Ај добро утро мајки убави! Продолжен викенд помина, на планина, со брдо костени, ореви, бубачки, будалаштини од дете и смешки. Со свекрва и свекор бевме, па да бидам искрена малце го причува ама со свекор сме во последно време на контра муабет, некако не се слагаме за се, а и мене живците ми се тие веќе па не преќутувам како порано. Не сум безобразна, ама не сум ни смотана како порано. Успеав да одморам... Хахахаха, како па да не, 3 дена глава не престана да ме боли, 3 дена бубрег не престана да ме боли, не спиев убаво ич, многу ме фаќа језа од бубачки, скорпии и пајаци а во село тоа богами на претек го има, башка и мечката кажаа се симнала во близина кај нас, па една баба рече дури и си седела кај нас во двор, а стварно, има како вдлабнатини низ двор куп. Абе планина, а златно рамно кај мајка, ама маж не, си сака планина, да си ака, да си собира костенчиња, оревчиња, епа така завршивме со 60 кила и више костени дома, па сеа барај им чарето. Дома е хаос, несредено, неисчистено, не стигнав ништо да направам, затоа неделава. 1 машина заврши синоќа, изгледа ја преполнив, многу бучеше, денес ќе пуштам уште 2 бар, имам доста за перење од село што донесов, дома зимски летни да сменам, да средам сакам теписи да наместам, да исчистам купатило, ако успеам денес добро ако не и утре и цела недела има да ми се расплаче мајката. Конечно купив и даска асална за пеглање па да испеглам оти ми скисна од старата, кај мала, кај нестабилна па и почна иверката да се рони. Ќе идам и у темата да се исповедам ама диетата викендов мајка и расплакав, јадев се и сешто, не качив ама она под гради ми се наду како перниче од што мешав храна, јадев бел леб и како летаргична бев дури, што ти се вика исчистен организам од токсини кога ќе го интоксицираш пак. Ако, па на пола и поише од диетата си дадов мала оддишка ама ќе се вратам пак, секако не планирам до пролет да ја прекинам освен ако не останам бремена па да немам избор. Леле и моето исто како твоето, се плаши од насилни цртани и не ги гледа, дури ми вика смени да не гледам ова и бега во друга соба, ма реклама ако види таква ја менува. Јас сум плашлива, ама он е ултимејт плашлив, а се трудам да не му наметнам страв и пред него не манифестирам, ама гени не се зафрканција, се плаши од се што мрда, сум рекла, дури и од магдоносот у супата. Сум носела дете на 1ипол година, морав немав кој да го чува, ама убаво поминавме. На 3м не сум носела и не би носела, тоа едвај знае што се случува премногу дразби ќе му бидат. Мислам дека не ти е паметно тоа. Јас искрено не би имала доверба во некој прв пат што ќе го видам да оставам 3м бебе. Мислам доста е од мене, нели?
на муабетот за плашење синоќа добив добра изјава од син ми. Почна да мириса нешто синко вика мириса на фарба на боја викам викни го татко ти нека Го исклучи кабелот и на крај се воспостави раскрстивачот се стопли. Дете се преплаши леле да луфтираме леле ќе се запалиме аа ууу... После идам јас од вц му викам што е работата вика тато ми рече дека премногу паничам и се плашам ама јас сум дете и секако дека ќе се плашам. Кога ќе пораснам нема да имам страв Добар ден од мене. убаво вчера пишав дека сите недела - понеделник ќе се вратите на темава денес супер време. Епа смешно ама есенско време сакам сонце чисто за да можам алишта да сушам. Оти преку глава ми се ако ме верувате. Посебно смена на сезона... И ене ја едвај пере со страв ја пуштам. Ајде 3ца ко бевме можеше во неделата 5 пати машина да се пушти ама сега со бебе.... се полигушило повратило... И ми се смачи. Ние само петокот супер поминавме. Бевме во друг град кај од мм фамилија да се живи после 2 месеци конечно одморив кичма раце и нозе и чоечки јадев и пиев кафе. Уште да можев да одспијам.. хоророт беше вечерта кога врисна бебе па 3 дена ми требаше да сватам што ли му се случило. Големото се изнаигра се изнавика таму со децата и вчера вечерта и вика а што утре на школо ли сум? е богами и јас да сум после продолжен викенд одкако ќе се залежам не ми се мрда од дома а камоли на работа да одам. Среќа па сум на "годишен одмор" нешто повеќе од 9 месеци. а најмногу што сакам е зимно време да не одам на работа. Секогаш зимата дома да си седам. 4 месеци. Од средина на ноември до средина на март. Доста е. ( Знам многу сум скромна ) Јас станата од 8 утронското дури сега го пијам. И тоа повеќе го лижам фимџалот одколку што пијам Али тоа е. Да спремиш дете да подмириш бебето... Мажот веќе голем е ќе се спреми сам Малку мир у кучи од едно 3 сати додека е синко на школо. Многу е жилав место не го држи не знам како на час доседува (ако доседува воопшто) дома хаос е мора да мрда и да шушти никако не ќути. Не знам бебево како успева да спие во сета галама. Загреота тоа е.
