Мислам овој бренд го има и тука, некаде кај Битпазар. По логиката на нештата не, детето не е во вера и нема што да му ставаш верски обележја.
Добро нека ова неделно утро. Веќе го фаќаме крајот и од овој месец. Искрено не сетив кога летна додека не видов на телефонот дека веќе дошол предпоследниот ден од месецов. Времето сеуште сончево,шанси за да си го искористиме Деко топол и сончев зрак и секој (сеуште) чист воздух (ако уопште е таков) денес исто како вчера со чудни вртоглавици и чувство како да имам потрес во главата и нешто ме бутка па тонам и ќе се онесвестам. Не сум вешта во објаснување. Де трпи, нормално со никаков ред во спиење очекувам и полошо (скраја да е ама реална сум) само Господ нека не чува. Дечињата добри,бебчо стани цицни заспи,големото да го будев за на школо немаше да стане денес као демек нека поспие ете го пред 9 станат. вика зошто мамо за на школо не можам да станам а сега пред времето за на школо станувам?? оди одговори му да те видам. Се мислам што за ручек. Идеа нула. Треба да почнам со средување на сезонските алишта,не се знае кога ладното ќе не изненади пак.
Уф каков викенд, пројде за ала минут. Вчера уште рано си исчистив дома, па земав си наредив комода тип топ, па си средив дел алишта, па полека почнав играчки да суредувам, полека почнав и да фрлам... И конечно ја погребавме и старата машина за алишта, купивме нова, по избор на мм, малку не ми е по ќеиф ама... Со оглед на тоа што он си ја одбра он и ќе си ја полни и ќе си пере, е така. Викендов го изедовме детево, газот парче му го напраивме. Не знам дали постои толку гризано и малтретирано, во позитивна смисла, дете. И он си бара, Ајде закачувај ме, по цел ден само тоа. Се поинтересен и поинтересен е. Атракција бил на врв на Водно во петокот, сите сакале со него да се сликаат. Душа моја, али за бебе не попушта, на секое прашање дали сака братче или сестричка, вика Никако! Па мани друго, ни тетка му и тетин му нејќе да имаат, никој, само он. И почна да пее под туш, песни, концерти, интересно му е дека има ехо. Цепки! Викенд ко да не беше за мене, капната сум, нека дојде утре да одморам на работа. Добра ноќ!
Точно на полноќ пуштам фемина чекам машина да заврши и да пружам кошула на маж, купи прееска нова и сака утре да ја носи па се надевсм ќе се исуши до сабајле, ако не ќе си оди со друга. И јас се мислам да сменам машината за алишта, иако 4 години ја имаме и супер е, НО, со горно полнење е и на гумата има мувла среќа па не сум често во овој стан и не се користи многу ама еве размислувам и да го издадеме кој ќе сака таква машина. Викендов брзо пројде, големиот се изнашета без нас, преморен и пресреќен е, а јас уште повеќе од него. Утре на пат ќе се трга, да земам нешто да спакувам не ќе е лошо. Добра ноќ на сите.
Еве поздрав и од мене. Почнувам да пишувам, но од сопствената негативност ми се смачува, па бришам. Од болница сум веќе недела и ден дома, од која секој ден е борба. Борба да се справам со хормони, борба за Мачорка да не е љубоморна, а е, и ми се кине душата... Борба за Бебо да цица ко што треба, а не цица и не качува на килажа... И не знам што со себе. Се осеќам неспиено, уморно, фрустрирано. Не знам до кога вака ќе се тера. Истите маки ко тогаш, и на цело мое знаење и на цела моја едукација, на моменти јас се осеќам беспомошно. Се надевам дека ќе помине и дека ќе се средиме полека. Ама и трпението не ми е веќе јака страна.
