Добро попладне Мајки! Во момент пиам ладно нескафе и мезам тортичка, сама после ручек. Маже и ќере легнаа да спијат, многу ми се срциња вака, а јас користам време на само. Ми треба тоа, од секогаш сум била личност која сакала да има време за самоќа. Онака чисто да издишам. Маж ми е спротивно на тоа, тој кога и да седиме сами одма сака да се дружиме со некој и не ме разбира баш во тој дел. Сонот го давам за 15мин тишина, сама со себе. Аа и да има лак до мене, малку да се среди мама да заличи на човек. Имавме резервирано за одмор во Никити, но ни се јавија од агенцијата да ни кажат дека тој дел е погоден од невремето и има дефекти и така фино лепо за исти пари ни понудија многу поубав смештај, па и ни даваат да бираме Избравме во Метаморфози во супер средени апартмани, барем на слика така изгледа. Крштенката ја поминавме, жешко и мачно, но пак беше голема радост. И пак таа личност, секогаш успева да ме извади од такт, но ептен е намерно, толку немаат осет и твој ден ќе уништат. Тоа е мајки, одам да ја слушнам тишината.
Добар ден. Малата се занимава со мечињата, јас пијам кафе. Наредени се како во градинка, она им прави ручек сега, ќе им правела манџа компир. Сегде ми е придружник, заедно пазариме, со мене на фризер, сегде. Ама, договорени дека мора да е умна и да слуша. Кога ми викаа, ееее ќе ја разгалиш, вакво ќе е такво ќе е, па ееее ќе имаш мака со пелените, голема е веќе, или нема да можеш во градинка да ја однесеш, разбира и ќе плаче по тебе, ќе имаш огромен проблем.... Никого не послушав, никој од страна не го знае моето дете подобро од мене. Никој не може да се разбере со детето подобро од мене. Ете сега, се фалат бабите внучето нивно колку било послушно, мирно, па како ги оставило пелените само и без мака, колку е дружељубиво, како отишло во градинка и веднаш се вклопило... Трудот вложен се враќа секогаш, толку само имам да кажам. (се пофалив де, ама каде ако не во темава. ) Убаво ни поминуваат летните денови, цело време сме надвор, цело време во дружби, некако се најдов со многу мајки со кои си кликнавме и да ви кажам ми е супер. Почнав да избегнувам луѓе кои ме полнат со негативна енергија, дури и од љубезност, не сакам да имам такви луѓе околу себе и да ми ги уништуваат деновите. Да се доигра со мечињата, уште една тура надвор и во кревет, доволно ќе биде за денес.
лелеее, извини не сум знаела. Јас пак мислев дека даваш некои суплементи и си помислив па мали се бебуши за такво нешто или пак има нешто ново што јас незнам. Со лесно мајче, ќе биде се во ред. Јас, арна. Во ек се активни подготовки за . Вчера бев до мајка ми за да го причува бебчо а јас на козметичар. Се враќам потоа и пиеме кафе и таа ми вели ,,знаеш што ?!? и јас и велам што ? кога ми го остави прв пат да го причувам (нормално нацицан и заспан) цело време си мислев што ќе му правам ако се разбуди. И велам ајде бре не ти е прво и ти дадов инструкции а и во најмала рака ме бараш на моб.,, Си мислам потоа и сваќам дека уствари таа секогаш кога ги причувувала дали првото или второво бебе никогаш ми се нема јавено на моб. и да ми каже - доаѓај бебе плаче. И секогаш кога ќе ја прашам како поминавте таа секогаш одговара ,,супер,,. Денес ми стигнаа ципеларниците што ги купив пред 10 тина дена. Зедов 2 чунки еден ми е малку а да не зборам што веќе имам дома. Три мажи по куќа не е заебанција . Стигна возилото, застана на сред сокачето кај што живеам и момците почнаа да истовараат пакети. Растоварија и ми велат ,,овие да се однесат на местото кај што ќе се монтираат,, Јас целата во ?!?! и ги прашувам ,,па внатре бре во куќата ќе се монтираат, ова е куќата,, и тие на мене ,,аааа извини ние не внесуваме само монтираме,, и јас на нив ,,штом е така може слободно да монтирате тука на сред улица,,. Видоа не видоа ги внесоа внатре на место на злосторот и сватија дека сум сама со 2 деца. Свашта . Бебчо не да пуштил некој глас крештав на радување абе што да ви кажам и комшиите го слушат . Едно високотонско ААААААА и почна на сите да се смее и познати и непознати. До оној ден се плашеше од непознати сега се смее на сите што го повикуваат. Официјално направи 4 мес. и бев кај матичната да го мери. Си напреднал а и се издолжил. Ја прашувам што како за носење на медикаменти за одмор за бебчо, и кажувам таму ке одиме....