Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Како го извади сокот од патлиџани? Рендаше или во блендер? Нормално е да се оддели кога не е варен, така да не е ништо страшно, а и пена се прави од што е суров. Не знам за какви шишенца збориш, ама ако е од сокче или оние сокчиња во стаклени шишенца не го бива, само класика со тапа успева, се друго скиснува.

    Ај добар ден! Стигнав денес на работа малку порано, иначе кој ќе останува до 4 и кусур, вака во 20 за 4 ќе запалам точачето. Имаме работно време кое е флексибилно, идеш од 7ипол до 8ипол, си одиш од 3ипол до 4ипол, битно е 8 саата да си на работа. Администрација.

    Дете уште е тертиплија со јадење, а само збори сите лапаат, ајде да лапаме, што ќе лапаме...Елем супа со букви да е, купечка нормално, чоколадно млеко и круша, месо нема каснато добри месец дена накај 2. Се надевам ќе се разјаде пак во градинка, оти дома не јаде. Вчера запна тестенини и крај, па тарана му зготвив, ја изеде со сиренце и путер.

    Немам многу за кажување по повод сликата сем дека стварно понекогаш претеруваме со овие социјални медиуми ама па какво ни е здравството арно што прашуваме овде. Јас скоро секогаш прашувам, ама откако сум била на доктор со дадена дијагноза па барам совет, ако не е за доктор прашувам да не имал некој ситуација, ама стварно претеруваме, свашта се става по фб и форуми, од содржина на пелена до гениталии на изволте. Мајка сум, истото сум го правела во некоја ситуација можеби и пак ќе речам, претерано е, ама мајка во очај некогаш не знае за граница. Истото го правеле и нашите мајки, само не нет туку во комшилук, се сеќавам мајка ми како коментираа за нешто со комшиките кога бевме мали, само што ние сега немаме вистински пријателства и комшии со кои може да се опуштиме па се криеме позади монитори и куцкаме, жално ама вистинито.

    Тоа е тоа, да се фатам за работа а?
     
    На Coco31, Chantal, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    Добро утро.
    Денеска пак на контрола. Се надевам ќе рече оздравена е.

    Ми се смачи по 10 минути истото убедување за сируп.

    Иначе за кал и валкање дете е цел ден у двор, босо, песок и кал и трева, низ улица цело време, и се ќе беше супер да не Вриштеше за бањање навечер . И викам, џрна си ко циган, и ми вика, сакам да си бидам цигаааааан, остај ме да сум цигаааан. Па ај и викам, ќе мора да стоиш на семафор да бришеш коли, вика, сакам да бришам колииии. Пукнувачка.
     
    На Coco31, Chantal, Makedonka007 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И јас не сум сакала бањање како дете, а мојава да не ја извадиш, тогаш вришти.
    Сите комшии ме слушале коа сум се бањала, на цел глас сум се дерела: „Ќе ме удавииииишшш“
     
    На Chantal, Makedonka007, slavica999 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    моето ко ќе појде кај свекор ми всело редовно се враќа валкан дури свињине се почисти од него. Таму дека има многу дечиња, три куќи едно до друго од браќа на свекор ми,машала полна фамилија деца. Па прават торти од земја кал,виткаат палачинки од картони и кал... Па добро ако и за тоа им речеш немој па со што ли ќе играат? Алиштата за нови ли да им ги чувам? Па што ќе пере машината. А па жена му на свекор ми мавај по девојчето ( 9 години има) па вика алишта не можам да престасам да доперам не се ваѓа калта. Вика плус и не е мала за вака да игра. (facepalm) шта речи.
     
    На Makedonka007, eli25, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Не се пере ако переш со Ехо савекс или со Мерикс, ќе се испере ако ставиш асален прашок.
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден и од мене. Денес продуктивен ден на работа. Сум се разработила нешто имам милион работи за довршување. Уствари морам да ги завршам па нема бегање. Туку прилично завршив одсабајле па сега сум во добро расположение. И ова е супер за промена зашто продолжениов викенд беше хаос. Дете по Марфи го заболе увото во Сабота ноќта. После долги перипетии испадна дека има Варичела (ептен нетипичен осип имаше два дена) па дури на третиот ден стана јасно што е. И сега е во карантин. Мајко моја колку е нервозен заради тоа. Не може да разбере зошто не смее да си игра со други деца па само кенка дека сакал надвор, во градинка и слично. А ми рекоа после варичела да го чувам дома уште недела дена заради имунитет. Ај ќе преживееме некако.
     
