честито,голема да растеш ние изгледа не старееме,гледаме само како растат децата Добар ден од мене. На здравје на тие со кафињата за добро утро/добар ден еве јас со бебе во раце полуседната полулегната со кафе до мене пијам дојам и чачкам на Фемина оти инаку ќе заспијам. да го допијам кафето да појадувам и одиме со бебчо да го земеме синко од школо. Ако чекам јас до тие фамозни 40 дена ... Ќе цркнеме,снег ќе фати ќе нема кога после да го вадам надвор. Башка што ниедна обврска нема да ми е завршена. Сакав да отворам една тема на дискусија околу децата ама ме мрзи сега здравје друг ден Имајте пријатен ден. Мене ме чекаат и други теми за читање
Среќен роденден една од моите омилени феминки! Среќни родендени, годишнини, поводи на сите феминки и деца фемински! Попуштија болките под моќта на Бруфенот, ама сега желудникот парче. До кај 5 сум мирна, после почнува да боли и леле мале, ми се плаче. Утре резултати од едните испитувања ќе бидат готови. Дете однесено во градинка, денес јас и ќе го земам, до 4 ќе си поседи, па ручек за маж, па за мене и него вечера, блачко нешто денес, сакам гости да викнам кумовите да поиграат деца, ама прво да просмукам и така. Ваљда ќе успеам се, а? Немам многу за кажување, убав ден!
Здраво друштво, да си пишам еден пост, да си кажам што имам и ај чао да ви кажам, ве читам не дека не но немам желба да пишувам. Одморот беше и помина, ова беше најубавиот одмор во мојот живот, поубаво не ми било никогаш. Не сум баш поцрнета но поцрна никогаш не сум ни била, хахах. Оваа година малата моја не сакаше од вода да излезе, без проблем се бањаше, по песокот си трчаше, седеше си играше од милина, во споредба со лани милион посто различно дете. Туку трајте конечно и со мм се видовме, во секоја смисла, и муабет и гушкање и се со ред. Како се вративме од одмор се вративме на стара шема дури и бетер, свекрва со скршеница, родендени кај др деца па и на нашата домашна детуланка, гости од ваму од таму, абе лудило. Машини за пуштање, за пружање, за собирање и пеглање до бескрај. На работа треба да се уклучам на 100-ка, дете прв пат почнува во градинка леле мајко на сите страни а никаде не смееш да потфрлиш, па едно време ми текна дека здравјето си го запоставив, а слаба крв не е шала мора да се јаде и поздраво и поквалитетно. Најлесно нели е да влезеш у продавница и да купиш нјоп треба и да се приготви, ај ќе се снајдеме не е страшно. Детенце подновено од мама и тато, спремно за во градинка плус и подароци од роденденот тип топ ми е цуца, ми фалат уште неколку пара хеланки, патики прв пат и купувам од ваикики, незнам како сте задоволни вие??? И купивме вчера втори патики, адидас и замислите ми ги смешале броевите, па од сабајле пак перипетии оди трчи збори, заменувај организирај се што да ви кажам, битно средивме работа. Маж и он си тера свои обврски и решивме малку да се ставиме у ред, почнавме да избегаваме вечера или мн малку да јадеме, јас немам мн за симнување ама тој има едно добри 6-7 килца, ќе видиме до каде ќе стигне. Му викам да смучкаме едно бебе па ќе се исцеди се смее, да ја средам крвта паотом потом здравје. Поздрав мили посао зове! киссссссс Честитки на сите кои имале нешто за славење, и да частам кој што јаде и пие за поминатиот роденден на ќерка!!!
Си ме намирисала Ангел Ние од источниот, југоисточниот дел си имаме некоја поврзаност Би сакала да имам во близина личност како што си ти (машка жена) Машка, бидејќи во многу ситуации реагираш како вистинска лавица директна си и тоа многу ти го ценам. Имам многу да кажам ама за тоа си постои тема за анализа на членовите Има повеќе членови на кои им се восхитувам и со задоволство ги читам.
