Добро утро од северниот пол! Незнам дали сум јас толку зимурлива или пак вистина е ладно.Со маж тоа ни е вечна расправија.Аман што си го пуштила толку време парното па не е толку ладно.Абе чим го изгаснам во секунда смрзнувам.Па уште ме убедува да не сум закопчувала јакната на детето не било ладно.Како не бе Во последно време големи нешто ми ескивира со одењето во градинка,ама нема попуштање ќе оди и точка.Да знам дека таму не му е убаво ок,ама вака ноу ноу.За две недели си научил песничка,па сега по цел ден имаш дома Сапунче,сапунче,бели пени прави,и на рипит. Почнал и он да си бира облека,а тоа што не му се допаѓа на бато било да сум му облекла на него Среќа бато уште е мал па нема право да се буни Вчера бевме патики да купуваме.Добро бе само моиве деца ли се ваквиииии Сакам ручек,сакам да седнам на колата во спорт м,несакам ова,ајде одиме чао.И уствари цело време се концентрираме на него да не бутне нешто да не се загуби и ништо од патиките не видовме. Ништо не ми фати око,или нема избор или јас сум терсене и цепидлака.Денес пак ќе одиме.Од самата помисла нозете назад ми се враќаат. Нешто ми се увртело во главата да менувам боја на коса ама не сум на чисто дали црна или црвена.До сега не сум фарбана па ми фуфка да ставам фарба.И секој ден замарам со тој колор шампон.Абе денес ќе го купам па што сака нека биде. Незнам дали имам кажано ама до негови 3 години никогаш несакал да си го каже името.И дојдовме до заклучок дека не му се свиѓа Ама јас му го дадов и има да си го носи,бар до 18 год.Еве сега откако оди во градинка и име кажува и презиме и каде живее и колку год има.И цела фамилија со име презиме,па дури и имиња на комшии кажува. Учи го ти 3 год таму за две недели друго дете. Мали спие ама како со боцки на креветот,милион пати стана и го презаспивав.Ручек има од вчера денес ќе се одмара по дома Колку се може Одам да правам нарачки за б деј на бебе
Здраво мајки! Тмурен ден. Утрински обврски, доручеци,пелени домашни, па заспа госпоѓицата, ајде рековда мавнам еден туш. Па и коса се злетав да мијам. Навикната нон стоп да има топла вода од соларното, ич не размислив дека вчера не излезе сонце, а јас не го укчичив на струја. Па кога ме мавна студена вода, охохо и те како ме разбуди. Набрзина се измив, важно се освежив. Не дека ми е прв пат со ладна вода.Јас нњ можам да не се истуширам наутро и навечер. Ммм ми вели го молоса вцто..Знам луѓе што се капат само во недела. Како можат незз. Стари ама сепак. Сега си сматкав едно ајс кафе, кад је бал нек је маскембал. И мандарина. Комбинација лудило. Штом се купиле мандарини за мене е зима. Дома студи, панел.пуштаме ама не бива више само во една соба. Па денес ќе се тупниме кај мајка маж да среди печката и да запали оган. Вечер на топличко. Големи еве го шмрка со носот. На школо сите кашлале.Не му давам.ништо засега освен спреј за нос. Нека се јачат. Малата и таа крчи ноќе исе затнува а дење не и е. Не и тече, ни кива, ништо. Само и се затнува ноќе. Може дека не спие на петница незнам. Мали и тој шмрчка. А кај нема кога пред пет дена бевме со кратки, вчера палта баравме. Им зедов бекутан тие кесичките за имунитет, б комплекс, вит ц и.планирам да направам едни домашни бомбони за грло, као септолете. Се надевам нема да кашлаат како минатата зима. Како тогаш никогаш не кашлале, а друго ништо немаа. Од убавиот воздух нели. Тоа е мајки, денес решив да одмарам, една недела само готвам по три оброка, ужинки. Да стане малава и одам во зегин нека јаде купечка каша што ќе и биде за еден ден. Оттука кај мајка на ајвар и ќе помине ден. Треба да поучам математика со големиов, тест во најава. Како гледам колку застарени методи имаат, така ми иде да одам волонтер да бидам во некое школо. Ај може ќе излезат и моите идеи на виделина еден ден. Убав ден мајки!Уживајтр во есенскиве бои
