Тоа ми е проблемот мене што не пијам многу течности Се работи за воспаление на десниот бубрег и од тоа е и температурата Лековите што треба да ги примам биле штетни за млекото и не ги земав Ептен сум среќна што бебе цица на мене па неќам да ми се одбие. Ке се обидам што повеќе течности да пијам. Пиев брусница ама мислам подобро би било да свртам на вода. Уффф... Фала на сите
Добра вечер мамаситас Дојдов да си се пожалам. Па не знам што правам со децава ама крајот не можам да им го најдам. Идат на гости братучеда ми со нејзините едното врсниче на моиве само 2 дена разлика, а другото 5 години. Нејзиното мирно, мило, ни лази ни оди, овие моиве ко и се запнаа по играчки нејзини хаос настана, па ова мирново почна да плачи... Ај во ред ама и 5 годишново почна да плачи оти малиов мој сакал се да земи в раце. Да не знајш кој да смируваш, а и на мојве како да им објаснам ништо не разбираат. Стварно не знам што правам погрешно? Дома сами кога се многу се мирни, си играат по цел ден едино малава е лепенка за мене, ми се беси по нозе и само кај мене сака и кај никој друг, а малиов ја гледа и повторува... Хаос сме периодов. Ги запишав и в градинка, навреме да си фатиме место. Маж е против, јас сум за, имаме несогласувања на оваа тема дека се уште мали. Искрена да бидам не очекував дека ќе бидат лепенки за мене. Поздрав мамички, ме заинтересира една тажна приказна моментално на алфа, па останав недоискажана
Добра вечер мајки Првен мислев да легнувам, маж веќе потерал на кауч, ама да пишам првен некој ред. Деца пред 15 минути заспаа. Хорор. Додека ги успивав двете големи драми, а најмалото ококорено не сакало да спие. Од што се кикотеше страв ни беше другите две да не ги разбуди, па на крај со нас во дневна. Едно време хистерично вриштење не разбуди. Средното страшно вриштеше во сон. Арно не се узотепав по скали трчајки. Она има една маана, кога вришти не смееш да ја допреш или да се обидеш да ја пипнеш/смириш. Уште повеќе вешти, клоца, мава... Од нејзе се разбуди и големата, најмалото и тоа рикна... Еден саат хистерична вриштеше и не даваше да ја допреме. А толку тажно помош помош викаше. А секој обид да ја смириме завршуваше полошо. После час хистерично вриштење кажа дека уво ја боли. И дадов чепче и капки за уво(да, на своја рака) бидејќи знам дека одењето во брза помош само ќе го мултиплицираше хоророт со сто. После 10-15 минути се намири и заспа. После нејзе к другите две. Сите исполегнати на подот во дневна. Па една по една ги кажуваме. Уморна сум. Уморни сме. Силиве се истрошени од многу одамна... Пред некој ден вриштењето на најмалото изгледа од заби ќе беше. Малку како да и тече носот, но нема никој друг симптом. Така пред една година средното ќе станеше околу полноќ со вриштење и со саати плачеше. Петките нејзини душа ни извадија. Утре термин кај еден специјалист каде бараме второ мислење. Август имавме 3 контроли во главната болница а сега во септември следува последниот па ќе стасаат резултатите и мислењата од сите четири специјалисти. Ама некако во овој доктор, во оваа болница, се чуствувам посигурно во однос на посветеноста. Средното од вчера во градинката кај големата дада. Од прв ден 8 часа без проблем. И денес исто, презадоволни и к и и дете. Утре двете ќе ги однесам на пладне, после терминот во болница, за заедно да биде. После волку добар старт да не се растажи ако нејзе ја однесеме од сабајле без сестра и па чекор назад да направиме. Малку хаотичен постов. Да видам утре што ќе донесе денот. Ваљда резултати е ос последните анализи на крв/урина се готови. Нека биде мирна ноќва, очи ми паѓаат од умор. Добра ноќ на сите.
