сака.Тотално несе согласувам со членката која пиша дека беб јача плуќа додека плаче и манипулира!! Не се јача плуќа и не манипулира.Си бара сигурност,прегратка,да те осети близу себе,да знеа дека си тука.Така да гушкај беба,пушти филм некој у позадина или читај книга на телефон.До кај 2-3 месеци вака поинтензивно,поесле ќе почне да се загледува во тропалки па игрална итн итн.И да,не е лесно мајак да си Здраво од мене.... Летово тотално нерасположена.Причина:никако да видам уште една цртка.Незнам што е работата,после направени секакви лекарски контроли.Не претпоставував дек авака празно можам да се осекам. Важно карамелата ми е ок.Малце забушава со јадење ама можда од жештинава е.Маж на пат па сами малку се дружиме со детево. ...дете заспа,одам да попеглам...
Мајчички како сме ова саботно вечеринче? Сигурно у диско не сме, или успиваме дете или средуваме куќи по дома од хаосот што оставило дете. Јас успав па малку туш и ќе му удрам после едно 30-40 страни од едно книжуле и куферишка. Сама дома со синче, тате замина боровинки да бере на шара. Бебе денес реши да ме зеза со мочање, ама сум го искарала, нормално мака ми беше. После седнавме муабет напраивме, рече ветувам мама ќе кажам, ама мислам ја претера со лубеница и од тоа не додржува. Ај ќе помине. Една недела сме без пелени не враќам сега па мајка јана. Се мислам дури по гаќи и на одмор да возиме. Ќе пикнам некое пешкирче под газето да упие, ќе застануваме чат пат и ајт. Ме иритира зошто знае што е што, за што служи и ми прави сеа демек заврзлами тука, ме зеза. Абе ај! Синко ја сум ти мајка, те знам лепото моја. Утре сум слободна од обврска ручек праење, што убаво, мераци. Одсабајле ќе шетнам со дете, покасно ќе станеме пошто касно легна, ќе си испазариме и домче ќе си седиме по жешкото, некаде кај 4ипол кај бабе на ручек и после сме на роденден кај другарка од градинка. Ич не ја сакам таа игротека, ама што да правам. И ние таму правевме, друга во населбава и нема, ама прошлиот роденден лошо падна и паметот се таму ми беше, свитка вратче, не сум спиела со денови од таа случка. Моево е мирно, само да не види други бељи како прават, одма се здружува. У сред пост се истуширав, па седам сега чекам да се подсушам па да пружам алиштата. До сабајле барут ќе бидат, после уште една ќе пуштам црни и толку. Ќе исмукам, ќе избришам и толку, немам сили за поише. Добра ноќ!
@Leo-nora Со ништо од ова не се согласувам. А не само јас, туку и научни студии исто така. Со мајчино млеко нема мешање на "старо и ново" и воопшто не е вистина дека се вари најмалку 2 часа. Тоа важи за адаптирано млеко. Ако сакаш да воспоставуваш некакви редови со новороденче, мислам дека имаш преголеми очекувања. И јас сакав така, но едно сфатив - ред нема никаков, и дури и кога мислиш дека си го направила, за 5 минути ќе се наруши - скок во развој, заби, дохрана, пак заби, проодување и сл. Најубавото нешто што можеш сега да го направиш е да си тука за твоето бебе. Да. На секое плачење да го гушнеш и да му понудиш доење. Затоа што не верувам во способности за манипулација на толку мала возраст. Не се работи за манипулација, туку инстинкт за преживување. И сфатете дека доењето не е сама храна. Доењето за бебето е и утеха, смиреност, заштита од светот кој уште му е туѓ. Мирисот на мајката и топлината од неа е единствената утеха што ја има толку мало бебе. Гушкајте и уживајте во секој момент заедно. Затоа што ова бебе што го имате сега, ќе биде сосема друго за месец и пол. Исто така не се водете према моментот на тоа колку молзите млеко. 10 мл не можев да измолзам а бебето беше само на доење. Измолзено млеко не е репер. И постојаното доење не значи дека "нема време да се наполнат градите". Не функционира тоа така. Само ослободете се, и ако напредува добро бебето (а пишува дека напредува) гушкајте се и уживајте во моментите. Макар и цицало нон стоп (што беше случај кај нас). ----- Хај Хај. Благодарност огромна за сите честитки, многу ве гушкам, некако ко дете се израдував... )) Утре ќе се собереме пријатели, дека во понеделник на маж ми му е роденден.. па така измеѓу и двајцата славиме. Утре не знам што попрво. Да се чисти, да се готви, а времето е ужасно, јас сум отепана некако. Денес цел ден го лежев, не се жалам, ама сепак и покрај тоа уште сум крш. Од вчера 38 степени денес 30 со дождови и сл. Ама стана уште поспарно, и не се дишеше. Сабајле станавме жива вода. Тешки денови. Со Мачорка пак дома, се дупна од боење цртежи... А јас како мајка на годината само лежев безвезе. Некогаш толку се