Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки како сте одамна ме нема ама да знаете дека ве читам
    како раснат дечките се потешко е да трчаат нон стоп мора со нив.
    Од каде да почнам незнам.Имам многу работи за кажување.Тука можам слободно да се искажам се што ми лежи на душа.
    Реновирањето со купатилото заврши.Уште некои работи.Ама кога ќе се има финансии тогаш.
    Па маж отиде на пат па за 10 дена се врати и пак отиде авионски.Веќе 1 месец е далеку.Но,сега има друг проблем.Му излегло нешто под рака го боли и мора пак назад.За 2 дена си е дома.Секако се радувам да си дојде.Здравјето е на прво место.
    Цел јули од 1ви прво малото ми фати сипаници дете изгоре од тт па дури 4 дена бевме во болница.Замислите 1 месец уште има брунчиња загорени корузи.Беше премногу исфрлен.А јас дома сама.Е тогаш баш мм замина на пат.Немаше ни спиење ни јадење и во уста плици.Страшно беше.
    Бев многу сигурна дека големиот нема да фати.Ама за 2 недели точно исфрли и тој.Е тоа кутрото по слабо ептен за 3 дена согореа ама и тој изгоре од тт .Ама издржав незнам како ама помина.
    Сега пак малото ми фати ларингит а и големиот кашла.
    Јас инаку сум на одмор.Но знаете што? Денес ми се јавија од друго место за работа.Уутре одам.Не да се радував рипав како мало дете многу сум среќна многу.
    Уште мм да си дојде да се среди тој проблемот негов.Колку ми недостига леле/
    Најтешките ноќи и денови ги поминав сама,без некој да ти помогне и каже ќе биде се во ред.
    Знаете ли што мислам.Да знаев дека ќе биде толку тешко одгледување на две деца,никогаш немаше да родам 2ро.Но тоа ми е срце душичка многу ме слуша.За разлика од батко му,кој е пре пре активно дете и инаетливо и бесно и прави тоа што нему му одговара,малово е толку мило доаѓа те бакнува и гушка без шричина.И веднаш се разбира.Што може а што не.И на батко му му кажува не сега не така не вака.
    Не е важно нека се живи и здрави само.
    Друго што,шетаме по парк низ град до некое блиско местенце.Дома ни е топло мн врие.Тешко се спие.Сега се дома не ги носам во градинка и спиењето се се поремети.
    Во базенто се бањаат во дворот рипаат скокаат
    и тоа е мајки
    Секојдневни обврски низ дома.
    Им го честитам роденденот и сите убави прослави на сите дечиња и мајки.
    Позз до сите...
     
    На Bupalu, ludoto19, Mari* и 24 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Машала сте се распишале, се вратиле старите добри времиња. Ај добронајдов!

    Одморот завршииии.... Со мали инциденти, малку нервози ама заврши. На работа одма, само 1 ден имав дома за седење, одма почнав. Ми се одмараше уште малце. Не искречивме, не исчистивме, не средивме, ама викенд има ќе средиме. Дете ми порасна жени мили, ми се издргна што викаат старите кај мене во село и во висина и во карактер, смени скроз. Какви муабети кажува, боже боже... На одмор беше супер, мирен, лесен за чување, бајче. Се бањаше ама не нешто многу, онака малку, ја еднаш ја ниеднаш денес. Останатите малце ни го размрдаа секојдневието, ама ако, паметна сум и ќе најдам начин да се справам со тоа. Имавме преубав одмор, преубав во секоја смисла на зборот, а сите пробуваа да не предомислат, не било убаво, шипки варени, поубав одмор сме немале досега.

    Дете во градинка од 28ми дури, односно 29ти, до тогаш баба ќе го чува, на одмор е. Не сум баш радосна, ама за дете не се бунам, многу е жешко да го носиме од градинка во најтоплото. Нека поседи домче, од септември не му бега, и голем ќе биде веќе, во голема група со деца големи. Прееска ми дојде на гости на работа со тато, си скрка сладоледче, охохохо, милина. Па на одење им мафташе на тетките, чао тета, пољупчиња, абе мераци. Се стопив.