Еј Италјанката ни приредила частовка Среќен роденден @Monella да си жива и здрава и секогаш задоволна од живототОваа година да те читаме со згодите и незгодите со големото меше и малото бебе и големиот батко Добар ден Немав намера да пишам ама заради италјанката само ќе шкртнам некој збор. Глава ме боли нешто изгледа ме фаќа некој грип. Колешката на работа ми отиде на одмор па 2 недели ќе бидеме помирни малку на работа Ја молев да ме земе со неа на Кос ама мал куфер ќе носела Во вторникот частеше суши .Јас така гледав со страв и решив да пробам пилешко и веганско.Многу вкусно па ќе си го вклучам во менито кога ќе ме мрзи да готвам.Се си велам да станам некој гурман ама не е тоа за мене јадам ради што морам Денес имаме журка во градинката па ако ги разубедам свеќи ќе одиме Од кога залади не излегуваат од дома ќе настинело детето од ладниот воздухПа непрошетано и не отспано дете знаете како изгледа со тантруми Па после детето било разлигавено Малата почна да пројавува љубомора во делењето на нејзиниот дедо со братучетките.Тоа бил нејзин дедо.За моите не е покажала сеуште љубомора. @AngelOfArh можеби проблемите да ти се појавиле заради вежбањето.Си ги раздвижила камњатаНе се предавај само продолжи и јас не се предавам вежбам јога(ова спортски дух да подржам) Не се пофалив минатата недела бев на др ради шеќерот .Во јануари ми правеа некое генетско тестирање дали имам шеќер и од 14 гени сите се негативни.Докторката пресреќна сите тестови супер тримесечнот шеќер 5,3 Моменталниот шеќер исто низок иако изедов пред мерење еден ред чоколадо Знам јас од стрес ми беше се.Затоа сега си вежбам да го држам стресот подалеку , а и поубаво си се чуствувам. Ајде мајки еден ред испадна реферат.Убав остаток од денот.
Zdravo majki Oficialno ja zapocnavme sezonata na nastinki golemata rano se budese i mi vika mamo noseto mi teci i vikam a dobra si, nemase ni tt pa ja isprativ gradinka. Vremevo sonce so mnogu veter koga ja zemav bese celata so mrsuli i crveno nose, cel dem fujala nose, igrale i nadvoreve ja zaspa so mala tt, nose zatnato, i vika muskuli i boliutre nema gradinka a vecer ke se sledi cela nok.....samo malata da ne ja zakaci Aman bre uste septemvri da zavrsivme bar Mala spie, nemozam ni tel da si fatam od nea vednas piska i place pa saka da go zemei ona so prst gole dole na telefon Ne nesakam uste sega so tel i crtani ama golemata me nadvasuva sama si pusta tv a i ona go zema telekomandoto pa skrapa Nemozam jas edna oni dve A obvrskive doma ima li kraj? Kolku vreme stoi sreddno kaj vas? Neznam dali stignuvam do sat vremese pak e naopaku Glavata me boli denovive denes se budev so silna bolka vo stomaktreba da dovijam ama i ko da ne bese od toa Posle godina ipol operacijata od ragajne na malata vnatre cudno se custvuvam Milion raboti, grizi grizi grizisto pobrzo Da mi gi cuva sakanive gospodna site Ubava nojk Vikend sakam da pazaram nesto za cerkiako se e vo red cao cao
не стои кај мене средено. Односно стои,кога ќе се најават гости па јас набрзина досредувам кога ќе заминат исто. Ама тоа е. Децата пред се,и да се здрави и живи. Можам јас да чистам и средувам ама децата ако се на второ односно послено место на внимание. А тоа тешко го издржуваат. Јас па повеќе гледам за нив потоа за ручек и основна чистота - миење садови смукање бришење прашина и готово. Генералки чуда... Дали еднаш или два пати годишно. Ама пак не е дотолку да не е средено. Чачкам колку да не заспијам,го дојам бебчо. Е веќе се навикнав да станувам два пати на вечер. Многу ми беше тешко првите 2 недели сега не толку.
