Добар ден @emkaemka среќен роденден на големиот дечко, да биде жив и здрав и секогаш да ве радува Со нетрпение чекаме да видиме каква кенди масата си направила @elcezelce со лесно бременостМинатиот пост те заборавив.Што би рекле германците Зори(Sorry) @Chanell* мојата редовно ги гледаше кондомите кога бевме дечко и девојка.Го карав мм ама нему не му беше гајле.Сега после бурна ноќ пак ги забораваме и неколку пати ме праша малата што е ова.Одговор не знам на татко ти е Вчера баш прочитев статија дека децата што цицаат палче биле поздрави од другитеТака да од таа страна не се нервирај Се возам на работа.Малку каснав бевме на др со малата за кашлицата.Чисти гради нека оди на градинка.Се јавив одма во градинката рекоа нема проблем.Многу сум задоволна од оваа група многу се флексибилни.Многу ми помогнаа во одвикнување на пелени.Не само на мене на сите деца дури и во одвикнување на цуцла помагаат.Ниедно дете над 2 години нема цицла веќеМоето не фати никогаш. Кај докторот ме изнервира една жена се правеше наудрена и го зема редот на таа пред мене.И реков на оваа ама оти странец па и плус муслиманка не сакаше да се кара.Па јас стапив на сцена .Ама глупачата само рече не можела да помине Ја чекав да излезе за да и кажам едно фала за редот нема ли да добијам ама на малата и се проди во ве це па не ја видов пакТолку беше гужва што на никој не му беше гајле за редот Ненаспана, ми се спие ама ќе одам на раб да се гољам со кафе. Имам уште да пишувам ама стигнав .Па ќе пишам во друга прилика.Важно честитав на Емка. Поздрав и убав ден
@emkaemka Најјјјсреќен роденден на дечкото Емче,здрав,жив,весел секогаш да е Чекаме слики Малава сакала тортата со Скај да и биде,сега сум во разгледување одбирање торта,битно термин за торта си фативме. Утка нема кај нив,прави уметници. Заспа малата,и јас ќе дремнам,многу ми се спие.Цели денови можам да ги преспијам. Битно надвор сонце се изпрошетавме,мајка стокми доручек,ручек..една е
моето е близу до 7 години па уште става раце во уста и цица прсти ко ќе го видам ми иде прсте по прсте да му ги сечам. Ама премногу ме нервира често го опоменувам ама некогаш се дешава да го искарам а на крај и да се раздерам како улава. @emkaemka честит роденденот и машала со 45 души. Ние на првиот родендн немавме толку ама сега ако кругот на дружење е голем.. тоа е. Добар ден од мене. Да чкртнам набрзина. Допивам кафе а малото штотуку стана од спиење. Големото на школо. Вчера имав тежок и напорен ден и на крајот завршив на ургентен. Епа не,не се издржува. Налет се и нервозите се капак. Од нив тешко кога ќе се излечиме. Па и бебе деновиве пискаво што да ви кажувам. Нервозно раце во уста и партал прави. На повидок ни се запчињата. Ама има маста да ни ја извадат. Со првото полесно ги издржавме. По 3-4 му излагаат одеднаш. На 5 пати сите ги извадивме. Сега ќе видиме. Господ сила да ни дава. Не знам колку ќе ми верувате ама цело време деновиве само гледам на саат и чекам денот да помине. главоболки до бескрај. Имајте пријатен ден.
@emkaemka среќен нека му е роденденот на дечкото, голем да расте и да ве радува секогаш Преубаво си декорирала, браво П.С. Знаеш дека уствари сега после толку години откако те читам на форумов, приметив дека си Емкаемка? Јас цело време Емкакремка те мислев дека си За на очно сум, очигледно
Добар ден, Пропуштам прилично многу честитувања па вака групно да честитам родендени и позитивни тестови. Да сте си сите живи, здрави и радосни. Кај мене нема нешто мноуг за фалење. Работа преку глава сама си закачив, ама беља работа детето баш сега закачило гнојна ангина. И сега сум ем преку глава со работа ем со болно дете. Ај што е болен туку што сум упаничена за тоа ангината. Пие антибиотик ама пак веќе 3 дена знаре да поткачи температура. Не знам дали му е подобро или не. Налет веќе со овие болести. Толку од мене да си фатам работа.