Добро утро! Расонете се, ајде нек почне денот со кафе! Нов ден и нова работна недела! Понеделник Пак е топло и сончево! Се разбудив нанспиена и нервозна оти беба нешто ми изведуваше, ете ја сега она цврсто спие а јас напор вложувам очите отворени да ги држам! Можеби не по моја волја испадна да станам рано ама секогаш кога вака биднува ги осекам предностите денот да го започнеш 2 часа порано! Вклучив машини, пружев алишта, спремив дете за во градинка l: гушкање, бакнежи , многу љубовче) ја испратив расположена и среќна и насмејана... Договорени сме после градинка да одиме да купуваме прибор, се во сина боја, омилена и е Сварив кафе и за ММ, го чекам да се врати од градинката па да го шмркнеме брзински, и два реда муабет да врзиме оти ова се минутки кога на раат ќе поразговараме. Деновиве ме мачи мисла, ќе треба деците да ги оставам 2 дена со баба а јас на службено патување. Со големата ќе направиме еден разговор и објаснување уште пред да одиме и мислам дека нема да прави проблем. Ама малото, лигавешчето мое, ќе тагува по мене , знам си... А стварно морам да одам, досега одлагав, ама ми трпи работава заради тоа мое одлагање. Ете ММ ја оставил големата во градинка и се врати. Одам и јас! Имајте убав ден мамици! Еј, празник е денеска... Вера, Надеж и Љубов! Среќен празник и вечно име на славеничките!
Добро утро мајки ма да мене веќе ми е ден Големиот батко е во градинка,а ние со мали се чуваме дома.За придобивките од градинка мислам дека не постојат зборови да се искажам.Едноставно сите коцки се наредија и испадне едно преубаво искуство.Со песна си оди во градинка. Е арно ама јас и малото си го кркаме.Откако е тргнат во градинка ние неможеме да се опоравиме.Де тт де нос де мрсули.Ми се збогтиса веќе а нема ни месец поминато.Жалче право ми е малово има некоја мутава тт му варира и се чувме со докторката денес пак да го види Усѕвари мене ми се увртело дека е некоја бактерија дека не е вирусно па затоа и ми е страв. Сабајле кога се испраќавме со бато мали се изнаплака.Абе јас знам дека сум му здосадена,ама не очекував до толку. Ама го обожава брат му значи го обожава.А он па као голем и нејќе да го игра.Таман ќе си започне некоја игра и мали се ќе му растури.И онда големи се пушта во акција го штипе и турка.И доаѓа судијата нормално,па објаснувај се,еве тебе една играчка другите за тебе. Ама има и фини моменти.Најсмешни се кога се борат.Мали се фрла врз големи,а батково па демек немоќен(читај му попушта)па се смеат се кикотат.На почетокот ми беше страв дека ќе се повредат ама го гледам малово закачица права,па чим е така слободно борете се. Малово снегулче ми е со голема коса сини очиња и многу блед тен=девојче.Истата приказна кај и да одиме(ко Емка)малава колкава ти е?Лелел лепотица!Му викаат на големиот дадичката како ти се вика??? Влегуваме во бутик од глава до пети во сина боја,тренерки на него,не ни извадија фустанчиња??!! Последно беше со докторката,цело време му се обраќа во женски род,она зазборена јас несакам да ја прекинувам.Едно време го гледа картонот,книшката,си мислам чита име сфаќа машко е ама пак се обраќа во женски род.И веќе кога стигна време за соблекување ме фати незгодно да не рече дека ја зезаме и викам докторке машко е Лелелел она се изнасмеа вика ооо ова има женска лепота.Го прегледа заврши се ама она едноставно неможеше да му се обраќа во машки род,па се утепа од извинување. На крај и реков абе докторке небитно дали вака или така ќе му се обраќате вие само излечете го. Полека почнуваме со подготовки за првиот роденден.Темата си ја знам од првиот момент кога го здогледав,и остана така до ден денес. Кога гледам колку брзо порасна мака ми станува.Сакам бебе сакам да се мазиме.После првиот роденден веќе стануваат дечиња.Не дека ќе нема гушки,ама се е поинтересно од мама За разлика од првото ова е право роварче.