Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    @JoyJoy загадено или не, сепак јас децава ги прошетав надвор пола час. Сега само што се вративме.
    Ако не излезат се многу нервозни, им се здосадува дома по цел ден што е баш нормално.
    Апликација некаква е тоа каде покажува колку е загадено?
     
    На 24.07 и tincemajmunce им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.265
    Допаѓања:
    35.150
    Пол:
    Женски
    Имам мал милион такви кои покажуваат загаденост. AirCare е апликација која ажурира податоци на саат време и интегрира податоци од Министерство и поединци. Skopjepulse е веб страна со сензори поставени од поединци и дава ПМ10 загадување најчесто ама се ажурира постојано. Airvisual има податоци од цел свет и ја има на earth опцијата да се види и движење на ветер и слично (според оваа испаѓа дека делумно патиме од загадување и заради Косово).
    Ова што го имаме деновиве е типична Скопска магла на која се калеми дел загадување.
     
    На fairy88, 24.07, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.813
    Допаѓања:
    202.831
    Пол:
    Женски
    Breezometer на Google Play побарај, бесплатна е.
     
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    6.501
    Пол:
    Женски
    Знае некоја мајка да ми ја објасни фората на кажување возраст на дете во месеци кога детето има повеќе од година? Пример 22 месеци, 34 месеци? Стварно неможам да разберам бе :puke::puke::puke: Кажи си дека има 3 години не е срамота! (facepalm)
     
    Последна измена: 18 декември 2019
    На Adams, mamaJana, elcezelce и 12 други им се допаѓа ова.
  5. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.870
    Допаѓања:
    28.557
    Здраво мамици!
    Јас кафе пијам, ајде кој ќе прави друштво нека повели :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: Наздравје нека ви е!
    Подсредив по дома, и ручекот бидна, од сабајле и за доручок најдов време, дете заспав и сега кога е вака тивко низ дома одлучив да си одморам! Малата ги нане последните минутки од попладневната дремка, дадата пак кај и да е ќе стигне од градинка заедно со ММ. Проблем со дадата, не сака да си доаѓа од градинка, таму било поубаво, поинтересно, сакал да игра со другарчињата :) Ептен ми е мило што со мерак оди во градинка, додуша и никогаш не е правела некои проблеми, но оваа година, последната пред да биде ученик, најпогодена и е групата и учителки!
    Кај нас дома така предновогодишно, убаво и опуштено! Дедо мразовци, Снешковци, светулки, голема елка и убави лампиони :inlove: Баш ми е убав предновогодишниот амбиент. Малата се радува на украсите, а очеквав да сруши се по дома, ама напротив, умница моја мала ни покажува дека е тоа џиџе и не сака да растура!

    Во план ми е и колачи да правиме со поголемата, за жал малата ќе отпадне од игра оти стално лом прави кога се спремаме нешто со поголемата да спремаме. Калапите новогодишни се купени, па кај и да е ќе си направиме едно убаво поладне јас и ќерчето големо.
    И нешто украси ми е во план да спремиме, за во новата детска! И тоа со поголемата, малата ќе ја вклучиме во нешто да бои, друго нема да знае!

    Ги купив подароците за под елка, писмото до Дедо Мраз одамна е испратено! Големата посака ЛоЛ кукла, малта не знаеше да посака ништо па затоа сестра и посака во нејзино име бебе! И си изнакупив јас одЏамбото, се спремив, па ќе докупам уште некој ситници за да биде комплетно се! Да ни биде магично по дома, деците да ми се насмејани додека ја чекаме Новата Година. Дома ќе си бидеме,самички! Тој е планот засега па ќе видиме!

    Се успа малата, одам да ја будам!
    Убав ви ден!
     
