Гуд морнинг женски. Секој ден си викам дека ќе пишам во темава и пак заборавам. Денес рано станата. Ме разбудија децата. Се степаа. Едвај ги смирив. Се мислам што да правам за доручек. Ручек имам од вчера. Втора смена сум на работа. А ич не ми се оди. Времево е само за во кревет. Сте пишале за години. Лани влегов во 4та деценија. 32 имам. А не изгледам за толку. Максимум 25 ми даваат. И маж ми ми е врсник. Уште малку ќе полни две тројки. Брзо поминуваат годиниве. Се гледам во огледало. Не ми е иста кожата на лицето како кога имав 10 години помалку. Инаку, јас сум многу ниска - 1.55. Тешка 60 кг. Се поправив периодов. Со маж драстична разлика во висина и во килажа. Ама за најбитната работа сме погодени.
Не го пипна кај ушињата? Кај образите или позади. Нашиот педијатар има погодено дека се ушињата само од поглед, главчето мј беше навалено, црвено обравчето, очите светнати... После го ѕирна и стварно беше увцето. Пипни го н спојот помеѓу ушето у образот, долу кај коренот на увото, позади уво, ако е тоа он ќе вришти, боли многу.
Здрастиии! Кво става момичета? У нази става лудница! Нели реновираме нешто дома, ами у таков неред сме и никако да се средиме. Мајстори каснат, еден излезе сега други чекаме, па трети за кречење... паааа.... колку мразам кога се развлекуваат работите. Не знам кое каде го имам преместено, а тек пак каде ќе го ставам ич не знам! ММ пак некаков обвинувачки понашај има спрема мене заради хаосот дома, оти нели јас бев нестрплива до пролет да чекам и запнав во есен да реновирам со мое објаснување - октомври оваа година е април, потопол не бил никогаш. Ами ете и ноември не фати... тоа е. И во цел овој неред седнав кафе да пијам, раатско! Дечките се кај мама, жалните тие, овој период повеќе се кај баба отколку дома. Ама вака как што ги гледам им годи. А и баба и деде пресреќни за времето што го минат со дечките. Дадата ми е чудна, не се замара за новата детска ... па изборот падна скрос јас да го правам... Пастелно лилава, најубава ќе биде. Малото пак секој ден ми дава знаци дека расте, дека не е бебе... Со сестра и се супер тандем за правење белји, а кога ќе ја прашам - кој ја направи бејлата- како од пушка вели - дада! Деновите со нив се исполнети ептен, ама немам време сега да пишам надолго. Ајде да се фатам за работа! Убав ви ден!
е и ние имаме периоди каде што спиеме така "на рати" и мачно ми е многу. И те разбирам за се подолу напишано, оти и јас сум иста и само се тресам да не му е нешто нели не знае да каже епа стрес колку сакаш има тука и за џабе. Ама па мора ли да сме толку во паника? Или сакаме да сме сигурни дека се е во ред. И па ајде да е едно дете - бебенце ок се трпи некако ама со уште едно поголемо - скреновача! Среќа па моето е големко доволно колку за себе да се грижи односно за основното - да си земе храна да појде во вц ... Ќе си се позанимава малку сам малку со бебе малку со мене и немаме проблем. Ама сепак не е лесно. а па маџунот го прават леле мајко основа за здравје. Првото дете еве 6ипол години ни маџун сум побарала ни да знаев дека постои. Сега го читав низ форумов низ темине на фб... Ајде реков да прашам.
Фала Да ми наполни и девојкава 2год вчера, ми порасна и она, кога имав бебиња кога пораснаа, летна време! Частиме торта, има уште малку Неочекувано многу убаво поминавме! Дека во најтешка фаза ми е сега, многу е комплицирана и тешка За фустанот плачеше дома, после се навикна, но чизмите ги шутна уште одма таму Дури и се фрцкаше, пеењето happy birthday и вниманието насочено кон неа не ја уплаши (брат и вториот род се утепа од плачење на тој дел)... Она и дуваше свеќичка и едно 6 пати рече: Устееее! (Уште), па и палеа и дуваше Поздрав мајки
@mariz среќен роденден на малата! Добро утро мајки! Уште од шест станати...ама оној еденски мирис надвор некако не дозволи д останам нерасположена ради раното будење..Сакам студ да фати,преку глава од натпросечни топли денови. Дете ми се качи на глава со само станување-сакал супа со школки.Морав да варам.Тоа е она а алпската супа од кесичка.Кафе уште не сум пиена,не сум дошла на ред... За денес ручекот ќе биде нешто екстра брзо,му реков на маж чекам д а ме шета некаде. Со чистење вчера завршив,уше машина некоја ама добро тоа не ни го рачунам Имајте убав неделен викенд!