мразам што немам сила периодов за неа да се посветам, и освен гушкање и бацување друго некако не можам да ѝ понудам. Ама се тешам дека и тоа е важно - сите наши муабети и гушканции ги гледам како есенцијален дел од нејзиното емотивно растење. Или се тешам. Што знам. Некогаш знам и да избувнам без причина. Или да промрчам саркастично. Ама одма се извинувам. Некако од жешкото и киселините и неугодноста а и самотијата (маж пак на работа и денес) сум со трпението многу при крај. За тоа и се обвинувам, 50% од времето. А другото 50% се тешам дека е период и дека еве кај и да е ќе помине. Уште 3 недели на работа. Бројам денови и се радувам дека ќе одморам. Се надевам дека времево нема да ми е ваков непријател како вчера. Инаку кај нас во градинка имаат само 2 недели летен распуст. Колективно. И плус нудат грижа за тоа време. Ама мене ми се поклопува со породилното па ќе си седиме дома со Мачорка. Од септември почнува со музичко и танц. Многу е среќна и едвај чека. Интересно ќе е што треба премногу трудна да одам со неа на првите часови, ама се радувам, да бидам искрена. Бебо е ок, си чука и си мава. Тоа му е работа. Мене ме фаќаат некои кризи како ќе се породам, дали ќе е сѐ ок.. па ме фаќа криза за Мачорка. Ама во оваа фаза брзо ми поминуваат. Допрва нерви ќе ме фаќаат. Знам. Ве поздравувам многу - одам да гледам некој филм. Маж заспа сосе дете иако му се заканив да не заспива. Уморен бил. Гајле ми е. Не мораше сабота да оди на работа. Баш сакав муабет со возрасен да си направам. Ама нема врска. Дојде, се избања, зема дете да успива и се одјавија двајцата. А мене ме јадат некои нетрпеливости. Се мислам да одам во спална и "несакајќи" да го разбудам. Ама не сум до толку лоша. Не. Ќе го оставам да спие па утре ќе му мрчам... Знам дека е тоа полошо, ама ај .. ))
Исто и јас не верував,па сабајле ке ти го сликам извештајот од ремедика од Поп-Лазарова. Исто бев да цица кога сака и колку сака,но не и кога детето си пати од грчеви,страшни какви што имаше моето бебе. Но и докажано е дека бебе доенче од мајчино млеко има повејќе грчеви од бебе на ад. Затоа мајките внимаваат на исхрана,а формули има прилагодени. Уствари секој со своето искуство и добиени совети. Јас само го споделив мојот совет даден од педијатар.
Мамички во многу тежок период сум незнам што ми стана дали хормоните ме маваат во глава али сум многу депресивна.Пред една недела ми испадна грутче и се повлече синока дали сто се цепкав пак се појави.Буквално сум изгубена изпанича триста сценарија вечерва срцето 130 нозите и рацете не ги осекам цели во жмарци а со двете малото во 6 ке ми стане а големото кај 9
Добро утро мамички Вчера имав гости и го потрошив турското,па повелете на ладно нес Мажите спијат, додуша еве го малото се врти кај и да е ќеотвори очиња Јас спремна со водата сум, прво станување бара вода. Сеуште не пие ни сок ни млеко ,само вода... Тета @emkaemka супер идеја И колку забавно би било Меѓутоа, по се изгледа темата ќе се смени и баш се радувам (признавам) Вчера уплатив за продолжениот. Маж ми малку лут,он беше за планина , не можел да поднесе чекањд на граница, епа ни јас ама има кога планина , нека се брчка детево во море Одморот рано го зедовме, веќе заборавив ми треба освежување Стана прцулето, да си го земам за гушкање Убав ден ,ние ќе вадиме базенот на тераса
Сите деца патат од грчеви. Грчевите се појава која произлегува од "проработувањето" на дигестивниот систем на бебињата. Кај некои бебиња се поизразени, кај некои не толку. А тоа што викаш дека е докажано дека бебе има повеќе грчеви од мајчино млеко а не од АД е комплетно неточно. Од каде тој податок? Дали знаеш колку деца на формули имаат мака со столица? Мака со грчеви? За разлика од деца на мајчино млеко? И има мајки кои јадат сѐ а децата немаат никакви грчеви. Така да и тоа не е вистина со храната. Во мајчиното млеко се пронајдени и состојки кои ние луѓето не можеме да ги преработиме а кои ги нема во ниту едно друго млеко кај цицачите.. по долги испитувања утврдиле дека истите служат како храна за лактобактериите кои треба да се развијат во цревата на луѓето за да може цревната флора да се оформи и да функционира. На база на тоа, мајчиното млеко е лек за грчеви, а не предизвикувач. А за тоа што рекол педијатар, ќе се воздржам од коментар. Не за друго, затоа што досега сум слушнала сто и едно мислење кое медицински не било издржано а било споделено од медицинско лице. Така да... Одлуката во што ќе верувате е ваша. Но не ја пласирајте на други жени и мајки како аксиома.