и таа на мене па и јас одам таму и замислете во ист ден патуваме, исто место само различен хотел. Ја зезав малку дека ќе немаме гајле, таа е тука...ја пресмеав жената. Вчера поголемиот батко ми ги насолзи очите. Се туширав и бебчо почнал да кенка а тој го земал на рамо како што го зимам јас и го нушка и му прави ,,шшшшшш,,. Излегувам полу мокра (го слушнав бебчо) и кога ја видов сликата ми се насолзија очите. Крв не е вода не за џабе е кажано. Да останат во таа поврзаност цел живот и да си помагаат еден на друг. Браќа . Мое е да ги учам, воспитувам и перам чорапи а тие да си помагаат. Добра ноќ, цункајте бебушките
Здраво женски, како сте? Јас преморена Од сабајле со мм решивме да зачистиме малку поасално дома, па се фрливме на работа и двајцата. Сите прозори, ролетни и врати пребришавме, па после стандард чистење со правосмукалка, прашина, џогер. Перални вртат, и уште има. Денес ми е недела изгледа Ама сега се свети дома Риба за ручек и компир салата. Првото е порачано, мм отиде да ја земе, второто домашно. Бебо си тера дремка, на рати спие од прееска оти ние чистевме цело време. Колегите мои се најавија за сповојница следната недела, уште тие останаа како поголема група и готово. Не дека имавме секој ден гости ама на мм колеги, кумовите, негови другари, мои другарки, братучеди, и поминаа скоро сите. Немам намера да спремам ништо, ќе порачаме од една фирма за кетеринг, неколку даски, похувани и ладни, свежа салата, кифлички и благо. Наредниот викенд сме на свадба кај моја другарка, ама хотелот е надвор од градот па не знам колку ќе не остави бебо да поседиме. Него мајка ми ќе го чува, ама за доење пред спиење ќе морам да си одам. И после не верувам дека ќе се враќаме пак назад оти пола саат е пат во еден правец. Завчера конечно ја регистрираше колата мм, две недели така ја возеше. Среќа не го застана полиција И овој месец банкрот уште на 25ти ќе прогласиме Ама ајде, само за убаво да се даваат пари. Одам да јадам, ептен гладна сум.
Добар ден мајки! Си пијам кафе додека децата се заиграни! Очекувам во секој момент беба да ме забележи дека седам и трчејки да дотрча до мене како да не ме видела 2 дена! Страшно гушкалце, страшно приврзана за мене... просто се плашам од секој момент кога треба да ја оставам на чување кај бабите. Ете синоќа на пример, бевме со ММ излезени и деците ги поделивме кај бабите, и секако беба со плачење се раздели од нас, па јас цело време додека бевме излезени ја мислев! Крај од летото... конечно период кога навечер се спие! Ич нејкам да заврши летото, оти ќе дојде време за градинка, време кога навечер јас ќе покривам а беба ќе се открива, па разболувања, па болници, студ... аман! Планот ми е денсе да пофатам низ дома, ак дозволи малата! Мислааам, секако ќе се закачи за мене и ќе се распараваме де за правосмуклата, де за крпата, јас ќе бришам она ќе мачка со средства... абе убавини, полесно никогаш не било едно чистење низ дома! Најверојатно и неколку прекинувања ќе има од големата дадата, нек биде потешко од што може да биде! Такво е со мали деца, знаете и вие! Вечер белким ќе стигнам да се средам и мене и деците и една прошетка да направиме... ете го испланирав денот, а во повеќето вака добро испланирани денови се нешто се случува непланирано, па денот сосем во друг правец го тераме! Како и да е, недела е, не сме врзани за работа па се надевам ба на една кратка прошетка!
