Ај здраво од мене! Обид да се напијам кафе... на раат... Нервна сум! Ќе частам кога комшиите ќе завршат со реновирање! освен што тропат, бушат, коват... тооолку гласно зборат, пеат и се смеат што детево преку 2 соби ми го будат! не знам колку пати ја разбуидија, да не праам мубает па колку тешко ја заспијав, уште потешко ја презаспивав! не ми се оставаше ненаспиена, оти ненаспиено дете кај нас е рамно на војна ноќта во 19- 20 часот! Ете сега се стишија мајсторите па дете спие! Си ставив кафе, уморна чиниш лозе копав! ММ си тера негови работи, ама го чекам како ладен туш во летна горештина... Да ме одмени малку околу беба! Дадата надвор трча... жешко е ама децата од маало се собраа па сакаше да се дружи надвор! До вечер сакам една прошетка да направиме со деците, ова како традиција ми е останато во сеќавање од времето кога јас бев ученик па моите не изнесуваа на вечера како последно од летово! Е мојата од утре тргнува на градинка, во нова група, со нови деца и нови учителки... па како ќе минеме утре ич не знам! Ќе пишам секако, се надевам мирно ќе биде! Леле ни помина летово... и тоа што е1ви септември, тоа што навечер веќе е посвежо и се спие- е тоа ме потсетува дека за брзо ќе дојде студеното и депресивно годишно време -есен! Колку ја нејќам, колку мразам дожд и ветер! Туку ај предвреме да не дигам галама оти топлото знае и да држи цел септември, па така да пред нас е уште цел месец опуштено шеткање и уживање! Ќе дојде и времето за зимници, ќе замириса од секое дворче на ајварче и лутенка... Едно врем со свеќи правевме заедничка, веќе не! ќе ја поштедиме да не ни се мачи и за нас да спремат (секако учествувавме и во работата и во финансискиот дел досега) оти се некако покажува дека и е тешко, дека не може и не сака... па со сила нема да ја тераме, а и не мислам дека и е должност! Нешто се мака и е, па и јас почнав да се менувам! нема да се понудам и на нејзиниот ајвар да помагам... она неосетна свекрва, јас неосетна снаа...ете не во исти кош! Уф, што излезе ова сега, жалење од свеки! Толку! Мајка се понуди да направи нешто од зимници за нас, ама јас одлучив дека не сакам... нешто сама ќе си спремам, нешто и од маркети ќе си купиме! лесна е, ќе биде се! Се распишав... поздрав мамици!
Добро вечер женички. Се прибравте од одмор или има уште допрва што ќе одат? За максимално да се искористи сезоната Вие со обврски се спремивте за првиот училишен ден? Јас денес малку под стрес,овој месец не ни сетив кога помина. Малку уморна како што кажа една членка погоре као лозје да сум копала (така нешто беше ) Бебето цел ден кемка па јас одкако станав мајка станав и паничат па денес го држам враце скоро цел ден и тажам со него. А тоа бебе, не дека му е нешто ама работа му е да расте да јаде да пие да плаче да спие да не спие... Од друга страна па утре сум на училиште со поголемото. Прв ден прваче. Па цело време ми се врти во глава досега со мене беше под мој надзор гледав што прави сега како ли ќе се снаоѓа на училиште, дали ќе му биде срам да побара за во вц дозвола,дали ќе јаде дали ќе внимава на настава да не замине некаде сам без да праша без да каже... да немав бебе дома сигурно ќе седев цел ден во дворот на училиштето додека е тој внатре. Ама знам - се што правиме за децата всушнос тоа го правиме против нив. Чекај синко врвката да ти ја врзам чекај синко да те наранам (а тоа 6+ години) чекај синко и јас ќе идам со тебе,чекај синко ти си мал за во продавница јас ќе ти купам.... И после чуди се оти децата прераснале во мрзеливи мажи. Ама нели кога е дете се треба да им се сервира деца се ама кога е маж сам веќе треба да свати дека не треба друг да му ги собува чорапите. Не,изгледа не знам да бидам мајка. Ако го оставам така посам ќе ме јаде совеста дека сум немајка оти не се грижам за него ако му одам по газот пак сум немајка зашто никогаш нема да стане самостоен.
