Добро вечер мајки, дојде време и јас тука да пишам. Уживам да ве читкам, ова ми е омилена тема. Е сега немам баш време да го разбудам поетот во мене, од како станав мајка нели, во трка со времето. Бебка ми е уште малечка, само три месеци, а веќе се чудам како сум живеела без неа. Е сега не дека имам што да пишам посебно, мајка на породилно, цеел ден дома. Се молиме за ден без дожд, па да го фатиме патот. Мислам една од поубавите работи во мајчинството е што стануваме дел од овај клуб, заедница, патешествие... Кога ве читам си мислам ве познавам цел живот. Толку утеха и позитивна енергија ми давате Јас си имав прекрасна бременост, значи најубав период од животот, а кога се породив - сосем изгубена... Свеки да е здрава жива, си мисли она е мајка, од тоа сонце на баба, душа на баба, дрн дрн баба баба бабааа, си мислам јас баба се викам а не па бебка А не е можно толку добар однос имавме пред да родам, јас не знам дали е нормално толку посесивна да станав, како ламја ја посматрам кога е бебка со неа Дали сум јас терсене или и другите мајки вака се чувствуваат?? Имавме в комшии една снаа никому не го даваше првото бебе, е ја мислев лоша ама по туѓ газ не боли А дома досадно само ми се оди ма работа, а од друга страна пак неможам да се замислам да го оставам ова мало ангелче само Доста е од мене а? Уште да си кажам дека ја имам најслатката, најмила, шармантна бебка Само ми се смешка гласно и гуга. Добра ноќ мајки, се надевам сите ќе поспиеме
Не си единствена за свекрвата. Убав однос имаме, ми помага околу децата и сето тоа, ама кога ќе го видам големово дека ја бара или дека го зела малото в раце без потреба и само му пее некои глупи песни со лигавење ми се превртува нешто во стомакот. Не сум таква да и речам не прај така и си се нервирам сама. Немаат лоша намера знам ама изгледа тој заштитнички инстинкт те тера да мислиш дека детето само тебе треба да те бара и никој друг. Покасно кога ќе бараат појќе внимание ќе сфатиш дека добро е да има некој да те замени барем на 5 мин, особено кога ќе бараат често в раце, а ти имаш обврска. Само ќе ве поздравам сега, немам време друг ден ќе пишам повеќе.
Стварно знаат да бидат напорни бабите ама и ние шо велиш сакаме само нас да не сакаат А кога ќе тргнам на работа ќе ми биде од голема помош Убав сончев ден мајки
Добар ден мами - дами. Е денес нема потопло е ни излезе пак ближи крајот на работната недела, уште утре после одмор. Јас дека цело време сум дома па се соживувам со тие што одат на работа,ама и мора да сум во тек за школскиот синко е сега кога сме веќе кај него почна да ме вади од такт. Вистина повеќе време поминувам со бебчо ама со него многу тешко се разбирам во последно време. Значи од ко ќе дојде дома одма на компјутер ако стане од компјутер јаде и се префрла на телефон не ме слуша а не можам да викам и да го карам покрај бебе дома. Да добие ќотек (а работава е дотаму дојдена) нема да има ефект знам. Ќе се налути ќе почне да плаче да вика и за инат пак ќе седне. Му давам задача да изврши да нацрта нешто вика после после и на крај јас ќе побудалам. Надвор неќе да излага немало со што да игра ама и голем бил за надвор Ако има некој да ми посоли памет би ви била благодарна Немам ни многу време за пишување ајде поздрав
Втори ден се занимавам со дете по дома. Градинката е затворена и само исмислувам игри да ни мине време Денес на студот возевме точоци. Синко на пат накај дома целиот црвен во лицето, размрсулавен и премрзнат. Му пуштив пред малку тв оти немам сили само да трчам по него. На менито ќе има пица. Со негова помош ја направивме. До душа стави синко се во пекарчето па сега оно ја меси јас одмарам Неговата пица синко сам ја месеше на рака, он е повреден од мајка му Па кога удри да ја сука со сукалото, го прашувам нели треба да ја оставиме да порасне. Не не пицата сакала