Добар ден.. Исповедаонице Ролетни спуштени скрос, климс брмчи на 26 стандард, појадувани, ручек кога станав се печеше. Сега одмор да се фати јадењето. Вечерва ќе одам покасно на работа, секако треба да седам до сабајле. Дефицит на работници. Кај и да прашам сегде е исто. Има ли детски тантруми мегу четири и пет години? Боже бебето ми порасна, не ми се верува. Пред да ја земеме вчера мајка ми, класифицирав дел од играчките, да видиме два три дена дали ќе се задржат така. Мнигу сака дечиња. Кога излегуваме надвор и кога ке ме погледне со очите како милна верверичка прегладнета, заборсвам на се во моментот, дека не смееме многу мегу луѓе и го пуштам да им се приближи. -Нели не сте болни?.. Ги прашува дур залетено трча кон нив. Многу е бесен и немирен, по модерно денеска кажано темпераментен. Нит од збор разбира, не се познсва кога јадеме кога играме, кога е време за спиење.. Уште Од мал нр смеам на телефон да зборам и ден денес е така. Тогаш да може нс лустер ке се качи само да му обрна внимание целосно. Наближува денот за контрола, прво во Скопје, ноември Истанбул. Се надевам фондот дркс ке ја одобрат и оваа контрола. После ке треба да почнеме со вакцините. Коските ми се тресат. Толку од моето држење телефон дур е биден. Убав ден на сите.
кај "пораснатите" деца тантрумите се од 3тата до 5тата година. Односно тој е најтежок период. Скок во развој тантруми почнуваат повеќе да разбираат се развиваат чуства емоции инает се во едно.
Здраво мајки! Темава отишла на втората страна Оваа тема! Нашата! Слабо пишуваме! Зарем едно мајчинско секојдневие е толку неисполнето па нема што да споделиме овде? Ха, знам... исполнето е и те како ама е секојдневно исто, а тоа исто веќе неколкупати е овде напишано со едни зборови, па со други зборови, па со трети зборови! Исто секојдневие кажано во жалење, па кажено во вид на пофалба, па кажано колку само да се шарне некој ред... Бла,бла бла... Сепак веќе седнав да пишам и ќе си ја обавам оваа феминсна должност! Пијам кафе, ајде повелето ММ ми го сварил во 8 и тоа му е ритуал секое сабајле, вари две кафиња без разлика јас дали и кога ќе го пијам Мене супер ми иде кога ќе се разбудам после цел час и кафица е тука. Некогаш во минување и акање низ дома го пијам, а некогаш имам среќа како денес да го шмркнам седејќи со фемина! Ладно е, сварено од пред два саати... ладно турско идеално за летните горештини! Дечките арни... моментално се тегнат по едн искршен Барби џип, му фалат тркала, одамна се мислев да го фрлам. Е баш сега овој џип е причина за закачање меѓу двете сестри.... иииии,победи помалата! Аууу ова моето мало, опасно е! Ако сега сестра и не и го оставеше џипот нејзе ќе ја скубеше, или ќе ја каснеше... И ќе каже некој ,,го видела тоа,, ТВРДАМ дека дома ни се скубеме ни се касаме... Доручекот само што го завршивме, сега и едно смути ќе им склапам, и секако дадата ќе сака да помага а малата ќе квичи и ќе се напрега да дофати нешто, па спремањето на едно смути ќе ме чини искинати многу нерви и направен голем неред. И се ќе заборавам кога со муцињата убави ќе го пијат, а јас пресреќна дека дечите здраво ми се хранат! Последните редови веќе ги пишам додека едно мало маче (помалата ќерка) се мази по мене и вика - мамии, мамиии Ах, лигушка моја... ќе видите дека јас од ова дете многу ќе си имам мака, ќе се жалам овде... ќе мора да ме истрпите! Велат, едното од двете деца секогаш е попалаво! Кај мене и двете иста сорта! Лошки палави... а по навика од кога беше бебе на малата ја викам ,,јагне,, Ахааам јагне, ама во волчја кожа! Ај да пробам да ја вратам кај играчките! Убав ден... и дај пишете нешто!
исполнето е читам мајките уживаат по плаживе да дочитам една тема кај категорија бебе додека го надојам бебчо. ( еден саат ме мафта на града) па да сварам кафе ако е можно па се префрлам тука.