Ај добро утро. Се спиеше од полноќ до два ипол, до сега се гушкавме да презаспие и не бива, па се откажав и станав. Денес цел ден ми збори да сум му нсправела да јаде од она страмотното како се викало шо се правело од исто месо како пилешки прсти. Па такс кажи бе сине. Страмотно име имало пастрмајлија оти се викала. Овој пат баба замеси тесто, ставив во маринада да одстои и утре ке му направам. А веќе имав извадено месо за мусака. Денес јас се симнав со него пред зграда. Малку нс точак, малку фудбал и мајка жива вода стана. Он жив радосен оти е со мајка овој пат а не со баба. Кога го шетам јас обично одиме со кола некаде за да му рсзбијам монотонија а со баба се пред зграда. Сега он си игра а јас што? Убав сон и на вас и на дечињата.
Немај гајле мајка, не си сама, мојов ѕверко е станат од 3:15 и си седи. А денес прв ден во градинка и тој и дада му. Како ќе помине ич не знам денов.
Добро утро Кој е за кафе ајде ,синко го однесов во градинка и не плачеше си влезе без проблем,а цело сабајле викаше неќе оди ама умен на мајка не направи проблем Има и нова учителка дека сега преоѓа од јасли во поголемата група едната негувателка останува ,а учителката е нова изгледа пријатна фина па ќе видиме како ќе биде Викендов се одморивме ,вчера бевме во џамбо на Петко дете пресреќно беше посебно кога излезе Петко ептен беше радосен ,од една година кога беше многу го сака Петко ќе застанеше пред тв и го бараше "како " така го викаше до пред неколку месеци .Друго ништо викендов ни помина цел во шетање само за спиење бевме дома ,нека потрае бар убавово време подолго да можеме да поуживаме уште малку Среќно на малите првачиња кои почнуваат денеска Убава работна недела на сите
Добро утро Понеделник , а јас на темата Дојдов да кажам со среќа на сите првачиња , да научите повеќе од учителите ваши Со среќа и на децата што прв пат ќе одат на градинка, брзу да се адаптирате Фала ви за подршката со свекрвовциТолку ли лошо сум звучела Не се замарам со нив што сакат нека прават ама не дозволувам да се нервирам.Ниту пак со мм си го расипуваме односот заради нив.Не повеќе.Ние сме најбитни @24.07 сваќе стварно е мачен животот во заедница.Ние живеевме пред да дојдеме тука ама јас се прибирав вечер и си одев во соба.Не сакав да ја слушам за комшиит оти сигурно не ми е гајле за нивМаката ми траеше 9 месеца за среќа На сите во заедница што живеете ви посакувам да си најдете решение и да се оделите.Да имате можност Викендот исполнет со шетање Ги молевме во сабота да шетаме до центарот да им ги покажеме знеменитостите на градот , ама маме ја удрило сонцето во главата па секогаш и се лоши кога не сака некаде да оди А сонце не фати 5 минути али ајде .Па со маж ми и малата отидовме и си прошетавме. Успат баравме фрижидер и си се прашавме зошто ни си шетаме вака почесто.А одговорот беше дека сами и мора во сабота да исчистиме и средиме се, испазаруваме и уште 100 работи.Во недела не смееме да галамиме.Сега оставивме на старите . Недела работата беше бутниме да тргнам после 100 предлози и ниту еден не прифатен , мм се изнервира и рече не ја прашувам веќе нека си седи дома ние ќе си шетамеАма кога виде маме дека ја изигнориравме одма се сложи да дојде.Ние па не и кажавме дека има до езерото кај што ќе шетавме 65 км .Па отидовме без да се напие апче за патување и за чудо не и беше ништо Убаво си поминавме бевме и во македонски ресторант на ручек .Не се бањавме ама се возевме со бродче некоја кратка тура од 30 минути. Малата откога се овде не се трпи плака тантруми левл милион.Па ќе се обрни и сите ќе не истепа Мене вчера 5 пати ме удри во фацата, и ме уапа еднаш .Ова не е карактеристично за неа не знам што и стана Ама кога шетавме сами тројцата беше бајче сигурно е ради старитеДека не ја тепаат сигурна сум 100%. Септември ми е полн со термини Изгледа поретко ќе ме има. @vitamina ништо не е комплицирано сигурна сум дека ќе се снајдеш.Јазик си знаете , а Италјани имаше многу во нашипт хотел ,за англичани не зборам.Дури и анимациите за децата , песните и водителите збореа англиски, шпански и италјански Пфф стигнав на работа , а што убо си пишевПоздрав мајки и имајте убава недела
