Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Добар ден.

    Чекам да дојде 3 часот, ќе одам по мајсторот што треба да ни монтира клима. Жена му го оставила без кола па мора да се снаоѓа :lol:
    Ах бре, жена ако не те за*бе, тогаш кој. :D
    А јас пак што се разбирам од клими, се надевам ќе ја намести без проблеми, не за друго, за мир у кучи :lol:

    Дете не застанува.
    Од што му е досадно не знае што беља да направи.
    Продолжува да оди горе-доле до кај комшиите, среќа има деца во маало па малку менува игра.
    Вчера како се уплаши, мислам срцето ќе му излезеше од градите.
    Бевме во парк, на враќање тој со другите деца возеа точаци, јас и таткото на тие деца одевме позади, дојдовме до едно место каде што имаше дрвја и се минуваше од двете страни.
    Додека ние сме биле од едната страна синко се свртел на другата страна да ме бара, видел дека неможе да ме здогледа и се вратил назад да ме бара, го викам и се враќа возејќи со сета сила и плачејќи та дури липајќи :worried:
    Сето тоа за 30 секунди што не ме видел :wasntme:
    Плачеше цел час и само повторуваше ,,ти не треба да ме оставаш,, јас објаснувам дека не сум го оставила, дека трњба секогаш да оди близу до мене, не бре едвај се смири, дури рече дека нема веќе да оди во паркот :(
    Ептен е плашлив.

    Чекам пакет од амазон.
    На пораката пишуваше од 10 до 16 часот, чекаат изгледа да излезам од дома па тогаш да дојдат.
    Како што сум малер, ништо чудно.

    Одам мајки, ќе барам нешто блачко да се засладам.
    Убав одмор на тие што уживате во вода.
     
    На ludoto19, kukla21, Chanell* и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Лелее душаа :) кузнај колку плачел, замислувам од нивна перспектива кузнај колку тешко им паѓа тоа, само ти си им утеха и мислел си го оставила :( :) душа бе ми се плаче вака кога ќе ги замислам :$:(;(:):inlove:
     
    На Monella и Girl-Rabbit им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.439
    Пол:
    Женски
    Од нервоза и фрустрираност не можам да заспијам. Денес добив комплимент дека не сум вистинска мајка, сум родила царски и не сум доела, не сум можела никогаш да го почувствувам она "кога душата ти се дели од телото" за детето. Тоа ми го кажува човек кој никогаш не покажал емоции и љубов, само критикува. Истата личност ми кажа и дека само филозофирам за нешто околу воспитувањето на детето. Стварно не ме боли толку многу што се понаша како што се понаша општо, ме боли што ми рече дека сум немајка. Ќе ми помине ама од таа личност овие постапки само ме оддалечуваат, а треба да ми е блиска. Ќе помине.

    Мајки одморов топ, ама денес ме разочараа, на голем дел од плажите лежалка нема, се е резервирано, денес убав круг си напраивме за да најдеме и нема и нема. Си дојдовме изморени, испечени, измрцварени и љути, си седнавме на овие плажи овде и раат. Утре имам план уште рано рано да одам, доручек и остало ќе се вратам за саат време, прво да испливам на раат. Затоа се гасам сега и одам да спијам, да станам со време. Добра ноќ!
     
    На ludoto19, Chantal, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Ооо,јас се напнав од "комплиментот" не сум мајка ради царски што сум родила? Душата не ми се делела? Море мене душата ми се делеше секоја контрола дали е се во ред со моето бебе,душа ми се делеше и во моментот кога ми го вадеа додека чекав да заплаче,душа ми се делеше додека чекав педијатарот ми каже дека е се во ред,а душа ке ми се дели додека сум жива за него. Како ли побогу си земаат за право да коментираат дали си мајка по некој за мене воопшто не битни работи. Јас дојам,но не ме прави поголема мајка од тебе,кажуваат ко дете што не е доено леле мајко како да нема да преживее,познавам многу мајки што не доеле а израснале здрави,прави деца. И мојата мајка немала млеко,па ме доела цимерката во болница што лежеле,па дома кога си дошла стрина ми ме доела и она со бебенце и дохрана,што треба тоа да значи,дека мојата мајка не ме израсна,не ме сака,или не сме поврзани? Напротив ханзапласт и бев,и уште сум особено сега кога станав мајка и сфатив како се пожтрвуваат мајките.
     