Здраво од мене.Ме оставија да поспијам ги слушам читаат сликовници долу Има магија и во есента, топлина дома, сите на купче За доручек јуфки. Оваа недела само тоа бара за доручек. Вчера некако пројдоа макарони. Ама фази се ,ќе мине ... мора Потоа конечно одам сушара да купам. Аздисав со алиштава. Одложував ама не . И до Рамстор да тркнам. Вчера бевме на подновување ама молот ништо нема. Од се што фатив број нема. Минавме со тренерчиња и сликовница. Среќен за сликовницата си ја шеташе низ молот. Ако сте виделе мало човече на точаче со сликовница ,моето е Незнам дали сте оделе во парк шумата Гази Баба. Мене ми е омилено место од дете. Има многу летниковци, широко за трчање, тато и мама купуваат пивце и чипс и се мењаат со чување Дете среќно и задоволно. Ако послужи време ќе се истрчаме таму. Или лулашките пред зграда како вчера завршија ептен работа. @mariz Среќен најсреќен родемдем Кога стасаа 2 годинки
Добро утро ајде кој е за кафе и малце благичко нека повели Дете ранобудно викендов ич не ме остави да поспијам малце ама добро не е страшно толку е мил кога ме буди што одма не ми се спие повеќе Како расте се посмешен и посладок е Сега дека и збори се па кога ќе почне и да се преправа за нешто да го изедеш е Колку брзо растат како вчера да беше бебе лета времето. Денес во план ни е на Водно да прошетаме минатиот викенд бевме и дете уживаше посекако ни е блиску па греота е да пропуштиме пак да отидеме и викендов .Синко обожава да си игра со лисјата .Некако почнува да ме фаќа новогодишна еуфорија сум испорачала триста новогодишни глупости од али експрес одвај чекам да ви кажам право Иначе имам новост бремена сум здравје боже ќе имаме уште едно летно бебче Чекам да поминат првите прегледи па да кажеме дома на сите Инаку брат ми конечно закажа свадба за септември другата година па ќе мора и за тоа да се спремаме одвај чекам ќе биде многу убава 2020 чуствувам @mariz среќен роденден на Сара да е жива и здрава Слабо не има на групава се надевам ќе се вратиме како порано и ќе си се дружиме почесто. Убав ден мајки
Добар ден. Пред некој ден си ги читав мислењата наназад во темава. Темата во моите мислења била неспиењето. Маки со заспивање, маки со будење ноќе... Би сакала да кажам дека е тоа сосема поминато, ама... Уште знае да си стане, да се напие водичка, што нели, нормално си е, и јас станувам. Се врти, зборува псотојано во сон. Не се нишаме само, си заспива со читање сега и раскажување приказни. Најубавото и за мене. И многу, многу гушкање. Заедно си спиеме уште, некако немам намера да го менувам тоа наскоро, додека сама не изрази желба. Уште ми е преубаво, кога ќе се разбуди насабајле и ме гледа со една огромна насмевка и ме прашува, мамо се наспа? За одма да одиме и да си играме, нели. Колку некако контрадикорно поминува времето, кога ќе се заглави човек во некоја фаза му се чини никогаш нема да помине, а всушност кога ќе погледне наназад веќе поминале години. Малата си расте, раскажува приказни, ми вика слушај сега, слушај, приказна да ти раскажам и обавезно има нешто благо за јадење во приказната. Си биле волкот, лисицата и гавранот и се договориле дека ќе готват нешто. И направиле убава торта и сите ја изручале. Краааај. Што и да прави си измислува некоја песничка и си пее, а омилена активност ни стана готвењето. Што е ептен смешно зашто јас ич не сакам да готвам. Ама заедно ни е забавно. Прво мешам јас, па меша она, се што ставам јас става и она, крши јајца, па ги матка и така. Гледам некои поблаги работи да ги правам дома во поздрава варијанта, зашто нејзиното за благо нема крај. Цела на мајка и. Палачинки кога правиме, правам како намаз од банани, мед, ореви и какао и убаво доаѓа, се дави во него. Ептен веќе си се заигрува сама, ја оставам на клуб масичката, боички наредени, бои па оди го става на фрижидер цртежот и го лепи со магнети. Или