Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки
    Маж го заспива големото, јас со малово чекам зелено светло да се преместиме таму. Претежок е за заспивање, најмалку 1 сат во нишање и пак ококорен, па и последниве дена не сака со мене. :( Најмногу се нервирам шо не ќе можам на малово да му воведам ред за спиење. :envy: Ќе речат мал е, не слуша не разбира. Е да, ама од мал се стекнува навика за ден-ноќ, не од 6 месеци. Со поголемото од прв ден го навикнав после капење затемнував, млеко пиеше и заспиваше. А ова кутрово до 11 спие в дневна, со сите светла запалени и турски серии. :@ Ај како да не се нервирам, не можам да ги поднесам. Не знам веќе како да ги распоредам двајцава, не знам како да постапам. Ако го ставам малото прво в соба, големово нема да заспива, особено ако пушти некој крик. :D

    Имам заприметено чим сме сите дома нон стоп плаче за се и сешто. Се погоди 3-4 дена да не се тука стариве, абе ко друго дете да имав. Ни плачење, ни тегнење, ни инает ништо. Дојдоа тие и почна драмата. :@ И маж виде дека е така и дека сами ни е најубо ама џабе, ништо нема да се смени. :(
    Си се испожалив, а не планирав. :rofl: Дури и мислата ми избега сега, заборавив шо сакав да пишам. (facepalm)
    Ништо, да си легнам најубо зошто малово се буди на 2 сати, дури и помалку некогаш, станав хронично ненаспана. :worried: Пред то од бременоста, сега од малово, покрај него и големово ќе стане и така некогаш ми се фаќа 2 сати спиење во целост. :( Сабајлево од 3 ко станав, заспав дури во 6 и во 7 почна денот.
    Оф, ајде мора да се издржи.

    Е значи цел пост жалење ми испадна, поубо да не пишев.
    Ај да ве поздравам да не замарам.
    :hug:
     
    На girl-miri, Mari*, simona_baby и 18 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    :hai::hai::hai:
    Да пишам нешто пред да се одјавам или дур не сум го убила мм.Ако нешто ме иритира кај него тоа е гледањето фудбал.

    Да кажам дека на моите 175 см и 45/46 кг сум уште доослабната.Значи до толку несакам да се погледнам во огледало.Ептен сум костурљава,се ми паѓа.Добро е главата ми е на рамена.:emo:
    Децата се болни два месеци.Два месеци носови,температури,мрсули и се во круг.Да биде полошо двајцата спуштија на плуќа.Ми се збогтиса и од антибиотик,и од вентолин,и пулмикорт,и од инхалации,ама од се.:envy:
    Големово се држеше некако ама малото ептен зезнато.Падна и хемоглобин железо,заби извади и се на куп се собра.
    После еден месец дете ќе пуштам од понеделник во градинка.Со Господ напред.Толку ми е страв да не му носи нови вируси.

    Ама ајде се надевам ќе поминат болештиниве и ќе се оправиме конечно.
    Денес раситнив 30 ка :o:.Големиот сега е толку возбуден со родендени што кога слави некој од домашниве негп го прашуваме за торта и слични детали.Така мојата денешна торта по негова желба беше розево срце.На тетка му беше со пепа прасе (facepalm)
    Па тоа цели церемонии дување свеќи па огномети паѓања во несвест хаххаха.:party:
    Уште сега кажа на татко му тортата да биде со спајдермен.Падна договор.
    Многу ми е жал што пропушти во градинка многу случувања.Имаа правење зимница сите однесоа зеленчук и направија туршија.Па после носеа овошје да учеле кое што било и на крај овошна салата правеа.Учеле и нова песничка.Денес ден на штедењето и им однесоа пакетчиња од банка,баш интересно им било.Јас многу си ставам на срце,жал ми е што толку пропушти ама таа беше препораката на др ката за да се опорави малку малово.Маж ми па мува не го лази,само ќе рече е де ќе имаат др активности што се замараш.Од понеделник ќе се врати пак во форма зошто дома ми забушава нит јаде нит слуша.