    На Coco31, danichap, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    ами за 100 денара блуза или 150 панталони ич не жалам и да не се исперат.
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Прво бебе па затоа, вторите се многу помирни и сами си раснат :!: ова од искуство.
    Првото ми беше најбетер и најлош на свет бебуш единствено што немав мака со него е одвикнување од пелени. Ме стопи жива (52 кг ме направи а висока сум 180 см), си го преносив во раце и на крај градинката ми беше спасот до некаде. Од работа кога се враќав ми беше фластер како и на сите родендени, гости, прослави... После него си реков јас веќе немам намера да раѓам и јасно и дословно си кажав на мм. Бебушот уствари само мене ме малтретраше бре луѓе, нит татко му, баби, дедовци...И така поминаа 10 год и од една единствена грешка во овие 10 год Господ ми го даде второво. Се срушив кога ми кажаа дека е машко (facepalm), ќе си умрев млада :(, ми се вратија сите слики од пред 10 год. :drunk:. Се помирив со судбината дека е машко и милион пршања ,,дали ќе го сакам,, ?! хаос....хормони...Му кажав на мм ако е исто како првото сакам жена на помош, не баба, не тетка туку трето лице - дадилка, јас тој хорор не го поминувам повторно. Меѓувреме него го бесев, колев :rofl: а тој пустиот молчеше.
    И еве го второво. Прв пат кога го земав во раце во болница му велам на мм ова не е како првото, пожилаво и помирно е. Како да знаев, како да чувствував. И така и бидна. Многу е мирен и умен на мајка :sun:, нит скокови осетив нит грчеви нит било какви бутури (да не го преречам). Дали до искуство или моја зрелост е, незнам но навистина со вторите деца е мноооогу полесно, а можеби и до самите деца е. Но знам кога ќе си дојде фазата на лудување (најверојатно кога ќе прооди) ќе си пројде а мое е да го чекам на низок старт :D. :!: И првото се смири не да не, едноставно порасна, созреа, ама сеуште го има тој ќуд на инает :devil: понекогаш.
    Деца се, раснат и менуваат што е нормално.

    Инаку истеравме одморот. Супер си поминавме. Бебушот почна на одмор на ,,пузи,, така вели мм, не да лази него ,,пузи,, како војниците. Го оставив на средина на лежајот а јас дремуцкав на едната страна и падна од лежајот:drunk:. Јас целата скокав од радост а тој се преплаши :rofl:. Со првото дете кога првпат го водевме на одмор му излезе забче а ова сега почна да пузи :). Му пријаше климата и беше умен. Ни дозволи дури и да шетнеме. Мислев дека ќе поремети спиење ама не се случи тоа дури му дозволуваше и на мм да го заспива и покрај тоа што беше во ,,громот,, на 4 от скок :ninja:. Бебчо се плашеше од морето и песокот, што беше и очекувано нели но затоа му купивме гумен чамец и во тоа го бањав во туш кабината и 2-3 пати на терасата. Он уживаше. Чамецот (обрнат наопаку) ни служеше и како лежај за него на терасата додека седевме за да го држиме на око ;).
    Овој одмор помина што помина но наредниот догодина ќе биде позезнат зашто бебчо ќе трча, така си го спремив мм да си знае :lol:.

    Полека но сигурно се вративме на секојдневието. Бебчо си тера бебешки развој а поголемиот училиштето. Мм се врати на работа а јас си сонувам за некоја друга одишка од секојдневието :!: најверојатно ќе си почекам до Јануари кога поголемиот ќе се распушти од училиште. Идемо даље :wasntme:...
     
    На Coco31, do-re-mi, Ano и 24 други им се допаѓа ова.
  9. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Второ кафе во една рака,а во друга телефон,минути само за мене.

    Ручек немам,ќе се јадат јајца и имам леќа од вчера,денеска ништо не фатив дома,целосно му се посветив на дете.Заедно цртавме,ги возевме колите,и игравме со кал.Го истуширам и заспа.