@emkaemka Среќен роденден на дечкото, жив и здрав да биде цел живот! Немој веќе бебе да го викаш, он стварно голем батко бил! Преубава декорација, браво @Ava.84 Да.. ама нели,друго е дечко и девојка, друго е сега Мм само се насмеа, ама јас го кркав срамот пошо јас го пијам кафето наутро со неа,не он Нема везе,помина. Сигурно не мисли она дека бебињата штркот ги носи Дете спие, јас за половина час треба да одам на работа. Ако стане пред да излезам,ќе има плачки. Ќе ме види нашминкана и облечена и одма знае дека ќе одам некаде.. како жално плаче па,уф Станавме во 9, бевме надвор збиравме ореви, дете пресреќно што учествува во активност со мене, па ги кршевме и кон 12 и се приспа. Синоќа не спиеше ич добро, цеееела ноќ кенкаше и се вртеше, и викаше по мене. Сабајле ја соблекувам,она искакана, газето лом,црвено со бубуљички цело, не ми даваше да ја допрам, викаше “мамо зезе” ја печеше сигурно Ама не ја осетив бе,ниту мирисаше ни ништо, она вчера се прејала пченка, и три пати ја протера... Ни на крај памет да ми текне да ја соблечам во сон и да ѕирнам. Памет за друг пат. Ја изнамачкав со Флогоцид, се молам да и мине до вечер. Ваква никогаш не била, црвено црвено ко вазнава на маса и ружите што Емка не ми ги бендиса. Да се облечам и да ја фатам вратата.. Леле, само 3 часа бевме заедно, многу ја мразам вторава смена, ич немаме време една за друга
Поздрав мајки @emkaemka среќен роденден на малиот, здрав, радосен и умен да биде. Околу гостите не знам што да кажам, и ние толку имаме стандард и плус деца. Еве сега рачунам за првиов роденден на малава околу 50 возрасни и 15 деца, почнувам да се предомислувам и за славењето која игротека ќе не собере не знам. Ве читам редовно ама не пишувам, ме фаќа некоја мрза, а и мслава е 99% од времето легната на мене и потешко оди. Се надевам следниот пат ќе дојдам да ве частам за убави работи.
Вечер мајки Ајде кој е за едно убаво капучино ,го сменив кафето веќе не ми оди ,уствари деновиве ништо не ми оди толку ми се гади дури на моменти се прашувам како ќе издржам уште 4 недели се надевам дека до 12 недела и ќе завршат мачнините .Синко замина со дедо му во комшии малце да си поиграа да прошета ,мм кај и да е треба да стигне од работа .Викендов турбо мина со брзина на светлината во саботата на роденден па на слава ,вчера пак на слава ,а преку ден чистев прередував шкафот на дете и толку помина викендот ,а јас некако не одморена останав.Во градинка денес им правеле систематски преглед и синко мој е меѓу најситните во групата ама нека е жив и здрав само @emkaemka најсреќен роденден на лепотанот жив,здрав голем да расте иначе јас уште вчера ги видов сликите случајно ти си пријателка со моја поранешна комшика па кога ги видов сликите денес тука те препознав многу сте убави и мајка син Убава вечер
Mene odaaaaaaaaamna me nema na temava ama cat pat ve citam.Neznam sto da kazam ama tolku turbulenten period so cuda so ubavi a i neubavi slucka pa od sto ne mi se zboruva i me faka nervoza ne sum ni pisala podolgo vreme.Na site sto slavat neka im e sreken rodendenoooot