Значи да си доилка било полошо одколку да си трудна. таман се породив се зарадував реков одма прво што ќе направам ќе одам на стоматолог. Кога после слушам не смеело анестезија ако доиш. денес галавата... Што да ви кажувам. Никако не смеело аналгин и такве ствари. Се изнапив парацетамол вит ц магнезиум бедоксин... Кога ме фати една треска еден студ... се туткам јас во ќебе реков леле нешто маститис воспаление ме фатило,нема што друго. За 1мин ме фати една жештина па очи ми засолзија па краниците почнаа да болат. е готово реков ќе цркнам. Ни да дремнам чоечки ни да заспија. Налет се па и да појдам на лекар сабајле антибиотик па ич нема да смеам да пијам.за разлика од кога бев бремена и аналгини пиев и антибиотици и инекции и се гајле немав. На сите маки стана бебчо за млеко и готово глата ми паѓа за спиење. И оди после заврши дневни обврски Ајде добра ноќ,се надевам ќе има и за мене ноќ
@Kukla994 смееш и ибупрофен. Демек многу го проширив асортиманот, ама ај. Посилно дејство има од парацетамол ама избегнувај често да го пиеш. @marchi-cool ограничени сме и за време на доење, точно, но тоа не значи дека ако има потреба од антибиотик воопшто не смееш. Има антибиотици кои се компатибилни со доење или кои не се до крај испитани па е подобро да ги примиш отколку да ти се влоши состојбата. Не зборувам конкретно сега за тебе, но да знаеш дека ако дојде до тоа, се пијат и во доење. Секако во консултација со доктор и педијатар. @danichap и јас за болка во уво давам капки и не ни чекам болници или доктори. Алал да ви е како се снаоѓате со трите. Ние денови веќе се бориме едно да успиеме едвај. -- Добро утро, накај ден. Ние во 8 станавме, до 8:30 ја спремав Мачорка за во градинка - сите ритуали, вц, доручек, заби миење, па бирање што ќе облечела за во градинка... (Сакала во спавача да оди)... Ѝ купив спавача пред недела дена затоа што ме гледаше мене во некои такви изданија со мевов и жештините, и дете - пресреќно! За поклон доби уште една - зошто не добила уште 10... Имам заборавено дека и јас ко дете се радував на некои работи (нелогични од овој аспект) кои ми беа буквално магични во моите детски очи.. и јас имав една спавача од мајка ми - цела со чипки.. многу бев среќна кога ќе дојдеше лето да ја носам... Не знам, мислев дека сум ко некоја принцеза во неа. Забегав и јас. )) По спремање, ги испратив двајцата заедно. Денес одлучија да одат накај градинка со тротинет и точак (оној без педали). Па чекам инфо како поминале по пат. Вчера така некои болки ме мрднаа, многу голем притисок осеќам во карлица и долу секаде - препони, вагина.. ме фати паника да не дојде бебево а јас си свиркам по дома и си гледам филмови.. па денес можеби ќе исперам бебешки алишта - колку да не сум без ич. Инаку кога бевме дома двете заедно претходните две недели за распустот, имаше ситуација во која спонтано добив уцена од ќерката од типот "ако не ми дадеш не знам што.. бла бла". И тогаш седнав и ѝ објаснував што значи уцена, колку е лошо да се уценува некој.. и се објаснивме како и секогаш со милион примери. Вчера лежиме и за право требаше да ѝ читам книга, ама викам не можам одма, лежи малце - имав некои болки во матката веројатно Бракстон Хигс, и таа чека, чека.. и ми вика.. "мама.. знаеш тогаш кога ми кажа дека е многу лошо да зборувам дека нешто сакам и ако не ми го дадеш дека нешто ќе направам..".. аа, да, викам, за уцена кога зборувавме. И одеднаш почнува да плаче. Јас цела во прашалници... "Мама.. мене ми дојде сега да ти кажам така - а знам дека е лошо, па затоа си плачам".. ја гледам и ѝ викам - ајде кажи ми, нема да се налутам, таман и ќе поразговараме зошто, што е работата.. "епа сакав да ти кажам дека ако не ми читаш книга јас нема да заспијам, ама мислам дека е тоа лошо да се каже"... И уште толку почнува да плаче.. јас се изнасмеав (глупо од моја страна) и ја изнагушкав.. и ѝ објаснив за најдобрата алтернатива - на пример да ме замоли да ѝ прочитам книга за полесно да заспие. Викам - на добра и културна молба ретко кој може да каже не. Не ми се верува до кај ни одат некогаш муабетите ... Ама последно време уживам во нив, какви и да се. Ја гледам со татко ѝ почесто се караат, тој одма се лути ако не го послуша од прва.. а таа е доста тврдоглаво и инаетливо дете.. досега пробувам со неа сѐ со мирно - да ја вклучам во сѐ, да ѝ кажам колку е умна, голема, .. така повеќе е достапна за муабет.. ) Таа ми е и стратегијата за со бебето - да ја вклучам во сѐ, да ѝ објаснам дека без неа и нејзината помош јас не можам - да ја инволвирам на почетокот максимално.. па се надевам нема да има љубомори и плачки, и тој период на навикнување ќе биде најбезболно поминат. Живи здрави, ќе видиме. Туку, многу членки што пишуваа тука ги снема. @LaDyDoLl забележав дека многу одамна ја нема. Има и ред други (да не ве тагнувам сите посебно), кои би сакала искрено да ги читам. Ве поздравувам сите и имајте убав ден!