Добро утро!!! Уф, ама студено утро...бррр, права есен! Летово бар уште некој топол ден да имаше заборавен во септември, рано ми е уште за толку јако да залади! Утрово големата ќерка одбиваше чорапчиња и долно маиче, топло било по нејзино... ама по мое беше кокал ладно и кај дете толку необлечено да пратам вограднка! Па моравме на балкон да излеземе за да осети колку е студено па да се согласи да се облечеме спрема временските услови! И секако губевме време со вакви лигавешки испади, па после следеше церемонијално испраќање како што ќерчето мое љуби насабајле (а богами и јас сакам да се гушкам со неа утрински) и ајде појде во градинка со татко и! Од синоќа покривам со ќебенца, досега се моткавме со чаршафи ама почесто бевме голи... Многу студено ми се виде... ММ вели - претеруваш! Сигурно веќе имам кажано дека нејќам есен, ама иииичч нејќам есен! Депресија годишно време! Тмурно, дождливо, студено, ветровито и празно! Додуша нејќам ни зима, ни снег (ебате Снегулката)... само пролет и лето! Морам да се пожалам дека периодов сум поправена 3 килца па се канам да ве дружам таму кај Ун темта! Ве манијачам понекогаш, читам што пишете пааа... малку фали да се вкулачам во диетски муабети! Другооо, периодов имаме две свадби па ете причина плус за да се ставам на диета! Вчера си купив нов фустан, по мерак ми е ептен ама како да сум послеба 2-3 килца поубаво ќе ми стои! Не знам што друго да ви пишам... Ајде поздрав и имајте убав викенд! Ејјјј петок е бре... супер! Ај уживајте како за последен ден од неделата!
Добро утро од мене. Не сум станала од кревет сеуште, не можам да се извлечам. Бебка уште спие, синоќа до 1 после полноќ лудуваше по дома. Трча од една во друга соба и цело време вика “баба ти,баба ти” Што и да ја прашаш ќе ти одговори со “баба ти” -Мама кој е неумно дете? -Баба ти -Мама кој го извалкал ова со чоколадо? -Баба ти и за се е крива баба и Јас сум со јака болка во уши, загноени се внатре и двете, па ова е втора ноќ како не спијам. Можеби еден час-два сврзувам, ама толку остра болка е,неподнослива,ко саат да ми чука во ушиве.. Антибиотикот уште денес го пијам, кој знае дали ќе оздрават. Ме полудува болката, ако не сте осетиле, ви посакувам никогашшшш да не осетите болка во уво Бебе ми е големо моме, многу сака да се гушка и гали Прави “оооо” и со рачињата ме гали на лице,како јас шо и праам нејзе. Ако ме шлапне со нешто, се преправам дека плачам па доаѓа ми ги трга рацете и со најубавиот глас на свет ми вика “мамЕее,мамИИ-цмок”и ќе ме баци Вчера ми ја зема раката и ја става кај татко и на лицени прави “ооо” за јас да го галам политичар. Татко ми и купил лизганица за во двор, па тоа ни е главна атракција сега, сака да се лизга и мора да аплаудираме кога ќе се спушти. Пред некој ден јас загледана во телефон, ма 5 пати ми викна “мамооо,мамааа” и плуска со рачињата, дс ме потсети оти не и аплаудирав... абе за гњавење и бакнување е само!! Секој ден нови лудории, се чудам колку брзо расте и учи. Нема абер за станување момата,па не е лошо да станам и тркнам до амбуланта, да си побарам појак антибиотик оти ќе се распаднам веќе. Синоќа ненамерно ме удри по едното уво кое е повеќе воспалено, почнав да плачам секундарно, тоа беше .... нешто страшно. Мислам од тогаш ми се влоши уште толку.. Ајде, барем вие имајте убав ден. Останете добри, ве поздравувам