Секој ден ве читам ама никако да пишам. Си викам ај сега, кога сум демек малце пораат. Прво честито првачиња на сите вие кои испраќате денес деца во прво! А и на сите кои почнувате во нова група во градинка, или општо во градинка!! Лесна адаптација и помалку вируси!! )) Јас спремив дете сабајле, и дете и маж испратив - кој на работа, кој во градинка. Ме бацнува сабајлево и натажена "зошто јас сум останувала дома"... душа. Претходните две недели бев дома - конечно ми почна породилното, а и се поклопи со летниот распуст на ќерката, па уживавме во две недели прекрасно време поминато заедно. Си готвевме заедно, си игравме со пластелин, боевме, пеевме, темперни, акрилни бои сме купиле, шлапавме и на платна... Се изнагушкавме (никогаш доста!), на шопинг си бевме... се изнамуабетивме. Едноставно преубаво време поминавме заедно. Одамна не сум била вака опуштена и среќна со неа. А и веќе е голема - умница на мајка. За сѐ ми помагаше што не можам сама - од да ми подаде од фрижидер работи да не сум се веднела да се мачам.. до туркање леген со алишта до машина за сушење и уште ги пикнала алиштата "за да не се мачам јас"... Покрај нејзиниот кревет го местеше и нашиот да ме "изненадела"... Знам. Ќе речете минионче си имам - ама стварно ми беше голема помош а и ме радува што тоа сама го правеше без да ја молам јас. На моменти само се нервирам што некогаш избувнувам со некои реакции ама после одма ѝ објаснувам дека мама е таква, се лути брзо ама уште побрзо ѝ поминува. И дека знае да се извини кога не е во право. Вечерите кога се враќаше татко ѝ, абе му се лепеше после и не го оставаше на раат. Сепак, таа е и татина маза, да не се заборави. )) Викендов ја средивме терасата, си уживавме на тераса вчера кога конечно времето се оправи.. денес е тмурно и просто за мене прекрасно затоа што конечно се дише и не се потам само затоа што постојам. Мевот лубеница, веќе сум во фаза на потешкотии при станување, седнување, ме болат препони многу, ама тоа е што е. Денес ме фати жал дека ќе е во градинка а јас дома, ама па не може со мене цело време да е дома. И децата ја чекаат да ја видат. Денес ќе го поминам денот во одмор и тишина. Ќе си пуштам филмче, ќе си уживам, и знам дека брзо ќе летне. Плановите за чудесни генералки за бебе изгледа ќе бидат пододложени малце за ден - два. Теписи дадени на перење (скапо било перењето тука!).. па чекаме достава мебел и креветче - иако имаме од ќерката монтажно, пак нарачавме дрвено (да можела една пајка што пее да се закачи на решетките).. ќе стигне следната недела мислам - па тогаш ќе комбинираме и простор и ќе правиме некои распореди за спиење - како четворица и три кревети да се спикаат во една спална соба. Mission Impossible. Ама тоа е. Не ми се остава ќерка ми во друга соба, особено не сега "заради нивото бебе". Ќе видиме како ќе биде кога ќе дојде време. Дали воопшто ќе може така да се спие или не. Толку од мене мајки, одам легитимно да денгубам. Може ќе се посветам и на папирологија што имам за спремање, ама најверојатно не. )) Имајте убав ден!
Ќерка ми денеска сама си одбра алишта, сама се облече, сама беше у веце, сама си зема банана и јадеше до градинка. Ми порасна дете!