да ја сукаат, рано и било. Вчера украсувавме елка, чекаме да дојде Дедо Мраз... ќе видам уште што ќе ми падне на ум за анимации. Мене јака ми душа, кога ќе почнам од викендот со работа ќе бидам без пауза до крајот на месецотДобро на 5-6дена ќе добијам по 1 ден слободен. Немаме луѓе многу болни и на одмор. Со 7 души треба да покриеме смените. Пред некој ден се понудив да ставсм само апчиња и инфузии за 3 смена и да си дојдам дома. Оти ако работам вечер нема кој да ми го чува детето. Среќа ми рекоа дека ќе се снајдат, па не отидов. Колешката пак спиела на работа, оти од втора, па утре прва и дека многу пат... Легнала на лежалките за пациенти да ја преспие вечерта. Законски не е дозволено да имаш толку краток период меѓу две смени, ама кога нема луѓе и се нема друг начин се е дозволено. Ќе го учам мојто дете да заврши нешто посалам. Оти на долги стази со вакви работни услови не се стасува. На вчерашен ден почина татко ми Запалив свеќичка пред сликата и демек синко поголем пробав да му објаснам дека моите мама и татко се на небото, на исто место како и мајка им на неговите братучетки. Ама се осетив дека ми се фаќа гласот и дека ќе почнан да плакам и не успеав да објаснам до крај. А, и гледам не е толку голем и за да сфати. Оти на крајот ме праша кога да ја дувне свеќичката за роденден Тоа да видам до каде е пекарот, треба тестото да е готово
Добар ден и од мене @fairy88 жал ми е за родителите. Ме трогна постот, можам да замислам колку е тешко и без двајцата Децата се се' за родителите ама и родителите исто за нас децата. Кога сме веќе овде да кажам дека малку фалеше денес синко да остане без мајка Луѓе кола удри во мене и тоа јас со точак Нема да ми беше криво да не бев на велосипедска патека и баш на пешачки премин Образложението на госпоѓата беше дека погледнала само на десно и дека била занесена Среќа удри во точакот, јас паднав ама без тешки повреди. Не повикав ниту полиција ниту брза помош, прифатив само да ми го однесат точакот на поправка и поминаа со само 55€. Кога му кажав на мм збесна, требало да викнам полиција вели, не сакав да ја паничам жената која и така беше уплашена. Оваа недела како марфи да не сака да си оди Нели гости имаме де Синко со братучедовците скокал и паднал на работ од креветот, има едно око сино и отечен образ Сето тоа додека седеа дома со баба им, кога го видов лошо ми стана, како на фронтот да бил. За сабота закажавме мала прослава за новиот дом. Треба да се спремаат некои работи и за таму. Во вторник си одат гостите Дете почна да изведува. Од кај го послушав мм да го оставиме да не оди во градинка додека се овде гостите. По цел ден бара на таблет да игра, за шетање не сака да чуе. Морам да ги ставам во ред и малиот и големиот маж инаку не оди на арно Убав ден на сите.
Кога дете е настинато и му одиш по газот, имаш ситуација кога се враќаш од работа и правиш: 1. Сутлијач, 2. Супа, 3.Компот, 4. Макарони, 5.Вафли со мед, 6. Цедени сокови, 7. Павлаче само да каснела 8. Млеко со мечиња 9. Дај вода ама у таа чаша, 10. Зелка салата. Во рок од 5 саати, 10 различни јадења. Вчера бетер, пржи ми компири, дај чоколатце, сакам корка од пица, сакам цедени сокови, сакам од сите овошја по едно кругче, дај компот ама овошјето да го јадам со вилушка а со цевче да ја пијам водичката. Избриши ми мрсули, а да не ми го допреш носот. Може ли да спијам со отворени очи. Вчера маж ми ја однел на контрола, и земале крв, сјае крвната слика, она 4ти ден е со 37 со 5. Со прстот у вис цел ден како ја боцнале, иако го допре од нешто мора да се баци. Зима играчки и со нив им се јавува на другарчиеата од градинка, ало, јас сум болна, вие дали си ограте? Дали плачете за мене да дојдам? Сакам да оздрави, да си влезе у ред. Срце ме боли дека без мене била крв да и земат. Маж ми пукна, дење со дете, ноќе со работа. Уморни сме.