И јас да пишам. На работа сум, пауза, па се оптегнав малку уште 5 минути. Денес ме боли меше, ја барав докторката и ме закажа за утре сабајле. Да видиме што е работата. Ако е се во ред, после сме на слава кај кумовите. Сакав да излезам да и купам нешто на ќерка за дотерување, ама ми фуфка и одлучив да си останам во канцеларија. Мајка ќе ја пратам да купи, секако таа и повеќе пари има од мене Таа и мм се богаташи, стално ме финансиираат, јас во вечита криза откако купив кола Не знам како ќе ја сфатите оваа глупост што ќе ја стропам сега и не е од лигавење, јас важам за ладен тип, ама многу ми фали ќерка ми додека сум на работа. Да бидам искрена до пред некој месец идев да одморам малце што се вели, ама сега не можам без неа. Постојат и моменти кога намерно ја земам и до вц со мене Не знам кој за кого е повеќе приврзан. Навечер обавезно шетаме, без неа не одам никаде, количиња, сладоледи.... А наутро кога ја оставам и плаче по мене цела сум скршена Можеби ова се должи на трудночава не знам. Мајка ми и сестра ми се лутат, не им ја давам Стомаков уште боли, кој ќе чека до утре Ништо паметно не напишав, сакам дома. Сакам некој да ми прави секој ден ручек, сакам да ми е чисто.....Затоа и стомак ме боли, не застанувам ни минута. За вечер имав план шетање со другарките со дечињата, ама најверојатно ќе одложам, мајка е слободна ќе дојди да ја поигра малава, јас да полежам малку, да не играм играчки. Поздрав
Добар ден мајки Топличко и денес, цели 35степени ми вика, па да спомнам дека у Центар е сигурно 40ка Сабајле бебе се запека за надвор Излеговме и ај на зајчиња да им дадеме вода и да им го покажеме новиот багер Ама по пат сретнавме желка и почна забавата Ме мрзи да пишам што се и направивме ама беше баш интересно, а фијаското бидна кога му се испосра на бебе дури ја држеше у раце Среќа па не беше течно тоа бидна кога ја ставивме у едно кофиче Да кажам ли дека така со ставена желка у кофата се прошетавме до продавница или не Па ко за беља сретнавме куп луѓе по пат и на сите им ја покажа со воодушевување Колку испаднав нетачна нема везе, али нели среќно бебе=среќна мајка #прашањекоемемачи Дали носи среќа ако те посере желка Па по хаваријава сам посака да се пикнеме внатре под климче, ми се тупна у скут и заспа гледајќи цртан Изморен е, вчера до ниедно време го ровареше Охрид, а богами и се изнабања Ги однесовме светковци Струга како беше и планот, мислевме да ги оставиме и да тераме наша режија, ама уште од дома беа со филмови како ќе се бањаат со бебе и што ќе прават у песок, па не би да им кршевме филмот И бебе беше живи радости што се бања со нив Се изнаигра во песокот, за гратис дојдоа и лебеди на плажа, па ги хранеше и препукна од возбуда А за да се биде совршено го однесовме да погледа и авиони како полетуваат-слетуваат. Среќната, задоволна фаца на неговото убаво лице ми го преполни срцево Као ќе јадевме со нив и ќе фаќавме патот за Скопје, ама ги прочитавме дека сакаат да си одмараат, иако се изнаспаа на плажа, ама старци бе Па се средивме и им посакавме убав помин, а убав ќе им е, свеки за неа си понела 1л коњаче, а за светко пола кило ракија Па што правдање удри дека не и било отворено шишето, па светко пиел и пиво, ама џабе, резилот на нејзина сметка стигна од сите странин Појдовме до чаршија као бебе да се протрчи Ние сигурно се истрчавме Купивме две играчки и седнавме да јадеме, мм нарача некоја даска со различни меса. Секогаш прво он јаде, а јас го хранам бебе, па ин го вртка бебе, а јас јадам. Бира мм месата, сече јаде, пробува и коментира, 7врсти имаше. И фати пик на едно телешко и као јаде и пола го остава за мене. Седнувам јас да јадам, го гледам прво телешкото ама постанав нешто околу бебе, се враќам со вилушката у рака, да го боцнам парчето и го нема Останав онака зачудена што бидна и шетам поглед низ масата, кога едно девојче дотрчува од соседната маса да ми каже дека мачка ни се качила на маса и ни украла месо Бебе ништо беља не направи дури седевме, ама го изгланца