Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    @emkaemka не е баш таква ситуацијата. Уствари еве ќе доловам подобро, а прашав за мислење за малку и да ја оживееме темава. :)
    Прво се согласувам со тебе, во фамилија сестра на мајка ми ги остави децата за подобра иднина. Имаше наша помош и целосна поддршка. По некоја година ги повлече со неа, но тие не се пронајдоа таму и пак се вратија. Финансиски им овозможи се, а сега се возрасни и прекрасни луѓе. Можам да замислам колку тешко и беше на тетка ми, но едноставно мораше и сосема ја сфаќам.
    Ситуацијава која ја спомнав во претходниот пост е следна:
    Мајка, татко финансиски стабилни. Те. Татково е германец, не ни е појден таму да печали па да речиме треба терен да се направи за подобар живот.
    Мајката е со сосема стабилна работа. Двајцата месечно заработуваат преку 10 000 франаци, но ете за градинка не им се даваат. Околу 3000 е плус, минус. Спомнав не ми е трајно решение да се мкне бебе де ваму де таму зошто вака колку време би се функционирало?
    Не е додека се "снајдат".
    Јас пре би си викнала жена да ми го варди таму ако нема буг. пасош 3 месеци бабата, 3 некоја друга, веќе ако не би сакала да дадам отказ. Тоа е тоа и поефтино ќе фати.
    Толку мало бебе ни јас не би пуштила в градинка. Јас и сега се туфтам од страв од таа градинка и несвесно одолговлекувам, па не бебе толку мало. Но 3 месеци да го варди таму бабата и после 3 месеци овде кај нас да го земи, па пак така цело време во круг не ми иде. До кога вака?
    Значи мене за ваква ситуација не ми е жал ич оти има и друго решение. За ситуацијата ко на тетка ми и повеќе од пола македонци што се борат за подобра иднина во странство да, ги сфаќам, сочуствувам. Еден ден можеби и јас ќе се најдам на нивно место, ништо не се знае.
     
    На Mari*, lackygirl, hello-kitty.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Ако заработуваат многу не гледам причина да не го пуштата во градинка
    Незнам во која земја се
    Во швајцарија градинката се плаќа околу 1000фр и повеќето не можат тоа да си го дозволат и бараат жена да се грижи.
    Тоа е тешка одлука кога веќе се таму мислам дека може да се најде решение
    Сепак не ја знаеме целата ситуација
    Јас не можам ни да судам
    Зошто јас си го имав оставено детето
    Ќе кажам да не си во кожата на мајка која мора да бира помеѓу дете и подобро утре за детето
     
    На Mari*, hello-kitty.90, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав
    Породилното трае 4месеци
    Не е како кај нас
    3000фр сигирно не е
    На тие примања може да си дозволат градинка
    Без пари е од 4год во некој кантони од 5год вањда не планира детето да седи мк толку години
    Според мене има мн решенија од ова она што го замислила
     
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Стварно не знам колку чини градинка таму. Но еве и 3000 нека е, како што вели јас пре би одбрала дете да оди таму и би ги дала тие пари отколку да го праќам мк на секое. Барем дома ќе си седи.
    Првата година ја правдам може да се помине со жена да го чува.
     
  5. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Се согласувам
     
  6. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.942
    Допаѓања:
    111.837
    Пол:
    Женски
    Просто нешто не ми штима во приказнава, има многу дупки ама кој да ги примети и не секогаш се кажува вистината и сакаме "сите" да ја знаат.

    Немам појма колку чини градинка во Швајцарија, ниту колку плата зимаат и колку се смета за висока, со оглед на тоа што животниот стандард е повисок од кај нас.
    Па просто може да е, поголема плата, поголеми давачки и еднакво е на нула, па ќе му дојде дека само ќе се фалиш дека не живееш мк :D
    Ако 10илјадарки франци се како кај нас 10илјадарки и да треба да даваш 3че само за градинка :worried:

    Друг муабет е колку има онакви кои зимаат плата по десетици франци/евра/долари, живеат во 200кв, возат џип и што ти ја знам, а реалноста е дека само сакаат да е така, сакаат со таа плата да живеат тука, епа јас познавам такви еден куп, да ги ринеш со лопата.
    Значи и да зима 10илјади франци и тоа да е многу голема плата е знак ? дали е вистина :bandit:
    Настрана што сите не знаеме да трошиме исто и исто да живееме :)

    И на друга страна ми отиде паметот, скраја да е, но може бебе има некој проблем, па не и се остава на мајката со особа Х, секако подобар избор е баба и 3м ваму, 3таму.