Добро утро мајки. Ајде од мене кафе и блакце да се обложиме. Викендов ништо од планираното мм работеше до мрак,а мене не ви се шеташе сама. Така во саботата си останавме дома,си имавме гостинче од комшиката внуката.Има 8 години и многу се сакаат со дете,Таа имаше една кукла бебе и дете не се оддели од неа,се изнаигра. На мм му кажувам како ни помина денот и како и секогаш се законтравме за машки/женски играчки.Толку некогаш ме види од такт за ситница.Што има врска дека дете си игра со бебиња или па во куќа да си готви. И тој се грижи за дете сега и кога беше бебе исто колку јас(се разбира кога беше дома),исто така готви дури поубаво и од мене. И конечно му докажав дека не постои делење на играчките. Вие што мислите на оваа тема постојат ли машки/женски играчки? Во неделата сами со дете дома,мм работеше,а стариве беа излезени.И цел ден му се посветив на дете,баталив и чистење и готвење.Само кога заспа направив набрзина макарони. Па откако мм си дојде излеговме до кај брат ми,малку да се излуфтираме. Вчера излеговме два пати во двор по пола сат,другиот дел од денот го поминавме дома.Дојде бабата на мм,жената незнам зошто се мачи да иди кога никогаш не седи повеќе од еден сат. Потоа јас со чистење и ручек дете за тоа време редеше коцки,па после читавме сликовници,игравме со коли,редевме сложувалки си дојде мм и дете збесна. Чекам дете да стане,да јади и ќе одиме на заболекар.Брат ми ќе не чека таму и ќе одиме сите кај баба ми. Да излезам да запалам едно цигарче додека ѕверчево не се издигнал од кревет. Имајте убав ден. @emkaemka среќен роденден на лепотанот голем да расте.
Ај добро утро некој бил вреден па и мрсна торта напраил браво, да му се пријаде на човек вака кога гледа по екрани се, а во реалноста кога ќе си видиш еден стомак малте не како 5 месец си викаш ај па и не мора торта да плескам и јадам. хахах Шала на страна стварно ми се пријаде од тортичево, наздравје да ти се и тортата и кафето. Јас на работа, наместо да почнам да работам јас фемина листам, боже сачувај и вакви како мене држат работни места цццццц, ако бе па шо и јас имам право на еден ден во месецот мала релаксација, детс ит. Малата пак почна да кашла синоќа цел саат после заспивање кашлаше, па ај се развртевме со мм те чајче со мед и лимон, те сируп антибиотикче, во месец ипол трет пат се разболува, па ај преоблекувај дете дека испотено, а така ми се спиеше, море како сум се расонила. Тука остајте тоа, заспа малата, таман се стокмив да го гушнам мм за да се стоплам, само што го гушнав и вика мамо дојди кај мене, коса дај. Викам чао мажу одам јас на другата половина на кревотот. Еве вторник полека но сигурно минува, од сабајле три промени сменив и во ниедна не се видов дека убаво изгледам, ми се надул стомакот мислиш 5 месец сум, знам треба да добијам но не е нормално или сепак нормално е толку да сум подуена во овие периоди се мразам зсо толкав стомак, генеза си имам за таков стомак но нели зошто јас хахах. знам има и начини за рамен стомак но оди примени ги мрзлива сум станала. Честитки за сите што си славеле, со среќа и убаво да ви е се. Се читаме
Вечер мајки. Кај сте сите бе!? Слабо типкате да не ве фати предновогодишна еуфорија? Гледам по фб почнаа да се прашуваат од кога да китаат елки Овде како затера со дожд, врне без престан со недели. Пола Италија е со поплави, некој ако планира да доаѓа за Венеција ич да не се лаже да ризикува. Денес си заминаа и гостите за Мк Леле, кое олеснување Цел ден не можам крајот да си најдам, пералната да има уста ќе каже доста е Важно се помина во најдобар ред, деца се наиграа, возрасни се намуабетиа и којзнае кога и дали пак ќе дојдат. Бидна и ручекот по повот вселувањето во новиот дом. Дете почна пак во градинка. Денес кога отидов да го земам беше во скутот на воспитувачката, сакал малку да се стопли. Ме изненади, колку само се има опуштено Со задоцнување, да честитам роденден на баткото од Емка @emkaemka многу да ве радува. Одам сега, ме фаќа криза за благо. Мирна ноќ мајки