Поназад спомнав дека сакам да отворам една тема за дискусија ама ме мрзеше. Минатата недела бевме на родителска средба. Леле која разлика е од јас ко бев 1во одд до сега. Многу добри работи раскажа учителката, само што во мое време во 1во одд се учеше а овде 1во одд е нешто побетер од градинка . Одделенската наставничка треба да е воспитувач сега. Си оформивме група на ФБ. И имаше постирано едно видео од советот за родители. Видеото е интересно. Се замислив толку ли сме ние зафатени родители што сега се е уназадено? Учителка кажуваше дека некои дечиња на физичко не знаеле која патика на која нога да обујат. Зарем деца од 1во одд? Знам грешката е во родителите ама зарем дотолку? И во мое време родителите ми одеа на работа ама никогаш патика не ми врзале ни па книги во ташна ми наредиле. Што се случува во денешницава? Извинете ама морав да се искажам
Здраво од мене... Кафе пијам и си го мислам детево ..Во градинка,во фаза на адаптација....Драматично е кога го оставам-плаче,се тегне по мене,ама па на зимање е ок.Вчера дури и јадел.Задоволна сум за сега. Е после градинка е лепенка за мене,не се одвојува.Се надевам фаза и ке одмине зашто неможам да си подфатам по дома дур терам одмор и адаптацијава. Друго све по старо..немам ништо интересно да се фалам @marchi-cool е баш на темава дискутирав пред некој ден..Знаете ли денешно време кој е меѓу најголемите проблеми со децава?! overprottective parents!.Има и други опасности ама и ова е,дирекно потекната од нас Поздрав и добар фрајдеј
Мајки јас сум малку изнервирана и не знам дали сум во право или пак не сум. Со свекрва ми и етрва ми сме во добри односи досега, ништо не е имало грешно ни од нивна страна ни од моја. Е сега како се ближи мојот пораѓај свекрва ми ми кажа дека креветче, количка, корито, пелени се тоа имало и немало потреба да се купува само бидејќи внукот ич не спал во креветчето и не било користено воопшто па да сме го користиле ние. Не знам зошто но мене срцето ми е распарчено бидејќи ми е прво дете а од овие работи ништо нема да има ново. Количка мислам дека моите сакаат да купат бидејќи така ми спомна мајка ми. За креветче знам дека свекрва ми не планира ново да купува бидејќи веќе неколку пати спомна дека тоа од внучето било здраво и ништо не му фалело па само да не се трупале ствари. Веќе сум 31 недела а таа не планира ништо сега да се купува ни алишта ни козметика апсолутно ништо. Бидејќи и со претходната снаа така направиле. Кога добила болки и отишла да се пораѓа свекрвата изнакупувала се тогаш испрала и средила. Не знам зошто но јас сум разочарана и срцето ми е распарчено бидејќи ме боли за мое дете. Што би направиле вие да сте на мое место?
И јас бев во прилично слична ситуација. И мене ме заболе за мое дете, сакав ново. И си купив ново. Кажав јасно и гласно, сакам ново. Нит некому брцнав во џеб, си купивме се што си сакавме, никој не ни замери. Од денешен аспект и смирени хормони - требаше да си земам што ми даваа.
Ако ти е мерак се ново, се ново купи си. После и да се каеш, твое си е. И јас не сакам стари работи за мое дете.
со лесно да ја поминете адаптацијата. На темата што ја спомнав е доста дискутабилна можеме 3 дена да муабетиме, ама тоа е. јас не гледам зошто толку секирации. Јас тоа што можев сакав и мислев дека е меопхнеопходно си го купив не ќе чекам од други да ми купат. Тоа што може да се искористи од внук братучед сестра оти да не се искористи. Има луѓе што не можат да купат па користат позајмени донирани и сл па никому ништо. Па за облеката да не зборувам. Со облека од внук од братучед и од децата од свекор ми го израснав првото. После и ги дадов на внук од братучед на маж ми. Па никому ништо
Јас отидов со мм и искупивме се, 37 недела бев, се си исправ средив по мој ќеиф. Од после му покажавме се и само кажаа дека креветчето ќе биде од нив. Значи можеа и да не дадат пари никому ништо.
