Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @Martka и јас би рекла не. Свадба според мене е само траума за бебе, особено и толку мало. Колку и да ми се блиски, детето не би го изложувала на стресови, него местото му е дома, да си нана на мир :) Бебка моја е годинка и 9 месеци и никогаш ја немаме носено на свадба, а искрено не ни планирам во скоро време. Ќе дојде време и за нив кога ќе одат :)
    Секако, ова е мое мислење :)
     
    На karibian, Coco31, 24.07 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.226
    Пол:
    Женски
    Ја однесија внука ми на свадба на 5 месеци, блиска им беше, немаше кој да ја чува. И да ти кажам многу убаво поминаа со неа, иако претходно се плашеа. Ниту музиката и сметаше, ниту гужвата.
    За време на вечерата нели нема музика, па таа се уклучила и на цел глас пеела ааааа, еееее, хихухи добила сила:D :o
     
    На Coco31, 24.07, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    24.065
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам толку мали бебиња по свадби, искрено жал ми е што ги малтретираат. Јас кога си одам од свадба после тоа два дена ушите ми зујат од гласната музика, а не пак бебе да носам таму. Колку и да ми се блиски сметам дека нема потреба да се носи бебе во таква атмосфера. Моето е 10м и досега не ми е носено, а еден куп блиски свадби поминаа. Дома го оставав со баба му да го чува и се враќав 1-2 пати за доење кога требаше.
     
    На Mari*, Milaаа991, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    @Martka најдобра ти е опцијата да си зедеш баба со тебе, ако доиш ќе претрчуваш на 2ч, ако не се дури можат да се чуваат супер.

    Јас носев 1.5г бебе/дете на свадба, да не беше на сестра ми немаше ни да го однесам, со еден збор беше НЕВОЗМОЖЕН!
    Ниту свадба видов, ниту невеста гушнав, де се тегневме, влечевме, раце ми паднаа од што го држав, у никој нејќеше да седи, ми се обеси за врат, мама та мама. Сега прв братучед ќе прави свадба, бебе ми е 2г и нема шанси да го носам, најверојатно нема ниту јас да идам, нема кој да го чува..

    Е сега твоево е ептен мало..
    Имаше кај сестра ми уште 3мали бебиња, двете по 4ри месеци и едното 14м. Тоа од 14м се изнасмеа, до 12ч си беше фит, едното бебе се изнаспа, кога беше будно си цицаше и го шетаа у количка. Ама другото зајде од плачење, а свадба не беше ни почната, дали 1ч седеа на свадба, имаше и баба у хотел, ама бебе толку се вознемири од гужва што не успеала да го смири. .
    Значи како ќе ти се падне, изборот е твој, но мој став е дека нема што да прави бебе на свадба.



    Добар ден мајки.

    Денес не ми е ден, ниту празник ме интересира, ниту делник, ниту ми е гајле што е продолжен викенд, ама баш ништо не ми значи..
    Тажна сум, лута, бесна, да би променило нешто цел ден би плачела, би викала, би урлала, ама поради тоа што не можам само ќе подголтнам и ќе кажам НЕ Е ФЕР!

    365дена си повторувам "КАКО МОЖЕШЕ?!".
     
    На Mari*, Milaаа991, Chanell* и 20 други им се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Ако имаш каде да го оставиш и.да земеш некоја баба да го чува каj некои роднини на пример.Јас однесов на 5месеца искрено не знам со кој памет. Дека во друг град и дека доев, кога рече пиштиии. Среќа имаше ресторанот соба па таму преседов цела свадба. Уште еднаш не би. Пре и јас дома ќе седам.
     