Почна сам да се исправува и да стои потпрен на кревети на само 8 месеци Па колку беше смешно пинцурче од 70 см фатено на комода стои. Сега веќе сам стои без да се држи. Мислам дека вистина вториве деца се учат побрзо од првите.Не е до опуштеноста на родителот туку си гледаат од братчињата,сестричињата. Да се живи и здрави ама човек неможе да ги допази.Ќе го оставиш на едниот крај,за минута дошло на другиот.И отпоново ги поминуваш истите работи,отварање фиоки,чепкање насекаде,пентарење,едноставно истражување. Со тоа што и големото станува бебе како бато па имаш две бебиња. Се распишав дур спие снегулче,да стане да се подружиме ,па да видиме после што ќе не опее докторка Убав ден
Добар ден мајки Некоја страшна главоболка, после долго време морав да се напијам и нешто против болки, и чекам да почне да дејствува. Понеделник сум како прегазена, ваљда поради долгите викенди и тон работи кои останале нефатени во текот на истите. Деца прошетани, наиграни, се подмирено ....и понеделник кога двете ќе заминат во градинка осеќам дека сум се исфорсирала и дека силите се на крај. Четврток е празник, па и петок градинката затворена. Четири дена дома ќе биде весело, Маж мора утре да ја предаде возачката поради брзо возење. Еден месец не смее да вози. Што ќе правиме и јас не знам. А сакав да заминеме на викенд, или барем дневни излети во некој град да направиме додека децата не се тука. Може и од тоа ме фрсна глава. Утре ми е писмениот дел за возачка и срам ми е да си кажам дека сум целосно неспремна. Се тешам дека по две недели смеам да го повторам. Ќе треба свекрва деца да зима и враќа од градинка. Фала и. Маж викаше да најде некој, да му плаќа, да го вози кога ќе има термини по бауштелиња или градови...Се останато како ќе ни даде господ така. А што убаво почнавме и навечер да си испаѓаме. Голрмата е во некоја страшна фаза. Мaни на фустани, на чизми, на јакни...страшно е додека се дотера женската на сабајле(важно со круна на глава, прстени, ланци, обетки накитена). Пред заспивање ни се цеди последниот атом енергија. Страшно е мал збор. Вриштат, бегаат, се задеваат, па плачат. Нa крај и мене ми се плаче. Буквално сум партал. Цел пост кукање ми испадна. Некогаш и така бива. Белким ќе биде боље. Убав ден
Добар ден и од мене Ако не ве поздравам понеделнички, како неделата да не ми започнала (лажам, изговор си наоѓам за да пишам) Ние добри. Викендот го искористивме максимално, прошетки во природа, паркови (по некоја продавница), такво сонце не знам дали повторно ќе не огрее во октомври. Убавина од време беше. Утрово имавме некои обврски низ град, излеговме тројцата од дома заедно, го однесовме синко во градинка и потоа секој на своја страна Инаку, малиот беше пресреќен, па и со точак и кацига го носевме, по патот со мм се тркавме за поинтересно на синко да му биде а мали навиваше, наравно за татко му Да ви кажам денес се преплашив. Заради немање паркинг близу железничка тргнав со точак, ај што бев со точак па си викам ќе одам по велосипедската патека, таа пустата изолирана надвор од населено место, под мост цел со графити и отпадоци И кога оп, на сред патека стојат двајца со точаци, едниот му продава пакетчиња (наркотици) на другиот Крвта ми се заледи, не знаев што да правам, се уплашив да не ми направат нешто, подзастанав демек чекам некој и се вртам назад, таман да барам тел. се појави еден дечко позади мене на патеката, излезе баш како него да го чекам. Продавачот (црнец) си замина, купувачот остана да си ја подреди робата во ташната За враќање не ми текна ни да помислам на патеката подобро да направам еден круг низ град во гужва, отколку животот во ризик да го ставам. Денес мали до 4 во градинка. Досадно почна да ми станува, почнав да размислувам за некој курс, само не знам каков. Бев да се информирам, исто и за јазици, па да видам што ќе биде. Убав ден жени.