си полни чашка вода од кујна и внатре тоалетна става и тоа рипчиња биле, измишљотини еден куп. Детска фантазија. Ја оставам генерално да си се забавља и да си игра, не е некое дете што прави бељи или мисли само нешто да искрши. Приквечер знаеме да си пуштиме некое детско филмче, она колку се унесува, вриска и писка, се радува, се натажува, ептен ми е интересна, ама ептен. Иста ко мене и за тоа. Јас да се жалам или да не се жалам од сама себе? Ај да не се жалам, ќе работам на оправање. Почнав веќе и сериозно да работам на тоа што ме мачеше. Кога не бива сам мора и помош. Тоа е, барем си ги знам границите. Грашочето е ставено за ручек, имајте убав неделен ден сите.
@mariz честит роденден @elcezelce со лесно да си ја озносош бременоста Како не ве открив порано досега и трето дете ќе родев Сега добар ден од мене.денов денес досега добро ни оди големиот синко на роденден замина ние сме во село кај свекорот. Забележав нешто. Претходнте дена ги поминавме со плачки со бебчо,се ме асоцираше на грчеви. Вчера и денес најдов лактамикс чај и пијам и гледам денес (да не подречам) мирен ден. Плачливо е само ко ќе му се приспива па брзо се смирува и заспива. Како што кажав за тоа се сомневам дека е скок. Време ладничко и врнежливо,вистинска есен. Искрено овој период ми е еден од најубавите временски периоди. Си сакам есен. Може дека есенско дете сум е снегови и невремиња не сакам. За денес толку од мене, после дома ќе ме чека пружување алишта и такве досадне стваре поврзани со алишта ама шта да се ради. Имајте пријатен ден
Добро вечер мајки Што време ќе беше оваа? Ако продолжи вака нема да е добро, ќе мувлосаме. Значи само заради дождот ја мразам есента овде, кога ќе почне да врне не знае за доста, имало период кога врнало 2 недели без престан и тоа доооожд Климата е многу влажна, не дај боже да ја испеглаш косата, одма се наелектризирува Кога веќе немав воља за излегување правев кифли. Ѕверот мој има роденден оваа недела, полека почнавме со подготовките. Не сум ви кажала? Баш на роденденот ќе ни дојдат гости од Мк, замислете шесторица наеднаш Не дека ќе седат којзнае колку ама и 10 дена не се малку. Толку народ во 100 м2 весело ќе биде. Туку, да се молам да престане дождот па да ги носиме во шетња. Дете подобро е, подоздраве малку. Почна во градинка, се надевам за овој триместар завршивме со болештините И тој не знае ич да се брани, ај што е плашлив ама не знае ни со зборови ни со раце да се одбрани. Малку сум крива и јас, кога почна во градинка му викав ако некој го удри да каже на воспитувачката тој да не удира. Кога видов дека грешам почнав да викам да враќа ама џабе беше, за него доволно е само да му кажат извини и решен проблем, упорно ме убедува дека му се извиниле и во ред било Воспитувачката видела дека ептен е наивен почнала и таа истото да му го зборува па да видиме. Честитки на @elcezelce за бременоста, со лесно. Периодов многу трудници наоколу, само вчера дознав за две, минатата недела за друга, само за убаво нека е, децата се благослов. Почна и мене да ме фаќа (пак) мерак, досега имаше оправдани причини ама некни на прегледот се испостави дека сега се е во ред па кај и да е за нова година можно е да скокаме од елката Одам жени, и безтоа само зелени тресам. Убава вечер
Добро утро женички и со лесен почеток на новата недела. Јас станав со главоболки и лошо расположение. Велат дека денот по утрото се познава е ако е така јас нае**в ама се надевам дека со тек на време денеска подобро ќе биде. Време врнежливо како и за секоја есен само нека не е многу ладно. Што убаво ми беше деновиве кога станував само за бебчо и спиев до покасно ако се имаше можност (ама претежно се Немеше) сега и големото треба за на школо да го будам,кој ќе го слуша и него. Сакам само овој период да помине, стварно ми е тежок период. Физички сум исцрпена. Ама тоа е.
