И јас ветив дека ќе бидам активна во последниот пост,ама сум излажила. Во периодот додека ме немаше,доста работи се случија. Гостите од странство,дојди пречекај,испрати,работа дома,понуда за раб место,кое го прифатив,привикнување на синко на новиот начин,т.е да го чува татко му.... Работата си тече,јас највеќе сум задоволна што на работа одам со желба,без психички или физички оптеретувања. Е за финансии не спомнувам,али мораше од некаде да почнеме. Зафатени бевме доста и со реновирање на куќата кај свеки,ама деновиве си се селиме во нашата. Исто имаме понуда и за новогодишните празници да ги посетиме нив во странција. Јас не сум многу за,првенствено што можам да ја изгубам работава,ама мм сака да си ги види своите. Дете направи летоска 5 годинки,расте мислиш преку ноќ. Многу е темпераментен,послушен и мирен. Нареден месец почнува да оди на 3-4 ч.во приватен едукативен престој, се надевам ќе се слцијализира до есен,да биде спремен за школо. Со работава се надева дека ќе имам повеќе време да се активирам на форумов. Ве поздравувам сите!
@TutiFuti мислам нема манџа што може да стои цела недела па макар и во фрижидер, ако е смрзната, па навечер да си вади за одмрзнување така може, можеш да замрзниш гравче, грашок, сарма, гулаш, некоја супа-чорбичка, динстано телешко ако јади, некоја баница ако месиш, компир не се замрзнува. И јас сакам кафе, како би да испијам едно у друштво, а некако нема време за кафе во друштво, па и оној мм прав пензионер, му викам ај да одиме на кафе, нееее не можел, леле мајко дедо е станат. Малата денес ја однесов во градинка, без плачки, без драми, срце убавко на мама, кога сме си сами без никој да се меша каква е права умница, како се појавува некој др леле мајко станува, но сите др ја лигават, претерано и одат по газот што од такт ме вади, па она така кога наоѓа леле леле е. Срценце е. Некако во последно време мн малку се дружам со др луѓе, на работа, дома, со книга и оп заминало времето. Ај да одам да го варам кафето оти никој не ми прави, уствари нема ни кој да ми направи сама сум во канцеларијата. Поздрав лепотички.
Добра вечер мајки Ептен ми е убаво вака кога бебе ќе се струполи у кревет у 20ч, за максимум 5минутки, така и треба, но цената е да се скокне денското спиење и да се издржи сето пекмезење Некои денови едноставно сум преуморна и не успевам да го довртам, ама па цената е да денгубиме до 22-23ч. Страшно колку лошо се чувствувам тие денови што сум дозволила бебе од 2г да седи до пред полноќ Ама готово, направив план, ќе го оставам сабајле да спие покасно и ќе рипа преспивање. Дефинитивно му смета, се покасно заспива, некаде кај 15-16ч е кризата. Ама и пола час да дремне му смета.. Абе нели порасна бебето, дечко е веќе Денес ден на шетање Скрос заборавив да облечам тенки чорапчиња у едни како кондури-патики, со дебели ми се примали и резултатот е жуљеви И пак од доењево ме маваат топлотни бранови, особено ако не го дојам и на пладне Епа у кола ми покажа дека е 14степени, а јас како неарна надвор шетав по 3/4ти тенка кошулка Па и на дечково изгледа топло му беше нешто, па некако го соблече елечето и го џитна по пат за јакни не беше ни збор да облече Уствари мислам и нестандардно е топло за ова време, он има и нова зимска јакна, кој знае дали ќе успее да ја облече Од бдејот му собрав три поклони од иста продавница, кои патем беа убави, ама не му фалат, па ги заменив за јакна. Оно и јакна има, ама многу надувано му стои и се нервира, па ај сега нова има, помалку надувана Што убаво така кога ти оставаат фискални Уствари мене изгледа ни фискални не ми требаат за смена, денес три поклони му сменив Спомнав едни "чудни" фармерки и џемпер, епа ги заменив Доби и една дупла играчка, а доби е една надрасната играчка, па културно прашав дали може и без проблем ми ги заменија. Уствари знаев