    Мм замина да работи приватно,се слушнавме имал уште два часа работа,па овие два часа се само мои.

    После ручек ќе излеземе да испазариме нешто и да шетниме ако време не не за*би.
     
    Последна измена: 12 септември 2019
    На Mari*, Coco31, emkaemka и 17 други им се допаѓа ова.
  10. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    Живна темичкава :) Го бркам низ куќаа да јаде...не дека ми одбива,него мора да се игра,да се трча.По кревети скока,од еден на друг.Не губи ни секунда од играта.
    Напорничко стана после омор,го изгуби дневното преспивање.Све пробав ама неможам да го успијам и тоа е.А како фино си одспивав и ја со него.
    Есенски ствари опремени сме си,уше патики ама уште се поминува со платнениве.
    За мене да си најдам некои салонки сакам...ак ке биде и тоа...
     
    На Mari*, Coco31, emkaemka и 14 други им се допаѓа ова.
  11. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Таман се израдував синко конечно ми пројаде,еве го настинал, :worried: се надевам нема да ми поремети јадење. Ептен се израдував,овие неколку дена дека ептен убаво јаде,па отвара уста да му дадам,чматка со устето,и станува сабајле ми поткивнува. До пладне веќе и носе почна да тече |(
    А како и нема,кога времево заникаде,пред да заспиеме не се дише внатре,ноќе заладува,бебе постојано се открива и нормално дека ќе настине. Му ставам спрејче,инхалација со физиолошки и чистам носе,се надевам дека брзо ќе помине. Се мачи,едвај дише :(
    А може и дека запчиња ќе излегуваат,претходниот пат кога му излегоа долните единици имаше црвено грло и кашлаше,сега пак кивање и носе. Тоа е,ќе помине. Инаку грешка сум била во врска со забите. Ќе му излезат горните единици,а јас бев убедена дека долните двојки,дури и гледав кај е " пробиена" жлебинката.Што сум гледала поима немам,битно педијатарот рече горните ќе излезат брзо,кога ја прашав за долните ми рече дека нема сега уште е рано.:wasntme: никако да сватам по што се познава.

    Уште денес се водев на породилно, од утре сум невработена :envy: Баш ми е жал,ама мораше така да е. Се надевам дека понатаму во животот ќе ми се наредат коцките како што треба.
    @AngelOfArh ги блендирав патлиџаните во нутри булет, па сакав сосот да остане свеж,не варен,ама кога видов дека веројатно сум ја утнала работата,ги исипав шишенцата,па го сварив малку,па собрав :x Инаку во оние стаклени шишиња од Пригат сокчиња ставав,со капаче како од тегла. Ако го бидне добро,ако не :emo: ништо. А сакав и сокчиња да му ставам за во зима од круша,праска,ама после нервозата со сосов не правам.

    @slavica999 ме насмеа.
    Сите велат дека ако првото е немирно,второто ќе е мирно и обратно,ама колку е секогаш така :?:
    Би чувала уште,ама малку да порасне синко и да заборавам на "маката". А кога ќе ми текне дека секогаш велев деја децата ќе ми се на најмногу 2 год разлика.:?: Убаво е на теорија,ама во пракса,некако неиздржливо ми изгледа,а богами и неизводливо. Туку,изгледа и точно е дека се притресуваат сите само на првите деца,вторите потоа некако порелаксирано се чуваат,без многу замарање,дали ќе е така,ќе видиме.

    Мм си легна,време е и јас да спијам,па со нови сили утре да го започнеме денот. А денот,кога почне,кога заврши...многу наврзинка. Лета времето (waiting)
     
    На Mari*, Coco31, Ano и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Добар ден мајки, домаќинки, души ненаспани :hai:
    За овие последните бујрум кафе :coffee::coffee: да се ококорите малку, едвај пола ден поминал, богами далеку е крајот ;)

    Шала на страна, колку само брзо минува времето.
    Мене ми порасна детето.
    Дојде ден да не мислам на пелени, шишиња, цуцли. Се облекува сам, физиолошки потреби, доручек па дури и за спиење сам.
    На почетокот ми беше чудно за спиењето, не дека не доаѓа понекогаш кај нас кога се буди ама си знае дека треба во неговата соба и оди таму си пушта телевизорот и си легнува да спие.
    Јас и мм повторно како младоженци, само што сега сме постари па веднаш заспиваме :D

