Еве и јас сварив едно турско на работа и сама си пијам . Најубаво кафе е она што го пиеш и си ќутиш, нели? Со странки сум љубезна, ако дојдат ќе станам, ако не ќе си пијам кафе на фемина. Конечно денес петок, 2 дена малава нема да плаче хистерично по мене насабајле, ексик! Вечер ќе се дружам со сестра ми, утре исто со неа ќе шетаме, малава едвај ја дочека тета. Што ќе правите викам со тета кога ќе дојде и ми вика цигари ќе пушимеD Мм исто како да го нема дома, човекот со моторот е зафатен, како да е член на семејството. Ама навечер ррасфаќа по дома и наутро тој останува со ќерка му. Не се жалам, многу е посветен на неа за тоа Едвај чекам плата и да купам нешто за бебо, немам ништо за машко, а и другарките се женски родија, па одамна немам нешто за машко купувано Ручеци не ви ни спомнувам, оваа бременост готвењето ми е замарање дека само ми се гади, а бе едвај нешто правам. Мм загреота само на пица, јајца и тост живее За ќерка ми готви свеки, а често и јас ќе каснам таму, да има за снаата дека трудна нели, ми оставаат па јас си користам Поздрав
И нас така ни врви времето,со едвај чекање плата да земеме минатиов месец маж ми ја зеде,јас дента се пораѓав и ништо од пазарењето,купил само чорапи за големото е добро и тоа е нешто. Сега и јас едвај чекам следнава да дојде,за 2 недели ќе ни "легне" па морам за бебчо да прикупам. Скоро се му е големо. Првото значи поголемко ми се родило. Е септември мајка ми одсекогаш се жалеше дека е најтежок месец,е сега и јас ја презедов таа "традиција" да се жалам за месец септември. Требало деца на школо (некои во градинка) да тргнат,требало дрва да се донесат требало зимници да се прават... Јас во таа гужва на трошоци бебе си родив па и многу деца (машала) имаме во фамилијава секој месец на некого му е роденден. Ма само за убаво нека е.
@Ava.84 Не пишувам јас ни во 40ка. (2-3 пати имам пишано само одамна) Две недели сум на одмор па пишувам во по некоја тема инаку тешко да се најде време за телефон. Да ја искористам приликава да ги поздравам сите.
Здраво од мене пишувам во движење,се возам во автобус.Ќе го земам синко од градинка последен ден му е во оваа.Од понеделник почнува во нова градинка. Не знам кај да си се пожалам,фрустрирана сум од односот на воспитачките последниот месец Синко овој несец дали беше во градинка 10 дена,а има место за 10+часови на ден цел месец.Земаат најмногу пари што може да се земе по дете.Викам далеку ни е градинката и да не го мачам детето да седи таму се дома си го чував-кога и да сум слободна,дури и на деновите кога почнував прв ден 3 смена. Ама последните две недели претераа.Еднаш ме викнаа од работа оти синко го изгребал малку повеќе коленото.Пред два дена го викнаа мм од работа оти го каснало оса за ножето,демек алергија. А,мм најрано што дојде беше после 2 саати да го земе,доага од другиот крај на градот.Ако е алергичен нема да чекаат ние да си го земеме се вика брза помош.Нели можеа да стават мраз на ножето. Друго ми викаат последен ден ќе правиме ли парти.Викам да,донесов донат и лубеница.Украсено ништо,нема никаков лист хартија-тоа дете денеска му е последен ден тука. Му кажав на мм вика па што не си им рекла дека така не се прави забава.Јас донесов вие ништо не направивте.Знам за други деца имаат и слики цртано од отпечатоци на децата,ама се измениа воспитачки и толку таа.Имам роман да пишам колку ситуации ми го дигнаа притисокот последниот месец. Новата градинка екста побараа голема слика од детето.Првиот ден ќе стои на вратата со име и дека е ново дете во групата.Не сум паметна дали да напишам жалба на одговорната на градинката Инаку да не мрчам,ние сме добри.Со синко бевме на доктор понеделник и го вакцинираа ммр.Се надевам ќе мине без тт. Август ептен напорен месец.Термини еден тон и работа.Ме испланирале мн. прекувремено. Баш гледам имам 50 саати прекувремено до сега.Септември затоа ќе ми биде порелаксиран.Имам само една недела работна. Ама добро ќе одиме пак на прилагодување во новата градинка,па ќе се дружам со синко,а да и свеќи со свекор ќе дојдат на гости една недела. Колата ни се расипа,уште тоа ни фалеше.Па ја продадовме и сега имаме друга.Се надевам ќе се погоди.Кола на старо ти е мачка во вреќа,не дека ако е на ново е 100% сигурност дека ќе е добра. Ајде стасав до градинката,цел саат типкам на постот,оти внимавам да не пропуштам станица. Вечер ќе одиме на забава за вработени од цела клиника,ќе треба да се спремам.