Здраво мајки. Одамна ме нема на оваа тема, турбулентен период во животот,лош... Ме загрижува ќерка ми па можеби ќе може некоја да ме советува или искуство да сподели бидејќи веќе немам мозок. 4 год е и е хиперсензитивна, мислам дека имам пишувано,тоа го имам забележано уште од мала. Но таа не е воопшто среќно дете и тоа одамна го имам забележано. Ги гледам другите деца безгрижно се играат смеат,а таа е целата како исплашена,повлечена ,тажна. Ништо не ја радува,ниедна играчка не може да и го задржи вниманието. И други веќе забележуваат. Ми води инает ништо не ме слуша што и зборувам. Плаче урла по секое дете ,бара постојано со некого да се игра сама не знае или не сака ,не знам ни јас. Сите и се чудат што и е. За живците да не зборувам дека ги немам веќе. Но не знам ств не знам што да правам. Ја шетам,водам кај што има деца, здравје од понеделник и во градинка ќе тргне. Не знам дали на овој начин искажува дека татко и и недостига, бидејќи е во странство. Ама пак што се вели на цела маала татковците се во странство,а децата се нормално среќни...не знам,не знам
Ако си сигурна дека е хиперсензитивна не е лошо да се консултираш со психолог.Едноставно да ти каже како да се однесуваш со неа во одредени ситуации.Искуство немам ама од она малку што го имам читано они се пррчувствителни.Не е убаво да и викаш не плачи,не се нервирај зошто она тоа поинаку го сфаќа од другите деца.Од др страна имам читано дека многу полесно можат да ги почувствуваат емоциите на родителите од др деца,па со самата твоја нервоза радтревоженост и она осеќа.Јас би посетувала психолог.Еве и тргнувањето во градинка незнаеш какви емоции ќе разбуди во неа.Сигурно ти е тешко ама кога неможеме да се справиме ние тука е стручно лице не верувам дека би имало штета.
Добро утро! Бајаги ми се насобрало за читање. Ручек и доручек се крчкат, кафе до пола испиено, мали и баба спијат, имам намера да го будам. Мора да врземе ред, мора. Пет години со се трудноча не знам што е сон. Па и на работа навечер одам. Влегов да ја поздравам @mareane драго женче, и некако ја дожувував како многу реална особа дур ја читав во 40 ка. Сега ми е страв да припарам таму. Од себе ми е страв. Се приметив дека сум стала кукавица. Веќе пет години само кукам. Се нешто имам да се пожалам, многу често знам да бидам одбивна, се повлекувам за да со никој не се замерам. Не знам да избегнувам неправдини, уште помалку можам да прекутам кога некој лаже.... и затоа на дистанца од се. Мали на контролата во Скопје рекоа дека е добар. Има понекогаш некои црвенила, му се перути кожата, претежно на главата но ме било страшно а ние дома во паника. Едвај чекам контрола во Турција. Треба да е последна и да почнеме со вакцини. Како ке издржам со умисла дека нема контроки веќе во Турција не знам. Од мислење на далеку коски ми се тресат и затоа барем тоа научив, да уклучам кочница и се сконцентрирам само на сегашност. Правосмукалка ми цркна, додуше си го одработи своето, колата едвај градска служи за подалеку не се осудувам и кога веќе пак кукам да ви кажам и дека татко и син пак не се гледаат. Прекина да го бара кога виде дека не сум заинтересирана да бидеме заедно. Не дека немсм колебања, но кон тос ме тера само да тие двајца се заедно. Но дали е тоа доволно? Одби суптилно да плати издршка бар еден месец за која не плака две ипол години, плус одби помош околу контролите. Може време е наместо да бегам од луѓето и проблемите да почнам да ги решавам еден по еден па макар и згрешила. Без изговори од типот ова да помине она да помине па ќе решавам едно по едно, или па дека ради ситуацијата мирувам да не не соодветно проценувам. Дур да допишам доручекот е готов, да каснам и да пробам да го разбудам малиот. Ете пак се изнакукав Ував ден мајки, дечиња
Добро утро. Денеска од мене кафето.... Пијам второ кафе и да шкртнам некој збор. Толку имам за пишување што незнам од кај да почнам и секако нешто ќе заборавам.... Во четвртокот бевме излезени да му купам облека на дете и успат ми текна да направам крвна слика за вакцина.Пак линфоцитите поткачени(дома кога дпјдов видов скоро на сите к.с му биле такви),но ја прими вакцината.Немавме некаква лоша реакција,само мал оток на местото и дете три дена беше како пијан. Вчера забележав како долната четворка му е малку расипана,кога беше помал на неа се удри и крвца му протече.Е сега не верувам дека ќе сака да седни да го вида запчето.Го припремам му зборувам,сега кажува дека заедно ќе одиме,како ќе седнел на столицата сам,како докторот ќе ни ги гледа забите, но па ќе видиме,Сакам утре да го однесам кај мојот доктор да го види,па и јас ќе седнам да ми стави нови пломби,оти на три заба ми паднаа. Мм пак од денеска дежурен,сам се пријавува за поголема плата,добро е што сега го направија на пола месец дежурството. И овој месец имаме за трошење.Сабота свадба во друг град,на средина од месецов роденден и на крајот славата,ами ајварче,лутица...Само за убо да е. Но како и лани така и годинава ќе си чутиме со мм за славата,па стариве што сакаат нека прават.Ако немаат нека не ја прават како Ивкова слава,немора ниту моите да ги викаат. За свадбава ич не сакам да одиме па и дете да молкнам по друг град,а до сега не ми е оставам сам.Треба најкасно во 11 да дреми некој со дете во кола,оти толку ќе издржи. За носење немам што.Двата фустани ми се големи,едниот е летен,другите се посекојдневни.И тој што ми е од крштевката/венчавката е долг не одиме кај први братучеди и плус тој го знаат.Незнам што да правам а не ми се дава сега пари за фустани. Толку еве ѕверов се издигна па можат да започнат активностите по дома. Имајте убав ден.
