Мајка значи ...научив.... Кога јадеше ама всушност брзаш и не осеќаш ни вкус ни залак од храната . Кога се бањаш,ама всушност само се одмиваш од потта ,бањање и луксузот кој не си го дозволуваш. Да пиеш кафе кое всушност завршува по првата голтка испиена или најверојатно втората. Кога сакаш да излезеш па спремаш количка , кенгур шишенца со чаеви течности итн се да имаш во случај да не почне да плаче па да мислат по улици ,ОВАА не знае да смири дете, а петем патувањето знае да заврши до самиот крај на твојата улица и цурик назад. Да трчаш додека задремало да заметиш или ручек или чинии или машина или алишта или..или... Да си дојде мажот па цела лутина туп на него, а тој е само маж кој нема поим што сето тоа значи и само ќе каже само смирено треба , а кај е таа смиреност во 15 -16 саати во едно деноноќие нека дојде некој нека каже. Да плаче дете ,да си кенка,а знаеш јадено е преслечено играно, ама ете сака да си плаче. Да ти трие свекрва сол на глава ,чунки она е попаметна. Да ти недостигаат другарки ,мајка ...социјален живот. Да правиш списоци на работи кои ти се потребни да ги купиш оти пустото незнаеш кога ќе ги купиш кога ќе ипадне таа посебна прилика. Да се плашиш да второ иако знаеш децата иако се проблематични сепак се ангелчиња кои ни ја топлат душичката. ......
Добро утро Ние си легнавме со плачки околу 4 и станаме свежи во 6 саатот.Сега пак заспа.Си има пролем со забчињата и со носето.Не верував дека повеќе проблеми со носето ќе имаме во лето,отколку во зима. Или сум забравила на маките кои сум ѓи имала тогаш Неможе да цица снемува воздух,се гуши и се трга исплашено од градата.Солени капки не му помагаат.Порачав ихалатор и до крајот на неделата треба да стаса.Страв ми е да не се одбие од цицање. Напорно ми е со бебе оти сум сама по цел ден.Оти пропратно те чека и домашната работа..ММ и вчера беше на работа.Кога го родив бебето имав тежок пораѓај и пак одма реков- сакам второ.Сега како одминува времето викам ќе си почекам.Потешко било за чување...нека потпркне ова,па здравје натаму. Им се восхитувам на мајките кои имаат близнаци или оние кои имаат три дечиња.Јас со едно на крај тешко излегувам.
Dobro utro mami Moite uste spijat.Denes malata ke ja ostavam na mm a jas so golemata i edna prijatelka ke izlezeme na kafe @ines.h mn iskreno napisano Jas bi dodala i deka dodeka niv 2 gi sredam za izleguvanje za mene vreme ne ostanuva.Izleguvam vo kakva sum takva stil Ke se zalepat na vrata i dosagjaat za nadvor SEksot isto ne e ist dur se mali Taman si pocnal toa se razbudilo Dur go smiris ti nego maz ti zaspal vekje
@joy1 Jas i mm si ja naucivme lekcijata- cekame prvo da zaspie ubavo i cvrsto i zabavata moze da pocne....
Sto e muabetov so POKEMON? otvori fb sekade pokemon, pokemon. Epten sum aut od se, pa aj tuka da si prasam.
Му зборам на бебево во стомак колку е среќно што се фатило кога син ми беше многу мал. Пошто сега тешко ќе останев трудна, што заради син ми, што заради уморот и кај мене и кај мм, ама сексот е малце подзаборавен. Не се жалам го има колку се може, ама ни приближно колку би сакале Денес сум на одмор не усисавам, ме боли кичма после и мм ми забрани правосмукалка (само што ни тој не ја сака па незнам во каква кочина ќе живееме), ручек рече да не правам, тој нешто ќе зготвел, малиот заспа сега, еве ме и јас лежам покрај него, ништо чудно да дремнам малце
Од секс абер да се немало. Моево како радар да има. А почнеме за 2 мин плаче. А реално и изморена сум... Покемон е игра на мобилен со радар. Те лоцира кај си и во твоја близина ти пушта покемон и ти треба брзо да отидеш на тоа место и добиваш поени. Не се чуди ако ти влета некој дома и ти рече иам покемон кај тебе да го соберам.
Ех,конечно да се изладиме деновиве... Изгледа ја сум една од ретките мајки,на која детето ноќе и спие мирно,без будење до утрома ништо не му смета. Ние за 20тина дена имаме роденден,па сега секој ден смислуваме што ќе има на тортата.Еден ден,сака кола,еден ден багер,па камион. Си викам ќе се одлучи до денот.Не сме со некој голем напредок во одвикнувањето од памперс,па мама има дупло повеќе работа деновиве,менување гаќички,перење,чистење мочки Мене пак пмс ме тресе,апетит имам,мислам дека за овие неколку дена ќе ги вратам кг што успеав да ги симнам со диетата. Па со овие.....мх мх мх. Повелете мајки,да се заблажеме...