    Јас од утре почнувам пак на диета, тежок живот диеталски, цел живот на диета. Малку правев пауза, 3 недели, ама почнувам. Од понеделник и на вежбање почнувам веќе. Имаме до април време да се слабее, мора да сум згодна за тој фустан што го сакам. Ах колку само го сакам, има да биде бомбона. Го имам замислено во една плава боја што ми одговара многу, косата ќе ја чувам до тогаш да ја израснам за убава Бохо фризура, тогаш тек и ќе ја шатирам, така ми препорача фризерот, до тогаш само кратење редовно на 2м. Си купив нови средства за косата за зајакнување оти фризерката изгледа сака да ме откачи па шлапа бланш едно врз друго и косава на метла веќе ми личи. Затоа и ја сменив, и неа и маникирката. Беспари не е за да го простиш па. Се нервирам овие ефтино што наплаќаат како гледаат само ради реда да те пројдат, абе да се чудиш.

    Доста беше како за прв пат после одмор. Ако најдам малку време ќе ставам некоја слика по темите, да не е без ич :D Убав ден! и Среќни родендени на сите деца и мајки кои ги пропуштив :inlove:
     
    На ludoto19, Mari*, emkaemka и 18 други им се допаѓа ова.
  3. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки!
    Ние со дете утрово дојдовме кај баба.Пресќен е дека вујче му оди по га*от,а со душа вујна ја чекаше да си дојди од работа за да си играле.
    Малку и јас да одморам физички,а најмногу психички од оние дома,поточно од свекор ми.
    Сите се жалат од свекрвата,јас обратно.
    Премногу се напнувам со него,што се меша во се.Неможам да премолчам ма неправдите.И по комшии почна да зборува за мене,лично го слушнав.Многу страв ми е за мм,да не му се случи нешто и тој се нервира.Пак почнува да ми се јавува некој немир во душава.

    Дете како дете си ги бара своите потреби,кој во последно време ми е на последно место.Што гледам куќата да ми е средена,исчистена и секогаш да има ручек.Ама ова чистењево не вреди како да не е исчистено со недели,а секој втор ден со правосмукалката во рака сум и купатило чистам исто.Но како свињарник се прави шест души дома.Кога ќе бидиме сами тројцата дома и почисто ни е и од ручекот има за два дена да поминиме.А вака јас се чувствувам како да сум слугинка дома и детето си го ставам на последно место.

    Пред една недела додека правев ручек во летното кујните,дете ми забега во дворов и по 10 сек тргнав по него кога го гледам се качил на 6то скалило од скалата.Срце ми застана,почнаа нозе и раце да ми се тресат додека не го симнав од таму.И реков оттогаш готвење дома,па нека мириса на јадење мириса...

    На мм како му се погоди дежурството на +40 на терен и тоа на сонце да работи.Ќе му заврши за брзо....
    Се радувам мм уште три дена дежурен,па потоа ќе биде послободен,ќе имаме време повеќе за нас тројцата.

    Се извинувам на негативниов пост,но во лош период сум.

    Одам да дувнам едно цигарче и ќе си го гушнам дете,се надевам ќе можам да заспијам

    Имајте слатки сништа!
     
    На ludoto19, Mari*, vitamina и 25 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Добро утро:sun:

    Малата уште спие јас уживам во тишина и викам да пишам нешто . Кај нас 20 степени.Ова лето само 2 недели беше жешко цело време е ладно.Јули најтопол месец ние на долги ракави(facepalm) Ќе ја спремам малата за градинка и ќе забележам или е премалку облечена или е преоблечена |(

    Толку планирав оваа лето да се бањавме по локалните бари оно ладно па не ми ни текнува.Базенот на малата празен остана надуван на тераса и чека. А што ќе дочека кога надвор веќе и денот почна да се намалува во 21 скоро е стемнето.Иде период на болести:worried:

    На одмор сум од понеделник и си уживам со малата . Во понеделник возевме точок во паркот кај нас 2 и пол саати .Толку е голем никако целиот да го изшетаме.Кога си дојдовме малата заспа одма. Вчера бевме на шопинг од сабајле ама не успешен.Оди па купи си купачи. Одбрав едни и влегов да пробувам кога малата отвара затвара гардероба :oА јас со голи гради трчам по неа(facepalm) :rofl:Зарежив шопинг решив кога мм ќе дојде да ја чува.
    Мм си дојде порано ради термин на заболекар му паднала пломбата.Се врати и одма отидовме заедно на шопинг . Мене многу ми се одеше во веце па отидов , а тој отиде со малата да порача од "свежо" приготвените сокови .Дојдов јас и седнавме на маса на високи столови .Кога и текна на малата да скокне.падна со брадичката дирекно на масата па кога писна да плака.Едвај ја смирив.Има сега модрица кутрата.:doh:Да е само таму.Толку ми се одмили од одеднаш да барам купачи што сакав одма да си одам дома.Ама мм успеа некако да ме смири и ме испрати да одам .Си најдов 2 пара купачи едните беа за 9.00евра горен долен дел плус 20% попуст, а другите беа 8 евра плус 20 % попуст.Си купив плус 2 блузи на куси за по 1 евро и плус комблизон со кратки панталони за 5 евра.Се на се 20 евра :$ А првите купачи си ги купив само 19, 99 (facepalm) Разлика пред и по сезона8-|

    После отидовме до Алди и купивме на малата тренерки и блузи .Цени не знам ама сигурно се ефтини.Есенска гарароба има извадено .Преубави блузи за 3-5евра имаше во C&A.Ама по одморот ќе одам кога ќе имам бебиситинг:dance:

    Дома се зафатив со перење на тепихстазите и ќебињата.Се спремам за свеќи и свекор.Два висечи исчистив вчера во кујна .Секој ден по два.Да средам малку .Секогаш средрвам пред гости ако доаѓаат почесто почисто ќе ми е:rofl:

    Ајде жени" ам ам "слушам веќе 5 минути за одам да варам резанци со млеко.Имајте убав ден:f:
     
    На ludoto19, Belabelinakinder, Ano и 24 други им се допаѓа ова.
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички ајде кој е за попладневна кафе пауза дур деца спијат :coffee::coffee::coffee:
    Ние се вративме во понеделникот од одмор ,истеравме убави 7 дена на плажа ,синко пресреќен уживаше многу убаво поминавме со него не беше проблематичен во однос на влегување излегување во вода со нас влегуваше цело време не се плашеше ,правевме замоци во песокот се изнаигравме :) Имавме проблем само со јадењето ,скоро ништо некеше да јаде па на крај се откажав и давав само тоа што ќе побараше сам .Еве го дома си се врати во ред пак си јаде се како и предходно.Топла препорака за сите за заштита од сонце за дечињата да си набавите од оние комплетчиња исцело со ув заштита 50 ,супер помина синко со него не се плашев дали ќе изгори дур си играше во плиткото со песокот . Дома баш сега најде да ни се расипе климата во најжешкото а мајстор тек во петок ќе дошол неможел порано :devil: Здравје боже планираме да искористиме уште малце од одморов и во петок сабајле да направиме еден продолжен викенд најверојатно на планина ќе биде ,се двоумиме уште помеѓу езеро и планина па ќе видиме :) Од понеделник пак во стара шема се враќаме на работа дома и во круг ,синко ќе се чува со баба ми до крај на август ,бидејки градинката не работи до 1 септември . Иначе на одмор дека дете голо или по купачи на плажа научи кога моча и кажува ,мама кијо (курето)моча ,и сега дома исто кажува кога ќе се помоча ама за жива глава несака да седне на нокшир да моча уопште уствари несака да седи ,сакам да го одвикнам од пелени веќе ама незнам како да го натерам да седне на нокшир :(
    Честитки до сите кои славеа родендени со мало закаснување :hug:
    Убав ден на сите:sun:
     
    На ludoto19, Belabelinakinder, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Аууу ама сум се извадила од такт!

    Веќе 2 месеци имаме кај нас на улица едно комбе паркирано, се јавувам кај колегиве, пријавував, па во полиција и денес ми скурчи пак пријавив. Леле жени мои прашување како да сум пријавила убиство, се потресов. Многу се изнаервирав. Зошто сум пријавила ако не сум на лице место. Уште крива ќе излезам на крај. Ама многу смета, не се проаѓа улица, некој ден беља ќе напраиме. Се потресов! Во принцип не сум мрчало комшика, не се жалам а иам од што, ама мака имам стварно овој пат. Три пати реагирав само без пријавување и не се среди проблемот, сабајле за малце ќе ме акнеше кола, епа не бива веќе.

