Мислам не беше во Ск ти, иначе утре ќе те земев со себе. Утре имам буквално цел ден надвор од дома, до 4 на работа, во 4 одам на родителска, од таму со мајки на кафе, па од таму на плоштад на скокање со јаже, од таму на кафе со братучетка, од таму на вежбање.... Дома во 10, маж како топло лепче ќе ме пречека, а јас на драго срце ќе заспијам дете ако не заспало и ќе му се посветам нему, пошто мене ќе ми биде излуфтиран мозокот и нема да смислувам секое конче зошто не е на место туку ќе гледам да си го поминам времето со него. Порано сум имала грижа на совест, сега веќе не, па мајко му ако сум го родила не е дека животот ми прекинал, ми завршил, па сакам и јас малку да одморам. Скоро 3 години детето беше само моја одговорност, скоро 3 години само јас и никој друг, е ми скисна искрено. Тврдам, поквалитетен ми е животот откако одлучив дека и јас имам живот. Ми се случило и да излезам сама на кафе, и да одам сама до мол, и да шетам низ улици сама, не е дека не ги сакам и дека не сакам да се грижам, едноставно повеќе ги сакам откако ќе се вратам дома од вежбање, кафе, шетање...
Жени бидете малку посебични за себе. Малите ве сакаат до вас среќни и задоволни, а не нервозни и исфрустрирани. Оделете 5 мин време за себе во денот. Малку пудра, маскара и сјајче , да се осеќате убаво, па и дома да сте. Еднаш неделно кафе сами со другарка или со маж ви нема да штети на никој. Баш напротив. Ќе ве полни со енергија.
овие мисли можат многу да ти го расипат здравјето. Децата здрави се? Сити се? Не им е ладно? Весели се? Среќни се? Ако да нема потреба ти денес денот да го премотуваш назад. Дали се турнале скубнале дали едното го расплакало другото?? Што е тоа важно? Сакаш психички да заболиш? Ако сакаш тогаш ситничари. Секирај се за непотребни ствари. можеш,жена мајка секогаш може. И јас кога доев бебе на секој сатипол Ноќе со нередовно спиење а при тоа утрото треба другото да го спремам за на школо мислев дека не можам ќе цркнам. Ама можам,сите можат. При секое земање во раце сета нервозна и поспана кога ќе му ги погледнам очињата толку жално што ме гледаат и чекаат млеко... Епа можам! За нив можам. Ќе дремам со бебе во раце без спиење без зготвен ручек со неред во куќата... Ама за дете секогаш можам. јас сум си секогаш на второ место ама морам да се гледам себеси оти ако сум во лоша состојба било физичка психичка здравствена не страдам само јас туку и децата. Кој ќе ги гледа? Се сеќавам бев на гости кај една жена гледам отвара банана му дава на детенцето еднаш да касне и таа си ја лапна цела. И викам добро женоо што правиш. Ми вика што? Па ти да јадеш детето не? Ми вика ако тоа јаде а јас останам гладна понатака кој ќе го храни кога јас ќе сум со нарушено здравје? Јас ако не сум здрава како тоа ќе биде? Кој ќе се заангажира за него. Значи мора прво јас па после детето. Малку ме замисли,стварно останав без зборови. Не мора да им се тресеме на децата над глава,јади готви оди во вц посветувај им внимание. Не мора денес да ја светнеш куќата,денес одмори,не се чисти секој ден. Им требаш на децата си требаш и себеси. Не си дома слугинка туку си жена. Денес направи го неопходното а не се што е возможно. мајка ми второто на 40 год го роди. Никад није касно. до пред година дена бев ваква и тоа траеше дооолго време. Па одење по лекари психолози психијатри... Еден ден беше супер другиот го достигнував дното. Па нервни растројства па пак све је у реду. Останав бремена и првите месеци бев во многу стресна состојба Е ама нема психијатри нема лекови во бременоста. Па почнав да работам на себе прво со мислите. Потоа и добра организација е многу битна. И кај мене е така,вчера мијалникот беше полн со садови колку што збира ама јас си легнав додека бебето попладне преспиваше. Недомаќинка сум. Ама сакам ко ќе стане бебе да имам снага да го надојам а не од утре да се префрлам на друго млеко зашто мене од стрес ми снемало ( дека демек ме советуваат така било ) да имам концентрација ко ќе дојде синко од училиште да ми објасни што учеле за да помогнам околу домашната. Ако паднале трошки под маса треба да смукам низ цела куќа? Епа не. Па што ако сега ги собрав алиштата тука се ако имаме потреба ќе земеме можат и до вечер да чекаат. Дворот не ми е изметен ама вчера ме болеше глава денес имам други планови утре ако можам ок. Депилација заборавив што е. Последно пред да одам на породување се издепилирав дома. Ни имам желба ни имам време ни па мислам дека е неопходно СЕГА. Веѓи немам исчупано 2ипол месеци. Т.е трагам по 2-3 влакна ако стрчат. За капење сакала неќела мажот ќе го почува бебето. Што ми е гајле,и негово е. и кај мене исто, долго време така. После тоа влече друго конфликти друга тема на разговор. Ама кој не би сакал на крајот од денот да легне да се испружи опушти покрај некој со кој ќе се почувствува бар 1 минута смирено. татко ми многу често ми велеше -какви ти се мислите таков ти е животот- Глупости. Ама за нас додека не осетиме се е глупости. Самоконтрола и позитивни мисли се спас.