Добар ден мајки. Ние добри сме, кулираме Еве јас и синко се излежуваме од една соба во друга, галениче големо станал дечкото. Секое утро го будам со масажа а тој за возврат ми дава гушки и бакнежи некогаш и додека игра ми вика може да се гушнеме малку нели Втор викенд по ред како одложуваме мини одморче на море, времето како да чека викенд да дојде за да почне да врне Се виде одморот летово, повеќе среќа за зимување здравје Некој погоре имаше спомнато дека детето сака сестиче/братче. Ова моево не сака да му спомнеш Често му зборуваме на таа тема, баш и утрово зборевме нешто за другарчињата негови, дека сите имаат брат или сестра, тој ми вика не сакам, некој треба да биде и сам јас сакам да сум сам. Не знам од каде ова и дали ќе го смени мислењето. Кога сме кај проширување на фамилијата, идната недела ќе правам хистероскопија. Не знам само дали ја донесов правилната одлука, ќе одам 40 км во др. град да го правам зафатот бидејќи докторот као многу врвен професор во Милано а кога бев пред некој ден да ми земаат крв и да разговарам со анестезиологот, не ме ни прашаа кој ден ќе ми биде од циклус ми закажаа дата тие што сакаа, за среќа се погоди да ми биде 12 ден Ај да не ја тупам за оваа овде. Во најава се гости од Мк да идат. Читајќи ја Ава со нејзините, страв ме фаќа и за моите И за тоа отом потом, прво нека дојдат, кој знае може и ќе ме изненадат Поздрав жени
која возраст ти е детенцето? Мислење може да смени и одкако дома ќе донесете братче/сестриче. Прво помини се како што треба со хистероскопијата па со Господ напред ќе си се "помножите" ( намножите ) јас одкако останав бремена односно одкако почнс да ми се познава стомакот му кажав на синчето дека ќе иимаме бебе,тој прво сакаше женско,кога слушна дека е машко не сакаше муабет да му правиме ќе го неќел. Во последниот месец само ми го галеше мешето секогаш кога бебето ќе мрдаше и на сите се фалеше дека ќе има братче. одкако дојдов од болница со бебе ми вика се чуствувам како да сум во друго семејство. Не сме веќе сами не сме веќе малку сега четворица сме.
За некој месец ќе полни 5 год. Искрено се надевам и јас дека ќе го смени мислењето. Инаку, ние сме во план да не го оставаме сам, со надеж дека некогаш ќе ни биде благодарен за оваа одлука. Само да кажам, оваа е наше размислување. Не значи дека постапуваме правилно или пак, дека ги осудувам тие што не сакаат второ дете Секој си прави како што мисли дека е правилно.