    Мали па жалче право кај настинки вируси таму и заби вади.Се измачи со забите по цела ноќ си плаче се врти.Ваљда и тие некој период ќе го остават раат да си одмори.Сега си имаме 4 забчиња.Друго што толку ме изненади...бебе мое протрчка денес.Направи 6 7 чекорчиња.Мене срцето ми затрепери.Ние очекувавме порано да прооди дека некаде од 7 месец стои сам се исправа се држи.Ама на 10 ипол месеци дека ќе пушти чекорчиња не очекував.:inlove:
    Сега тек доаѓа тешкото....Држ се мајко

    До сега поизмешан текст мислам сум немала немам време нит да проверам што сум пишала главата почна да ми паѓа.Нит се знае кај е нов ред нит запирка.Ама битно е да се учествува.

    Сега ми текна за поштарот.Му нарачувам на големи,глупости од али ситници и знае ќе дојде чичкото да му даде поклонче.Само го чека да чукне на прозор.Денес конечно стигнаа омилените фингери(животни)..На среќата и немаше крај.И поштарот му вика поздрави го татко ти од мене и вика добро.И ппоштарот вика а од кој ќе го поздравиш???Од чичко фингер :D
    Срце мајкино
     
    На girl-miri, Melinda85, Mari* и 17 други им се допаѓа ова.
  3. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Хелоу мајки. Ме нема одамна. Од работа повеќе имав време да пишувам :)
    Богами, со две деца помалку време за се. Сега да иакористам додека големото е во градинка а малото се забавља на под.
    Не,не мислам да ве уплашам вие што сте со по дно туку да ве охрабрам. Среќата е дуплирана.
    Времето заличи на есен па сега смислуваме игри по дома. И убаво ми е. Топло. Мириса на дом кога домот е со дечиња. Јес да е растурено ама па, поентата не е да ти е чисто секогаш и да нема кој да растури.
    Пишав за да ја поздравам @emkaemka со моето чаршавче (кафето е пола испиено, ама не е тоа поентата де) Fotor_157260208451625.jpg убав викенд мајки
     
    На girl-miri, Mari*, simona_baby и 17 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    значи во ист кош сме. Си викам ајде здравје после 5 години ќе можам да легнам и чоеки да се наспијам а дотогаш здравје Господ нека ми дава.
    @simona_baby честит роденден И ти го посакувам сето здравје на светов. Не знам зошто мислам дека на мајките најмногу здравје им треба.:$

    Сега добар ден од мене. Мачно ми беше деновиве. Што од тежина физички што малку психички... Ама се турка некако. Помина уште еден месец,помина и уште една работна недела welcome на уште еден викенд. Јас ич не осеќам кога е празник кога е делник.... Ни викендите не ги осеќам како нешто посебно. Ни недела не ми е тапа ден како што ми беше порано. Почна и ладното донесе облаци и дожд. Е сега сме вистинска есен.
     
    На Mari*, 24.07, Coco31 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.860
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро!

    Од сабајле стигнав на работа само да направам едно кафе, да го испијам и правец на клиника. Таму ко за петок немаше многу гужва. Поминавме се за помалку од 2 часа, побрзо никогаш не сме завршиле. Ни земаа 3 епрувети крв, ја кренавме клиника у воздух и си се вративме. Дете мораше во градинка пошто ниту јас имав луфта да го чувам ниту татко му. Ептен мака ми беше ама тоа е. Ко рането пиле беше.

    Вчера дома си отидов со јака главоболка, толку јака ми тинчеше главата, испив аналгин ми потпомина ама пак ме болеше, си направив едно убаво кафе јако, седнав со маж муабетче и се смири, после едвај заспав. Уште денес дете ќе си ужива во хаосот што си го направи од играчки, од утре нова песна, има да научи што каде и како треба да стои. Или јас ќе се помирам.

    Кога ве читам како се жалите искрено јас немам таква мака, дете ми спие од почеток по цела вечер, на сила сум го будела да пие млеко. Може дека не цицаше, не знам. Од прв ден спие во креветче, тато и мама на спална. За викенд или некогаш кога ни е ќеф го оставаме до нас ама не прави проблем за спиење во креветче. Сега веќе научи да спие со играчка, бара мече, си бара другарче за спиење и си спие со тоа цела вечер гушнати. Децидни бевме од старт дека ќе спие во креветче. И преку ден исто сум инсистирала да спие, до кај 9м и на светло и на темно спиеше, после почна да бара потемно. До градинка, годинаипол, спиеше по 2 пати на ден, после почна по 1 и не му го кратам тоа спиење, додека сака нека спие. Мал е, преактивен и не може да издржи без спиење.

