Добар ден мајки! Честит именден на тие што слават. Како се договаравме да одиме на викенд или едно дневно,но ништо од тоа благодарение на марфи.Мм од вчера дежурен,денеска е на работа а исто и за викендов Па така дете го пратив со баба и дедо на Треска.Ќе трча таму,ќе се изнаигра со дечињата од братучетка на мм.Ќе се измори и ќе заспие во 7 како бебе.Во план ни е да го оставиме со нив и вечер,а ние да одиме на именден кај братучет мој за рајат да си поседиме. Но да ви кажам пишман сум што го пуштив со нив,нема кој да урла дома,многу ми е тивко не сум навикната,а имам и некој немир во душава. Мм ќе донесе ручек,ќе јадеме рипчиња,а јас се мислам далу да пржам компири или да варам да ги направат како салата.Па потоа ќе појдеме на базент на по една пијачка.Блиску ни е од дома на пет минути пешки. @girl-miri Душичка,побрзо нека помунува.
мојата имаше солзи од плачење уште 2,3 ден во болница, сите будали ме правеа мало било немало солзи, важи.. Инаку мислам дека се грчеви.. пробај со колиеф капки 4 на 3 часа, за 2,3 дена веќе треба да приметиш разлика..и немој да си ти вознемирена, нормално е да плаче, бебе е.. кога ги држи нервозен или вознемирен човек и они биднуваат такви..
Добар ден на овој убав празник... Три дена дома, дури мило ми е што нигде не отидовме, да се свртиме малце и дома. Бебе веќе не е бебе, за помалце од недела ќе е тодлерче. Кога ги менувам категорииве на форум од бебе во дете како левел на некоја игра да сум поминала се осеќам. Прво свадба, па бременост, па бебе и еве сме кај дете. Бебе нанка. А ја да поиграм сега да ја стигнам @emkaemka
леле жено... Јака ти душа,само со помин да е. И јас до 2рата година само стресови имав. Сва среќа што очи секунд не тргав,навреме реагирав. Еднаш видов дека запаѓа посегнав да го дофатам и среќа што само малку тресна на плочки со главчето ама јас одма на лекар знам не треба за се и сешто да се оди ама немам мир кога е детр во прашање. Потоа на година ипол го дупна главчето на чело па не знаев од каде прскаше крвта јас цела се тресам него го стискам до мене во раце глас не пуштам да не го исплашам ама кога го шиеа не ме пуштија внатре,не можев да издржам како сте денес? а од што? Бебе не плаче ако нема мака. Јас секогаш кога липеше зајдуваше и повеќе од 20тина мин ме прекинува со вриштење трчав на лекар. Секогаш се испоставуваше дека се грчеви ама ако не можам да го смирам мора да го носам да прегледаат зашто сигурно е нешто.
Ako veruvas us so ne pomisliv.. rekov ma lekar, kaj nekoa baba sa i pobajat dane e nes nezz. Ama vecerta vo 12 1h polnok kade da odam. Puknav akp veruvas, placev cela vecer od maka. Denes eve praznik. Vikend ide...utre ako rabotat lw ja nosam.na lekar. Kazi mi koga ja nosese ti kazuvaa dali ima nes, osven grcevite?
Кога лежевме со синко на болница имаше едно бебче многу имаше мака со грчеви и лежеа и тие.Не сакам да те плашам, но ако бебето сеуште си има мака, плаче многу однеси го на детско одд. има дежурен педијатар ќе го прегледа. Ние си имавме мака до три и пол месеци.Ама првите два месеци беа ужасни секакви капки пробавме,се подобри кога ги зедовме едни капки мислам се викаа рекол бимбо.