моето е 6 годишно,таман додека се направи и роди кај вас ќе си има и вашето приближно 6 години, ќе смени мислење немој да де думаш,и јас исто не сакав да е сам па како викаат никогаш не е касно, вистина голема разлика ама не е толку важно, предноста тука е што нема да имаш љубомора а ако разликата е помала и првото е помало поголеми проблеми се прават. Верувај дека секако ќе ви биде благодарен,за брзо ќе му дојде период кога ќе му е досадно па тогаш ќе имаш шанса "да го убедиш" за братче/сестриче. 5годишните имаат многу преодни периоди и често мислења менуваат а од 6тата веќе се многу постабилни. Ви посакувам од срце успех да си го отстварите планот и да си бидете многу среќни
Добро утро! @AngelOfArh Стварно вчера не правев јадење. Супа и пилешко со ориз имаше од завчера и јас останав немајка Само вечерта испржив компир, трет пат ова лето шо се вика. Малиот изненадувачки ама не го сака. Ама ај декс баба му пости и да не сум јас да и подадам во тие денови нешто нема ни да јаде. Не дека нема што да се јаде, не дека не знае, едноставно како да сака дури и со вода да ги помине тие денови. Затоа денес уште сабајле пукаат ринглите. Телешко се крчка со многу зеленчук, бабљи поготово, шпагетки и стасува квасевот џа тесто. Вчера и на работа не бев. Имам денови кога немам воља за ич ништо. Знаеме сите на човек што му треба освен здрави деца ама не сакам по секоја цена. Да допијам кафето, замесам тестото и одам до продавница. Тестото ке почека за поручек во фрижидер нсаверојатно, или евентуално утре. После на работа. Ништо ново кај нас, мали е добар пу пу, имаа малку прекин и немаа се слушнато со татко му, три дена му кажувам да му се јави ако сака, не сакам ми вика. Оти он не ми се јави? И тој се јавува не дека не но не е сериозен ни постојан. За него е доволно да се јави, да го види кога ке дојде од пат и толку. До кога дс издржам и дозволам така, засекогаш? Убаво бев се помирила. Убав ден на сите, а есента не ми е битна датата само нека залади.
Добро утро мајки! Ми фали секојдневното читање и пишување на темава. Ама таман ќе застанам да пишам нешто, некое дете вика. Ние турбо сме.Јас незнам дали има деца кои заспиваат потешко од моиве, абе очи им паѓаат, црвени им се и не и не. Малава па особено не сака да спие преку ден.Ај ќе се доиме па ќе и текне ќе се тргне па ќе лази преку мене, па пак ќе цицне, па ај ќе ја нишам во раце и едвај да заспие. Така два сата поминале,за да дремне 40мин. Лази,се исправа и многу е тешко сега, секунда не е за сама. Другово изведува, не јаде. Од јадач се претвори во најголем нејадач. Барем едноо дете велам да беше лесно за спиење и јадење. Ама не. Е за сметка на сето ттоа имам тахикардии, несоница, болки во мускули. Имав и понуда за работа.со одлични услови. Ама свеки вели малиот в градинка таа со бебето да била. А в градинка нема место. И кога ја видов вчера како збифта, беше на помош, имав обврски и тоа само со малиов се расправаше, знам дека не може да ги чува. Да помага и дедово да, ама тој не мрда со уво. Мајка ми на работа, татко ми.исто не се замара со чување деца и тоа е. Ќе дојде белким ден и за мене. Двајцата во градинка и чао. Учебната година се врати, па доста им беше веќе, што е ова три месеци одмор. . Имам.еден куп работа алишта средување за на школо, за нас. Во план шетање за викендот продолжен па со време да се спремам. Една снаа вели кај нас мајките со три деца се сметаат за најдобри менаџери. И богами, така е. Мора се унапред да е смислено, средено направено инаку ништо. Топлово више не го можам. Не се трпи. Сакам есен. Прошетки без да те пече во глава. Ај блиску е. Тоа е мајки. Денес ќе одмарам зашто веќе ми се лоши наутро. Па од утре да се среди се. После домашни, учење и сл. Можда и на мајка ќе и се тупнам. Јас ќе лежам и читам.тие нека се бркаат со децава. Убав ден!