Добро утро мајки... Денес на репертоар помалку мрсули од вчера и мајка и снегулче Вчера бевме кај докторка,па тоа во ходникот дечиња,дечиња,еден куп.Да незнае човек дали оди да закачи нов вирус или да се излечи.Јас сама со снегулче внатре маж со големиот надвор.Еден саат кај докторката,го свртеле Козле 20 пати дур не чекаат.Снегулче од умно поумно не плаче ни на преглед,ни од боцки.Е веќе на крајот му се здосади и нему чекајќи.Чим влеговме во кола за минута заспа.Резултатите супер,денес тт нема се надевам ова е последно вирусче што го закачивме. Големиов кај со тантруми таму и терсене карактер.Неможел да почека татко му да ја заклучи колата(минута работа)и во знак на протест почнал да ја лиже оградата.Кога излегов надвор маж чуреше Значи колку и да го учиме на трпение,џабе.Се утепавме објаснувајки колку тоа е неумно.И нормално рековме лути сме и затоа нема во Зоо.Е арно ама и дома продолжи протестот.И си заспавме со плачки. Тешко е ноќното доење,воведување храна,менување пелени,ама најтешко од се мислам дека е воспитувањето. Цело време се преиспитуваш дали вака треба дали згрешив итн.Вечни дилеми... Морам да признаам дека ми годи овој одмор додека големи е во градинка,па колку и немајчински звучело. Е сега не се сите денови вакви,да не речам и се доста ретки во последно време.Ај и да го пофалам не само да се жалам.Знае да е страшно културен фала,повели,извини,на здравје ни се доста често присутни во речникот.Сите ги поздравува.Како Тито е....И е право гушкалче.Е сега незнам како да му објаснам кога некое дете несака да се гушка,па пробувам со најпрости зборови како детенцето се срами не му е познат итн.Еднаш во Ваикики добивме страшен поглед од една мајка зошто тргна да и го гушне детето...Одма изреагирав го земав.Ама па мене не ми пречи моето да го гушкаат можеби јас грешам.... До 3 ч сме сами со снегулче а после стига бато да раскаже како поминал. Имајте убав ден
Здраво мајки! Убав октомвриски ден. Сонце пука, топло е. Ние стандард шема, малата заспа пошто станува пред петлите, големи чита лектира,мали го.пратив малку со дедо надвор. Не се постигнува се. Сакаме се да направиме сами.ама не бива. Почнав да се загрижувамза здравјево, многу болки на сите страни па решив мора да се штедам. На моите им изнареков се барем можам, не ми се лутатПа колку можат нека помогнат. Доволен ми е денешниов ручек.од мајка и занимација за децава од дедо им. Другите не можам да им речам, нека им објасни син им. Би.помогнале, ама јас не сум мирна да оставам дете таму. Се остава ли две. и пол годишно дете на управ удолу удолница да се качува и спушта само трчајќи по топка. Кога ги видов крвта ми смрзна,тој трча, баба му гајле нема си гледа негде. Мене одма филм во глава, да не падне наназадд на глава, да не се стркала.Зар ние мајкиве толку претеруваме. Ама ајде, тоа е поладнокрвни луѓе немам сретнато во животов. Туку читав постови горе долу, меѓу редови колку дозволува време. И многу многу ми е жал што ќе го напишам ова, но знаете ли.што им фали на денешниве деца.Љубов. Родители. Оставени се од премали по градинки, по баба и дедо, а сето тоа што го собирале во нив излегува после. Значи сите ние трчаме на работа, по пари, за да им купиме се, да им овозможиме а уствари забораваме колку нив им фалиме. Пред некој ден бевме на родителска. Учителката ни е жена пред пензија, видла многу. Знаете,во овие три години не била таква. Загрижена сум многу рече. Вакви деца досега немало.Немирни, револтирани и.преморени. Знаете рече, мислите ли дека 9год дете можеда издржи ден во кој станало во 8 9,било на курс, па имало шест часа на школо, па.