    Таткото што да го спомнеме, може и 50г да живее таму ако не се снашол може нема ни да се снајде :tmi:

    Приметив дека не знаеш се до крај, површно ги знаеш работите, така да сите твои предлози паѓаат во вода.
    Мајката така избрала дека е најдобро за своето бебче и сигурно тоа е најдобра и исправна одлука, она знае до кога оваа одлука би траела, сигурно има план и сите причини зошто изборот е таков она си го знае најдобро!
     
    На gjoker4e, Lolipop23, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  7. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Добро бе, шо се деси со темава. Како на чешма комшики на други им ги решавате проблемите... Јер ваши немате :wasntme::rofl:
    Значи, дојдов да ве поздравам одамна немам пишано, ама прво да кажам една работа. Не го фатив од старт муабетот ама мојот став е дека секој прави се со причина. Секој си ја знае маката и претпоставкиите за решение на проблемот. Ние што мислиме и не е толку битно зашто не ја знаеме правата приказна кој кого оставил или зел во странство. Оставете ги луѓето да го живеат својот живот. И не, сигурно не ги сакате нивните деца повеќе од нив

    Мајчински муабети.
    Жена на породилно е баш за оваа тема. Едно во градинка, мало дома со мама. Големиот имаше роденден. Пресреќен што му дојдоа сите другарчиња и братучеди. Особено им се радува на братучедите.
    Многу ми е друштвен и да, знам дека секоја мајка си мисли најдобро за своето дете, ама стварно, стварно има осет за игра и дружба, мајки син убав:inlove::rofl:
    Малото, бебе. Почнува да јаде ама се нешто не и се свиѓа. Не, не знае да јаде ќе речам. Плука, прди со уста, се смее и на крај плаче за цице. Ај ќе научи бебе е сепак, 6 месеци нема уште.
    Денот, лудило. Ист како вчера а највероватно и како тој утре. Ама ако, не се жалам. Кога ќе почнам на работа знам ќе ми фали ова. Па ќе си уживам.
     
    На Ano, TarantulaA, Mari* и 22 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Ете ја зимата. Ладна и досадна. Брррр. Ама леле колку е полесно со поголемо дете, немам зборови. Самостојно си е, не мора над глава постојано да му се виси, знае да земе еден саат да се заигра. Убавина.
    Постојано само се размислувам дали правам како што треба, што правам погрешно... Ама си викам да не си ја тупам главата, одговорот го имам во среќното и насмеано дете. Најомилена активност ми е кога си читаме книги. Знаеме еден саат да си легнеме и да си читаме сликовници. Читам со гласови менување, со сите салтанати и ептен и е интересно. Постојано си учиме нови зборови, ја прашувам да видам како ја разбрала приказната и стално ме зачудува со по некој одговор. Елоквентна е многу иако е мала, затоа некогаш се заборавам и очекувам повеќе од неа. А сепак си е детуле малечко и нема некоја којзнае колкава самоконтрола. Два дена по ред се будиме двете наспани во 5 сабајле, па се кикотиме во кревет, се бацуваме, мочкаме и пак си заспиваме.:inlove:
    Многу убава возраст, многу, уживам во секој момент и воопшто не ми е досадно. Си готвиме заедно, за викенд обавезно палачинки за доручек правиме или месиме нешто. Почнавме пак по игротеки, нема лулашки и тоа е.

    Уште малку во кревет она, јас и мм спремаме романтична вечер со винце и малку опуштање. Се осеќаме некако како ново заљубени како потпорасна дете и имаме малку повеќе слобода.:D
    Имајте убава вечер сите.:f:
     
    На LoveHope, gjoker4e, Ano и 27 други им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    17.549
    Пол:
    Женски
    Колку години има малата?
     