и јас сум немајка,ама јас за тоа што има разноразни зготвени јадења а синко не јаде пребира се храни со глупости. Немајка сум била и ми ја ставија таа етикета. И мајка ми била немајка што не ни давала многу разновидно ама па јас јадам се и сешто дури и јадења кои таа не ги направила никогаш и намирници кои таа не би ги смислила а камоло да јаде (печурки на пример) деца да се здрави и живи ама додека ги изведеш на прав пат и ќе скренеш не мислев лично ти мислев на сите мајки. Имав и јас со првото таков период и само со нишкање успевавме. секој кој работи по тој принцип полесно се снаоѓа,неплански ништо не излага како треба. Епа тешко нас на мајките кои се треба ние да организираме. Ајде женски Пуштајте деца во градинка - на школо и почнува сезоната на ајвар Малку да се нашалиме. се пожалив некаде низ темиве дека со маки ќе ја поминеме ноќта ама синоќа сум се наспала.... бебе кемкаше го доев му давав млеко се "поду" од пиење абер немаше да престане. Е веќе во 1саатот ноќта се "предаде" спиеше машала еднаш стана крај 4-5 сатот за цицање малку цицаше заспа после во 9 пак и веќе фала богу се наспав и почна денот. го пијам кафето додека малото спие а големпто чачка на телефон. Викендов ако бебче ми дозволи да ги средам алиштата на големкото понеделник почнуваме прваче на школо.
Мајка сама дома организира генералка, тато на викенд у Охрид со другари (ова ќе му го наплатам), дете кај баба на чување. На маж му пишав дека ми дужи 1000ка, за генералка жените за чистење зимале 2000ки, пола пола нека е и ете му со тие пари ќе си купам нова есенска јакна. Или има друга опција, за новогодишните празници на следната генералка јас ќе си се спакувам на еден викенд а он нека се снаоѓа со дете и нека чисти. Мислам дека му дадов фер понуда. Во план ми е убава генералка со преместување и перење теписи, завеси и чистење гарнитура. Има да симнам едно 3 кила денес. Моментално имам пауза за ручек и кафе. Спалната ја шкртнав од список, на ред е кујната и дневната. Денес планирам се да завршам, нема легнување додека не завршам. Искрено ми тежи и ми е баш потребно, тоа што ми се јави вратна спондилоза и имам вртоглавици, ме боли врат и глава, е тоа е друго. Толку од мене, морам да продолжувам, ме чека долг ден.
Трет службен пат на маж ми у 3 недели. Среќа овој пат само 2 дена. Малата лута, оти одел. Ама у понеделник да сме живи и здрави малата у градинка а ние двајцата дома. Да се видиме ко луѓе. Само на кратко ќе одам по документи да земам за на факс, пола саат работа и 6 саати цели ќе гушкам маж. Ми фали. После па по мене ќе плаче, јас ќе одам по неколку дена на предавања у странство, она со татко и се надевам нема да биде трагедии. Јас исплашена како ќе ја оставам, маж ми вика јас сум тука, свекрва ми вика, јас ако треба ќе дојдам кај вас за викенд, матичниот вика и да се разболи јас сум тука... сите тука, мајка грутка у срце како без дете. Ама мора да инвестирам во себе за да и дадам се што можам. Пукнав од двор средување, од чистење, од алишта средување од се.
