Добро утро. Убаво утро денес, си станавме малку подоцна, си запаливме сијаличките, закачував балончиња што се шуткаа лево-десно, пуштив божиќни песнички и малку чистевме. Само да и дадам марамчиња и пребришува све комплет. Додека бришеше, јас средував кујна, ставив супа да се вари, па си седнавме двете и си ги стопливме мешињата, како што милува да каже она. Многу сака кога јадеме заедно и седиме на маса. Убаво ми е на душата што ни е така мирна атмосферата дома, нема дерење, викање урлање, нема чад од цигари да не можеш да видиш прст пред око.. Па стана мм и отидоа да пазарат, па рече може ќе испиеле некое кафе со другари уз пат. Он уште од мала сегде си ја носи, гајле нема со неа, секогаш сум кажувала дека и мене ми е многу важно да си имаат убава врска. Што се однесува на баби и дедовци моите никој не ја чува, само си играат со неа. И сум кажала дека ако сакаат да си играат океј, ама да ја седнат пред тв и да гледа цртани нема шанси. Имам ограничено тв и повеќе од тоа нема, а сигурно таму нема да седи и да зјапа у тв со нив. Ако не им одговара нема ни да ја носам, зашто не ми прават они мене услуга и нема никакво допуштање од моја страна. @supergirlmb јас би била многу построга за тоа. Е сега, немам ни три деца па и да ти солам нешто памет. Мислиш па кај нив така стои? Наместиле за сликање две минутки и толку е. Јас така се тешам. Шала на страна, не се замарај со такви работи, знаеме сите дека слика и реалност не е исто. Па дури и јас тука најчесто веќе пишувам кога ми е убаво на душата, ми доаѓа тоа да го запишам, а не некои неубави моменти и кога сум била извадена од такт. Сите си поминуваме горе-долу низ истото. И мојата секогаш ги растура играчките, сака да има по подот и поминува се заигрува со нешто. Мечињата сите и се доле, ги лечи, храни, облекува, успива... Едноставно веќе не се ни замарам со тоа кај биле играчките. Мали деца се и не може да е пиц-пец. Освен ако не собираш на пет минутки и само на тоа трошиш време. Што јас не би. Еве кафе пијам, не собирам играчки. Убав ден на сите и помалку нервози ви посакувам.
@AngelOfArh земав да ти го пишам истото што и Реин. Тоа е само на слика. Нас ни е растргнато се од секаде. Чист терен за игра. Чаршафчињата, икебаните, украсите, свеќниците ќе почекаат. Кога сум веќе тука, да си кажа некој збор - два. Бебе ... аии не иде веќе бебе да викам Дете ми е злато деновиве. Пу пу пу. Како расте е се поинтересна, па со некои зборчиња нејзини секој ден изненадува. Денес ми вика бај бај. Од каде и дојде не знам. До вчера викаше Таоо. На мм братучетка, тетка на мојава уствари е 11 години и се обожаваат. Маж вика сигурно од нејзе. Се ја слуша нејзе. Љубов меѓу внука и тетка на најјако. @emkaemka ептен ми избега со Кендито, јас потфрлив периодов. А и играм сега една со готвење, па нема време за се. Реков ќе барам нова работа инаку. Па веќе и во Понеделник сум на интервју веќе. Време е за промени.