Јас да ми речеше некој нема да купиш количка ќе го задавев со голи раце! Од пред трудноча јас колички гледав. Каква сака нека е зачувана, ако е од пред неколку години е старомодна. Штом твоите се нафаќаат да купат оди избери си и купи си ја таа што ја сакаш. Свекрва нема што да се меша тука. Ако не направиш така ќе ти биде криво.. За креветче може да се искористи, ама ќе си купиш нов душек се разбира. И нова оградица и постелнина. Нема што свекрва сама да излезе да купи, купувањето за бебе за мене претставуваше најголемо задоволство кое не го давам на никој друг. Мојата пари ми даде сама да си купам, најубаво. Алишта купи си тоа што сакаш, ама и да ти дадат и тие не се на одмет, многу требаат, се извалкало, се испотило, за резерва во ранец, перено, неперено итн. Корито сеедно, сакаш купи сакаш земи старото. И онака обичните се по 300 денари. Еве јас за второво ново ќе си купам. Пелени ако мислиш на тетра колку повеќе имаш толку подобро, така да земи ги и нив.
Исто и јас количка,креветче,хранилка,зедов од девер ми. Реално нови се и немаше потреба да се купува ново. Ме прашуваа и свекрва ми и мајка ми за нови да купат,не сакав. Транспортер купивме нов,ама многу малку го користевме. Облека,постелнини,купуваа и мајка ми и свекрва ми,а и имав алишта од децата на девер ми. Да знаев,немаше ни толку алишта да дозволам да купиме,многу останаа неизносени или 2,3 пати облечени. Е,само количка можеби требаше нова да си купам,ама дури се освестив дека има недостатоци,рачката не се мрдаше,па не се менува страна,ама во почетокот не сакаше да се вози,кога веќе сакаше да се вози,дојде крај на лето,па не ми се купува нова за малку и онака порасна,веќе ќе сака да оди. Како и што ти кажаа другите. Кажи си дека сакаш се ново и купи си,или нека ти купат ако сакаш и ако сакаат и твоите и на мт. За твое дете и со твои пари,ти си одлучуваш што и како.
Добар ден мајки Денес во подобро раположење. Ваљда шопингот вчера ми дојде како доза шеќер и ми даде малку енергија. Уште поголема мотивација ми е што влегов во S панталона. После нецели две недели неколку кг помалку но и мешето се топи. Не било толку тешко да си на диета, нели, освен што апам понекогаш. Ако пазиш што јадеш и спортуваш значи вистина се слабеело и се враќало во форма. Да ми биде потсетување и барем еднаш годишно да се ставам на некој режим по неколку недели. Во однос на темата за средување. Кај мене иде жена еднаш неделно за општа генералка. Да помине подот со влажно, да усиса, да избрише прашина, работна површина во кујна, да дезинфицира вециња ...Куќата е 200м2 па летнале 4 часа. Тоа држи 1-2 дена. Тековно, секој ден пак морам да дезинфицирам веце бидејќи децава прават лом, да усисавам, да раскревам а и кујната и работниот дел секако. Посебно време ми одзема игралната и едната детска каде се игра со секакви материјали. Верувале или не се случува собата по 3 пати да треба да ја минам со џогер или по 3 пати да ја усисавам. Набавив од правосмукалките на полнење, па да не мора со кабли да растрчувам натаму наваму и од тие џогерите со распрскувач. Се заштедува на време. Но таму е секогаш средено бидејќи после завршетоот на една активност сакам да е средено за наредната. Одзема време спремање, стимулирање или поттикнување додека играат и делот потоа, да раскренам, но не ми е тешко. Го правам за нив и знам дека уживаат. А колку им годи е најважно. Во однос на другата тема, детството или вниманието кое се посветува на детската игра и општо врз развојот на децата. На жалост е прилично коплексна тема. Ако се сака се може многу, да. Потребно е време, трпение и