    На srekice, 24.07, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Фала Ви мили на споделеното искуство,многу е ризик,а и беба ми е со дохрана и го дојам(ама не ми стига-бара репете на пола саат)така да моите ако можат нека појдат,а јас во наредна прилика.Башка и ноември по патиштава,знае и да заврне и да застуди,а не е ни блискку така да ќе вртиме орце дома:dance:(poolparty)Ве:hug:
     
    На Coco31, 24.07, supergirlmb и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Јас ја носев малата на неполни 4 месеца на свадба кај брат ми. Пола свадба ја преспа, цицаше, поигравме оро да ја има на слика дека била на свадба, свекрва ми ја шеташе еден саат и накај 11 ја однесоа дома да си легне. Ја земав бидејќи буквално сите ми беа на таа свадба, и ептен блиска свадба, иначе не би ја носела. Веќе имав искуство да ја оставам подолго време претходно, пиеше молзено млеко од шише без проблем, и лесно се успиваше со баба и.
    Така да би ти рекла ти си знаеш какво бебе имаш. Ако е мирно, само понастрана од звучниците и нема гајле, ако е плачливо и кенкаво ич не се мачи. Само ќе се измалтретирате двајцата. Ако бебе си седи дома со некого, и ти убаво ќе си поминеш на свадба и тоа ќе си помине подобро дома отколку во гужва. Особено ако може да си пие млеко од шише, и можат да го чуваат без тебе и да не направи проблем.
     
    На Coco31, elcezelce, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Емка пошто ние немаме кои да ни ги чува,има ли девојчиња кои би се нафатиле да ги почуваат барем 4 часа или малку потешко и неизводливо.
     
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво.:hai:

    Ве читам на темава мноогу долго време,некои од вас и доста блиски ве чувствувам од толку постови што ви имам прочитано.
    Сега како тазе мајка еве ме:$
    Се надевам ќе бидам активна на темава со мал и захтевен синко,ама ќе се дружиме:)
    Ако ме примате секако:smirk:
     
    На Mari*, azelea, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Здраво девојчиња :hai: Не сум пишувала до сега во темава ама дојде и тој ден :) Гледам овде си пишувате за се и сешто, па да ви се придружам, и така тепам време со телефонот во рака дур дојам. Ова очигледно меѓу другото е и тема за жалби и поплаки, па ајде и јас да не останам покуса :D

    Немам некои страшни хормонски испади откако се породив ама знаат на моменти да ме погодат некои глупави коментари. Како на пример, доаѓа вчера свекрва ми и онака уз муабет, непрашана, ни вика мене и на мм, Јас сега да треба да раѓам, само царски би раѓала. Позната е инаку по повторување на исти муабети по 10-20 пати, ама и минатиот пат кога беше пред 3-4 дена истото го кажа за царскиот, во стилот на Царски е гола вода, заебанција жива, не знаете вие што е природен пораѓај. И како минатиот пат, така и сега, и викам, Хоророт што го поминав јас со царски, па и со саати претходно болки трпев, не би го поминувала никогаш веќе, попрво природно би родила - таа пак, Ааа, а природно да раѓаше, тек тогаш да видиш. Божем јас од хирови царски раѓав, божем нејќев јас природно, сакав да ми расечат утроба. Ај поќутев, ама баш ме навреди и здоболе, као да сум нешто помалку мајка дека сум родила царски. Доволно четири години се осеќав помалку жена од сите благодарение на проклетата неплодност па и сега да се осеќам not good enough.

    И после пак, кажува мм се породила на другар жена исто царски вчера па као не знам како е сега, ќе треба да се опоравува, и свекрва ми пак со коментар, Е де, не е ништо страшно царски, само не треба да крева тешко :^)

    100 пати сум кажала, не е лоша жена, не ги кажува од злоба овие работи ама повредува во секој случај. Може требаше да залегнам и јас со недели после царски како други жени, да оставам да ме фати депресија, да не мрдам со мал прст, па да сфати некој дека не е заебанција, а не од прв момент да станувам, да кревам дете, да чистам дома, да перам и пеглам... Ете, си се пожалив, ми пројде редот и мене :lol:
     
    На Mari*, galapce, fairy88 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    ти дури доцниш :lol: требаше порано да се префрлиш овде.
    @EvieBabe жената мора да се најде во муабет па нема што да каже и ете прво тоа и дошло на ум. Епа требало да осети па да види како е. И мене ме иритира некој да коментира за нешто што не знае нит го почуствувал. Еве јас не знам како е да раѓаш природно,двете ми се со царски ама едно е сигурно, болките се приближни само со царски одпосле а природно пред пораѓај. Нема лесно раѓање. Колку и да рекле аф лесно поминав... Не! Нема безболно и лесно породување. И затоа не се зафаќам со таа работа.