отприлика кога се купени сите, па ги најдоа и така не правеа проблем Поради Х причини не сакав да барам тие што ги купија да ги менуваат, вака сите среќни и задоволни Има и уште една играчка која не е за негова возраст, ама како ќе ми се најде сега за повојница, па не се ни потрудив да помозгам од каде е Него лани за бдеј покрај другото моите му купија кола на акумулатор. Седеше што седеше вечерта, што виде од неа, поштрака по дугмињата и толку беше. Како ја виде следниот ден и секој нареден се до пред една недела, добиваше панични напади ако му е у близина. Абе да не ја види, скраја да е да ја пипне, му седеше у детска, морав да ја извадам за да седне и да си игра. Стоеше у спална покриена за да не ја гледа, но еднаш на чистење ја извадив и ја ставив некаде пред влезна, абе нејќеше ни да ја помине за да искочи И така пред една недела ја ставив у гепек да ја однесам кај моите, као татко ми ќе го престрашел. Уште не стигнавме, он почна да вика кола, кола и покажува накај гепекот. Ја извадивме и оп он иде и си седнува и вика вози Цел акумулатор го потрошивме и едвај го убедивме да стане и нормално мораше да си ја вратиме дома Што му би кој знае, го премолевме цела година, успех беше само што го намоливме понекогаш да ја погалува И така сега ми седи у дневна и ме тера да го возикам, таман ја засака и време се расипа Него вторникот мислам беше го возев по улица, сонце пукаше, па се испрчил како паша некој и се смешка на сите што ги сретна Веќе насекаде е изнаредено со новогодишни мотиви и ме фаќа еуфорија елка да китам Ама чек, ај барем декември нека фати Кој знае како ќе не биде оваа година, лани минавме одлично Кај и да е ќе треба полека да почнам пакетчиња да спремам, имам и еден куп родендени, пари ќе се трошат навелико Каде ќе идете за Нова? Пред две недели и го поставив прашањево на една блиска и она онака од прва како пушка ми кажа каде па јас се затеков од одговорот, ја прашав на зезање И тоа не иде некаде странција, планини, вили, па треба порана резервација, туку у Ск у кафана и знае у која и со кого Јас волку информирана каде ќе чекам Нова не сум била ни за време на пубертет @TutiFuti секако нема таква манџа. Можеш да оставиш месо па да јаде 3дена и прилог како компири само да пржи. За другите направи пица и замрзни, па ќе пече, пита некоја, па да ја стопли и слично. Секако наполни фрижидерот со колбаси, сланина, јајца, тоа е најбрзо и најпросто да се спржи Секако ќе преживее Лесен пат, без многу филмови и ќе си минете супер Мене чварки ми се пријадоа кога сме кај јадење А може и пушено мевце Ама најдобро е да си легнам Убава ноќ
Добро утро Петок и одма расположение фул Малку грло ме гребе нос ми тече ама не е битно, важно петок е Не знам сте го почуствувале ли тоа чуство да си одите сами по патот и да си пеете детски песниПорано кога ги слушавме почесто ,почесто си пеев.Си се бањам и си пеам, си одам и си пеам, се будам во ноќта и пеам некоја песна и не можам да заспијам Еве и денес така.Малата вчера цел ден си пееше една песна Игелче(еженце) и ја пуштив да видам што песна е, па сега си ја пеам уште раци од палто да извадам и да играм Во врска со прашањето на сваќата ми, дали има женски и машки играчки?Одговор-нема.Мојата има 5-6 колички, мотор,хелихоптер, топки итн.Што жените денес не возат ништо од тоа Првата количка од дедо и баба и ја доби. Бебе за машко зошто да не , треба од мало да знае да развие осет на грижа за потомството, а не само мајката да си го гледа бебето.Имав едни познаници и кога не бев уште мајка децата 5 години машки имаа кукла бебе.Чудно ми падна нели ние со нашите ограничени сваќање, ама кога ги видов како се грижат и играат со бебето сватив дека тоа и нив им е инстинкт како и кај женските деца Мојата запна мотор -скутер да сме и купеле ама мал како за неа.