    Туку дете научило сабајле да кажува на прашањето колку го сакаш тато Тоооолку и со рацете а мама тоцку и со прстињата покажува. Мајмун еден.

    Толку за денес, уште сум потресена, убав ден!
     
    На ludoto19, duffi, Belabelinakinder и 14 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Добар ден мајки.
    Честам :d::d::d::pizza::coffee::beer::beer::beer: кој по што е. На синко му излезе првото забче. Зајко мамин. Кенкав е до бескрај. Не ми дава чекор да мрднам од него. И се во раце да е,никако да полежи малку,како трње да има на подлогата или креветот :smirk: . Многу ме уморува, покрај тоа што не можам да си средам нешто по дома,не можам ни мене да се средам. Ни до вц не ми дава да одам,одма рика (lalala)
    Па се со него одам,а кога ќе влезе во вц мисли ќе го бањам,па за жива глава не дава да го изнесам,чека шљап шљап,ако не,пак викање.

    Друго ново, :( дадов отказ на работа. Не се враќам по завршување на породилното. Многу ми е тешко,ама мислам дека тоа е најисправната одлука. Времето ќе покаже,се надевам не погрешив. Само што ќе ми треба време да ја преболам. Не ми беше голема платата 13000,приватно работев,и газдите како газди си имаа свои моменти,ама генерално добро ми беше. Многу ми е тешко,ама кријам не покажувам.


    Решив да седам дома и да си го чувам синко оваа година,па од нареден септември здравје,ќе го запишам во градинка,па се надевам ќе си најдам работа. Кога би имала среќа да си најдам работа според факултетот,да не ми е џабе дипломата,веќе 6 год само прашина собира. За жал,таква ни е државата...каде секој има факултет,па истиот веќе не е мерило за квалитет.

    Знаете дека свекрва ми беше опседната со синко,замислуваше и дека му е мајка и дека таа има право да одлучува во врска со детето. Не можев да дозволам таква личност да е задолжена за грижа на моето дете. Слушнав оговарање, му збореше на мм зад мој грб,се прави многу добра,а уствари не е, мисли дека само таа е баба,па и само таа има право да го чува,а потоа да збори како многу се мачела околу правење ручек,чување деца, немала време за ништо. Немам доверба во неа,знам дека го сака и ќе го чува,покрај тоа што ќе стане најразмазеното детиште што постои, ама не можам да и го оставам. Страв ми е дека пак ќе си земе за право да изигрува трет родител на детево. Вака држам дистанца. Мајка ми сакаше упорно да ја тргне на страна,демек таа е главна баба и таа е задолжена за се,а мајка ми најидеално би било еднаш во месец да доаѓа да го види.:fubar: и пак нема да и чини,пак по народор ќе зборува како другата баба не ја било гајле за внук и.
    Птвин мислев да ги поделам обврските околу чувањето, да го чува мајка ми,па наредна недела свекрва ми,ама по долго размислување со мм дојдовме до заклучок дека вака е најдобро. Па од септември ќе тргне во градинка,па може ќе се смилува Господ да си најдам добра работа. Ја имам подршката од мм,знае дека мајка му не е во право, и дека е опседната,ама не може да ја смени,јас и имам кажано се што ми смета и сега сме во " онака " односи. Колку само себичност и злоба имало во луѓето. Ете,си се искажав барем. А гледам дека повеќето свекрви се опседнуваат со внуците,што им е побогу?! Некоја болест пренослива која го напаѓа мозокот. Имавме нормални,коректни односи,ама откако се роди синко,ми најде маана,многу сме биле поврзани со синко,не сум дозволувала да го "исчува" и моето дете како и останатите внуци. Па за мир во куќа,ова е најдоброто решение. Или така мислиме,па ќе видиме. Се повеќе сум убедена дека е најдобро да живееш далеку од сите,некаде даааалеку,немаш помош,ама па и немаш проблеми. Женава периодот кој требаше да ми е најсреќен ми го упропасти,ама има Господ,и се гледа.

    Мм останува на одмор од наредна недела,па можеби ќе тркнеме на планина на неколку дена,чисто мозок да одмориме. Знам дека физички одмор нема да имам,ама барем психички,далеку од сите.