Здраво на сите, не помнам ама се мислам дека до сега само ве читав мислам дека немам пишано, па еве да ви се приклучам малку Помина викенд за паметење, за кој имаме многу планови за на крај да излезе нешто сосема трето но сеуште ме држи позитивата од него. Започна во дружба со сестра ми и со спремањето на специјалитет, смеа песни и изведувања на малата, брзо мина таа дружба за наредниот ден да се вратиме дома и да тргнеме во шопинг, кој повеќе беше шетање од едно до друго место важно знаеме што каде има бевме и си останавме такви со мм никогаш не купуваме од прва. Возбудени за следнот ден си легнавме порано и како пушка бевме будни уште во 7ч најпрво ја однесовме малата на причеста па потоа тргнавме кон најубавиот крај. Луѓе се заљубив во убавините на западна како може да е толку многу убаво, тие пејсажи долго ке ги сонувам. Би живеела таму изолирана од се, сами јас мм и бисерот наш во мала куќичка во падините на планината покрај езерото ке се вратам пак ветувам ако неможам да останам ке се враќам почесто Кратко а слатко за денес повторно да се вратиме на старите обврски. Завршиме со јадење и време е за спиење за тоа време ке зачистам по дома и ке зготвам нешто за нас, како и секој ден се едно исто во круг се врти. Убав ден на сите да го искористиме уште малку
Здраво мајки. Дете исто како вчера,само што ноќеска сврзавме 6 часа сон.,барем се наспавме како луѓе. За џабе се надевам на креветчето после неколку недели спиење во него пак се врати да си спие со нас.И наравно јас другиот ден го отштрафив креветчето и еве го во ходник стои.Чека да се качи горе на таван.Ќе биде и тоа мм уште два дена дежурен и ќе има повеќе слободно време. Дете ми вели: креветчето горе на таван,а кога ќе си купиме бебе ќе го склопиме,а сега тато ќе ми купи трамболина. Сам си кажува сака трамболина,уште таа ми фали во соба,а и не сме финансиски стабилни.Сега колку простор ми се отвори,како поголема собава ми изгледа. Туку јас на мм му велам да направиме еден шкаф со една врата,а долу да има три-четири фиоки.Оти веќе незнам кај да ставам алишта.Изгледа ќе биде до нова година од 13 тата плата. Денеска вредна бев поминав со правосмукалка,прашина избришав,купатило исчистив тенелно.Се истуширав откако дете го заспаа и седнав да земав здив. Две машини спрушив и веќе тие се суви,сега да ги соберам па да пуштам уште една со кебиња. Дете да се разбуди да ручаме и одиме на гости кај тетка ми да макниме од топлото ајварче. Имајте убав ден мамички.