Добар ден. Дојдов да се пожалам. Утрово се разбудив со вкочанет врат,како некој робот сум,неможам да функционирам. А сепак сите домашни обврски завршени. Доручек за дете,исчистив со правосмукалка,избришав прашина,две машини собрав од жица исто толку и закачив да се сушат.Купатило исчистив ,се истуширав.Ставив леќа да се вари,ама ништо нема да биде до сега три сати се вари,месо да беше мозок ќе се направеше до сега.Така ќе оти во канта,на дете ставив зеленчук да се вари а ние ќе јадиме некои тестенини. Стариве ќе излегуваат вечер,се надевам дека дете ќе заспие порано па да поуживаме со мм.Ќе имаме минути само за нас со малку пивце и нешто за мезе. Утре мм ако не оди приватно да работи во план ни е да одиме до чаршија на кафе,а можи и да појдеме до панаѓур. Требаше да одам на заболекар но одложив за понеделник,ќе одиме со дете па оттаму ќе отидеме на некаде на гости. Еве неколку пати го имам носено со мене на заболекар и до сега е ок.Седнува сам на столче,го возат на столицата или докторот или сестрата,отвора уста за доктирот со огледалце да ги види запчињата и на крај му даваат тампони,а дете среќно. Побрзо оздравување на сите болни дечиња. Доста пишувам и онака не кажав ништо.Да станам да барам некоја маст да се намачкам да ми пушти малку вратот. Имајте убав остаток од денот.
Здраво петочки..а петоков душа ми извади,т.е. на работа.Све некако магично ги снемува луѓево ка има најмногу работа...Глава ме боли три дена по ред... Викендов еден роденден на повидок и сакам да одиме со маж на пица-ја мислам цела недела Детево и моево се размаза одкако не иде некое време у градинка..И мене ми бара баш таа компот-течноста со цефка,сливите со лажица,па вафла-путер од кикирики на едната страна,а џемот од другата страна... Јас исцрпена некогаш и пред него заспивам,кај 9ч. А тоа повлекува после у сред ноќ да се пробудам и веќе од 4-5ч јас неможам да презаспиајм..Многу ми е мачно..Па филмови у глава еден куп... Уффф не е лесно мајка да си,па уште бремена... Имајте убав викенд ,се читаме!
Добар ден Се обидувам да заспијам деца ама тешко ми оди Макар мали да заспие се радувам на едно кофи во мир да испијам Ретко пишувам и не знам од каде да почнам,што да напишам Во главно здравје не служи,децата де Јас и маШ по малку настинати ама ништо страшно,битно децата се здрави Мали од ден во ден се по напорен и тежок за чување 60% од денот го поминува со плачење и вриштење Паднал-плаче Не му даваме нешто -вришти Се искарале со сестра -плачи Му се јадело-вришти.....и така во недоглед Единствено добар ако се шлапа со вода По сто пати го преслекувам колку се водени Едвај чека да оди вградинка од дете кое не сакаше да стапне таму сега со трчање влегува,не успеваме ни да се поздравиме Него уште некој ден има роденден па многу сме возбудени Темата сам си ја одбра...со помош на сестра му Сакале Пепа торта За во градинка ќе спремаме мини слатки пакетчиња за дечињата...јас по возбудена од децава сум Могли заљубенаа ни е во сложувалки Не изненадува колку брзо ги прави па скоро секој ден купуваме нови 3 ипол годинки а сложува сложувалка од 50 парчиња и тоа так мали што едвај се распознаваат,додека таа за 10 минути ја завршува И се восхитува на зимата Секој ден ме прашува кога ќе красиме новогодишно дрво Јас би деновиве ама да не е многу рано Што велите?Кога ќе красиме елките? Никој не заспа Да станам и да си сварам кафенце @Monella Голем да расте зетко Ае довиџења
Добар ден женички. Деновиве некако мачно ми минуваат па и немам баш време да читам што се случува тука. Јајници веќе месец дена кај што ме болат а никако да се наканам да појдам на лекар. Згора на се чекав да се породам па да почнам и на стоматолог ама за тоа фуфки што да ви кажувам. Кичма партал,знаете како одат тие работи со бебе. Згора на се се чудам како покрај сите тие тежини поединци стасуваат да си ги сработат и сите останати обврски. Мене се ми заостанува. Има денови кога се е под конец ама не е тоа секогаш. Големото си начекува луфта па деновиве кисне на компјутер е ама синоќа го исклучија па не плаќам овие денови,нека нема. Малото душа е срце е направивме 3месеци + 2дена 13 та недела ама душа и срце е само кога е мирно и весело а има и периоди кога цивка и не му се погодува. На повидок се заби па ја искина и раката и устата утре пак сме на роденден. Машала овој месец со родендени. 6 сосе тој утре. Се породи и една пријателка само убавини нека има. Пропуштив родителска средба четвртокот. Сега треба да ја барам учителката за индивидуална родителска да организираме. Да видам како синко се снаоѓа и однесува на училиште. Вика еј поубаво било одколку во градинка нека се живи и здрави и нека им е убаво тоа е важно.