јас дојдов тука да ве читнам инда ви се "исповедам" ние мајките сме ги имале најубавите деца на светот. вчера си дојдов од болница. Дома со синче големо и бебенце малечко. Душа стегната. Остајте што сеуште не сум закрепнала ама гледајќи ги нив не ме боли ништо. Едното со најголема посветеност си го израснав релсксирано бидејќи едно и не е толку тешко. Сега се одново треба да учам. Некои лекции од првото убаво си ги запамтив за да не ги направам сега ама она основното ми е баш како ново. Ме мачат 1000 прашања. Ама се снаоѓам и време си врви па вака така ќе си порасне. Имајте пријатен ден женички и уживајте.
Добар ден мамулки Се надевам добри сте сите, уживате уште по мориња, езера и планини. Користете го секој миг со вашите најмили. Фамилијата е најскапоцениот дар од Бога Ние добри (да не нѐ мислите) Инаку, стандард. Секој ден е пресликан од другиот, освен викендите кога мм е слободен па одиме на подолги релации. Пред некој ден се вратија сестра ми и децата од Мк, синко е пресреќен. Еве сега е кај нив, го играат многу па сака таму да седи, синоќа сакаше да спие со братучедовците јас не дозволив, оваа вечер знам дека ќе инсистираат сите заедно Не дека немам поверение, не сум навикната да се делам Сакам да одам до центарот. Оваа лето ми помина во селење, немав време да купам нешто од попустите па макар и само да се наоѓа за некогаш (колку вакви алишта имам што седат во плакар) како да им одолееш кога се 2,3€ Ако имам среќа може и ќе најдам нешто. Се чудам колку сум станала алергична на гости. Вчера вечер имавме (ненајавени) гости, абе самата не можам да си поверувам колку си сакам мир и тишина. Се мислам да забркам некое блачко, уште да го измислам и готово
Добро вечер мајки од сончевата Мајорка Одмор со очекување дека ќе биде еден убав сон испадна кошмар.Ама уште се надеваме дека ќе биде подобар Малата спие , а мм се тушира па јас да ви пишам нешто. Од дома до аеродромот и до Мајорка се беше идеално.Слетавме аеродромот.Се уморивме додека да најдеме каде се чекаат куферите.Пошто многу ми се одеше во веце , а и малата повеќе од 3часа немаше одено отидовме во вц.Ама малата се плаши од феновите за сушење на рацете па едвај некако влеговме. Заврши работа и велам дојди да се измиеш таа не и јас зедов да си ги мијам кога гледам на огледалото ја нема Викам како нездрава ама меѓу луѓето не ја гледам Трчам надвор и се дерам , а надвор милион луѓеСреќа еден маж ме слушна и ја видел како истрчала накај лентата за куфери.Ја видов и ми дојде срцето на место Таа го бараше татко иЈа фатив за раката и почнав да ја карам како така за 3 секунди ја снема .Почна толку да плака што дигнавме цел аеродром.Ја вратив да си измие раце па ја однесов на лента број 10 , а таа го бараше татка и кај друга лента за куфери Многу и се спиеше па не сакаше лесно да се смири.