Решив почесто да ме има ај добра вечер Го заспивам мали и цела вечност ми се виде Могли не е во план да спие Рано станати и цел ден не запираат,среќа јас и денес работев па мм се мислеше Утре слободна па ќе излезиме може до взоолошка,таму и ручек ваљда ќе истераме Деновиве никако не ми се готви,едвај нешто за деца само Морам и да зачистам малку цел ден не сме свртени дома Прво на пазарање ,после тоа излеговме да возат велосипеди еден час,уште еден на лулашки и дома Дури ги искапив 20:30 ме фати Уште малку и мм ќе излезе со еден другар па на мира ќе сработам нешто И така мајки... @orhideea Голем да расте окоња лелеее,како вчера да беше ко се допишувавме дури се пораѓаше Ај заспа Мишко одо ја Довиџења
Кога гледам долги постови си мислам аман бе до мене ли е што од бебе не можам да напишам ни две реченици. Да е жива и здрава ама сака да е во раце или да ја занимаваш, да и збориш, да и тропкаш, да и пееш. Ако ја земал некој тоа значи дека јас јадам, се бањам, во вц сум или пак чистам. И после мм кога ќе му речам ај уште малку поиграј ја да одморам малку, епа до сега ја држев додека ти... (читај ги правев работите погоре наведени). Преку ден спие по 15 минути, 3-4 дремки, барем ноќта врзувам сон зошто се буди само 2-3 пати, ама се осеќам отсечена од светот. Некој да ме праша што има ново во државава не знам да му кажам, од што успевам да читнам по нет и поарно е да не знам. Упорно маж бара јас да најдам смештај за на одмор во Грчка а се што ќе му пратам не му се допаѓа. Таман ќе ми рече ајде ќе гледаме заесно на лап топ ете ја госпоѓицата ме бара и додека ја ѕенѕам низ соба и ја занимавамсо едно око гледам во лап топ и само мхм, ок, не, да. Како што тргнала работава ќе си одмараме во дворче. Само јас ли се нервирам што маж не ме сфаќа кога кажувам дека ја сакам беба најмногу на светот ама напорно е, врзан си и мора ептен да се организираш за едно пазарање, за едно кафе со другарки, па дури и за преглед на лекар за себе?
Добро вечер. Еве ние конечно дојдовме да си го прибереме детето, нареднава недела ќе дуваме свеќи и во недел фаќаме патот по нозе и на морето на бањање. Дете вчера кога му кажале дека доаѓаме збеснало. Од радост трчал надвор, внатре пискал и шетал со играчките. Па дедо му морал да го изнесе. Ние стигнавме, а дете нема. Кога стигнаа и кога не виде на балкон кога писна мама, абе човек да се стопи. Па кога се качија, кога ме гушна Вечерта кога легнавме на три пати таман ќе задремеше се будеше и се вртеше да види дали сум тука викајќи мама. Кога ќе сфатеше дека сум тука си продолжуваше. И тоа траеше некаде до 22:15. И сабајле буден од 06:30. Прво се правев дека спијам со надеж да прилегне. Ама не он реши дека е време за играње, па така моравме да станеме. Ама бар на време завршивме со сите обврски и во 10:00 веќе бевме на плажа. Дете фала богу знае да се заигра со камчињата, иако одвреме навреме ќе не прошеташе до езеро да наполниме вода во кофите. Жива среќа (ова само заради ушињата што мора да ги пазиме) што не сака многу во вода. Трегнаа со мм да се бањаат, ама неговото бањање само до половина. Се над струк беше пропратено со пискање. Ќе видиме дали и на одморот ќе е така. Попладнето лулашки шема, и долга прошетка по кеј, па мафтање на вовчето (ова се повторуваше неколку пати, додека не заврши со вечера) и на крај се прибравме и мислам за 10 минути беше комс. Може и побрзо ќе заспиеше, ама пак неколку пати проверуваше дали сум