    Друго што да кажам,се надевам дека синко е плачко поради запчињата,па кога убаво ќе излезат,ќе ме поштеди малку од неговото врискање и пискање. Не е еден ден, многу сум уморна,ама и тоа не дозволувам другите да забележат. Помош не сакам. А ако дозволам моите да ми помогнат,свекрвица е увреџена и повреџена цела недела. Па затоа бирам се сама,нормално помош само од мм,иако нели тоа не е помош,туку делење на обврските.

    Некако ептен се соживеав со форумов. Секоја поединечно ве чувствувам како другарка,со која сум седнала на кафе,и си го прераскажуваме секојдневието.
    Мило ми е што постои форумов,а и вие. Забегав накај патетика :tmi: Доста е. Гушки :hug: мајки,и имајте убав ден,не чека разладување,ама пак нагла промена на клима :drunk: :drunk: :drunk: .Никако да ни се погоди времево ^_^
     
    На ludoto19, SarChee, Belabelinakinder и 27 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Здраво мајки,

    Просто не ми се верува дека дома имам џуџе што се шета, фаќа чешел и се чешла, кажува мама, маче, џиџе и Наџе (кратка верзија од името нејзино). Дека станува човече, девојче, убавица што обожава сликовници, коњи и авокадо. Дека ќе биде утре можеби ветеринар, или музичар. Или што сака, тоа може да биде.
    Со татко и читаат Ѕвездено дете сега, си ја гледам сликата и сакам да си ја зачувам засекогаш во срцето вака како што е. Малечка, а голема ѕвезда на нашето небо.

    Пребрзо растат. Не е фер. Една година помина како миг. И знам дека сите солзи, болка, незнаење, чудење, неспиење... вредеа. И допрва ќе вредат за нејзината радост и здравје.
    Се разнежнив, денов беше многу емотивен, среќа на крај се' заврши добро за сите, олади надвор и ќе спиеме раат.
     
    На Bupalu, ludoto19, Chanell* и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Добра вечер мајки.

    Мажите спијат повеќе од еден час, јас дремам во темнина (само на телевизор) и дури сега забележав дека упорно гледам цртан :lol: не дека нешто го следев ама вака зјапам како теле во шарена врата :nod: до толку сум присутна со тоа мозокот.

    Периодот со обврски никако да заврши.
    Ова богами немало крај, се нешто си фали, и јас сум уморна ама мм сам си знае, спие како јагне ]:)

    Што да кажам за синко.
    Тој нема уморба, цел ден си тера по негово, сега секоја вечер излегуваме надвор да се истрча па покасно заспива и покасно станува.

    Утре неработен ден овде.
    Се мислам дали да одиме на базен или сепак да останеме дома и да го прифатиме предлогот на мм за скара.
    Викендот бевме на базен и супер си поминавме, дојдоа и комшиите со децата со кои игра синко па ептен му се погоди друштвото.
    Не знам од каде таа енергија, не излегуваа од водата ни на 10 мин. моравме да се менуваме родителите бидејќи ние побрзо се заморувавме, вечерта како и обично пак во парк 8-|

    Доволно е мајки.
    Одам во кујна. Не знам дали да си апнам блачко или да испушам една цигара :?:
    Како и да е нема да сум без ништо :D

    Мирна ноќ :hug:
     
    На Bupalu, ludoto19, Belabelinakinder и 21 други им се допаѓа ова.
  10. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    @hello-kitty.90 баш ми падна жал коа те читав..А зашо да не покажеш шред маж ти коа ти е тешко?! нека знае дека мајка му е кривецот.И баш да ти е гајле,коа ти треба помош ма од инат викај си ја мајка ти.Нема ти здравје да губиш ради свеки.На тоа дете му треба здрава и расположена мајка.А тоа што свекрвиве си умислуваат ко мајки да се-запознаена сум.И мојава нешто се уфилма.Ама ја одма тоа на дистанца ја ставив.Мислам дека од што стареат и имаат пптреба корисни да сеосекаат.Или па се себични.Не сме им ќерки,па гајле им е како сеосеќаме-они мерак да си истераат.
    Кај нас ништо ново.Одмор уште не дошол на ред а веќе школски прибор извадија по продавници.
    Дете зеза на момемти со јадење,ама се надевам фаза е .
     