Добар ден Кога има сонце,се буди позитивната јас Не знам што ќе правам зимава,мрзам студ А последната зима ми беше ем најубава ем најлоша,2 во 1. Од позитивен тест ,до лежење, утрогестани,и стресови Ама сега се надевам дека ќе биде посебна. Заедно сите тројца за прв пат Бебе последниве денови ми е некое вештерче навечер Додека го успијам он се разбудил. Сега најнова шема му е ако му падне цуцла се буди,и идам да му ја ставам он ми се смее,цепки целиот,а саат полноќ Зачистив по дома,вечер ни се најавија гости на повојница..никако да завршиме со таа повојница и секој трет ден некои нови гости,аман заман Уште трудна се нервирав за овој момент. Да допијам кафе,ќе дојде свеки да го види малиот,болна беше па го немаше видено. Уште она ми фали Ве читам сите,и пишувам секогаш кога наоѓам време.
и од мене. И јас уживам да ве читам,ама време за пишување ич немам. Па некогаш и додека ве исчитам или на друга тема нешто да прашам и тоа малку време што го имам,се потрошило . Денеска божем убаво време,излеговме на прошетка со мали и сестра ми,ама се појави некое студено ветре,а вечна дилема ми е дали бебе е убаво облечено,па прошетавме малку и си се вративме дома. Таман мислев ќе седнеме на кафе,ама бебе внатре нема да седи,надвор ми ладно и ветерче,па ај,одложивме кафе за наредна пролет/ лето Убави сончеви и топли денови за пиење кафе надвор не верувам дека во скоро време ќе има. Бебе спие,чекам мм да дојде од работа да јадеме,ептен сум гладна. Додека чекам да дојде грицкам пуканки да не ми побегнат цревцата од што сум гладна *** И така,денот заврши додека јас да допишам и испратам пост. Дојде мм,ручавме,пиевме кафе,се поигравме со бебе и веќе сме во кревет. Лека ноќ И да, додека читам како ви поминало секојдневието на секоја од вас,се чувствувам како да седиме некаде на кафе и си муабетиме како ни поминал денот
Добар ден мајки. Ајде денес послободни чкртнете нешто на темава мислам на тие кои нема да прават генералка денес. Оти по некое непишано правило недела е ден за генералка. Станати од 8ипол. Епа веќе си фаќаме ред со станување. Да не подрекувам. Сега бебчо дреме за да можам да пуштам машина да пивнам кафе и да јадам. Толку му трае дремката Со големиот сме на роденден денес, треба и кај кумата да појдеме имаше девојчето роденден пред 1 месец ама не појдовме температура имаше големиов синко и еве месец дена поминаа и испаѓа како да ја молам кумава за да појдеме а после ќе рече леле не дојдоа а ние кумој ова она... Знаете како одат тие работи. Почна денов со сонце колку позитивно да не разбуди па ќе видиме како ќе се задржи во теков на денов. Ајде пријатен ден
Добар ден Пак сум ненаспана, 2 дена по 2 сати со прекини, не дека претходните појќе спиев... поголемово со затнат нос, едвај диши, плачки нон стоп, а сабајлево почна и да кашла по малку. Дур бев бремена големово стануваше во 6. Таман почна подолго да спие, сега малово се буди во то време. И сака исправен да го шетам иначе плаче на цел глас и сите ги буди. Па така мораме да се префрлиме во дневна, по 1 сат пак ќе си заспие, јас зомби. Е не ми се исплаќа пак да легнам полошо ќе си напрам. Уште малку вака ќе седам да не ми се познаваат торби. Двајцата најадени, облечени, направив кафе демек на раат ќе го испијам и во истиот момент големово "мама какам", малово