  10. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки!
    Јас легната со тел во кревет, ќе си изгледам серија и на спиење, ќерка веќе.еден саат како е заспана, мм исто. Само јас дежурам со стомакот до грло и седам во кревет бидејќи во лежечка положба немам воздух.
    Се согласувам апсолутно со Рејнбоу дека дете кога ќе потпорасне е полесно, ете ја мојава 3 г ќе прави за некој ден и ептен ми е голема. Си игра, сама ќе си земе вода, ќе си поправиме муабет....Незаменливи моменти ми се кога си шетаме за раче и си правиме муабет цел пат буквално. Секој ден сум се повеќе зависна од неа, не можам без нејзино друштво. Прееска ме чекаше да се бањам и потоа кога се облекував ми вели леле мама имаш нова маица, шо уба ти е, со здравје да си ја носиш :o Не знам дали може човек да е нерасположен со децава, преинтересни се.
    Јас веќе на одмор, па отворам породилно, за недела дена го чекаме и бато.
    Не ме плаши новото бебе и непроспиени ноќи, ни пораѓајот не ме плаши, ме плаши како ќе.балансирам со бебето и со ќерка ми "големата ". Никако не сакам да се осети запоставена, а знам дека ќе има моменти кога ќе ми иде да си излезам од кожа:worried:
    Ако, сега барем знам, тоа е тоа, стегни заби и издржи до 3години, после е полесно. Од друга страна пак брзо растат, нека седат мали да ги гушкаме повеќе (оди најди ми го крајот):D
    Ај да си пуштам серија и да станам уште 543244 пати за мочкање те за мене те за ќерка|(
    Добра ноќ :hai:
     
    На Ano, Lolipop23, Mari* и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Ја поминавме и контролата и вакцината.:sweat:. Се чекаат реакции сега,се надевам може ќе поминеме и без. Синко едвај го измеривме,едвај го додржав за вакцина,значи хаос. Се извриште убаво онака на цел глас.:sweat:
    Инаку останатото се е во ред,12.400гр тежи,82 висина,главче 49. Витамин Д да продолжиме до Април и со Ад уште да продолжиме,да почекаме со преминување на обично млеко.
    Рече дека е супер развиен за возраста. Сега знам дека е се во ред,па мирна сум колку толку.:inlove:
     
    На girl-miri, Lorins, Mari* и 10 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    јас овде на 9 месеци не ми се пушта би дала отказ а не па на 6 месеци. Ниедно пари не можат да бидат повредни од времето поминато со детето. Ама ќе речат многу родители МОРА. Не,не мора, ќе одиш да работиш ќе оставиш дете за после пола од платата да ја дадеш на ликови и пола од месецот да не одиш на работа? Па нормално оти никој нема да се заангажира да се грижи за дете онолку колку мајката. Ни на баба ни тетка ни вујна. Она МОРА што многу родители го кажуваат всушност мора само таму кај што има самохран родител. Сегде на друго место не мора зашто има еден кој ќе работи и еден кој ќе чува дете.

    Накратко од мене,да ве поздравам. Како растат бебушите така и времето се намалува. Т.е слободното време. Ние последниве денови ги поминуваме се само во раце. Дневно спиење минимум среќа па имаме добро ноќно спиење. :rofl: и така си ни врви времето. Утре полниме 16 недели.
    Големото заинтересирано за компјутерски игри оти нели другарите и околината се бават со тоа па да не е и тој поназад:rofl:
    Во глобала тоа е. Ќе ве дочитам подоцна. Идам да си поигра со бебчо па може ќе падне дремка да седнам раат а и кафе да се напијам. Тоа најмногу ми недостига. Уживајте во топла домашна атмосфера со :rain::rain::rain: (кај нас што убаво врне)
     
    На Mari*, Ava.84, Coco31 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Сигурно, ќе оставите работа за која сте се изнамачиле да ја добиете за да го исчувате детето до година и пол. И после, кога ќе бара се повеќе и повеќе кажете му дека нема да добие ама мама по цел ден ќе е со него дома. Па ќе стане тинејџер и нема да ве рецка а вие можеби сте се откажале од работата од соништата која нема пак да ја добиете.
    Пак ќе речам, многу зборувате малку кажувате.
    Еве јас нема да оставам работа.
    Не оставив ни првиот пат нема ни овај. Првото дете тргна во градинка од 10/11 месеци, и ова ќе тргне исто. Еден куп се жени /, мајки како јас. И, помалку мајки сме од вас што ќе напуштите работа? Не. Вас или не ви се допаѓа работата што ја работите или имате премногу кеш па можете и без таа плата.
    Ооффф топик заминав ама ова беше реплика на изјавата на @marchi-cool
    Ако не е за во темава бришете.

