Среќен роденден се најубаво Добро утро и од мене ,имам за частење во саботата добив внук ,синко си доби мало братче се надевам дека ќе се сакаат и ќе растат како братчиња бидејки живееме во иста куќа Дома добри сме малку напорен викендов со гости мекици свекрвами праеше па и помагав ,па му помагав на девер ми да ја средиме собата за бебе бидеји бебево малцр не изненади порано ама битно добрп е се и само за убаво да е.Толку сум се згрозила од државна гинекологија сега со пораѓајов на јатрвата страшно ,знаев дека е лошо ама до волку дека е незнаев ,здравствово ни е катастрофа по државниве установи . Синко сабајле неќеше да влезе во градинка со плачење го оставив што му бидна незнам се надевам дека брзо се смирил. Пред некој ден бевме на гости и синко се преврти од табуретка и падна дирекно со лицето на плочки па бележан е на вегата окото и носот Толку од мене имам уште многу ама посао зове .Убав ден на ситр
а тој што снимал? Место да се преземе нешто уште снима. Како бе такви видеа ставаат на социјални мрежи? Јас па пред некој ден гледав (подобро ич да не отворев,погрозно нема) мислам во Африка беше група мажи тепаат жена ја тегнат и ги кинат алишта се спремаат за силување... Абе како сето тоа имаат срце да го снимат и да го стават на интернет??
Не знам..... Не го гледав ко што треба туку стопирав и вртев на стрелката да видам што се случувс поши многу вознемирувачки коментари имаше. Прочитав дека некоја(ваљда мајката) лежи на креветот и не реагира ништо... Би го убила да сум на нејзино место. Кастрирање му е мајката! Умоболни психопати. Та и тие во Африка.... Нив нека ги силуваат,пендреци скапани!!!! Ко жена да немаат видено, уште ќе снимаат и објавуваат?? И таму ли се случуваат такви работи бре? Аман,аман,жена да не си! Од сите страни те демне некоја опасност
Добро ден Сонце и се е поубавоОд утре пак ладно и дожд Викенд истеран прекрасноБевме во сабота на фестивал на змејови преубаво имаше многу луѓе и многу деца.Едно време снема ветер па снема и змејови на небото , а јас се решив да сликамСи го вретив телефонот во ташната и пак 100 змеја на неботоНедела бевме на пиво фест исто беше многу убава атмосфера топло време Дојдов уствари да кажам за двете теми па си кажав како си поминавме за викендот За алишта кој како си милува.Ние купивме се ново оти немавме од кој.Некој работи како кенгурот не ги ни пробавме да не речам.Малата плакаше и не сакаше да седи во него.Кади имаме две .Релаксаторот го искористивме неколку месеци па откако ја најдовме неколку пати на земја си го спакувавме и чека ред во подродрум.Алишта золвата ни прати што нови што користени , што ние си докупивме.Инаку не сум сакала никогаш од друг алишта, а најмалку за моето ама еве што не сакаш тоа ти се случва. Многу се нервирав како мала зошто мајка ми е стара и ме родила на 36години, а на другарка мајка и беше 36 кога ние бевме 15.Еве ме за второ уште не сум размислила , правам за некој ден 35 Првото го родив на 31 како и мајка ми се ми се вратиМи беше цело време криво дали ќе дочекаат внучиња.Што пиша мори Аво нели за темите требаше Другата тема е малку комплексна и не сакам да кажам против никој ништо ама денешните родители меѓу кои и јас бараме премногу од децата.Сакаме брзу да пораснат и да се осамостојат.Ги учиме на работи кои ние не сме ги знаеле на таа возраст.Им го скратуваме детството, а зошто За наставниците што да кажам старите биле паметни овие дрски.Мојата учителка кога ќе не подредеше со стапот ако зборевме Тоа и не беше баш паметно.А за нејзиното знаење и однесување не дојде никој родител да го оспори или да се побуни за ќотекот.Учителот беше стварно ценет Денес сами им велиме на децата тој вакао, вака добил работа за ништо не го бива и после децата не ги слушаат учителите. Ако некое дете има проблем со развојот треба самата учителка да каже на родителите или да го однесе детето кај педагог или некој во школото што ќе работи со него.Таа мојата учителка ако некое не знаеше да чита ќе го истепаше ќе го засрамеше, наместо да му помогне.Ама во наше време не им се обрнуваше толку на психичките проблеми на дацата, а имало и потемпераментни и поповлечени деца.Ги карактеризираа како немирни и мрзливи Сега тие деца се родители и ај тука ќе запрам. За видеото што го кажа Шанел коса ми се дигнаКако се тепа дете оти не знае да одиОва не разбирам стварно зошто некои луѓе имаат деца , а некои колку се трудат па пак не добиваат @Mari* среќен роденден жива и здрава да бидеш и една убава работа да си најдеш Ајде мајки имајте убав остаток од денот
Згрозена од ова видео кое се шири се згрозив и од уште една работа што ја видов по групине на ФБ. Има и слика од детето,не му се гледа лицето само вратот кај што е мавнато ама не знам колку е доволено да ставам туѓи слики од личности.