оттука на спорт. Дошло дома во 21излезено од 11,12. Сакаме децата сегде да ни се први, а не сфаќаме колку лошо им.правиме. Рече имам ученици знаат подобро англиски а не одат на курс од оние што одат. Си ги мачиме децата. Лупаме,работиме преморени сме за разговор со нив, за игра, за прошетка. Им ветуваме играчки, подароци, викенди, а за сето тоа жртвуваме се. Моите никогаш не ме однесоа на море. И не, не бе лоши родители затоа. Имавме секој ден заеднички прошетки,оброци. Немавме многу пари, може ми фалело ново.парче облека од тогашна гледна точка, но од денешна не ми фалело љубов. Не си ги гледате децата родители, рече учителката. Ве молам најдете време за нив. Ми ѕвонат во уши зборовиве не за мене, јас сеуште сум со нив но им фали татко им . Дома е но се случува цел ден да не го видат. И тоа ме боли. Како и сите нас. Затоа се такви децата , им фали еден родител. Зашто во ова скапано општество мора да си роб да обезбедиш се. Ми тежеше на душа ова, мораав да се искажам негде. Извинете мајки и убав ден.
Добар ден мајки, Седам во тишина и уживам Дојдовме од пат, маж однесе дете одма во градинка, бебето ми спие во раце а јас се обидувам да го смирам мозокот за да престане да ми кажува што треба да направам и кои обврски ги имам. Ги сакам ваквите моменти кога не правам ништо. Бебево е залепено за мене, 10 месеци скоро и уште нејќе да чуе дс оди кај друг а не па да спие сама во креветче Ќе помине и тоа знам, за секунда ќе порасне и нема да сака да спие со мене затоа најдобро да ја држам додека можам па колку и да е тешко на моменти. Убав ден имајте
Набрзинка само е ќе те демантирам, немам време денес за повеќе, од 6ипол месеци сум во градинка тргната, од прв ден школо до 4 сум била сама дома, сама сум си идела, по 3-4 курсеви сум посетувала, па љубов не ми фали. Исто беше и во наше време, само што сега децата и кога се дома родителите не им посветуваат внимание. Таблети, телефони, паметни телевизори, се ни се одбива од глава.
Сите се чувстуваме понекогаш така. Некогаш се прекоруваме себе си не знам ни самата зошто. Ние сме растргнати на секоја страна. И јас и маж ми. Детето оди во градинка како и повеќето деца што ги знам. Ама мене градинката ич не ми е нешто негативно. КОга оди во градинка е посреќен, посмирен, понаигран. Сабајле после подолги паузи (ако бил болен или сме биле некаде) плаче дека не сака да оди едно 5 минути и толку, му поминува. Минатата недела седеше дома а не беше болен ама ни препораалч после прележана варичела да биде дома па само бараше да оди да игра со другарите. Е сега кога сме дома се трудиме да му с епосветиме максимално. Играме со него, шетаме, се гушкаме. Има моменти кога се ќе се собере па мора да го чуваат баби и дедовци и попладне, како што ќе биде на пример наредната недела, ама тоа е тоа живот. Па и бабите и дедовци знаат да пружат љубов. некогаш е и добро да осети и таква љубов, без стеги и воспитни мерки (зашто такви се бабите и дедовците најчесто). Е сега и јас сум растена во хармонично семејство во кое многу се цени работа. Двајцата родители ми работеа, мајка ми во смени работеше и еднаш месечно и за викенд. Па не сум осетила дека ми фали. Кога потпораснав татко ми работеше и паралелно две работи, ама мајка ми и баби/дедовци надоместуваа со љубов. Знам дека љубовта и вниманието немаат врска со работењето. Емотивната отсутност на родителите е таа што е битна. Има родители што и кога се со детето не се со него, тоа е побитно. Точно е дека времињата се менуваат. Ама ние треба да се прилагодуваме што е можно подобро на новите времиња. Тоа