    На ludoto19, Chanell*, Mari* и 18 други им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас секогаш се потпирам на божја правда зашто верувајте секогаш и за реченото и за стореното се враќа. Немајка можеш да бидеш ако не сакаш да раѓаш деца а дете да родиш не можеш да си немајка. И тоа дали ќе доиш или не може и мајка што осетила "душата да се дели од телото" да не може да дои рака да срамота за таа особа која ти ги кажала тие зборови.
    Ајде добро утро добар ден и од мене. :sun: денес се осеќаат жештиниве на денот уште од сега. Јас пред малку се вратив од лекар сварив кафе :coffee: кој е за нека повели кој пие или штотуку пиел на здравје нека е:) синко уште спие. Авал да му е нека се изнаспие додека може. Маки мачевме кога одеше во градинка па сега еве му 2 месеци одмор додека да почне на школо. Јас станата од 8 за по лекари и еве уште ми се спие. :yawn: не можам да се расонам. А допрва ме чекаат домашните обврски.
     
    На hello-kitty.90, 24.07, Girl-Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки! Одамна не сум ве читала, ни пишала, слабо време. Сега најдов миг за себе, читај малку ги подискарав големиве, за да не ја разбудат малава. Да можам второво кафе раат да го испијам. Оти првото не ни памтам како го испив во 7 низ сета гужва. Како стареам така сфаќам дека понекогаш себичноста е добра работа. Денов пекол денес. Пружав алишта на тераса , мислам требаше и со крема заштитна да се намачкам. Пекол е. Кај нас новитети се што малиот извади пелени, истеравме еден одмор. Како за со три деца супер поминавме. Најмирна беше малата, цицето, јадењето и мирна. Станувавме наутро, ја ранев и одма на плажа, големите во вода а таа заспиваше, јас два сати уживање на лежалка. Убавини. Само што тоа беа единствените два саати мир :). После еден сакам ова друг она. Како и да е важно го пробавме морето. Многу сакав зашто пет години веќе кај не сме биле. Сега седам и планирам кај да натерам маж викендов да се оди. Таман дојдовме од одмор, во Рамстор лежалки за 900ден. Купивме и сега велам треба да се искористат. Може до Охрид ќе се тркне, топ ќе биде времето за таму. Гледам и септември и октомври има продолжени викенди па си правам филмови за шетање. Нема да се буни мм овој пат зашто јас собрав пари :).Тоа е мајки, како ќе се издржи топлотниов бран незнам. Стално овој период ме фаќа мерак за есен. Да можеме цел ден да сме надвор нели. Друго се си е исто, малата расте,сакам есенва да ја крстиме. Уште малку подготовки за школо и тоа е. Ручек денес јуфки потпечени, жешко е за други јадења. Може и некое салатиче за освежење. Поздрав мајки, убав ден на сите!
     
    На ludoto19, Chanell*, Sanja1105 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    И јас да се пријавам денес мајки, убав ден да имате! Го нишкам синко на нозе и ќе одам да си правам второ кафенце, зашто првото како и да не било.
    Од сабајле на лекар до малата, окото ја болеше па земавме некои капки и правац во едукативниот центар т. е градинката како што ја вика она :)
    Кога ди дојдовме ме нанервира свеки, ме вади од кожа кога ми се меша во воспитување и што смее, а што не смее да се прави. Па зашто сме ги карале, па не разбирале, па со убаво да сме кажеле... А кога ги оставам таа за 5 мин и им вика или тогаш така прави за јас да слушнам. Абе од сам нема поубаво. Да имам можности одма заминувам, не можам веќе.
    Попладне сме на роденден кај едно девојче во маало, ќерка ми е прерадосна, зашто летово се запознаа и одма другарки биле и сега една недела го збореше роденденот. И таа е многу непослушна станата и љубоморна на бебко. Сите велат фаза е, но јас сум очајна, не мислам дека ќе помине ова.
    И така, се запишав јас, бебко длабоко спие, па да искористам време за кафенце и книга, ваљда заслужуваме за толку. ;):coffee::sun:
    Убав ден и уживајте сите :*
     