Добро вечер. @Mari* знаев дека имаш што да пишеш. Бар од време на време почести со некој збор да не ве мислиме. @Mariangel не сум ја прочитала одамна. А богами и шефот не сме го виделе на слики во групите. Пушти абер како сте. Инаку јас еве пак лежечки со синко до мене. После 4 дена без нас кога дојдовме, не се прерадува нешто посебно. Уствари воопшо. Како од работа да сме дошле. Мајка вика лут ни бил. А јас не можев да го изнагушкам и изгњавам. Денес си бевме на плажа и дете цел саат си играше со камењата и кофичка со вода. Се чудам колку памти и колку ме изненадува цело време. Прееска го успивав и сега сме во фаза заспива со приказни. Му ја раскажував црвенкапа и на еден дел заборавив да кажам сок дека носела (во нашата верзија и носи колачиња и сокче на баба и). Замислете ме дополни. Незнев дали да се изнасмеам или да го изедам од милост. Понатаму раскажувам дека стигнала црвенкапа и затропала на вратата, а он веќе раскажува бабо зошто току гомели (големи) ушите. Е се пресмеав значи. А тек петар пан кога се раскажува, он дополнува дека ги ставиле децата во гомел кафез, дека кука (капетан кука) го бутнале во моето(морето) и дека дошол кудо (крокодилот) и ам (го лапнал). Сонце ми е. Незнам како ќе го оставам уште една недела. Имам грижа на совест без него дома. Ама ај прво максимално да ги искористиме уште овие два дена во гушкање и шетање. @girl-miri мајче, со лесно нека поминува Јас тука ќе застанам зошто ако продолжам понатаму со се друго што ми лежи ќе си го спакувам детето и ќе си го носам дома. Мислам свекор ми го чува детето и го пази, ама не е се како што јас сакам во однос на ред, јадење, воспитување. Не сакам да сум цепидлака, ама се надевам дека за две недели нема да влијаат многу. Имајте убав продолжен викенд. Ве поздравувам од крај езерото.
Добро вечер После толку трчање, скокање, кхм да не речам спортување, се предаде и ѕверот Осеќам дека му е досадно, има за толку и друштво ама некако накај таблетот му е умот. Ќе почнам да мислам дека му фали градинката Кога сме кај градинката, добив писмо од државната градинка (каде го запишувам трета година по ред) дека го примале за од септември Бев разочарана, го запишав повторно во приватна ама ете се отворило место конечно и за него. Парите за упис ќе ми пропаднаат ама барем ќе заштедам преку цела година Вчера бевме низ молови. Планиравме поголем телевизор во дневната, на крај најдовме клима на намаление па покрај телевизорот и климата ја зедовме, ако не друго, кога веќе останавме овде барем да не вриеме. Истеравме вечера надвор и се вративме капнати. @girl-miri леле мајче, можам да замислам кој стрес. Деца се, ќе паѓаат, само со малку да е и да поминува @Leo-nora ако толку плаче однеси ја да ја виде лекар. Може не е ништо, барем мирна ќе бидеш. Џабе нагаѓаме овде, може да замислам како ти е да ја гледаш како се мачи. @orhideea и @tincemajmunce ги нема оддамна да шкртнат нешто. Мајки пишете како сте.
Здраво жени, само да ве поздравам на кратко Уживаме деновиве слободни со бебка, посветени сме на неа максимално и најубаво ни е домче Не би ги менувала овие моменти за ниедно море, одмор, што и да е Бебка (упорно ја викам бебка иако година ипол има и е веќе тодлерка) ептен се пушта со зборењето, секој ден нов збор вади. Изгледа памти од што не’ слуша и оп по некој ден ќе избаци некое зборче. Така буу веќе стана кола, мууу стана кава, и еден куп други зборови. Дури и по два сврзува, на пример ми ја гледа колата во двор паркирана и вика кола мама Љубов ми е Бебко во меше расте и тоа, 9+2 по циклус, 9+6 по ехо Имам сериозен здравствен проблем врзан со бременоста (кај мене, не кај бебето), беше страшно изминативе недела дена, ама ок сум сега. Хорор преживеав, со огромни болки бев и не знаеја што ми е, сите болници ги свртев по стопати, ама на крај се откри причината и сега сум подобра и под терапија. Се изнадававме пари еден куп, ама таму нека оди, налет. Се’ ќе издржам, само бебуш да ми се роди здрав и жив Бидете ми поздравени и уживајте со најмилите Јас одам кафе да си направам додека не станала бебка
Да ве поздравам мамички!! Истеравме името на малата,скромна посна трпеза со најблиските,дел фалеа ама од оправдани причини. На ист ден прекрасни вести,раѓање на внук(станав баба по 2 пат) Вести за бременост од една од најдобрите другарки. Малава расти,еден ден ми крена темп.ама траеше 24ч.до 38.Сега уште носе малку и течи. И јас затната,уморна,ама ќе мине. Некни си го видов бејбичето,10+6 растеме Секој ден сличен еден на друг,само здравје,сите на број да сме.Ве
Здраво мајки, денес сонцево решило да ме убие, едвај издржувам уште од 9 сабајле е неподносливо и се потам како стока, со озвинување на животинскиот свет. Бев уште рано со ќерка ми да испазарам нешто, ама едвај доодевме за назад, ми вели Мама не можам да дишам, жешко ми е. Душичка моја Сега го заспав малото, па правам домашна супа со мевце, со зеленчук, денес ја добив месечната гостинка па не сум во муд за готвење. И јас затната цела, едвај дишам две ноќи по ред не спијам ич ама со помин да е. Вечер сакам да ги прошетам маливе палавковци подоцна, па и нека задпие малиов во количка, што ако. Не се излегува овде пред 8.30/9 ч. навечер. Имајте убав викенд мамички, одам да сецкам зеленчукот.