подот влечејќи се, ние уствари заклучивме дека игра брејк денс, будејќи баш се држеше на раце и вртеше нозете И на пеачката неколку пати и појде да и го покаже кучето (играчка) и авионот (и тоа играче) и да и покаже како лети и бучи, па го лета со раце и прави ауууууу и застанал директ пред неа До кола пак малку хаварии и влечење по под, ама брзо го смиривме, му купивме сладолед и го испаркиравме у количка Мм возеше до Стража, потоа јас, у пола ноќ стигнавме, уморни ама среќни Денес нов ден со желката Утре празник, кај моите на ручек и прибирање на нови спомени Идам да правам на бебе плескавички, па да го будам и ќе шетаме Убав ден
Здраво Мамаситас Да пишам нешто додека бебе спие. Тргнавме до Тинекс сабајле ама свративме до кај моите и тука останавме Да стане бебе па накај дома да фаќам патот и полека да направам план за пакување. Нема на шетање да одиме туку нс селење Кажав еднаш дека сакаме да се преселиме во друг помирен стан и најдов едем конечно бев вчера го видов,денес да се договориме и да најави маж на газдава дека ќе си одиме. Малце е помал станот уствари само спалната е помала и има тераса ваму без тераса збеснав и најважно е нема галама од деца. Има убав поглед го фаќа и водно. Друго што да кажам задутре тргам на работа како ќе се селиме како ќе чистам и тоа двата стана треба да ги средам Бебе почна да прави чао и браво Вчеа му ги перев новите алишта зс на есен и пребројував колку има за да знам што да му доземам а и нели во градинка ќе оди па мора да биде среден Уште некој пар тренерки и маички ќе фалат и зимна јакничка. Топлинки ќе му нарачам од Фб се надевам дека ќе му се погодат. Да земам да дремнам и јас дур спие мали
Е конечно да здивнам денес. лежам од 10ипол сатот утрово и само кревам и спуштам бебчо. Да заспие - јок! Дури сега во 17ипол,точно 7 саати ме матка. како друго дете да немам. Единствена предност ми е што првото е доволно големо да се снаоѓа да јаде само да си извршува свои потреби да се занимава... Инаку... Готова бев. Понекогаш ми помага околу бебето ама повеќе го гњави па така само по потреба го викам. Кога бебчо ќе заспие како сега а за жал тоа е многу ретко во денот времето му го посветувам на поголемото дете. Ќе ми простат домашните обврски ама малку послабо идат на ред маже од сабајле на работа кога ќе дојде сака да дремне рано му било одењето на работа - станувал во 5 сатот. помош од него дури приквечер неколку саати пред спиење ама и тоа е нешто,доволно колку да подработам нешто дома. Додуша големиот е на негова одговорност во половината од денот. Одат со синко кај свекор ми маже помага нешто околу куќа а синко игра со децата. Доволно е кога знам дека едното дете се занимавало играло. Додека да се вколпам во ситуацијава и додека бебче не порасне. Мора да се снаоѓаме. А и синко чека бебето да порасне,тој мислел дека кога ќе си дојдеме од болница после породувањето тој одма ќе можел да си игра со бебето. Е да,ако беше кукла ќе можеше да си игра Е сега да прашам едно прашање за мајките кои имаат бебенца до 1 месец,како им оди спиењето? Колку време спијат колку време преспиваат колку долго им спијат навечер.... Чисто за споредба. Да не прашувам по други теми. Со првото веднаш фативме ред ама ова малку проблематично што денот додека е будно ми е на цицање. Па некаде после пладне веќе ми се врти низ глава дека е гладен па давам ад млеко. И џабе после некое време пак е на цице. Не ми пречи педијатарот вели добар е во килажа ама мислам чудно ми е да лежам по цел ден. Додуша и јас сакам одмор со седење и лежење не можам да сум многу на нозе ради резот ама олку долго не сум седела и лежела. Ноќно време па спие фала богу,станува 2 или 3 пати за цицање. Всушност мене се ми е заборавено како со бебе дури некогаш си помислувам како ли сум се снашла бебе да изгледам на неполни 24 години а сега со неполни 30 врска да си немам од животов ама еве веќе 2 недели поминаа одкако се породив па ќе летнат и месеците и ќе си порасне. Па поздрав и имајте пријатна вечер.