Непланирано се спрамам за пат цела исповозбудена. Сама со синко од нигде некаде ми текна да појдеме до Мк а сало пред два месеци што се вратив, но кога маж вика оди види што да не. Ме зеза ајде барем поклони за роденден ќе си собереш . Мада ми е гајле за роденденот кога вистинскиот човек нема да биде до мене ама се мора сега да одам инаку што би правела во јануари и февруари доле кога ќе е кочан ладно. И така блек фрајдеј ќе го пропуштам но се тешам онлајн ќе нападнам па мм ќе прима пакетчиња дур јас дојдам . Ново старо тоа е ци*ките ме болат уште дете абер нема за млеко нит ми бараше нит спомнува јас колку бев исплашена као леле што ќе биде и како ќе биде па дали ќе спие добро или ќе јаде а тој мочко мајкин сега по цела ноќ е труп нит станува нит се буни како што беше сур цицаше. Една случка од пред некој ден се жалам јас на мм во шифри ок да не разбере дека ме болат и дека имам уште млеко. На сред муабет детето почнива да збори, цитирам : - Па, мам ако нешто има, да те водиме со тато комбето кај докторот и прави боц боц, ништо страшно само крфче зимат. Абе да се смееш или да плачеш е работата од него на ред неможеме со мм да дојдеме да кажеме нешто се тој си знае се е тој во центарот на вниманието. Срцка е научил на месенџер да се јавува па со тетка му пред некој ден си правеше муабет дур јас алишта пружав, го прашувам како успеа па ми вика на зеленото се јавува знам тета ѕвонеше и јас се јавив. А само 3 ипол години има, а тек кога ќе почне повеќе да разбира кај ќе ми е крајот. Туку мн е напорен кога треба да го исплакнам после бањање , цела зграда крева во вис мислиш го колеш тепаш o. Почнав да го бањам двапато во неделата бидејќи минатата недела комшиката до нас на поминување ме прашува за градина зошто не одел дека мн бил плачливо дете и и враќам јас фино дека место чекаме а дека е плачливко нека е само жив и здрав дете е се си тера по негово. Жената ми напомнува ама што да и правам И мене нејзината мачка во 4/5 сабајле ме вади од памет кога скока по дома се се слуша. Кафето скоро прикрај малиша спие уште. Се мислам што со денот денеска, што ќе правите за ручек дајте идеа?
Здраво мајки! Јас сум тазе, тазе во новава улога на мајка. Утре полниме 40 дена. Мајка сум на две машки близначиња. Се породив природно во 33 недела на ГАК. Бебињата беа во инкубатор 13 дена, за цело време беа стабилни. Сега дома го надокнадуваме пропуштеното време за гушкање. Растам секојдневно и јас со нив. Уживам во извршувањето на обврските околу нив. Исклучиво јас и мм се грижиме за нив. По потреба ангажираме баби. Засега добро се снаоѓаме... Слаба сум многу на нив. Цели 5 години молевме Бог да наполниме раце. И бидна... Што со помош на Божја волја, што со помош на медицината. Имавме успешно прво ивф во Ремедика кај Петановски. Се надевам ќе си пронајдам свое место во темава, од труднички си понесов многу убави спомени и виртуелни пријателки. Ви праќам прегратки од моите момци