до него. Инаку детево ми е пораснато за 5 дена што го немавме видено. Дури не ми се верува колку брзо расте. И кај ми е зборлесто, сега мислам упте толку повеќе збори и разбира. Само ја чекам фазата "1000 зошто 1000 затоа" има да биде забавно претчувствувам. Друго и немам што да кажам. На работа двајца без тројца па се нема време до тоалет да се оди, а камо ли нешто друго. После работа да се подзаврши по нешто што не можеме додека е детето дома. Додуша во вторникот си дадов ден како пред да останам трудна. Дојдов од работа, ручав и седнав со лаптопот да гледам серија и не мрднав до легнување. Вакви денови си приуштував пред детето, особено ако веше ладно или пекол како неделава. Среќен роденден со задоцнување на @emkaemka и баткото на @orhideea И како по обичај имам уште многу да пишувам, ама доста е за вечерва. се одјавувам и одам да гушнам дете. Имајте убава ноќ
Какво е тоа сирупче против вируси ?! Јас, арна, уште бројам до одмор но ептен ситно. Денес свекрвица ми беше на ручек. Се врати жената од одмор па као да го види бепчо. Почна да го гњави по раце а тој умен на мајка почна да ржи . И велам остави го долу на под, жешко му е. Ставање бепчо на под и мирееен тој , и нивен коментар ,,си го одучила бебето да биде во раце,, Епа морав имам уште едно дете што си има свои потреби. Туку оној ден бев кај мајка ми на кафе а таа као што си ја дал Господ што на ум тоа на друм, и ми вели ,, ќерко дали се приметуваш дека си повеќе привржана за бебето отколку за ова поголемото,, ?! Ме стави во мисла, искрено, но ја откачив онака успат ,, абре жено уште ми вријат хормони, ова цицалче со насмевка ме топи а и не е шала бебчо ме подмлади а кај и да е овој ќе почне да брка девојки па ваљда конечно ќе ја пресечам папочната врца,,. Ја насмеав но таа мене ме стави во мисла. Кога спие бебчо гледам да сум со поголемото или заедно да го играме бебчо, навечер заедно да гледаме филмови, да шетаме преку ден...но неколку ноќи бара и спие со мене на спална . Претпоставувам дека почнува да му се разјаснува дека мама се дели на 2 дела т.е е мама на него и на бебчо, а јас упорно откако е роден бебчо, нагласувам дека љубовта не се дели туку само се зголемува. Вчера ме изнервира поштарот. Ми даде писмо од УЈП. Помислив дека е некој данок но отворам писмото - присилна наплата на казна од 2016 год во износ од 2700 ден. од МВР. Уби ме бре, ама јас стварно незнам кога сум казнета и за што сум казнета од кој ракав ја извадија сумата . Во мојот шоферски живот само еднаш сум казнета за брзо возење, но културно си пишав казнени поени, но ова најверојатно што сум плукнала на коловоз или на некој несум се исцерила како ,,птичица,, . Мм вели остај таму нека си ги наплатат парите не се замарај (ова е негов стил, смирено и мува не го лази) ама јас планирам понеделнички со бебчо да се прошетам до кај нив затоа што живо ме интересира за што сум казнета . Бебчо ќе даде насмевка на тетките а јас ќе разберам - слушнам можеби каде сум погрешила . Бебчо почна да испушта крик кога се смее срчуш е голем. Наредна недела прави 4 мес и ќе го мериме газето да видиме колку пораснало. Ми се најавија некои роднини да дојдат да го видат бебчо. Уште не ми е јасна таа македонска глупавштина. Зошто си ги комплицираме животите ?!? Мајки, бидете умни и цункајте бебушките Сум гледала по аптеки ама цени незнам. Има во Еурофарм, Зегин...овие поголемиве