Добар ден Денес поспавме до 8ч. ама од мака Усмрдени на кромид (бев на фризер и дури и таму се осеќав зошто над глава ми бешњ цела ноќ) ,малото на сред ноќ се затна од нигде никаде до степен да не може да спие и цела ноќ плачки. Сега го пратив малку да прошета со татко му, јас да спремам ручек. Среќа весел е, јаде и нонстоп дрдори со зарипнато гласче ( првпат е ваков). Пропаднаа викенд плановите. Маж дури и зема слободен ден требаше на работа да биде, ама тоа е. Може до плоштад малку да прошетаме, ама со воздухот баш не. е паметно. А баш сакам, малку да ме фати новогодишна еуфорија Имајте убав викенд , да нема болни дечиња
@TeddyGrey со готвење бе Ај кажи ја, чим и двете сме по Кенди може и оваа ќе ми се допадне Менувај се, смени се, пуштам среќа се да оди на подобро и конечно да помине овој лош период Добар ден мајки Турбо ден до сега, па бебе толку се премори што се комираше во кола, еве и уште спие, ќе се веселиме до полноќ тоа е сигурно Бевме со мајка на шетање, тргнавме да обавиме 4ри работи, па испадна дека двете успешно се завршени, а другите две, повеќе среќа некој нареден ден Мајка ме однесе у Комодита (мислам вака се викаше продавницата, ако утнав не ми се смејте) као имало големи попусти, дури до 70/80% Отидовме и што да ви кажам, пишале цена 369ден и шкртнале и пак ставиле 369ден Едни ќебиња 2.600ден као, па сега на 1.000ден, ако некогаш ги продавале 2.600 та еве А мајка сакаше некои тенџериња да зеде, за нив и тргнавме, сет од 4 или 5беа за 4.800ден. Многу убави, барем фино изгледаа, ама некој со тоа да те млатне на лице место ќе те остави јас имам од Цептер, тие кои имаат знаат колку се тешки, епа овие дупло потешки, мислам да и внатрешната иверица ќе попушти од што би стоеле, ќе треба на различни места да ги редиш Втора работа тргнавме на дете толинки да му купиме, знаевме кои и се, само да видиме за број. Епа нема, никаде нема, проверија и во други дуќани нема број Као ќе добиеле, ама не ми се верни, па енигма ми е од каде да му купам топлинки Трета работа е тргнавме да го потстрижеме детенцето По цел пат се објаснувавме дека ќе оди да ја шиша косичката, па возбудено влезе таму и кажа дека ќе правел шиш шиш и си ја фаќа косата. Ама кога разбра што ќе се прави, кога рикна оф леле леле Сега е како ново детенце, убав тој на мајка Четвртата работа е бевме на гости, кај сестра ми и она пак ги скрила перничињата и бебе пак наполни пелената и она пак преврте очи Што да правам, му годи кај тетка да кења Се чувствувам како да е 22ч, а оно ни 16ч нема, уште ниту ручек немам, а мм решил порано да се прибере Накитив елката, да не ме мислите, испочистив дома и тоа да не мислите Кафе ќе пијам, ајде повелеле Чао
@RainBow и мене никој не ми ги чува. И затоа толку ме боли и ми е неубаво. Значи во една година еднаш не се понудиле да почуваат било кое дете или било што. Оваа година колку најубава толку и најтешка ми беше. Јас не сум тип кој тупнува така деца, јас и мајка ми ја прашувам дали да појдеме кај нив. Може сум проста ама таква сум. Да ги чуваа постојано да бев на работа ќе разберев некако да им пуштаат и даваат. Ама ти идеш два пати неделно ма гости и му даваш телефон на тригодишно дете во раце. И му кажваш кај да стиска. Д, во право си треба да сум построга. Голема вина за големиов е во нив, зашто имаше период кога одев на работа тие го земаа од градинка и додека дојдам јас детево било на телефон а тие легнати до него. Нахрането со тортици и бомбони, а манџа направена. Ама и јас сум виновна. За да не се карам ќутев. Еднаш кога беше бебе пререков нешто и ме направија лом. Ама за другове деца не им дозволувам па макар и да не ги гледаат. Кој сака нека се лути. Кога можам јас цел ден да смислувам игри и да правам се без да дадам тел можат и тие. Дозволувам цртани, но на кратко за да сработам нешто зашто сеоак се три, а јас сама. Не ја правам.пак истата грешка, да бидам мека и да ќутам.