    Денов :rain::rain::rain:
    За дома седење и уживање е.
     
    На Ano, Lolipop23, SanelaS и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Колку љубов зрачи од постов, се забележува дека вистински си среќна, задоволна и исполнета :l:

    Знам дека е поголема твојата женска, но и јас ја приметувам промената кај мојава. За 2 месеци ќе полни 2 години, а толку е зрела за возраста. Секој ден изненадува со нешто ново што научила, разбира се’ и зборува, знае веќе да си каже што сака. Уште да посака да кака во нокшир (facepalm) За седење цел ден ќе седи на него, ама ќе се стиска додека не и’ ставам пелена :D (facepalm) Ќе биде и тоа де, не форсирам ништо.

    Јас влегов во трет триместар со вторава дада, почнува и мене како @BirMelek паника да ме фаќа. Всушност, не паника, зошто знам како со бебе, уште ми е свежо искуството со ќерче. Ама страв имам како ќе им се посветам на двете истовремено :( Реално бебето ќе има поголема потреба од мене, особено на почетокот, првите месеци.
    А ќерче ми е толку мила, љубовна, ми се гали и ме бакнува нонстоп, права маза е. И ми го гали стомаков и му збори, ајде бебе дојди, дада цека (дада те чека :l:). Не сакам да ја запоставам, не знам што ќе правам, ама ќе најдам време да бидам со двете.

    Кога се најдов веќе тука, да ве поздравам сите. Ова ми беше матична тема кога бев на породилно со малата, немаше ден да не пишам. Сега одамна ме нема, за ќотек сум :doh: Но иако не пишувам, ве читам редовно :)
     
    Последна измена: 3 декември 2019
    На slavica999, Ano, Lolipop23 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво.
    :rain::rain:
    Врне ли врне, и баш е бррррр.
    Јас сама со бебо.
    Пијам чај,да искористам малце време за мене додека спие мали.8-|

    Мм ми фали по дома ептен. Кога е он тука сме супер. А иде на смени. Вака јас со бебе кога сум сама не правам баш ништо. Само играме и се гушкаме по цел ден. Нит чистење,нит јадење ме занима. Мачкав ајвар денес набрзински:lol:

    Бебе ми порасна:)
    Кога го гледам колку се менува и учи работи се топам:inlove:
    А беше човече мало од 50цм што само дремеше на цицка:angel:

    Најново му е тоа што сфаќа кога ме нема. Ако отидам во друга соба, ќути некое време и почнува да пушта глас,идам до него и радостии скока и прета и со раце и со нозе. Фаца "mama please don’t leave me":D срце:inlove:

    Поздрав од мене:l:
     
    На Ano, girl-miri, mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    на ваков начин се снаоѓаш е син од една моја колешка од работа (постара жена) синот во Италија се роди дете па еден месец појде едната баба - колешкава оти толку и одобрија од работа, следните месеци другата баба и така до година се снаоѓаа. Додуша тие таму си се појдени со намера да си останат а не да шетаат појди дојди и дете некому да праќаат.
    а ние сме нашле па зашле и бараме 12 месеци да го направат
    па со првото дете земав породилно и после ја затворив фирмата,на работа заодев дури кога наполни 4 години. Сега бидејќи работам во приватна фирма не знам како како ќе биде,а и се зависи од состојбата дома. Ако нема кој да ми го чува ќе откажам од работа и толку. Работа се наоѓа ама здравјето на детето не. Е сега фала богу се се дешава некогаш ќе мора навистина.
     
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки! Заврна дожд,снег и сите на форум. Дојдов да пишам за темава што сте ја отвориле за напуштање на работа,иако немам прочитано што и како е точно состојбата ама прочитав дека заработувате многу. Јас имам напуштено работа за првото дете, убава плата имав ама не беше сигурна и стабилна. За неколку месеци се затвори таа фирма. Искрено послушав еден колега кој ми речегледај си детето. Тие ден денес се тужат за неисплатени плати баш од тоа време кога трребаше да одам јас. Ама таква убава работа каде себзаработува убаво и може да се напредува не би пуштила. Ќе ги вклучам сите џокери во игра, баби дедовци кои можат да дојдат на по 3м. Па и градинка околу годинка.За иднината на моето дете. Значи зборам за убава стабилна работа а не некоја која може да се најде во секое време. Инаку, кај нас се по стао, растиме, играме, секој ден сличен и тоа е тоа. Годината си летна.
     