календарски од денес почнува есента. Јас па есен сакам ама зима ич. Може дека сум есенско дете од есенско единствено што не сакам е во ладното наутро да одам на работа. Среќа па годинава ќе ми се исполни тоа јас па пред 6 недели се породив а сакам уште се чудам што ли сум чекала да минат 6 години за второ Ти посакувам за брзо да ти се оствари желбата
@Mari* srejken rodenden @koritsaki da e zivo i zdravo maloto, te citam na forumov od kako sum clen Moite se razlika 4god,od kako imav mese i zboruvav na golemata deka ke imame bebe doma, deka dada ke i menuva pelena, ke ja zaspiva i ke i pomaga da raste Pampers nosi ona i ona go frla, zaedno obleka gledame i ona odlucuva koja da se nosi(ova koga bese pomala beba) se pravite zaedno, da i bide interesno i na golemata, zboruvaj kako ona golema ke uci na maloto bebe kako treb ai sto, megu igra i zboruvajne ke se sredi Golemata od cetvortok so zatnato nose, denes podobra pa od utre ke ide gradinkaedvaj ceka Malata se nastina prviot den ama veke vtoriot e podobramislev poloso ke e Mi zaspivana gradi kako sekogasuste e na mene sto tuku zaspanaopravdano veke 2 den sme bez cucla ja grize li grize, vikend se setavme pa nemase vreme da bara cucla i nitu ponudiv Zaspivajne malce potesko prviot vecer, denes veke se nauci, samo ednas rece Tuko(cuco) i ne pobara pak Vikend ubav Sabota den za soping, novi patiki na malata i jakna, tato patiki i golemata nesto od obleka Nedela den za Slovenia se setavme so drugar od mm, golemata se naigra so devojcinata, jas si najdoov ubava jakna i bluza Golemata e radosti za utre ima novi pumi, pantoloni i bluzake bila elegante utreima da se fali cel den vo gradinkaedno vleguvajne nitu cao ke pocne gledajteme kolku sum ubava, ova mi e novo i ova se mi e novo Edna majka mi kaza za edna ubava rabota, so ubavi casovi kako sto mi odgovarass nadevam ke uspeam Ubava nojk ubavi majki
Здраво мајки Ме нема долго да шкртнам нешто тука,24 часа дефинитивно не стигнуваат со две мали деца.Не дојдов да кажам ништо убаво само да споделам нешто и да дадам совет. Жени мајки чувајте се ама вистина чувај те се и не ова не е клише муабет,него вистина треба така да биде. Големиот е 3 годинки малото 9 месеци.Големкото сега тргна во градинка и за среќа обожава да оди. Ама мене вистина се ме истошти.И две бремености блиску една до друга,и две мали дечиња едното бебе другото малку поголемо бебе.Скоро цело време сум сама мм оди на две работи.Си викаш можам јас,ќе пораснат уште малку,ќе биде.Ама телото трпи и памти.Стани насабајле седни да јадеш едното почнало да плаче ајде остави јадењето.И толку забораваш да јадеш.Мозокот не ти функционира зошто ти е навикнат да ти работи механички.Едното какано менувај пелени другото трчај по нокширот,едново завршило со нокширот дур го бришеш другово си шлапка со рачето.Спремај храна за двете облечи пресоблечи,пушти машини.Секој ден ист на претходниот.Меланхолија.А среќен си ги гледаш тиие два пара очиња се топиш и пак си викаш можеш ти ајде.