Дур спијат овие моите љубовчиња, да ви шрктнам два три збора од топлата Грција Уште денес и утре сме тука. Поубав одмор не можев да имам. Дали дека очекував бебе да биде бесна ко дома.. овде ко друго детенце е. Мирна,си јаде,си спие на време,нема плачки, абе баааајче е Со сите се закачка, им збори по нејзино, на сите “тао”им вика По пат наваму мислев ќе е хорор, ама не, си спиеше цел пат во седиштето, стана некои 20км пред градчето каде што сме, ама со смеа и игра си поседе уште малкуцка кој би рекол. Многу ми е сменета нешто. Сега чекам да дремнат со татко и да одиме на плажа. Многу не е по бањањето, повеќе на песокот му се радува, зима од морето песок па ја носи на брегот, и сето тоа за раче фатена со мене или татко и, па замислете која “километража” ја набиваме одејќи, цел пола саат а некад и више трае играта Ги заборавив дома кофичката со играчките,па си дадов 7€ за други тука, и замислете неќе да ги погледне Кој нема во глава има во џебот викаат. Маж препека за дома,не му се седи и сакаше да си оди уште вчера, ама му реков слободно да ме остави со бебе, ќе си поседиме уште 10дена ние без проблем. Па се предомисли,замислете Ми преговара за Шпанија за наредна година, прави математики колку пари ќе ни требале за таму дури, а јас читајќи ве не би се нафатила да одам баш... Он уствари едвај 5дена седи на 200км од дома, а не па уџум да фатиме во Шпанија па и 10дена дс треба да остане,ќе скрене Да си напраам едно каВенце, да пафнам едно цигарче на раат на тераса. Се читаме подоцна. Убав викенд имајте
Ајде и јас да пишам додека ѕверчево мое спие. Еве една недела спие во креветче,голем е но сам појави желба.А да купиме или да направиме кревет нема место каде да го ставаме,па нека спие дури го собира,па тогаш ќе му ја мислиме. Сакал да спие сам како големите батковци.Па така јас и мм си спиеме гушнати како на времето пред дете.Не дека ја преспива цела ноќ,некогаш си иди сам и си легнува меѓу нас и вели јас додов. Свекор е на одмор и секогаш наоѓа нешто да работи,да чука да брчи кога дете спие.Првпат ваков човек сретнувам да нему е гајле дали некој спие.Абе ние кај мајками брат ми кога ќе беше трета смена на работа одевме на прсти дома. Инаку пуштивме мало терасиче кај нашиот дел од собата.Не е мало ама не е широко јас сакав поширока,ама нема шо сакам. Во план е да се прави дворот и секако треба да се варосува дома,ама знак прашалник е кога.Мм вели после роденденот од дете,а јас сакам пред да замириса дома на чисто/средено. Требаше одмор да му дадат ама ништо,па понеделник ќе оди горе кај директорот лично од него да бара.Каква среќа има и тој секогаш кога бара тогаш се наоѓале во тесно.... Мм работи приватно,сработил на едно место па заминал на друго,како ме нервира и тој не си го гледа здравјето.Ама и сам вели дека не можел да работи со тоа темпо како пред две години.Кога ќе си дојди да ручаме и да се истушираме,јас не можам да се поднесам смрдам на пиперки и колбаси,да се спремиме и ќе одиме во бољи живот.Дете ќе потроши батерии,а ние ќе наполниме. Одам да будам дете доволна му е дремката од 2 часа,ако го оставам ќе имаме журки вечер. @Ava.84 Сваќе е сега нѓгледаш како ни е што седиме во заедница. Издржи,стегни заби ќе поминат неделите и ќе си бидите сами. Бацки до снашката и со помин нека е.
Фала мила @Ava.84 за помисла. Те читав за околу Шпанија, па отворав да те проверам пак што си пишала дека сакав да одиме таму веќе подолго време се мислевме и размислувавме, па на крај капак ме остави без зборови со малтрерирањето па баталив. А бев ентузијаста за да ти пишам лп за искуства авиони хотели и слично. Пробав едно време да гледам на букинг и калкулирам, еднаш најдов ефтини летови и скапу хотели, другиот пат обратно, па кога видов колку се патува, па кога размислив како би организирала од авион до хотел и што ако не успеев да ја изведам состојбата БАТАЛИВ со други зборови. Иначе за гостите ич не се