Може не се изразив баш најдобро, може некој поинаку ќе ме сфати, но тоа е маната нели на овој начин на комуникација. Колку што можам да сфатам повеќето имате помали деца. Постот повеќе го пишав за школските деца. Знам дека не е сегде исто, но во школото на син ми се бара прилично многу учење и знаење. А и учителката ни се погоди таква. За тие оптеретености и курсеви зборам.Верувам има мајки кои знаат што учат математика на пр. Син ми е четврто . Овој месец изучија децимали, дропки, мешани броеви. Граматика тераат. Секој ден шест часа. Да не зборам за природни науки. И кое дете ефективно ќе внимава и сфати ако притоа оди уште на сто работи. Англиски учат на школо од прво. Германски кај нас од 5.одд. Не сум против курсеви, сум за секакви надоградувања и образование ама децата премногу имаат училишни обврски. @AngelOfArh фала ти на поддршка, ти посакувам две дечиња наеднаш за баткото. .. Јас сум дома, па растргната сум на сите страни а кмоли на работа. Малава во фаза на проодување е. Секој бара свое. Па пак стигам. Некогаш ќе се исплачам некога ќе ги искарам и тоа е. Точно е дека таблетите, тел и јутуб им го уништија детството на децата. А и нас некогаш полесно е да им ги дадеме. Ќе ни пораснат па ќе се смееме во други теми. Тоа е. Поздрав
Да си пробам среќа да прашам...некој фитнес центар или што и да е што нуди програма за вежбање и паралелно анимира деца во тој еден саат... мислам налетав лани на фб на вакво нешто, мајки вежбаат а девојче го анимира во склоп на центарот децата....се надевам доловив што барам
Никако да смогнам момент да пишам...А и некако не ми е до пишување,ме дрма уште она пост-одморско депре.Некако после одморов ич не уживам на работа.Ниту средина,ниту работни обрски.Сакам да сменам работа... Дете мое иначе фати бактерија...под терапија го ставија...Тоа е...градинка и болести рака под рака одат во фаза на навикнување... @simona_baby околу гушкањето на други дечиња...Ич несакам кога се учат така дечиња да гушкаат други дечиња.Да не ме сфатиш погрешно,многу милно изгледа ама не е ок од здраствени причини.Може и тоа дете има вирусче па и за твое дете не е ок.... Друго неам со да ви се фалам,поише накај кукање оди
Здраво мајкички прво да ве почастам вчера ми беше роденден Малку да се засладиме и освежиме со по некое коктелче виртуелно Ма да како би ми дошло добро и сега едно мене Преморена сум перидов во саботата одсабајле на работа некој екстра обврски за викенд после трчај дома спремај на мм му беше роденден исто па гости имавме .Синко пресреќен дека мама и тато роденден имаат дувавме и свеќички дури Добар е тој послушен умен си оди во градинка .Вчера од памет сме се извадиле со бебето од девер ми ,ме вика свеки бебето под мишка топче црвено воспалено па дека девер ми сеуште беше на раб надвор од Скопје трчај на матичен ,докторот вика апцес под итно детски хирург да го види ,па ајде денес во систина завршивме работа среќа се е во ред ќе помине со маст само .Толку сум се преплашила за внучево крв немав во мене .Инаку мислев дека сум бремена ми каснеше месецов 4 дена ама ништо џабе се израдував Се распишав синко бара да поиграме со пластелин малку па да спиеме . Добра ноќ
Од здравствен аспект точно е тоа.Ама јас незнам како да го научам да не ги гушка.Сум зборувала дека тие дечиња не ги познаваме дека ме треба така ама едноставно такво е детето.Инаку моето со вирусче не го шетам наоколу,е сега ако има некое тоа е што е.Со тек на времето ќе престане
Мамички имам едно прашање, ако не е соодветно на темава нека го преместат. Ме интересира бидејќи стерилизирам пумпа и шишиња во стерилизатор, дали пред да почнам да се одмолзувам(значи млекото ќе го замрзнувам во ќеси за замрзнување) треба скроз да се исушат шишето и пумпата, или не е проблем ако има останато водичка од пареата?