Кога би било вечно лето би била пресреќна...Ич не го сакам времево. Денот ни почна во 6,уствари секој ден ни почнува во 6.Денес батко голем отиде во градинка.Тоолкуууу среќен одамна не сум го видела.Многу ја сака градинката.Ми јавија сам ја изел целата палента. Џабе дома дробам по цел ден ручкај ќе имаш мускули како спајдермен кога таму се е послатко.Кога ќе ве прочитам дека после градинка ви ручале децата се запрашувам дали сум за трофеј за најнемајка Абе ние сме пресреќни со тоа што го внесува таму Сабајле се дотера и истрча низ врата,само едно чао ни кажа на мене и на бато А снегулче па се утепа плачејки по него и татко му.Врти сучи јас сум им здосадена на децава Ем мали трпи по цел ден тортура од брат му ем неможе без него.Го обожава,се топи кога го гледа. За мојот б деј малиша ми ги поклони првите чекорчиња.Сега е многу смешен,по цел ден само се исправува и оди.Човечуле мало само 10 ипол месеци има.Го обожавам... Вчера маж дојде од втората работа,ми ги предаде парите,месецов убави парички зема,па да се пофали.Ги изброив и викам глеј ги вечерва утре ќе ги снема.Стигаат пелети,сметки,фактури за градинка.Ама стига и роденден на мали,па ќе мора нешто да се сочува од парите Сакав да кажам одма е подруго кога барем едното е во градинка,ако ништо барем кафе може да се испие Кој ги смисли градинките алал да му е. @marchi-cool @emkaemka Фала ви на честитките со убаво да ви се враќа.Инаку Еми мислам за колор шампонот прашуваше..Ја земав црвена боја.Е сега мојата коса ја знаеш така темно кафена накај црна ама па фати шампонов,добив интересна нијанса.После 3 4 миење веќе не ми паѓа боја,значи паднала А црвенкаст сјај имам на светлина се приметува.Ја од дм земав за ич пари,колку за промена супер беше. Одам да средувам хаосот низ куќа зошто од играчки човек неможе да помине
Кај да си се испукам не знам. Мачорка со кашлица уште се занимава - среќа нема температура, па сѐ е ок. Ама го префати Малишан и сега лудило е по дома. Двајцата кашлаат, буфтаат. Тој па бебе, не оти знае да кашла, греота. Мрсули насекаде, а не знае да шмрка... Не може да цица, кај има мака со тежина, сега уште толку проблем. Сабајле со него на педијатар, пак го мереа, 20 грама во 4 дена.. со него нервите ги искинав. Ако ви се верува, мислам дека иако се трудам да сум максимално смирена и опуштена, длабоко сум толку насекирана и уплашена, да немам веќе мир. И одма ме фаќа цела фрустрација околу бременоста и породувањето, некако немам седнато да ја пишам ни породилната приказна само затоа што некако пробувам да ја склопам на најфин начин избегнувајќи ги сите стресови што јас лично ги доживеав.. и не знам веќе. Мислам дека сум сѐ на сѐ полудена, од сто места со мислења, ми чади главата. Едноставно ми чади главата. И ми е преку такво сѐ. И не ми е јасно зошто. И ми доаѓа да си се затворам некаде во некое ќоше, да се изнаплачам. А сега напротив, ќе доаѓаме до мк по документи, и сѐ ќе имам освен приватност во некое мало ќоше. Се осеќам дека ми треба да избегам од сѐ и ми треба самотија, а на крај ќе добијам уште толку мислења и муабети, а искрено, ништо од тоа не ми се прави. Ништо. Ми се спие. Ете тоа ми се прави. Таква нервоза ме фаќа што мислам дека сум во состојба да го изедам целото чоколадо на светот. Мислам дека истово ви го пишав. Може и претходниот пост е идентичен со овој. Утре педијатарот успеа да ни најде кај него термин за ехо, затоа што на клиника нема. Па ќе одиме да видиме и тоа.. да се исклучат уште некои работи со тоа ехо. И преку глава веќе. Иако против задебелувачот на храна, ќе го купиме. И тоа ќе пробам. И пумпа ќе купам. Иако имам електрична (не ми е тука), ќе земам и рачна. Па ќе пробам со таков оброк. Веќе не знам. И згора на сѐ ме напнаа мк институции со глуповштини и недоследности во информациите што ги даваат. Ќе се среди некогаш таа земја или не? Ужас. Од такт се извадив. Ај да престанам и да лапнам една ханута. И малце чоколадо. И после 150 кила. Епа 150 бе. И 200. И бесконечно многу. И пак нема да умрам од благо, попрво од секирации. И не сте свесни колку пати пишав секирации а аутокоректот ми го смени во декорации. И тоа дополнително ме напна. Ајде. Одам. Инаку ќе ве обвијам со нервоза. Вака изгледам кога сум во паника од тоа што ќе се открие утре. Се надевам ништо. Аман веќе.