    На Ano, elcezelce, girl-miri и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Добар ден,мада што скоро ноќ е па и чудно за добар ден да се каже :wasntme:

    Долго ме немало :tmi: и кога долго ме нема не знам што да пишам |(

    Ми се пие кафе ама касно ми е :envy:
    Не знам зошто ми се има увртрно во глава ако пијам после 14:00ч нема да можам да спијам :shake:

    Пред 2 недели синко ми наполни 2 годинки :inlove: Радости :f:
    Многу гости имавме,не планирано...
    Поминавме супер...
    Колку брзо растат дечињата :f:
    Зборува како навиено :talk: повторува како папагалче,ни кажува цели реченици :sun:
    Напорен си е уште :lol: знае на моменти да претера ама оди кон полесно

    Могли ни е веќе детенце :inlove:
    Била доволно голема за да добие сестра :worried: така ни вели
    Се има соживеано со пепа прасе па сеа и ние станавме фамилија свинчиња :rofl:
    Мама прасе,тато па и брат и го прекрсти во Џорџ (facepalm)
    Се што ќе види сака да има :worried:
    Долен веш со лејди баг да биле,фустаните со пепа,патиките пејпатрол...:cash: не не штеди воопшто
    Со децата растат и трошоците
    Само нека се живи и здрави само

    Јас уште учам тестови :D секој ден по еден :tmi: некако немам воља :wasntme: а сакам возачка :emo:
    Може ќе положам некогаш ....
    Друго исто,последниве недели со маже секој ден некаде тргнати сме (poolparty)

    Божиќни пазари во секој град и дечињата многу се радуваат на украсите и елките
    Башка рингишпил на секој ќош :$
    Убавини

    И така,да го пуштам постов во употреба,4 часа пишам :$
    @tincemajmunce :hug: пиши некој збор,како си
    @simona_baby :hug: :*

    Довиџења
     
    На Monella, tincemajmunce, Ano и 20 други им се допаѓа ова.
  19. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Луѓе, работата не е само за иднината на вашето дете, работата е и за нас самите. За тоа што сме учеле и вложувале во нас, за да бидеме самостојни и исполнети и на други полиња освен полето мајка. Не велам дека не е најважно, кај сите е главна улога мајчинството и кај вработени и кај.невработени, но не значи дека нешто правиме погрешно ако оставиме дете за на работа. Го оставаме со стручни лица во градинка или со баба дома. И едното и другото се океј опции за мене. Така сме и ние повеќето израснати. Не знам стварно каква е поврзаноста на здравјето на детето со работата ваша.
    Никако не оправдувам излегување од работата која ја сакаш, работиш по струка, си учел за тоа, придонесуваш за себе, семејството и општеството.
    100 години учев, релативно лесно најдов работа, атрактивна, не многу платена, но ценета и интересна. Не знам дали не го сакам детево што не иде во предвид да ја напуштам???
    Инаку дома и без работата би имале доволно пари, но јас искрено не би била задоволна со таков живот, најотворено го признавам тоа.
    И се сложувам со @kikin тие што велат дека треба да се излезе од работат или не си ја сакаат работата или па имаат доволно приходи и без неа.
    Еден да чува дете, а еден да работи за мене е нерамноправност во бракот и вршењето на родителските права.
     
    На Ano, Lolipop23, elcezelce и 22 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    Добар ден мајки.
    Успав дете, уклучив кафе машина да се загрее, прибрав компјутерот и седнав на трпезариска маса да пишам пост.

    Малку посериозно.
    Годинава ќе помине уште малку а јас еден од најголемите забушанти тука испаднав:tmi:.
    Се приметувам дека слободното време ми се крати и тенчи до степен на невозможност, па прелистувам на бзраница, ако ставам некое сликиче а од кузнее кога не сум седнала и на раат да пишам за згоди и незгоди и разни дешафки. Како добрите стари времиња. :$

    Од каде да почнам. @Mari* што спомна за возачката. Положив теоријата, од втор пат|(. Првиот пат некои технички изрази што не ги знам на нашки а не па на германски, ама затоа вториот пат малку посериозно и бидна. Земам и часеви за возење....за тоа како ми оди, па би рекла среќа што до сега нема човек згазено и колата чукнато:tmi:. Така далеку сум од полагање на практично и покрај еден куп часеви(facepalm). Ама ќе биде(да ве поштедам од монологот за самомотивација кој си го држам:rofl:).