@elcezelce среќен роденден само убавини во животот да те пратат и да ти се исполнат сите желби. Денови ли се денови, маки мајчински големи . Абе си уживам што си седам дома . Оној ден бев на работа со бебчо за да ги видам колешките. Си влегов во мојата канцеларија и некако не ми се појави желба да се вратам на работа . Колегиниците освен што го поиграа малку бебчо почнаа да си кукаат ,,како имало многу работа,, и одвај чекале да се вратам од породилно. им кажав, еден убав топол сончев ден ќе се случи тоа. Па дури и ,,главиот,, ми рече ,,многу фалиш,, е знам де покривам 2 сектора, зарем не знаеше . Породилното ми истекува на средина на Јануари но потоа планирам и некое боледување или пак неплатено месец- два, па кога птиците ќе се вратат од југ во пролет ќе појдам и јас на работа . Така планирам па здравје ќе видиме, ако зимата ме ептен затвори по дома и измрда тоталка. Бебчо инаку арен си тера бебешки живот. Почнав со дохрана и си јаде. За разлика од батко му кој беше најголем нејадач на свет, па градинката го стави во винкла , овој јаде богами и за него па од мерак и да му готвиш. Големиот си тера училишниот живот и брка курсеви. А јас, јас меѓувреме изигравам и таксист . Е најголемиот (мм) ме преговара за некои патувања во Јануари кога ќе почне зимскиот распуст на баткото. Му велам кај бе човек кога бебчо ќе биде во фаза на лазење и фул фаза на јадење. Ај за јадење ќе се снајдеме некако ама лазењето, кај по хотели ќе го пуштиме да лази . Али и за ова нашол решение , 2 дена на едно место па 2 дена на друго место и ќе си носиме кебиња и чаршави за да му местиме на под. Секој ден ме обработува па дури оној ден ми го купил и омилениот парфем . Ќе му се сложам за идејата ако нешто меѓувреме бебчо не смени во ноќното спиење. Што фино се будеше само 2-3 пати преку ноќ а сега 100 пати , веќе не ни бројам ниту пак гледам на саат, досадно ми бидна . За викенд го носев на гроздобер. Што муабет им направи на лозите . Само 2 часа го прошетав на чист воздух за да потоа дома спиеше цели 3 часа а богами и јас . Уживајте во мајчинството и крадете моменти за себе. Сепак животот се состои од моменти.
Добро утро. Дете спие,мм го испратив на работа а јас си појамнкафе и ве читкам. И синко мој е гушкало,ги гушка сите деца дури мислам некогаш е нападен.Сеуште кога ќе види бебе\дете во количка или на точаче оди и му застанува пред него. Толку беше спиење во креветче еве неколку дена не сака ни да влезе во него.Заедно си спиеме сите тројца,ама мене косава ми ја искуба цела.Незнам што се научи да ме фаќа за коса додека да заспие,а јас најмногу што нејќам е некој да ме фаќа за коса. И вчера бев на фризер и ја скратив 15 см ,кога видов на под многу коса жал ми падна,но ќе ми порасни.Малку да сменам едно иста должина 6 години ја носев,дете откако се роди само врзана ја носев или плетенка. Инаку во саботата бевме собрани друштво,на детето од едниот другар на мм во понеделникот му избиле сипаниците-варичела.Сега дали треба да чекаме 21 ден или ???. @elcezelce среќен роденден сите желби да ри се остварат. Дете се издигна да се средиме и одиме кај дедо доктор(стоматолог) и потоа низ чаршија па можи да запасиме по гости,секако мм е на работа до 7 вечер. Имајте убав ден мајки.