Татко и се подгреа ама јас не давам уште таа глупост и фали и ќе треба да барам нов стан претесен од премногу играчки Планирам да и купам празен адвент календар- не знам превод на Мк.Може има веќе и кај нас , ама за некој што не знае тоа е календар од 01-24 Декември секој ден има по некое изнанадување.Еден вид одбројување до Божиќ.Има различни од чоколадца ,играчки,парфеми, шминки итн. Не сакам да и купам некој кој е целиот со чоколадо или играчки сакам јас да си го спремам. Добив идеја од колешката.Ми предложи да и направам т.е да и купам за повеќекратна употреба и внатре да и ставам што сакам.Пр. денес е ден во кој ќе печеме колачи со мама, ќе возиме точок или ќе одиме во игротека.Нешто така и ќе биде.Нормално јас треба да испланирам во кој ден што.Кога нема да имам термин и ќе сум послободна.Ќе има и играчки мали и нормално киндер чоколадо, друго чоколадо , порака цртаме со мама, шетаме со мама и тато итн Ова меѓувреме Спојлер: Купив уште да го наполнам :) Со малата имаме една игра секоја вечер.Ќе ме гушне и ќе рече затвори очи.Нормално затворам , таа ме бакнува, а јас божем изненадена прашувам кој ме бакнал.Таа ќе каже вратата, креветот, лустерот, а јас како да не сакам тие да ме бакнат се лутам.А таа се вала од смеење.Ќе прашам кај е принцот она пак се смееНормално и јас ја бакнувам и она прашува кој баци мене Еден ден си дојде од градинка со жабата со која спиеше во градинка.Пошто нешто не беше расположена и реков бакни ја и ќе се претвори во принц.Нормачно го немаше принцот, па ме тераше јас да ја бацам.А јас мртва озбилна реков не сакам си имам јас принц.Ја прашав знаеш ли кој ми е?Рече знам тате А што сум му јас нему , рече принцезаНикогаш не сме читале книги со принцови и принцези само сказни читаме, па поради тоа бев изненадена од каде знае.А кој е нејзиниот принц нормално рече жабата Доста пишував да си сварам чај и кафе.Стигнав на работа.Имајте убав викенд и гушкајте ги најсаканите
Утро Конечно кафе да испијам и да се истуширам како човек,а тоа да трае подолго од 5 минути. Мајка ми дојде на неколку дена да го види бебе,и таман одмор за мене Беблак ми направи 3 месеци,и конечно некако се враќам во реалност. До сега се како низ магла ми беше. Му тргнав некои мали алиштенца,цела голема кеса напунив,си викам кога ли порасна,преку ноќ. Вчера баш гледав слики,колку бил малечок и ми изгледа како кујзнае кога да било. Доолги 3 месеци беа овие,ама најубави Дуплиравме родилна,имаме образи за ручкање и се смее на глас Кога го гледам како се смее,заборавам и на умор и на се Вчера му купив новогодишно комплетче,па да го сликаме Мене од целиот филм за Нова Година,само тоа ми е еуфорија моментално Тазе мама Ај ве поздравувам
Добре дојде во една од најдобрите теми на форумот. Живи и здрави да се лавчињата големи да растат и само среќа да ги прати. Читам сте пишале за капењето. Е и ние последниве 2 недели сме со вриштење при капење ама никако да откријам зошто. И не можам раат човечки да го избањам како што треба. Се надевам на тоа дека е период. Со првото уживавме после годината исто ја имавме оваа криза и после пак се врати во нормала. Ама тоа е. Деца. @AngelOfArh сочуство за дедо ти. Како сакаш речи ама пак не е сеедно безразлика колку години имал. Само болката може да е помала или поголема. Бидете вие здрави живи. @TutiFuti ,и јас мислам дека нема нешто што може да достои една недела. Манџите може 2 дена најмногу,ќе мора да си готви ама нешто полесно како на пр пржено потпечено.... Добар ден од мене. Деновиве слабо сум по темиве, продолжив да ги читам коментарите од темата совети за деца од 0-6 месеци и додека да навршиме 6 месеци таман ќе ја дочитам Штотуку испив раат кафе оти утринското ми е... е што најмногу мразам е ко ќе не можам кафе да се напијам.... бебчо денес спиеше 2 пати поасално. Изненадена сум. До вчера 3-4-5 пати по 20тина мин