    Деца арни. Изминатиов период имав разговори во градинката кај Викториа и Елизабет. Презадоволна сум од нивната градинка и целиот пристап на вработените таму. Децата одлично вклопени и прифатени, веќе со другарчиња и тон активности секој ден. Од другиот септември и најмалото ќе оди таму.

    Надоврзување на делот со активности. Веќе од поодамна сменивме малку животни навики и секоја сабота и недела одиме во шума. Им годи на деца но и мене. Некогаш со двете, некогаш со трите, некогаш 1-2 часа, некогап 2-3 часа...а летото знаевме и 4-5 часа. Потоа разни активности, игри и забава низ куќа.

    Понеделник до петок сум со најмалово дома, ќе шетнеме малку, малку ќе ја поиграм, малку поработувам, по околу 2-3 часа на ден и му помагам на мм со папирологија. После идат момите од градинка, имаме една главна ативност која сум им ја спремила предходно и после нешто по нивни избор, или едноставно пееме, играме по звезден проектор..итн. Како им е по желба така.

    Во однос на другиот муабет, веќе имам пишано мислам.
    Јас почуствував во еден момент дека се остварив на толку многу полиња, и професионално и во однос на едукација и надоградба, но и забава, патувања, рекреација....и знаев дека е вистинскиот момент да ставам кочница на сето тоа и да размислувам за фамилија, за деца.
    Не постоеше апсолутно ништо, во никоја сфера, каде би рекла дека се чуствував неостварено.

    Бев спремна да дадам нешто повеќе од живот на едно мало човече, и тука не мислам само на финансискиот дел.
    Децата ме променија, сите проблеми кои наидоа со нив ме обликуваа како личност.
    Ова патување и предизвици со кои се соочувам ми даваат крилја за да прелетам планини и немир и болка која боли до срж.
    Тие се мојата најголема среќа, нивната болка е мојата најголема тага, нивните проблеми се мојот најголем непребол.
    Нема диплома, нема работа, нема семинар, курс или најмагична локација на која сум била која би била некаквa достојна ``конкуренција`` на ова патување кое го носи мајчинството.

    И нема ништо потешко од ова со кое се соочувам сега. Ниту непроспаните ноќи кога сум бдееела над книга, ниту дупли смени без пауза ниту па солзите таму за некое лигле кое сум мислеа дека го сакам.

    И да, за мене чекорењето по овој пат е најголемиот успех.
    И не, не мислам на тоа што сум ги родила.
    Предизвикот секој ден да станеш и од ново и на ново...
    Кога мислиш дека немаш сили и снага да мрднеш од кревет ти стануваш и рушиш планини и со нив на грб пливаш низ немирни води и водиш битки со институции, лекари или едноставно се трудиш да го шкртнеш денот. Учиш сосема нов вид на мултитаскинг. Секој ден се осознаваш себе, секој ден поместуваш граници на трпение, секој ден е е некаков тренинг...секој ден учиш нешто ново.

    Никогаш во животот не сум се почуствувала покорисно како овие неколку години, никогаш во животот предхоно не сум се чуствувала дека вистински сум направила промена, никогаш порано не сум почуствувала толку гордо на нив, за сите успеси и напредок.

    Почнува магичниот дел од годината. Се радуваме со децата. Елката ја накитивме, но во едната детска, за да е подалеку од најмалото. ПА навечер уклучуваме ламбички, јутуб и пееме џингџ белс. Елизабет во последно е и многу по играњето:rofl:. Направивме толку добри ДИУ изработки со материјалите кои ги собравме од природа периодов. Божиќ, нова година, па нашиот божиќ, мојот, роденденот на Викториа...навистина прекрасен и магичен период е пред нас.


    Останете ми сите добри. Ве читкав и сега но ветувм почесто ќе шкртнувам по некој збор:coffee::hug:
     
    Последна измена: 4 декември 2019
    На Abeja, Monella, LoveHope и 51 други им се допаѓа ова.