Здраво друштво Прово да и посакам добредојде на @bela.m во најубавото катече на форумот. Да ви се здрави и живи бебушите. Вчера петка поминавме....Мора да се простиме од количката,дете ни е мрза голема и не сака да оди туку во неа сака да седи.Дете без количката помина супер,одеше два километри без да побара во раце. Е сега убо ми беше и мене со количката дека пазарот во неа го ставав.Количката што не има видено,товарна е колку што треба и нетреба.Затоа цела шклапа господ здравје за второ бебе нова количка ќе си купиме. На заболекар поминавме како и што очекував,дете стоеше до столот кај што седев и внимателно го гледаше докторот што прави со запчето од мама.Секако на крај среќен седна да столицата да го повозеле горе-долу,проверка на запчињата со широко отворена уста и на крај како и секогаш му даваат тампони/памучниња како и да се викаат. Кај баба ми веднаш го потиснав за спиење,не дека сакаше ама "ни дојде" Верка вешерката и таа земала деца кои не спиеле и не биле мирни.Сега за сега ова ни пали за да заспие или да се смири.Па потоа друго ќе мислиме. Седевме со мајка ми и брат ми рајат кафенце си го испивме и потоа и помогнав на мајка ми за ручекот...... Вечерта на кај дома дете бараше во аптека да купиме ацерола.Му купив кога беа 1+1 и му дадов му се бендисаа и бараше уште.Му кажав дека не смее да грицка повеќе од едно шеќерче и му ги скријав и секој ден ме потсетува за да му дадам ацерола од јагода. Влеговме во Стокомат земам корпа и почна дете да си става работи што си ги сака.Тој стави јас вади, и на крај не забележа дека сите работи што ги стави во корпа ги немаше само му оставив мал дел.И чекаше тетката да ги титни и си ги зеде во рачињата. @TutiFuti Еве го и мојов кога ќе го плакнам вреска и бега низ када колку ми е страв да не падни да скрши нешто.Оваа фаза ја поминавме два пати се надевам што поскоро ќе заврши. Денеска на мени пилешки џигерчиња со кромид,праз и Печурки.Сигурно една година немам направено,па нигу јадено. А за дете ќе му дадат гравче,свеки вчера правела (дека не бев дома,инаку ќе чекаше јас правам ручек)
Добродојде @bela.m ,срцки се малите (од сликата).Живи здрави големи да растат. Срекен роденден на баткото @emkaemka ,само радости да ви носи! Добар ден, како иде? Турбо на работа...За жал кафето уште не го поднесувам,па као се лажам со чај....Истите маки ги имам-несоница ме мачи. Дете важно ми е срце мајкино,јаде,расте,секој ден нешто ново кажува.Импресиониран е со кабли,продужни,мауси,лаптоп...све што е електроника..И чат пат знае со лего коцките да се заигра. Валда опкружуваето му ги наметнало тие интереси?! само нека е жив здрав... Стандард,нос му тече подкашлува....јас прскам солени капки-тој се дере! Имајте убаво попладне,се читаме
На рапорт мајка немајка! Оставив дете кај роднина што живее над нас и сега пружив нозе, следно ќе пружам алишта па ќе го зимам. Нејќеше дома, сакаше да игра со братучетка му. Еве ме нецел пола саат и одма малку ми олесна. На работа нели ме преместија на друго место и таму има турбо работа нон стоп, ми се темни, ама се ближи добробитот од тоа работење. Прибирам документи за апликација за решение, го имам изгубено уверението за завршени испити и мора да вадам ново па тоа и еден документ од аврм и спремна сум! Ама тек треба да се учи, оти ова не е зезање, ќе треба да се полага и за тоа треба асално да го загреам столчето, не е само процедурално. Нека помине и да здивнам малку. Го слушам дете како тропа горе и си мислам оти толку скока ова дете бре. Не застанува 1мин, нон стоп е активен. Викендов бевме кај мајка ми, дедо ми почина, искрено не го жалев толку него, почина на 94г, ама некако така ми се олесни на гроб кај татко ми, се исплакав за годинаипол што не си ја олеснив душата. Многу ми недостига! Ајде да пружам алишта па да го соберам дете мете. Убава ноќ мајки!