Малото го обожава големото големово си има свои игри не го прифаќа малово(особено откако тргна во градинка)го бутка штипе.Изигравај судија гушкај две деца зборувај како се братчиња и треба највеќе да се сакаат.Се стемнува си легнуваш и место да одмориш ти се враќа целиот ден.Згрешив ли негде дали требаше да викнам дали тие се воошто виновни???не не не....Ние сме.Возрасните.Па дали големиот се осеќа отфрлен дали му се вртат свашта во главчето,дали малото само расте дали можев повеќе да му пружам.Па зошто да биде скубено и буткано????Па зошто големиот така направил,дали јас негде сум згрешила..... И така еден ден пука.. Во саботата сама дома со нив доживвеав напад,згрчување на мускулите.Прво почна да трне носот па накај устата.Ми УТрнаа и двете нозе.Ајде викам не е страшно дека седната сум ќе помине.Е почнаа и рацете,тогаш почна да станува страшно.Плаче малото да го земам-неможам.Големото сфаќа нешто се случува.Рацете скроз ми се искривија.Со последна сила свртев на мм и реков доагај одма дома,среќа блиску беше до дома.Доаѓа он се мислиме дали да викаме брза помош дали да ме става во кола.Со нас две мали деца нема на кого да се остават.Вртиме во болница викаат од доживеан стрес во болница на инекција одма.Како одиме накај амбуланта се полошо стљнува.Рацете ми ги снема се згрчија скроз а болка неопислива.Големкото со сестра ми остана,бебуш со нас.Таму одма истото го рекоа доживеа ли некаков стрес???Незнам доживувам мал милион дневно.Ми ставија инекција рекоа е сега ќе пушти.Како излегов така ми се слоши.Имаше мали дечиња што ме видоа се исплашија.Устата скроз ми се фати говорот ми го снема скоро.Се искривив цела.Мм ме однесе во друга просторија.Тек после 30 40 мин почна телото полека да се опушта.Нормално рекоа дека доењето стресот два пораѓаи се придонело.Мора испитувања да се прават.Калциум железо и сл. Рекоа и строго мирување. Се мислев долго дали да го пишам постов ама ако може на некој ќе послужи. Жено застани одмори.Плаче детето дур јадешш???ако нека поплаче Плачело дур си во вц??ако ќе преплаче ама испразни се. Во еден момент мислев удар дека сум доживеала и си реков е сега ваква кој ќе ми ги гледа децата???? Никој како мене повеќе од јасно Ама ако јас сум болна повеќе од јасно дека ќе неможам да им помогнам. Жал ми беше мали да ги пуштам во градинка.Нели можам јас. 3 ипол години животот беше само децата децата.Немам кафе испиено со пријателка Немам излезено со мм ниту еднаш Немам седнато да си се издепилирам налакирам налицкам. Грешка грешка грешка Еднаш да излегував во неделата по 2 3 саати убаво ќе ми дојдеше. Децата секако ќе плачат тоа им е работа. И јас кога сум дома плачат. И сите вие што имате дома свекрви мајки небитно користете помош.Дневно по саат време два оставете го.Му дале чоколадо голема работа.Му дале смоки голема работа. Искористете мајки зошто телото се троши нервите се трошат а потрошени не им требате на децата. Да помине период да се вратам во нормала и ќе сменам се од корен.Требаше уште поодаммна ама ете ова било лекција. Чувајте се...