Леле мнг ми е криво што хорор ти се случило Се сочуствивав со тебе Реално мнг треба помош јас преку ден сум сама па и навечер мм доаѓа во 9 часот а секоја втора трета вечер бабите ја чуваат по неколку саати и мнг се радувам...преголема помош од нив ми е тоа... Ама сакав и јас мала разлика меѓу децата ама сега ме замисли,зошто некогаш и со едно не се издржува а не па со две вака како тебе..искрено Алал да ти е,и од сега па натака повеќе за себе да си гледаш и да се чуваш!!! А малото неможеш во јасли да го пратиш сега таман е 9м? Не идеш на работа?
Добар ден мајки И мене ме погоди постот на @simona_baby. Држи се мајче Огромна прегратка и за @supergirlmb @НаталиЛили и сите други мајки. Ние тек сега полека го оставаме кошмарот зад нас. Во кој грч и хорор живеевме скоро 2 години не сакам ни да се присеќам. И не мислам само на бремености блиску едно од друга и физичката исцрпеност, не мислам на обврски околу ранење/менување пелени/чистење/готвење/термини и рутината која и психички ти го цеди псоледниот атом енергија...туку немир поради здравствени причини на најмилото кој не ти дава мир ни ден ни ноќ. Сега дојде мајка ми кај мене. Конечно можам да си зедам малку време за себе. Започнав со вежбање, пазам повеќе на исхрана, а се трудам и прошетките или мали шопинг тури да вметнувам почесто. Најважно ми е времето поминато со мм. И предходно, кога ќе заспиеја децата, седевме се муабетевме...но сега почнавме повторно да испаѓаме и да правиме по некоја лудорија . На моменти се осеќам како да се обидувам да постигнам некаков совршен баланс на толку многу фронтови што на крајот на денот, кога немам сила за ништо, сфаќам дека истото е невозможно или неважно. Сакам само да се здрави. Убав ден мајки
Добар ден мајки Есен е на прагот, уствари влетува со цела сила И јас не сакам есен, ниту зима, не сакам да ми студи и да носам слоевита облека, си сакам лето, да пука сонце и да топли Сахара Денес имав куп обврски, но најбитната поради дождот морав да ја одложам и ми е мака Мислам да бев сама ќе успеев со чадорот, плус имам нов, убав од едната золва поклон за бдеј ми е ама со бејби тоа и не е баш фино Чек да не заборавам @mal.ecka ги пуштив сабајле чизмичките, видов дожд, па ми текна Чекај ги утре, еве што ќесе да бараш у Каргото Spoiler: Ќесе Малку големо, ама тоа ми беше при рака, плус захевтано ќе е, чичкото од таму го средуваше Нормално шетавме со бебе у Молот и за да седи мирен, а мајка да си разгледа на раат по бутици му купив сладолед, ама пошто шетњата долга купивме и 2рипки и едно камионче Ама што е најтрагично за мене освен еден гел за туширање од ДМ за 59денари ништо друго не си купив Толку сум станала штедлива за себе што почнувам и да се загрижувам е де имам вакво слично, ова и не мора, ај ќе размислам, па штознам... и речиси па секогаш празна се враќам а да биде и трагично над трагичното и гајле ми е Да бидам искрена имам и тон едвај облечена гардероба, ама нели бе ново си е ново Мм го подновив со чорапи и гаќи Вчера му средував фиоките и останав затечена што носел човеков периодов За бебе 2капи купив само ништо не ми фати око Му требаат чорапчиња сите му се со петите на табани ама нигде чорапи да се немало. Вајкики уште кратки продаваат.. Е затоа стигна сред за нови Лего, па си доби камионче, трактор и авиоче, не дека баш сите му фалеа сега за у возниот парк, ама да не пропадне попустот И врвот влагаме у маркетче и бебе зграба една пожарна, ја стиснал и крај, не ја дава, па ај и таа Мм дома уште од врата го прашува да се пофали што играчки добил денес Па бебе бидејќи не ќе можеше да постаса се да грабне од еднаш го фати за рака и го однесе у детска и имаш покажување со прсте кон нив и ииииииии, па една по една му ги подава и кажува што е Е сега трактор и пожарна не знае да каже, ама вика брм брм Него перев теписи, уствари прошла недела ги однесов, денес ги зимав, као ќе ми ги зимаа, ама