Јас отидов да го најдам автобусот за превозот до хотелот , а таа остана со татко и да чуваат куферите .Плакаше толку силно што во милионска гужва ја слушавГо најдов брзу трансферот што требаше да трае за 55км околу 1час максимум , а траеше 2 часа Автобусот вртеше и застануваше пред секој хотел да остави луѓе.Го следев на gps, а далечината цело време беше 20 минути за на крај да го фрлам телефонот и да не гледам.Ние бевме претпоследни беше 22часот кога стигнавме.Не остави пред хотелот , а ние подзинавме од убавина Рецепционерот беше препријатен и расположен и ни понуди вечера.Немав ништо веќе во ранецот, малата заспа барајќи ам ам. -Одете во собата и дојдете за 30 минути ќе ве и однесам во ресторанот-рече рецепционистот. Среќни дека иако преморени ќе јадеме.Отидовме во собата. Прво влегување не дочека смрдеа на мувла.Ајде си реков може не е излуфтирано.Ќе отвориме и после вечерата ќе биде посвежо. Малата ја разбудивме по 15 мин спање во автобусот.Отидовме да вечераме.Рецепционерот ни го отвори ресторантот само за нас. Огромна менза со 300 столови и шведска маса оставено јадење за "касни гости". Седнавме да јадеме ,а мене ми се подига ќе се истурам на плочки .Снемувам воздух и му реков на мм ќе одам до надвор од смрдеата на мувла се ми смрди одвратно. Од мувла имам алергија се сеќавам како бруцош живеевме со мм во барака во Стив каде покривот капеше и имавме канче. Од влагата добивав напади на гушење.Ама љубов Не можев да јадам ,а дојдоа и други гости.Отидовме во собата . Собата беше фамилијарна соба со поглед кон морето.Убава нова средена.Пуштивме клима ама со отворена врата.Мирисот уште се осеќаше многу јако.Почна да капе од климата во пресобјето од таванот.Мене се полошо и полошо ми стануваше па му реков на мм во 00часот да оди да ја смени. Се согласи одма оти стварно смрдеше, а и не е убаво за детето.Искрено Стив не смрдеше волку како тука. Како да кажел на англиски не па и мене дека ми оди прво ми доаѓаат германските зборови и наместо англеиски кажувам на германски Видов на гугал па отиде и доби нова соба. Се селивме во 1 часот и во 2 конечно заспавме со малата Одам женски продолжеток на серијата се надевам утре ќе ви пишам оти не престана кошмарот овде, јас нема батерија Примете морски поздрави и добра ноќ.
Здраво мајки. Кај нас ново е што утре ке славиме роденден . Вака така летнаа 3 години како ништо. Желба е тортата да е со Скај кучето, па купив фигурчиња, се надевам ќе ја направам ок, да ја бендиса и да се израдува дете. Денес купив овошје и зеленчук за во градинка и си викав да направам и кифлички, или мафини нешто... Па и за дома нешто ситно. Кој ќе иди... За тоа ми е најмногу жал, што нема со кој да прославиш. Добро што е брат ми во близина па тој ќе дојди. Инаку сами. Тоа е што е. Денес ќе одиме и бебето во стомак да го видиме Сега не е лошо да се фатам за работа. Поздрав до сите.