Е ама многу ме радува кога ве читам тука За чистење стално има, ако, нека има кој да валка. Мене многу ме интересира како успевате мајки царици, без помош и со две или повеќе дечиња. Алал да ви е Јас одвај успевам да потсредам и тоа кога беше помала беба мораше некој да ја чува Добро е барем времето стопли, со беба шетаме, срце на мајка веќе познава, плачи од непознати, и ме бара мене Денес чистење турбо ама помага и маж, мора! Утре елка, и нека идат и гости и празници Убава вечер на сите, нека спијат мирно дечињата
Добро вечер мајки Деца заспани од 8 па конечно на раат се искапив, се шлакав со млеко за тело, па маска, кремче се со ред. И маже испратив на работа, пуштив филм и си легнав. Да не го подречам малово почна да врзува сон до кај 2-3, па покрај него и јас, освен големово ако не се разбуди па да има драми ко вчера. Се разбуди во 3 по полноќ за да сум го нишала. Тој да лежи јас да стојам над него и да го нишам. Ај во ред, го нишав ама то траеше цели 3 сати. Само шо ќе помислев да легнам пак викнал нишкај ме. Па после татко му го зеде. Шо стори вриштење мислев полиција ќе ни викнат. Неколку пати истото го прави, вришти ко да го колиме буквално. Аман само побрзо нека поминува оваа фаза зошто ќе се мрднам. Во врска со телефоните прееска дискутиравме со маж. Свекрва ми мене ме најде крива дека детево гледало на телефон. Се чудам од каде таа идеја кога јас само сабајле со кафето отворам тел. Дур не му покажаа внуциве да отвора јутуб тој не знаеше како изгледа телефон, а не пак да гледа. За да е работава уште посмешна, само нејзиниот го бара, а таа демек не му го дава, па ќе почне ова да вришти на цел глас и ќе му го даде само да не плачел. Е кај мене нема. Еднаш се запна дур ручал да гледа. Нормално не дозволив, па зеде да плаче, да се мава. Пробав со други работи да го занимавам, ништо не сакаше па го оставив да си се поплачи дур не сфати дека така не добива ништо. И се смири. Си изеде сѐ и седна да си игра. Значи можело. Можда звучи сурово ама подобро да плаче 5-10 мин отколку да гледа цел ден и да се нервирам шо го гледам. Околу помагањето шо да речам. Живееме во заедница. На почетокот рекоа демек тие ќе плаќале сметки и јадење за да сме заштеделе. Е то траеше 5-6 месеци. После на свекрва и стана тешко на работа(чистеше кафич од 6 до 11) па од тогаш ги плаќаме сметките, и обавезно го полниме фрижидерот еднаш месечно. И се досега шо сменивме овде си плативме сами. Ете толку од нивната финансиска помош. Си се нервирам ама сами си сме криви, никој друг. Единствено за да зачува деца ако сакаме да излезиме набрзина не прави проблем, барем досега. А и тогаш гледам да се најадени, преслечени и заспани, ако е времето за спиење, за да не ги мислам. Од друга страна пак моиве особено мајка ми секогаш кога има тргнато на страна ми дава или ќе купи пелени или млеко било шо. Ко се родија децава по 200 евра за двајцата. За двата родендени од поголемово исто. Е свекрва по 2000 ден, "толку имале". И ја скарав мајка ми веќе да не дава зошто знам како ги заработила. Абе се распишав надолго и нашироко, т.е се пожалив од свекрвата. Ај бар малку ми олесна, ако ве мрзи не читајте. Легнувам, добра ноќ
Добра вечер, (постов од вчера останал не пратен - за сега Добро утро) Еве ме да се пријавам. Денес денов некако многу тешко ми минува, а и нешто не се чувствувам убаво. Од сабајле ми почна наопаку денот. Дозволив мм да ме изнервира и да се искарам пред дете, што не сакам да си дозволам. Од мака што дозволив такво нешто си се раслакав. Му реков да го тргне детето да не ме гледа таква, а тој уште го носи и вика гушни ја мајка ти. Злато мое најмило ми се насмеа и ме изгушка. После го качив кај светковци да го почуваат за да ја монтираме новата машина за перење. и немаше