Што пие кафана?! Имам една добра вест и сакам да ја споделам со вас, ама ќе причекам малку битно за кафана е. Планирајте пијачките до декември, тогаш ќе објавам
Маврово е посебна прича. За одмор релаксација се супер. Иди на планина Бистра налето ич не ќе ти се враќа дома
И јас почнав тие математики да ги правам, да рачунам недели. Добар ден мајки. Што да кажам. Вошки фативме Дете вчера се драпа глава, од нејзе и мене почна. И во саботата ја приметив, па си реков кога се мие коса шлапа еден тон шампон, не се измила убаво. Ама вчера веќе апла. Па драми аптека да најдеме. Едвај во едно село на 25 минути отворено. И така. Друго нема ништо ново. Играме, шетаме, на глава ми се качуваат...деца среќни за викенди ние капнати ама срце исполнето. Убав ден мајки
Баш и треба да бидеш. . Кога сум тука да пишам збор два. Синко спие а јас незнам што со себе, го чекам маж да дојде од посао и да одиме да пазаруваме. Сама со дете нема да можам се да се донесам. Ново нема ништо упорно барам работа исто како да не ја најдам се молам бар сега за сега . Со јазик баш не сум во добри односи па мм не ме ни убадува дека мора да работам се си вика има време ќе работиш. За малиот чекаме термин за во Градинка, минатиот петок бевме демек за педијатар да бараме кога тој на годишен одмор па маж џабе зимаше слободни саати порано излезе па ај као да не е џабе се прошетавме до големиот град. И така. Поздрав.
Јас бев таа што на три месеци ја однесе,глупача невидена. По памет на свекрва ми .Уште се напињам кога ке ми текне . Не носи мајка,нај добронамерно.Сите ке ти се доближат,да пипнат да се изначудат ко да не виделе бебе На мојана и беше нај строго забрането да го земе,а она го даде на една,и детето шеташе по маси дур не свриска да плаче.И ја низ врата дома.Така да,седи дома мајче.
Сум заборавила како изгледа комплетна селидба со се мало дете и маж на работа. Башка ствари цел еден камион. УЖАС. Се испреморив од се, среќа средив све освен двете соби што нема претежно да се користат. Едната е игрална втората со алишта куп. Другото спастрано среќа ама капнав одлепив. Сите батерии се ми на нула. Правев генералка со се ствари со се се, рибање, миење триење на се едно нешто. И ова ми е останало постот од вчера мислам, вечер со нови сили, рибав елетроника во кујна, ставив куп садови во машината. И додека јас не дирнав во двете соби т.е дирнав во игралната ама на пола е тоа пак стана за смукање, одам викендот во икеа да пазарам ќе треба и смукалка да земам со оваа живци искинав буквално. Па и толкава касарна, па и едно што мразам е плочки се е плочки!!! За чистење супер ами за седење на под како што детево седи каде без теписи!!! Туку мечтаев за станот, за вакво нешто, чекав ден ако се секавате кога ќе се иселам па еве!! Имено се селевме едно 5 6 часа па така све ба куп нокта згора и за Мк одевме 2 недели, бидна и тоа ама нередот дома што рипав да поминам низ станот беше непроценлив Надвор магла, јас на тераса ама не е воопшто ладно во Мк измрзнав ко куче. Вечити проблем со малото што ништо не јаде, срце ми се кине, се качувам и на лустар ама залудно!! Поздрав до следно читање
Не знам во која тема да си се пожалам малку Не знам дали е нормално или не, ама денес 19 ден од царски и мене уште ме маваат вртоглавици, некое неубаво чувство како пијана да сум на моменти. На пораѓај отидов со топ крвна слика, не знам дали е можно по 20 дена крварење да ми паднато толку железо за вртоглавици да ме фаќаат или од умор е, послабо спиење со бебе. Уште станувам ноќе на три саати за пресоблекување и доење, па не сум баш одморена, а и преку ден ретко дремнувам. Има ли некои посебни витамини за доилки, да земам нешто да пијам да ме крене малку? Или стандардните оние во бременост што се пијат да ги цепам пак? Некои глупи мисли ми доаѓаат на моменти, си викам нешто посериозно да не е, не сум прочитала друга да се жали на вртоглавици после пораѓај. И многу се потам луѓе, бетер од трудна додека бев, абе дојам и тече вода по чело Башка ова лимфнава жлезда што ми отече на препон не се повлекува, еве денес втората табла Оспен ја завршив од вкупно три па мислев веќе ќе има ефект да почне да се намалува топчето ама не, исто си е. Од што можеше па тоа да искочи одма после пораѓај не знам Да не ви кажувам кај ми одат мислите, дури си заплакав пред некој ден, си викам Едвај дете дочекав и не дај Боже сега нешто да ми се случи. Хормони...