@24.07 јас мислам дека е голема веројатноста за да презафати и твоето дете. Мојата фати од друго дете во игротека,по 17ден и избија. Иако тука се и Др фактори како имунитет, личен контакт (во нашиот случај детето се искина врз ќерка ми,па освен сестра му само таа презафати)Ви стискам палци да не сум во право
Добар ден. Баш е убав денес денов, малку ми се врати расположението. Убаво е кога човек прави нешто за себе. Почнав да вежбам, редно беше веќе. Не држам диета, ама ми треба убаво размрдување на телото. Го прочитав текстов http://www.femina.mk/семејство/дете...6Asi1AO5N-c0cFgfpedcyY6A2-5Gm_DruSu_1VGR7djoA и некои работи баш ми се допаднаа. Ми се допадна тоа за јадењето и цртаните. И јас знам некогаш така да направам, иако не е често. Ама во право е човекот, тогаш се јаде механички и без контрола. Не се чувствува вкусот или колку е наполнет стомакот. Од друга страна мајките на нејадачи секако ќе пробаат, само да внесе нешто детето. И советот за работата и парите. Ама ако му речеш дека одиш на работа зашто ја сакаш, нема ли да испадне тоа дека одбираш да одиш на работа, наместо да поминеш време со детето? Нема ли така да си го врзе во крпче? Пологично ми е некако да се оди за пари, за да се има да се купи нешто, отколку ај ти во градинка, јас ќе одам да правам нешто што сакам. Тоа со изборот веќе одамна ми е направено, сега веќе си е решителна, точно знае што сака да јаде, што сака да прави и не и тешко воопшто да избере нешто. И за џепарлакот ми се допаѓа, го имам прочитано и на друго место, дека е важно да научи да менаџира со парите. Тоа планирам да го направам. За тепањето е јасно веќе, а и за поминувањето време е на место, ама што да правиш кога нема кај да го оставиш? Секако мора да си тука. Имајте убав ден сите.
ова опфаќа широка тема на разговор. Не знам дали сте запознаени имаше и по фејсбук и на мотика и секаде за едно дете кое се снимаше и ја тепаше тетка му. Сега брзо читав на фејс на една група една Мајка очајна објаснува како соученички ја терале ќерка е да им ги лиже патиките. И се тоа гледано од вакви "џипери" на Јутјуб. има една апликација YouTube kids и си правиш "профил" за колку годишно дете ти треба видеа и ти даваат листа на одбрани видеа,цртани песнички DIY видеа... Супер е. Неодамна на тв видов на реклама Da Vinci kids апликација се е со едукативни видеа ама не сум ја побарала. @elcezelce честит роденден и сите желби да ви се исполнат ајде следен месец со позитивен тест да се пријавиш тука Добар ден од мене,го зедов синко од школо бебчо заспа па да фатам некоја работа после ќе дочитам. Да опотам... Постои ли и друго бебе што неќе во количка? Или ние сме единствени?? сериозно. Или па рано ни е... 7 недели денес јас па се изнарадував најубавото време ќе го фатиме - џабе! Само во раце и тоа во двор. Од капија подалеку два пати до школо кај големото да го земеме и двата пати се откорна од вриштење. Враце ок е. ќе цркнам дефинитивно. Единствена утеха ми е - до количката е треба да ја сменам.
Знам колку е тешко ако бебе не сака во количка, јас го имав тој проблем и тоа, малата не сакаше во количка кога ќе излеземе од дома, дома не и беше проблем, изгледа се плашеше од околината дека и беше непозната, но пробував и да свртена кон мене и обратно и не и не, никако не сакаше во колчка до 13-14 месеци, после следеше период кога седеше во количка, па пак не ја сакаше и еве сега на полни 3 години пак ја бара количката не сака да оди, а дома и на улица оди застани ја на едно место.