    Ги читам дискусиите за воспитување, плескање дете во тој процес, објаснување, инаетливост... Ако има од моето дете поинаетливо еве на, сите мајки мислиме така за своето нели. Јас би рекла уште ако има потешка работа од тоа да се бидува мајка(татко), еве на. Цело негово детство се бориме, цицал, не цицал, чекај да опркне ќе молзам ако треба, дали ќе јаде, дали ќе јаде се, први заби, проодел, прв роденден, вакцини, антибиотици, имунитет, градинка, цуцла да одвикнеме, пелени да одвикнеме, да го научиме да спие сам, да го одвоиме во сопствена соба, па да го воспиташ да не се тепа, да не биде лош, да не крши, да не кине, да стрепиш над секоја температура, дишел ли убаво, барање симптоми на секое едно, па дошло време за прваче, па учело, па дали ќе сака да учи, па дали ќе го прифати друштво... И ова е само првите 6 години од животот, ами кај е до кај 30 додека створи сам семејство за после да треа да мислиш некоја караконџула да не го прелаже :rofl: (мала шала) Најтешката работа е да си родител, нема ништо потешко и поодговорно од тоа. Секој потег мора да е промислен зошто веќе си пример некому како треба/ не треба. И нема правила, ниедно дете нема да реагира исто на еден исти начин на воспитување.

    Одбројувам 1 недела до посета на мајка, есента ме потсеќа на мојот роден град, ме потсетува и на последниот пат кога тато беше во болница и кога за последен пат го видов жив, последен пат кога поразговаравме, му покажав фотографии. Вчера мм му купил на синко тапанче, му купил и гитара, ме праша дали да му ја дадам јас или ти, му реков само да не сум тука. Ме боли што моето дете талентирано за музика нема да може да го види неговиот дедо и заедно да свират, задно да коментираат некоја група, душата ме боли. Вчера си поплакав на неговата реакција на тапанче, на гитарата нема да имам сили да гледам. Пред една недела во Сони Галери виде микрофон, се потегна по него и пееше Авиону сломичу ти крила, се собра продавницава околу него му се смееа, му пуштија на УТ да ја испее цела, а мене срце ми се распара, душа ми плачеше иако се смеев. Абе тато тато, што направи! Се надевам само гледа од горе и се радува на него, јас бев најголем антиталент за музика, ама затоа синко е дедин скроз. И ќе одиме во петок, ќе влезам и без ќеиф ќе седам, секое одење се потешко ми е, место да ми е полесно. Мислам дека најмногу од се се радувам на одењево што ќе можам да одам на гробишта, друго ништо не ме држи.

    Малку филозофирав, малку се растажив, ама мајки вас може се да ви кажам, нема да ми замерите. Убав ден, убав викенд!
     
    На Mari*, simona_baby, 24.07 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    мене така со првото ми беше првиот месец два пати стануваше за млеко вториот еднаш третиот веќе 6 сати си ги врзуваше. Сега на цицање сме и е помачно, станува 2 до 3 пати. Ама во принцип спие а не да дежураме после цицање. Е сега со бебиња мачно е како сакаш речи. Ама тоа е,ќе пораснат.

    Ејнџел што знам,интересно ми е да те читам. Околу делот за воспитување и подигнување си во право. Да си родител е тешко а за исли па да си жена како е. И таткото е родител па далеку полесно му е. Малку и реални да бидеме. Па после како не ќе попуштат нервите и психата. Стискај за да не урлаш пред дете кога ќе те извади од ум. Сум го карала сум му се дерела имало и такви периоди. Среќа па кратки траеле. Верувале или не сум одела вшума да се издерам инаку ќе сум експлодирала. Децата од фамилијава всело се лажеа ќе одиме кај смреките,тие да се издуваат а богами и јас.
     