Добро вечер мајки. Гледам одамна не сум пишала и кој знае што се заборавив да кажам и честитам. На неколку пати тргав да пишам со мултицитари и се, ама дете си бара внимание, а јас не би да му скратам ни минута па се се одложуваше. Инаку еве лежам до беба во Софија, уствари на планина над Софија сме. Како ли само го најде мм хотелов. Патот до овде мал хорор. Патот за Галичник за ова е авионска писта. Ама затоа воздухот што го дишеме овде е милина. И ќе се спие конечно после вчерашниот пекол. Грција не испрати со пеколна ноќ. Инаку периодов помина роденденот. Баткото ми наполни две годинки. Две години исполнети со љубов. Не славевме, оваа година решивме да прескокнеме и само најблиските (само моите; свеки и светко уште во Ох му честитаа претходно, золва и брат со болни деца, па на неколки дена пред одмор ни на крај памет не ми беше да ги примам). Ама затоа торта си имавме најубава. Дете колку само и се радуваше па се пееше ту ју, ту ју. Па се дуваа свеќи. Прав доживљај што би се рекло. Еве 3 недели поминаа он уште пее ту ју и дува свеќи. Битно од мама и тато доби рипче, ама ќе видиме дали и колку ќе поживее. Утрото спремни со мм да му пееме пред работа, а он се успа. Сите денови претходно ме будеше во 6, ама тој ден реши да се успие. Ама не го поштедивме и го разбудивме за да ја видиме неговата реакција. А он така успан не ни сфати што се случи. А во меѓувреме почнавме и елко елко да пееме, зошто на една шоља за кафе здогледа маз (дедо мраз) и сега почна и сезона за нова година Одморот помина, или подобро да кажам пролета. Дете воодушевено од вода и капа и тампони дозволуваше да ставаме само да пливал како ајкула ( ова он сам си кажуваше). Ама мислам имаше и удел што си го научи ритуалот бањање па сокче на лежалка. Се изнапи сокови колку што не испил за две години. Добро што сфатив дека и цеден портокал проаѓа, па последните денови тоа пиеше. Смештајот и не беше баш (тесна соба, уште потесно купатило), ама дворот пари вредеше (убава сенка, удобни столчиња и ветре што пирка). Па се прибиравме од плажа, дете спиеше во количка во двор, а ние со нозе во вис уживавме. Истото и навечер си го правевме. Затоа денес на шопинг се дадов. Конечно и јас да се почастам асални наочари за сонце. Ова дека попуст некој фатив инаку тешко ќе се решев. После тоа хм и лидл ги прошарав (само набрзина дека мм ме бркаше), ама утре има ден. После контрола ќе се дадам пак. Сум наумила уште часовник, ташна и евентуално кондури за мене, а за дете список немам, ама кој знае што се ќе соберам по дуќани. А и декатлон ни е задолжителна дестинација. Уф ова мојов по долго време долгометражен испадна, а уште колку само имам со малиов да раскажувам. Права ѕверка ми е станат, ама и право маче знае да биде. Имајте убава ноќ мајки, па ќе се пријавам штом се приберам по дома
Jas ke pisam da se pozalam... bebka za nedela pravi 2 meseca. Celo leto od doma nemame ispadnato zimi u dvor i toa kratko. Piska, vristi... ednas izlegove na carsijq da setame koa rikna site ne slusnaa. Vikend bevme vo ohrid nisto od hotel ne ispadnavme staj a u kolicka pisti vriska zajduva.. nalet i setanje u se... samo u raci. Staj a da spie na krevet stava place, staj a unkolicka place sami u race mese na mese...pa mi se moca, mi se jade, da fanam nes nemozam se u raci.. 45 kg sum kaj mozam da jq drzam a tek ke ima na kilaza... maka mi e za kolickata 500 evra za sto.. da vristi u nea...a merak da ja zeam da prosetame da se povozime...ili u restoran da sednis bar u race da e mirna aj neka kolicka. .. ne biva...ne biva.i ne biva... neznam so ke prajme. Letoto doma eve zavrsi ami i zimoto standard.... mi se place od maka. Naporna e se u race.. ili spie ili place. .. poveke place retko spie.. pa makq i da se uspie. Znae da vriska po saat dva tri pa da se uspie...sili energija na nula sum.. i plus nervi tancat. Aj dobra nok imajte. Se iskazav jas
Не секое бебе е мирно и само спие првите емсеци. Има такви како моето и еве твоето кои плачат, вриштат сакат мама да ги чува меше на меше па дури некогаш и така да плачат...можеби има грчеви, можеби и е топло....угодувај и и трпение имај, ќе помине периодот...