Добар ден мајки ПРибрав компјутерот, суши до мене, на раат да ви пишам некој ред и јас. Ноќта беше кошмар. Ај драмите додека заспијат момите ги искркавме, ама околу полноќ кога рикна најмалото. Хистерично вриштење и трескање од земја. Од памет се извадив. Се можно пробавме да ја смириме, неуспешно. На крај решивме во болница да одиме. Маж сам да оди а јас дома со другите две или да се јавуваме на свекрва па јас со нејзе да одам а он да остане да спие со другите две оти мораше во 04 да станува и имаше долг пат пред него. Се решивме да ја викнеме жената. За 10 минути стаса...Само што стаса и го зеде детево во раце се смири. Смирена да одиме во болница не бива, да и викаме да си оди дома и тоа не бива. Може ќе рикне после пола саат. Ми рече оди легни си, јас ќе ја пазам. И си легнав најискрено. Заплачуваше и кенкаше на неколку пати, првиот пат отидов кај нив, и ставив чепче, она рече ќе ја думка и шета нз куќа.... Едно време се стишило, не ги слушнав веќе, па алармот во 06.30 ме разбуди. После толку непроспиени ноќи некој да те замени еднаш. Си викам пред 10 години, со тој памет, може ќе викав изиграва мајка, ми се меша, ме `брка`` од соба. Се е до перцепцијата на работите. Нов проблем со организација за носење деца на градинка бидејќи невества нема возачка а маж не е дома. Се јави на свекор ми он да не носи со големите две а она остана со најмалото. Прв ден и беше на средната во новата градинка, не знаев како ќе реагиа, сакав да бидам присутна. Фала им. Им кажав и нив. И кафе им сварив. Средната го доби новиот ранец со диносаурус. Посреќно дете немаше од нејзе. И блузончето со диносаурус го облековме. Дете зрачеше. Големата стандард драми околу алиштата, па одеше горе, фустан бираше, облекуваше. Малку срамежлива, но си отиде евднаш кај играчките и почна да си игра. Воспитачките ме прашаа за колку сааати ќе ја земам, дали ќе остане до ручек. Викам цел ден. Заедно ги донесов заедно ќе ги земам. Секако ако се натажи нешто ќе ја однесат во друата група кај сестра и а најлоша варијанта ќе ми се јават. Но според тоа како без проблем ми кажа чао и ми дадае пољупче и рече се гледаме покасно...верувам ќе мине се супер. Цела градинка е со 30 деца вкупно а од денес се 9 нови. Имаше многу плачки. Она беше единствената што не пачеше уствари. Она беше толку среќна дека смее во градинката кај големата сестра. На враќање накај дома го искористив свекор ми и испазарував од дм и реве, гајле помалку. Тортиљас денеска на дневен ред, се набавив. Се мислам најмалово првен да шетаме или да спие... Викендот инаку прекрасен. Саботата беа двете големи со баба/дедо во шумата. Ние со најмалото во еден ресторан, летна бавча во Визбаден. Го обожавам тој локал, толку едноставен а ексклузивен. Лоакцијата прекрасна. ОДлична архитектура од двете страни а на среде на алеа со високи дрвја и огромна фонтана околу која има масички. Локалот е во една од здрадите на карши но келнерите носат надвор. Со големите не се осмелуваме таму а одиме бидејќи ќе се шаштисаат кога ќе видат вода, плус што има перничиња ставено да се седи а и нозе да се брцаат додека пијат вино. Ама со најмалово, во количка, одлична локација. После прошетка во природа а на крај и со момите на игралиште. Вчера најмалото кај баба/дедо а ние со големите во паркови за диви животни. Толку многу срни и елени. Галеа кози, зајчиња... Преубав викенд. Честито првачиња и на сте дечиња што понуваат во градинка или менуваат група. Се стопли кафе машината, кафе да ставам. Убав ден на сите