    На Bupalu, Belabelinakinder, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Тргнав со желба да го сменам светот од сабајле, уште од тротоарот пред куќа, ама ме најадоа со се што не треба уште во 7ипол сабајле. Што мислат овие монтерите на Вип и слични на нив кога оставаат кола на тротоар кога 3м подоле имаат огромен паркин, 5м подоле поширок тротоар кај што може да се помине. Ме вадат од такт шофериве несовесни. Подоле продавачите на лубеници и зеленчук, распослани на пола тротоар а на другата половина столче на распклапање чиниш на Олимпик бич оптегнати. Уште подолу камионче на Стокомак блокира улица и не можам да поминам, чоекот натенане се тегне со малото вилушкарче натам наам, си пуши цигара, не му се брза, јебига, јас ќе морам ипак да се симнам од точак и да се обидам да поминам низ најтесниот пролаз и притоа да не се испрљам или искинам нешто на мене. На крај ми тргна еден со кола пред да свртам јас, среќа возам споро, иначе денес 3 пати ќе изгубев глава во 10мин. Не е толку страшно де, пмс е само и малку сум хиперсензитивна, иако ваквите случки во било кое време би ме извадиле од такт.

    Сеуште сум под импресии од одморот, убавите стивнаа, они што ме мачат уште се тука. На одморов сфатив една работа и ми се чини овој пат озбилно ја сфатив, ќе има некои рестриктивни мерки кон дел од моето опкружување, а штета, толку многу вложував во нашиот однос. Кога јас нешто решавам, ретко е тоа, решено е, ретко отфрлам луѓе од мојот живот ама отфрлени се засекогаш.

    Многу се потресувам за безвезе, еве додека пишував ми влезе странка, од такт ме извади, се тресам цела, па мајко му стара како бе така си дозволуваат. Па си ми дошла, ме молиш, јас тебе треба работа да ти завршам, какво е ова понашање, колнење и се најлошо. Да сум инаетлив човек сега предметот во фиока ќе го ставам да седи, ама ќе гледам што поскоро да го мавнам аман веќе. Да е мој предмет, да сум ја напраила јас грешката, ајде де, ама не е мој и не сум ја напраила јас грешката а си го изедов јас на крај.

    Одам на пауза, оти иначе ќе побудалам.
     
    На ludoto19, Chanell*, Belabelinakinder и 14 други им се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    @TarantulaA ти благодарам за подршката :hug:
    Мм знае дека ми е тешко,ама пред другите глумам рамнодушност,што од што сум таква личност која не искажува емоции,бидејќи мразам жалења,што од инает,да не покажам слабост.
    Не знам за другите,ама мојата свекрва е жена која работи од дома,обврски околу одење на работа нема,свекор ми не е добар со здравјето,друштвен живот им е 0,никаква занимација немаат,и веројатно таа сака ние да сме постојано околу неа и да ја забавуваме. И самата,кога ја седнав да и укажам што ми смета,кажа дека таква била,сакала детето да било цело време со неа,многу го сакала |( . Се тоа ми е јасно,ама јас не го родив оваа дете за да и ја разбијам монотонијата во животот и грижата и одговорноста околу него да и ја предадам.
    Самата уште пред да го родам се смени,почна да зборува како ќе откажувала работа за да е со него,како ќе го бањала,како ќе ме испраќале на работа,а тие ќе се чувале. Упорно уште тогаш и укажував дека е само баба и дека таа може да се поигра со него,ама дека нема никакви обврски. Постојано и укажував,ама не бре. Кога се породив почнаа сите проблеми да избиваат на површина. И мм знае,се му кажав што ми смета,и рекол,ама реченото кај неа трае 2-3 дена,потоа продолжи по старо. Не можев да издржам да живеам на тој начин,во иста куќа,па ја седнав и се и реков. Демек ме рљзбра,ама од време на време пак ме пецнува. Односот моментално ни е онака, детето си го чувам јас,таа се поигра со него и толку. Многу себична жена,моите да не го видуваат,а таа постојано да е залепена до нас. Ако требаше да излезам да го оставам со неа,а ако го оставев со моите одма драми,ама на фин начин подмукло. Демек таа била дома и таа ќе го чувала,неколку пати го осѕавам на неа,добро,еднаш на моите- толкава муцка крева.