Добар ден мајки Утрово сум се навооружила со шал и јакна како во права есен. Не дека 10° се којзнае колку, маглата си го правие своето, а јас една заледена што сум, ич не сакам ладно време. Имаше една слика на фб за нас заледените На мм останува да ја освои наградата, па да видиме Ѕверот цел на мене (заледен) На сабајле бара кебе да се покрива додека излеземе од дома, па јакна, капа и на крај рацете во џеб А и, на точак ветерче не фаќа Да, тие денови го носам со точак. За количка голем бил, пеш ладно е и треба повеќе време да одиме, колата оваа недела му треба на мм па единствено превозно средство е точакот Исто и јас. Секогаш и пререкував Види ме сега, ги поминав годините на кои ме родила таа и абер немам за второ. Не за џабе се рекло, не суди да не ти се врати! Патем, кога веќе те цитирав, ти благодарам за убавата честитка за роденденот. Ми посака баш тоа што си го посакав јас за мене Кога сме кај родендени, среќен роденден на сваќата @Mari* само убавини во животот. @simona_baby убаво што го сподели твоето искуство со нас. Во право си. Не треба да го запоставиме нашето здравје. Во такви моменти се свестуваме колку грешиме... Го поминав и јас (пред 2 год. и со едно дете) со слични симтоми, само што јас се онесвестив. Образложение? Препишуваат се на стрес од пораѓај, замор, секојдневно акумулираш од се' по малку, мора да избие некаде, за жал Така да, вие што имате помош, не се двоумете, кога ви се нудат прифатете Здравјето, фамилијата и пријателите се најбитни, за жал се освестуваме кога веќе сме ги изгубиле.
Лајк за подршка! Откако почнав да одам на вежбање ми се чини дека ми се покачи либидото, ми се смени менталниот склоп, станав потрпелива, станав посреќна, повеќе не добивам нагони на стрес и вриштење... 3 пати неделно јас имам по 2 часа само за себе, дете и тато се чуваат. Ем дете и тато се поврзаа многу, ем јас сум порастеретена, ем слабеам, ем се. 1 месечно одам на нокти, фризер, козметичар... Не мора нешто најскапо, фризерката ми зима 100ка за фенирање, се шишам на 3м, правев прамени ама сега не правам, многу ми се оштети косата па малку пауза, нокти кај поефтина ноктарка од што не можам на работа со такви да одам целите излупени и искршени, козметичар наоѓам на нет попусти со купони на Групер си купувам... Малку за себе многу за семејството. Претходно се бев нервозна, фрустрирана, на дете се истурав, со месеци немав секс, немав ни желба, а сега можам секој ден и по неколку пати на ден. Ситници и работи за себе лично го прават животот. Познавам куп жени со шеќер кои никогаш ни еден ден не си посветиле себе, се за децата, се за семејството, за нив ништо. Мајка ми сега на 62 си дозволува понекогаш ситни луксузи, од типот на си купила нова правосмукалка, си купила нови кондури, си купила нешто за себе, ама сега после 40 години, а кога требало јок. Ви кажав дека мразам есен и зима, еве пак ви кажувам. Си одиме дома шлакутник насекаде, чадори, чорапи, хулахопки, тренерки по долги, мразам! Од зима не мразам само снег, чист, сув и крцкав, печени костени, печена тиква, чај со рум и топло чоколадо со рум, зимско утро дома на топло под ќебе и сите на купче. Али се на се радо би ја преспала зимата. А знаете од кога кукам дека заврши летото, од крај на јули, кукам ли кукам и на работа ме караат, имало време... Иш таму, нема време. Иначе приемен ден, па знаете како е. И овошен по диета, убаво ми е. Ме нервира вагата, не мрда од мртва точка а на лик сум доста ослабена, по гардероба, по осет... Ама не се откажувам бре, и не!