Добар ден. Подзавршив со чистењето па да видам што правите Овде почна да роси, такво време одма ми менува расположение а богами и планови. Сабајле мм го однесе синко во градинка, таман да излезат заврна убаво, па ајде со колата го носеше. Овој пак, и со багер да го носеш гајле нема, само да не оди пеш Дома зачистено, средено, наместено, јадевме со маж и го испратив на работа. Таман си помислив ќе си поуживам малку со сите 4 во вис, ми текна дека имам за пеглање Ви кажав дека дете мн.се смени, не можам да поверувам дека е тој. Многу е смирен, умен, разберен, ме сослушува, абе се нај нај, како преку вечер да порасна, си разговарам како со возрасен Оваа година оди во нова градинка, се вклопи без никакви проблеми. Воспитувачките секојдневно го фалаат колку бил педантен, играл убаво, покажувал на др. деца, кога ќе поставеле некое правило тој се придржувал кон истото. Морам да признаам, убаво ми беше кога добив комплимент за тоа како сум го воспитала, за трудот што сум го вложила. Сепак тоа што сум го зборела и покажувала сега излегува на виделина Друго нешто сакав да кажам за форумот. Секој е дојден овде да пишува, бара совет, помогне и денгуби да прави дали јавно или анонимно тоа е наше право. Како би реагирале вие кога ќе откриете дека некој што го познавате пишува овде? Пазете, реков познавате, тоа значи од исто место, од школски клупи, од братучетка ми братучетка и со такви личности не се гледате со години? Да си кажам за мене, не се замарам. Имам познаено неколку членки по слики, штом ставиле слики значи свесни се за последиците. Мене ми е поубаво анонимно, ама ако некој си објавува слики од него или од деца негово право. Јас ако сум сакала јавно ќе сум пишувала по групите на фб и ќе сум била пријателка на социјалните мрежи со пола форум, јас си имам слика за секоја од вас и сакам такви да останете во мојата глава. А таа што ме ,,открила,, и ѝ кажала на друга личност дека пишувам и што пишувам овде ми е безвезе. Плус ми го кажа пред мм, среќа јас пак не кријам знае и тој дека пишувам овде, само се насмеавме и толку. Замислете за некој што се зачленил да бара совет за свекрва, не дај боже маж и некоја ваква те каже пред мажот Свашта. Извинете, постот е каша попара ама морав
Ееее и мене ме оговарале, Ангел ова пиша, Ангел стаи ваква слика, Ангел онака, и тоа пред свекрва. Јас не кријам, тоа е тоа. Чек дојдов да кажам само ова, немам многу време. Вие арни? Синоќа сфатив едно, во пмс се претварам во многу лоша личност и се нервирам ама тоа е. Работам турбо денес, и убаво ми е. Веќе некој ден рано си одам дома а денес баш ќе углавам. Плата најавија дури следна недела, до тогаш леле мале. Се реков а ништо не реков, таков ми е и денот.
Од форумот по некој случки си ја познав братучетка, па поради неа ја отварав темава , ама не сум и кажала.Мислам дека и она ме знае ама си траеме Ама секогаш е искрена и тоа што го споделува тука, ми го кажала или ми го кажува кога ќе си чуеме.Мила братучетке ТЕ САКАМ Јас за жал ги открив пола од форумот и многу ми е криво.Ако еден знаеш го знаеш цел форумСи имав друга слика за луѓето и ми беше тоа магично и интересно.А сега веќе ми се изгуби филингот.Еве пример Ангел ја знам и сонот што и го кажав ми беше поврзан Еве тебе не те знам ако знаеш која сум кажи ми да ги оговараме другите мамичкиТапа сум за оговарање се шалам @elcezelce среќен роденден мила и се најубаво @24.07 се надевам дека нема да прифати
А те прашав мааа.... Знаев дека ме знаеш Зобам зелче, у пмс тежок, се искарав со мајсторите од улица пуздер се напраивме! Ми ја донесоа машината за алишта и еве го студирам упатството Чекам мм д дојде од каВана да одам на вежбање, да истрошам енергија Тоа би било тоа!
убава статија си нашла ама за делот со работата се сложувам со тебе. Подобро е да му се објасни на дете зошто се оди на работа одколку да му се рече дека мама ја сака работата . Дете може да свати дека мама повеќе ја сака работата од него штом го остава 8 саати место да седи со него.