Добро утро. Маѓиот дури сега сам се предаде и заспа сам. До кога вскс не знам. Губиме осет за секаква реалност веќе. Јас си ги шетам мислите и кај не стигнале веќе. Барем во тој смисол патувам. Ми текна нешто па да побарам предлог некој од вас. Крај на Октомври почеток Ноемри сме на контрола во Истанбул. Сакам со време оти после во борба со фондот дали ке ја покријат контролата ќе сум збунки цела. Сакам да однесам на сестрите, чистачка, доктор.. Бар тие што ке се тој ден на смена нешто симболично. Никако со умисла за подмитување и не навредливо. Да речеме ете од малото за нив, пошто тој е нивен херој но да речеме и тие негови херои. Нешто како медалчиња баш медал за околу врат? Дајте ми идеа и каде може истото да се изработи. Нема да ми е непријатно и че нагласам дека и на финансиски план треба дс е симболично. Битно да имаат спомен од Алек и дај боже никогаш повеќе да не зстреба да одиме таму. И кој и да оди да завршува успешно па и мојот херој исто. Мирен сон на сите.. Ке го чекам и јас мојот да дојде.
Добар ден мајки Седнав да пијам кафе и да апнам колач. Некако ни колач ми се дојадува ни за кафе уста ми се отвара. Период каде инспирацијата за пишување ми е рамна на 0. Среќа барем околу децава и игрите се снаоѓаме, буткаме. Иако, турни ме да кинисам работава. Две ги испратив во градинка, малото наранив и пресоблеков, додека играше, а не беше во животозагрозувачка ситуација, божем почитав нешто за возачката(исто како ништо да не сум прочитала во превод), па кога дремна ручекот и спружирање/пеглање алишта. Пладне дојде, јас капната а дете дури и непрошетано. Обично шетавме на пладне, ама фатија големи жештини и чмаеме. После свекрва ми ќе ги зеде големите од градинка, па јас со нив да играм а она да ја прошета. Некогаш и по два пати испаѓаме, мака ми е кога вака ќе се погоди да не ја изнесам. Од жешкото и лошо спиеме. Се будат, ќе почнат да плачат, од една сите три на крај во хор. Лош сон, континуирано, па и некаков безвеза умор и даун расположење. ОД другата недела средната почнува во градинката кај големата. Верувам дека бргу ќе се адаптира. Телото и духот си наплаќаат некој стар данок за кој предходно не сум имала време да го намирам. Баш кога ќе се издиши малку човек, ќе види сонце. Реков. Инспирација рамна 0. Убав ден на сите. Да одам во игрална да спремам нешто за кога ќе дојдат момите.
Добро утро! Ве немааа, ве нема. Јас дојдов од работа, истуширана, најадена, сега легнав да ми се фати. Мали со баба спијат до мене. Да ми ксжуваше некој дека на свои 41 ке спијам со мама ке му се смеев. Од 18 до 36 живеев сама, одделена од родителите. Може дека рано одделена и сега животецов ми врака. Кој знае. Па и предлози не ми дадовте Да пробам да заспијам некој саат оти и немам што да кажам баш. Нит идеа за ручек имам. Убав ден на сите. И дај есен дојди веке еднаш.