    Одсекогаш сум сакала поголема разлика меѓу деца (до кај 5,6,7 год.) и како што оди можно е да ми се оствари планот, трпение само.
    Може и така сакав дека синко ептен ѕверка беше, како расти како друго дете да станува :angel:
    Си разговараме како возрасни, почна да ме разбира, нема плачки, викања меѓу народ како претходно :o

    Ручекот готов.
    Денес риба со зеленчук.
    Малку ми се спие и мене, имавме гости до покасно, не знам како издржува мм станет од 5 сабајле :sweat:

    Вчера бев на пазарење.
    Сакав да искористам еден ваучер од 8€, и тоа ако направиш сметка од 50€ ќе ти ги скинат овие 8.
    Си викам таман ќе купам на дете што треба за во градинка (боици, сапуни, паломи) кога на каса 120€ 8-|
    И по не знам кој пат се потврдува дека жена не е за во продавница.
    Имаше една изрека ,,дај и пари и глеј и сеирот,, и таман така си е:D
    И што е најважно за дете не земав ни пола од тоа што требаше :tmi:

    Одам да ставам да јадење.
    Да не ни побегне и рибата од тавчето :D

    Убав ден жени :*
     
    На TarantulaA, Mari*, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    само добар нека е,од друго здосадено ми е :rofl: јас од 8 сатот до крај 11се Думав дали да спијам или да пијам кафе па на крај одлучив прво да спијам потоа кафе, две во едно. Ама ни кафе помага ни ништо.
    Ноќеска толку јака главоболка имав што не можев да се воздржам,морав Аналгин да земам. Па нормално со думање со неспиење со нередовна исхрана со никаков ред... И кај да е како што кинисало тука сум на прагот да побудалам ама Демир Хисар не ми е далеку
     
    На Mari*, Lorins, elcezelce и 6 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Два дена по ред си одам до дома заради комодата и денес конечно ми ја донесоа, али мајки вредеше, многу ми е убава. Ќе си средам после ќе си ја наместам, бомбонче ќе ми биде.Едвај чекам. Не сум спиена ич а за утре земав 35 кила пиперки да печам и ајварче да правам, како ќе стигнам не знам искрено ама ќе стигнам. Не знам вечер и на вежбање дали ќе стигнам оти имам обврски, треба да средам една нарачка, една да ја довршам и да припремам за ајварко. Не е проблем, убав тренинг имав и вчера и денес, ако можам ќе отидам, не пропуштам.

    Дете ми расте од ден во ден се повеќе, научил да праи такви манипулации, такви заврзлами, леле леле... Ми вика дај ми чоколадно млеко, му викам нема сега чоколадно млеко, Ако чоколадно млеко, дај чоколадно млеко, ме убедува мајки, ме мота околу мал прст. Вампирче едно низаедно. Да го грабнеш и да го изедеш од што е сладок. Како ќе биде викендов со него со чување не знам, ми личи ко мачничко да ќе биде. Баба ни откажа љубов, ќе праела и она ајвар, па ќе се снајдеме ваљда.

    @Monella и јас галиба ќе правам голема разлика, така излезе, не намерно ама второто и третото не сакам многу голема разлика да се. Да не бев невработена сместа ќе родев, годинаипол само разлика, ама... Ајде ќе биде. Битно е да имам воља, ја имам, па ќе биде.

    Да ви кажам, многу трошам пари, ама многу. Ја претерувам, плата едвај до 15ти ми достасува, ама се сакам да му купам на дете и се сакам да купам за мене, епа нема. Од парите од роденден почнав да делкам, а планирав да ги чувам за црни дани, онака, ама пусто едни пантолони ми се смееа во продавница прееска, ај не ги земи да те видам. Здравје од следен месец решив да штедам, пола плата на страна, ќе стискам со другата половина, ако не ја подјадам уште пред да ја земам. А ми требаат чизмички, за нив сакам да заштедам малку.

    Тоа е тоа мајки, одам да довршам работата и да одам домче назад, имам уште доста работа за денес. Убав ден!
     