се разбуди Ајде бујрумте, дур не е изладено да го испиеме. Денес кај баба на ручек, да се поздравиме со вујна ми, тажно претажно ќе е, ќе има плачки многу. Само таа си знае како ќе си оди, а срцето го остава закопано овде. Уште појќе ми е криво шо многу малку се видовме. Денес ќе им направам проја и ќе им однесам, многу ми ја бендисаа ко бевме кај нив, немале пробано такво. Ги имав покането на ручек ама не стигнав да ја направам, па им ветив пред одење ќе им спремам голема тепсија. Пуштив машина од децата и ко за инает изгорел некој осигурувач долу. Свекор ми дур дојде дур го напрај 1 сат, досега ќе испереше. Од друга страна пак среќа шо не беше до машината, уште то ни фалеше сега. Да ви кажам со шо игра детево мое? Со зрна (пченка, грав, леќа, ориз) и метални пари. Цел ден тура претура во чаши, кутивчиња, со лајчиња од млеко и сирупи. А паричињата си ги реди во џеб и пазарел. Му ги измив со сјај и жешка вода, само да е мир, инаку ќе вришти дур добие шо сака. Дури во сон некогаш ги бара па така маж една вечер трчаше да му ги донесе. Имајте убав ден, доста е од мене.
Ево мене Како сте? Јас со глупава главоболка од утрово. Од 6:30 до 10:00 момата (се одучувам да ја викам бебе) беше залепена за цицка.. Аууу едвај чекам да се одбиеме Со последни сили ја заспав сношти во 12:30, тоа не се трпеше.. Не можам повеќе. Уморна,недоспана,нервозна дека недоспана, во кола-цице, на гости-цице,кај баба и дедо-цице, на сред пат-цице, ма не се трпи веќе. Немам идеја како ќе ја одбијам, стварно мислам дека нема да успеам. Дека до 3 год ќе цица. Буквално е зависна од цице.. не јаде ко што треба затоа што е залепена на мене по цел ден. Мислев од кога ќе тргнам на работа ќе биде подобро, ама јок, како расте така се почесто и почесто бара. Деновиве е во некоја ужасна фаза, на се што нема да биде по нејзино,почнува да вришти и пишти колку ја држи глас,ме мава и легнува на под. Дали се ова првите тантруми? Не е ли мала за нив? Или уште скокови има,и на 16месеци? Ние во недела стандард сме кај мајка ми. Завршив работа по дома и правец кај неа. Маж стандард викенд од утро до мрак работи, до скоро му се лутев и со денови муабет не му правев за тоа ама... кола една купи,кола друга,кола трета за мене,комбе зема,сеа му текна едната кола ќе ја менува за џип... не паѓаат од небо нели?Некој мора да и да го исплати тоа. Се чудам зашто се понашам ко дете понекогаш,ми фали да,ми фали да е со нас по цел ден,да имаме време за нас,за шетање и се тоа... он од друга страна сака да обезбеди за малата се, пошо реално само со плативе уште на 15ти сме шворц. Крај краева си работи за него, не за комшијата.. Зимоска ќе се гушкаме на раат Ах..кога сум кај “гушкањево“, да се пофалам за најголемата брука на векот. Си отидов на работа вчера... малата спие,па јас не тропам за да раскревам... И,се враќам од работа гледам спалната спастрена,послана.. и пакетче “спортекс” онака отворено оставено на наткасна. Аиииии, тоа свеки да ја спастрила собата, и имала што да види Ма цел ден му викав на мм,како е можно да е толку немарлив, јес да едвај чекавме да заспиеме ама до толку да е заборавен па да не ги стави во фиока Срам ми беше од жената стварно. Не е нејзина задача да ми ја постила спалната, уште помалку да ни наоѓа овие работи... Во земја пропаднав. Ах бе што сакам да сум сама во куќа, да правам што сакам и кога сакам Ај дури пркне малово, таман после нема да ми треба помош низ дома толку. И така. Второ кафе пијам со надеж дека ќе престане главоболката... Си ја кажав глупоста, сега да разгледам некој онлајн бутик, во потрага сум по убава јакна. Имајте убава недела