Ај и од мене еден поздрав! Дете у новата група, пресреќно влезе. Треба да и пишам на свекрва дека јас ќе го земам, она денес има нови деца и сигурно главата ќе и чури, нека одмори. Се стокмивме во алишта ко за по гости, само во ретки моменти носиме алишта ко за по гости, иначе сме во тренерки/шорц и маици/дукс, фармерки така ни стојат скоро па и да не ги облака. Викендов спакував голем дел од неговата гардероба, ама има уште за носење, есенва и зимава мислам дека ќе ги поминеме некако, па здравје од пролет ќе мислиме. Многу убаво што роденден му е на пролет, чекам да помине, она што ќе му донесат го средувам, со паричките му купувам облека и раат сме цела година. Да го темпирав немаше да го родам вака на време Шала на страна, секоја сезона си има свое. Вчера цел ден со гости, испративме и на роденден на едно девојче од моја најдобра феминска другарка. Гостиве од Србија го воодушевија, пресреќен, ги обожава, во вујната се заљуби, вујко го шармира за час со новата формула. Ах колку е среќен, мислам дека паѓа во несвест. Па и јас му купив две мали количиња, на радоста и нема крај. Е сеа од чистеното не се гледа ни ч, гостите имаа свои пријатели со нив со мало дете и дете направи хаос од трошки, поминав со правосмукалка ама... Ако, битно крупните работи се чисти. Остана неговата соба за жал ама за тоа ќе ми треба тате да е слободен оти имам една идеа и сакам конечно да ја реализирам, мислам дека ќе ми успее, па додека има уште топло време или бар нема потреба од греење на таа соба да игра дете колку сака и со сите играчки. Конечно ќе затворам играчки во кутии што веќе ги одраснал, ќе ги складирам и ќе направам ред. Е сеа колку ќе трае не знам. Си правам бајрам на умот јас Убав ден мамаситас!
@danichap ме потсети на ситуација со ќерката кога имаше некаде 16 месеци. Истото ни се случи - рикна сред ноќ, 2 мислам беше... Не престана до 5 да вришти. Температура нема, не повраќа, нема проблем со стомакот, само вриштеше без престан. Сѐ пробавме, да пееме, водичка, да ја нишкам во раце, телевизија, дури чоколадо нудевме - не сакаше очи да отвори и вриштеше без престан. Едвај во раце ми заспа во дневна на една фотеља клацкалка во 5 сабајле. Следниот ден - ко ништо да не било. После неколку дена мислам излегоа четворки ако убаво се сеќавам. Дали беше од тоа.. или некој скок.. или нешто се имаше уплашено.. не знам. И ние бевме на низок старт за во болница.
Мене така ми прави кога не е успан на време, кога му се спие многу и не знае што сака. Така ми правеше во четвртокот вечерта и цела вечер се будеше приплакуваше, а ми направи така и во саботата кога баба не го заспала на време и доцна го заспивав на пладне, се уби од плачење.
Со лесно и со убаво на дечињата да им е стартот во градинка и на школо. Денес после 3 недели седење дома (конечно) излегов. Некој ќе рече ај леунките доилките жените тазе породени треба до 6 недели дома треба да седат, некои ќе речат аии па ти будала и толку што си седела. Ама барем завршив со обврските. Отварав сметка во банка, ваѓав документи за породилното (конечно) трчкав за вакцини да прашам за бебчо... Пред тоа си бевме со синко на школо. си поплакав од среќа.