Ај добар ден! Се криете ли од горештините или пласкате газиња некаде на море или езерце? Не сум во тек кој каде е, на кој што му се случило, кој слави роденден, крштвка... не сум во тек оти ептееен слабо идам на темата оти досадна се осеќав со едни те исти муабети! Испратив екипата до маркет по лебче, очекувам да се врата со киндер јајца, играчки, сокови кои ги пијат и не ги пијат, некој грицки и такачка... Секојпат кога одат со тато на пазарење купуват се што ни треба и не ни треба! така си го плакам 20 минутниот мир дома без нив! Кај нас ништо интересно, ништо ново... На работа, навечер на прошетки, тук-там некој роденден и по некое викенд шеткање до Грција и неделно ручкање во Дојран! Тоа ни се дешавките од ова лето, тапа кај нас, поради здравствени причини! Догодина повеќе, се надевам! Добро е што работиве одат на подобро, во смисол со здравјето на ММ, па некако сум поопуштена и поспокојна, и се молам за брзо да сме како претходно и да заборавиме на лошите сцени кои очите со солзи ми ги полнат. И крај, нема да кукам сега, нема да пишам за тоа! Деците арни, стнадардно кај нас исто секојдневие - дадата до 16 дома со другарчиња, боење, по некоја игра и дремење на телефон... после 16 надвор трчкање, возење велосипед, криенка... Беба секој ден се нешто ново, се поитра, се полошка, нови зброчиња, нови откритија за неа... Љубовче досадничко мое! Цел ден -мами, мами, мами... не признава никој друг, само мами! Значи готвам со дете закачено за нога, пеглам во иста сотојба, пружам алишта додека слушам цимолење-мамиии, мамиии... Многу ја сакам и многу ме сака, ама крајно е досадничка! Уф, ќе мине и ова тукукој да го издржи сега! Само мене ли ме фаќа носталгија дека минува летото?!?! Нејќам да заврши, барем 5 месеци да биде , поубаво е во лето, пораздвижено, повесело... и помалку настинки има(морав ова, оти штом залади знам што не чека) Од друга страна шак ова беше најлошото лето за нас, може и поарно нек заврши па да го заборавиме (невозможно) Денес дека недела, мој ден , имам за чистење, за перење, за готвење, на крај од денот и еден роденден треба да опрајме! Арно, нема да ни биде доадно, испунен ден! Ве поздравувам... еве кафица од мене Ви имам ли кажено дека би пиела кафица со сите вас вистински, и би морале да ме слушате сега колку ми е тешко, и колку ми е убаво, и колку ми ручкат убаво деците, и колку ме нервират деците... Ама нема, затоа ќе полниме страници овде на темата и ќе ги везиме нашите мајчински муабети свесни дека и некоја друга таму мамица исто минува како и нас! Поздрав... убав ви ден на сите! Гушкајте мажите и деците!
Добар ден мајки. Во план за 2ро кафе, бујрум кој е за Само што завршив со чистење дома, редовно се чисте и пак е како од џунгла.. Секаде играчки, алишта, чаши. А беба не е ни преоден, како ќе биде па кога ќе почне да "реновира" она по дома.Моментално спиат со тате, па мама малку да здивне, ако не станат Во тек се подготовките за крштевка, за 2 дена. Се е спремно и спремивме прекрасен поклон за кумовите, многу сум задоволна од идеата моја За 14 дена одиме на одмор Имам некој страв, но и едвај чекам да а ишлапкам ќере во водата Свеки сто пати се накани да си изваде пасош ама не доби одговор од мене, па проба кај син и, здравје и вика кога ќе имаме повеќе пари. Па да тогаш и јас мама ќе си а земам Не сваќа дека мене од неа ми треба најмногу одмор ама ај нека а... Тоа е мајки ај да тркнам да ставам кафе додека не станале. *го сматив на брзина, нема да има време за варено.