Добар ден мајки. Оптегната на кревет пијам кафе и чекам мм да ме прошета покрај езерото. Дете предадено во моментов на баба и дедо и уште не ми е јасно како ќе го оставам тука утре и како ќе го чуваат. По ова што го гледам додека сум тука не ми се свиѓа. Се тешам дека внук ми го чуваат веќе две години по цел месец и се снаоѓаат, па ќе пројде и моево. Само работата е што мене ми е битно како ќе го гледаат, а нема време да прераскажа и да ги убедам во се што сметам дека е во ред за детето. Искрено срцево и душава ми се стегнати и ми се плаче од самата помисла Тек утре кога ќе тргнене накај Скопје без него мислам ќе си плачам цел пат. А тек треба да се мисли што ќе се прави наредниов период со детево. Мајка додека бевме во болница си плачеше и си викаше дека ќе го чува колку треба. Ама сега пак се менува приказната. Со маж ќе се натегаме колку време да седи дете дома. Јас сакам во Ноември да пробам пак да го пуштам. Таман да го ктенам и да ја ставам вакцината за стрептокока. Он неќе да чуе барем за сега. А незнам што му е во главата. Со моиве да се нервирам денес че го чувале, од утре тешко им е. Дрте да оставам долго без мене во Охриф исто не ми е опција. Јас и оваа недела незнам како ќе ја преживеам, ама ептен баба и дедо се, сакаат и ќе де налутат. Жена да барам за неколку месеци незнам дали ќе најдам. На крај ќе му речам на мм дека ќе седам дома да чувам дете, мислам одма ќе го заболи кога че му текне од колку паричина треба да се откажеме и валјда че упали за да одиме по мојот план за враќање во Ноември. Нормално ако дете е ок. Не сум луда да форситам иако он е веќе е тип топ. Ова се беше останато од вчера не пратено. @Shelea, @Ava.84 среќен роденден на женските. @Kaetana среќен роденден и на тебе мајка @24.07 да ви се множат годините поминати заедно. @Mari* да ни пишува почесто, фалат нејзините случки со могли и баткоти Од вчера до денес ништо посебно ново не се случува освен што прво попладне и успивање на дете со баба помина успешно и без проблем. Јас и мм за тоа време како тинејџери шетавме по чаршија, па си купивме чипс и пиво и си седнавме на Сараиште си мезевме и пиевме. После си се спакувавме и си дојдовме да си легнеме до дете. Сега да доручкуваме и ќе одиме на тура шљаскање во езерото. Имам уште многу да се пожалам, ама и прерходното се помислив три пати да го избришам, па ќе застанам тука на средина некаде. Имајте убав ден мајки.
Одамна ме нема па да си пишам неколку збора од Германија. Овој пат полесно некако ми помина престојов тука. Веројатно дека пократок беше и со понормални температури. Фатија 40 степени ама пократко од лани и одам утредента од 40 на 23. Збрка бевме малку амам добро е. Сега се спремаме полека за дома и некако едвај си чекам. Уствари чекам море, а тоа доаѓа по неколку дена откако ќе се вратиме. Е тоа стварно чекам. Детето тука ретко преспива преку ден, голем е веќе веројатно па нема нешто многу време за себе и за пишување. ОД тој аспект едвај чекам да се вратиме дома во нашиот стан од ова станче во и на играчките за да може да се поседувам пораат и јас. Градов овој симпатичен ми се виде иако се гледа помалку богат од тој претходно кај што бевме, ама па и порелаксиран. Ај да си легнам. Леќа ноќ.