е тоа. Имам братучед во Америка со три девојчиња. Ги гледаше само во кола ога ги носеше на училиште и за викенди. Сите три се многу блиски со него, прекрасни исполнети девојки. Се се може само кога се сака. Курсевите во никој случај не треба да ја заменат слободната детска игра особени кај помали деца. Ама подоцна ако самото дете пројави желба слободно нека оди на што сака. Мене деновиве едно те исто. Викендов комбиниравме работа и задоволство во Охрид и искрено ептен ми се допадна градот сега. Некако ми е светнат и освежен. Имаше прилично странски туристи ко за ова време од годината и баш ми беше светски. Плус и времето беше милина се изнауживавме. Сега пак назад на работа и веќе се зголемува темпото. Октомври ми е цел испланиран со активности и Ноември ми се полни ќе треба да се издржи. Ама кога се мора ќе се издржи. Ќе користиме викенди за одмор и семејни активности. Изгледа и зимскиот одмор го решивме додека има попусти за рана уплата па ќе си мислам на скијање додека работам. Дете се израдува дека ќе одел на снег и само прашува кога ќе дојде зима.
Малку се олабавив па еве да ви пишам. Факт е дека децата денес и порано не се исто оптоварени, ама сето тоа е за доброто на децата, зошто живееме во друг свет. Внука ми сеуште што се вика го нема совладано убаво македонскиот ама догодина ќе оди на втор јазик во школо, децата од градинка учат јазици. Не го одобрувам тоа, ама не е ни нешто страшно. Има деца од бебиња се билингвални, они успеваат, децата колку помали толку повеќе учат. Дека имаат многу часови, имаат, ама сега е работниот век поголем и нема кој да ги земе од школо па остануваат до 3-4, тоа е факт. Не е ништо страшно и тоа, да бидеме искрени, до 3-4 веќе научиле и напишале па времето дома им е само за уживање. Проблем се таблетите од рана возраст, телефони, јутубери, џипери, такви глупости кои ги гледаат и учат. Имам во наше опкружување дете кое прави се што прави тој некој си Стефанатор и тоа често е опасно по неговиот живот, на 4г се обраќа со Где сте џипери, со такви несоодветни фрази, со такви глупости и тоа е проблемот, а не е курсот по англиски. Засега на 3ипол сеуште е муле моево, ама планирам додека е во моја моќ да го одвојам од тој свет, сакал нејќел во прво секако ќе се сретне со тие фрази, па до тогаш нека е дете. Од друга страна ние родителите сме преморени, капнати, јас работам до 4, кога си идам дома сум како сомелена, немам елан и енергија да играм со него, скапана сум, маж исто, гледаме да легнеме малку па неретко од лежечка состојба пишувам бројки, ги кажувам животните, учам песнички, а некогаш кога веќе е крајна фаза пуштам и видеа со колички на тв, па пола саат ќе утепа и толку му трае концентрација, иде со коцките да почнеме да градиме нешто. А тек е едно, кај е крајот кога ќе родам уште 1 а сакам и уште 1, односно сакам до 3 деца, верувам и мене како мама @supergirlmb ќе ми биде. Мајче не се осеќај лошо и апсолутно пушти ги децата со баби и дедовци ако имаш доверба, ако не, подобро дома него ли животот во опасност да им биде. Јас имам неизмерна доверба во баба и само со неа го оставам, во другите немам и не го оставам. Подобро да сум сконцентрирана дома отколку надвор па беља да направам. Стресовите сами си ги правиме, нема потреба од нервози, од споредувања и себеобвинување, ние сме најдобрите родители за нашите деца, нема подобри од нас. Приемен ден, хаос, лудило, на сите страни ме бараат. Дури и до суд дојде работата, ќе ме викнеле да сведочам Луѓево станаа предатори! Толку, морам да куцам, денес денов ако може да потре 33 дена најарно. Убав ден!