секирај, од грешки се учи . Иначе не сум префрлена во 40 ка туку од токму таму започна моето членување на форумот, веќе со год пишувам таму Тука као наминував оти имам исклучително мили членки Ние растеме, ама сите растеме де се спремаме летово да го испратеме и раат да сме си Имам премногу обврски, што едни што други околу малово што трети, и официјално се селиме на 1 ви окт во стан од соништата . Испадна као "последната голтка кафе била најслатка". Се спремаме за нова етапа, дали ќе навратам да пишам и да раскажам или не не битно вие да сте живи и здрави и голем поздрав до најмалите посебно. Ставивме ммр, сега до крај односно до 14 год имаме уште 2 ревакцини што ги налага државата како задолжителни. Реакциите на ммр не ми се допаѓаат и долго траеја и траат. Односно цела една недела . Со претходната поминавме без никакви реакции. Живееме во полна пареа, без оглед на сите препреки низ животот. Се трудиме барем Голем поздрав до сите
Добар ден мајки Стандардно ова време, бебе спие, а јас кулирам, па и стандардно Сахара уште трае Рано сабајле го фативме патот со бебе да шетнеме и испазариме за на море. Се вративме со куп глупости и бајаги олеснети Тргнав со список, па неопходните ствари знам дека се земени, да не мислам, а тоа што е уз пат ќе ни се најде секако нели Машини вртат да доперам, па да извадам што ќе се носи и у куфер, смислив и што за ручек, пола е готов, па и тоа едно гајле помалку Вчера јадевме месо и пола остана, па денес ќе замесам едно тесто, односно Мули ќе меси нели , јас намирници ќе пикнам, кашкавал одозгора и тиииии даммммм пастрмајлија за ручек Сум станала жалостлива да фрлам храна, а не ја ни фрлам Белла ја јаде, ама ете се нервирам на моментот што шашаво јадеме Бебе никако да го доведам у ред со спиење Еден ден ќе биде, наредниот пак забушава, стварно не знам каде грешам, сите комбинации ги минав Мм вика дека сум правела планови и стратегии боже испит ќе полагам или некој битен случај ќе решавам Ама он не го врти низ соби до 12ч Оно и да сака бебе е у фазон ,, мама, мама, мама и само мама,, Станат е како обострана лепенка Не ми дава ни да мочам, ни да јадам, ни да се напијам, ни да седнам, легнам.. Ова е похаотично *100 ако има било кој друг сем нас, кога сме сами се трпи некако, ама кога е тука макар и татко му е немогуча мисија! Ако до вчера бев крајно толерантна и имав разбирање за се, денес веќе ми се збоктиса и ми е крајно напорно Ваљда минува некоја фаза каде се плаши да не биде оставен, му зборувам, му кажувам дека сум тука, никаде не идам, ама не морам со него или да го земам со мене, ама баш СЕКАДЕ! А вистина не го лажам, ниту оставам на 2минути, па пред некој ден бевме заедно на маникир Иначе ноктиве ми се ужас, кога ги направив кога се распаднаа, не и идам веќе, џабе парите Имам уште една маникирка на ум да ја пробам, на мм некоја школска, па и локација ми одговара, ама како ли да и се тупнам со се бебе Знам, нема нокти да правам Вчера во знак на очај да испијам едно кафе на раат му дадов црево со вода да вади цвеќиња и мие играчките. Потоп стори на терасата! Ама барем испив кафе на раат, седната на лулашка и нозе у вис и се беше совршено дури не ме избања бебево со вода па ти му викаш немој, не, он дури пикнал и прст во цревото за поубаво да прска и се кикоти ли кикоти Жардињерите не ми ги бива и не, па се помирив и искорнав петуниите, искорнав и куп пирови кои мајка викаше дека се цвеќе у сред жардињери ми насади цвеќе кое иде нагоре и нагоре, па толку грдо личеше што не можев веќе да гледам и искорнав. Сега имам само пркоси, тој богами го бидува, па нека се зеленее и цвета уште малку. Догодина ќе мењам земја и ќе се вратам на старата љубов сардели Епа пошто префрлав цвеќе по тераси подот стана трошки, нели плус сето тоа се разнесува со бебе кое трчи како лудо пред тебе, зад тебе А правило ми е чисто да оставам пред одмор! Помислив да палам правосмукалката, ама ја