мајки. Одамна не сум пишала тука,ве читам секој ден,ама не стигнувам да пишам. Што од гости,што од синко,од работа по дома... Изминатава недела имав гости на повојница. Неколку дена по ред. Искрено ме измори и спремањето,и чистењето, и собирањето по нив, па бебе кенка,па шетај од соба во соба,полна куќа гости Сакам луѓе и сакам да седам,ама некако луѓево без осет или пак јас откако станав мајка многу осетлива станав. Им викаме дојдете порано за да може да си поседиме,зошто бебка заспива околу 9,10. Ич и да не заспие,кенкав е,па јас не можам на раат да поседам. Не ми е проблем,тие нека си седат со мм додека јас го успивам мали,ама успивањето ни трае доооолго и ако дојдат во 8 ипол,кога јас да седнам со нив??? Ама не,не доаѓаат порано,туку во 8 ипол,9 Ами не ли знаат дека имаме мало бебе. Додека седнат, ставиме пиење, бебе почнува да кинка,па ајде шетање,нишање,цицање.... И секако,не си одат пред полноќ. Па си го измачам и бебето,се намачиме и ние. Ниту бебе заспие навреме,ние додека собереме,додека си легнеме,пола од ноќта поминала. Среќа мм ми помага,па некако побрзо собереме. Е, сега, при миење садови ми скрши една чаша и една чинија, ама добро битно помага. Па и со настинато дете дојдоа,малиот секако прифати вирус,па три дена имаше тт и црвено грло. Се измачи бебе,а богами и јас со него. Не сакам веќе гости. Подобро никој да не дојде Знаат дека има мало бебе,ако сте болни седете си дома. Ама немаат сите текнувало. Ај ми олесни,си се искажав. Маж стандард на работа,дури и вчера работеше,на газдите никогаш не им се доста пари изгледа. И да не работеше,дома ќе си седевме поради бебе,да не ми качи тт. Деновите брзо минуваат,бебе расте,за месец дена треба да се вратам на работа, а се двоумам што да правам,а веќе треба и да ги известам газдите. Ќе помислам уште некој ден,се надевам исправна одлука ќе донесам. @girl-miri епте се соживеав со твојот пост како да сум гледала се што се случило. Побрзо да се оправите од стресот,а и малата од повредите. Нека ги чува Господ сите деца. Колку и да внимаваме,не можеме да ги допазиме. Убав ден... Бебе вика,да го позанимавам малку со играчки.
Јас сум баба на 3 дечиња Ние вчера топ со шетање, се додека не седнавме у кафана и не ни донесоа храна и дете поврати. Вирус некој изгледа. Па цела ноќ ненаспани. Сега е океј. Еве се успиваме сега. Утре пак у шетња.
Мм има сестра постара од него 10год. Внука му е помала од него 8год. Ами не сум млада мори кукле Од лани сум баба
Пак не ми идат математиките мало мт нека е 40, сестрава 50, а внуката 32. Е на 18 години раѓала сестрава?
Интересни се разликите во години. Маж ми има прв братучет и братучетка помали 30 години од него. Прв братучед на мајка ми мене вујко ми паѓа генерација мие.