Добар ден мајки. Бебе веќе цел саат спие,читнав по другите теми,па дојдена ред и оваа. Со синко едвај можам да читам,а не па да пишувам. Многу внимание сака,да сум до него,да му зборам,или па си кенка па пак не можам да фатам моб. Секојдневието е тоа,се исто. Ќе дојде и студеното,па се се мислам како ќе седиме внатре,синко е епте скитарко,многу сака да се пета надвор,а на студено времето за шетање би ни било ограничено. Едвај чекам да попорасне,да разбира,да бидеме најдобри другари. Се надевам дека ќе биде послушен и паметен. И јас сакам да го воспитувам со зборување,а не со карање и ќотек,се надевам дека ќе успеам. Многу е битно еден да го воспитува детето без други да се вмешуваат и мудруваат,ама за тоа е потребно да живееш сам. Колку се менува животот кога ќе станеш родител,многу обврски,прашања,грижи И има многу опуштени мајки,јас сум некако многу стегната. Јас,па јас. Се јас знам најдобро,се јас сама можам и треба Знам зошто сум таква,ама не е добро за мене. Колку ќе ми беше полесен животов без свекрва ама тоа е, кога ми ја дал Господ морам да ја трпам Синко 8 мес,кога летнаа,уште малку роденден ќе славиме. Многу сакав да имам 3 деца,на растојание од 2 годинки,ама теорија е едно,а пракса друго. Мислам дека и 5 год да поминат,малку ќе ми се. Пишав колку да ме има,немам нешто многу за кажување. Убав ден мајки.
@Kukla994 ако се работи за воспалување на бубрег а си добила антибиотик од доктор,не се зафркавај,пиј си.Со бубрег нема лабаво.Да не де искомплицира на повеќе.Прашај да не има замена на тој антибиотик,некок што може бебе да цица.Ако не,ќе се одмолзуваш и ќе одржиш лактација.Здрава мајка-здраво и среќно дете! Да ве поздравам.Одамна не сум се пријавила Немам нешто посебно што да пишам.Детето ми порасна-објаснува ,кажува ама и подлажува Џумбус прави по дома,вади све од играчки.Не трпи авторитет од прва кажано.Тргаме у градинка за некоја недела.Сега уште одмор тераме.Е баш се одморив оваа година,плажирање по дефиниција за сега толку,до наредна прилика
Здраво и од мене. Тазе мајка, бебе има 2 недели. Не се жалам, бубалче мирна е. Само цица и спие. Сакав да прашам каде може да најдам облеката за доилки? Посебно пижами бидејки 2-3 пати во ноќта по 30 мин дојам и половината гола, плус потам и ќе се укочам. Некоја форма страна или продавница?