сега... Машала! Ќе видиме вечер кога ќе заспие. Инаку пред спиење си цицаше и до 5-6 сабајле кома. Немам право да се жалам,ноќта многу убаво ја поминуваме и тоа ми е многу битно. Првите 3 месеци ги истурка ме,кукав за тој период - оф леле кога ќе порасне да не плаче волку да не станува навечер по 2-3 пати... Сега си викам ми недостига тој период кога беше бебче брзо нарасна. Ама сега сме - оф леле плаче забчиња го чешаат .... И така ќе кукаме цел живот за секој период кој ќе следи ама тоа е. Големиот ми е ... оф леле. Навечер ко ќе дојде време за спиење јас со бебчо плачлив да го заспијам и цркната за спиење тој на компјутер чука ли чука. пола сат ми врви во зборување на крај веќе не можам ќе повикам и ќе го исклучам од штекер и тој скока во кревет велејќи лоша мајка. Ама па сабајле ко ќе дојде време да стане за на школо секој ден ми вели во право беше. Да си легне порано ќе станев наспан и без проблем. ама не додека не осети јас сум лоша мајка. Од понеделник треба да се видам со учителката бидејќи не бев на родителска да чујам што се случува. Одам да спастрам алишта додека спие бебчо,ни се додиплува ни се досушува ни се доперува. Среќа што не прегоре машината досега, цело време врти
Мамички ајде на торта да се заблажиме. Од сабајле чистење бришење и рибање на мочкана гарнитура па бев малку на средување на депилација. Синоќа од кога се избањавме се покакавме дури два пати во бањарка па мораше пак назад во коритце Бебе заспа во релаксатор па и мама малку испружи нозе. Утре ќе правиме молитва полниме 40 дена па ќе одиме на гости да се прошетаме.
Здраво мајки Повелете на кафе и цеден Малото сака да гледа клипчиња од кога бил бебе. Со татко му тоа прават а јас уживам во моите5 минути Имавме гости во најава и искрено баш се израдував кога откажаа Ќе требаше чистење,спремање а ко шо ме мрзи ,моментално уживам во хаосот ,утре ќе му ја мислам Цел ден акавме од 8:30ч. Малото е во филм за бурек па го однесовме во бурекџилница да се најаде ко човек Бурекот не беше сјаен,ама помина. Потоа заминавме на кафе а за да седи дечкото мирен,вртеше сладолед. Па ајде малку шопинг, добив бонус кој го потрошив на мажињата а дел тргнав за зимување ( така мислам, сега ми е криво што не се подновив )... Утре не викаа на златно славејче, ама којзнае дали ќе отидеме. Потоа на роденден и пак нема прибирање дома. Од понеделник,по старо... едвај го чекам јануари, едвај Ретко пишувам ,многу работи имам да кажам за малото,многу глупости и убави моменти ама ако почнам крај ќе нема.... Ај дадопивам кафето , па чај на мени Растечени носиња сме со дечко мој и двајцата
Уште неколку дена бебе ќе прави 1 месец. Се мислам кога пројде, како вчера да излеговме од болница, а деновиве летаат со менање пелени, цицање, спиење, се така во круг. Првиот месец привикнување. Не сум била никогаш жена со голем мајчински инстинкт, не сум замислувала како ќе бидам мајка, не сум ни мислела што ако неможам да имам деца.. овој месец мислам дека сите можни чувства ги проживеав: среќа, фрустрација, љубов неизмерна, тага, неиздржлив умор.. Прв пат после милион години плачам. Кога има грчеви, кога во сред ноќ ќе врисне за јадење, кога го дојам, а партал ми се брадавиците. Кога мислам колку многу ми фали мајка ми. 15 години како е почината, мислев дека веќе не може да осеќам празнина како на почеток, а овој месец чувствувам и поголема празнина. Во минатиов месец, на моменти се чувствував како најсреќен човек на светот, во друг момент како затвореник. Мислам дека го поминувам тешкиот период на лоши чувства. Се охрабрив сама да го вадам надвор, да го шетам, па и да почне да плаче ништо страшно. По шетање подобро ми е. И маж ми. Фала му на бога за неговата поддршка и за се што прави. Некогаш (најчесто ) он го јаде кога сум нервозна, ама којзнае каде ќе бев да не беше он до мене.