ќе те цитирам пак бидејќи ми текна на една ситуација која.мислам дека треба да ја споделам. Бев пред некој ден кај свекор ми и бевме собрани така фамилијарно повеќе мајки со децата. Седнав јас онака со дечињата на нивната маса си се занимававме ги лакирав а родителите им беа дома. Имаше вкупно 6 деца. Дојде уште една женичка братучеда на маж ми со девојчето кое е 4 годишно. И еве се децава кои беа со мене да реагираат. Викаат еве ја оваа ич не ја сакаме во наше друштво не знае да игра мисли дека е главна и секогаш мора да играме таа како сака инаку рика вришти како некоја будала. Им викам не може така да зборувате дете е исто како вас и вие така некогаш правите. И секое од нив кажа дека тоа не е однесување на дете дека тоа е невоспитаност. Се игра со договор заедно сите а не се вриштење. Со неа ништо не можеш да поделиш а тоа не е правилно. Потоа додадоа дека таа сигурно не е тепана штом е толку збесната. Им викам па нели тепањето не е убаво. И исто секое од децата раскажа како тепапањето е за сите збеснати деца и дека сите добиле ќотек или биле шлапнати или тргани за уши и дека нема тука ништо лошо туку дека родителите за нивно добро направиле така инаку и тие ќе биле збеснати како девојчето и дека никој нема да ги сака како што тие не ја сакаат неа. Рекоа и дека ако не биле натепани тоа значело дека родителите дозволувале децата да прават што сакаат и да се однесуваат збеснато. Јас искрено останав без зборови ама одоколу добив мислење од самите деца околу однесувањето на родителот спрема децата. Кога ќе размислам не треба само да им се зборува на децата како навиена лента туку често треба да се прашуваат и за нивни мислења не само за нив лично туку и заедно да се налаизира мислењето за однесувањето на другите деца. На некој начин така "се учи од туѓите грешки"
Добар ден од мене Вчера и денеска сум исцрпена максимално, двете деца болни, малово затнато и излегуваат запчиња, ме малтретира 24/7,не дека некој па се понудил да помогне, и маж ми бега од дома кога ќе го прашам дали сака да го поигра малку лепенка за мене е, не знаев дека од ќерка ми тој поприврзан ќе биде за мене. Сите велат "ееее тоа е син кога сакаше". Страшна работа! И јас со алергииве носот ми е чешма, грлото боли, а утре му е прв роденден на синко, не знам како ќе смогнам сили да поспремам нешто. Како ќе издржам со гости, неспиена, дете на мене како мајмунче закачено.... Уште сега ужас ме фаќа. А и се радувам дека ми порасна бебето, уште си плачам кога ќе помислам кога прв пат го слушнав кало плаче. Ех, мајка... И сега си го нишкам на нозе и го галам, децава брзо растеле, не можеме да им се израдуваме. Ќе одам да си сварам едно кафе да ме крене и да се фатам за работа зашто немам ни почнато со подготовки. Имајте убав ден мамички hug:
Добар ден лепоти. Уште никој не ставил кафе денес? Ајде по едено ладно од мене, да се освежите малку. Море повелете и по една пијачка да се разладите, со повод е да знаете На денешен ден пред 8 години ни беше свадбата, од сабајле мм споделил на фб па така ме потсети и мене Кога поминаа годините, вкупно 15 заедно (7 во врска и 8 во брак) како вчера да беше кога се мислев како да им соопштам на домашните дека ќе се мажам Ах, младост- лудост. Сигурно дома ќе прославиме. Еве направив чизкејк, ќе има и вечерче некое убаво ( а баш си бев смислила полнети пиперки за вечера ) Домот почнува да ми заличува на нешто, постепено се средуваат работите. Секојдневно ми стигаат пакети од амазон, пристигнува и мебелот, мм е при крај со декоративниот камен, кај и да е ќе може да газеме без да оставаме отпечатоци Дете си има друштво во маало. Продолжува да оди горе-доле низ зграда и кога не знае што да прави ми вели треба да одам во некој Оди и во комшиите италјанци, луѓето се по 80 год. немаат деца и многу сакаат вакви палавковци како него. Си живееме со години, ми правеа документи кога немаше бг пасоши, ми помогнаа стварно. Колку внимаваат на исхраната чудо некое, кај нив се е домашно приготвено, жената една паста што прави прсти да излижеш, среќа што поддаваат понекогаш Жештини на повидок. Таман рековме ќе се разладиме некаде за викендот, заврна. Сега се стопли ама по се изгледа ќе ми дојде Што годишнина ќе беше