    Никогаш не очекував дека во вакви односи може да завршиме,секогаш имав коректен однос,и сакав и така да остане. Ама со сила не бидува. Женава глуми дека е модерна,а убедена е дека внуците само таа треба да ги гледа оти е "главна" баба. Кај јатрва ми успеа во намерата,ама кај мене не дозволувам. Па ако ме разгласуваа секаде дека сум лоша снаа,а пред мене глуми дека многу ме сака :^)
    За жал не сум единствена во ваква ситуација,ама барем мм ме разбира и тоа ми е најбитно. Затоа одлучивме,синко ќе си го водиме со нас,некои многу неодложни обврски немам,па здравје ќе оди во градинка. А можеше се да биде поинаку,ама кога нема разбирачка.

    Си се искажав, многу време криев во себе,освен мајка ми и сестра ми никој од страна не знаеше во каква ситуација сум,па морав после 7 месеци некаде да се испразнам.

    Синко спие,јас си пишувам,а имам доста работа. Да измијам садови,потсредам и да му направам јадење. Што дека правам кога не сака да јаде. Пробиваат запчиња па ништо не ни е погодено. Мм од утре е на одмор,па се надевам ќе поуживаме во периодот што следи.
    Како велат по секое лошо,оди добро,се надевам дека така ќе е.

    Одам мајки,убав ден.:*:*:*
     
    На ludoto19, SarChee, Belabelinakinder и 18 други им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене после некое време. Изгубив ритам, летово нешто многу на шеткање се дадов. Сега пак пред компјутер почнувам полека со работа. Додуше утре пак малку ќе одиме кај едни пријатели во Охрид па пак ќе тераме продолжен викенд ама сега за сега работно. Некако не сакам летнава олабавеност да помине. Ми годи поспор ритам. Арно ама со поспор ритам нема парички, па ќе мора да убрзаме темпо.
    Малиот расте и филозофира. Почна нешто да зеза со јадење. Дали е од жешково или од многу што го рашетувавме летово натаму, наваму не знам, само знам дека баш зеза. И престана да спие преку ден па знае и нервозен да стане некои денови. Битно да е жив и здрав се друго ќе се снајдеме некако.
    Не знам некогаш се мислам дека сум престрога, некогаш попустлива, ама изгледа треба да престанам да анализирам се и сешто и да пуштам мозок на пасење.
     
    На Belabelinakinder, Ano, Monella и 10 други им се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    24.089
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте? Се разладивте ли малку? :)

    Кити, те читам и не ми се верува како може да има такви луѓе како свекрва ти. Алал да ти е за сето трпение и досега. Јас мислам дека нема шанси да издржам со таква жена во близина.

    Од сабајле денов наопаку некако ми почна. Бебо исповрати цел појадок, лом се направи и него, и мене, и гарнитурата. Не знам што му се случи, не му ја давам прв пат таа комбинација. Дали беше прејаден, којзнае.
    Го чекам да стане па да цица. Во меѓувреме месото за него се вари, после ќе додадам уште зеленчук па се надевам ќе си изручка се убаво, и без да поврати.

    Си закажав на фризер за фарбање конечно, да ја средам косава, од лани од ноември не ми е шишана и цело време во пунџа ја носам. Многу ми паѓа уште, кога ли ќе престане?

    Мака ми е некако на душава деновиве, ми се плаче за се нешто. Мм ми вика те осеќам нешто те мачи, ама и да се искажам пред него нема да ми помине. Ме тиштат многу работи, и само мислам и премислувам цело време.

    Да не ве замарам и вас, се гасам сега. Поздрав и убав ден :*
     
    На Bupalu, ludoto19, Belabelinakinder и 19 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    Добра вечер мајки
    Деца спијат, ние капнат немаме сила ни да станеме да се мрднеме од кревет...
    Да поседиме во тишината уште малку, да се регенерира мозокот, па ќе почнеме да ровариме во кујна. Успивањето на сите три е хорор...
    Еден мора со најмалото еден со другите две.
    Они ме потсеќаат на оние токсични врски:rofl:. Љубов голема, ама не можат ни еден со друг ни еден без друг :D. Се задеваат, подбуцнуваат, крадат цуцли, сакаат книгата која ја чита другата да ја џапнат. Една до друга не ги бива, раздели ги рикаат...секое успивање ни го цедат последниот атом енергија.
    На големата и се собра повеќе од месец дома. Првен операцијата па стомачниот вирус што не помина сите кај нејзе беше најстрашен, после распуст од градинка скоро месец...и луѓе немам сили:worried::D.
    Играме, шетаме, се забавуваме, исправаме криви дрини...
    Од вторник почнува градинката, па и средното и она во градинка и Само со најмалото дома. Да одморам со едно:D.