одлучив да носам и подобро, ќе ми беше криво. Да ми ги земат ќе ми наплатеа 70ден, а вака 60 платив, секако ми се уз пат и секако имав работа натака, па колку и да се, не ме чешкаа 100ден за ништо Дали јас тоа станувам штедлива?! #прашањекоемемачи #одговоротеНЕ Па значи утре ќе чистам за да ги наредам За вечер имам план да внесам салонските цвеќиња и да ги мијам у вц, ладно ми е тоа да обавувам на тераса, а и со бебе тоа ќе е хорор па не би Уствари мене и подзачистено ми е, чим кујна и спалните соби ми се светнати другото е гола вода Се раскостив бришејќи ја 4ри дена кујната, ама ја биде, сега сија и свети, море да бидам искрена на еден дел има мачканица на плочките ама толку ми е гајле што ме мрзи да пребришам а и како беше она, успех е да успееш барем еднаш да минеш, не се припотресувај за повеќе Него бебево што ми седеше и стоеше на вратата од машината за садови цела ја клапнал и изместил. Мм као ќе ја оправаше ама вика неможело, па зарем ќе треба нова да купувам кај и да е не бе, нека е цела искривена, битно нека мие! Мајка вчера и завчера правеше ајвари и малиџано, па се натака ми е паметот, денес ниту ручек спремам, пипер ќе се јаде (човече што се лигави). Неделата излижавме една тенџера, ама втората бидна касно, а за вчерашната баш се поклопи термин кога бебе се успиваше Него многу се форсираат моиве и ми е мака, ај дури идеа на работа оки правеа се у два дена, ама сега не ги сваќам Па и кажувам на мајка дека сум купила нешто зимница и кога се утуфка жена, па како, па што, колку пари, па правела и она, лелеее цели муабети од пола саат се водеа, криво и падна Него пред некој ден правев нарачка од Али за бдејот на бебе и цела се исповозбудив, па толку се внесов што мислам лебдев и си се смешкав Забегав Тек па кога ќе стигнат стварите, па кога ќе се наредат аууууу тоа има да биде доживљај. Не знам дали бебе ќе се подмоча од радост, ама мајкава сигурно Тргнав да барам сваштарии за една тема, а се решив за друга Епа за таа ништо немаше, а за оваа ми искочија тон идеи, он и тоа и тоа сака, па што да не Него ќе прашам и јас у соодветна тема, ама ако некој дочита до овде и види, нека каже некоја страна од фб за правење на кутивки. З нам имам некоја лајкнато, ама кога ти треба нели иди па најди ги. Не ми се исплати за 7парчиња да нарачувам по 20-50, што ќе ми се, па тоа ќе порачам од тука Само, само, само леле неееееее, да не се задеси само некој период како лани, да нема пак толку трагедии.. Лани со кнедла у грло беше минат цел бдеј, славје, имав толку идеи и замисли ама на крај сакав само да помине Убаво беше и се ама, АМА Тоа е живот без правила.. Чекај имаше и теми За бебе се сами си купивме, ниту прашавме што они ќе купат, ниту кога, ниту дали треба, пари у џеб и у продавница Е сега на крај испадна моите да ја платат количката, а светковци плакарот, ама буквално сами се наметнаа, дури и прекорија дека не сме дозволувале да купат нешто. А па за облека беа и лути, кога видоа колку и што се има, дека има и вишак и непотребно кренаа носовите до плафон. Свеки се запна пари да даде за тоа што сме купиле за од болница, нели по некој адет свекриви облакаат бебе, категорично одбив. А мајка кога свати дека фалат пелени и капчиња се заака у Мадеркеар и плати 6пелени за 1.000че и 2 обични бели капчиња за 900ден Иии кога си дојдовме од болница ако сакаа да го подржат, уствари фатат на 1мин пошто мајкава толку даваше требаше да платат Па свеки даде дијамант, а мајка златник За ова мм уште се зафркава, имаше момент буквално го зимаат да го пофатат и го даруваат А за зимање од други немам од кој, ама мислам дека и не би, не сум тој тип. Не ми е шубе, ама не знам, јас давам, ама не би зела, што знам бе, уствари никој не ми ни понудил Можеби кога од сестра би имала постаро внуче од бебе, па би размислувала инаку, не знам.. Од внуциве од золвите тоа е све престарено и ништо и нема, внуциве