    На hello-kitty.90 и elcezelce им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Прво очекував да бидам изреволтирана ама сега сум у фазон на чудење,она баш се осеќам така. Не можам да се изначудам. Душа ми се цепеше 2 саати рика вришти плаче бебе. Ајде да не е гладно ајде го слеков ајде стискај ноџиња врти сучи ме престанува. Видов не видов одам на лекар. Таму како дојдоа до заклучок не знам ама вика ушите го болат. :^) ајде ок даде терапија одам да купам кога гледам во упатството на капите за уши пишува не се даваат на деца под 2 години (facepalm) ај да е нов лекар да не знае што дава ќе разберев ама ич ако верувате не можев да се изначудам. Лекар со искуство и тоа години потераници. Видов не видов му пишав на матичниот да прашам. Скапав извинувајќи што толку касно го барам ( 9 сатот беше ) вика ај помини само со парацетамол јас не би капки кај толку мало бебе. Праша за носето дали му е затнато викам не. Рече помини само со парацетамол и ставај топла пелена на ушињата. А викам кај најде сега баш,на 13 ти сме на вакцина до тогаш се надевам ќе помине.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Бебе ти е 2,5 мес колку што разбав и најверојатно е во ек на грчеви кои се најизразени баш во овој период. Ај ова е моја претпоставка ама д-рот ти е цар кој решава по телефон т.с ,,гата,, што му е на бебе :x. Ако е сигурен дека се ушињата нека те препрати на оториноларинголог за да се потврди. Сепак ставај си ти топла пелена на меше на бебе а не на уши.

    Денес бев во банка, нормално со бебчо :). Си стојам така во ред но редот одеше бавно и почна да се мршти бебчо и си вртам кругови така во место. Почнаа луѓето ,,леле бебе, леле она леле ова,, јас кулирам а внатре вријам зашто окапав со кенгур на мене и еден чичко ме пререди. Си помислив да му се скарам ама викам ај постар човек. Си вртам јас пак кругови во место и оп една помлада ,,тетка,, и таа ме пререди. Ми се споија жичките ама стварно и во моментот да и се скарам на госпоѓата тој што работеше на шалтер ме запазил која сум по ред и ме викна да дојдам. Оваа уште се намршти ама јас и го треснав во фаца да не се прави будала и да не се лути зашто ме пререди во редот. Она се налути и почна да збори нешто па кога се споија моите ,,жички и хормони,, :lol: од банка излегов ко препородена :rofl:.
    Културно да ме замолеше ќе ја пуштев преку ред ама вака да се прави будала многу се нервирам. Муабетот ми беше ,,кај отишол светот а каде моите хормони,, :?:

    Му кажувам на мм тој пак уште ме зеза и ми вели ,, да ми дадеше сабајле немаше никој да те изнервира,, ^_^ будалетинка :!: но после некое време ми вели ,,ама ни пораснало бебетоооо, кога се роди а еве сега лази,, е јас му реков ,,да,да туѓи деца брзо раснат,, :party::rofl:
    Инаку бебчо лази и не се шали. Штом го здогледа брат му, му вели ,,еј,, многу ми е интересен и смешен. Денес баткото на училиште и овој се освести дека го нема и доползе до вратата од неговата соба и си вели ,,еј,еј,, Не ми се верува дека толку разбира. Се врти на своето име кога ќе го викнеш и те купува со една насмевка. Оној ден се исплаши од мува :rofl:. Ја фати со поглед како лета и кога застана мувата блиску до него овој вресна :). Охоохоххоо бебе мало допрва ќе го откриваш светот колку е убав и суров :wasntme:.

    Баткото се врати од училиште и ми вели ,,треба нешто да разговараме,,. Нормално, си помислив направил некоја глупост (facepalm) а тој да ми каже дека еден проф. од училиштето му предложил да оди на натпревар. Овој мојот му дал политички одговор ,,да се договорам дома, па ќе ви кажам,, :rofl:. Претпоставувам дека не му се баш оди но ножеби за атер на професорот ќе се сложи, а мене искрено уште тоа не ми треба, зошто знам дека ќе бара моја помош во стил ,,знам ли го ова? испрашај ме ?!....но сепак, како сака така нека прави во секој случај ќе ја има мојата подршка.
    Си мислам, фин одговор му дал на проф. се надевам дека ќе го држи паметот и за другите нешта да се договара по дома :angel:

    И така лека полека навлегуваме во есента, вртиме рутина и одиме понатаму 8-|
     
    На Chanell*, Mari*, simona_baby и 17 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    и јас мислев се грчеви,ама буцкам меше ми гледа лабаво. Си викам ај да не изигравам доктор може стварно си има мака и го носам на одделение. Од таму ми кажаа ушите биле. А по телефон со матичниот се слушнав да прашам што со терапијата доктор едно кажува упатството друго. На крај ништо не дадов се смири заспа понеделник на преглед кај матичниот ќе одам. Ионака треба контрола да прави.
    Сама сум си крива,капче дома ретко му ставав,топло е цело време и на вечер е топло, а и му смета за надвор секако носи. Со плачки ставам.
    Епа и јас паничар па да изнаанализирам се,и додека стокмам нему се ќе му помине.
    Спие мирно од 9 сатот еве сега во 1иопол стана за цицање и продолжи со спиење а јас се думам дали главата да ја допрам на перница,имам грижа на совест. Сум и јас за ќотек ама тоа е
     
    На Girl-Rabbit, slavica999 и tincemajmunce им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.918
    Допаѓања:
    203.163
    Пол:
    Женски
    Грчеви биле. Не е увото. Ако е увото немаше да спие мирно. Иначе неносењето капа не предизвикува проблеми со ушите туку затнат нос. Моиве никогаш капа не носеле дома откако се родени, па уши не ги фатиле. Каква капа по дома, ќе го изнервираш бебето и ќе му направиш проблем. Преку главата ја регулираат телесната температура.
     
    На Mari*, Chantal, 24.07 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Јас до сега за надвор немам ставено капа, а за внатре не доаѓа во предвид да ставам само поголема нервоза му стварам :)
    Ај ти седи дома со капа ќе видиш како му е.

    И јас мислам дека не се ушите, детето си е во скок затоа е такво.
     
    На Girl-Rabbit и marchi-cool им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    па баш пред неколку дена пишував и прашував за скок,ко ќе му дојдеше дремка или веќе да му се спие беше вознемирено и плачливо и заспиваше во раце. Ама вчера веќе ме извади од ум никако не се смируваше.
    криво ми е парите за лекови што ги потрошив. Ама пусти немир не ми даде да останам дома и појдов на преглед.
    И викендов ќе бидам под штрек додека не појдам кај матичниот. Ама тоа е.
     
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    За да му бидат ушите треба да му ги прегледаат нели? Ги прргледаа?
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Здраво женчи. Сѐ се наканувам да пишам, ама сѐ немам време. Со спиење лудило. Зомби сум. Вчера попладнето спиев 2 часа. После од 1 вечерта до 2. Па од 4.30 до 6. Толку. Од 6 сум будна и ќе го терам денот така. Попладне може со бебе пак да удриме дремка.

    Периодов скроз хаотичен. Не само со неспиење, веќе 7 недели не сум заспана ко човек, отечена сум во нозете од што ги немам асално кренато на подолго, нервози со бебе и со тежината негова. Не навлегувам тука, во доење раскажувам на долго и широко. Ама и не толку широко оти да раскажам што сѐ имам прочитано, научено, студии, статии... Мислам дека веќе преку глава ми е од сѐ. Контактирам со милион професионалци, ама смачено ми е од секој термин да заминувам со некое ниво решение, нова измишљотина. И знам дека сѐ е најчесто добронамерно. Ама мене ми е смачено.
    Во овие 6 недели кај не бевме. На болница на ехо на тестиси за сомнеж за кила, на ехо на колкови затоа што беше лошо влечен на породувањето, на кардиолог заради сомнеж за шум, патронажна што виси кај нас дома и мислам дека доста ме наона, на остеопат заради некачување на килажа, на педијатар веќе сме секоја недела за мерење, сега на болница пак ќе треба за ехо на абдомен (а кога бев за тестисите ѝ реков на докторката дека педијатарот рече ако може да се ѕирне и абдомен ама таа најнекултурно ме напна дека во нејзиниот интерен упат не пишувало така.. викам на нашиот од докторот пишуваше. И најбезобразно ми објасни дека со мојот упат сум одела на прием, па упатот го земал доктор од кај нив, кој ги прегледал бебето и тој дал интерен упат за ехо во кој не пишувало ехо на абдомен. Додека објаснуваше можеше да го види и да не јаде трици. Ама не, сега ми треба нов термин, кој првиот слободен бил во декември на средина.