    На Mari*, Coco31, TarantulaA и 12 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Да ми кажеше некој дека ќе станам во 1 сатот и ќе дојам и ќе се Маткам сатипол (до сега за одсега којзнае уште колку) ќе си маправев пуканки и ќе си пуштев филм. (waiting)
    Кај ми студи ме тресе па операцијата пак почна да ме наболува уште и будна.. е не,стварно не можам. Месец дена со бебе и уште месец два додека бев жештини тежини во бременоста... Епа многу, многу е
    Сакам да спијам. |-)
     
    На Mari*, TarantulaA и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.294
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки нешто слабо сте активни не сум во тек со темите што сте пишале, ненав време да ве препрочитам сите. Дојдовме на одмор па непланирано се решивме уште на 10 дена на море да останеме па потоа пак назад во реалноста. Кој вели септември не е за одмор се лаже, баш е пријатно по вел ден на плажа мали се радува многу.

    20190914_135209.jpg
     
    На galapce, Mari*, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки :sun:

    Стандардно се вративме у секојдневие, малку порано од планирано, бебе спие, јас одмарам |-)

    Бебе у пола ноќ на море качи Т :smirk:
    За прв пат :smirk:
    Симнуваше од сирупче, ама по 5ч пак исто, стана напорен *1000 се гледаше да му е тешко :( уствари како право маже со 37.2/3 припаѓаше како да иде смак света 8)
    Едвај ја прогуравме ноќта пред пат, цел хотел го крена у вис, се изнарика и изнажали, едвај чекав да се раздени. Кај 6.30ч го истуширав, облеков и ајт на плажа, таман да видиме изгрејсонце и воздух да го фати, а мм го оставив да спакува ствари у кола.
    Леле среќа поголемиот дел ствари веќе беа спакувани, едниот куфер и затворен, абе буквално човеков што нашол бутал у ќеси и џиткал у кола (facepalm)

    1568458772699.jpg
    1568458743110.jpg

    Инаку нели мм ловеше со харпун, па ова е ловот :rofl:
    1568458814043.jpg
    Штета покасно ги улови и другарчињата беа веќе заминати, резилот ќе беше уште поголем :rofl:

    Иначе истиве школки ги продаваа по 1е :o
    Не се арни грциве и крај!

    За прв пат и бебе по цел пат беше буден, едвај 1ч дремна, ама умен беше, со тоа што ние бевме у минус, олеснети за 20е, купивме 2сета колички од тој маркетот :tmi:
    Па искочи и кивање, а на секое кивање како метак летаа мрсули на сите страни :tmi: абе лом се сторивме од мрсули, што он, што јас, што играчките, колата па... :puke:

    На граница гужва, сите срби се враќаат кога и ние :@
    На грчка чекавме пола сат и више може беше, ама на Мк мм се направи паметен и се протна у први редови (highfive) да беше у друг момент ќе зборев и ќе го исповреѓав дека другите не се будали, ама сега го благословив што му текна на тој трик :angel:
    Па за 5мин минавме граница :whew:

    Бебе ем неарен, ем му се здосади, па застанавме Неготино на една бензиска со детско игралиште. Радости, радости, сегде се качи, сегде се напентари, 1ч го чекавме да му помине мерак. У маркетчето пак купивме коли, едната и со врати што се отвараат, па до дома од возбуда не успеа ни да дремне, а преморен дабетер беше :smirk:

    Таман стигнавме дома и таман 6ч минаа од последен сируп, па туш, сирупот и со петни жили успеав да го успијам некако |-)
    Ноќта мина ОК, се разбуди едно 4-5пати ама бараше да пие вода и со кратко нишкање презаспиваше :whew:

    Вчера посабајлечки у Систина у лаб, мислам болницата само по боцки ја знае, па штом виде каде сме одма се залепи за мене. Среќа тетката за боцкање фина, па спомна и рипки и брзо заврши без многу драми :angel:
    Ама тоа не е се, кога рече нејќе да влезе у кола, кога рикна, кога рече се тегне се бута :worried:
    Па со помош од обезбедувањето го пикнавме некако и врзавме у седиште :| уште не бев ни излезена од паркингот се смири (facepalm)