чаре или ќе кошташе многу. Па наместо да си ја сменам сушарата како што си имав увртено во глава, парите се пренаменија за машина за перење . И добро е што толки издржала (мислам 8 години ја имавме) зошто кога кажав колку ка полнам на едно полнење ми рекоа добро што не откажала првата година. Срам ми е да кажам колку ја полнев кутрата Е после тоа беше забавниот дел. Цел саат лежевме да заспие. Јас сум си дремнала, а он си играл со едно авионче. Кога го слушна старо купувам и рипна во кревет се свестив дека јас дремам, а он не се предава. Е затоа после го искарав да легне и да не мрда и заспа за 5 минути, ама спиеше едвај саат. Што значи не истрчано дете . Еве го сега паѓа, ама не се дава. Ама сакај - нејќел одиме за 5 минути во кревет. Инаку прва предновогодишна забава помина солидно. Дечките што свиреа ме изненадија. Одамна немам слушнато вака добар тандем, а и музичето беше ептен по мој мерак. Наредно во среда, ама тоа кафанче ќе биде. @emkaemka не стигнав никаде да отидам за капут да видам, ама овие во бела требало дефинитивнл подобар стилист да одберат за фотосесија. Од тоа што видов на веб ништо не ми личеше убаво Ова од денес да довршам. И покрај тоа што не беше спиен, вечерта пак се боревме и каравме за заспивање. И пак аум задремала со него, а најтешко ми е кога ќе треба да станам после таква дремка, незбам каде сум, незнам што ми се случува Сигурно уште нешто ќе ви пишував, ама отишол возот. Постов и онака карма каша стана. Имајте убав неделен ден
Мајки, хелоу... Сте се чувствувале ли некогаш дека сакате се да отерате у к----., ама се комплет, маж деца се. Убаво ми е на породилно, ама бре ми фали социјализација. Тип на човек сум кој сака да е сам (со децата), ама па и едно кафе со луѓе со муабет сакам. Ама не кај мене на гости. Преку глава ми е да спремам. Два викенди со повојници чекам. Е не можам веќе. Вчера на мм му реков кој и да се ја и не сме дома да кажеш. Прошетавме на плоштад. Убаво накитени, луѓе, мешаница. Еее, ќе дојде и тој ден да излезам во кафана. Сега кај немам помош, и беба е на доење, ко ќе видиш, комбинација за дома седење. А мм, и тој е за ќотек. Работа работа работа. Аман веќе немаме време да се видиме ко луѓе. @AngelOfArh на инстаграм кај мене е средено, скоцкано, со цвеќе, со бомбони, деца мирни, кафе раат. Дојди да видиш 5мин по сликата. и јас се нервирам што немам време едни алишта да прередам, а за друго да не правам муабет. За телефони. Нешто што најмногу мразам. И цртани на телефони и се. Бебево е бебе. Ќе кажам за поголемиот. Од бебе не му пуштам на телефон ништо. И не е од тие деца кога сме излезени или на гости да треба да го смирам со телефон зашто не е така научен. Се на тв сум му пуштала и сега му дозволувам по некој саат со оглед дека гледа чудни емисии на дискавери. Кога тргнав на работа некое време го чуваа бабите. Разбирам дека се стари и ако некогаш му пуштат цртани на тв да одморат. Меѓутоа за телефон мн се лутам. Мајка ми не му пушта на тел ништо. Свекрва чат пат коа ќе дојдам сум ја начекал како му пуштила на телефон и одма му го гасам. Не се закарувам и кажувам само дека на телефон синко не гледа. Ама 8 саата што правеле не знам. Сепак ќе кажам засега не е зависник. Кога сме кај нив кога сакаат да му пуштат цртани на тв викам не, има доволно луѓе за занимација, не може. И така, сметам дека треба да им се каже што можат а што не можат со децата. (да не речам смеат и не смеат, да не биде грубо). Сеа ќе манам уште едно кафе зашто алкохол не смеам за да смирам живци кои врска немам од што се воспалени. (ваљда од едноличното секојдневие) Чао мајки