    Ајде добровечер и од мене,по вчерашниот полу мачен ден и ноќ на штрек од страв (а не дека имаше причина) и денес попладнето ги имавме истите маки. Сигурно е некој скок (барем така се тешам) денес од два сатот цел ден го преспавме. Јас стисната во душава... Цел ден на поголемиот нешто му зборам ми вика аман не досаѓај повеќе. Да видиме каква ноќ не очекува
     
    На hello-kitty.90, Coco31, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Ако сакам и од хир ќе родам царски! Мое тело, мој избор!
     
    На mamaJana, AngelOfArh, SarChee и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe
    Кои фрикови се свекрвиве,не е можно.
    Кај мене обратно.
    Се породив природно,првите неколку денови од болница не знаев кај сум.Изморена од болки и пораѓај,конци,рана,хормони.
    Она обратен муабет "ааа,да видиш со царски како е,ќе неможеш од кревет да мрднеш ,сега треба да станеш и се сама по дома да правиш не ти треба помош":mm:
    Нит видов помош,нит ми требаше али психички не бев уште спремна за такви бзвз муабети секојдневно. Среќа па ние сме сами. Да живеевме со неа,не одговарав за последици:D
     
    На hello-kitty.90, Coco31, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Мислиш дали има ко на филмовине да ангажираш дадилка :wasntme:
    Па има агенции нели, ама како се тоа функционира немам појма, ама зарем би оставила бебе на 4ри часа на непознат 8-|

    Другарка, братучетка некоја немаш да си земеш со тебе?
    Ако стварно сакаш да идеш имај ја и таа опција, не дека свадба ќе видиш, ама ќе се појавиш, чест ќе направиш и викенд ќе истераш :D
    Иако да, ноември, ладно, дожд, баш и зезнато е, ама па што дека сестра ми правеше у јуни, се шина од врнење, ладно за со јакни да седиш (facepalm)
     
    На Mari*, slavica999, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки :)
    Ние трета смена дежурни, малиов ми заспива во 23:00h, а едвај го будам во 11 наутро. Незнам што му е во последно време:D
    Јас летоска исто бев на сто ума дали да го носам бебо на свадба а немаше кај да го оставам на чување. Решив да го земам и тоа за Дебар идевме. Верувајте цела вечер ми преспа во количка:mm: Среќа имаше и невестинска соба каде го оставав а брат ми го чуваше. При крај стана, почна да мезе со татко ми и си гледаше цртани абе бубалче беше:inlove:

    А да признаам му дадов една половина витамин Б6, дека долг и ужасен пат, може и од него беба беше мирен:)
     
    На Mari*, hello-kitty.90, Chanell* и 10 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Ви се погоди проджениов викенд па уште и времето па сите ве снема од темава :rofl: Е ама денес се облачи сите ќе се вратите тука :rofl: јас имав шашаво викенд и се осеќам уште поненаспано ако ноќеска малку повеќе спиев ама џабе е спиење на рати,и два дена да спиеме така е џабе ако не врзеш сон барем 5-6 сати.
    Јас го пијам утринското оти работата е дигни ме пао сам. Не знам дал ќе се онесвестувам или ми иде за спиење
     
    На Mari*, fairy88, emkaemka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.
    Продолжениов викенд се погоди,убаво време,беше пријатно и да се шета навечер.

    Ама со промена на температурата,тука се настинките,вирусите Дете е со растечен нос од вчера,ноќта тешко ја поминавме на секој пола сат се разбудуваше со плачење велеше мама тешко ми е.Мрсули за извоз,почнува и да кашла.Утрово не сакаше ни да јади ни да пија,со сила касна малку.