Добра вечер Деца едвај издржаа до 21:00 и заспаа Мм е трета а наша градинка си спои денови заради празник па си помислив ако заспијат покасно до подоцна ќе спијат сабајле Иначе во 6:30 мали ококорен е и одма ја буди сестра му Ја тресе и и вели Лала ком Така и утринава секој ден си се надевам макар до 8 да поспиеме Овде празник луѓе мразам неработни денови (ова кога сум невработена ) То едно,невреме и дождови друго Прв пат да се случи да не излезиме воопшто од дома Буквално цел ден дома,пукнавме Деца полудеа ама со овие невремиња не оди поинаку Бевме,цртавме,лепевме,учиме да броиме со стапчиња,пеевме,игравме.... Не знаевме веќе што да правиме ужас Веќе недостига сонцето и убавото време а тек пред нас зимата Искрено се надевам дека утре нема да врне и уште од сабајле да се паркираме на игралиште Јас помалку добра... Скоро секој ден повраќам,ми се дува стомакот,и немам воопшто апетит Малку да претерам со јадење или вода повраќам Ослабнав многу и веќе 1 месец како ми се случува ова и никако да појдам на доктор Планирам другата недела да се јавам кај матичен затоа што страв ми е некако Вчера имав и некои болки на лева страна од стомакот Не водам воопшто сметка за здравјето... На темата дали имам познаено некој овде,да имам Една членка,се дружевме во основно училиште и повеќе од 12-13 години немаме контакт...нити ќе имаме Прва братучедка исто е членка (Со која сме блиски како сестри) а нема поима дека сум членка овде Не сакам никој да ставам во непријатна ситуација ако дадам до знаење дека знам која е,со тоа и што пишува И така,ми се грицка нешто а не знам што Ми се јаде и нешто тортесто.... @elcezelce Среќен роденден Одо ја Довиџења
ти си за ќотек, извини ама си. Како така еден месец ова да го трпиш? Па како оставаш организмот да ти се истоштува? Ти треба здравје сила и енергија за децата. Немој не си играј повраќњето е сериозна работа. Ајде добар ден од мене. Слабо темава деновиве, вчера појќе од пола ден без Фемина. Ни се наруши дружбата. Месецов почна во есенска атмосфера,денес ладно дождови... Се мислиме околу греењето,дали да продолжиме на дрва или да земаме печка на пелети. Денес денов брзо ми пројде,не стануваме веќе толку рано фаливме некој ритам навечер (или барем така е засега) па сум поодморена а со тоа и помалку нервозна и ред тие негативни работи. Пред малку ми дојдоа на гости колешките од работа и ме изненадија со подарок,освен за бебето имаше и за големиот синко. Тој па прерадосен им се заблагодари. Малку доцнам со сезонската чистка, треба да ги средувам алиштата од големиот синко. Од маж ми со маки што го убедив да среди е решен проблем,за бебчо средено е уште од синко и моите. Единствено што ме иритира е тоа што одкако ќе исперам тешко се сушат. Додека спие малото да дочитам и допијам кафе,не ми се работи сега.
Добар ден мајки Денес нема сонце, за вчера ја промашија прогнозата, што дожд најавија ама повеќе од три капки не паднаа сабајлето, вечерта се на се пет беа, барем кај мене де. Ама денес е таман како кажаа Ладно, мрачно, тужно, ужасно.. Оф тоа е есен, само и расположението да не ни потоне у сивило Октомври! Не знам дали ми е убав месец или не, не знам што да мислам за него, имам тон убави настани, ама.. Чим има "ама" нели не е баш најубав месец Има еден "настан" што ми ја пара душава, што ме крши на парчиња и кој пат и да помислам ме фрла во очај.. Не знам како ќе го протуркам наредниот викенд, стварно не знам, се молам некоја виша сила да ми даде цврстина, храброст и ум, бидејќи јас и комплетно сум небитна и требам на "неа" а ваква никаква за нигде не сум Како ќе помине, како ќе се опорави, како ќе е повторно среќна?! Има ли нешто полошо од смртта?! По ова знам дека нема, за неа барем нема Живеам за денот кога пак ќе ја видам среќна, да, со срце скршено на милион парчиња, па лепено-недолепено, душа напола што не дава убаво да зедеш воздух, очи празни и насолзени и тело полно со лузни, ама среќна, некако среќна и успокоена! Ќе биде ли?! Дали може после се и среќен да се биде?! Не го сакам ОКТОМВРИ исто како што не го сакам и МАРТ! Ајде добар ден пак, до сега