Елка??? Хахах стои само елката со ламбички, ќерка ми од лампионите манџа прави а мачорот и ги краде. Деца Хаос е цела куќа и ич не ми е гајле. Неделава одуме на престава пд градинка и пакетче од дедо мраз, па на роденден, па на слава... Дете умно многу . Вчера преспиваме заедно... се буди и гледа темница и вина, ау уште не се разденило и пак си легна. И јас со неа и иде маж ми вика, 5 саати спиете, да ве ставам ли до утре? Аууууу. Станавме, јадевме, се избањавме и пак у кревет. Маж за тоа време работел, бар на мир бил. Од сабајле се сончаме у двор. Прекрасно време. А да... купивме детска соба ама дете не сака да спие у неа, а вети
Те разбирам јас во ц Иста мака и јассс мачам... бебчо машала 3 месеци и ептен го пазам си играм и се а она цело време ми набива на глава пушти му тв ништо нема да му е... пушти му тел. Ајдеее битно е да не плачи... ајде следниов месец и храна ќе му даваме.. уствари можеш и сега ништо нема да му е само уште повеќе најадено.. битно да не плачи..... мислам.... сериозно??? не ! Не е битно да не плачи ,битно е да е здраво ,да си игра па и нека плачи ,тоа им е еден вид и комуникација на бебчиња ! Но јас се нејзе и кажувам дека нема да е така и крај ! Не сакам да го редам мм меѓу два огна ,тоа што имам јас ќе си и го кажам ,јас сум мајка на тоа дете и нема што збор понатаму! Инакооо самичка сум преку ден со бебуш мој најубав па супер ни иде ! Малку гушкање малку кемкање али во главно е топ сега конечно и ке си одморам мајки. Убава недела денес
@NewMama немој да дозволиш, добро бе, нели баби се за кажување приказни, за правење нсјубави зелници,нели а не телефони на бебиња да даваат. Не можам, стварно да сфатам. За тоа за маж во два огна незнам. Али ја се имам заречено дека ништо не им велам оти многу лошо ми изреагираа за големиоот ко бебе и тоа цел живот ќе го памтам. Плус и да речам пак си тераат по нивно. Вака тој нека си се расправа.
Прво да не заборавам, да знае @mal.ecka дека неделава ќе обавам задачата, не заборавам јас, чекај може утре не, ама вторник/среда сигурно, до петок да завршиме Добра вечер мајки Отиде и викендот, не дека многу ми мења нели, ама ипак се осеќа недела, мм е дома и кога е фино времето шетаме по планини и ридови Денес денов права пролет, не знаеш дали Велигден, 1ви Мај иде или Нова година Денес сакав да китиме на бебе елчето, ама јас сакав, он нејќеше Ист е мојов како баткото на Ано, негира на нивоу новогодишни проекти Прошла недела собиравме шишарки, имав некои замисли, ама се тоа падна у вода. Као се сложува да правиме и за две минути џапа шишарките и не дава да ги допреш, вика мои мои Поклон за под елка му смислив, уште да го купам, план е еден да добие плус секако пакетче со благо и блажарски глупости, тоа е неизоставен дел Денес снесов од таван уште новогодишни дрндулајки и одма се покајав, кај лом се сторивме со светки, таму и детево ги грабна, си ги пореди на комода и една полица и не ги дава. А сите кршливи ствари Си најде и две куќарки, едната е црквичка ама ајде де куќичка е и му глумат гаража за коли Само да не ги сокрши На елка веќе и удри рецка, не ја ни приметува, само знае од време на време да покаже кон неа и да рече "ека" Ама му се навртел на еден голем плишан ирвас и ако преживее би било убаво. Уствари он вика дека е коњче и го јава и вика диииии Телефон давам, претпочитам да гледа ако веќе "мора" на тв, ама давам. Сеуште најчесто јаде со цртани, само така успевам да го додржам да седи на столче, иначе за 1мин ќе стане и ќе почне да скока и ровари Пробувам секојпат да го заангажирам кога јаде, ама не баш ми успева, поготово што сакам сам да јаде, па не баш му држи внимание да го рани мачето и Дино и сам да се рани. А за кафе да се напијам, да сработам нешто или што ја знам не пуштам да гледа, во сите Х случаеви барам друга занимација. Кафе најчесто пијам на рати, или на екс, за чистење немам ни потреба да го занимавам, он обожава да чисти