Добар ден. Стуткана сум во кебе од 3 краеви, никако да се стоплам. Стомачен вирус ме фати Тоа толку било лошо, душата ми излезе. Маж да не остане покусо и него го фати, сега сме како две зомбиња низ куќи, чекаме ред за во купатило и едвај се макнеме од кревет до кревет Дете во градинка. Не знам како сум го спремила сабајле, а за мене подобро да не зборувам, гледав само да не остане дома со нас, се надевам ќе го одмине барем него. Викендот бевме до икеа. Си купив тепих, постелнина и некои ситни работи за дома. На такви места ми е најубаво сама да сум, пушти ме и ќе се релаксирам Може и викендот да настинав. Времето подлажува, де сонце, де ветер и еве ти го исходот. Вечер треба и на состанок да се оди. Со администраторот на зградата ќе се дискутира околу трошоците во текот на годината. Маж на работа, пак јас ќе се нервирам
Добар ден мајки Да частам. Мајка дооби Германска виза. НА 61г, добра е, напорите конечно вродија плод. Рекоа оваа на 1г, после на 2 па на 5 и на крај здравје на неопределено. МАж не смее да вози еден месец, казна за брзо возење, па свекрва ме развозуваше. Уз пат, кога сме веќе во големиот град, ни предложи и до трговскиот. И така, јас, мајка, свекрва и најмалата мома одлично се забавувавме во трговски. Ги подновив момите со нешто, нови чизми за мајка, со свекрва во професионален дуќан за нега/фарби за коса. Малку совети ни дадоа, нешто се подновивме. Другата недела да ја фарбам а и јас треба веќе пак да се шатирам па после тоа да почнам со еден сивкас кондизионер(поим немам така ли беше имево). Мајка препекна расол да ставаме. Каква куќа било ова без зелка. Бидејќи маж не смее да вози свекрва ги носи зема децата од градинка, па после ќе одам со нејзе до градинката и едно буренце да купам. Сарма ќе се јаде. Друго ново, многу, нема кај мене. Буткаме Убав ден на сите
@danichap Мило ми е за мамичка,се познава колку си среќна,тука ќе ти биде за помош,друштво И јАс кај мама на кафе,малата игра со внучка. Колку сум среќна што ми се тука,без нив не би можела. Во овој суров свет тие ми се СЕ. Убав ден мајки
^^јас денес лута на мајка Уствари сега и се скарав, сабајле и бев благодарна Криво ми е, ич не сакам да ја "пеам" ама у право сум Добар ден мајки Денес кај мене "посебен" ден, од посебноста може солзи и морници да ти дојдат, ама ипак е таков! Си го извадив првиот заб Баш ноќва бебе реши да ме ремети, па од 3-6.30ч бев будна Се трти, се врти, ај као ќе цица, ај сака да го нишкам, за да кај 5ч реши да се испрчи на кревет и да ми покаже со прстот дека сака да искочи од собата А јас жалче, кај ми се спиеше, таму и забов си типка, некоја глупа и тапа болка и не и не престанува + прегладнета од што не можам да јадам Едвај чекав да дојде 8ч и да станам. Бебе у сон го облеков, полупоспан го натоварив у кола, ја собравме мајка уз пат и на забар! Ниту можев да мислам дали и како мајка ќе се снајде со бебе бидејќи он нели е обострана лепенка за мене, сакав само забот да ми го извадат И таква уфурана отидов, седнав на столчето, ми се погоди и една млада, убава докторка, па ај си викам фино ќе завршиме. Боцка анестезија, за кратко проверува вика добро е, почнувам, она почнува јас се укочувам, ја бутам, кревам раце и викам боли, чувствувам. Ај почека уште 2минути, пак почнува, пак и викам чувствувам ме боли. Она упорна и јас се срушив, почнав да плачам од што ме болеше Колегата и вика, а да и ставиш уште анестезија, па некако се согласи кога ми ги виде солзите. Стави, почекавме, проба пак и поиздржливо беше, уствари издржливо, за кратко го извади смрдливиот заб Не ми поверува дека навистина ме боли, мислеше дека сум свилена Цела потресена си ускочив од таму Бебе и мајка си поминале ваљда супер, мајка гордо