Мајки ајде совет и помош синко е 2год. И цело време палчето си го става во уста го цуца а не факаме цуцла како да се одвикнеме или некое спрејче да прскаме имала некоја ваков проблем со детенцето
Ноќ мајки Помина и овој ден, уствари веќе е и 18ти, па веќе на мојот голем дечко не му е роденден Убав ден, но некако напорен, многу гости бе, па дури им постелаш, па ги намириш, за собиранка ич не се ни попружив Да се живи и здрави бабите, без нив ништо Немаше кој знае што да се средува за по маси, ама 45души се ипак 45души Ма супер беше, сите кои сакав да се тука беа на масата, сите беа весели и расположени да ја прославиме двојката Кенди масата испадна и подобро отколку што мислев, браво за мене е сега има еден детал што го утнав со порачката од Али, па не го ни ставив, ама кој знае па да се замарам Најбитно на дечињата ептен им се бендиса, а пак дечко мој кога ја укапира кока колата на гз падна, а па омилените бони, јаооооо пукна од радост Уствари јас наредив само тоа што нему му е омилено и јаде, негов ден е нели Скоро сите му донесоа по некоја играчка и нормално се испоотвори и сите му задржаа внимание по 10тина минути. Освен еден балон со хелиум едно 30мин го играше, браво за тета го погодила поклонот Иначе он ич не се радува на балони, ама ете Укапира дека секој кој иде му носи по нешто и подава и а види нова фаца иде, прави уууууу и зјапа у рацете на гостинот Срамота Поклоните сите убави, едни фармерки жимити ми бодат очи, ај и еден џемпер ама оки се сите Тортата троа малку ме разочара Абе убава е, ама не сме се разбрале убаво каква ми е замислата, оно таква е генерално ама не е до крај На вкус ок, убава, тазе, ама сум јадела и поубава, ништо спец на толку фалење Прасето, ех прасето вака убаво личеше ама едвај го вкусив Утре ќе кажам импресии Море битно на дечково му се бендиса, на едното му ги изеде ушите Кога го виде, кога се попали дете, сака да го фати, да го тегне и ај му го принесоа, го погали па го помириса, па го лижеше на една страна и ај почна да штба од увото да јаде Мајка ми му дава месо, му вади, не ја бута, он уво сака Мина се, со фестивали слеговме доле, нели мора со музика да тргне славјето, па му преседна се кај 22ч и си зема една прекривка, си ја постели на скали и си легна. Душа моја Па го собрав горе, се избањавме, пижамки и отворивме и последниот поклон Полн погодок, ВОЗ И така кај 1ч го намолив да заспие, заспа гушкајќи еден вагон Едвај му спласнаа импресиите, утре ќе се спие до касно, па ќе се шета Еј денес денов права есен, станавме сабајле со магла или смог, абе до прозор ми беше, па кај 10ч се расчисти, за да во 11 пукне сонце, ама како зајде сонцето така стегаше на најјако ладното Ѕивра е сега и парно си пуштивме. Ај да спијам, се стоплив, хрчи малово до мене, уствари бучно диши и само прета, средува импресии у сон изгледа, не му се верува каков ден минал Ако средам сликите ќе пуштам и сега, ако не утре, а може и задутре ќе фати Убава ноќ, гушкајте се