    И сум напната но и среќна што барем бебето е супер и среќно и здраво. А тоа е најважно. Нели. Епа тогаш што бараме насекаде. Не знам. Уморна сум.

    Маж е дома месецов до пола, па готви, масира, си игра со Мачорка да не ѝ е досадно. Таа неделава дома ја отседе - вирус некој со температура до 39 и многу кашлање. Ларингит мал ама брзо помина. Ја напнав со инхалации - имав и декса ампули па кога ја слушнав како буфта реков ќе ѝ ставам малце и декса. Бели дробови чисти. Тоа е важно.

    Со нерви сум сѐ подобра, освен навечер. Накај 9 некаде ме фаќа лудило оти ми се спие крвнички, кризирам, и почнувам да викам некако по сите. А не сфаќаат дека сѐ што сакам е да заспијат деца, да легнам пред тв и маж да ме измасира цела оти сум бескрајно укочена од доењето. И кога тоа пропаднало вечерта, некако чекањето до следната вечер ми е нервозно, па фрлам оган малце додека не каснам еден тон чоколадо па да ја заблажам горчината во душата :)))

    Доаѓаме во МК следната недела. Од една страна се радувам. Од друга сѐ си мислам дека ќе е стресно. Сепак сме уште во фаза каде што спијам малку и сум стварно нечовек со подочњаци до колена, најчесто со повратена облека или со протечено млеко...некако уште не сум за дружба посебна со луѓе. Па веројатно нема да ми се замери ако одлучам да избркаме документи и да заминеме, и да не се видиме многу со луѓе туку да сме дома и да се концентрираме на доење. Секако ќе го однесам и на прегледи во мк. Па ќе видиме што ќе кажат. Сакав и да го вакцинираме Бесеже оти тука нема. Ќе видиме.

    Со големата сме супер сега - го обожава бебето, помага, му зборува, сака да го држи, ... Ама и таа си бара внимание и се осеќам крива што ја запоставувам. Па после се осеќам дека сум ѝ лута кога нема разбирање за мене дека морам да му дадам приоритет на малиот додека плаче за цицање. Ко не џанам голема е многу па барам од неа однесување како возрасен. Не е фер ни од моја страна да ги имам тие чувства. Сепак е дете кое до вчера ме имало цел ден да боиме и да готвиме, и што не, а сега не може ни да ме гушне додека дојам. И не ретко знам да се развикам, ама да е жива и здрава - премногу е инаетлива, па толеранцијата ја губам за брзо (особено ако ми се спие и ми паѓаат очи). И секогаш знам да се извинам. Секогаш. А таа барем за тоа има разбирање. Дека не сум сакала. Се трудам да сум најсмирена, ама не секогаш ми успева. И некогаш си викам дека е тоа ок, ама некогаш се осеќам како најлошата мајка на светот.

    @AngelOfArh за тепање, викање и сл. Мојата знае да се одбрани. Не тепа ако ја удрат, ама знае да свика. И јас се мислев кој е најправилниот начин - дали да ѝ речам да врати или не.. ама решив да ѝ кажам дека ако некој ја мавне да му викне со повисок тон дека не треба така, дека не е тоа убаво, а ако детето продолжи да го мавне само ако не може да се ослободи од него (неа) и да оди кај учителката да си каже што и како. Среќа сме немале инциденти такви. Мојата е од типот на деца што не маваат ама на неправди знаат да се развикаат. Ако некој ѝ земе играчка а била трпелива и пример чекала на ред за да ја добие, знае да свика и да се скара. Бунтовна е од тој аспект. И мислам дека е тоа ок. Да го учиш детето да реагира на неправда. Ама да мавне назад.. не знам.. сум против с многу ретко за. Само што тоа ретко за е тешко да им се објасни кога треба да го применат.
     