Поздрав мами. Ние тераме одмор, се е супер. Бебе не сака од вода да излезе. На плажа ровари нон стоп. На секоја минута оди накај вода, го враќам на лежалка и во секунда пак трга и така едно сто пати. Сега е ручан и спие, за од 18 ч пак на нова тура на плажа да одиме. Имавме мала незгода со колата. Мислам не е страшно , но сега мајстор треба да се бара а незнаеш каде има ок. Плус цел ден треба со тоа да се бафтаме, башка сега не можеме да мрднеме дур не се направи. Ама тоа е, ние да сме живи и здрави. За секс кекс многу сакам и бебе спие цела ноќ, ама и ние сме некако комирани. Он штом заспуе накај десет и пол, единасет привршаваме све набрзинка и гледаме перница да фатиме. Многу напорен периодов, годинава де .
Што беше секс? Се мачка на леб? По бременоста имав инфекција и месец дена ја лечев, пред тоа тргна да искача џимиринката ништо, и можам да кажам дека невина сум пак гарант. Мм од инат и не спомнува. Синоќа го зема да поспијам, убаво поспав богами и еве ме свежа ко кисела краставица. Џабе спиев сама, џабе 8 саата сон, за никаџе сум. Ме боли се, имам мака со зглобовите, раната ме ремети на променливово време а синко не сака ни да дремне. А таман помислив фати убав ред. Спие врз мене, да пробам да го наместам оти нит ручек имам нит ми е средено по дома. Полудеќу!
И јас се осеќам исто.... а и никој не те разбира. Само мене ми порасна косата од нервози ...немам време на фризер да си појдам, а со детево да одам не седи...до половина ми дојде. Од нервоза слабеам...само гледам на стомакот и половината не делува некако .
Добар ден, еве ме и мене, во моментов во Кичево! Синоќа теравме свадба, денес малку да се видиме со домаќините, бебето да поспие и се враќаме дома. Како што ја мислев беба, супер поминавме...издржа до 2 на свадба, двапати преспа во гужвата, нит музика и сметаше нит галама! Шемаџика друштвена ми е ќерето, обожава да е во центар пажња! Инаку имавме и соба земено во хотелот ама несакаше таму да седиме, само цицаше и назад на оро после свадбата убаво се наспавме и сега гости тераме! Јас од играњето и од јаката климатизација изгледа целата сум расштрафена, сѐ живо ме боли, глава ми пука, грб вкочанет а нозете ме вртат...како воз да ме прегазил! Инаку тука стварно див запад - ме угушија со цигарите во салата, сите си палеа цела вечер, јес да имаше јака вентилација ама пак страшно мирисаше лошо...сум се одвикнала од времето кога секаде се пушеше и сега ми сметаше!
Добар ден мајки, да не ме заборавивте? Извинете вака што се самоцитирам, ама сакав да се надоврзам на овој пост и да ви кажам како си поминав... Со оглед на тоа што немав време ни да отворам фемина, а камо ли па да прочитам или напишам нешто, мислам ќе сфатите како поминав. Ако дома малку спиев околу 3-4 саати вкупно, кај моите спиев 1-2 во текот на цело деноноќие. Знаев дека ќе биде напорно, ама не знаев дека до толку... Доволно е да споменам само еден пример од многуте каде моите најблиски роднини „многу ми помагаа“. Една вечер бевме излезени во ресторанче. Иако напоменав дека син ми не сака да седи по кафичи, ресторани и такви статични места и дека ништо нема да видам од седењето, ме убедија со зборовите: „Не се секирај ние сме тука, ќе се менуваме“. Дури и одбраа место каде нема премногу гужва за да има каде да се трча по детето. Точно, доволно луѓе бевме излезени, мајка ми, двете мои тетки и едната братучетка. Си порачавме мезе, сокче и си уживавме. Тие сите на трпезата, а јас по улиците и скалите горе-долу. Шуќур, братучетка ми стана два пати по 5 минути максимум, ама досадно беше да трча да игра со 2 години дете. Другите не се помрднаа од столчето. Ме викаа да седнам со нив, ама јас реков дека мојот социјален живот е ваков (со надеж да ги потсетам на тоа што рекоа дека ќе помагаат и ќе ме менуваат). Добив одговор: А ти што мислеше, како е со деца? Ај ќе пораснат после раат ќе тераш...сите ние сме поминале низ истото“ Да напоменам само дека сите денови поминати таму буквално сама се грижев за двете деца. Мајка ми само еднаш и смени памперс на малата и тоа на мое барање, дека се брзавме, а не можев сама да постигнам. Одвај чекав да дојдам дома да се истуширам, оти таму се потпарив веќе. Ни ред дојде за мене, ни вода остануваше. Има уште мноооогу за жалење, ама што фајде? Еве сега си дојдов дома во мојот рај, оти сите луѓе што ги сретнав ми се кажуваа како било тешко да се гледаат деца...оти, вистина, јас не знаев како е, немало досега кој да ми каже Нив мајките и свекрвите барем им кажувале. Извинете што немам време да ве исчитам сите. Отсега ќе бидам поредовна, немам „помош“ ама имам послободно време кое сама си го организирам.