    На Mari*, Sexybaby86, Monella и 19 други им се допаѓа ова.
  6. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.932
    Допаѓања:
    111.527
    Пол:
    Женски
    Ноќ мајки :yawn:

    Таман се распишувавте и се загубивте во маглата :rofl:
    @kikin не ме одмина вчера и денес маглата :(
    Ама се тешам магла е, не е загадено, плус проверив, се шетавме со бебе и ниту грло не запече, ни се умирисавме, ама смрзнавме :doh:

    Како дечињата ви носат ракавици?!
    #прашањекоемемачи :smirk:
    Се научивме да пика раце у џеб, ама привремено само, прави стави/вади цело време, прееска му станаа црвенки од студ :(

    А вчера у сред ноќ шетавме, запна да се возел со колата на акумулатор, па ај (facepalm)
    Измрзнавме :worried:

    Денес се докитуваше по дома, сега у дневна/трпезарија блештиме како светлечка реклама :rofl:
    Украсите ги поредивме по желба на детево :lol:
    А јас дадов се од себе и направив едно као аражманче со свеќи за на маса и баш убаво ми испадна :inlove: само ваљда нема да стигне до рачињата на бебе, у една тегла има светки :worried:

    И бидна првата новогодишна фотосесија :inlove:
    Колку ми е оригинален бе, душа моја, се научил и да позира, му викам седи тука, земи ова, она и ме слуша и се поднаместува :l:
    Само фали уште да го научам да не прави чудни фаци и кога ќе му речам да се насмее, да не ми ги извади забите :D

    Денес конечно избрав топлинки за детево, ама онлајн, кој знае дали ќе бидат убави како на слика и спецификации (fingers)
    Утре ќе дознаам што око сум имала :angel:

    Не сите денови имам инспирација за километарски постови, па ова е тој ден, а и почнаа да ми се лепат очи :yawn:

    А да не заборавам @24.07 фластерот мислам јакија се викаше :?: секако еден е, побарај во аптека, евтина ствар е +/-100ден а се мислам 30 или 50ден беше :D
    Мене ми помага, сум се лепела, но обавезно по 2дена се одлепувам, после многу ме чеша и се нафрлам. Во упатството нели стои дека треба сам да падне..

    Гушкајте се :hug:
     
    На Mari*, Monella, Kaetana и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.855
    Допаѓања:
    33.925
    Пол:
    Женски
    Добро утро:toivo:

    Шу праите бе мамичи?Нешто слабо ве има на темава.
    Кај нас на север магла|(Викам сабајле да отворам прозор додека се спремаме да влезе свеж воздух ама кога видов магла си викам ај после]:)
    Вчера со малата правевме честитки за воспитачките.Покрај поклонот ги ставивме и нив.Толку беше среќна и заиграна :inlove: Па после ја прашував да бира која честитка на која воспитувачка.Која и е најубава и така разбрав која и е омилена:)
    Спакувавме вчера поклоните во ќесе и утрово им ги дадовме.Едната ги зема и ми вика вие сте луда како лани:o а јас и викам вие сигурно имате добиено многу поклони до сега, јас си каснам.Жената во доверба ми шепоти дека ниту еден до сега:(Така ме растажи ама и реков дека сигурно сите утре ќе донесат^_^
    Па си одам и си се чудам зар немаат 10 евра за една бонбоњера:^)Па цела година им ги чуваат децата едно фала ве мислам|(:x

    Денес на работа имаме изненадување за шефчето поклон нормално.Јас им купив и на колешките по едно шише ѕвезда со некој ликер колку да ги изненадам .Торта купив па ќе правиме забава со колач и кафе.Ова без договор на шефот ама он е прв за благо и кафе па нема да имаме проблем:angel:

    Елката ни е веќе неколку недели накитена.Поклон што планирав за малата и го дадов па сега треба нов да мислам^_^Во вторник беше Дедо Мраз во градинката и малата се исплаши кога го виде.Значи најголемо страшило е Дедо Мразза сите деца:lol:Одиме и јас ја возам со количката демек побрзу да стигнеме и и викам сакаш ли да ме чекаш пред влезната врата(каде е Д.Мраз) или ќе дојдеш со мене.
    -Мама оди ти отај коичка, ја чекам на скали.
    Се доближуваме и го гледа Д.М и вика : -Мама , ја дојдам тебе:rofl:
    Влеговме заедно и имаше 2 Д.М едниот беше директорката.Кога ја виде дека се исплаши од Д.М и понуди чоколадце.Малата го зема и ми вика: -Мама, тоа мајка(мисле на жена).:rofl:

    Ајде женски да уклучам турбото да не дојде шефот пред мене па ќе биде глупо да не му дадам поклон и нему:$Убав ден на сите^_^
     
    На Mari*, Sexybaby86, Monella и 19 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.767
    Добар ден мајки
    Чекам да се стопли машината за кафе, да испијам едно(или можеби и две) додека дете спие.
    Шетнавме до кај коњите и до супермаркет, среќа не заспа, па дома сега на раат да отспие.