парадираше со количката, па од возбуда искоментира дека супер изгледам а бебе грицкаше бисквита и си разгледуваше наоколу По пат накај дома влеговме у едно Локо кроко, влеговме за една ствар, а искочивме со друга. Бебе има количка за пазарење Неделата бевме со моите на повојница, па поголемото дете имаше таква количка и мојов беше воодушевен. Уствари бебе мое се што е на влечење и буткање сака Епа како убав тој на баба да нема и тоа! И му купи! А после мене ќе ми држи предавања како на секое сум му купувала играчки. Аха и од маркет претходно количе му купи, па јас го бирав и откако бебе го отвори мана најде многу било мало Стигнавме дома, мина анестезијата и забов Само што успав бебе, се напив Бруфен и некако сум задремала и ме буди телефонов, мајка ме бара. И што е, одма да и се јавам на една нејзина пријателка, ме чекала, да и објаснам како сум давала Малтофер на бебе мое, од Педијатрија им го дале, ама не знам ти што, внучето нејзино има мака.. Се извлеков од постела, вртам, едвај зборам од болка и кога пријателкава ми вика, јас сега надвор сум, другото внуче го зимам од школо, третото треба од градинка, па за брзо ќе ти се јавам, па ќе ти дадам број од снаата, да не играме расипан телефон Еве 2.5ч поминаа уште не се јави, само што јас без сон останав чекајќи ја да се јави! Итново само на мајка итно! Разбирам сакаш да помогнеш, ама што ме мешаш, ако и веќе ме мешаш, прашај прво, па и јас поголем доктор од тие од Педијатрија ли ќе се правам.. Па кога и се јавив, па кога реков пеам ли пеам, а забов боли и си боли Па ми вика ама за бебе се работи, јас мислев ќе сакаш да помогнеш?? ?? А?! Кој па го оспори тоа Леле ме мрзи да објаснувам повеќе, најтрагично беше што рече заборавила дека заб сум вадела и имала болка, па изгледа заборави дека чекав да си отиде, бебе да успијам, па и јас да пробам да спијам Плус вечер сме на роденден, кај моја добра пријателка, па на ќеркичката. Како да отидам еве не знам.. За нигде сум! Прегладнета, ниту можам да јадам! Ниту ручек имам, им нарачав да јадат пастрмајлии на големо, мало дете Како би се легнала, ама бебе сака да си играме.. Ништо не кажав, освен што си покукав, ама може ќе ми олесни. Му раскажав и на мм се, ама он одма побрза да ми каже колку се преморил, искилавил и е уморен И така, се надевам вие ќе ме разберете подобро Убав ден, утре ќе пишам нешто поинтересно
Ај добро утро! Едвај гледам, на секој преод на една во друга сезона ми е вака. Ми се спие ми се плаче. А дете станало едно мазиче, едно лигавешче што вика он, лигавешче сум. Спијам на големиот кревет, не на малиот. На ум сум сега од К15 да му ја почнеме детската, имаме кревет, да купиме душек, за почеток, после ќе му ја мислиме. Јас сакав додуша друго креветче, помало, за уште малку во соба со нас да седи, ама изгледа тешко таа работа ќе биде, маж е од оние што не му се купува нешто што веќе го имаме, а тоа што го имаме додуша е прастаро ама не, нема мењање, тетовче. Денес е денот Г, да закажам на гинеколог, не сум била рамно 3г, срамота. Докторот ми е на 1 чекор од канцеларија, многу далеку, ама немукает, финансии и тоа е. Викендашки ќе одиме на планина, ќе собираме костени и ореви, ќе одмориме малце. Планирам да симнам некоја книга, одамна не сум читала, да прочитам нешто лајт дури дете си игра и спие, баба реши дека ќе одела она по костени со тате јас да чувам дете. Е ако де. Ќе наминеме и по јаболчиња кај дедото, ќе си дојдеме со полна кола есенски убавини. Само заради плодовите на есента ја сакам, иначе дождови, суви лисја, ладно време ми е бррррр.... Никако! Мислев да пишувам, ама некако изгубив инспирација, не знам што да пишам. Сакам да се пофалам ама од друга страна знам дека сол на рана некому ќе ставам со моите муабети, поарно не. Имајте убав ден!