Здраво мамички. Одамна немам пишано ама се трудам колку можам да ве читам. Ако ме нема подолго се фаќам како размислувам за некоја членка, како е, што е... Инаку ние уште сме во хаос. Демек почнуваме да се ставаме во ред ама нели грчеви, заби, вируси, скокови... познато ви е па тешко ред да се стави. Плачки, неспиење, умор ама сепак неописливо чувство на љубов. Ах кога ќе ми текне дека додека бев трудна се прашував дали ќе можам да го сакам второто . Инаку поголемиот се вртка околу малото, го покрива, гушка, бацува, гали, а малово во секунда се смирува само ако го слушне гласот на брат му. Ептен ми се љубов. Е за цицање само ми се редат двајцата, како млекара сум по дома нема пауза. @emkaemka Среќен роденден на дечкото, видов слики во друга тема, преубаво било. Мојот цело лето се перчеше во колата, еве и денес шетавме и таков окезен пред сите . Претходно ја чувавме дома ама решив плакар да ставам на тоа место и ја симнавме во гаража па од тогаш почна да ја вози. За спиењето ние сме лудило. Спие два пати дење, заспива во 12 навечер (сабајле ) и цела вечер се буди и почна пак да бара да цица ноќе. Денес стана касно и успеавме да поминеме со една дремка па заспа лесно во нешто пред 11 . (Ама затоа со малово уште се убедуваме дека е време за спиење). @TutiFuti Јас кога се спремав за во болница за пораѓај со второто сакав да има ручек за поголемото за да не му биде и тоа обврска на мм тие денови. Сваривме неколку манџи (компир манџа, спанаќ со ориз, леќа.. ) и уште додека беа врели ги стававме во тегли. (Преврти ги, врати ги во нормална положба, покриј со крпа да се ладат постепено. Штом се оладат стави во фрижидер (не мора ама подобро би било).) Мм секое сабајле му вадеше по една од фрижидер да се стопли на собна температура и за ручек си имаше манџа . Во однос машки/женски играчки и јас на почеток се пречкав со мм. Не ми даваше да му купиме бебе па јас му купив сама. Сега јас го држам бебето а синко со куклата бебе ме копира. Вчера ми го донесе и да сум му дала да цица ама за брзо му текна дека е подобро он да цица . Ептен е тапа таа поделба, кога ќе ги видам и во продавница на сосема разчлични страни па уште "женските" сите розеви.
Јас сум немајка и недовршена мајка а вие? Несовршената мајка некогаш не може наутро да стане од кревет, бидејќи бебето плачело цела ноќ заради забче, болест или некоја причина која научниците сеуште не ја откриле. Несовршената мајка се буди укочена бидејќи прекрасниот злочко се пикнал во она што некогаш се викаше брачен кревет. Освен што спие тука, туку и се раширил по хоризонтала оставајќи и на мама само 10 сантиметри простор, така што пола задник и виси надвор. Несовршената мајка ќе го остави детето еден час да гледа ТВ (иако експертите тоа не го препорачуваат), а за тоа време ќе подготви ручек, ќе ги измие садовите, ќе вклучи перална и друго. Несовршената мајка јаде како Етиопјанин, стоејќи, без непотребното џвакање. Несовршената мајка ќе се исправи пред проектилот од храна, бидејќи кашичката полесно се чисти од косата, трепките и веѓите, отколку од ѕидот. На несовршената мама и паѓа преполната пелена со покаканата страна на под, а потоа и загорува ручекот бидејќи брише каки од подот. Несовршената мајка ќе излезе од дома и во строгиот центар на градот ќе забележи дека има повраќаница на тренерката. Кога несовршената мајка ќе ја прашаат дали се стрижела, таа одговара “Не, само ја измив косата.” Несовршената мајка ќе развлече насмевка на усните, зад која чкртаат заби секогаш кога нејзиното милениче вришти на гости, им вришти на гостите, трча по супермаркет туркајќи скапи производи, а потоа легнува на сред улица. Ќе ја наведне главата кога минувачите мислат “Боже, преземи нешто”. Ако се пронајдовте во некоја ситуација Ви честитаме, несовршени сте!