    На ludoto19, Chanell*, Mari* и 16 други им се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас од покрај морето 8)
    Овде убавини ,вода чиста времето супер синко неможе да се изнарадува на водата не се плаши влегува сам со гума и пливаме заедно:) Денес ни беа кумашините на гости тука па деца пресреќни кога се видоа се изнаиграа и се изнавикаа дур си ги крадеа играчките еден од друг ,џабе е што имаме и по две исти играчки кога таа што ја игра другиот е поинтересна :^) Маже за пофалба ми е на одморов он е задолжен за кујна и храна така да ако се вратиме со некое килце плус он е крив :D Одам стана синко убав ден на сите :sun:
     
    На Mari*, vitamina, Monella и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Јас па добив коментар не е детето криво, Вие сте што незнаете да ја нараните, дека цела беше измачкана, кога јаде обавезно кива и и лета каша од устата:rofl: а јас им пишав ако знаете поубаво дојди нарани ја(mooning)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    (facepalm) како очекуваат, бебенце да јаде како возрасен човек? Или мислат ти ја мачкаш намерно??? :^) еве не ми е јасно.
     
    На Nenna97, CurlyBlossomGirl, Bupalu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки! Редовно ве читам, ама пуста мрза .... :tmi:Телефонот го кријам од ќерка, оти одма го бара да гледа цртани.
    Во фаза сме да не сака никој да ја почува ни еден саат освен мама и тато други луѓе да не види. Не знам до кога ќе трае овој период, што убаво си седеше со мајка ми, сестра ми и свеки. Од понеделник се враќам на работа, ќе има плачки од двете страни :(
    На морето бевме, убаво поминавме, си носевме и баба, готвеше и чистеше, малава се.радуваше ептен во вода, посебно и беше омилен базенот, па со пиштење одевме на плажа, сакала бЕзен, никако морето :D Среќа кога ќр ќе стигневме одма си ставаше мускули и ајде во вода. Му откажа љубов на денски преспивање и многу ми е напорно, не сака и не сака да спие. А.мала е и треба сон, па станува раздразлива.околу 7 саат и тогаш излегуваме да се изнатрча некаде во паркови/дворови, вечера надвор некоја кифла и купувам, дома туш, млеко и одма паѓа за спиење, од 9.до 9. Се тоа ќе.мора да се промени од понеделник, јас на работа, таа по баби...
    Бременоста си тера, утре сум на скрининг се надевам да помине во најдобар ред .
    @AngelOfArh Ти што одговори? Јес да некои луѓе не заслужуваат да се расправаш со нив, јас сум многу трпелива и смирена, ама на вакво нешто не останувам должна, пердуви ќе летаат. Пуста завидливост ја уништи живеачката меѓу луѓето.
    Ајде да одам да си догледам серија, во најскоро време ќе ве посетам пак:l:
     
    На ludoto19, kukla21, Chanell* и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Leosun

    Leosun Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Зошто да треба? Не треба да ти е блиска.
    Подалеку од такви луѓе па макар и сестра да ти е. Верувај јас успеав и сум многу посреќна со мојата дистанца.
    Ти си мајка за детето а не за другите, тоа е доволно.
    Јас родив два пати природно, два пати доев само по 3 недели. Доењето не ме направи немајка, а не те прави ни тебе.

    И царскиот е пораѓај. И вака и така-боли!
    А најмногу боли душата за детето, во секој случај е дел од тебе!
    Гушни го и заблагодарисе на бога.

    Требало да ги прашаш дали кога јадат никад не им капе од уста.
    :lol:

    Еве и јас да се пријавам.
    Големиот(3г) го заспав.
    Малиот(3м) го заспав.
    Кафето го испив.
    И сега што да правам?
    Ќе си сварам ново:mm:
     
    Последна измена од модератор: 9 август 2019
    На Happyinlove, Chanell*, Mari* и 18 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    24.332
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте?
    Одамна не сум пишала тука ми се чини, ама ве читав :)