Имаше во ХМ. Ако имаш да нарачаш. Провери и Вајкики и они имаат асортиман за трудници. @Ava.84 тука сум, секогаш ве читам. Како и сите мајки и јас се соочувам со исти проблеми со тодлерот мој. Љубопитен и незапирлив е . Сите викат оти е фаза и ќе помине, паа да се надеваме. На одмор сме. Уживаме. Малото лепенка за татко му е. Мм вика намерно го учиш вака. Ништо го немам научено, едноставно го гледа поретко, деновиве пред одмор, ич . Кога мм се прибираше он веќе спиеше. Па сега си надокнадува. Затоа мама е послободна да се брцка. Деновиве минуваат додека трепнеш. Детево расте, ние изгледа старееме. Поздрав мамаситас
Здраво мами Успивам деца па да пишам ,само ве читам, немам ништо посебно да кажам. Истеравме два одмора,едниот се погоди а првиот не баш жалам за парите ама тоа е, градот си беше супер,плажа,топла вода ама хотелот ич не се погоди, ни пак храната, ама тоа е нема назад. Битно две различни земји прошетабме. Деца добри малку се накашлуваат,носе тече ама ваљда се чистат од морската вода Почна дете во градинка,а со синко од следната недела. Имам понуда за работа едвај чекам следната недела да видам како ќе биде работно време,услови, се надевам ќе се пофалам со позитивен одговор,само ме страв како синко ке биде со навикнувањето. Тука залади уште утре и после почнуваат . Ми се јаде та ми се плаче дури и нервоза ме тера,се поправив 5-6кг па ќере ете нон стоп ме гали по меше и вика "мама ти имаш бебе" ја почнав УН диета втор ден ,за месец дена ќе сум пак на стара килажа Се распишува јас,а ако демек нема што да пишам Убава и мирна вечер
Добровечер мајки. Беба само што заспа,мама преморена ,а тато на пиво со колега .Мама му завидува ,посебно денеска. Многу се чувстував некорисна за беба моја,се мислам дека не сум доволно интересна за неа.Цело време ја анимирам ,и денсам и пеам и она пак плаче.Во моментот најмногу и се радува на баба и ,не дека сум љубоморна знам дека и е ќејф ама ми фали јас да и бидам н.1 кога ќе ме види.Макар што мислам дека и здосадив веќе ,бидејќи сме цело време заедно . Депресивна сум денеска.Ја ставив подолго време во џампер за да имам време да испиам кафе,да јадам и да и направам јадење,ја оставив подолго да гледа песнички за да земам здив.Не сакам да се учи во раце, а она упорно подава ,почна и пак во раце да заспива исто како првиот месец.Незнам дали е фаза ама детето како да се уназади .Пред тоа со ќејф си играше ,си лазеше ,а еве веќе една недела друго дете е .До тоалет ја зимам со мене бидејќи рика и се траќа .Уморна сум ,а кога да спиам ,купишта алишта за перење и диплење ,бебе да спастриш,дома да спастриш и заминал денот. Сакам да бидам сама неколку часа,а неможам без неа ни секунда.Се надевам дека и на двете ќе ни помине оваа лудило Ве частам сите мајкички што имаат 2-3-4 деца Добра ноќ .
мене знам ќе ми се смеете ама сум по маица и по гаќи навечер а преку ден само долу нешто ќе облечам. Со маица лесно е да извадиш града без да ти страда кичмата. е јас со првото вака се осеќав до пред неколку недели кога заминав на пораѓај и тоа во друг град. Мислам дека потежок период во животов сум немала. Инаку добро вечер и од мене. Односно според времево треба да е добра ноќ посакувам да бев робот за да немам потреба од спиење и со времето 24/7 се ќе си правев,ем време - во секое време ем обврските и задоволствата завршени. камо да можев како пред еден месец - заспиваш дете оти нели големо е и си остануваш да поуживаш навечер гледајќи филм со пуканки. Од денот имаш 8 работни сати 8 за спиење и 8 ти се на располагање а вака... Не ми се знае ни спиење ни станување. Не знам кога е ден а кога ноќ не знам ни датум ни ден кој сме,среќа па знам кој месец и година сме децата заспани ама бидејќи сум ограничена во спиење,не се знае бебе кога ќе писне се думав дали веднаш да си заспијам или да јадам. Ако јадам ќе скратам време за спиење. Чекам дремка да ме фати па реков да читнам што има тука.