Dobra vecer Site spijat, tivko esamo dozdot se slusa,bi izlegla i nadvor ama docno se stori Zavrsi odmorotubavo si pominavme, prvata nedela bev seuste pod stres od padot na malata,ama potoa nekolku dena vo struga vo stan si zemivme pa se opustiv. Se prosetavme niz ohrid i struga,si pouzivav vo nasite jadejna vika mm deka sum klala nekoj kilce, neznam nemam vaga doma Malata cel odmor go mina so prolivdali od toa sto smenivme jadejne i voda, pa kaj i 4 zapcinja vo edna nedela gi izvadi....vazno sega se vrati vo forma Pomina i rodendenot, 28 gi naprajv lele kako minuvat godinivestrav mie Koga se spremivme za nazadsrce mi se korni sekogasmajka i tatko sami gi ostavam, istoto i sestrami go custvuvaama zivot nie tuka podobri uslovi a tato si e vo svoj dom i so rabotasamo gospod da mi gi cuva Se dogovorivme deka za nova g ke dojdat vamu aaahh zivot samo sto pomina odmorot veke za drugiot se planira. Cerka cetvortok vo gradinkaradosti e, pomina i rucekot sto se organizira so decata i roditelite Edvaj ceka da pocne gradinka, se zdosadi doma Tuku uste pred da odime na odmor jas mala maka si imamme zagrizuva Ajt sto imam hemeroidi pa problemi pravat, na ginekolog mi rekoa deka e se ok ama nesto dole imam kako nekoe topce od vnatre ginekologot mi rece ne e nisto amaeve denovive i me pece od vnatremm vika ajde idi pak kaj maticenuuff umorna sum od site ovi grizikade za mene pa za cerki Noze kako bolat domasnava rabita nema kraj vrijat li vrijat... Sto sakav da kazam Se ke pomesam... ubava vi nojk na site So polni bateri da se buditeoti vednas se trosat Srejkno skolo na prvacijnata i na novite vo gradinka
Здраво мамици! Ви пишам од работа додека доручкувам банана и ладно кафе! Синоќа не спиев добро па се осеќам поспано ептен! Ама ќе го истуркаме денот некако! Ја оставив беба спиејќи, па ја однесов дадата во новата група! Вчера убаво поминавме, новата воспитувачка ептен се потруди за да ја придобие малата! Па тој наивен израз полн недоверба се смени со израз на спокој, па се насмевна малата и седна на едно столче чекајќи некое од децата да и пријде! Вака кога ја гледам наивна и срамежлива дури незгодно ми станува зашо знам дека тоа е првиот впечатон кој го остава ...но за брзо следи вториот впечаток - пргаво, темпераментно девојче кое сака да трча, скока, игра, пее... особено се прилагодува со машки Ќе ја видат учителките, за брзо ќе ја проценат Предупредив - не е баш се толку кротка! Ама денес не пречека другата тетка, далеку поладна, ваљда со очекување дека малата е всушност Голема за да и збори и опушта! Детево ја очекуваше истата тетка од вчера, но не пречека нова која по изразот на ќерка ми ич не и се допадна! Врзав два реда муабет со воспитувачката, ја бакнав ќерче моја која стискаше заби да не заплаче и излегов од занималната! Ја оставив тажна во група со деца кои не ги познава под надзор на тетката која не покажа интерес за новото дете! Се осеќам тажно, едвај чекам 12 да дојде па да си ја земам! Оваа недела ќе седи до пред спиење! За беба што да ви кажам! Цел ден се гушка и бацка и си мрмка - мамиии, мамиии! Душа моја! И споивме две зборчиња - моо мама (моја мама) Да не заборавам на учениците да посакам убави школски денови и многу успеси, на првачињата среќен почеток, на малите од градинка брза адаптација! На нас мајки трпение еден тон, па ќе не биде! Убав ден! Одам низ другите теми да видам што сте пишале!
Ај добро утро! Веќе неколку дена имам вртоглавици, болки во вратот и вкочанетост. Ај на здравје вратна спондилоза. Млада сум бре, за некој ден 32 тек ќе полнам Ми се вртеше само во стоење подолго, ама сега ми се врти и во седење, ај на здравје. За чудо во вежбање не ми е мака, во возење точак не ми е мака, ама кога мирувам.... Приемен ден на работа, странки среќа имам малку, барам по нетов од што може да ми е и искрено ме фаќа блага паника Ама ќе одам на лекар ќе видиме. Ич нејќам на лекар. Толку, не можам многу да гледам напред, ми се мати. Убав ден мамаситас!
Мајки со што да симнам температура а да не му наштетам на млекото Дали е штетно бебе да цица а ја со 40 темп? Пијам парацетамол на 8 сати ама сега до 40 отиде и на 6 сати пиев Само парацет знам дека нее штетен.
Само парацетамол смееш.Не е штетно за бебето нека си цица.Мајка пиј течност дупло од што пиеш за да ти се намали тт. Следи ако не симнуваш оди на др да не е бактерија.Со лесно