    На galapce, Chanell*, Mari* и 17 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    во уши не ни чепна. Стисна овде онде на мешето на гради а рече штом реагира вака на допир ушите се јас во глава се мавнав. Вистина може проста сум смотана ама па знам уши се проверуваат со едно апаратче како ли се вика низ него се гледа во увото. Ама мазала. Ништо такво не употреби. Затоа Шубе ми беше па и кај матичен се јавував. Криво ми е за парите ќе му земев чајче
     
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Мора со тоа специјалното да цирме, како инаку таква дијагноза..
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Немам слика од кафе се возам во бус за до работа. Деца дома со татко им се чуваат а да и имаме гости(моите ) ,веќе три недели па затоа сум помалку активна, следната недела очекуваме уште.
    Деца добри во градинка се навикнаа ,т.е.малото се навикна па останува скоро 3 часа,затоа време успевам да завршам некоја работа и плус време за одмор имам. Се спремаме за ќерка за роденден, возбудена е па брои колку гости ќе дојдат,бира поклони,секој ден има нова желба...па збори дедо мраз сама си измислила песна и синко вели мраз и гешенк(мраз и поклон) .
    Е добив не сум трудна ми каснеше 7 дена ,правев тест негативен ,страв во коски ама некако си велам секако тешко се наоѓа работа бар ќе си исчувам уште едно :wasntme:,ама знам дека психички сум слаба,нерви потрошени од сите стресови што ги имав со синко.
    Барам работа по струка ама нема , добро тек два три месеци како сум во потрага,може ќе биде ама некако брзо се разочарува,баш на фемина читав хороскоп дека ме очекува успех на работа или ново работно место кон половината на ноември :wasntme:.
    Па еве трема верувате ли во хороскоп?
    Почнав да барам идеи за детска соба,давајте некој предлог ,за братче и сестрите,ккоја боја да ја искомбинирам? Кревет на два спрата или пак одделно, или еден под друг на влечење?ама пак кнап сум со место кога ќе се пушти и на триста ума сум.
    Убав ден се распишував ама оддамна ме немаше :coffee:
    А да и за темева моиве спијат од прв ден во креветчиња,веќе со година дена преспиваа цел ноќ е сега некој пат се будат во сред ноќ па легнат меѓу нас, ододгодина во своја соба планирам.
     
    На Mari*, simona_baby, Ava.84 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    денес ништо не му е. Плачливо е овие дена ко ќе му се спие. И вероватно е скок. Стиснав пред увото па малку и со тампонче го исчистив мирен беше глас не пушти. Оди сега биди паметен

    Сакав да прашам не е за во итни прашања а не можам да чачкам низ темиве: од која возраст семее да се дава маџун? Да си знам за понатака
     
    На duffi, wannaBeMomma и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Поздрав бек @kikin :coffee:
    1572622733573.jpg

    Е сега нема миленце, чаршав ама тука е прекривачот :D
    Секако чаршафот ми е тој шарениот, не го мењам :smirk:

    @Chanell* леле заби ли ]:)
    Ме пукна мојов со тие заби |(
    Повеќето ми рекоа со 5ките најмногу мака виделе, ама никој не спомна дека со 3ки е вака. Па ако 5ките се крш нејќам ни да помислам што ќе биде кога ќе ги вади нив :worried:
    Значи пукнав, не знам веќе кај да се обратам :D
    Ај се тешам, издржав за три, па за уште една ќе стиснам заби (fingers)

    Него озбилна си за сушарата?!
    Супер ќе ја личи и у ходник, ма сегде ќе ја личи, од која помош ми е не можам ни да објаснам.
    Блиска у спална си ја стави, на шала и смеа, ама и вистина вика дека и како грејно тело и користи :rofl:
    И уште не можам да им се изначудам на сестра ми што нејќеше да им купиме сушара за свадба, не и требало, си го фатила редот со спростирање у соба (facepalm)
    Разбирам никој не седи у таа соба и слично, од карши и е плакар, па како се сушат она ги реди, ама истото нели и е подобра опција со сушара :smirk:

    Забаено ама не и заборавено.
    @simona_baby најсреќна :party:


    Добро утро мајки :hai:

    Ноември, убав месец, го сакам :l:
    Пред 2години до пола месец ми беше малтене тортура, толку неизвесност и страв немам почувствувано никогаш, не знам ни како дишев..
    Ама од пола натакааааа аиииииии :inlove:
    Шкрткам денови до бдејот на бебе :l:
    Вчера една обврска шкртнавме од дневен ред, порачавме прасе, о не прасиЊА 8-| две (facepalm)
    Мм рече малку било едно, мали биле, ама на неговото око се му е малку, знам дека ќе има и за праќање и за мрзнење :D