    Маж и оваа недела, од понеделник од петок е на терен. Ми фали:(, едвај чекам утре да си дојде. Ама затоа петок е последен ден и во градинка кај децава и потоа остануваат 2 недели дома. НА купче, ќе биде весело:D.
    Не знам колку играчки купив периодов за под елката, дел веќе спакувано во дуќаните дел ќе треба да пакувам утре бидејќи со момите дома тешко изводливо. НА 24 да ги наредам само под елка.
    Температурата моментално 11 степени. Лудо време...Само да не врне јак дожд, да може да испаѓаме и да шеткаме. И едно снегче не ќе беше лошо, да се порадуваа децава а и јас:D.

    @Ava.84 прв пат слушам за бонбоњери или поклон носење на воспитачките :tmi:. Ништо чудно прва и последна да бидеш со поклонче :?:.
    Деновиве си минат, време е уште малку за ретроспективен пост на изминатава година. Сега кафе многу ми се пие, друг ден тоа :D. За денес немам спремано некоја активност, да видам помеѓу игрите што да извадам, да поиграат кога ќе дојдат.

    Постов хаотичен, исто како и мисливе.
    :coffee:
     
    На TutiFuti, Mari*, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    22.621
    Пол:
    Женски
    Неам појма кој ден е,се изгубив...Изгубив осет и дека НГ доаѓа...Барем ве читам тука за убави работи,и се орасположувам. И јас имав идеја за учителките нешто симболично да земам,од мерак и што сум задоволна како ми го гледаат детето...Добро,детето скоро месец не отишло во градинка ама ќе го пуштам кај и да е...Малку да се опраи со мрсули е а и да не закачи плус нешто...
    Ја едвај чекам да заврши годинава...Да заврши болкава и празнинава...
     
    На Mari*, Sexybaby86, Monella и 12 други им се допаѓа ова.
  10. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    28.355
    Пол:
    Женски
    Добар ден мамулки.
    Ги оставив синко и маж од сабајле дома со задача да просуредат и да доручаат,јас пат под нозе и со другарка шеткавме разгледувавме новогодишни украси,па нешто и си купив па дома кога дојдов радостии беа.
    Сега ручек се крчка,маж излезе,јас и синко се дружиме.
    Покасно може ќе иЗлеземе некое пакетче да однесеме и ќе се топлиме дома.
    Ново,старо немам ништо некако оваа год имам и јас некоја новогодишна еуфорија :D
    @TarantulaA :hug:
    И прашање до останатите кога им ги оставате поклоните под елка,мојот е некако тажен....
    Снегот заврнал и се стопил а дедо мраз не дошол поклон да му донесе (facepalm)
    Ела па разбери се со дете,па и акам по дуќани овде кај нас во градов и не можам да му најдам тоа што му порача на дедо мраз:shake:
     
    На Mari*, Sexybaby86, Kaetana и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.855
    Допаѓања:
    33.925
    Пол:
    Женски
    @danichap не знам кој е грешка ама еве кога и расправав на колешката утрово за случката ми рече дека луѓето многу се промениле.Другата има работено во градинки како спортлајтерин т.е спортски аниматор и ја прашав пред 2-3недели дали добивала и што, ми рече конфети нешто малечко ама секогаш добивала.
    Ама и да сум единствена сум пресреќна оти сум дала и оти се префини :angel:Јас не знаев прочитав на интернет и така дознав.