    Јас не сум во најдобро расположение деновиве, треба да се враќам на работа за еден месец и секој ден мислам како ќе биде. Многу ме мачи што бебо никако не сака да пие вода/чај/сок од чаша/шише. Единствена течност му е млекото мое. И се нервирам ептен, не знам веќе што да правам. 3 месеци нон стоп му нудам и никако да пропие. :(
    Мислам и како ќе го гледа жената, дали ќе се грижи убаво за него, како ќе му биде и нему без мене. Сега засега си има некој ред фатено со јадење, доење, спиење.
    Знам дека не сум единствена што треба да се врати на работа, ама не очекував дека вака тешко ќе ми е.
    Од друга страна и мене ми треба некоја промена, да излезам од дома, да се вмешам во народ малку.
    Ама осеќам дека ептен турбо и напорно ќе ми е, знаејќи си ја работата 24/7 на телефон, не знам ни колку би издржала со тоа темпо. Друго беше кога немав бебе.
    Барам активно друга работа, ништо нема по огласите. А парите ни требаат и затоа не сакам да земам 3 месеци неплатен.

    Си правиме бајрам со умот со мм да отидеме до Охрид следниот викенд, ама без 6000ден нема да поминеме секако, може и повеќе. Плус и колата е за регистрација, колегите мои се најавуваат да дојдат на сповојница, имам свадба кај другарка на крајот на месецот и банкрот.
    Многу ми е криво што 9 месеци дома ги седев цело време, никаде не мрднавме ни со мм ни со бебо. :(

    Тешко ми е на душава од се, и си собирам само да не го загрижувам и мм.
    Извинете на негативата, така ми дојде да се искажам некаде.

    Имајте убав ден и седете под клима деновиве
     
    На ludoto19, Mari*, azelea и 22 други им се допаѓа ова.
  14. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.

    Разбудени уште во 6,мене ме разбуди некоја болка во стомакот за во вц,а дете одма по мене се издигна.И мм го однесол дете кај девер ми во соба за да замини наработа.И да ви кажам од утрово како што сме разбудени рано како трет ден да почнува.

    Изгледа мене ме фати стомачен,ме наболува стомакот ми се стврднува,но за неколку секунди ми поминува.Дете станат е немирно,приплакува за се и сешто,ама најмногу за во купатило.Сам си оди си ја пушта чешмата и се шлака,се мија заби,.Ај кога ќе одам во вц го оставам ана ова стварно не можам да го издржам.Да го оставам цел ден ќе остане внатре.Се уште се качува секаде по комоди,кревет,маси и сака да скока како спајдермен.
    Зборува триста на сат,веќе два месеци сме во фаза на прашања.Само ми поставува прашања кој некои незнам како да му објаснам на попрост начин да сфати.

    Мм на работа по цел ден дека дежурен,прва на работа и после на дежурство по правило треба да биде до седум а него го фаќа и 10:30.Оваа недела се немаме видено со мм,скоро секогаш кога и да си дојди јас сум заспана.А и на дете му недостасува само прашува каде е тато.

    Ова ми остана од вчера па денеска да продолжам......

    Изгледа стомачниот вирусот го поминав со еден ден.Не сум во вц појдено од 5 вчера после ручек така да си викам до тука е.Се отепав од пијање чај од нане волку во животот мој се немам напијано.Само дете да не го прифати.

    Јас добив коментар кога се породив дека бебето не чувствувало топлина,љубов од мене.
    Одев на природно,но завршив итен царски со целосна анестезија.Само колку ми беше страв дека нема да се разбудам дека нем да си го видам бебето.
    Иначе и дете не фати цице ниту еднаш,одржував лактација до 2 месеци.Па еве го здрав и жив ми е.

    Доста е за денеска да оставам нешто и за утре да кажам.
     
    На ludoto19, Mari*, azelea и 19 други им се допаѓа ова.
  15. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    8.403
    Здраво мамички:)

    ние арни,одам дете да земам од градинка.Денеска бев на гениколог инаку би го оставила и денеска дома.Вчера не беше исто во градинка.

    Градинката стана без ред.Од кога ја отпуштија омилената воспитачка на синко,почнаа откази и од останатите.
    Една исто така фина помошничка си даде самата отказ,денеска и е последен ден.Една друга до крајот на месецот.Мислам дека ќе има уште откази.
    Жално за децата:(,среќа за нас дека сме во оваа градинка до крајот на месецот.Па некако да го издржиме периодот.