Добро утро и од мене! Демек од премалку спиење навечер одлучив денес да се излежаваме со Малишан со цицките на мегдан. Еве го тој си заспа пак... А мене кога ќе светне ден едноставно сон не ме фаќа. Таква сум била секогаш. И ко дете не спиев попладне. Ама затоа навечер накај 8-9 почнувам да колабирам. Заспивам во седечка состојба. Се губам. Едноставно премалку спијам со интензивново доење а преку ден не знам да надокнадам. Ајде. Ќе помине. Никој не умрел од што бил буден. Или не.. )) Две работи морам да ги пишам што немаат никаква врска со ништо. Едната е дека забележувам колку мојот аутокорект си игра со постовите. А другата е што забележав дека саатот на Фемина не е точен. Мислење во 03.00 часот е всушност напишано во 04.00.. не дека е важно, ама ете. Да пишам. Глупости. OCD на мегдан. Туку... Беља. Имам воспаление на бартолиновата жлезда. Уште нема инфекција ама има оток. Најубаво е да се јавам на гинеколог.. ама некако не ми се оди. Иако знам дека морам. Да не знае некој чаре за ова? Сѐ некои чудесии ме маваат. Ама изгледа тоа е после породување. Сѐ е дефект. ) Со Малишан сме супер, немам коментар за бебето. Многу е фин. White noise одлично функционира, и тоа не му пуштам намерно.. случајно влегувам со него до вц, дува вентилаторот.. тој се смирува. Фен, машина.. и класична музика. Сѐ функционира. Иако цицка има секогаш приоритет. Мачорка ко бебе беше многу по challenging. Рикаше нон стоп, јас бев секогаш под стрес од нејзиното плачење, се препотував, така напната. Со Малишан вчера меѓу два подои тој си отспа, јас си усисав куќа и се избањав... Перница за доење, на маса јадење, ТВ и филмови.. уживаме во секојдневие. Се молам само веќе да тргне работата со килажата, затоа што ме истоштува ситуацијата. А го гледам вака, супер е. Вчера се будеше сам за цицање околу 20 минути пред моите аларми. Не знам веќе што да мислам. Стигнав и до крајните причини за некревање на килажа - автоимуни заболувања, срцеви маани... Утре сме на педијатар.. па ќе видиме што ќе каже. Имаме термин и на кардиолог за 12 дена, превентивен преглед заради шум на срце што го забележаа во болница. Ама неонатологот направи ехо и рече дека е невин шум. И Мачорка е родена со невин шум на срцето. Ама сепак превентивно сме и на кардиолог. Не знам. На моменти се нервирам премногу, на моменти си викам доста нервози, не си помагам така. Многу гушкање и често доење, и ќе тргне. Мора да тргне. Мачорка е супер. Деновиве зафатена со танц и музичко, зема жолт појас карате додека бев јас во болница, ама ја гледам и покрај занимации сака да е со нас дома. Па ќе балансирам некако со градинка, а кога ќе е маж на породилно ќе ја оставаме и неа дома со нас.. Тоа е тоа. Одам да се пумпам сега... До следното пишување останете поздравени!
Ако денот по утрото се познава тогаш убав ќе биде.... Прво да се пофалам конечно најдовме патики.Влезе дете во дуќан и несака да ги проба патиките.Викам ајде овие ако не ги сакаш избери ти кои.Ама не он ниедни несакал.Решивме ги земаме па точни неточни ќе ги враќаме.Среќа дома ги засака и ги облече. Одвај дочекав утро и дете да презаспие.Одма во вц и колор шампонот.Вецето беше како хорор филм мислиш или убив човек или се искасапив.И само молев Господ дете да не стане на пола останав со бојата на глава.Ама марфи,стана порано од очекуваното.Му наредив играчки го оставив во дневна и почнав да мијам косата.Слушам плаче минута две,одам да го земам нема чаре со мене во вц нека седи.Одам по него гледам искачило 3 скали стои на 4 тата.Крвта ми се заледи,срцето ми застана.Дете од 9 ипол месеци.Си го земав се средив измив некако косата.Не се познава бојата премногу ама има промена и баш ми прави кејф. Големиот па со песна отиде денес во градинка,дека имал нови патики.Трчкаше накај кола.Ми врти маж и вика ни чао му кажал ниту ја чекал воспитувачката да го земе,сам си влегол во занимална.Јас пресреќна. Маж сака денес да одиме на свирка ама некако заборава дека бебе цица цела ноќ,и такви екскурзии не би да правам,не сум спремна.А и татко ми дома сам со две мали деца не ми се остава.Едно да стане,станало и другото.Ноќниот живот ќе си почека изгледа бар уште едно 2 години. Мали спие а јас да искористам мир и тишина.Па и едно кафе да се испие раат.