    Завршив за денес.Ден во забава поминат со многу зафрканции и шеги.Уште утре и две недели одмор:angel: Го пропуштив изненадувањето на шефот , ама нели јас се си каснам :tmi: На масата ме чекаше мала елка чоколадца.Ја прашувам колешката што знам која е и викам, што е ова, таа ми вика поклон и ми намига демек те зезнав дека нема да ти купам.Јас одма глумам изнервирана и и вадам поклонот за неа и и намигам ;).После другата станува и ни вика го сретнав Дедо Мраз по пат и ми ги даде овие за вас.Ни даде прекрасни нежни ланчиња и јас и го извадив поклонот и и реков и вие имате поздрав од Д.Мраз:rock:
    Среќа што купив нешто ќе бев брука да не купев :whew:

    Денес и утре во нашиот град ќе бил кока кола трак- камионот на кока кола со Дедо Мраз и целата магија.Ако не отидеме денес се надевам утре дека ќе одиме.А во сабота планирам во поштата на Д.М да одиме.Недела ќе чекаме гости:angel: За Божиќ тукашнипт уште не знаеме каде.Со кашлицата на малата сигурно ќе не исфрлат од било кој хотел:bandit:

    Сабајле ме потресе една многу лоша вест, ама не давам да ми го уништи доброто расположение:party:

    Ајде мајки ви праќам предновогодишна еуфорија и гушкајте и сакајте се повеќе во следната година:hug:
     
    На TutiFuti, Mari*, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.361
    Допаѓања:
    108.009
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден! Денес имав ден слободен земено да акам по болници, се изначекав и премрзнав. За прв пат не ме болеше душата да платам 250 за такси да си дојдам дома, море и поише ме фатија, дека такси и од црква до дома фатив. Лежам под ќебе а дома е гунгула, ама ич не се замарам. Ладно ми е и глава ме боли.

    Дете втор пат веќе плаче ако го земам јас, сака баба му да го земе, не јас. А таа денес слава спрема, не може, па кај тоа и пакетче не доби во гладинка а на другите им дале, леле... Сирена 1 саат имавме. Се смири сега, гледа цртани, среќа јас го извадив нашето пакетче го ставив под елка. Еве го лежи со количките наредени до него и уште шмрчка. Леле ги видов пакетчињата, жива мизерија, колачи едни ко за баби, смоки, чоколадо и толку, ако имаше сокче и лижавче плус. Греота стварно.

    Мене глава ме искина, дали од промајата, дали од контрастот , дали од што сонувам само... Сега ќе кркнам еден бруфен и ќе средам по дома, белки ќе помине. Иначе како ќе одам по гости не знам.

    Толку мајки, морам да станувам. Убав ден!
     
    На Sexybaby86, Monella, Kaetana и 12 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.607
    Допаѓања:
    76.837
    Пол:
    Женски
    Жива радост е за ракавици мојата, како којзнае што да носи :rofl: Одма дава рачиња и ги ставам и тоа е тоа, пресреќна си ги носи :D Ама затоа шал да не види... :?: Сите различно...

    Поздрав еден од нас, не сме ве заборавиле.. :hug: само слабо време за читање имам...
     
    На Mari*, Sexybaby86, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Добро вечер женички. Маглив ден и денес. Мене посебно ладно. Порано бев многу зимурлија последниве 2 години не баш ама денес ете посебно ладно ми е. Конечно да си се испружам. Не ги завршив сите домашни обврски ама не можам веќе, кичма боли нозе болат. Па има утре ден. Лежам гледам серија и пијам какао. Го купив за благо да направам ама ми се припи некоја топла напивка а тоа да не е кафе. Инаку какао немам пиено од времето ко одев на факултет. Да ми ја стопли душата. :lol:
    Инаку честита слава на тие кои слават. Маж ми замина по слави јас си останав со децата дома. Бебето конечно по целодневно мачење заспа пред еден сат. Денес дали 5 пати по 15 мин спиеше. Големото некогаш не може да дојде на ред. :( по цел ден со малото кое па стана ептен терсене ако нема некој до него да му зборува цела куќа на нозе ја крева. А каде се домашните обврски :( мажот .. ко маж. Ни знае со дете како ни па е којзнае колку дома. И по цели денови се расправаме,па немал што да прави дома додека јас не знам што побрзо (facepalm) ќе се научи има време,ако сака да продолжам со работа после породилното ќе мора да се посвети на децата. :| не знам,деновиве општо ми се многу напнати така и се осеќам. Ваљда ќе помине.
    Викендов чекам мм елка да донесе од шума,нели првата година кај што има новороденче се правело природна елка. И традиционално секоја година си купуваме по неколку украси плус. Треба и пакетчиња да спремам за дечињата на блиските.
    Утре синко е само сат и 45 мин на школо. За толку викам што ги малтретираат боље нека им дадат слободен ден. Ќе имале учителките некои новогодишни церемонии (facepalm) чудни ми се програмите за новиве генерации. Имаат по 4-5 часа во прво одд. Па ние по 3 сме имале. И се знаело час 45 одмор 10-15 мин. Кај синко не се знае ни час ни одмор. Како мисли учителката така ги организира. Оцени веќе немало било описно. (facepalm) се е каша попара.
     