Садови заедно редиме, алишта заедно средуваме, па и заедно готвиме, дај му тесто, јајце да лупи или парчиња компири коли да прави и добиваш време ручек да спремиш За чување сум кажала, него прееска дојде свеки да си поиграле и остави општ хаос зад себе, ама русвај, све што можеа со детево да извадат извадија и буквално на сред игра и радување на детево она реши дека требала вечера да прави и си замина Него внучка се шишала, ама не и сега, него пред некоја недела, но јас не ја имав видено. Мм ја видел и кажа ич не му се свиѓала, ми опиша како се шишала и се и не мислев дека испаднало толку лошо Абе како несреќа да и се десило на глава Па и кој и да ја шишал појма нема од фризерај Се напнав кога ја видов и едвај се воздржав да не искоментирам Ми се смешка едно кутивче до мене со отворени киндер јајца, ќе му се насмевнам и јас и ќе спијам Убава ноќ, гушкајте се
Добра вечер. Денес по втор пат, ама по грешка дека вчера ми остана не пратен постот Убав ден, ама еве на крајов без грам сила сум. Сабајле додуша синко ме остави да pоспијам. Kога го погледнав саат откако се освестив покажа 8:45 Доручек се помоливме. Па следеше тура играње, тура цртање и после тоа излегов да испазарам за едни колачи што намерачив да ги правам.па ги оставив со татко му. Кога се вратив они веќе се успиваа. Ама тешко им одеше исто како мене вчера. Незнам дали е време за отфрлање на дневна дремка или само се погоди дека слабо е излезен деновиве, ќе видиме од утре. Се враќа во градинка па да видиме дали ќе се регулира и спиењето. За тоа време јас сплескав колачите - домашен баунти. Еептен вкусни ми излегоа со оглед на тоа дека прв пат ги правам. А и немаше некоја философија во спремање, колач без печење, ептен за домаќинка од моја калибар. А колку имам желба да плескам, ама пустото не ме бива. Ама ако не се откажувам јас така лесно. И трилече правев на два пати изминатиов период.Ппрвиот пат речиси совршено, вториот пат нешто ја утнав работата - дали рерната не ја уклучив како што треба дека ми се избришани ознаките па на меморија уклучувам, ама пак не остана ми трошка од него. Ако преживее до утре ќе ве почестам со некоја слика. Упс снема струја. Добро не ја прегоревме ние, зошто денес имавме инцидент со новата машина. Одеднаш престана да работи и помисливме дека рикна. Излезе дека прегорел осигурач. Ни се врати срце на место. Жива среќа кога го реновиравме купатилот ставивме два специјални штекери во случај да решиме да ја ставиме сушарата таму, па прештекавме и продолжи да работи. Туку да продолжам - додека јас плескав колчите, во рерна се печеше месо. Спремивме и компир и салата и вуала готов ручек спремен за гостите. Брат, снајка и внучко ги угостивме. Деца се изнаиграа - не дека имаат нешто задничко 2 и 7 гоишно дете, ама секој во свој филм дека си играат Инаку за помош од старите сум пишувала. Моите се трудат и помагаат колку можат. Финансиски не ни очекувам ниту барам зошто добро стоиме иако многу често имаме ручек на маса од нив. За светковци нема ни да коментирам, немам желба повеќе да се замарам со нив. Цртани дома кога се гледаат исклучиво на ТВ. Мобилен/таблет давам само во кола на долги релации. Моите не подметнуваат. Мајка фала богу исто е против, преферира да му чита. Пушта тв ептен кога мора да заврши нешто за него,а он виси до неа и бара да го земе. Мислев да промрчам за домашно воспитување, ама сум во добро расположение за да мрчам па ќе ја оставам дискусијата за друг пат. @emkaemka направи му гаража од тоалетни - прав погодок е. Бута и вади колички, па ги гледа како му испаѓаат од другата страна и пак ги враќа. За сега успешен проект е Струјава доаѓа и си оди. Очигледно нема да го решат дефектот во скоро, па ќе одам да си легнам да гушнам детето. Имајте убава ноќ.