Добар ден од мене! Почната е грејна сезона кај нас,само наутро и попладне...Денот скратен,и есента се осека.. Испланиран продужениов викенд,може повеќе во пат ке пројде него на местово,ама ако и тоа е дел од одморот зар не Малце се нервирам што заспивам со дете дур го успивам,значи кај 21,па терам без проблем до сабајле...Ми фали она me-time....Почнав дури и од дома да работам проект,ама сега со уморов незнам као ке го туркам...викендашки изгледа.. Дете ми е на моменти прав toddler-се тегне,плаче за глупости од типот зашто му ја пресеков палачинката и сега не е цела?! Па ќе легне на плочки кенка ,со солзи со све...Уфф тогаш игнорирам или ако имам нерви клекнувам и го мазам и гушкам.Многу голема маза е.
ме пресмеа ти го молосуваш ти го чистиш што има тој да се буни добро ве најдов и јас сум влезена во клубов. Повеќе од 3 месеци не сум чоечки заспана наспана... Прво што од жешкото во 9ти месец второ од бебево од ко се породив. Да се навикнам малку тешко ама се снаоѓам,е сега здравје за 10 Тина години ќе можам да легнам и да се наспијам. Ама од друга страна јасно треба да ни е дека ако не сме одморени организмот дур издржува ќе е ок ама ќе се истошти. Добровечер од мене. Денес цел ден шашаво цркнав ако верувате. Вчера поминавме некако бебчо лаком му дадов еднаш наместо оброк чајче од анасон и што убаво си заспа за мерак. Е проблем е ко ќе стане навечер за цицање. Еднаш станува на 3ипол - 4 сати после на 2ипол - 3 после второто станување е хоророт. На сат сатипол ме буди да го кренам да се истегне да дождригне се тегне како нешто да го мачи,ко некој стар човек пушта звуци а јас цркната.... Е така беше ноќеска. Денес .... Леле мајко! Да дреме а да не заспие со маки да легне да цица а да не се нацица убаво гладно е а не е.... враце цел ден .... Прегорев готово. Од друга страна па ќути амам па со лесно поминав барем не плачеше не вриштеше,дали се работи за некој Скок или таков е денов не знам. А се надевам барем малку да замижам вечерва. Па на сета мака денес климата ни ја местеа па мм на работа тоа време јас со бебе каде .... Синко на школо да се однесе да се земе..... само дишев длабоко да не ми пукне душата да експлодирам од нервоза. Среќа големото помирно денес инаку бесен е немирен што да ви кажувам. Пред малку си напишавме домашна сега е на компјутер бебчо ми е во скут спие страв ми е да го легнам да не се разбуди. А за спиење умирам. Можам вака да си заспијам полулегната. Па што убаво топлела климава....
Добар ден мамаситас! Време е за попозитивен пост. Е вака да си се пофалам успеав да средам нокти, да се издепилирам и почнав со работа 2 пати неделно. Предавам странски јазик. Работата ми е лесна, интересна, времето ми поминува многу брзо што се чудам кога поминал часот. Се надевам и на учениците им е така. Ах колку ми фалеше оваа социјализација. Искрена да бидам почнаа и алиштата од пред да останам бремена да ме собираат, па така да гардероба за докупување многу и не ми треба. Со оглед на тоа што до ноември ми трае породилното, мораше да се бара некое чаре. Друго за фалење е што мм ме изненади со авионски карти за Виена. Сами без деца! Искрена да бидам, можеби и себично звучам но едвај чекам, а истовремено чувствувам и страв како ќе се снајдат со нив. Ќе одиме за НГ, но ќе ги фатиме и божиќните попусти. Да си дојди свекрвица од кај ќерка и планирам да се запишам во теретана, наутро по 1ч. Деца сеуште не вакцинирани, беа со настинка, така да не знам кога ќе се почне со градинка. Планирам маж да ги носи бидејќи по него нема плачки, но не знам сам со двете дали он ќе успее. Да се пофалам долните двојки конечно пробиваат и кај двајцата на неполни 14 месеци. А на ќерка прво запче и беше горна двојка. И тројките кај да се почнуваат, има пишѕење навечер во сон и нервозни испади. Инаку мн ми се гушкалчина децава, ми се фрлаат и гушкаат. Ги обожавм