    За бебе/дере на свадба не сум,но морав сега да го носам го немам ниту еден ден оставено кај мајка ми,а плус и во друг град одевме инаку ќе го оставен и ако требапе ќе ѕвонеше жената.
    Го носевме и кога дете имаше година и пол,тогаш запна свекор ми.И знајте шо направивме дете заспа во 22 сатот и свеки цела свадба ја преседе во кола.Исто тогаш бевме во друг град.

    Зимницата е при крај пред некој ден бидна ајварчето и лутицата.На мајка и се јавив да дојди да помогни за лупење пиперки,жената донесе и појачување тетка ми.Па брзо ги сработивме.

    Во четвртокот бевме со дете излезени чаршија и многу се воодушеви од огнометот.Си заработи 3 играчи(еден митролес,два пиштоли и една кола со спајдермен) и еден балон со спајдермен.Незнам колку пушки,питоли имаме,повеќе игра со нив отколку со коли.

    Постов каша попара.
    Тука се одјавивам.
    Имајте убаво неделно попладне со вашите сакани.
     
    На Mari*, fairy88, emkaemka и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Мила баш како на филмовите,знам мало е,ама и на дохрана е...Ама и јас би го мислела цело време и нема да видам ни свадба,ни ништо.Мислам дека девојчиња се...ваљда ќе го чуваат убаво,но секакви има...пак е ризик.А за времето не можам да планирам може да е супер,а може и не.Имам многу драга братучетка на која и верувам бескрајно,ама ја скрши ногата и сега мирува,не смее да се движи така да или ќе одам јас,а мм ќе го чува,или мм ќе оди со татко ми.Друг договор нема.А и мирна глава моја.Фала ти :*
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Викендов помина со брзина на светлината ,офф како би сакала сега уште некој ден одмор ама нема ќе биде ова малку напорна недела .Денов денес не е баш нај нај дете подрипна од тротоар и некако незгодно го свиткал ноџето изгледа па плаче и вика бои ноџето .Му го масиравме малце па не се жали сега дека го боли ама некако го завлекува и подкривнува ноџето утре попладне ќе го носам кај ортопедот да го види за секој случај :( Сезоната на настинки отворена минатиот викенд дете беше со температура ,овој со страшна кашлица ,добро е денес е посмирена среќа ,оваа недела ќе одмори дете од градинка малце да закрепне па ќе се чува со баба ми .Времево убаво топло ама некако тешко на спиење тера некој глупави тапи главоболки осеќам .Ништо паметно не кажав само се испожалив .Редовно ве читам иако слабо пишувам,а и приметувам слабо активност од доста мајки кои порано пишуваа на темава недостигаат нивните постови.Тоа е немам ништо друго паметно да кажам .
    Убава вечер :)
     
    На Mari*, fairy88, emkaemka и 14 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Добро утроо!
    Пијам кафе во тишина, сите по дома спијат! Уште пола саат ќе биде вака мирно, а после почнува спремање за во градинка и на работа!
    Ми изгледа како да ќе биде убав ден, топол, дури и сонце ќе има, невообичаено за октомври! Ако, нек држи времето топло за да може комотно да си шетаме со деците!
    Викендов не отидовме никаде, уствари ние и не планираме со двете дечки одалечени дестинации, се си мислам дека напоро и напнато би било со двете , па најлесно домче си се справуваме и затоа бираме опција -дома! А дома што да ви кажувам... ту се играат двете, ту се карат за играчки..и се збрките ги прави малото кое и не знае сеуште да игра а се влечка по дадата. А дадата душа моја, попушта за се, па ќе и пукне нејзе филомот и ќе се избаци со муабет - порасни па ќе играме заедно!
    Слатки ми се ептен, ама признавам дека знаат и на глава да се качат.
    Дома нешто реновирам, нешто што остана од првото реновирање недовршено ете дури после 7 години брак му дојде ред. Оа во неред сме, почнето недовршено, чекаме мајстори да дојдат! И лудница е, знаете како ама мора да се издржи!
    Некако без концентрација сум, не можам реченица да склопам и затоа овде ќе престанам да пишам!
    поздрав... убава работна недела!
     
    На Mari*, fairy88, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.