се 20+ години, може ние да чуваме за нивните деца внучка е девојче, ама и она не е малечка А да бе, од внучка има големо коњче за клацкање, стои кај свеки и бебе го сака и една лопата за у песок Инаку кај моите има тон играчки од мене и сестра, па ете наследил и он нешто Еве до мене се шуља едно џуџе од Снежана што го собрал, после ќе го враќаме Е да тоа, у последно време обавезно сака да си понесе нешто каде и да идеме, па има драми, драми за да остави пошто јас не давам да зима А кога ќе му речам идеме чао, обавезно прво трчи кај играчките и си бира што да понесе. У саботата го носев у црква, нели Богородичка беше, па се пофати да носи 3коли и никако да ги собере сите у раце и се нервира. Па му открив дека на дуксерот има џебови и таму може да ги стави, леле која радост не ше, па се поврати да си земе уште две И на крај у сред црква ги извади и си ги возеше Доста везам, огладнев, идам кај мајка да јадам ајвар @simona_baby стабилизирај се и те чекам на кафе ама стварно, 2години те чекам да дојдеш, ако те чекам уште две ќе бидам лута @fairy88 постави пак сликите, не ги отвара, а баш сакам да го видам плафонот на малиот Каснам ама @Mari* најсреќна да си, само убавини и убави моменти да те следат 365дена, па пак отпочеток едно 100години
штом веќе поминало Господ нека е со вас да ви сочува здравје. Мислам дека човек ако нема здравје нема ништо. Се сетив на едни зборови на мајка ми: Болна да сум ама болен да не гледам. И тоа секогаш кога ќе сме биле бочни. А јас мала толку разбирав се сеќавам како ден дека и велев дека е многу будала што така зборува. Их поарно друг да е болен одколку јас. Ама после многу години разбрав што сакала да каже. Е веќе ко ќе пише @emkaemka чоек не може да ја дочита. Заборавам дали е еден коментар или повеќе Ама читајќи некако како лектира да читам се внесувам во приказната.
Заспа малово, па си реков да чкртнам некој збор. Одамна не сум пишала нешто, освен ако не е да се сконтрам со @marchi-cool со која никогаш за ништо не се согласувам. И јас како и @AngelOfArh мразам есен, мразам зима и мразам студ. Лето златно убаво, дете преморено веднаш заспива, сега ќе се бориме навечер со спиењето. Онака се враќаме од надвор и толку е. Па ќе почнат маглиштата, чадовите, да се гуши човек. Многу ми е криво што не успеавме уште да се иселиме. Други новости сѐ тешки некако, проблеми во најблиско семејство, тежок период следува навистина. Ама затоа имавме преубав одмор, наполнивме батериите за да може да се справиме со никаквиот период. Малата уживаше, опуштена максимално во водата, си најде куп другарчиња, одмор за паметење. Девојчево мое е мини верзија од мене. Јас што сум зборела сега само ми враќа назад. Некогаш со подзината уста останувам. Често викам што ти е на тебе, не на неа, туку ко фраза ми е. И сега а нешто ја поткарам и ми вика, ама што ти е на тебе? Па јас не направив ништо, јас вака, јас така, се правда, измислува приказни. Еднаш во брзање барав нешто, нервозна, земав расфрлав по собата алишта и ми доаѓа и ми вика, полека смири се, трпение, па ќе го најдеш. Ме смирува она мене, ќе си пукнам. Па си се насмеав убаво. Баш јас секогаш како што и викам и она на мене. Пред некоја вечер се затна во носето, стана ноќта и кенка, не можела да дише. Ми вика, настината сум, многу сум настината, вари чајче. Ајде сварив чај, па после бараше температура да и мерам, малку топла беше, ама со рачниот "топломер" ми стоеше не повеќе од 38, ама не, ми вика качувам еве, осеќам дека качувам температура. 38 измерив, ставив чорапчиња со оцет и се симна. Заспа по два саати и со еден куп приказни. @simona_baby баш ми е жал што така ти се случило. Колку само сме способни ние мајките да се запоставиме ехххх, само на нив да им е добро. А не треба. Се опаметуваме од вакви случки, штета што само до такво нешто треба да дојде. @Mari* среќен роденден Имајте добра и мирна ноќ сите.