@Minnie-e од кога те мислам мајче и се да те побарам и ќе те сретнам низ темиве, па си викам сигурно време се нема Пишувај кога ќе можеш, збор, два небитно, битно јави се дека си тука И @Seduction ја нема оддамна, па да постира барем по темите како ги дотерала дечките, а особено куклата. Верувам уште успешно си го носи епитетот "најмодерна" а па каква е, право топење @stevemila исто ја нема! Како да пропадна ти мајче, гукни и дај знак дека си жива, пушти слика да видиме колку пораснала куклата Добра вечер мајки Колку тмурна и ладна недела, брррррр, во претходниот пост се мислев дали ќе успее дечково да облече зимска јакна, а тоа еве денес е баш тој ден. Ама не ја облече јас немав појма дека е толку ладно, а веќе искочивме, а да се враќам и да го нервозирам јок па си помина со +дуксер До сега колку пати се возевме со колата толку пати си седеше примерно и испрчен како паша, ама денес + и татко му ни правеше друштво. Епа те ви слика како се возикаше, штета нема звук, музиката е рокната до крај Спојлер: Кола Мм рече више не се шета вака со нас и не ми поверува дека со мене си беше бајче, мислеше го лажам, па сакам и него срамот да го изеде 4ти ден денес како си легнува со кокошките и не преспива, нека супер е, само нека потрае Ми се чини уште еден ден ми почнал, па не знам што да правам со себе, плус можам и покасно да си легнам, пред 9ч сигурно нема да стане Аха и тоа приметив, драстично повесел станува наутро, веднаш е фит, расположен и одма се фаќа за играчките Уште да фатам ред со оброциве и топ, се ми стои дека цел ден јаде, па и мм коментира дека само му нудам нешто Абе нека јаде, па почна и со сласт да си ги пие сирупите, сам си го шприца шприцот во уста и прави мњам, мњам Уште овошје да пројаде Куќава ми е хаос, вчера почнав шпаиз да средувам и на сред средување детево наполни пелена, па од пелена кој знае што продолжило и остана се расфрлано.. А недела не пипам ништо, жимити мм тој ден е дома, па ни 10минути не го кршам, ниту перам јас у недела. Параспур Утре на скапа струја ќе бучат машините и после сметката висока, епа висока, нема и јаре и паре Ми се гледа филм и вчера ми се гледаше, ама за жива глава не успеав да најдам ниту едно усб А на пц не ми убаво Плус мм не соработува да приклучи тв то со пц па така да гледам, а јас не знам Ми се игра и Сони, утре ќе барам кај е направата, па 1ч ќе штракам секоја вечер, која нормално ќе се претвори во 3ч @TeddyGrey Кенди 4764 Гладна не сум, да не ме мислите Убава ноќ, гушкајте се
Како сте Мамички? Јас едвај заспав бебе денка грчеви досадни.... Испи млеко дремна пола саат и стана од грчеви нишкав пеев заспа па се покака па ајде соблекување да не го оставам во каки и нормално расонување рикање дерење виткање ми е жал да го гледам ама се надевам брзо ќе мине. И пак исто пеење шетање низ соба се измори и заспа. Мама да испружи нозе па ќе стане за јадење. Инаку вчера наполнивме 40 дена си правевме голема молитва па си бевме на гости се прошетавме и баш убаво си понинавме. Сега да дремнам 1 саат дур дојде време за млеко. Добра ви ноќ
Добро вечер... На моменти луѓе пукам... пукам. Стресот почна да си го прави своето. Ми се спие, не можам да заспијам, бетер сум од бебе. Ми е страв да склопам око. Мислам нешто лошо ќе се случи. 100 пати ја проверив, спие од 10 ама ете... нешто не ми дава мир. Можда се само заби, а и знам дека е до забите Ама како рекле... не дај Боже, мајка што ти мисли... Се плашам за неа, се плашам и страшно е. Сакам да е здрава, права и ништо лошо да не може да и се случи, да мпжам од се да ја заштитам... Ех да можам...