отфрлив одма таа идеа, не ми се тегнеше, а и не ми се заморуваше, па зедов метла Некој да ми кажеше дека некогаш ќе метам низ дома и ќе сметам дека ми е чисто ќе направев луд! Порано за чист под сметав кога ќе немаше ниту една мазнаница, па го пребршував по 3пати. Имав точно разработена стратегија како, каде да минувам со џогерот. А сега ако успеам да минам еднаш е совршено, бидејќи бебе е фасциниран од џогер, па трчи по него. Мазнаници?! Секако дека ги има, јас минувам, а бебе се лизга по мене, па и мачка со раце. Стратегија како да минам?! Аха, среќна сум и ако минам секаде, не ретко го влечам бебе од еден крај и брзо, брзо минувам дури не се вратил. Каква стратегија какви бакрачи, гледаш само да пропафташ и среќен си Со метла бе чистев, каков џогер какви ѓаоли Него вчера беше голем ден, бебе стана дечко ипол со нова фризура Јас го шишав Пред 2недели му направив пробна и успешно бидна, а вчера го скратив баш убаво, не го унаказив Шишам дури спие па шишам од една страна, па му вртам глава и минувам и таму Ќе го однесев јас да го шкрапнат, ама знам дека ќе рика без сопирачка, а уште нема некоја коса, па не гледам потреба да го потресувам и да кварам ден. Ма најубав го направив, дечко убав мој ^ова кај 13ч го пишав и решив онака спонтано да лакирам нозеве, па баталив и пост и све Едвај сплескав ручекот, ме пукна значи, на крај си добив и поклон.. Spoiler: Поклон Пак ќе метам Па брца у трошките цуцла и лиже Мм стигна идам да го израдувам со ручек, не е веќе битно што е, битно е да има Шпанија не е за деца! Ние изгледа ќе летаме со авион, ама подетални информации друг пат Не разбрав Галабче какви медаљи бара, па да дадев совет, дај сличе на што мислиш. ^ако ме дочита може и ќе прикачи нешто, она ме чита само за пауза на работа Кенди 4332 Тоа, убав ден
Ај полноќно поздравче! Не знам дали ќе ми се испрати постот, нешто не ми даваше да пишувам па праев комбинации. Знаете која е најубавата работа после генералка, млак туш, убаво трлање после со мек пешкир и миризлив путер за тело. Ммммм... Не ми се заспива од што ми е убаво Значи во 1 ден сам чоек не може да исчисти 120кв па што сака нека е. Исчистив 2/3, со 2 машини испрани и пружени, изрибав гарнитура и исправ завеси и навлаки од перници, спакував на дете мали алишта у вакум ќеси, изрибав цела кујна и фрлив се што не е јестиво, успеав дури и ручек на дете да ставам, јас јадев јајца, јер протеински. Сум нашла топ средства за дома, Авакс, живо џабе, убаво мириса и убаво чисти. Во Жито ги грабнав сите мислам, цела колекција. Дете сва среќа го чуваше баба оти ќе поцркав, пола немаше да завршам. Мада малку низ нос ми изглезе ама ајде, не се карам оти стварно ми беше потребно да го чува за да завршам. Муж триста пати го опцув. Толку мајки, одам да гушнам перницата, ама прво да уклучам апаратче за комарци оти пак јадат проклетите. Добра ноќ!
Ај добро утро! Прва да сум во Септември. Не дека имам што да кажам. Направив појадок, се избањав и чмаам. План во животов не смеам да имам. Секако нема да се исполни. Колку и да сака човек да биде оптимист, не бива. Ке одам до темата за оџи и бајачки. Ма и нив ке ги сотрам ако се појавам. Дете ми спие. Мајка исто така, жешкото продолжува. Да му ја легнам или да одам на работа е прашањево. Треба да закажам контрола, ама да заладеше барем? Ми одмиле Скопје ради болниците. Какви муабети старски ми прави детето ми ја полни душава до максимум иако не ми држи батеријата и ми се празни нагло. Дури сам се научи и ми вика ела да те гушнам дс ти дадам силичка. Убав ден мајки. Посебно за тие што не работат во недела, немојте да го поминете во кујната и низ чистење.
Да ве почастам за роденденот од синко вчера си наполнивме 2 годинки душа мајкина пресре ⁰ќен беше го славевме во игротека со другарчињата и мајките а после дома со роднините. Ве читам редовно не пишувам вака ми е подобро не наидов на разбирање само критика убав убав ден