Чај на дневен ред, колку многу сакам есен, жолти лисја, шоља чај и добра книга, дома или на планина по ќебе. Ах пуста романтика убија ме, остарев но не ја заборавив хихи. Стандард за овој период од денот, на работа со документи, тоа е некогаш и монотонијата е убава. @Tinkerbell11 мислам ти пишуваше за купување нови работи за бебе, слична ситуација имав и јас но разликата кај мене беше во тоа што само свеки спомна јас одлучив да прифатам, затоа што реално мн заштедивме што не купивме се, тие пари и се на книшка па нека си купи што си сака самата кога ќе порасне. Количка си купивме летна, креветче немавме од кого па купивме, алишта, корито, транспортер се си искористив наследно од внууци. Купивме и нови алишта се разбира, но и докупувавме, ако имаш од кој да земеш и ако не ти е шубе да си земеш мн брзо се надраснуваат, имам такви што по еднаш се облечени, жално нели, а имам и такви кои ми ги дале блиски се разбери па сме ги утепале од користење. Козметика и шишиња купував накнадно затоа што самото дете „кажува“ што сака, што му треба. Не се секирај, за количка ако не ти се допаѓа ете купи си, ама креветче можеш да искористиш не знаеш може и твоето нема да спие во креветче. @simona_baby чувај се и ти и сите други мајки, јас колабирав со железото, 3-ка ми дојде и низок хемоглобин, па со терапии, со исхрана за среќа брзо се опоравив, но изгледа на сите нас треба по нешто да ни се случи па да се оправиме, да се свртиме малку и кон себе а не само кон деца, куќа, маж, ма какво сака нека е, ако не сум наспана баш ми е гајле дали сум пуштила, собрала или испеглала машина, помина времето кога по цели ноќи не спиев, за сега се водам со оваа девиза, ќе видиме до кога ќе издржам, познавајќи се себе си нема да е за долго ама ако и кратко да е добро е, нели ќе се почне од некаде има шанса и да се подобрам Во глобала добри сме, малата втора недела и е во градинка, првите два дена не плаќеше но од третиот ден плаќење леле мајко, баш ми е жал но тоа е што е, срце ме боли но нема незад. Душа мамина како ме моли да не оди во градинка, па и откако тргна само кај мене сака, сонце мое тоа е, како за сите така и за неа. За работење со детето се трудам да работам со неа дома и да ја активирам и мотивирам, но сметам дека и тоа не треба да е претерано сепак се деца и треба да уживаат во тоа што го прават, ја оставам самата да избира дали ќе ја игра играта која јас сум и ја смислила, супер е одличноп е со снаоѓа во логичките игри за нејзина возраст. Морам нешто да земам и за доручек, кое време ме фати а јас не сум јадена. Убав ден, одам да го допијам чајот да не ми се олади.
@simona_baby дојдов на темава баш за нешто слично. Не бев до толку, ама едно утро се укочив и јас. Мислев дека имам срцев удар, таков пробод во гради не сум осетила никогаш. И болка. И јас одма викнав маж и на болница. Преглед, екг, притисок се ок. Причина : замор, стрес. Не одеднаш некој, туку така мал милион дневно. Цел живот ми прелета пред очи. Дури су ја замислив и мојаата смрт. И знаете што, сфатив дека за брзо сите ќе ме заборават, децата ќе пораснат. А јас нема да сум тука да ги гушкам за првите скршени срца, матури, свадби сите убави моменти. Докторот ми вели штеди се, како да се штедам. Кога плачат двете одеднаш некогаш, кога едно држам во скут друго ранам. Кога малово лази,става се во уста, се исправа морам да сум зад неа пред неа. Кога големиов ми вели не ми е јасно, помогни ми со домашнава. И згора на сето тоа да зготвам за сите,да исперам, тоа тегнење корпи со алишта навака натака, тоа кревање деца,доење чистење. Сето тоа си го зема данокот. Мм виде не виде,се заврте дома. Бабиве баш ги брига искрено. Мајка ми си оди на работа, после одмара, ако е расположена помага сат дваеднаш неделно. Свеки не ме ни прашала дали ми треба помош.Не ја.прашувам веќе ни.јас. Му велам на мм можеш.и ти да и речеш на жена ми и треба помош. Ама не и вели. А и џабе е. Таа и да дојде си седи пред тв, или игра со малиов и големиов и пак се е на на мене. И така се откажав од надеж за нивната помош. Од сега друга песна. Три пати неделно има да нарачаш храна фала богу. Ама пак морам за нив да готвам, тоа е стоење на ноз нели.Ќе помине еден ден, се ќе помине. И денес еве дома е бомба, садови во машина, алишта за диплење едно 3 4 машини, плакарот плаче за прередување есен дојде. Кујната ми е лом сакам да прередам ама ден по ден полека се ќе биде. Сепак ќе си ја дочитам.книгата и ќе дооодморам. Морам.Па ќенсе касне нешто брзинско, јуфки, леб. Било што. Затоа што малата ќе бара да ја нишкам, средниот да го гушкам. Големиот , и нему му треба мајка. Никој немада рече фала што скалите се чисти или кујната свети. Тоа е,се распишував јаас, се надевам.ќе се активира темава повеќе, залади дома ќе сме повеќе. Убав ден, мајки!