Da ve pozdravam nakratko Eve Sme na odmor vo nasata Mak Dobri Sme Fala na gospodmalata se opravi od padoteve seuste spiegolemata cela vecer me guskase oti denes e rodendenood mama A koj podarok e podobar od moite dve princeziod toa sto moite sakani se dobro I site Sme zaednonisto nema podobro Vecer ke ideme na vecera nekade nadvor site zaednonema zamene poubavo ot toa koga sum so mojata familia povelete na torta Otidov da zirnam mala d'ali se budi
Девојки барав тема за прашањево ама не најдов.Ми треба препорака за добар педијатар(ваљда има таков),во околината на Карпош,Ѓорче,Капиштец,Влае....Ви благодарам
Добар ден. Ручек уште рано готов. Секојдневијата исти па исти. Дур нензаноки затвпрено во затворов. Ми се чини изгнијавме дома. Како ли им е на детево и мајка ми, јас пск и до работа одам. Од сабајле ми пишаа работодавците, добив покалување на плата. Искрено и се изненадив, а не дека е неочекувано. Ке бидам нескромна и ке кажам дека работам како за свое. Најголем проблем ми е организирањето на персоналот. Од дефицит на работници, секој преку леб погача бара. Ту си наогаат замерки еден за друг, ако нема што околу работата ке се грабнат за приватен живот. За прв пат ќе кажам с не дека до сега не сум помислила. Не сакам дете овде да ми живее. Со вакво опкружување, со ваков систем? Не. Порано дискутиравме дека луѓето вон балканот се ладни, некомуникативни, комшиите не си ги знаеле. Поарно да не си ги знам отколку да сум помеѓу вакво лицемерие. Синоќа малиот пред спиење ме праша од кај сум му ги купила запчињата волку убави. Ги гледа на баба му во чаша и си мисли и неговите се купени. Веќе два месеци како почна татко му да го бара да се гледаат. Не прсвам проблеми а радо би. Дете како да ми порадна преки ноќ откако почнаа средбите. Може само се поклопи периодот. Не знам. Кога е вин државата и се гледст на камера, се чудам на прашањата шо му ги поставува. - Ја сакаш ли мајка ми? -Прави ли некој поубави јадења од мама? -Во кола да не возиш други тетки.. Се му станува малечко од алиптенца, само моето срце расне. Дур е занесен во играње да го наранам. Убав ден на сите.
Ај и јас да пишам дур има затишје. Приемен ден, од сабајле не знаев кај поскоро. Хаос! Моментално се трудам очите отворени да ги оставам. Синоќа заглавив до касно на компјутер, работев, една од оние работи за завчера што требаше да се завршат, а денес имам роденден на золва. Ќе и спремам изненадување букет од овошје и цвеќе. Прв пат ќе го правам ќе видиме. Ако имам време воопшто за нешто да направам де, пошто до 4 на работа, во 6 на роденден, ќе пробаме де. Мислам дека ќе успеам. Дете нешто не ми јаде и не ми е весел, ќенка, вчера беше он топол а стапала и дланки мраз ладни, најчесто тоа е знак дека се разболува. Нејќам ни да помислам. Форсирам со витамини, оти само пие, не сака да јаде па хемија ставам. Тоа е. Диета терам и почнува веќе да се осеќа, до кај април да издржам оти мора да сум згодна. А ќе имаме и уште една свадба, на старосватицата моја, таа свадба ми е некако при срце после сите нервози што ја спопаднаа, после сите стресови добро ќе и дојде малку убавинки, а и со мажот и се погодени. Свадби во најава, мама мора да е згодна, а осеќам дека со меше ќе ги истерам свадбите ама ајде. Битно нема да сум планета на свадбата, ќе сум згодна трудница, ако даде Бог. Не дека не бев згодна со 90 кила, најзгодна бев и незгодна Ајде да турам 4то кафе
Добар ден Ветив дека ќе допишам не бива да лажамКако ќе ви ги извезам постовите Емка ќе ми завиди Малата и големиот спијат.Јас сум цела пореметена денски спијам само 15 мин и се будам наспана како 8часа да сум спала.Ноќе 100 пати станувам и се пцувам и секој пат си велам ќе одам на др да ми помогне оти некој удар ќе добијам Собата ја заменивме благодарејќи на моето работно искуство во хотел знам дека ако еден гостин не е задоволен од собата мора да добие нова.Така да си знаете вие како гости секогаш сте во право Хотелот е инаку според германски стандарди оценет со 3 *,а според шпански е со 4 ѕвезди.Има 5 згради некои се по 7 спрата.Може да збира и 1000 луѓе.