Добар ден друштво Започна сезоната на чаеви, повелете да се стоплите на оваа тмурно време (овде такво е). Во последно време избегнувам кафе, почнав тешкотии да имам, исто и од цигари, еве 10 дена како не сум запалила (не, не сум трудна) До годините ќе да е И во барот почнав да пијам џинсенг. @AngelOfArh по се изгледа ќе добива договор за стално и секако ќе и се оствари желбата да си оди мирна на породилно со второто Ако пак планира шефица да бидува, нека вика знаеш какви кафиња варам ? Охо за мерак. Дете утрово цело среќно дека и ракавици му ставив (на точак ладно е) Му дозволив и играчка да си земе, иако знам дека ќе ја носи во шкаф да му стои ама нека, нека му мине меракот. Шкафот го дели со едно Марокинче кое патем му станува најдобар другар, не знам како се разбираат, тоа зборува уште Арапски. Колку се наивни и мили децата, мали суштества но со големи срциња. Арно ама, мајката на детето ич не се замара околу него, мислам хигиена и се тоа. Кога го отварам шкафот лошо ми станува, патиките смрдат, палтото како да било во кафана а со тоа на синко се допираат и дури шубе ми е @vitamina те поздравувам женче Знам како е да се селиш, плус со мало палаво и нејадало Мило ми е што сте нашле стан по мерак, уживај сега со малиот и не му се секирај, ќе дојде време кога ќе прејаде, еве мојот тек сега почна по малку, понекогаш дури и сам бара. Трпеније. Планирам денес да ги месам фамозните пинерлии, цел фб ги направи, јас покусо ли да бидам Одам сега ручекот да го почнам. Убав ден жени
Се што пиша сме поминале сите тука. И вртоглавици, особено после царски од анестезија, и поспаност, и умор, и се, тебе лимфната жлезда мене ми отече раката кај што беше инфузијата оти во клиникава кај што раѓав беше врв од хигиена. Само не знам зошто пресоблакаш навечер, еве го 3ипол има не сум пресоблекла никад навечер, еднаш уствари пошто беше какан, мочано дете навечер не сум пресоблекла ако не пропуштило или ептен да наполнил до врв, ама мислам не се десило такво нешто досега. Витамини пиј ги тие што ги пиеше последно тромесечје од бременост. [QUOTE="Monella, post: 4637900, member: 73811" @AngelOfArh по се изгледа ќе добива договор за стално и секако ќе и се оствари желбата да си оди мирна на породилно со второто Ако пак планира шефица да бидува, нека вика знаеш какви кафиња варам ? Охо за мерак. [/QUOTE] Ако некад имам ингиренции викам, ќе ти најдеме нешто работа де. Башка кафето знам дека со мерак ќе го пијам Дете ја имаше првата караница со другарка во градинка, пресладок ми беше и премил, битно многу убави поуки сфатил од таа ситуација. Му викам ах сине прерано почна мајка со проблеми со жените Кафиња 2 испиени, сега чај ќе правам, денес сум на воден ден ама вода само не држи, мора течност некоја во боја да ме засити. А да, и приемен ден денес Устава пена ми фати, ама ќе издржам. Убав ден!
Се тоа, плус и косата ќе почне да ти паѓа. Да те спремам од напред, да не се плашиш Потењето е нормално. се породив во јуни, па кога фатија жештини ноќе се тушира по два пати, чорба се правев. За вртоглавици може да се од ниско железо. Но направи си една крвна слика и на сигурно да си. Нека не те плаши, првите месеци се доста шарени. П.с како мислиш уште стануваш ноќе на три саати, та нели е бебето 19 дена. Мојот е две и пол години и уште станувам на три саати, ноќ нема поврзано да ја преспие цела. Ајде, само трпение и без големи очекувања.