Честитки @elcezelce да си истераш лесна и спокојна бременост И штипни ја @Monella за нос, чим сака и она меше Мислам @eli25 кој пат и да пише си кажува дека мали или јадел или јаде јуфки или спрема јуфки за мали за оброк @Kaetana Сега дури разбрав дека момче имаш, јас мислев уште едно девојче И не, оваа земја по тоа прашање не се средува у догледна иднина @simona_baby оздравевте Лесни чекорчиња на снегулче Фала што пиша, прееска бев у град и се вратив со шампонот. Наредна недела ќе се променувам, пред бдеј, па или ќе рикам или ќе сум среќна Добар ден мајки Убаво поминат викенд, време крш, ама со убави луѓе ништо не може да ти биде пречка Вчера на Козјак, со куп братучеди, скара, салати, пиење и тазе чоколадни наполитанки. Срце полно радост Колку уствари сме смотани, прв пат се собираме со први братучеди на скара, не знам точно до што е, ама мислам да е смотаност Бебе, леле бебе си помина најубаво, како дојдовме не запра да скока, трчи, ровари, мислам не ни седна на 5минути да пододмори, у трчање и јадеше Братучеткиве у еден момент си легнаа душа да им дојде, едно време го следеа и замислено од кај му толку енергија за рипање До 17ч не ни покажа знак дека сака да спие, ама дали се повозевме 5мин и он веќе беше кома Душа убава, си одмори 2ч и пак до 22ч ровареше како да нема утре Прееска нарачав тортата за бдеј Романса, влашка, да не ме мислите Имав две идеи каква да биде, првата ми беше доста ризична за носење, сами ќе си ја зимаме, ама одма рекоа и они подобро не, најверојатно ќе се испоразочараме. Епа комбинација и од првата и втората идеја ќе е, ќе ја видите де Нарачав за 70парчиња, да има и да остане е планот Склопив и текст за поканите. Јас мислев девојчето ќе склопува нешто, уствари не ни помислив, ама прееска ме праша за текст. Па како ми рече дека треба и текст да и пратам, така мене ми надојде инспирација Поканата е у на бебе стил, плус ја опфативме и темата, ама е и смешки Девојчето рече дека е многу оригинален текстот, што е и вистина Друго на дневен ред не знам што е, еве кафе ќе пијам, мм порано се прибра од работа и направи. Ручек се крчка. Бебе спие. Ваљда сосем обично и опуштено ќе протече цело попладне, ако убаво ни е Убав ден, еве и сончев зрак пробива
Цела среќа утре, да е сѐ во ред. Баш ми е жал вака што се случува, а те читам колку даваш сѐ од себе. И што имаш и што немаш. Пиши како ќе поминете, ќе чекаме добри вести.