    На Mari*, Monella, Girl-Rabbit и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.126
    Допаѓања:
    40.490
    Пол:
    Женски
    Добра вечер,

    Тешка недела на работа, а има уште еден ден, кој очекувам да биде уште понапорен. Си почна наопачки уште понеделнилкот, со расправа со пациенти на работа, па продолжи со трчаница и пинг понг работа-обука и така по два пати и вторникот и средата, Да е уште пострашно во вторникот и измрзнав поштено и жива среќа што се држам да не се испоразболам. Денес уште похаотично и очекувам да финишира утре со кулминација. А што ме чека од понеделник до нг не сакам ни да помислам:worried:. Кај мене на работа крај на светот е пред нг мислиш по 01.Јануари нема да може ништо да се сработи.

    Жива среќа не е се така црно. Си добив поклонче од дедо мраз (мм), ме поднови со нови чевли, снејк принт како што сакав:inlove:. Во вторникот ме дочекаа со подарокот, па уште и го научил синко кој од врата ме дочека и ми вика, Види мамо дедо маз донел подарок:inlove:, се стопив како тоа ме пречекаа.
    Е арно ама јас сум скарана со црно па сега имам проблем со што да ги искомбинирам за да ги носам:drunk:. Вчера ги сефтосав за кафана со друштво, со фармерки и бела блуза. Имам уште една комбинација што може да пројде со нив, ама ќе мора да си купам некој црн ф'стан за да се дотерам уште поубаво:makeup:(hollest)

    Кафанче со друшто убаво пројде. Имамвме убава вечер со мезе, ракиичка, винце и прасенце. Како да славевме нг:D, ама и онака за нг планираме дома да сме си, па еве си ја прославивме пред време:rofl:

    Синко во вторникот го доби првото пакетче - од градинка. Оваа недела умен на мајка мора да го пофалам. само малку ќе промрчи дека несака градинка (цитирам - плачам гадинка, мама оди работа), ама веќе следниот момент е сакам градинка и трча да облечеме патики и да тргнеме. Таму едвај дочекуваше да му облечам топлинки и сам истрчуваше во занимална. Сонце на мајка. Само денес малку се збуни зошто утрово беше гужва. Дека денес требаше да ги сликаат па сите дојдени и сите дотерани, ама пак влезе без многу негодување. Е во понеделникот требало да ги симнат на претстава, ама он рикнал да плаче, па не го однеле. Незнам дали се исплашил дека нема да го најде баба му, зошто знае дека од таму да го зема или што му се увртело во глава. Битно негувателките не го форсирале и си останал во неговата занимална :handshake:. Исто и за денес им реков, ако не сака да се слика да не го форсираат иако беше платено. И искрено не знам дали се сликал зошто нит мајка разбрала, нит јас нејзе ја разбрав. А него кога го прашувам вика дека се сликал. Ќе видиме утре што ќе каже учителка.

    Денес го доби второто пакетче од светковци. Ќе фаќале пат под нога за Охрид, па да оставеле на внуците.

    Јас уште не сум средила пакетчиња, а еве ја нг кај иде:o. Незнам како ќе постигнам наредниве денови да завршам се. Најтрагичн и за синко не сум купила кујна. Прво он ми е на дневен ред во сабота сабајле, најдов на екоифиер во локалното дуќанче донеле, па најверојатно таа ќе, ако не ја снемало. Ако ја снемало, незам што ќе се прави. Не ми се купува на слеп, а тенка сум со време за скитање.
    Ќе мора да молам мајка во сабота да чува дете, а јас и мм да се фрлиме на шопинг и да завршиме тоа.