мора да има и такви,и стилот мачка и куче. Малку ми е ... се случувало со членки да имаме исто мислење ама искажано на поинаков начин па испаѓало се контраме за џабе. Ама ако јас сакам сите да ве читам (ако имам време) Денес поприлично сме се распишале на темава,што неколку пати влегов да се "исповедам" па читајќи сум заборавила што сакам да кажам
Добро утро Кој е за кафе нека повели Од 6:30 сум станата и уште неможам да се освестам Спремав деца,ги однесов градинка,пазарев вмаркет,свратив впекара да земам нешто за доручек и сеуште имам чувство како пред 5 мин да сум станала Се надевам кафето ќе ме расони Да ја гушнам @simona_baby Во иста ситуација сум и јас и многу се плашам од такво сценарио Мислам дека и мене ме очекува некој нервен слом во скоро време Моите се до 12:30 Во градинка но сепак останатите 20часа сум сама со нив Дури ни ноќите не ни се мирни Некогаш ми е тешко до небо и назад Мм 10 часа во денот е надвор од дома и не е баш во можност некоја помош да ми пружи Реков некој совет да ти дадам ама што?Тешко е кога си сам... Можам само да те разберам Пред два месеци ја напуштија цела фирма кај мм Кој стресен период ни беше не можам да ви опишам Можеше да бира да си оди или да го пратат во друг град да работи Селењето не ни беше опција,барање станови,градинки и сето тоа во голем град...ноу,ноу На 15ти почна во фабрика,подобро платено но и далеку потешко Тешко му е да се навикне,беше во канцеларија а сега работник во фабрика Од коњ на магаре вели тој И јас без работа сега па малку невообичаени примањата Брзо се навикнавме на повеќе примања и сега ни е малку тешко Се надевам ќе се среди се.... Што е најбитно од се сите живи и здрави сме тоа ни е приоритет во животот Време тмурно ме плаши времево и седење дома по цел ден Децата ако не излезат се неподносливи Макар да не врне,да појдиме час-два вшума Ќе ве поздравам сега мајки,да проучам тестови и ако ми остане време за подсредам низ дома Довиџења
Јухуууу... Бизи ден денес, со агенда долга 3 страни. На работа имам доста работа па уште од рано да ве поздравам, после на родителска, па на плоштад да скокам на јаже со братучедка, па вежбање. Измеѓу сто кафиња. Си се дотерав сабајле за на работа, да ме личи на родителска де, конечно си ги најдов прстените и менѓушките, никогаш не изгубив надеж дека ќе ги најдам Искрена да бидам можевме поубави бурми да си нарачаме, ама... Сега дур се навикнам на нив пак, ќе ми е шубе. А менѓушките едната не влага и не влага, никако, не можам да ја ставам, многу ми е мака пошто многу си ги сакам, ама што се деси не знам. Ќе ги тргнам на страна и ќе носам почесто некои обични да ми се рашири дупчето па може ќе успеам да ги носам. Сабајле облеков нови хулахопки, само што ги извадив од пакување, до работа и партал се, живти квалитетот што го продаваат веќе. Ми текнува мајка носеше едни Ползела со години, си идеше од работа ги переше на рака и ќе ги пружеше во вц на она за крпи, до сабајле суви и пак ги облакаше, бараше под дрво и под камен исти не најде, а многу беа убави и пакувањето беше интересно во лименка. Да ме видите ќе речете кучиња ја драпале, мислиш со трње ми се искубале. Среќа имаме Кам до нас, ќе одам да купам нови. Си го носам омилениот фустан, се осеќам денес убаво, само некој да не ми згазне на жуљ. А обично вака убавите денови од сабајле знаат да ми го зезнат икс луѓе. Вчера многу размислував за тоа што го напиша Симонка, па ми се поклопи со еден пост на една мајка на инста, си