Добар ден, пак јас . Како сте денес? Времево топ денес, јас се залетав со маливе демек на нишалка, големи на школо. Абре кога рече малиов нејќам, да рика да плаче. Среќа мм уште не растовараше, па го стави во кола и кај моите го остави(тоа најблиску беше).Јас завртев со малата еден круг со количка, така убаво ми дојде,сама без никој да вреска. Таа да не е за подрек 24чса да ја возиш нема гајле. Туку, сакав да ве прашам нешто. Вчера малово се запна да дојдат баба и дедо (свеки и свекор)и ај дојдоа. Ама уморни биле таа си седна пред тв, тој со големиов кога дојде од школо седи до него и гледа што.игра на тел. Му збори као демек знае што игра. И малиов виде него никој не го ферма и почна да изведува да беснее да се качува на брат му. Јес да си го бараше го потплесна големиов и свеки одма малово по раче го удри, да не го тепал брат му. А да напоменам дека големиов кога беше мал нив ги маваше по глава по лице, јас му се дерев го казнував ама дете бил. Па зеде му го грабна тел на брат му. Дедо му одма не може ти да гледаш и му го зеде. И упорно пред него му вели на големиов тебе дедо најмногу те сака. Ако му даде некогаш 50 100ден за на школо само нему, на малово ништо. Ај свекрва ми колку толку го игра,ќе го нарани ако и го оставам и не и се лутам ако го искара. Ама дедово. Некни кај нив бевме цел ден големиов си беше на школо и упорно.само забегуваше негде човеков. Јас со малата, бабава на шпорет ручек ставен и овој и се беси бабо да играме а дедо му нигде. Имам впечаток дека не го сака, незнам.После денот кај нив са мо ми вели да одиме кај дедо (ама татко ми). И од вчера е мн вознемирен. Мислам си сфаќа дека тој ги бараше дедо и баба а доби карање. Како би реагирале вие? Мене душата ме боли за него, зашто е средно дете, мало е уште нема ни три години а, јас со бебе сум. Не им е прв пат така со него да се понашаат, некогаш ми иде ич ни едно дете да не им дадам да видат штом само прво внуче сакале.
Добар ден друштво Викенд, а? Штом темата преминала на втората страна до тоа ќе да е Па и продолжен е, абе мераци. Којзнае на какви места го издувувате вентилот. Ако, и јас ќе си замислувам дека некаде дишам чист воздух, а тоа што маглата ми виси нон стоп на глава ќе се правам како да не ја гледам. Ама буквално виси, од толку влажност косата за 5мин. се кдри Однесов дете во градинка. Оваа недела јас го носам, татко му го зема, вака е најсреќен Воспитувачката ми кажа дека вчера пееле песна, тој и некое друго дете се исплашиле од текстот на песната Таков е и дома, плашлив. Не гледа такви цртани, ниту пак сака да оди сам од соба до соба во темно. Зборувам, зборувам ама џабе, се надевам растејќи ќе го надмине стравот. Синоќа гледав филм до 3 ч. филмот ми е гледан ама пустото вљубена сум во приказната Ва ви кажам, не знам до што е, дали до хормонските апчиња што ги земав овој месец, или дека овие денови треба да ми дојде, луѓе почнав да плачам и на реклами Посебно кога станува збор за родител-дете, не можам да се воздржам. Одсекогаш сум била емотивна личност, оваа сега е претерано. Песните исто, сите ме допираат. Не плачам само додека кажуваат колку е саатот измеѓу песните, ама пак ме нервираат што прекинуваат Бев до билна аптека, си земав чај, ама не за смирување За опстипација, за оддувување на стомакот итн. и многу убав на вкус, за ефектот рано е. Доаѓаше и комшиката со мене (италијанка бабичка) да си пазари од таму разни треви, чаеви, сапуни, и направив услуга да не оди пеш Ви имам спомнато дека истата таа жена ми подари брендирана торба за патување? Маж се зафркава, ни Боки 13 не ми бил рамен Јас пустата кај ќе одам со ваква торба, за таа треба да си елита, јас сум далеку од тоа Ќе ја подарам на снаата Жени простете, претерав знам. Ако ви се чита арно ако не, пак арно.