Машала сте напишале добри коментари само кој да ве дочита слабо со време периодов. Читам само одредени теми тука - она што ми треба во моментот. Бебињата како растат така се побудни и поактивни се. Проблемот е што почесто бараат во раце па услов за нормално функционирање малку послабо. Големите деца се... Шта да ти причам кад све знаш. Не велат за џабе мали деца мали маки големи деца големи маки. Ама раат од маките изгледа нема Деновиве па со големото не можам да се разберам. Начека луфта та си дреме добар дел од денот на компјутер. пробувам да го анимирам колку што се може ама бебчо ме кочи. Тоа па ситото во скок е што ако се оддалечам од него рика. Нека се здрави и живи па друго ќе се снаоѓаме. за елката ние после 20 ти ја правиме до кај 20 јануари зашто ако подолго стои Богами нема баш да достои. Едит: да ве прашам освен росици кои редовно се земаат на училиште,кои други списанија от таков вид постојат? Не сме по сликовниците со големиот. Вака со списанија со задачи ќе ни врви корисно времето.
Добро утро. Сонце ѕирка и јас одма подруго расположение. Пред некој ден бевме да купиме елка со мм и мали и јас запнена цела по зелена и бујна елка сигурна дека има останато во нашиот Поко тој што ни е во близина од дома на 5км и залетана на мм му кажувам ама има мора да има на онлајн им стои дека има и ајде се стокмивме во кола сите кога во Поко само бели и земав се расправам со вработениот зошто онлајн им стои дека имаат на располагање во нивниот дуќан од зелените кога немаат. И кажа демек заборавиле да ажурираат океј а да знаеше тој дека јас едвај убедив мм да одиме арно ќе беше. Ајде мм бирај лампиони кога бирај бирај нема какви што сакам, го гледам мм со малиот мкнат елка бела ме лаже 180цм била а јас будала му поверував ббез да проверам а таа да ти била 150цм ок ај и то пројде јас се фаќам за сиви и тиркиз лампиони они зимаат бордно/розеви неодредена боја океј ајде и тоа преглтав. јер знаш дај шта даш иначе и без тоа ќе останев. ајде помина се тоа дојдовме дома и крити реди и нема крај ко погледнав едно добри 4 саати со неа се занимавав битно си купив сијалички како што замислував сега сме осветлени и ние не само бабине комшики. Почнаа Орхидеите да ми расцветуваат нови цветови од нови цветни гранки јас цела во љубов од нив , што е најинтересно и малиот ги засака и само ме подпрашува кога ќе купиме нова. Јас веќе некое време сум во потрага за сталажа метална за нив немам простор во дневната веќе на прозоритез во кујна ми е кнап со др цвеќиња. Во спална дали може да ставам? Дали сметаат нешто ? уште таму остана да накитам со нив. сега видов во пени дека има акција по 5е орхидеи после ќе тркнам и онака треба да пазарувам може едно две да си купам. И така сега да одам од вчера да измијам чиниите вчера ме мрзеше си правевме романтики со мм . Па да средам дур стане мали и дошло време за надвор.
Имаш во просветно дело многу убави книги со активности, запознај ги буквите, за математика исто, мислам прваче ти е детето, појди разгледај си има многу убави и со нормални цени и поскапи. Во последно време книжарава ми е омилена, само си наоѓам нешто . Инаку, добро утро. Јас добив. Значи мм има среќа што не е убиен. Сето ова време во пмс да сум ту била. Сабајле кога ги виде влошките извадени и мене пребледена одма праша сакаш да ти купам бурек. Ама сега ми помина нервозата, готово гајле ми е за се. Сега џабе му е да ми се лигави. Инаку ова е втор пат да добивам во година дена и можете да замислите која нервоза и кој пореметени хормони имам. Али ај да се надеваме ќе се среди. Вчера остајв деца кај мајка исчистив куќа цела,светнав ги избањав после,научивме со големиот. Денес планирам да лежам, оти стомак боли, да гледам божиќни филмчиња гледам почнаа по хбо и сличните. Деца што сакаат нека прават . Убав маглив ден!
Сфатив тоа, ама кај нас беше магла свуда, магла око нас, па ме замисли, т. Е. малку љубоморна ти бев.