    Синко приказна за себе...бисери во него колку сакаш и воспитачките кажуваат каква фантазија развива:l::inlove:
    Последно мм го прашал во градинката дали се тоа неговите чорапи.Ги ставил под носот и се намрштил и рекол бее тоа се на Оле чорапите(неговото најдобро другарче од градинка):rofl::inlove:
    Многу ми е мил,и поразбран е за разлика од порано.
    Сега е во фазата зошто.На се што кажам,следува прашање зошто е тоа така:wasntme:
    Навечер обавезно со приказни за добра ноќ запиваме:$


    Следниот месец сме на прилагодување во новата градинка.Се поделивме со мм 1 месец зедовме за прилагодување.Ако успее порано да се прилагоди,викаме да затвориме таваните на станот и да направиме поголем шпајз.За вратите изгледа ќе останат за догодина.Во меѓувреме ќе бидеме како во хотел промаја:rofl:
    Врата само на тоалетот и дневната имаме останатото е се отворено.
    Јас качив саати од понаредниот месец.Од дома седење нема ќар:drunk:
    Почна да ме фаќа нервоза дома-дали 10 дена работам месечно.Еден месец бев само 7 дена на работа.

    Инаку на директорката маж и лежи кај нас,болен од тбс:|
    Викам следен чекор цела управа да ја сместиме на оделение оти сите имале контакт со заразен.Вчера се смеевме со колешките на работа:tmi:Црн хумор на работа(lalala):bug:

    Преска гледав работа во близина.Најдов куп убави понуди.Се мислам да пратам цв.Не ми се напушта ради тимот.

    Постот ми стана каша попара:P
     
    Последна измена: 9 август 2019
    На ludoto19, kukla21, Ano и 24 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добар ден мајки
    Бидна ручекот, грав, петочки:D.

    Сите три на купче, скакат на татко им на глава. Со големата од сабајле по болници, рутински контроли.
    Шефот докто рече во годишното писмо ќе стават дека не смее да прима вакцини, па ќе видиме. Викаа морбилите задолжителна да ја ставаат, поради градинка, само поради здравствени причини тие што не смеат, да биде изоставена.
    За другите две ќе видиме како ќе биде. Фала богу здравствени причини нема кај нив, анализите кои ги сакам како превентива пред да ја примат нема ни да ми ги дадат по желба]:)...
    Здравје, оток потом.

    Се мислам што да правиме остатокот од денов. Денеска немавме некој експеримент или проект, неколку игри поминаа на дневен ред. Без боење/шлакање не ни има многу чистење позади нив, па полесно е.
    Некаде до игралиште да се истрчаат, да спијат убаво. Маж викаше да испаднале вечер, за годишнината...
    Ништо посебно не кажав. Сонце грее...убав ден. Ќе го искористиме:sun:
     
    На ludoto19, TarantulaA, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  17. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Здраво мајки!
    Монела фала што ме помисли.
    Ние добри еве во МК 4 та недела.
    Без мм не беше убаво ама сега и тој е тука веќе 1 недела па подруго е.

    Синко мој денес полни 2 години :inlove: како и сите така и јас се прашувам каде летна ова време :( како вчера да се роди. Убаво се чуствувам денес, лицето ми е насмеано. Сношти со мм се подсеќавме како беше на пораѓај :inlove: па си се смеевме и по полноќ го изгушкавме синко :l:
    Ах убави спомени кој што одвај чекам да се повторат.
    Утре ќе му го славиме роденденот во ресторант, од поканетите само половината ќе дојдат ама ако ќе си знам и јас за друг пат.
    Вчера имавме и фотосесија, денес си ги зедов сликите.
    И утре после роденденот заминуваме на аеродром ќе одиме Турција на одмор една недела. Одвај чекам море да видам.