Добро утро ајде кој е за утринско кафе повелете Ептен ни е празно катчево нигде ве нема мајкички Јас на работа полека се освестувам цела сум поспана ,а напорен ден ме очекува искрено да ви кажам Синко уште денес се чува со баба ми и од понеделник почнува во градинка ,ама имаме новитите сега сабајлево го прашувам ќе одиш во понеделник во градинка таму те чекаат другарчињата да си играте ,а он ми враќа не не не како викам не ќе одиш ,не одам о баба па кој знае како ќе биде дали ќе оди со мерак или плачки не очекуваат од понеделник ,ма да мислам дека нема да има плачки ама ќе видиме Како доаѓа септември некако депресија ме фаќа што летово завршува ,ич не сакам ладно и зима ,па настинки па вируси кога ќе почнат лелеее Вчера ни беше на гости кумашинката со девојчето иначе врсничка на синко и ја прашуваме прво нејзе сакаш ли мама да ти роди бебе и она вика да сакам ама женско ,после го прашуваме моево и он дека така скромен сакал ама сакал и бато и дада се изнасмеавме со децава Друго нема ништо ппсебно знаете дека девер ми се ожени и дома сега сме малце кнап додуша ние имаме цел спрат наш ама пак дека заедно сме ,ама сега за сега супер функционираме девојчето е океј ни оди муабетот ,треба да се породи до крај на септември уште еден курле по дома ќе си имаме ,сакам да и направам една убава бебешка корпа полна со алиштенца ,козметика ,мече нешто убаво да биде па треба да почнам да се спремам полека и за тоа Ај доста се расприкажав одам посао зове . Убав ден
За сите ќе поверувам дека не знаат што за ручек, ама за тебе... Вечита инспирација си ми за ручек! Е го кркам више 2 дена по ред, на врата имаме такви плачки, да ти се стужи душата. Денес застанав на прозор и плаче мамаааа... учителката му вика Ќе дојде пиле мама ќе те земе, не мама, бабааааа..... не знаев дали да се смеам или да плачам. А од понеделник во нова група којзнае како ќе биде. Ево мене! Вчера малку нели се онесвестив на работа, па отидов на лекар ми вика аааа мора невролог ова да види, невролог вика од вратот ти е, кај и да е ќе почне да те боли, па нормално еве го сега вкочанет и боли. Ја чекам мајка на пауза да ми дојде да тркнеме до пазар да си купи нешто, дојдена е на 2 дена, и се симна една голема тежина од плеките. Многу си ја сакам ама многу прави нелогични работи и потези, мајка. Денес ќе и земам некој лек за мозокот, некоја омега, нешто такво, да ја поддржам малку. Јас се уозбилив со слабеењето па сите хеланки и прслучиња за вежбање што си ги купив ми се ГОЛЕМИ! Маж вика не се сеќирај женче, ќе купиме нови, ти само слабеј. Не сум ригорозна којзнае колку во диетата, знам да измешам вечерата за ручек да ја изедам, особено во јх ден или оброците на 3 да ги поделам, ама убаво ми е. Ми претстои долг викенд сами дома со дете, а на ум генералка, ќе се потрудам за денипол да завршам, ако успеам де, ама не се форсирам. Решив да ги дадам на перење теписите, бар тоа да тргнам од дневен ред, да не го мислам или ако сака маж сам нека ги пере, јас останатото ќе го средам сама. Сама со дете дома малку потешко, ама ќе пробам бар утре попладне да го однесам кај баба на чување и да успеам да средам поише така. Недела имаме и роденден и ручек дружба со братучед ми, така да ќе биде густо. Планирам од денес да почнам со припреми за чистење, односно да ги соберам сите играчки во гајби за да нема ништо по земја да ми се шутка, се ќе биде складирано едно врз друго, јас само да смукам, бришам и фрлам тоа што е за фрлање, а за тоа ќе ми треба богами многу инспирација, планирам да ја побарам во Фрајле на YT на цел глас. Ииииии, за точно 1 недела ќе отпочне роденденскиот викенд, планирам некаде четврток да поминам само со правосмукалка и џогер, а може да му оставам тоа и на муж, за јас откако ќе станам во среда сабајле да се разгалам до максимум. Еднаш во годината ми е роденден мајко му! Ако добијам пари од свекрва ми и од золва ми ќе си награбам еден Долче густо апарат, од мајка имам аркопал тањири тиркизни а на ум сум да го домкнам дома и миксерот од Делимано што е на попуст во Рамстор. Знам, знам, фрик сум за кујнски апарати, сум признала досега. Ќе одам денес да нарамам комода од Прима, карши ми е, ако успеам да издејствувам монтажа утре, охоооо, пресреќна ќе сум Мада тешко али ќе пробам. Мислам дека доста беше за денес, а? Или за утрово Морам да поработам нешто, мрзоволноста од неделава уште ме нема пуштено Ајде среќа завршува