    Го гледам поарен, без сируп од пред спиење, а 1ч треба да чекам за резултат, па ај викам да појдам до маркет у Молот.
    Што ми требаше да поминеме од кај рибите (facepalm) леле кога се запна да земе риба и крај, па ај купив една ципура и му викам на дечкото да јастави у 3ќеси. Знаев дека нема да ја пушти од рака, па да не му се скине ќесето :tmi:

    И така со рибата у раце се шеташе у маркетот, па и во Систина си влеговме со неа и на тетката на пултот и вика иииииии рипче и и ја покажува 8) така малку чудно ме погледаа околу ама тоа е, битно бебе среќен :wasntme:

    Го однесов и кај докторката, ај викам пред викенд нека го види, ама и по кс видов да е вирус и веќе помина. Он уствари веќе и беше у форма, па уште не стигнати дома кога се пикна да скока на трамболина, па да копа у песокбсо багерите, па да се полизга аиииии сите играчки како нови му се видоа :D

    Сега дојде на ред најомразениот дел, средување на алишта :doh:
    Па и што зборење беше и од дома и тука дека заладило, а ние уште сме распиштолени, топло е.
    Сабајле или 10ч веќе беше се заакав со количка до кај моите, да берам малини и смокви и баба и дедо да ги ѕирнеме, абе се сварив :doh:
    Уште е лето, заладено е, се диши веќе, ама лето е уште :sun:

    Почнавте со зимници?
    Вчера у маркет купив цвекло и едни пиперчиња со сиренце у тегла, као да ги пробаме, па ако чини да купам повечко. И ете ги бендисавме, па ќе купам и ете тоа е мое ставање/праење, односно редење на рафт у шпаиз :tmi:

    Сакам и краставички да купам, мајка као става секоја година ама некако меки ги прави, па ќе и речам оваа година да не става и за нас. И туршија нејќам оваа година, цело буренце го фрливме од прошлата..
    Феферонки сакам ама и тоа ќе купам..
    Ајвар, малиџано ќе подаде мајка некое тегле, ќе купам јас само пипер :angel:
    Компоти веќе мајка изнаправи и сокови исто!
    Слатко, мармалади имам од пред 3години од што толку ги јадеме, па значи тоа имам за да ми се најде :D

    Куќава е за чистење, рибање, генералка, да си пукне човек у ваков хаос :doh:
    Гарнитурава е седмосед, а едвај јас седам у чисто на еден ќош, на све остало е пингвини, фоки, коњи, спајди, авиони, колички...
    По подов идеме и си рипкаме :D
    На сред маса имам хелихоптер..
    И така :l:

    Уф да се пожалам дека и 5кг песок сме донеле од море, од кои 4кг се у кола (highfive)
    Не знам како ќе се отарасиме од него, каков е па и лепнив ауууф мака ќе си имаме дури не си замине :smirk:

    Лелееее имам и новости, тетка ќе станам, ама не од сестра од прв братучед :D
    Убаво, значи и свадба ќе има, октомври ќе е, ама како он се претргал за мене така и јас за него, па изгледа нема ни да идеме :nod:
    Против сум бебе да мкнам на такви дешафки, кај сестра ми беше друго, ама за тука што би правела отстапка малу морген :emo:
    Него снаата е бремена со девојче, нека е саммо живо и здраво, принцеза убава ќе е сигурно. Ама тетка ми и баба ми се разочарани до бесвест што е женско, оно и други се разочарани ама они највеќе зборат (facepalm)
    Кој простаклук бе :@
    До сега не сакав да поверувам, ама од сега знам да е така!
    Бебе мое цело време ми го игнорираат, сум кажала тетка ми ни на повојница била, ниту му пришла на бебево, а прво внуче и е, еден брат има..
    Епа зошто е машко е тоа така, од завист бе (facepalm) братучетка ми има две женски.
    Дно ми е муабетов, ама мајка ми го презборе, нејќев да поверувам дека некој е толку затуцан, па и тетка, ама ете баш такви до мене да ти биле :headbang:
    Иначе девојчето ќе има едно име :drunk: не наоѓам многу мани јас на имиња, ама ова е негде на врвот кај смешните, оно и снајкава што име има, па си одговара и со тоа коа ќе видиш :lol:
    Хммм сега ми прелета, а снаава македонка е?! чудно и е доста имево :?: ќе прашам :D

    Ај да привршува бебе со дремкава, па ручек да сплескам, па да се пошуткаме дури не залади и низ врата, дал по улици или по гости ќе идеме негде уште не паднала одлука.