мислам зар во 21 век сеуште постојат татковци кои на детето гледаат дека е своина само на мајката, дека е нејзина одговорност. Ме запрепасти искрено. Уживам во времето со детето, максимално, го обожувам, ама моето време за мене е само бустер за здравите меѓусебни односи односи дома, зошто исфрустрирана, нервозна, напната, депресивна, нереализирана, не им требам ни на мм ни на детето. Не викам дека сите се такви, јас бев таква пред година дена, едвај чекав детето да ми тргне во градинка за да почнам да работа или да имам пола саат за мене бар, не повеќе. Сум го оставала детето во градинка и беспредметно сум лутала со саати низ плоштад, па како од синџири пуштена ќе ги потрошам сите пари, ќе дојдам дома со глупости, ќе купам непромислено нешто што не ми треба само за да ја пополнам таа празнина. Мм тоа не го разбирал на почеток, сега го разбира кога гледа дека се сменив, дека сум подобра верзија од себе сега. Зборувајте жени, не молчете. Башка на детето место му е во градинка, што порано тоа подобро, пишував во темата колку беа пресреќни децата на роденден во неделата, уживаа, таа поврзаност беше неверојатна. Децата во градинка стекнуваат слобода, самодоверба, вештини за кои ние не можеме да им помогнеме, е сега стекнуваат и вируси и бактерии, ама кад тад ќе ги стекнат, дали во прво или на 2г, исто е, можеби само малку ќе бидат поголеми и полесно ќе им биде ама и не можеш да знаеш, мислејќи така другарка ми не ја пушти малата во градинка и цело прво го пројдоа по болници, сирото дете се изнамачи лани. Изнапишав реферати, ама уште кафе недопиено и имам фора. Убав ден мајки!
Добро утро, времето тмурно за никаде и врне. Мм пак ми растури, што мака видов додека да исчистам. Имаше едно ќоше тапети во шпаизот и вчера додека отидов на гости со синко до една пријателка се извадил и почнал да лупи.Планирал и таму да глетува.А, му реков остави за понатаму,не бре до кога ќе се зафркавал со глетување и реновирање. Бев на уролог ми препиша капсули од брусница,оти геникологот ми зема култура во петок и имам Коли бактерија.Антибиотик не сакам.Добро е еден месец,максимум 2 и пак по старата песна ме боли бешиката.Ми рече дека може да биде причина и од тоа што не можам до крај да се испразнам по мокрење.На ехо ме гледаше и тоа го заклучи и дека е можна причина за чести уринарни инфекции. Ајде доста депри теми... Инаку почнав да возам сама до градинката и назат.Доста е за почеток Гледам дека ќе се караме со мм кој да ја вози.Оти и на мене ми требаше денеска,ама мм ме преварил Инаку маж купи правосмукалки. Старата не ја бивало тоа заклучил. Кутивме 2 една на кабел и една од рачните на батерија.Онаа на кабел беше гратис.Ама да ти е кеиф да усисуваш.Еднаш да поминеш со неа и чистоСтарата само бучеше,а ништо не вчечеше. @Mari* најсреќен со задоцнување @emkaemka не знам зошто не се отвараат сликите -сега гледам. Може да се подеси светлината на 3 нивоа,тоа зад облаците е само декорација. Треба уште авиони да купиме.
Еширихија коли не проаѓа со брусница, една недела господ во пиџами го видов, на бубрези ми се качила, едвај издржав. Моментално ја лечам со 2 антибиотика по шема, високи дози витЦ и витД, многу течности (мин 6л на ден за да мокрам почесто и да ја перам бешиката) и еден прашок за растварање со Д маноза. Мака мачам со оваа бактерија точно 16 години. Последно со еден антибиотик мислев тоа е тоа, ама пак се појави, ако не ја излечиш асално голема е веројатноста како мене да те мачи.