    Мајки утре ќе ве почестам со торта :*

    Среќни родендени и на дечките од @eli25 и @Igle :inlove:
     
    На ludoto19, kukla21, Monella и 34 други им се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Најјјсреќен роденден на детулчето,наскоро да си добие една дада:inlove:
    Се сеќавам на последната слика пред да се роди во болница и почувствував дел од вашата возбуда.
    Убаво да си поминете утре:hug:
     
    На Happyinlove, Sexybaby86, elcezelce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.981
    Допаѓања:
    112.691
    Пол:
    Женски
    Ноќ мајки :yawn:

    Одморот уште е во тек :o:
    И тоа баш одмор, оддамна волку не сме се одмориле, уживале, сакале :$ батериите ни се фулллл, па и местово ни е полн погодок за сето тоа :inlove:

    А бебе, ах бебе :D
    Ваљда он се изнатрча :rofl:

    Рибите ги шкртнавме од занимација, нели цел е на татко, епа брзо густира ствари и му здосадија |(
    Ама ова се дури прееска не виде огромна риба, крап!

    Денес ни беше ден за гледање авиони :D
    Нели бебе од се што брчи е фасциниран (кој знае на кого :P) епа за да му е интересно решивме ,, цел, , ден да гледаме авиони. Видовме на нет кога има густи слетувања и полетувања, се совпаднаа со наш распоред и тргнавме во поход :rock:
    Леле па тоа викање, кикотење, воодушевување.. ептен сме ќефни кога го правиме среќен :inlove:

    И на сред чекање авион дојдоа двајца типци, едниот со едно тело вајано, тетоважи и ждранг се соблака по купача гача и облака одело за нуркање и оп вади и харпун :smirk:
    Епа ќе фаќа крапчиња!
    Леле бебе кога ги здогледа рибите, кога почна да вика иииииииии па да врти едни фаци на воодушевување, ма какви авиони, он до рибите се закачи :smirk:
    И така од две фатени риби мораа едната да ни ја дадат :tmi:
    Не дека ни падна лошо де :tmi:

    Едвај си дојдовме дома, ја пикнавме во куферот од моторот, а бебе рика по неа сака да си игра, по цел пат тегнење, влечење :sweat:
    Леле па кога му ја дадовме, кога фати да ја гали и гушка, па и ја баци, а на крај и збрца прстот у око :tmi:
    Едвај го одделивме од неа, здравје нареден пат ќе ја види у тањир :inlove:

    Бебе си најде и другарче, кое патем никако да свати дека е машко и 100пати ме препраша каде и се куклите и зошто има само колички :D

    Вчера бебе у чаршија ги запази оние што се фрлаат со ластиче и што светат. Ама објаснив ауууф, ама охриѓани знаат на што мислам, а и сите кои биле Охрид, бацките ги продаваат :$

    Ајде купивме едно, но бара да го пушташ, јас не знам и мм беше жртва :lol:
    Леле што радости и за него, па одма трча да го земе и да го подаде пак :inlove: и се така дури мм не го закачи на дрво :| па моравме да купиме уште едно :smirk:
    Па што убаво се измори, за две минути кома беше |-)
    Е сега тоа кошташе 200денари ама тоа е..

    Се осеќам поправено :doh:
    Ама па само се јаде нешто, сабајле влегов во пекара по кифли и искочив плус со палачинки (highfive)
    Ама ај дома ќе се вратам пак на стар режим и ќе се истенчам (hollest)
    А додека мм е сериозно загрижен колку е поправен, вика ќе држел некоја си диета за да ослабел 15кг :o
    Аууу може му фали некое килце минус, ама -15 никако, не ќе имам мажле покрај мене :shake:
    Му реков јас ќе му скројам диета и до Нова ќе биде маникен ич да не се устручава 8)

    И така, утре нов ден, сигурно нешто интересно ќе е во тек :o:
    Убава и мирна ноќ :hug:

    @orhideea најсреќен да е баткото, секогаш да ве радува :party:
     
    На ludoto19, Monella, Chanell* и 28 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Ме нема ме нема па ќе се појавам.
    Од шо ме имаше СНемено па и незнам шо попрво да пишам.
    Добри сме пу пу.
    Изби некое црвенило, пиеме Лорататин и сирупче против вируси.
    Со шетање кршиме правила, со исхрана се држиме некако.

    Ич не спијам и тоа што спијам на рати.
    Ве чутнувам по еден пост чат пат, да видам како сте, а ме дека немам време до толку. Некамо изгубив воља за се.
    Од свој памет.
     
    На mariz, Monella, emkaemka и 17 други им се допаѓа ова.