    Пак изгледа се распишав, одам да си гушнам дете и да одморам.

    Имајте мирна ноќ.
     
    На Mari*, karibian, Sexybaby86 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Зошто не добил?
    Сварно мизерија се изненадив и јас.
    За помалите можеле и некоја играчка
    А за вака поголемите боље некоја боенка со дрбени боици или нешто слично него пакетче со глупости.
     
  17. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    28.355
    Пол:
    Женски
    Добро утро лавици.
    Кој е за кафенце ајде бујрум има за сите
    Благо,горко,нес,турско :coffee: :coffee: :coffee:
    Јас од сабајле во акција незз што ми стана фатив и све играчки што не се игра алишта што се скоро мали спакував и да видам каде ќе одат.
    Синко игра со еден ирвас,па ме праша дали можел да го крсти Џони :D
    Па сега е:џони ајде да мочаме,џони ајде да јадеме,џони ајде в продавница.....
    И така до бескрај.
    Се мислам што за ручек,да ставам да се прави,да просуредам,па после имам состанок со една другарка да поиграат малишаниве.
    Викендов исто резервиран со друштво и дечиња така да весело ќе ни биде.
    Ве поздравувам одам да соберам алиштата од тераса и мњ бараат синко и Џони да сме играле доктори :)
     
    На Mari*, Sexybaby86, Monella и 14 други им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.265
    Допаѓања:
    35.150
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене. Денес ме фатило некоја мрза а си планирам да завршам еден текст што сама си дадов рок да е готов до Среда наредна па ќе морам да си работам. Ама прво ќе завршам други работи па тоа (ама мотивација имам леле мајко).
    Почна полека да си чувстувам празнично расположение иако сакам снег за прав доживљај. Ова магливе и дождов баш се глупи ко за Декември.
    Дете денес има сликање во градинка и ваљда ќе им дадат пакетче. Јас пак за пакетчињата од градинка ич не се замарам. Какво му дадат такво. Тој се радува на поимот пакетче, секако ние после јадеме се или даваме. Ене има едно огромно од кај тато од работа и само бонбоните годинава ги загледа друго ич не го ни интересираше. Баш ништо. А и сега како станува поголем се радува само на работи што стварно му се допаѓаат, за другите некогаш е брутално искрен дека не ги сака (некогаш и да те осрами може со детската искреност). Така што битно нешто да добие па за друго не е битно. Се радува на периодов битно.
    Викендов скаам да шетнеме до Winterland се надевам времево ќе биде суво да може да се шета.
    @emkaemka мојов никако не носи рукавици. На планина кога сме ги става и ги вади нон-стоп. Во град нема шанси. Не носи ни шал (лани премзнат на -10 на планина не сакаше да стави). Само за капа успеваме да се испазариме некако.
     
    На Sexybaby86, Monella, Kaetana и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Добар ден друштво :)

    Конечно да најдам време да пишам нешто. Ама ве читав :)
    Мали спие, јас со лактамикс во рака да го испијам на мир, зошто доручекот во грло ми застана. Не ме остави раат да јадам:D

    Вчера наполнивме 4 месеци:inlove:

    Заби. Почнаа. Вчера плачеше
    толку силно што сакав на педијатар да го носам.Душиче.:(
    Се бута во уста, нервозен е.
    Јас како тазе мајка никако да олабавам и да сфатам дека првава година ќе ми биде ваква и да не си стварам непотребен стрес. Ама јок, секогаш кога нешто го боли, јас во паники сум. :nod:

    Доби многу пакетчиња за Нова, што со играчки, што со кашички:D
    Јас уште ништо не сум земала. Треба да купувам за внуци и кумови. Ќе средам набрзинска и тоа е.
    До ништо не ми е:x Ми фали сон, и цела сум во некој крш муд деновиве.

    Додека го пишував ова, стана8-|
    Ве поздравувам:l:
     
    На Mari*, Sexybaby86, Monella и 15 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.361
    Допаѓања:
    108.009
    Пол:
    Женски
    На страна дека беа мизерни, не ни очекувам подобро, ама нивните учителки не биле тука и настанал хаос. Цела градинка добила само они не. Циркузи!