Честитики до сите што прославија родендени, да се живи и здрави и само радости да носат децата. Додека јас да се оправам и да честитам ќе помине уште една година . Ве читкам не да не ама бебчо се помалку ми остава време . Почна да се крева на колена и гледа секаде кај може да се фати и да се крене. Моментално на сред соба имам шанкерска столица бидејќи таа му е најсоодветна за неговата активност . Ептен му се погодија ногарките па меѓу нив што има еден како држач т.е појачување на статика кои му се соодветни на висината, бре. И така си седам јас на шанкерка на сред соба а тој вежба. Да ми кажуваше некој дека ова ќе го правам некогаш немаше да верувам, жими се. Денското спиење му е ок ама ноќе ни ја незнам што прави тој а богами ни јас . 1-2 ноќи е ок наредни 3-4 е хаос. Ваљда е до некој скок или заб . Туку денес го оправив бебчо ептен . Направив супа и пред да ја зачинам му извадив на него да му се лади во шоља за чај. Бидна супата и во меѓувреме ми се јавија доставувачи (се подновив со нова трпезариска маса ) и изигравав навигација по тел. а во меѓувреме си вадам тоа сецкото, си црпам супа од тенџере си ставам, па уште некако ретко ми се виде па си ставам просо и оп готов ручек за бебчо. Си сипувам во негово тањирче и почнувам да го ранам уште сум навигација на тел. и бебчо се мршти. Изигравам се и сешто па уште и ми чудно зошто не јаде а сака супа, а тој ми прави фаци и почнува да гуга нешто мислиш се кара со мене зашто доцнам со оброкот . Завршувам со разговор, доставувачите на врата, зимам бебе во раце и ги оправљам што и како да прават. Нормално, меѓувреме доаѓа големиот и бара супа, јас му ја подавам онаа шоља што е за бебе и овој на мене ,,ме зезаш, па јас несум бебе ова е за бебчо,, и нормално ми светна сијаличката. Епа тоа ти е, не ме изгледа бива веќе за мултитастинг . Како и да е бебчо си ја изјаде неговата незачинета супа . Големиот почна да користи односно сака да искористи некои моменти. Умен тој на мајка ама изгледа се уште не му е јасно дека мајка му размислува многу повеќе од него . Денес не можел да учи зошто му сметал бебчо. Да бе да, претходните месеци не ти сметаше а и си имаш своја соба па можеш таму да си учиш. Го треска некој хормон и ќе негодува, нормално , битно моите хормони се ставија во ред . Вчера ме насмеа до солзи. Вози автомобилчиња на подот, бебчо се радува и овој му вели ,,кога јас ќе возам кола ти ке седиш напред до мене со напрчена коса,, па во право си е детето . На целиот хаос денес успеав и да роварам јас на поткровјето. Тоа ќе ти дојде нешто како остава-подрум-сваштарник и сл. Се што не ни треба и као ,,не е за фрлање ќе се најде,, (редовно го чистиме на 3-4 год и пак фрламе) го носиме на поткровје од куќата. Си чувам јас таму од облека и играчки од првото дете до точаци, гуми за колата...сакав бебчо да го изненадам со нова играчка со надеж дека ќе се мрдне малку од шанк столицата. Не бре брате го погледна онака авиончето и го поигра цели 5 мин и пак се стрча на столицата додека брат му евоцираше спомени а татко му мислеше дека пак сум купувала играчки . Добра ноќ на сите, одох ја на хоризонтала .
Добро утро. Кафе и тенџере со манџа се крчкаат уште низ зори. Па кој е за топло кафе бујрум. . @24.07 леле ова прв пат се дешава со малиша да не сака да излегува од бања. Мислиш го колеш добро не е прв пат и сега дур бевме на одмор не сакаше да излезе од морето а тоа едни бранови огромни ама он не ќе се бањал . Се надевам дека ќе помине оваа фаза. Леле ме фаќа паника ќе летам сама со него прв пат едно ме фаќа што ако почне да писка и плаче по татко му од лај ќе му го најдам, др ме стра како ќе не биде сами по s-bahn и bus аеродромот ни е на 100 км од дома ама па едно викам со колата може да ојдам а мм да си ја земе после работа ама ќе видиме може и тој да не однесе. Уште сега правам списоци се што тррба да купам за домашната аптека мн антибиотици за сите залиха да има јер до лето нема одење доста е за ваа година . У план сум да се шатирам имам многу бели влакна фарбата не ми помага веќе не ми додржува ниту две недели па се тешам со тоа можда ќе средам нешто за подолго време ама ако кажам на маж ќе ме стопира одма вака ќе си дојдам сменета доле за едно две ијадарчиња и тип топ тука нема да ми расправи пола дечките на синко за таа работа. Се мислам на маж што да му зготвам за една недела бар да не се мачи човекот после работа за јадење да има и само во микро да пика да е свежо, многу ми е крово што ќе остане сам премногу е зафатен со работа уморен доаѓа па и гладен не ми се остава. Дајте идеа за ручеци што можат да стојат од понеделник до петок во фрижидер? Друго нема секој ден се некоја нова активност смослуваме со мали но немам време за сликање толку мн да слика и да постирам во темата се што има изработено мали со помош од мама.