Девојки дали знаете што би можело да е ова? Докторката ми рече дека не е ништо дека од сликата што ја правила било тоа. А јас на се си мислам сега, и почна нервоза да ме фаќа.
Тоа темното се наоѓа на челото, а тоа под него е окото едно. Јас сакав да го заокружам само темниот круг но не успеав само тоа.
Здраво и од мене женски Имам и јас едно неубаво искуство, мислам дека пишав летото кога ми се случи. Почнав ноќта да се тресам цела, а 40 степени беше, мене ми студи, па топло ми е, врела вода ме облева. Мерам темп немам, а ко да имам 40 се осеќав. Бебо плаче за доење, немам сила да станам и да го земам. Мм го држеше додека го доев. Утрото исто, и бетер. Немам енергија, немам сила за ништо. Матичната ми стави инфузија да ме освежи, џабе. Ми вели од насобран замор. Оти нели се можеме ние. Дома со мм си ги делиме сите обврски и околу станот и околу бебето, ама сепак тој додека е на работа јас сум дома цело време. Помош од мајка и свекрва немам. Мојата е на 130км, неговата оди на работа во смени. Ми траеше ден-два тоа и ми помина, после тоа пак Јово на ново, иста приказна. Немам време за себе, се правам набрзина, јадам, се бањам, се депилирам, чистам, средувам алишта и садови, се набрзина и во трчање, секојдневно. Некогаш мислам дека немам време да дишам оти се брзам за нешто. И на крај на ден преморена, прекапана, немам желба ниту сила за интимност со мм. Со месеци спиеме како двајца странци, секој на своја страна. Не е убаво, и не ми се допаѓа во што се претворив. Не знам дали вака ќе бидам цело време. Не знаев дека кога ќе го родам него, мене ќе ме снема едноставно. Оти така се осеќам на моменти, дека ме нема никаде.
Пак не разбрав, ама претпоставувам се работи за ехо од бременост. Веројатно ти е прва бременост штом си толку испаничена. Како прво, вака преку интернет никој не може ништо да ти каже, па и гинеколог да е, од една сликичка што ќе прочита, за тоа си треба да те види детално на ехо. Како второ, штом докторката која е специјализирана за скрининзи вели дека не е ништо, зошто си ствараш дополнителни нервози? Ако не и веруваш секогаш можеш на друго место за второ мислење да отидеш. Како трето, не знам што си очекувала, ама снимките од бебињата се такви, чудни, повеќе личат на вонземјани отколку на бебиња... посебно ако постелката ти е на преден ѕид ретко може добра слика да се извади. Затоа не ги анализирај многу сликичките, има кој тоа да го прави, ти гали меше и уживај во бременоста.
@supergirlmb Епа и јас од тоа си патам.Бабиве многу уморни работни не помагаат,ама па боже мој некој паметен си смислил градинка.Мене жал ми е мали биле па ајде како првото така за второто еднакви да биле.Јас од емотивност си патам.Нема,работата во домот е вечна.И мм многу ми помага ама најчесто се треба да му објасниш и нацрташ и мене тоа ме вади од такт.Дури се објаснувам ја се ќе си спремам.Пред некој ден го земал од градинка без елек и дуксер му дале дуксерче од девојче некое,па боже мој нели знаеш во што го остави детето.Не не приметил мислел во ранчето му се.Друг ден он го спремаше му облекол едни излитени чорапи што ни за по дома не му ги облакам.Земав ги фрлив.Ама мора да се помириме дека тоа се мажи и не го прават тоа намерно туку едноставно природата така ги создала.И затоа им е поубаво.Мене ми пречет немиени садови него не,мене ми пречи растурено дома него не,едноставно сме имале мали деца нормално било.Децата со мрсули,тт,е де ништо ќе помине.Затоа најубав совет даде енџел чувај дур дојде маж и после фати излези.2 3 саати се и те како доволни за да се рефрешираш.Излези шетај по улица,пивни си кафе раат без некој да те тегне за панталони и вика мамоооооооо. Зошто тоа е еден маѓепсан круг прво седиш дома дур пркне бебето па после зошто само тебе те барало,па после ти се најдобро знаеш за него,нели ти мајката и на крај ти преоѓа во навика седењето дома,па стануваш асоцијален итн итн.Некогаш сами сме си виновни за се што ни се случува.