Добро утро! Се веатив од работа, исчиств купатило со доместос и еве два саати читам гѓупости сон не ми иде. А доага време и за станување. Ке треба да се готви и од еден сум на работа. Си се напов еден лемсилиум денеска и денот мина посмирено. Утре имам месечен состанок со персоналот. Обично ме фаќа блага паника да не ме расжеречат Они десет јас сама. Сите со посебни специјални барања а јас ограничена во она што навистина не треба да им се удоволи или ограничена да морам да ги одбијам а тие се во право. Па секундарно да смислуваш бесмислени аргументи а притоа да испадне дека не лажеш. Замајуваш. Македонија. Ги разбирам и работодавците, условите и законите и нив ги терат да немаат услови се да удоволат. Отеков знам, простете. Реков блага паника. Мали е добар, сакал и он во градинка. Денес ме прашува од кога бил болен? Ми застана не кнедла, пара пет денарка во грло. Објаснувајки се завршивме дека така се родило ама веќе не сме болни, уште мнооогу малку време останува да помине па да ги тргнеме прашањата, а ова смеам ли? Нема да е уште малку, но како да го утешам без да излажам? Постепено рестрикциите се намалуваат но кога мамо ќе смеам другарчиња дома да имам? Ќе мине најмалку уште годинка. Немаме почнато со вакцини уште, ќе мораме сите наново. Ме печат очите а носот ми мириса на доместос. Очиве бараат веќе сон. Убав ден на сите и со лесно да минете по градинките.
Жени,мајки, убавици..... Редовно ве читам,повремено стискам лајкови дека сум тука,ама како ова лето што сме презафатени,не паметам да сме биле друг пат. Се зафативме со мм со домашна работа,сами,рековме да пробаме дали ќе успееме. И трудот се исплати, до сега. Иако е за неколку месеци, се што нсправивме е за нас. Во меѓувреме дојдоја гостите од странција. За нив има десет постови да напишам и нема да стигнат Али најбитно е што синко од прв ден се поврза со нив,па е цело време во нивна близина. Мене ми е баш мило,пишував овде колку му недостига љубов од баба и дедо,е сегс еве баш ужива со нив. Малку повеќе е излезен од контролс,али ќе издржиме уште 20 тина дена,после ќе се врати во нормала. Единствено мм не се навикна на гостите, иако се негови родители Синко расте мислиш пребрзо,секој ден е надвор со другарчиња, вози точак, игра со песок, плива во базен.... Порасна и он, наполни 5 годинки. Одмор не успеавме да истераме баш, беа тоа само ден два,па базен,или викенд,али мислам дека трудот кој летово фо вложивме се исплати,следното ќе надокнадиме . Верувам во онаа старата,после дождот иде сонце, коцките си го наоѓаат својот редослед.... Добив повик за работа,иако хонорарна, со доста прифатлива понуда, и што е најважно по мојата струка и она што јас мечтаев цело време д го работам. Прифатив, и еве неколку денови јас сум како новс личност, презадоволна,со елам за работа и желбс да подтигнам успех. Честитам за сите убавини што досега се случиле на форумов, еве со убав пост за камбек ве поздравувам и ветувам дека ќе имам повеќе време за тука . @Kaetana
Денеска мајки сум најсреќна на свет. Ама ко ќе кажам зошто ќе ми се смеете. Си дискутираме ние мајките по други теми за доење ова она и нај напнато ни е ноќно време. Епа мајки јас сум најсреќна на свет зашто си поспав чоечки околу 7 саати бебче само еднаш се разбуди за цицање и после веднаш заспа. Ми иде да заиграм. за разлика од претходните денови кога 2-3 пати станувало па и подолго сме биле будни. Сега еве станавме пак цицаше заспа а ја сва сречна ќе си сварам кафе за чоечки и тос да го испијам и да чекам да ми ѕвони алармот за да го разбудам големото за на школо. Па женички имајте пријатна ден и на здравје кафе на тие кои го густираат
Хај, Денес го испратив мм на пат 6 дена сами со син ми не деека ке сме сами ке имаме падобранци од баби и дедовци,но посигурна сум кога мм ми е дома. Се убив од чистење вчера цел ден,влакна мои на сите страни. И таман се искапив се средив,му викам ајде уште да се исфенирам причувај го детево , баш во тој момент му се јавија да оди да дозавршат работи за на пат. И повторно сум никаква во косаватиква. Исто читам на повејќето им се будат малечките со вриштење,на два три дена исто и кај нас... се преплашив,а он спие но и по зелената столица и по рацете во уста нооон стоп ке да вади прво забче...вака на допир не гребе што знам.... Закажав следна недела на гинеколог,имам некоја инфекција сигурно...се само секрет,однос неможам да имам мислиш природно сум породена,а и психичкиот момент бебето е во иста соба си има улога... навистина може сум единствена не знам но неможам да се опуштам,срам не срам ке си прашам на гин може па има врска ако имам бактерија.. што знам Како и да е,се надевам на мирни денови со син ми,ке си шеткаме па ке се читкаме и пишуваме
Не можев да ја најдам правата тема (ако ја има, префрлете го постот таму), но излезено е известување за паричен додаток/надоместок за деца кои одат во училиште. Ако некој родител ги исполнува условите да земе паричен додаток, еве го известувањето...