Огромен комплекс. Дојдовме во новата соба во друга зграда.Оваа соба ни е на 2ри спрат претходната на 5 ти. Новата соба помала обична соба.Ама има спална и бебешко кревече што за нас е перфектна.Одвратниот мирис на мувла го немаше.Го немаше и погледот кон морето. Се разбудив со огромна болка во главата не можев да функционирам.Малата само викаше ам ам и да одиме на големата вода Се спремавме едвај и отидовме на појадок.Прв пат одиме ол инклузив.Секогаш на одмор си одевме со доручек и вечера па се мававме во најжешкото да најдеме нешто за ручек.Откако ќе најдевме јас утепана од жешкото и немав апетит да јадам само ми се слошуваше и ќе мораше итно да одиме дома.Па затоа реков ќе биде со се. После појадокот се вративме во соба да се облечеме и отидовме во правец то д бичНа некој 5 минути ја најдовме плажата што беше толку гадна , песокот и водата.Личеше на некој залив и имаше огромни бранови што не беше баш за дете од 3 години.Малата кога ги виде брановите толку се уплаши што не сакаше да ја пуштиме од рацеВодата исто беше со некои шушки дрва и беше кафена боја.Да кафена ,во длабокото беше убава азурна , ама плиткото Смрдеше и на тиња и на застоена вода. Не бевме изнервирани и разочарани иако за нагоре имавме може повеќе од 200 скали да искачиме. Се вративме на базените во хотелот.Хотелот има 5 базена.Еден е со топогани и такви глупости.Намерно го одбрав заради овој базен.Ама малата е плашливка и не сакаше на топоганите па се шлапаше во плиткото. На мене ми беше 6-7ден од циклусот кој кога сакав да го поместам гиникологот ми кажа доцна е не пиеш контрацепција не може.Па мене ми дојде неколку дена пред одморот.Не се бањав. Од цел ден на сонце ми се активираше алеригијата целите лакти ми се со пликови и устата ми е отечена како да имам ботокс.Сите ме гледаат си велат која е оваа реалити ѕвезда , ама не сум ѕвезда јас сум ава малерот Се шалам не сум до толку отечена Денот цел го поминавме по базените на хотелот.Мм и малата се бањаа , а јас бегав од сонцето. Вечерта имаше некој анимации за децата нешто пее играа .Ама малата не сакаше да ми стане од рацете многу и се спиеше.Отидовме да си легнеме. Мм и малата заспаа ,заспав и јас ама во 23 ме разбудија комшиите. Заборавив да пишам дека во собата имаме врата од едниот ѕид.Се чудевме кога дојдовме со мм за што е оваа врата.Разбрав дека таа соба ја даваат за родители со поголеми деца.Така во новата соба си имаме цимери кои се англичани и многу гласно збори детето што не можев да заспијам до 00:00 За галама нема рекламација Ми станаа децата .Ама ако мислите дека сме малер до сега, нее има уште малери.Ама тие ќе ви ги пишам утре или друг ден.Сега да видиме дали ќе одиме на базен оти дува силен ветер Убав ден мајки
Добробечер женички. Конечно да се истегнам на кревет. Цел ден сум подлегни стани колку што се може,породена со царски со 2 конци кои ми прават проблем многу. Епа на сите обврски маки болки и такве ствари да имам што да пцујам - конците! маж ми и големиот син се кај свекор ми јас и бебче дома. Тоа спие јас стани седни. Ми се плаче. Она длабоко од душа. Заминав пред една недела на породување оставив дете само душа ми се искина. Се вратив не го изнагушкав доволно тоа сирото пресреќно за братчето а јас морам цело време да го карам да е потивок и да не седи до бебето и до мене кога го држам враце. Вика јас мислев ко ќе дојдете ќе си играм со него. Прееска бебето и маж ми заспаа па јас се прибрав до синчето. Како големо човече е. Ми вели знам мамо дека ти се плаче. Му викам дека немој да мислиш дека бебето го сакам повеќе од тебе,ама тоа е мало мора да го пораснеме и ништо друго не прави освен што спие цица и плаче. Ми вика не ти се лутам мамо знам дека ме сакаш ја сум твоја прва среќа. е не можам да издржам. Сега дур сум сама ќе си ја олеснам душата. Ионака многу сум стегнага. полесно е да имаш едно дете и само него да го растеш и подигнеш ама две.... И тоа едното бебушко мало слабо кревко... Не знам ни сама како се снаоѓам. Се сум заборавила за се ме фаќа паника... ама знам додека се свестам веќе ќе помине време и бебчо ќе порасне.