нерви. Родителот треба најпрво да има некаков баланс со сам себе и во себе пред да се обиде да влијае позитивно врз дететои да го стимулира преку игра и забава. Но да не заборавиме дека потребна е поддршка од страна на двајцата родители, распределба на обврските додека едниот анимира/забавува за другиот да изврши дел од домаќинските обврски, заеднички активности во природа за кои е најдобро двајцата родители да учествуваат. Ако некој е капнат, психички и фиички исцрпен потребно е он да пронајде начин да се релаксира да се стимулира неговото расположение потоа да најде енргија за да влијае позитивно и на детето. Да не заборавиме дека некогаш треба и дел од домот, ќоше, за одвиавње на активностите кои не сите го имаат. Потребни се и услови, тишина, да се концентрира а тешко извдливо доколку повеќе генерации живеат во еден дом или се грее само во една соба. И да не заборавиме дека на некои деца им треба далеку поголема стимулација за да постигнат резултати за кои други течиња ги извршуваат со леснотија. Некогаш родителот дава се од себе но едноставно не е доволно, не дека воопшто не работи со детето. Како што реков, коплексно. Ќе се воздржам од некаква осуда бидејќи секој е со своја приказна. Во однос на стари работи. ЈАс да сум би зела и би била среќна. Искрено. Мене немаше кој да ми даде па се купувавме. Потоа увидов колку непотребно расфрлање за некои фази кои траеле по некој месец или работи кои детето воопшто не сакало да ги користи. ЈАс би си купила душек, постелнина и без проблем ќе си го користам креветчето. Реално, некој купија и монтажно и дрвено па дете пак кај нив во кревет бидејќи едноставно не сака во креветче. Релаксатор, хранилка, када па ич не би се мислела. Ние сеуште ја користиме првата количка од најголемата ќерка и после 4 години. Измеѓу купив само една летна, која исто и од втората и од третата ќерка се користени. И креветчињата една од друга ги наследуваат. Ист релаксатор, иста кадичка...да не редам. Ова од прво братучедче мислам пишавте. Гнас сигурно не ви е. Од мерак што ти е купи си. Не вреди да се нервираш, не ти треба тоа. Но не заборавај на практичниот дел и спореди со искуства од нас, што сме минале низ истото бидејќи верувам дека свекрвата не мисли лошо или да те навреди. Само размислува како многу од нас. Што ти одговара користено прифати, што мислиш можеби стави на резерва и опција одпосле да си купиш, што ти е стварно важно купи си. Деца се до 16.00 во градинка. Уште малку да се спремаме па да ги земаме. Ќе биде весело пазаруавњето со нив Убав ден
јас со првото добро се држев цели 6 години на оваа тема. Одкако се породив а набрзо и синко заоде на школо мислам дека скренав. Време за себе немав за домашноте обврски за големото дете... Се беше на неспиење барем бебето да е подмирено. Мислам дека првите 2 недели од месецов ко не скренав никогаш нема да скренам. Ама знаете како е,ќе слушнете мислење нечие искуство некој ќе ве мотивира ќе почуствувате полет .... На крај и не е толку тешко, потребна е прво добра организација. Само... Од таа тема зачудена сум од изјавите на учителката за децата кои се во класот. Рече не знаат која патика на која нога да ја обујат не знаат како правилно молитвчето да го држат па ајде им вовеле вежби за координација да научат лево десно снаоѓање во просторот па вежби за моторика на рацете... Комплекс на работи што родителот треба да ги забележи многу порано а не во 6та година и да реагира кај што треба. После си викам тешко на просветните работници со какви се ме ученици и карактери треба да се бават. Сакав уште нешто да кажам ама заборавив.