Добра ноќ мајки! После тренингот денес излупив костени за слаткото и сега се опраив во хоризонтала. Денес на работа ми го реинсталираа компјутерот и тоа баш одзема доста време, нешто средив папирологија, нешто спастрив бирото, нешто што бара мануелна работа средив, но работниот ден има 8ч, едвај некако пројде денот. Ама затоа утре ќе треба да ја сработам работата и од денес. Со оглед на тоа што сум единствен инжинер во мојот сектор кој работи програми за проектирање имам поприлично работа. Работата ми е интересна, забавна, бара знаење, бара одговорност, не е сувопарно куцање, ама мене ме влече цвеќето. Моментално иде оглас за во Фенси Мериџ, ах како би дала отказ таму да си работам, ама нема, нема и јаре и паре. Еден ден... Дете отвори овие 2 недели, за 3ипол години што не збореше сега не знае што попрво да каже. Да земам да пишувам во темана за слатки и смешни зборчиња има да се држите за стомаци и да се смеете. А што има една меморија, аууу... Од пролетоска нешто што видел, чул, сега го кажува. А ме види со телефон во раце ми иде, ме гушка и имаш остај телефон тоа не е играчка. Со свој камен по своја глава. Прееска дури бев на тренинг зел тенџере, макарони и му донел на татко му да му свари макарони. Мм вика јас до вчера не знаев како се прават, он сега ми вади тенџере. Мајмун еден. Многу многу сила немам, ми се спие веќе, утре е нов ден. Добра ноќ!
'ноќ мајки. Со последни сили сум за денес,да довршам уште нешто по дома и фаќам хоризонтала. Турбо на работа бев денес, одвај дочекав да си дојдам дома. Малата обично кога сум прва смена на работа во 9 ми е заспана,ама сега и се поремети планот па она не може без мама да ја види да нана, и беснееше до 11. Конечно заспа сега. Многу изводи во последно време. Абе ќе се степа ако треба ама по нејзино ќе биде. Секогаш кога менуваме памперс нејзина задача е да го земе и фрли во канта. Кажува кака, го зема и оди накај купатило и од таму вика мамаааааа за да и ја отварам вратата,она крева капакот на кантата и го фрла. И точно знае каде,пример може и во кујна нели,ама не,она знае дека каката е за во купатило! Паметница на мајка Се научи да вика "как как" од една песна што ја слуша, и по цел ден кокодакаме по дома. До пред малку лазевме по соба и мјаукавме и двете, тргнува она и ми вика "мама, мау мау" и што да правам, на цел тој умор од ден и мачка глумам Три пати ме однесе до фрижидер за да земе маслинки, јас стварно не знам дали има некое друго дете освен моево што јаде толку маслинки 6-7 ги изеде ко ништо, ко ужинка пред спиење и дојде И,многу е фан на ајвар Да не го види на маса, одма пушта раце и вика ам ам до пред 2-3 месеци си ја хранев со маџуни,ореви,лешници,аронии, а сеа баба сервис ја научила на ајвар и маслинки да јаде Нека си јаде,не бранам ништо, здраво,живо и весело да ми е само.. Го подновив мм денес со многу убави блузи,пошо он мене ме частеше чизми и фризура некни, се фарбав и шишав после 3 месеци и многу ми е убава косава! Штета што сум без телефон,заврши на поправка па 10дена сум раат без него веќе,инаку ќе опнев една сликичка да ви се пофалам со новата фЛизура Со мм се договараме да диетуваме заедно,порачал он и протеини и свашта, ќе се билдаме нешто демек Ко мече е станат,мора да му кажам стоп.. Си признав дека сум избувлива,превише нервозна и смирив страсти и се смирив со него, само му мрчев за нешто.. Не знам зошто ме фаќаат будалите некогаш, не можам сама да се поднесам на моменти. Си ветив самата себеси дека ќе се сменам и нема да кукам за се' нешто.. @emkaemka У право си Емке, си ја бендисав веќе сушарата и и најдов место-во кујна. Имам доста простор,па ок ќе и биде таму. Битно е да ми врши работа мене, а не дали ќе личи или не.. кој па ми влегува во кујна мене за да ми анализира толку Оваа недела ќе одам да ја купам. Да пробуричкам по темиве уште малку, да закачам алиштата да се сушат,да му испеглам на мм за утре алишта... и се надевам предд 1 ќе си легнам Добра ноќ.