    Убав ден :hug:
     
    На galapce, Mari*, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Секогаш ова време дете спие.Па имам време рајат една кафе со цигарче да испијам.

    Уште сабајле бевме до парк ги раневме пајките со смоки,испазаривме и навратиме до кај кумовите на кафе.Но не беа дома, заминале Германија на гости.Да знаев дека нема да бидат тука немаше да се траштам толку за роденденот од дете.

    Се вративме дома на дете му дадов јаболко да јади а јас зедов да метам и џогирам.

    Ноќеска на полноќ на мм тел. му ѕвонеше,како се уплашивме триста мисли ни поминаа на ум.
    Му се јавија од Кризен штаб за гаснење пожар.Утрово во 5 замина и него го мислам колку ми е страв.Пред да замини му реков да ми се јавува кога ќе можи.До сега два пати ми се јави горат шуми како луди.Ништо не се гледало,и имало многу чад,било хорор.
    Господе чува ги сите и мм чувај ми го.

    Ако мм си дојде порано ќеодиме кај мајка да си го земам тепихот таму беше пратен на перење и да земам кифли ми направила.И треба да изпазариме пиење и мезе.Ако не ќе остане зето тоа на мм утре,а јас ќе печам зелници,сакатите ќе ги правам и купатило ќе чистам.

    Одам да направам ручек за дете додека спие.
     
    На Makedonka007, galapce, Mari* и 19 други им се допаѓа ова.
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здравејте мамициии! Тук ли сте? ;)
    јас одмарам уште некоја минутка додека беба не станала од попладневна дремка!:yawn:
    Дадата е на гроздобер! :PКоја среќа и возбуда беше утрово^_^! насмејана, весела, нетрпелива да стигне во село! ќе се врати цела извалкана, ама исполнета , наиграна, истрчена, уморна... се надевам нема да ја искасат осите! :smirk:
    Денот со малата сами го тераме! Утрински после појадокот направивме голеема прошетка! Должност ни е да ги нахраниме бибите во паркот, па натаму се упативме! Во паркот јас, беба и бибите... тие бевме! Жив човек немаше толку рано! пазаревме нешто попат, натоварив количката и некако се довлечкавме до дома! Тоа ми е најтешкиот дел, кога со дете и кеси треба да се качам до дома! Дома едно смути за бебе и едно за мене! Поигравме малку, па јас почнав ручек а дете умно на мајка се занимаваше само со играчките! Ова почнува да ми се допаѓа, бебе се учи само да се занимава а не цело време -мами, мами, мами.. па можам да си сработам нешто по дома!
    Кога ќе стане бебе ќе ручка и ја носам кај мајка ми на гости! таму ми е милина на дворчето, па штета е да не ги искористиме последните топли денови! :sun:

    Вечер сакаме со ММ да излеземе двајцата некаде, без деци... ама како ли ова ќе се изведе ич не знам! (facepalm)Пред некое време бабите со задоволство ни ги чуваа за да прошетаме, сега насетуваме дека им е мака, дека сакат да одбегнат! Се сменија и кај нас работиве, не е како што беше! А се фалев овде по темите дека секој викенд бабите со задоволство чуват деца а ние си посветуваме време за нас! Сега е поретко тоа наше шеткање! Не дека воопшто не излегуваме ама не како претходно! Обично договараме излегувања во игротеки заедно со децата со нас!

    Толку од мене за денес на темава! Убав ви ден... шарнете некој ред да ве читаме! :f:
     
    На galapce, Mari*, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    Почнаа вирусите..па таа нагла промена во тт преку ноќе,донесе настинка и кај детево.Не правев кс бидејки мислам вирус е.
    Баш ми е тешко коа гледам како е затнат у носе и едвај дише.
    Зимница сте спонале...Ја сум од домакинките што сакаат домашно,ама не се нафаќам да правам:) Све си купувам...ама па сама ди чистам низ дома;)
     
    На Mari*, Coco31, Chantal и 12 други им се допаѓа ова.