    Вчера и една убавица славеше бдеј, она и го почна месецот :inlove:
    Мала Мариз да е најсреќна, секогаш сакана, почитувана и џепчиња полни парички, а здравје секогаш присутно :party:
    Среќен, па мама @mariz чекаме сликички (fingers)

    А и вчера пак со гости, на мм бдејот ивкова слава бидна, трети ден како го прославуваме :D
    Ајде де за убаво е :mm:
    Денес никој не се најавил, сеуште :D

    Инаку мм доби еден убав поклон, тањирче и алатки за сирење, декоративно. Ама покрај толку сваштарии низ кујна што ми се мотаат му викам да не го отвараме, ќе ни се најде за поклон :tmi:
    Спомнав дека може на сестра за Младенци да и го однесеме :bandit:
    Ама он ми противречи, сабајле и го распакува, ама не ме убеди да го чувам ]:)

    Хаос ми е кујнава од садови и апарати, едно време бев без памет и викав "голема е и се ми собира, нека има" (facepalm) ама сега викам помалку подобро, абе тоа бара и време за одржување, чистење, прередување!
    А капак сега скоро купив 18 големи плави тањири за бдејот на бебе и немам кај да ги ставам, ми седат до брашното кај го чувам (facepalm)
    А инаку сакав прво 46 да земам, као за сите гости, ама не знам како у последен момент се премислив да комбинирам со тие што имам, па еден бел, еден плав да редам по маса.
    Кај ли ќе ги напикав 46 :?:

    Веќе ми е во план за наредна кујна да правам и едно како плакар на еден ѕид и таму да редам садови што не ги користам секој ден.
    Па се ќе подредам и распределам, а вака и кога сакам да вадам од нив нерва ме фаќа што се еден врз друг.
    Кујнава е огромна, ама џабе кога се купувало без осет :doh:
    Иначе не знам за вас ама мене секогаш ми е несредена и колку и да изнесувам ѓубре кантата секогаш ми е полна :|

    Утре сме на скара кај моја братучетка.
    Нели мм прошла недела беше на свадба, епа со една моја братучетка и со мм се исподоговориле да правиме скара кај нив у викендица. Ми кажа мм за планот ама јас си реков "пијана работа" и не ни обрнав внимание :tmi:
    Кога вчера гледам пропуштен повик од братучетката 8-|
    Па ај брзо пак го препрашувам мм што договор паднало и и ѕвонам, се исподоговоривме и ете ќе се дружиме. Убаво, некако ич не се дружиме со фамилија :smirk:
    Плус бебе мое ќе си има друштво, полно срце радост, многу сака да си игра со дечиња и ги бара у последно време :inlove:
    Така и треба, деца-деца си сакаат, ако сака да седи само со мене и со мене да си игра мислам значи дека нешто не штима и треба под итно преобразба :!:

    Денес поладно од вчера, права есен е веќе, за надвот треба и шалче, подебела јакничка, дури трепнеме и зима ќе ни куцне на врата.
    Море Нова иде, Џамбо веќе е изнаредено, на фб само ми искачаат страни со елки што продаваат.
    Оваа година мислам ќе ни биде баш весело со елката, ама па можда и не, лани едвај рецка и мавна, ама и јас финта му направив, оваа година пак (fingers)
    Доле ќе му ставам пак воз, ама оваа година некој поквалитетен, лани канта тој, дете уште не го пофатило он се распадна :|
    Оф оф оф па пакетчиња, мњам мњам :angel:

    Дури пишувам ние и до продавница бевме, по леб и киндер јајце, ама овој пат избра плус и пез. Па онака го чепка и ме гледа да види дали ќе му дозволам да земе :D
    Ама јас мислев да прошетаме по улици, може и низ двор да се провртевме, ама он категорично рече "гое" (горе) и ме тегне за рака да си влеземе.
    Еве го се шуља и гриза боните, чек ги изел се фати сега варено ѓеврече да јаде :D

    Немам идеја што да се прави со денов, мрза на ниво, немам ни за чистење, ниту вангла со алишта да местам, садови чисти, ај ќе најдам некоја игра да играме со бебе..

    Убава сабота :hug:
     
    На Mari*, simona_baby, Ava.84 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Ништо здраво немаш во маџунот. Ама мислам од 8м
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.