    Имам уште многу да пишувам, за секојдневието, нови и стари работи...ама маж вика што да мезиме.
    Убава ноќ на сите:hug:
     
    На ludoto19, duffi, Belabelinakinder и 26 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ветено во друга тема, ама тука сте ми сите на куп, па да почастам :)
    20190816_095139.jpg
     
    На Bupalu, ludoto19, Makedonka007 и 40 други им се допаѓа ова.
  17. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Синко се заигра па украдов малце време за да видам што има по форумов и викам да пишам дур сум тука :) Ништо од нашиот викенд ни откажа друштвото а на маж не му се одело сами |( Плус и гости од Австралија ни се најавија за викендов па ќе останеме тука . Вчера бевме на мекици кај најдобрата другарка моја има синче забораив да се пофалам :inlove: убаво поминавме синко се изнарча ама се чудев да ви кажам право имаше мн дечиња и тоа на таа возраст околу 2 год. и чудно сега детево мое трча наоколу едно од нив со сета сила го бутка еднаш два пато три родителите гледам си седат не реагираат ,и станав и му викам зашто го туркаш он сака само да си игра со вас па детенцево одма сфати ме послуша и си играа цело време ,ама чудно родителиве се квакнале на маса децата што сакаат нека прават ,јас моево од око не го испуштам кај и да одам не сум мирна да седам ,а да незнам детето кај ми е и што прави . Синко многу почна да се плаши од кучиња и дома кога сме ќе игра натака навака и ќе дојде и ќе ми каже дека му било страв од куче . Друго нема ништо одам дете вика .
    @TeddyGrey лесни чекорчиња:l:
    Убав ден:sun:
     
    На ludoto19, snegulkata, duffi и 17 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам искрено, не знам моето мутаво ли е, не ли е, ама еве изминативе 3 недели само гледам деца наоколу кои буткаат, маваат, тепаат, плукаат, скубат, моево муле ќе си поплаче и ќе си се тргне или ако е загрозен неговиот личен простор мене ми вика да го тргнам. На море пример дојде едно девојченце, од него 1м помала, му ги зема играчките, ама овој заигран во песокот ја остави, после почна со песок да мава по синко, па почна по свекрва ми да мава со песок, па почна да ги крши играчките, па мајка и да ја скубе да ја мава... Наши беа луѓево и викам зошто и дозволуваш, зошто не ја поучиш, ама вика родена ми е предвреме малце ја разгаливме, не ја караме. Е арно, оти иначе јас моето не го сакам и не го галам, така излезе. Следна ситуација едни две дечиња, цело време лепенка за моево да му урнат што ќе направи, да го испрскаат во вода, да го шутнат, па земаа ракчиња фатија, ги гмечат, им кинат пипци, ги фрлаат, му одат на малово да го плажат, на глава му ставија дур си играше, родителите мува не ги лази... На крај кога му ставија на глава на детево ракче земав свикав, коа ме погледна пољакот наопачки, му викам не може да им дозволите се што сакаат да прават, они се поголеми од него, ајде сега јас да земам да ги давам во плиткото оти сум повозрасна од нив, уште коментари каков маж бил ако плачел, му одговорив сигурно поголем од вас. Овде вчера во игротека едно детенце малку помало од моево му се дере во фаца, он бил диносаурус, он бил лош, он бил злобен, се тоа си го кажува. Од каде бе оваа злоба во децата, пакост, да наштетат? Ме чуди!

    Разврска од случајот со комбето, ко попче си го крена комбето фраерот!
     
    На Monella, Kaetana, Belabelinakinder и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Мили мои се породив неодамна и полека полека се придружувам во оваа тема да си разменуваме искуства и давање совети и помагање за доброто на нашите најмили.Ве:hug:
     
    На Bupalu, ludoto19, Makedonka007 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Мамче ние правевме трансплантација на коскенс срцевина, затоа пиеме Акловир.

    Поздрав мајлички за сите.
    Уште немам ручек направено. :whew:
     
    На duffi, Kaetana, Belabelinakinder и 5 други им се допаѓа ова.