@marchi-cool зошто да не седи до бебето и до тебе? Не му вели така. Подобро вклучи го во сите активности. Моиве мали се две години разлика и има уште љубомора. Ама на почетокот повеќе го.галев второто за да сфати дека уште е тој главен. Големиот е голем нема гајле.Ако ти е заутеха не има и со три . Тешко е да, но се издржува.
5 дена бевме сами, маж ми на пат. Па откако првите два дена го бараше и се помири дека у недела ќе си дојде, секој ден си планиравме журки. Секој ден сама си измислуваше јадење, па игри, па прошетки... се што побара и дадов. Ама па мирна... срце беше. Сакала сама да спие... Па спиевме у дневна, јас на тросед она на двосед. Голема била. Па и раскажувам како ќе одиме на море па како ќе јадеме пиеме се бараме пак јадеме и спиеме. И сеа тоа секој ден го кажува. Некогаш кога спие ја бацувам до будење па ми вика ми се спиееее. Не сакала да порасне. Дете било убаво.
Иста психичка состојба поминав кога се породив со второто. Во болница сите плачеа од болка, јас плачев по детето дома што го оставив. Немој, никако немој да викаш по него за било што поврзано со бебето, посебно немој да го удриш. Такво нешто ќе направи револт кај него, а револтот ќе биде насочен кон бебето. Овој период на адаптација на сите ви е тежок, па и на големиот. Ќе збориш, и збориш и збориш и финти ќе применуваш. Од сопствено искуство ќе ти кажам како постапував. Зошто да не седи до него, напротив да седи го мотивира и да си игра со некои играчки, јас до нив. Никогаш не му реков да биде потивок, напротив , бебето се научи да спие во галама. Кога ќе се затрчаше и го гушне никогаш не викнав. Туку смирено му викав браво колку го сакаш и гушкаш бато, дојди и мене да ме гушнеш така.Никогаш не го одвоив од мене, буквално ( ко ти сега гости кај свекрвата) секаде одевме заедно, бебето од прва недела е шетано надвор. И за цицање лежеше со нас( бебето цица,он од другата страна ме гушка и гледа цртани. Јас седам бебето на една нога потпрено, он на другата ( мм се заебаваше ко за сликање сме биле) . Бабите знае да речат дај го на спиење кај мене да ти биде полесно. Не ,дур не се навикнавме сите еден на друг и он беше со нас,а бабите ако сакаат да помогнат дома сме нека дојдат. И му зборував колку го сакам и бебето и него и татко им сите. Па после почна и тој така да набројува дека сите не сака. не знам дали ме разбираш што сакам да ти кажам, овој период на адаптација сите сте во иста каша, и нема тргни се, остави го, ќути ради него. Благодарение на ова кај нас нема ни грам љубомора, најискрено.
многу е немирен и хиперактивен прискокува притрчува и не внимава затоа морам почесто да го опоменам да се тргне дека е премногу блиску може несакајќи да се повредат и дека треба повеќе да внимава инаку ми помага му дозволувам во смисла облека да ми подаде марамици памперс го покрива навечер пред спиење... колку години ти се разлика? Убаво си се организирала фала на советот.