Добар ден мајки. На маса кафе бр,3...... Се јавувам од пекокот исто како во сауна да сум.Тем. во собата ни е 30,седам и пот ми тече,дете па се инаетеше не сакаше да заспие се отепав од нишање и пеење. Туш не помага,клима немаме ама тука е вентилаторот да освежи некоја мин Па и тој не можеме да го пуштиме страв за дете,го фаќа секаде,го исклучува.,Страв ми е да не направи некоја беља. Да го испијам кафево со свеки,па ќе се подружам со пеглата.Ќе го пуштам вентилаторот белким ќе ме спаси малку да не се онесвестам. Вечњр сме на роденден,но вчера не излегов да купам подарок,ни беше многу чешко ,па ги дадам едно чоколадо и парички. Имајте убав неделен ден со вашите сакани.
Тераме викенд легачки,..додуше само кас продремав,на детево мешто му се изремети спиењето.Ми заспа кај 11...ама одкога ќе стане,мезнае да седне на тоа газето и цртани фа гледа,Дури гледа,цупка и стои Многу живец детуле Денес маж вртеше скара и мекој компир,а ние за тоа време уживавме во водени лудории во дворче со малото.Базен,кофи,шишиња и вода ,а дете пресреќно. Баш уживам во вакви заеднички денови,ако е топло...па зар не е лето?!
Јас сум дежурна ноќва? Добро вечер! Бебе не нана до мене и јас не можам да заспијам Решив дека е крајно време да ја “учам” во креветче, ама знам дека на првото кенкање ќе скокнам од креветов и ќе си ја земам до мене. Па ваљда чекам да се разбуди за да си легнам, друго објаснување немам Одморот наш се одложи. Не заминавме на планираната дата, ќе одиме крај на овој месец. Конечна дестинација Вурвуру. До тогаш колата ќе биде спремна, па ќе се возикаме и ќе бараме убави плажи. Да,колата сеуште е на мајстор. Два месеци! Сеуште чекаме да го среди моторот. Неозбилни луѓе. Стопати му реков што ако ми ги лапнеа парите од Букинг за одмор? Ќе ги прежалев 20+ иљади за неговата немарливост? Или он ќе ми го платеше ? Утристалепематерине. Па уште се понуди неговата да сме ја зеле.. Пфф,иди бе! Друго, дворот полека го расчистивме и оваа недела ќе почнеме да го средуваме полека полека. Огромно дворно место имаме, а не средено воопшто, некоја стара гаража, стари делови од камиони, куќарки за кучиња.. свашта имаШЕ, ама сега ги нема Ќе посадам трева, ќе купиме тенда и убави маса и столчиња, бебе ќе има свој простор за шаторче, базен, и слични дрангулии, многу цвеќиња и интересни изработки кои си ги најдов на јутјуб. Многу му се радувам на дворов, не знаете колку! Нема да излегувам после од дома од што ќе неможам да му се нарадувам Ни комшии да ме гледаат ниту па од улица да зјапаат дали сум на пижами или не. Ќе ве частам со слики од утринкото кафе тогаш-секојдневно Иииии најбитното-бебе се пушти да оди, да ви се пофалам и тука Утре ќе месам постапалки.. ако станам де.. 2часот... Леле бе што праам на фемина јас? Ќе плачам сабајле во 7 кога ќе се издига госпожатa.. Ај одам, почна да се врти, кај и да е ќе ја пушти сирената
Dobro utro majki, odamna ne sum pisala ama ve citkam cat pat. Naminav da ve pocastam moeto bebe ne e veke bebe more golemo magarce e
Здраво друштво, се помалку ме има, но се повеќе обврски имам, па и со здравствената состојба само сакам да си лежам да си одмарам, да си спијам и дома како да запоставив. Не сум тоа јас, но и здравјето не е шала. Едвај чекам да почнам да се спремам за на одмор, нема да е лошо да побрзам да си купам купаќи дека дури се решам јас да одам и од рафтовите ќе ги тргнат хахах, битно на малата и купив уште еден пар но овој пат само долен дел, имаме дводелни, исцело па за да носи суви сакав да и купам уште еден пар и ја стокмив, само уште она да сака да се банја или барем да си игра во песокот. ИИИИИ да ќе треба да се истренериам да сум посмирена, посталожена и далеку потрпелива, таа е само дете, мое дете мое се. се трудам не дека не но кога не ти е добро а дете си тера по свое и никако