Извинете за офф топик, ако имаш некој од Србија да ти донесе Монурал за ешерихијата. И јас мака мачев, се отрув од Панцефи, Палини и слично и само ова ме спаси. Во однос на темата и јас сум со две мали дечиња , 3 години и 9 месеци. Уште малку сум на породилно, п се враќам на работа. Искрено одвај чекам. Синко од наредна недела почнува во градинка, се надевам овој пат успешно ќе се прилагоди, минатиот неславно завршивме. Овие 9 месеци двајцата се постојано со мене. Не се некои бесни и проблематични деца, ама сепак ми е пренапорно, сега и со оброци за малата, па за нас јадење, синко има некој нејадачки период па и за него посебно спремам. Само да се здрави и живи ќе си пораснат со брзина на светлината.
не сакам да ве плашам сакам само да ве опоменам. На една моја школска другарка мажот на 29 години доби мозочен удар. се во свое време. Подобро нешто одколку ништо,па макар и од коњ на магаре да е. Добар ден и од мене. Мене 10 саати од денов ми поминаа. А замислете кај е крајот. Едвај чекам да си легнам, Ми се спие ми се плаче. Седам нозе испружени бебе во раце чекам да заспие и чачкам оти готово,пред него ќе заспијам. Големиот јадеше и седна на компјутер среќа голем е инаку богами ни ќе легнам ни ќе дремнам. Синко вчера иде од школо цел весел ми вика мамо што направив, загреота едно дете. Реков којзнае каква беља сега направил. Вика едно дете не носеше парички па јас му дадов. Се израдувало. Гордост Мајкина Научило да споделува и погама.
Добро вечер мајки. Дете вечера,мм спие,па да искористам да пишам. Колку е пократок денот...леле в зимо кога ќе се стемнува во 4:30 тогаш што ќе се прави дома. Вчера безвеза ден,тмурен со дожд,окапавме дома сами бевме и само најдувавме изговори за до продавница да шетниме со дете.Три пати одевме трошевме пари без врска само да излеземе од дома.Дете ги одбегнуваше големите вирчиња,само во малите си шлапкаше,пресреќен беше очињата му светкаа од среќа.Добро е што патиките не му пропуштија... Денеска супер временце до 10 дома ги завршивме обврските и потоа надвор бевме до 13 сатот.Бевме во парк таму си најде другарче па разменија играчки се заигра за чудо,малку се понаша на нишалка,па "играа" со топка,поточно секој сам си шутираше и си ја земаше својата. Дома се мачеше да заспие по пола сат противење се предаде,спиеше сат и пол јадевме и пак излеговме надвор да го искористиме сонцето.Се учиме да возиме точак со помошни ама тешко ни оди,се надевам ќе научи нема да биде како мене.Јас незнам да возам точак,. Мм од денеска тргна на работа,сношти му велам не сакам да одиш,што убо ми беше со тебе,ех да можеш сите да сме на купче дома ама да си имавме пари.Не барам.многу колку да се живее.Ама не е се така розово..... Пред некој ден пост ми се испратил сам недовршен.Не ми чини тел. и сам си бира функции,се надевам ќе издржи уште два-три месеци. Утре во план со дете до чаршија да купиме некое парче облека за него и потоа на гости кај баба ми. Мари среќен роденден да си здрава и жива. Ми текна на @tincemajmunce одамна и нејзе ја нема пиши збор два за лепотанот како е. Имајте убава вечер
@emkaemka Едно дете денес е среќно благодарение на тебе Цел ден ги носи бре,несака да ги соблечи и се фали на деде,баба и кимшивките. Едвај за во маркет и ги соблеков Утре ќе следи и сликО. Цел ден свеки и вика на малава како е братчето. Неморам да ви кажувам колку ме нервира. Ојдох да се спремам за вечера и на спиење,настината сум и уморна ..
Се надевам вечерва ќе даде Господ да го имам раатот. Сабајле станата од 5ипол. Бебе ме разбуди за цицање и почна целодневен хорор. Ама нели мајки сме семоќни... Око немам склопено цели 16 часа. е ама да го испратам маже на работа и има да си легнам па што сака нека биде. Среќа бебе конечно заспа. Цел божји ден ме гњави (да е здрав и жив )во раце спие на кревет никако. На цицка цел ден,некој да не видеше ќе речеше загреота сирото бебе ко ненајадено е. Ама пуста лакомштина што прави. Времево денес ептен шашаво. Сабајле ладно леле мајко на пладне цели 22 степени па ти чуди се зашто сите сме болни со главоболка а децата со испозатнати носиња. Е си ја сакам есента (да ми простат тие кои не се љубители) сакам и денот ко ќе е намален а ноќта поголема. Па уште ко ќе се запали првиот оган....