Zdravo zenski najubavi Cerki spijat Denes golemata ja zemav vo 13:00cas,preradosna bese pravec vo park 3sati se igravme site 3malata ne zastanuva od se saka da prova sedni stani Dojdovme doma jadoa i sega spijat Preumorna sumova balkonov istorija, demek za pomalce pari pa tatkomu i cickomu ke go pravat toa ispadna istorija, sekoj den po malce rabota a jas spremanje jadejne pa i doma se e naopaku Vecer ke spremam del za rucekot a utre ke dovrsam, ke dojdat i decata i zenata na cicko na mm pa i od kaj mm ke se soberatbalkon ipol ke bide Svekrva aj sto ne mi pomaga tuku zboruva zborovi koi ne gi zborime doma, losa, budala i sl.... Pa ja nervira golematada ne trupam ke me prefrlat vo svekrveni problemi Ne pijam alcohol ama si napraviv edno meze so eden silen sok i eve uzivam malce vo tisinava dodeka ne riknale momite Vcera go pominav denot vo cistejne kako i sekoj dena pa koga si legnav cela leva strana mi bolise raka i noga ete slavam so mezevo oti sum ziva Toa majki Imajte ubav vikend majki
@Monella голем поздрав до тебе. Јас со задоволство те читам Ех да бевме блиску па и кафе да се напиеме чат пат оти дивурии и двете навикнати сами ко те читам ко мене да се читам буквално. Си имам и јас бабичка под мене што од сем почеток се покажа премногу прекрасна фала и овде и комшиите ни се супер, трчи вчера човек да помогне у лифт да качиме стварите фала им претходно ужасни беа, освен едни што останавме пријатели па ке ги чекам и на гости периодот плус маж научи италјански па сеа повеќе ќе дружиме Денес перфектно се разбрал на еден разговор од фирма и му кажале дека им се допага со говорот од сабајле сум со триста гости ејј не можам да си поверувам колку само е милион пати поубаво и пре најпрекрасно во новиот стан. Преживеавме бура од 2 недели, неизвесности и чуда, за рок од 5 часа успеавме да се преселиме и да тргнеме ноќта за мк, среќа се се заврши добро.. долга приказна.. Сакав да пишувам многу ама ќе пишам кога ќе се средам со станов Дојдов да ве поздравам сите.
Девојки на две свадби сум,едната Ск.не ми е проблем,но другата е Охрид во ноември и малото ќе ми има 3 месеци....Можам ли да се организирам и да појдам...Има некој искуство вакво и како поминал.
јас со бебе од 6 месеци сум била на свадба и терсене е. Добровечер од мене. Сакам е да е добра. Под стрес сум на штрек сум ама со бебе така е, нормално било бевме денес семејно на гости во друг град,супер си поминавме и бебе исто немавме мака ама маката од ко дојдовме почна. Јадено пиено спиено цицано стокмено и ко му ја рикна.... Еве 3ипол сати ја трње сум. Да можеше да зборне да каже што му е... Среќа па заспа,одспа некое време се подразбуди возмемирено па го зедов на града,поцица инпризаспа но некако ми се штрекнува изгледа како уплашено од нешто нема мирен сон.. а синко голем и тој заспа до мене. Седам и плачам, се чуствувам неспособна и ужасна мајка. Големиот син ми е да не речам во целост запоставен иако е со мене и доста долго во денот разговараме но има моменти кога го карам,кога знам да му се развикам и после се извинувам и му кажувам ако може да ми прости оти тешко ми е сакам да сум добра мајка за него но и дека некогаш знае да претера а јас брзо ќе се изнервирам и ќе го искарам. Му кажувам и дека треба да соработуваме да се договараме и колку може да ме слуша и да ми помага зашто веќе е голем. Ми вика не си ти лоша мајка само знам тешко ти е и со мене и со бебето и ајде не се расплачи да те видам. Среќна сум што сум успеала да го научам на разбирање ама не сум среќна што се доведувам до ситуација да му згрешам и да барам извинување од него. Многу сум станала чуствителна,дали со текот на годините дали дека со две деца... Ич не сакам да им згрешам на децата и многу ми е тешко кога ќе им погрешам. Денес сум вознемирена и за бебето. Си викам што ли со него згрешив каква мајка сум што бебе ми вришти што не умеам да го смирам што не ни знам што му е. Ми се плаче. Многу.
Вчера бев на свадба и имаше бебче од 4м, ама многу плачеше, таман се успа од музиката пак се штрекна. Мене ми беше жал што го гледам, но секој си знае за себе. Јас не би однела.
Јас имав страшно искуство. Беба 5месеци,старосвати бевме,ај демек мора и сакав да сме таму. Денски супер минавме.Си заспа во 20ч.во количка.Во 20.30се разбуди со хистерично плачење кое траеше 3часа додека не се исцрпи целосно и заспа. Никогаш веќе на вечерна свадба.