не сака да послуша тоа е тоа, ај доста се правдам, јас сум крива и точка. На моменти сум посмирена на моменти не се трпам, посебно во пмс бегајте од мене., Дома полна куќа деца, си играме се смееме, се шлапаат деца во базен, се шетаме ама некогаш мора и да се подвикне за ред да има хахах. Малата се гледа од братучедите, што тие и она тоа, не е во можност во се да ги копира па мн често има и ризични ситуации па мора цело време да си до неа, па ајде збори збори како она е малечка и не може се како нив, па како тие се поголеми и понекогаш треба да размислат дека пред неа се не се прави и кажува, но деца се, нека се здрави и живи ние за тоа сме, да учиме, да гледаме и коси да ни белеат. Се прашувам како ли им е на луѓето со три и повеќе деца, секоја ви чест капа ви симнувам!!! Мојата мала госпоѓа дрндест газ, само глупости прави, секаде се качува од секаде сака да скокне, се да пофати, се да види, детска љубопитност која на моменти е 100% ризик по живот, но ќе помине и тоа, мн зборува, ептен поврзува работи и меморија што да ви кажам. Се ближи и роденденот на малата, полека ќе почнам со подготовките, тортата ќе биде со патролни шепи, госпожата си одбра со што да е, нема да се замарам толку околу декорирање на слатката маса оваа година, се тоа е за мајки, децата се по трчањето и играњето, а за мајки не планирам да се притресувам. Ќе чекаме во игротека, оваа година тие нека сервираат и нарачуваат со се од кај нив, не планирам да се замарам, јас само ќе отидам и ќе си бидам гостинка. Ова откако видов дека баш се неможам да постигнам, не сум октопод, дека со ова темпо само си го влошив здравјето др не постигнав, од сега др песна. Ме интересира оние што се како шаторчиња, како куќички од мушама со детски принтови дали се искористени дали вашите деца си играат во нив или слабо. Сакам на моите да им речам да и купат такво пошто секако ме прашаа што да биде подарокот. Мислам ме свативте за кои ви кажувам. Морам да се натерам да учам, морам и точка, постојано викам ќе почнам, и никако да почнам, а вака во областа во која работа, по струка од средно и искуство во областа ми фалат некои работи а најмногу дипломата па крајно време е!!! Поздрав, честитки на сите што нешто слават.
Ај здраво живо и денес! Зачестив, се враќам на старата навика да пишам секојдневно, се надевам ме читате а не лепате лајкови само! ИСпратив големата ќерка кај мајка на гости, беба заспав а јас со кафица се треснав пред лаптопот. Избутав една цела диња,бајаги големка , ненормална сум, ќе пукнам сега! Деновиве сум вредна, перам ќебиња, перници, нешто јас а нешто пуштив на хемиско! газам јамболии у када, ќебиња де, немам јамболии! И во перална нешто што собира! така да од сабајле пак тоа правев, едно да соберам, друго да исперам! Арно што дадата беше на добра волја па ја занимаваше на беба, иначе беба е страшно досадно мрмкалце кое се ежи ако ја види мама да работи нешто. Беба мисли дека мама треба само да ја гушка, да ја гмечи, да ја цунка само неа, друго не смее да работи ! Ах мори бебо моја (а не си ни бебе веќе ама ај), кој ќе ни работи низ дома, кој ќе спрема лапкање! Иначе беба нешто не ми спие как што треба! Се буди пречесто, па се гушкаме и презаспиваме... уствари ние уште се нишкаме во раце! И ова ич не ми сметаше до скоро кога знаев дека после нишкањето си спие убаво а и јас одмарам. Ама веќе без раце останав од нишкање и презаспивање... Шо и е? Не беше такво бебе она? ММ баш не го љуби во ноќните часови, чиниш странец е па го бутка и плаче во него врескајки - мамииии Додуша ММ не треба да се заморува ич, ама и нему не му држи душа да не се понуди да ми помогне! НО , нашето височество БЕБА одбира мама да ја мачи! И такачка! Да ве поздравам сега! Гушкајте деците и мажите и имајте убав ден! гајле нек ви е што е пекол жешко, чудо големо!