мене ми е добар, па се надевам ќе е и добра вечер. Јок не давам јас времево да ме треска од земја Посабајлечки нашетани, се истрчивме на лизгалки, па се пикнавме у Мол да зграбиме попустите, уствари да се подлажеме Па и како за 10 и нешто часот имаше доста народ, многумина стигнале да се излажат И секако, за бебе тон ситници и свашта се испазари, купив и за куп дечиња поклони за најразлични поводи. Иииии си стигнав дома и сватив дека за мене не купив пак ништо, абе не ни погледнав А сакам бели патики, знам дека мораат Адидас да бидат, па брзо и лесно ќе одберев, па и попуст ќе ме подлажеше, бебе беше умен, преумен ама ако верувате не ми ни текна Вечер сме на "закаснети" родендени, ама ЗАКАСНЕТИИИИИИИИИИ Едниот беше у април, другиот у јуни, а ние сега ќе идеме да се оддолжиме Мислам ни она забаено ама не и заборавено не ми помага и поминува Ама ветив, сега се наканивме и со се поклоните ќе идеме, торта кажав не мора На едниот шанса немаше да отидеме, у Охрид бевме, а другиот почнуваше од 20ч у игротека, а бебе мое едвај доседуваше до 19.30ч баш тој период.. И лелееееее бебе веќе не ми го прават девојче Полно тетки и еден дедо му кажаа дека бил многу посебно, убаво детенце, греел како сонце и зрачелсо среќа А знаете ли зошто стана батко, а не дада?! Епа го ишишав баш кратко Прошла недела бевме да се шишаме, пак во Мали ѕвезди, знам многу од вас се пожлија од однос, ама јас ги фалам. Еден го заигра, го зеде у скут, друг фати да го шиша, е сега рикаше де, ама шишањево нека траеше 5минути, па се заврши брзо, лесно и убаво Леле сега каков ми е, абе каков е мало момче, детенце, најубав тој Ииии уште поголем делува со новиот фриз, абе зошто не остана подолго бебе И така си се враќаме со бебе накај дома од шетање и на сред раскрсница у маало едно 12годишно комшиче оп фрц си ги смкна фармерките и си почна да моча, на 1мин до дома, абе која минута преку улица му беше куќата Што знам, зарем не е голем за ваква постапка Јас се збунив, останав затечена од глетката, не бе не му го видов куренцето од моментот Денес за ручек пица со 4ри вида сирење, како се изнатупанивме со мм оф оф оф Па и бебе јадеше и он вистина викаше оф оф оф, мњам, мњам уште да јаде толку колку што се воодушевува топ би било Вчера не тераше да седиме на под и да не гази, ова мајка е крива, го учи да ја гази по грбот, ама он помалку гази, повеќе рипа Па на сред игра за да престане да не малтретира почнав да го прашувам кај ти е косата, ушите и се со ред, па му викам ајде сега гушни ме и ме гушка, му викам ајде сега баци ме и ќе ти дадам бона и ме бацува, давам јас бони. Па мм му вика ајде сега мене баци ме и јас ќе ти дадам бони и бебе му се врти и му вика ноу ноу и покажува со прстето не ^^ова пишано пред ручек, не ни знам што све истрескав, ама не бришам, ми се здосади да правам пиши-бриши Вечер или ноќ мајки Студи, залади многу, иде права есен, а не сакам, ама никој не ме прашува. Уредно се покрив со ќебе и прекривач и као топло ми е, ама осеќам ностот ми е ладен и ме нервира Бебе спие до мене и клоца прекривките, на него ете вруќина му е уште, јас покриј, он се открива Бевме на гости, на "забаените" бдеи Ииии си поминавме супер и верувале или не ни принесоа пица Бебе првин не знаеше што да прави со толку розеви играчки, де ќе пофати една, па ај друга, проба една када за кукли да возика ама се почуди, гледа не иде и ја остави. Ама у купот играчки си откопа дури 4ри коли, па што радости мавна аииииии Откри и количка за бебе, па ја изнавозе низ цел стан и се запрепастив од моментот што зимаше и бебе, го ставаше да седи, па го врзуваше со каишите и дури тогаш почнуваше да вози Колку снимаат и применуваат! Па имаше и куп лудувања, беснеења, криени и брканици, па тетка му ги принесе и омилените бомбони и на среќата и немаше крај. Па уште кога и на идење му даде цела кутија за дома, се подмоча од радост Мислам утре да го прашам дали сака да иде кај тетка одма ќе рече да, иако да за ништо не вика Касно е, многу сакав да пишам, ама ми дојде дремка, а и утре е долг ден со набиена агенда. Сигурно веќе убаво наните, па само продолжете