Галаче есен доаѓала официално од недела така прочитав по германските весници.Јас мислев дека е 21-22 септември Од понелник се очекува 20 степени, ама за викенд 30. Добро утро Кај сте бе мами? Новите мами зошто не пишуваат на темава Толку сакам да ги читам за бебушките Петоки викенд.Најубаво ми е кога ќе го исклучам алармот наутро и ќе ми каже нареден аларм по 2 дена. Не пишувам оти треба да се жалам од свекрвовциМалата се чува со баба и дедо.Првиот ден помина супер без плачки оти бевме заедно на др.Ама после тоа секој ден плака по мене не ги познава баба и и дедо и Конечно подобра е инаку пак фати коксакиТрети пат. Од понеделник треба да е на градинка ама не работи градинката.Па ќе почне од вторник кој ќе ја слуша да плака. Во вторник имаме редовна контрола која ја доцниме си добив и лист за потсетување дека мора да ја однесам до 22 септември. Предвидено ми е да ја боцкаат ММР ревакцина оти од март воведоа и во либералната Германија казни од 2500евра.Не дека јас немаше да ја вакцинирам да ми беше терминот за контрола порано и порано ќе ја вакцинирав. Вчера се вреќам детето го будеа од спиење, а го оставиле да спие на земјаСвекорот заспал исто на земјата, а маме заспала на креветДете толку се расплака што не ја смиривме 2часа.Целата здрвена и гладнаЈа оставаат да спие денски по 4 часа , а навечар до 23 не можеме да ја заспиеме со мм.Абе најлесно се чува дете додека спие.Оди анимирај го.Штом им е тешко од вторнок ќе си оди во градинка нормално време.Мислев да ја зимаат до 12 ама не нека си седи до 16и30.Па уморени луѓето зошто да ги мачам Мислев моите овакви онакви ама изгледа сум си научила без помош да функционирам.Ги викнавме да дојдат за да бидат со малата , а и таа со нив нели секое дете си ги сака многу бабите и дедовците.Они повеќе на скајп висат да не испуштат нешто од другите внуци, имајќи да си уживаат со ова додека им е блиску Ако они си знаат.Јас ќе ги издражам уште 4 недели.Туку од толку гени малата ми е цела на свеќи да си пукни човекДа не ве замарам во др тема ќе си одам За мешето на малата и докторката на брза помош одма кажа дека е типично за деца до 5 години кога не знаат да кажат што точно ги боли па покажуваат на папчето.Зошто така не знаеше да каже. Стигнав на работа и приметив не сум ставила стикАма не смрдам бидејќи се туширав пред да излезам.Среќа одма претрчав до ДМ да си купамСи купив рол он Дав инаку си користам Рексона. Земам да си извадам вода сум ја заборавилаНе ми е изгледа денот @Seline, @vitamina, @duffi ,@gjoker4e и сите што избегавте во 40, да пишат нешто. Завршив со јадењето да земам кафе и да работам нешто.Имајте убав викенд
Мислам те прочитав за медалчиња бараше. Побарај по фб има многу кои декорираат родендени, може да ти направат. Тања декорација, има.еден куп.
и јас мислам дека лето до 21-22 септември е Инаку ајде добар ден. Читам цело време додека цицка бебушко,венеам дремам... Некој ќе рече авал да и е на оваа со бебе па уште има и време за да виси на интернет. ама за да не заспијам морам да чачкам да си го задржам вниманието. Сварив некако кафе, бебе цело време на цицање и во раце, 15 мин цицни 15 полежи или дремни. Не можам цркнав, ноќеска слабо спиена а за малер дење не можам да преспијам ни да подремам,ај што потешко сон ме фаќа па уште и поненаспана станувам и глава ме боли. Глава боли и од недозавршени обврски, некогаш си викам ќе прекинам со доење не можам цели денови во кревет да ги минувам,тешко на поголемово дете што чека ред,само го лажам за сенешто да не се нервира да не припискува и тоа. Овие 2ипол недели толку ми е запоставен... ми се плаче па згора на се од понеделник треба да почне на школо а од таму абер немаат да се јават да информираат... ужас. Ајде ќе пијам јас кафе додека не станало ајс кафе па може и нервозава ќе ми помине (читај барем ќе се ублажи)