добро утро мајчиња. Денес станувам ама денес нема кафе мислам дека поминав една најдолга ноќ во мојов живот. Чекам да договорат пораѓај во болница ама имам грутка во грлото. Цели 6 и кусур години ни ден ни ноќ немам поминато без синко, она натажено лиценце вчера што го видов никогаш нема да го заборавам. уште ми се плаче.
Со лесно, чекаме убави вести. Ако ти е утеха, ноќите во болница со второто и третото дете ми беа најубавите и најтажните воедно. Ама за брзо поминува се.
Добар ден убави луѓе... Немам нешто паметно да пишувам, па само си молчам. Бебе, што веќе не е баш бебе, си расте и секој ден ми прави и нови радости и стресови. Господ да ги чува само. Мене многу мисли ме мачат, па паралелно со тоа и лоши соништа. Нарушен ми е комфорот и морам да превземам нешто за да си го вратам. Сакам нешто, ама не знам дали ќе можеме да го оствариме и се измачувам деноноќно. Да сме само здрави и живи ај.
Ова више не се трписакам лето ама што е многу е многу. Неможам да се туширам 3 пати на ден,не ми дава син ми а и збеснав дома. Како тинејџер чекам 8 саат да излезиме и излегувам и па се цедам хормони лудило. Кога сум кај хормони готово оќелавувам,многу многу ми паѓа косава ептен,на миење и така и така ама кога се чешлам прамени цели. Викаат нормално било ке се стабилизира,хормони,доење... не дека имам преубава коса далеку е од убава но насекаде влакна и во раце кај детево,он па се со раце во уста,на паркет влакна на тепих... а се нервирам што неможам убаво да си исчистам. Се само чекам некој да дојде да го почува јас да фатам да чистам,таман сум почнала ете го се расплакал,па за цицање... А не сум тип што сака друг да му чисти едноставно мислам дека најдобро сама си чистам,срамота 4 дена немам усисано,само со парочистач собирамсе нервирам. Кога ке заспие синко,што побрзо да направам дали машина да пуштам да пери,па да суши па да испразнам за садови,прашина... па станал. Следна дремка едно кафе да пијам,па со вас тука. Па да јадам и толку се дремките на број а нема шанси сами додека сме да уклучам правосмукалка... И после ке ми кажува мм дека ми завидува што сум дома Уште и него па да му се посветам со љубов. И кавги ке има,епа ке има кога неможам да постигнам се,или не ме бива за организација или сите гураме вака,турбо. А па син ми што си е еден плачко се кај мајка,како само он да има. Абе а сме сами и дома јагне е,а излезам до кај моите или по пат некој застане да го види одма тоа устите ги спрема за викање. Епааа уште малце нека потрае овој бран пеколен,па ке заборави и дека денски се шета дека не е се само дома да се седи. Ував ден до сите
Здравејте! Тук ли сме? Да имав нешто важно и интересно да ви пишам секако уште од сабајле ќе го завршев тоа, ама јас дури сега идам на темата за да ви го напишам обичното наше секојдневие! Исполнив мајчинскте обврски, од сабајле -гушкав, галев, цункав, де едното моме де другото моме... која од која послатка и поубава... двете русокоси, едната со зелени окички, другата со сини... мамини принцези! Исполнив и домакинските обврски, бидна и доручок и ручек, па машини вклучив, па облека местев, правосмукалка, прашина... Сега големата е во комшии да си игра со една дадичка, малата нанка... јас кафица! Ајде и за вас...бујрум Да читам што сте пишале по другите тема, да бида и јас во тек со случувањата! Поздрав... убав ден