@TeddyGrey јас бев вакв параноична и единствено ме успокојуваше педијатарот-еднаш неделно как него.И ќе ми потраше така мирот 5-6 дена па пак трчанк кај него.Се додека не стекнав самодоверба д ги избркам лошите мисли.Сакам д кажам кај мајка у глава све проаѓа...ама најди начин да се избориш. Коа сум на тема паранои-денес ја удавив матичната(гинеколог) со прашања за бебпка. На сите скоро им ги знаев и јас одговорите ама ете да прашам. И бепка ја видов со скрстени нозе одмара у меше хаха А батково голем де еднаш вика ќе ја гушкал,па после ќе ја тепал зашо ќе му ги краделе играчките Тоа мајки ,имајте убав ден
Добро вечер 25 Ноември- светски ден против насилство врз жените. Колку жени само се жртви на семејно насилсто Кога би имале малку повеќе храброст да позборуваат на темата... Да ги учиме децата од мали за почит, љубов и рамноправност Седам сама во тишина (да, го дочекав и јас овој момент ) дете отиде во комшии, маж на работа. Таман планирав да правам вечера се јави маж ќе се задржал на работа да не го планирам, дури се сецнав баш бев загреана да готвам Синко гласа за паста, паста ќе биде Среќа па немам проблем со килограми плус Денес беше еден од тие денови во кои се спремаме и излегуваме сите тројца од дома. Се разделивме надвор, ги испратив нив во градинка, јас бев да вадам крв. Најсмешно ми беше, си возам јас точак релаксирана и некој упорно ми титка позади со друг точак и ме вика по име, кога погледнувам маж ми беше отиден да вади документи за државјанството и ете случајност по иста патека да минуваме. Јас пак, не попуштам, му велам си ме следел признај Дете се врати. Да почнувам со вечерата, тој ми помага во местењето на масата, така ги учаат во градинка а јас му дозволувам и дома. Одам додека не сме го располовиле сервизот
Колку е часот а никоја не шкртнала ниту еден збор, ај јас за сефте денес, добри ли сте како сте, каде сте. Јас сум добра после 3 дена доцнење добив, добро е што добив кој ќе идеше по доктори па што ми е како ми е, бременост сигурна сум дека не е беше во прашање. А денес и во светли пантолони се облеков, си викам нема и денес да добиојам не е страшно, сега цел ден на штрек треба да седам, но што е тука е. Малечка моја почна помалку да плачи за во градинка, срце ми е, само вика мамо мн ми се спие, ајде малку попосле да одиме во градинка, и демек ок ок попосле и оп за 15 мин доаѓа попосле. Друго нешто, оваа година некако сеуште не сум влезена во новогодишен муд, лани ова време и елка имавме купено и лампиони и се беше намирено И наредено. Оваа година изгледа по старски ќе терам, ќе китам елка и новогодишни детали на Св. Никола хихихихии. Како и да е почнуваме да си раскажуваме за Дедо Мраз, за желбата шо да и донесе Дедо Мраз, и демек три играчки па една ако нема др да донесе и она си кажува три шминкерки. Ајде да одам да работам, доста е муабетење.
Се пие кафе ајде кој е за Читам за земјотресов,ептен тажно. Мене бебе толку многу ме изморува,што апсолутно ништо не осетив. А цела ноќ стануваше да цица. Ваљда во тој момент сум заспала и кома. Само него го слушам и само он може да ме разбуди. Како програмирана сум. Ми фали сооон.Мноогу сон. Воопшто немам концентрација,на моменти не можам да си се препознам. Амааа,се тешам дека ќе е полесно како што поминува времево. Дождов ми е депресија. Уф Ај доста бедирам,да допијам кафе,зошто само тоа ме спасува моментално