После турбулентна ноќ со мали,да се огласам на темава Убаво си заспа во 9,па бев сигурна дека ноќва ќе е мирна. шипинки Спиеше до 4,не дека не,се будепе за цицање (често како и секогаш) ама се разбуди во 3 ипол и мислев само ќе цица и пак ќе заспие ама не. Се нацица и ги ококори очите, а јас ваква . Некое време не се јавував,се правев успиена,и дотогаш си се вртеше во кревет лево десно,ама ме "фати" кога го погледнав,па почна со предење како маче,за на крај да почне да рика како лав Ај пробав да го заиграм на спална,не бива,морав да го носам во дневна кај играчките,а тато таму спие,па и на него му досаѓавме Па се играше малку,па малку повеќе шеташе во раце,за на крај да му бидне досадно и ништо да не му се погодува Ај го успав некако во 5 ипол. И ѕвер ( губам 2 мин да ја најдам буквата ѕ на тастатура ) стана во 8,иако обично спие до 9 ипол. Епа денеска целосно сум исцедена. Обично после вакво станување во ниедно време,после изненадува со нешто ново. Инаку ништо неќе да јаде,само правам и фрлам,нејадач невиден. @Happyinlove и јас откако се породив имам обилен жолтеникав исцедок,бев на гинеколог,чекам резултати од пап,ама може треба и брисеви. Гинекологот вика ставај вагиналети,нема потреба од брис Исто и јас имав проблем со имањето односи,ме болеше внатре,па мислев нешто не е добро,не сум добро сошиена Кажувам на гинекологот,ми вика те прегледав,се ти е во ред,се ти е од психа. Ти така си мислиш,а и повеќето жени по породување Подразмислив,па може и во право. И порано не бев многу по тоа,сега па ич. А сега пак,се набрзинка,бебе тука,па да не тропнеш,да не се разбуди,се некако во грч и нормално дека нема да ми е убаво и ќе боли . Некако имам надеж дека од годинка на синко се ќе си дојде на свое место Така си замислувам,и поубаво ми е на душичката Убав ден мајки
Иста мака имав и јас после пороѓај, некаде на месец дена отидов, вика рани имаш внатре од инфекција. Јас дека царски веројатно ми ја имаат пренесено со брцање, со вагиналети што ми ставаа... Пошто правев брисеви пред породување беа чисти, односи до тогаш немав, а имав некоја бактерија пренослива. Осеќав дека имам ко жилети внатре. Јас проблем немам со тоа дали станало дете или не дури имам однос, уште не разбира да знае што правиме, ама еве почнува да имитира па се селиме во дневна ние, бар тие неколку мига да ги имаме за нас нели, а кога беше помал никаков проблем немав, 3г без стресови си имав односи. Твоето е бар мало, што разбира, уживај таму. Освен ако е ептен осетлив на звуци па да се буди, моето гајле нема, војна надвор да пукне он навечер не се буди.